КАФЕ ПАУЗА

Tag: ванила

  • Слатки Дедо Мразовци на вашата трпеза

    Слатки Дедо Мразовци на вашата трпеза

    Овој период од годината на сите ни отвора апетит, а кога веќе сме спремни за некое килце плус, може да бидеме и малку креативни. Мора да признаете, овие колачиња изгледаат прекрасно, а и ќе ја надополнат празничната атмосфера во вашиот дом.Слатки дедо мразовци на вашата трпезаПотребни состојки:rn

      rn011

    • 18 колачиња „Орео“
    • rn011

    • 2 ½ супени лажици путер, стопен
    • rn011

    • 450-500 грама крем сирење
    • rn011

    • 80 грама шеќер (6 ½ супени лажици)
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • ½ лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 100 грама бело чоколадо
    • rn011

    • 200 грама слатка павлака (хопла)
    • rn011

    • 25 парчиња јаготки
    • rn011

    • 2 супени лажици шеќер во прав
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnЗа овој рецепт користете сад со средна големина (најдобро би било 20-20 цм) којшто ќе го прекриете со две парчиња алуминиумска фолија, едното парче поставете го хоризонтално на дното, а другото вертикално по ѕидовите над првото. Внимавајте парчињата да се доволно долги за да ги прекријат рабовите на садот. Премачкајте ја фолијата со ½ супена лажица од стопениот путер. Во друг подлабок сад добро издробете ги орео колачињата и измешајте ги со остатокот од стопениот путер, при што смесата не треба да биде премногу сува. Така добиената смеса ставете ја врз фолијата во садот за печење, добро притиснете ја и израмнете ја до рабовите (за оваа цел можете да употребите долен дел од чаша или нешто слично). Рерната загрејте ја на 180 степени.rnrnВо висок сад ставете ги крем сирењето и шеќерот и изматете ги добро со миксер, па додадете ги јајцата и екстрактот од ванила и повторно изматете со миксер сè додека не се добие хомогена смеса. Белото чоколадо растопете го исто така во посебен сад и додека се топи додадете и 80 грама хопла. Откако целосно ќе се растопи, додадете го во смесата со крем сирењето и матете на средна брзина за добро да се соедини. Сето ова се истура над смесата од орео колачињата и путерот и се пече 40 минути.rnrnКога ќе завршите со печење исклучете ја рерната и оставете го садот внатре уште некои 10-тина минути. Садот се вади на собна температура, се чува некои 30 минути, а потоа се покрива со фолија и се чува во замрзнувач 3 часа (или 6 часа во обичен фрижидер). Откако смесата е добро изладена се вади од фрижидер и со помош на фолијата треба да се извади од садот и да се префрли на рамна површина. Ја сечеме на коцки кои треба да бидат малку поголеми од јаготките за полесно декорирање. Остатокот од хоплата, односно 120 грама, се става во миксер и се мати додека добро не се згусне, а подоцна се додава шеќерот во прав и повторно матиме. Вака приготвениот шлаг ќе ни служи за декорација со помош на готварски шприц. Јаготките се сечат од едната страна, се ставаат над коцките и на крај декорираме како на сликите. И вашите Дедо Мразовци се готови!Слатки дедо мразовци на вашата трпеза
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-крем со многу чоколадо

    Кафе-крем со многу чоколадо

    Вкусно и силно кафе, кое може да ви послужи и како десерт…

    rnКафе-крем со многу чоколадоrn

    Потребни состојки за 6-7 дози:

    rn

      rn011

    • 300 г чоколадо, ситно сечкано
    • rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn011

    • топло црно кафе
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во блендер ставете го кршеното чоколадо и јајцата.rnrn2. Одозгора исипете две лажички екстракт од ванила.rnrnКафе-крем со многу чоколадоrnrn3. Убаво изматете ги сите состојки на посилна брзина.rnrn4. Одозгора сипете го топлото црно кафе. Изматете повторно со послаба брзина додека не добиете убава пенеста, хомогена смеса.rnrnКафе-крем со многу чоколадоrnrn5. Сипете ја смесата во стаклени или керамички чаши и оставете доволно простор за нанесување шлаг.rnrnКафе-крем со многу чоколадоrnrn6. Чашите оставете ги во фрижидер 3-4 часа, за смесата да се олади и затегне.rnrn7. Одозгора ставете по неколку лажици шлаг.rnrnКафе-крем со многу чоколадоrnrn8. Малку промешајте го шлагот со вкусната смеса од кафе и чоколадо.rnrnКафе-крем со многу чоколадо
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Коктел со кафе и текила за будење на сите сетила

    Коктел со кафе и текила за будење на сите сетила

    Вкусен коктел одличен за загревање пред бурна ноќ 🙂Коктел со кафе и текила за будење на сите сетилаСигурно ви се случило да се спремате за некоја добра журка или средба со пријателите, а да сте толку исцрпени што не знаете како ќе издржите цела ноќ. Иако напорните денови ни ја одземаат скоро цела енергија не смееме да дозволиме забавата да помине без нас. Токму затоа ви го препорачуваме овој одличен коктел кој не само што е вкусен туку и ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ве подготви за нови незаборавни моменти.rnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 40 мл текила
    • rn011

    • 15 мл ликер од кафе
    • rn011

    • 1 шолја кафе
    • rn011

    • 2 супени лажици агаве нектар
    • rn011

    • 1/2 шолја шлаг пена
    • rn011

    • 1 кафена лажица екстракт од ванила
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во еден сад се ставаат шлаг пената, екстрактот од ванила и агаве нектарот и се матат добро додека не се згусне целата смеса. Настрана се мешаат кафето, ликерот од кафе и текилата и над нив се додава првата смеса. Се декорира со рендано морско оревче. Уживајте!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе, текила и тиква – комбинација која изненадува

    Кафе, текила и тиква – комбинација која изненадува

    Прекрасна комбинација на кафе и алкохол збогатена со арома на тиква

    rnКафе, текила и тиква - комбинација која изненадуваrnrnВеќе е познато дека комбинацијата на кафе и алкохол е секогаш добитна, но кога ќе додадеме и некој неочекуван вкус тогаш навистина имаме коктел за паметење. Овој пат тајната состојка е сирупот од тиква кој му дава богат вкус на самиот коктел и со сигурност ќе ги воодушеви вашите пријатели. Едноставно, мора да го пробате!rn

    Потребни состојки за 2 кафиња:

    rn

      rn011

    • 2 супени лажици шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици сируп од тиква
    • rn011

    • 1 супена лажица екстракт од ванила
    • rn011

    • 1 кафена лажичка цимет
    • rn011

    • 1/2 кафена лажичка зачин од тиква
    • rn011

    • 60 мл текила
    • rn011

    • 125 мл шлаг
    • rn011

    • 360 мл топло кафе
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо голема шолја ставете ги прво екстрактот од ванила, сирупот и зачинот од тиква, шеќерот и шлагот и добро измешајте ги. Потоа додадете ги кафето и текилата и повторно добро измешајте. На крајот можете да декорирате со шлаг пена и да го посипете циметот за екстра арома.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ледено кафе со вкус на кајсии

    Ледено кафе со вкус на кајсии

    Овошно задоволство надополнето со вкус на кафеЛедено кафе со вкус на кајсииПотребни состојки за 2-3 напитоци:rn

      rn011

    • Свежо подготвено кафе (180 мл)
    • rn011

    • Џус од кајсии (120 мл)
    • rn011

    • Млеко (80 мл)
    • rn011

    • Стопен сладолед од ванила (110 г)
    • rn011

    • Кајсии, свежи или конзервирани по избор (110 г)
    • rn

    rn*За најдобар вкус сите состојки мора да бидат многу оладени.rnrnНачин на подготовка: Во длабок сад измешајте ги заедно кафето, млекото и џусот. Потоа додадете го стопениот сладолед и мешајте сè додека не се добие мазна смеса. Од кајсиите со помош на миксер напревете сок и истурете го во чаша. Потоа додадете ја и мешавината со кафето.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

    Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

    Фенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи претставува аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално фенг шуи се користи првенствено за да се одбере вистинското место за живеење, за работа и за гробни места. Доколку немате добар љубовен живот, познавачите на фенг шуи вештината, тврдат дека тоа можете да го поправите со реорганизација на вашиот дом.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnЗа почеток, треба да земете еден компас и најпрво да одредите на која страна од светот е свртена вашата куќа или стан. Ова е важно бидејќи фенг шуи се заснова на односот на природните сили и нивното насочување кон напредок, благосостојба и среќа на поединецот и семејството како целина.rnrnОткако ќе одредите на која страна од светот се наоѓа вашиот дом, фокусирајте се на местото на кое ќе биде вашата спална соба и брачниот кревет. За да биде вашиот љубовен живот успешен, најдобро е спалната соба да ја лоцирате на југозападниот дел од вашиот стан/куќа.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnПотоа, обратете внимание на цела низа крупна и ситни детали. Така, за да имате подобри партнерски односи, спалната соба обојте ја во жолта боја. Брачниот кревет никако не смее да биде насочен кон вратата, за да не се појават здравствени проблеми, но сепак вратата треба да биде видлива од некој агол на лежење на креветот.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnДоколку сакате да имате љубовна врска исполнета со многу страст, треба да закачите превез со бисерна или стаклена монистра на вратата од спалната соба. На тој начин се поттикнува нова енергија помеѓу вас и вашиот партнер и се спречува неверството.rnrnЗа подобра комуникација и среќа во вашата врска, добро би било да ставите две идентични виолетови или црвени свеќи во стаклени свеќници, на двете страни од креветот. Доколку на сето ова додадете и сет ламби над креветот, ќе провоцирате енергија на среќа и чувство на меѓусебна привлечност.rnrnМирисот на ванила позитивно делува на љубовта и ја зголемува лојалноста помеѓу партнерите. Затоа поставете ароматични стапчиња или свеќи со мирис на ванила на југозападниот агол од спалната соба, бидејќи тоа ќе ја зголеми физичка привлечност помеѓу вас и вашиот партнер.rnrnФенг шуи совети за поголема страст во спалната собаrnrnОгледалата во спалната соба се апсолутно непожелни, затоа што тие носат енергија која ги наведува партнерите на прељуба или вмешување трета личност во нивната врска, а воедно го нарушува и сонот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пенесто еспресо колаче

    Пенесто еспресо колаче

    Во комбинација со утринското кафе ова колаче е совршено слатко задоволствоПенесто еспресо колачеПотребни состојки за тестото:rn

      rn011

    • 113 г несолен путер
    • rn011

    • 15 г инстант еспресо
    • rn011

    • 200 г шеќер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 5 мл ванила
    • rn011

    • 34 г какао во прав без шеќер
    • rn011

    • 64 г брашно
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сол
    • rn011

    • 1 кафена лажичка прашок за пециво
    • rn

    rnПотребни состојки за филот:rn

      rn011

    • 130 г маршмелоу колачиња (25 големи или 250 мини)
    • rn011

    • 30 мл јако свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • 15 мл „créme de cacao“ (по избор, доколку немате можете да го замените со уште 30 мл еспресо)
    • rn011

    • 250 мл густо изматен крем
    • rn011

    • чоколадни топчиња
    • rn011

    • шлаг пена
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја печката на 180 степени. Садот за печење премачкајте го со масло и брашно. Во мала чинија стопете го путерот. Откако ќе се стопи, тргнете го од шпоретот и додадете во него инстант еспресо и мешајте сè додека не се разложи. Потоа додадете го шеќерот и мешајте сè додека не се искомбинираат убаво. Додадете ги јајцата, едно по едно, и мешајте добро по секое нивно додавање. На крај додадете ја и ванилата и повторно убаво промешајте. Додадете ги и сувите состојки и мешајте сè додека убаво не се искомбинираат. Потоа додадете ја смесата во подготвениот сад за печење.rnrnПодготвената смеса печете ја околу 30-35 минути. Во меѓувреме подгответе го филот. Во голем сад, отпорен на топлина, ставете ги маршмелоу колачињата во микробранова печка на околу 45 секунди, сè додека не станат многу меки. Потоа тргнете ги од микробрановата и мешајте сè додека не се стопат целосно. Додадете ги свежо подготвеното еспресо и „créme de cacao“ во стопените маршмелоу колачиња и мешајте сè додека не се спојат целосно. Изматете го кремот, додадете го во мешавината и на крајот дозволете ѝ да се олади.rnrnОткако ќе завршите со печењето на колачињата оставете ги да се оладат пред да ги обложите со филот. Потоа нанесете го филот рамномерно на ладните колачиња. За декорација додадете и мини чоколадни топчиња или чоколадни трошки. Завршените колачиња ставете ги во фрижидер и по еден час ќе бидат подготвени за сервирање. За дополнителна декорација додадете и шлаг пена со неколку зрна еспресо. Пенесто еспресо колачеПенесто еспресо колаче
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?

    Што зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?

    Секоја година, кога започнува летната сезона, по патеките за прошетка постојано се слуша истото прашање: кој е твојот омилен вкус на сладолед? И, кој е вашиот омилен сладолед? Чоколадо, ванила или јагода? Или пак можеби вие сте од оние типови кои сакаат мента или вкус на кафе? Омилениот вкус на сладолед, открива повеќе за вас одошто можете да претпоставите. Веб-сајтот www.icecream.com спровел истражување со кое открива каков е вашиот карактер во зависност од вашиот омилен сладолед.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Чоколадо

    rnДоколку сте љубители на стариот добар вкус на чоколадо, тогаш вие сте енергична, креативна и драматична личност која сака да биде во центарот на вниманието. Можеби сакате малку повеќе да го свртувате вниманието на себе, но успевате и да ги шармирате сите околу себе со вашиот ентузијазам и чувство за стил. Оние кои сакаат сладолед од двојно чоколадо, не сакаат да бидат сами, туку сакаат да поминуваат повеќе време со своите пријатели. Воедно тие се во потрага по страст и возбуда во љубовните врски.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Ванила

    rnНемојте да се чувствувате како досадна личност доколку ванилата е вашиот прв избор на сладолед кога ќе зачекорите со едната нога во слаткарница. Љубителите на сладолед од ванила се луѓе полни со елан и ентузијазам, кои сакаат да преземаат ризици и се потпираат повеќе на својата интуиција, отколку на логиката. Тие си поставуваат високи цели за себеси и се стремат да ги достигнат. Тие се идеалистични и отворени со своите емоции и сакаат да бидат во стабилни и долготрајни љубовни врски.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Јагода

    rnОбожавателите на сладолед од јагода се мирни и резервирани и немаат лидерски способности, но се многу вредни и послушни спрема својот претпоставен. Тие се лојални кон нивното семејство и кон пријателите и преферираат да седат „во сенка“ и не сакаат да го свртуваат вниманието околу себе. Тие се опишани како промислени и логични луѓе, кои внимателно ги мерат можностите, пред да ја донесат конечната одлука.rn

    Мента

    rnЉубителите на сладолед од мента се тешки муштерии. Тие се опишани како амбициозни, самоуверени и малку скептични во врска со животот. По малку тврдоглави, овие луѓе се секогаш фокусирани кон иднината, па затоа обожаваат да прават планови и да размислуваат премногу однапред. Овие луѓе исто така се и лојални, искрени и стабилни типови, кои ги ценат своите блиски пријатели и членовите од семејството.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Кафе

    rnЉубителите на сладолед со вкус на кафе не се само зависници од кофеин. Тие се истовремено и весели, драматични и кокетни типови луѓе кои знаат како да го живеат моментот. Тие секогаш го живеат животот со „полна пареа“, но имаат тенденција и да ги преценат своите способности, па да започнуваат нови проекти пред да ги завршат старите. Тие имаат енергија во неограничени количини и брзо им здосадува од сѐ.rn

    Чоколадо полно со сецкани јаткасти плодови и преливи

    rnДоколку сте љубител на интересните чоколадни вкусови кои се комбинирани со разни додатоци како прелив од јагода или сецкани кикирики и лешници, тогаш вие го поседувате совршениот баланс на шарм и практичност. Овие луѓе се дружељубиви „социјални пеперутки“ кои ги почитуваат убавите работи во животот и сакаат на луѓето да им е грижа за нив. Тие се и чувствителни на критика и може да станат агресивни кога се обидуваат да ги остварат нивните цели на работа или во приватниот живот.rnrnШто зборува вашиот омилен сладолед за вашиот карактер?rn

    Чоколаден чипс во сладолед од ванила

    rnДоколку сакате во вашата топка сладолед да има еден куп чоколаден чипс, тогаш вие сте амбициозни и сакате да успеете во кариерата и животот. И покрај тоа што имате силен натпреварувачки дух и сте многу вредни и работливи, сепак сте и многу дарежливи и никогаш не сфаќате ништо здраво за готово. Љубителите на сладолед од ванила во комбинација со чоколадни парченца и трошки, успешно се снаоѓаат во социјалните опкружувања и најчесто се во центарот на вниманието.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екстра ледено кафе со вкус на ванила

    Екстра ледено кафе со вкус на ванила

    Ледено кафенце со вкус на ванила, одлично за овие потопли денови…Екстра ледено кафе со вкус на ванилаПотребни состојки:rn

      rn011

    • 30 мл еспресо
    • rn011

    • 1 лажичка шеќер
    • rn011

    • 100 мл млеко
    • rn011

    • 2-3 коцки кршен мраз
    • rn011

    • 2 топки сладолед од ванила
    • rn011

    • прелив од ванила (опционално)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Кафето и шеќерот ставете ги во еден сад и мешајте ги додека шеќерот не се стопи убаво. Во садот додадете го и млекото и повторно убаво промешајте. Кршениот мраз и сладоледот сипете ги во една висока стаклена чаша и полијте ги со кафето. По вкус можете да додадете прелив од карамела.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадно еспресо мартини

    Чоколадно еспресо мартини

    Одличен пијалак за време на вечерено излегување со пријателитеЧоколадно еспресо мартиниПотребни состојки:rnrn rn

      rn011

    • 30 мл Калуа
    • rn011

    • 30 мл свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • 90 мл вотка (по ваш избор со вкус на чоколадо или ванила)
    • rn011

    • 30 мл ликер „Creme de Cacao“
    • rn011

    • лед
    • rn

    rn rnrnНачин на подготовка: Наполнете 2/3 од шејкерот за коктел со лед. Додадете Калуа, еспресо, вотка и ликер. Потоа мешајте сè додека не добиете студена комбинација од пијалаците. Откако ќе завршите, сипете ги во чаша за мартини и декорирајте со чоколадни трошки или чоколаден прелив.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.