КАФЕ ПАУЗА

Tag: ванила

  • Екстра ледено кафе

    Екстра ледено кафе

    Ледено кафенце, мелем за душа…Екстра ледено кафеПотребни состојки:

    rnrn

      rn011

    • 150 мл ледено инстант кафе
    • rn011

    • 50 мл топла вода
    • rn011

    • 50 мл млеко
    • rn011

    • 4 коцки кршен мраз
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn011

    • 2 лажички шеќер
    • rn

    rnНачин  на подготовка: Во топлата вода сипете ги шеќерот и неколкуте капки екстракт од ванила и оставете ја смесата во фрижидер да се олади. Чашата во која ќе го подготвувате кафето ставете ја во замрзнувачот 15 минути за и таа убаво да се олади. Откако ќе се олади чашата, ставете ги во неа коцките мраз и кафето, а одозгора посипете со млекото, ладната вода со шеќер и екстракт од ванила.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ледено ванила кафе

    Ледено ванила кафе

    Вкусно кафе, кое ќе ви претставува уживање во овие топли денови…Ледено ванила кафеПотребни состојки:rn

      rn011

    • 60 мл топло инстант кафе
    • rn011

    • 2 топки сладолед од ванила
    • rn011

    • 4 коцки мраз
    • rn011

    • шлаг
    • rn011

    • чоколадни трошки
    • rn

    rnНачин на подготовка: Топлото кафе, сладоледот и коцките мраз, ставете ги во блендер и 15 секунди мешајте ги на најјака брзина. Добиената смеса сипете ја во висока стаклена чаша и декорирајте со шлаг и чоколадни трошки.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најскапите слатки задоволства

    Најскапите слатки задоволства

    Список со најскапите десерти за „налудничаво“ богатите луѓе… За останатите, следуваат цени кои едноставно го убиваат апетитот. :-)rnrn1. Дијамантска овошна торта – Ова слатко искушение чини 1.650.000 долари. Дури и оние со најдлабоки џебови добро би размислиле дали да му одолеат. По целата торта се распрснати 223 мали дијаманти, кои секако остануваат кај страсниот љубител на слатки, кој голем дел од своето богатство ќе оддели за ова краткотрајно уживање. Освен дијамантите, останатиот дел од тортата се јаде. Овој екстремно скап десерт е идеја на слаткар од Токио. За да го подготви му требале цели шест месеци, по што го нарекол „Дијамантите: чудата на природата“ и точно на Божиќ го понудил на продажба.Најскапите слатки задоволства2. Најскапите јагоди на светот се на менито на ресторанот „Арно“ во францускиот дел на Њу Орлеанс. Нивната цена е 1.400.000 долари. За овие пари нема да вкусите ништо повеќе од една мала чинија јаготки, сервирани со слатка павлака и со нане. Но, ако погледнете убаво, меѓу овошјето се наоѓа и прстен со 4,7-каратен розов дијамант, кој бил во сопственост на Сер Ернест Касел, англиски кралски финансиски советник. Ова можеби ќе ги збуни вашите рецептори во устата и ќе ви предизвика чувство на најслаткото нешто што сте го вкусиле во животот. 🙂 Покрај овошниот десерт и скапоцениот прстен, добивате и вино од 24. 850 долари. Уживањето е заокружено со џез музика во живо.Најскапите слатки задоволства3. Платинеста торта од 130.000 долари – Во споредба со претходните десерти, овој може да се каже дека е „евтин“. Тортата е поросена со шеќер во прав и покриена со платинест накит, како синџирчиња за на врат, шпенадли, приврзоци, па дури и платинести лисја. Ја приготвил јапонскиот слаткар Нобу Икара и ја посветил на жените. Целта му била да ги убеди да носат платина. Но, очигледно не ги одвратил од нивните најверни пријатели – дијамантите. Икара не успеал да ги продаде ниту идејата, ниту тортата.Најскапите слатки задоволства4. Пудинг во стилизирано Фаберже велигденско јајце – Десертот е направен од четири видови најдобро белгиско чоколадо и од желе од шампањско. Украсен е со листови од злато и со двокаратен дијамант. Оваа чоколадна фантазија чини 30.000 долари. Заслужни се вештите раце на готвачот Марк Губерт од кантри хотелот „Линдет Хов“ во Виндермир, Кумбрија. Десертот го купил британскиот бизнисмен кој тргува со дијаманти, Карл Вајнингер.Најскапите слатки задоволства5. Скапоцено замрзнато чоколадо – Ова е малку поинаков десерт по форма. Ресторанот „Serendipity 3“ во Њујорк ви нуди слатко задоволство, за кое ветува дека никогаш нема да го заборавите. За 25.000 долари ќе се насладите со замрзнат спој на какао од 14 различни држави, млеко и 5 грама 24-каратно злато. Десертот е полеан со слатка павлака и поросен со парчиња тартуфо. Вкусниот деликатес се сервира во сад обложен со злато и украсен со дијаманти. Се јаде со златна лажичка, која можете да ја задржите. Тој некаде пред 2007 година, бил прогласен за најскап десерт во светот, со што тогаш си обезбедил место во Гинисовата книга на рекорди.Најскапите слатки задоволства6. „Тврдината на која ужива рибарот со патерица“ – Овој десерт можете да го вкусите во ресторанот „Galle“ во Шри Ланка, за „скромна“ сума од 14.500 долари. Направен е со златни ливчиња и компот од манго и калинки. Украсен е со 80-каратен полускапоцен камен аквамарин, кој е поставен врз чоколадната конструкција. Овој десерт не е баш најдобро прифатен меѓу богатите уживатели во слатките. Досега не е продаден ниту еден.Најскапите слатки задоволства7. Необична чоколадна торта – Овој специјалитет можете да го вкусите на источното крајбрежје во САД, се разбира ако сте подготвени да платите 1.000 долари. Десертот се продава во ресторанот „Brule“ во Атлантик Сити, Њу Џерси. Оваа торта се приготвува од темно чоколадо, покриено со италијански лешници. Заедно со слаткото искушение, клиентите добиваат и исклучително скапо португалско вино, ставено во кристален распрскувач.Најскапите слатки задоволства8. Ако некогаш посакате да го пробате вкусот на златото, тука е „Златната торта на султанот“ која се служи во хотелот „Ciragan Palace Kempinski“ во Истанбул. Таа содржи смокви, круши, кајсии, дуњи, кои претходно цели две години стоеле во Јамајкански рум. Сето тоа е полеано со ванила од Француска Полинезија, со карамела, црно тартуфо и лист од 24-каратно злато. Тортата се сервира на сребрена чинија со златен печат и чини 1.000 долари. За да се приготви, потребни се 72 часа. Се приготвува само по нарачка.Најскапите слатки задоволства9. Уште еден десерт на ресторанот Serendipity 3 во Њујорк… Станува збор за најскапата мелба на светот наречена „Златно богатство“. Овој десерт е приготвен во чест на 50-годишнината на ресторанот и се продава по цена од 1.000 долари. Содржи 5 лажици сладолед од таитска ванила, искомбинирана со мадагаскар-ванила, венецуелско чоколадо и лист од 23-каратно злато. Покрај ова, десертот е збогатен и со карамелизирани плодови, марципанови цреши и тартуфо. Сето тоа е поросено со најскапите чоколадни бонбони, a врвот на овој десерт го краси карамелизиран цвет. Заедно со мелбата добивате и мала стаклена чинија со црн кавијар, засладен со портокал, маракуја и армањак.  Десертот се јаде со 18-каратна златна лажица, во кристална чаша.Најскапите слатки задоволства10. Чоколадна Нока – Се работи за специјална серија чоколади од познатата компанија Нока. Ова е веројатно најскромниот десерт во списокот. Чини „само“ 854 долари. За овие пари добивате 450 грама десерт, кој содржи 75% различни видови какао од Еквадорот, Венецуела, Брегот на Слоновата Коска и од Тринидад.Најскапите слатки задоволства
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Снежни мини ванила тортички

    Снежни мини ванила тортички

    Направете слатки снежни колачиња кои одлично одговараат со снежната покривка надвор, но се многу повкусни кога ги јадете внатре, на топло. 🙂Снежни мини ванила тортичкиrnrnПотребни состојки:rn

      rn 011

    • 160 г брашно
    • rn 011

    • 180 г путер (на собна температура)
    • rn 011

    • 150 г шеќер
    • rn 011

    • 1 и пол лажичка прашок за пециво
    • rn 011

    • 1/4 лажичка морска сол
    • rn 011

    • 60 мл млеко (на собна температура)
    • rn 011

    • 60 мл матеница
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • 1 големо јајце, плус 1 белка (на собна температура)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на температура од 180 степени. Подгответе стандарден калап за печење мафини со 12 дела.rnrnВо длабока чинија измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Во друга длабока чинија измешајте ги млекото, матеницата и екстрактот од ванила. Потоа во посебен сад ставете ги путерот и шеќерот и мешајте со миксер околу 2-3 минути на средна брзина. Намалете ја брзината на минимум и додека мешате додадете го целото јајце, а потоа зголемете повторно до средна брзина и мешајте сè додека не добиете еднолична мешавина. Додадете ја белката и повторете го истото.rnrnНа средна брзина додадете ја сувата мешавина (брашното, прашокот за пециво и солта), потоа течната мешавина (млекото, матеницата и екстрактот). Додавањето нека биде полека, во три наврати, наизменично. Кога ќе завршите продолжете со мешање сè додека таа не стане скоро мазна.rnrnНаполнете ги местата за мафините на калапот со мешавината, но нека не зафаќаат повеќе од 3/4 од просторот.rnrnОставете ги да се печат околу 20 -25 минути (пред да ги извадите, боцнете со чепкалка во средината, ако на неа не остане ништо, значи се готови). Овој вид тортички има рамен врв, нема да пораснат кружно како мафините.rnrnОткако ќе ги извадите од рерната, почекајте комплетно да се оладат. Потоа можете да ги покриете со шлаг или времето да го искористите за да подготвите фил од ванила.rnrnСнежни мини ванила тортичкиrnrnЗа подготовка на фил од ванила, потребно е:rn

      rn 011

    • 230 г маргарин
    • rn 011

    • 320 г шеќер во прав
    • rn 011

    • 2 лажички млеко
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • внатрешноста на една мешунка од ванила (за најдобар вкус или дополнителна количина екстракт од ванила)
    • rn 011

    • 1 прстофат сол
    • rn

    rnПодготовка на филот од ванила: Миксирајте го путерот на средна брзина додека не стане пенест. Потоа, намалете ја брзината на најслабо и додавајте го шеќерот на 10 пати. Додадете го млекото, ванилата и солта. Зголемете ја брзината до средина и мешајте минута-две додека да добиете лесна и пенеста смеса.rnrnОладените тортички наполнете ги со подготвениот ванила-фил, а по желба можете да ги декорирате со  рендано бело чоколадо, кокос и слично. Ставете  ги во фрижидер. 20 минути подоцна ќе ве очекува вкусно и снежно задоволство. Уживајте!rnrnСнежни мини ванила тортички

  • Мока леден шејк

    Мока леден шејк

    Вкусен и моќен шејк кој ќе ви го разубави денот…Мока леден шејкПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 мл млеко
    • rn011

    • 1 мала лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 3  супени лажици шеќер
    • rn011

    • 3 супени лажици инстант кафе со вкус на мока
    • rn011

    • 6 коцки мраз (искршени)
    • rn

    rnВреме на подготовка: 5 минутиrnrnНачин на подготовка: Ставете ги млекото, кафето, шеќерот и ванилата во блендер и убаво промешајте ги. После неколку секунди додадете го и мразот и повторно мешајте дури не добиете густа хомогена смеса. Добиениот микс сипете го во висока стаклена чаша. По избор можете да декорирате со шлаг, чоколаден прелив или чоколадни трошки.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сладолед удавен во топло кафе

    Сладолед удавен во топло кафе

    Едноставен рецепт кој се базира на италијанскиот десерт „affogato al caffe“, што во превод значи „удавен во кафе“

    rnСладолед удавен во топло кафеrn

    Потребно време за подготовка: 5 минути

    rn

    Потребни состојки за 4 порции:

    rn

      rn011

    • 1/2 кг сладолед од ванила, чоколадо или кафе
    • rn011

    • 1 шолја тазе сварено јако кафе
    • rn011

    • бисквити (опционо)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПоделете го сладоледот во 4 чашки. Сипете по 1/4 од свареното кафе врз секоја порција. Опционо додадете бисквити или некој друг тип суви колачи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашен ликер од кафе

    Домашен ликер од кафе

    Љубителите на кафето знаат дека ликерот од кафе е еден неверојатен алкохолен пијалак кој ги буди сите сетила. Ако имате малку слободно време, кое сакате да го потрошите продуктивно, ги сакате и кафето и алкохолот, ова ќе биде одличен проект за вас. Ќе го направите еднаш, а ќе ви трае подолго време. Плус, на рецептите со ликер од кафе им нема крај…Домашен ликер од кафеПотребно е:

    rnrn

      rn011

    • 800 мл вода
    • rn011

    • 400 г бел шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици и 2 лажички инстант кафе
    • rn011

    • 750 мл рум
    • rn011

    • 10 мл екстракт од ванила
    • rn

    rnПодготовка: Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и кафето. На висока температура оставете да провријат сите состојки.Домашен ликер од кафеДомашен ликер од кафе Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се олади течноста 45 минути. Во оладената течност ставете ги румот и ванилата. Измешајте. Ликерот претурете го во стерилизирани шишиња. Убаво затворете ги капачињата и чувајте ги шишињата на темно место најмалку две недели пред да почнете да го употребувате.Домашен ликер од кафеКога ликерот ќе биде готов, еве неколку оригинални кафиња кои може да ги направите со него.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Ледено кафе со кршен мраз

    Ледено кафе со кршен мраз

    Автор: Zizzyrn

    Ледено кафе за уживање на тераса, со замижани очи вперени кон пролетното сонце

    rn(1) Ледено кафе со кршен мразrn

    Потребни состојки (за 4 кафиња):

    rn

      rn011

    • 1 л свежо сварено кафе
    • rn011

    • 1/2 лажиче екстракт од ванила
    • rn011

    • 55 г бел шеќер
    • rn011

    • 60 мл зовриена вода
    • rn011

    • 16 коцки мраз (кршени)
    • rn011

    • 1/2 шолја крем
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го кафето во фрижидер да се лади околу 30 минути. Изладете 4 чаши. Промешајте ги екстрактот од ванила и шеќерот во зовриената вода сè додека не се растворат. Ставете ја оваа смеса да се олади, повторно околу 30 минути. Распоредете го мразот и изладеното кафе во чашите. Додадете од шеќерната смеса по вкус, а по желба, засладете и со крем.

  • Млечен пунч

    Млечен пунч

    Пробајте го овој млечен пунч кој ќе ве загрее пред спиење… во секоја смисла!

    rnМлечен пунчrn

    Потребни состојки за двајца:

    rn

      rn011

    • 120 мл виски
    • rn011

    • 180 мл пола-пола*
    • rn011

    • 2 лажици шеќер во прав
    • rn011

    • 1/2 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 1/2 лажичка рендано морско оревче
    • rn

    rn* Пола-пола е израз кој им е најмногу познат на коктел мајсторите. Тоа е микс од млеко и слатка павлака (хопла). Во овој рецепт, најпрво треба да направите пола-пола и тоа со 90 мл млеко и 90 мл слатка павлака (хопла). Ставете ги во голем сад и мешајте со вилушка додека не се соединат. Така, добивате пола-пола.rnrnМлечен пунчМлечен пунчrn

    Начин на подготовка:

    rnВо шејкер ставете го миксот од хопла и млеко (пола-пола) со неколку коцки мраз, вискито, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и морското оревче. Ако немате шејкер, сите состојки измешајте ги во голем и длабок бокал. Убаво измешајте. Послужете го во убави стаклени чаши и декорирајте од горе со рендано морско оревче.rnrnМлечен пунч

  • Чоколаден милкшејк со кафе (Cocoa Coffee Milkshake)

    Чоколаден милкшејк со кафе (Cocoa Coffee Milkshake)

    Волшепство во чаша!

    rnЧоколаден милкшејк со кафе (Cocoa Coffee Milkshake)rn

    Време на подготовка: 3 минути

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 грама сладолед од ванила
    • rn011

    • 200 милилитри ладно млеко
    • rn011

    • 10 грама какао
    • rn011

    • 1 ќесичка инстант кафе
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСпоменатите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги 2 минути додека не добиете хомогена крем смеса. Смесата ставете ја во голема стаклена чаша и уживајте. По желба декорирајте со чоколадни трошки.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.