КАФЕ ПАУЗА

Tag: универзум

  • 11 предупредувачки знаци од универзумот

    11 предупредувачки знаци од универзумот

    Мислењето на многумина е дека сме целосно сами на овој свет каде што на крај сета тежина завршува на нашите рамена. Веруваме дека мораме да ја носиме тежината на светот без поддршка или водење, бидејќи тоа значи да се биде човек. Според ова мислење мора да се натпреваруваме, бориме и да собираме работи бидејќи нема ништо доволно добро.rnrn11 предупредувачки знаци од универзумотrnrnДруго мислење е дека всушност не сме сами. И додека егото можеби нè разделува сите, всушност сите ние сме духовно поврзани. И не само што сме едно, туку имаме пристап до водич секогаш кога ни е потребна помош.rn

    Како универзумот комуницира со вас?

    rnМногу луѓе се изненадени откако ќе откријат дека универзумот е навистина присутен во нашите животи. Не мора да бидете религиозни или слично за да разберете дека универзумот комуницира со вас. Всушност, понекогаш е подобро воопшто да немате идеја или верување за тоа како универзумот би требало дa комуницира со вас. Најчесто тоа се случува низ соништа, чудни случајности, повторливи броеви и зборови и слично. Универзумот исто така ќе ви каже и кога правите нешто погрешно.rn

    Како да знаете дали сте на вистинскиот пат?

    rnУниверзумот ќе ви даде знак, а кога ќе го добиете не мора да се плашите. Сè додека обрнувате внимание на знаците ќе знаете што треба да направите. Понекогаш овие знаци се суптилни, а некогаш се вистински повик за будење. Па, погледнете кои се најчестите.rn

    1. Неочекувани одолговлекувања

    rnМожеби сте заглавиле во сообраќаен метеж, сте го испуштиле автобусот, немало место во авионот или се појавил мал настан што ги уништил сите ваши планови.rn

    2. Чудно чувство во стомакот

    rnМожеби чувствувате некое чудно гадење. Ова негативно чувство можеби нема да исчезне без разлика какви се вашите мисли и планови.rn

    3. Постојано губите работи

    rnИли нешто ви е украдено или не можете да го најдете. Моменталниот шок од губењето нешто ве буди.rn

    4. Постојано се расправате

    rnМожеби постојано се појавуваат расправии и недоразбирања. Овие конфликти можат да бидат со саканите или со целосни странци.rn

    5. Не спиете добро

    rnНе можете да престанете да размислувате, а ова не ви дозволува да заспиете. Можеби има само една мисла што ве држи будни, а можеби станува збор за цело сценарио кое го прегледувате одново и одново.rn

    6. Постојано се разболувате

    rnИзгледа дека болестите постојано ве спречуваат да направите нешто. Може да се појават хронични главоболки, настинки или која било болест што ве забавува.rn

    7. Несмасни сте

    rnМожеби постојано се удирате во нешто, се сопнувате, ви паѓаат работи од рацете. Воглавно, понесмасни сте од вообичаено.rn

    8. Постојано чувствувате закана или анксиозност

    rnИзгледа дека каде и да одите ве демне некоја опасност или чувствувате анксиозност. Постојано очекувате да се случи нешто лошо.rn

    9. Гледате „лоши знаци“

    rnЛошите знаци се лични и субјективни, па поради тоа постојано се менуваат. Па наместо да ги гледате како негативни, гледајте ги како субјективни знаци кои вашиот ум ги одбрал во тој момент. На пример можеби го гледате јатото црни врани како лош знак, или расипаниот семафор како лошо донесена одлука. Бидете свесни за тоа како вашиот ум ги толкува овие знаци.rn

    10. Ви се случуваат несреќи

    rnЧесто несреќите се голем знак дека е потребно да направите промена. Може да станува збор за физички и ментални/емоционални несреќи. На пример можете случајно да кажете нешто што ќе го навреди вашиот шеф и ќе настанат проблеми на работното место. Од друга страна можеби ќе имате сообраќајна несреќа, па ќе останете во кревет неколку денови или недели.rn

    11. Постојано се појавуваат пречки и предизвици

    rnПоради некоја причина, ништо не ви оди по план без разлика колку се трудите. Постојано наидувате на пречки кои ве спречуваат да го направите потребното. Целиот труд едноставно не се исплати.rn

    Што да направите кога ќе добиете предупредувачки знаци?

    rnИмајте на ум дека често се случува да не се наспиете или да заглавите во сообраќаен метеж. Само затоа што сте ја удриле ногата не значи дека сте на погрешниот пат. Но, ако искусувате многу од овие знаци наеднаш, обрнете внимание. Размислете што правите и што планирате што може да ви наштети.rnrnВо зависност од тоа колку сте свесни, предупредувачките знаци можат да бидат суптилни или целосни барикади. Колку сте „позаспани“, толку поочигледни ќе бидат знаците. Можете да направите неколку работи што ќе ви помогнат.rn

      rn 011

    • За да добиете потврда дека сте на погрешен пат, поврзете се со вашата интуиција и поставете си го прашањето: Дали сум на вистинскиот пат? Обрнете внимание на чувствата и сензациите во вашето тело. Ако почувствувате тежина, можеби треба да промените нешто.
    • rn 011

    • Вдишете длабоко и заблагодарете му се на универзумот. Ако сакате, можете да кажете и молитва.
    • rn 011

    • Поминете време сами. Размислете што треба да се промени. Можете да користите и дневник за да ги запишeте вашите мисли и чувства.
    • rn 011

    • Обидете се најдете нешто комично во вашата ситуација. Хуморот е одличен начин да ја подобрите вашата енергија и да го отворите срцето.
    • rn 011

    • Медитирајте за да го исчистите умот.
    • rn 011

    • Ако не знаете што треба да промените, обрнете внимание на контекстот. На пример, дали сте размислувале, правеле или планирале нешто кога се појавиле знаците?
    • rn

    rnДознајте и кои се знаците дека сте го откриле вашиот духовен пат.

  • Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

    Дали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!

    Дали во последно време сте почнале да забележувате трицифрени броеви кои не можете да ги игнорирате? Дали тоа ви се случува повеќе пати дневно? Тоа не е случајно! Трицифрените броеви сакаат да ви пренесат значајна порака или да ве разбудат. Вашите водичи и ангели чувари на тој начин се обидуваат да ви помогнат.rnrnДали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!rnrnДоколку во последно време ви се случуваат промени, незгоди или поминувате низ тежок период, немојте да се грижите. На тој начин се расчистуваат оние делови од вашиот живот кои не ви користат. Доколку ви се случуваат позитивни промени, тоа значи дека сте на вистинскиот пат.rnrnСега е време да ослободите од сето она што ве спречувало да го искористите вашиот потенцијал. Кога ќе заглавите во старите уверувања, мора да ги прифатите, признаете и да ги согледате такви какви што се. Треба да им дадете љубов и да се ослободите од нив. Дајте си ја вистината и љубовта што ја заслужувате. Кога ќе се отворите кон животот, ќе почнете да ги забележувате симболите,броевите и знаците кои ви пренесуваат пораки. Тука спаѓаат и трицифрените броеви. Тие се поврзани со одредени пораки и тие се вашиот патоказ кој треба да ве однесе на вистинскиот пат. Прочитајте какво значење кријат ттрицифрените броеви…rnrn111 – Енергетскиот премин ви е отворен, па затоа вашите мисли брзо се претвораат во реалност. Внимателно одбирајте ги вашите мисли и погрижете се да се совпаѓаат со вашите желби. Не трошете енергија на стравот за да не го претворите во реалност.rnrn222 – Имајте верба. Сѐ ќе биде добро. Не грижете се, бидејќи ситуацијата ќе даде позитивен резултат за сите луѓе што се вклучени во неа.rnrn333 – Поврзани сте со вашите виши сили на многу нивоа и тие непрестајно делуваат во ваша корист. Тие ве сакаат, водат и штитат истовремено.rnrn444 – Во овој момент ве опкружуваат илјада ангели. Тие ве сакаат и поддржуваат. Имате многу силна поврзаност со ангелското царство, бидејќи и вие самите сте ангел на Земјата. Нема од што да се плашите. Сѐ ќе биде добро.rnrnДали постојано гледате трицифрени броеви? Дознајте што сака да ви каже универзумот со тоа!rnrn555 – Ве очекуваат големи промени и трансформации. Имате можност да излезете од досегашните проблеми и да живеете онака како што навистина заслужувате.rnrn666 – Време е да се фокусирате на духот кој ќе во урамнотежи и исцели животот. Кажете ги гласно вашите стравови поврзани со материјалното богатство. Прифатете ја помошта од љубовта, како од луѓето така и од ангелите.rnrn777 – Честитки! Внимателно сте го слушале универзумот и таа мудрост сте ја пренеле во вашите дела. Сега е време за вашата награда. Вашиот успех ги инспирира и им помага на другите, па затоа продолжете така и понатаму.rnrn888 – Универзумот е великодушен, а вие сте научиле како да ги примате даровите од неговиот извор. Ќе добиете големо финансиско богатство сега и во иднина.rnrn999 – Одлично завршена работа! На светот му треба вашата животна мисија! Прифатете ја вашата мисија без двоумење и одложување.rnrnПостојат и други комбинации на бројки со кои може да се сретнете и кои ќе ве насочат кон искористувањето на вашиот највисок потенцијал. Кога ќе станете отворени и свесни, ќе гледате сѐ повеќе бројки и пораки наменети за вашето внатрешно битие и душа. Нека вашите мисли будат радост, вашите зборови-вистина, а вашите дела-љубов и универзумот со задоволство ќе ги исполни сите ваши потреби. Така функционира законот на привлекувањето!rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте нешто повеќе за значењето на броевите.

  • Како изгледа целиот универзум прикажан на една илустрација?

    Како изгледа целиот универзум прикажан на една илустрација?

    Во споредба со целиот универзум, ние луѓето, како и планетата што ја населуваме, сме навистина мали. Токму поради ова сме воодушевени од пространоста на универзумот и сè во него што чека да биде истражено.rnrnКако изгледа целиот универзум прикажан на една илустрација?rnrnОние кои се восхитени од оваа реалност, ќе бидат навистина задоволни од илустрираниот приказ на видливиот универзум во чиј центар е сместен Сончевиот систем.rnrnОд Science Alert изјавиле:rn

    „Околу Сончевиот систем се наоѓаат внатрешните и надворешните планети, Кајперовиот појас, Ортовиот облак, ѕвездата Алфа Кентаур, галаксијата Млечен Пат, галаксијата Андромеда, други галаксии кои се наоѓаат во близина, космичката мрежа, космичката микробранова радијација и невидливата плазма произведена од Големиот прскот на самиот раб.“

    rnОваа неверојатна илустрација е создадена од музичарот и уметникот, Пабло Карлос Будаси. Сликата е направена според логаритамски мапи од познатиот универзум кои се споени од истражувачи од Универзитетот Принстон, како и од некои материјали обезбедени од НАСА.rnrnМапата на истражувачите од Принстон е заснована на податоци од телескопот Sloan Digital Sky Survey. Во изминатите 15 години се користел оптичкиот телескоп во опсерваторијата во Ново Мексико со цел да се мапира универзумот. Вклучен е спектарот на повеќе од 3 милиони астрономски објекти.rnrnИако научниците немаат проблем со логаритамските мапи, на јавноста ѝ е тешко да ги сфати. Токму поради ова Пабло решил да ја направи илустрацијата. Тој бил инспириран да ја направи во форма на круг додека правел хексафлексагони за роденденот на неговиот син. Хексафлексагоните се полигони од хартија со голем број лица.rn

    „Кога ги правев хексафлексагоните за роденденот на син ми, почнав да го цртам централниот дел од универзумот и Сончевиот систем. Тој ден ја добив и идејата за логаритамската мапа, па во следните неколку денови ја направив илустрацијата користејќи Фотошоп, фотографии од НАСА и текстури кои ги направив јас.“

    rnСите знаеме дека универзумот крие многу тајни, па погледнете кои се најголемите нерешени мистерии за универзумот.

  • Дознајте кој е најинтересниот знак што можете да го добиете од универзумот

    Дознајте кој е најинтересниот знак што можете да го добиете од универзумот

    Ако мислите дека универзумот не ви одговара на пораките што му ги праќате, се лажете. Универзумот постојано ви праќа пораки, но вие треба да научите да ги препознавате и разбирате. Еден од најважните нејасни, но интересни знаци што можете да го добиете од универзумот е феноменот дежаву.rnrnДознајте кој е најинтересниот знак што можете да го добиете од универзумотrn

    Што е дежаву и што значи тоа?

    rnДежаву е чувство дека веќе сте доживеале нешто или сте биле на некое место. Станува збор за нешто единствено што се разликува од сѐ останато. Се будите наутро, уште еден обичен ден, ништо посебно не ви се случува, се подготвувате за работа и одеднаш ве погодува! Ви се јавува чудно непознато чувство. Ова веќе сте го доживеале претходно!rnrnДежаву е тема која веќе подолго време се игнорира, па дури и се смета за нешто застрашувачко и чудно. Но, иако нема официјално објаснување за овој феномен, постои голема веројатност дека чувството на повторена ситуација, случка или место, е знак дека станува збор за нешто што е од големо значење за вас.rnrnУниверзумот се обидува да ве натера да застанете и да размислите за тоа. Тој ви го привлекува вниманието во одреден момент. Се работи за нешто што инаку не би го забележале. Секако дека тоа треба да го сфатите како знак. Но, проблемот е во тоа што многу е тешко да се дешифрира овој знак.rn

    Што треба да направите ако сте доживеале дежаву?

    rn

    ПРВ ЧЕКОР

    rnПред сѐ, треба да се ослободите психички за да може оваа појава да ви стане појасна. Само на тој начин ќе разберете што точно универзумот се обидува да ви пренесе. Сигурно сте забележале дека тоа чудно чувство исчезнува многу брзо. Тоа е така, затоа што вашиот ум е преоптоварен со други работи и не можете да го искористите моментот за да ја видите пораката. Мора за момент да го исклучите умот и одново да го вклучите.rnrnСлушањето Brainwave музика може да ви помогне да го сторите ова. Во оваа музика има посебни тонови и импулси кои автоматски ве префрлаат во состојба на целосно опуштање. Не грижете се! Не станува збор за здодевна, традиционална медитација. Не мора да седите во неудобната „лотос“ положба, обидувајќи се да замислувате нешто. Ова нема да трае предолго и не мора ни да носите слушалки доколку не сакате.rnrnСамо треба удобно да се сместите, да се опуштите и да ѝ дозволите на музиката да си ја врши својата работа. Можеби понекогаш ќе треба да го повторувате ова повеќе пати, во зависност од тоа кога ќе ви се појави следното дежаву. Повторувајте го сѐ додека не почувствувате дека сте извлекле максимална корист од музиката. Освен тоа, Brainwave музиката ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да си го подигнете енергетското ниво. Тоа значи дека оваа музика е одлична и за секојдневниот живот, а не само за моментите кога барате знаци од универзумот.rnrnДознајте кој е најинтересниот знак што можете да го добиете од универзумотrn

    ВТОР ЧЕКОР

    rnЗапишувајте сѐ. Водете „дежаву“ дневник. Исто како и соништата, така и оваа појава може да ја заборавите веднаш штом ќе се случи, па затоа запишувајте што е можно повеќе детали:rn

      rn011

    • Што се случило?
    • rn011

    • Каде сте биле кога се случило тоа?
    • rn011

    • Во кој период од денот се случило?
    • rn011

    • Што сте виделе?
    • rn011

    • Што сте правеле?
    • rn011

    • Со кого сте биле?
    • rn011

    • За што сте размислувале?
    • rn

    rnПо некое време можеби ќе воочите дека постои слична тема во сите случки. Можеби секогаш сте со истата личност кога се случува тоа. Тогаш, можеби тоа значи дека таа личност е ваша сродна душа или можеби ќе ви го покаже вистинскиот пат во животот.rnrnИсто така, споредете ги вашите дежаву белешки со вашите желби и визуализации. Дали постои некаква врска? На крајот, обрнете посебно внимание на вашите чувства. Дежаву е многу чудно чувство, па затоа можеби ќе ви биде тешко да објасните како се чувствувате. Но, обидете се да го воочите целокупното расположение. Дали сте возбудени? Исплашени? Дали ви е здодевно?rnrnНа пример, ако ви се случи дежаву на работа и се чувствувате фрустрирано, тоа можеби е знак дека не сте таму каде што треба да бидете и дека можеби е време да најдете нова работа. Од друга страна, пак, ако се чувствувате возбудено, тоа можеби е знак дека сте на прав пат. Не заборавајте да бидете слободоумни. Соберете ги сите факти, па дури потоа почнете да ги анализирате.rnrnДоколку очајно се обидувате да видите одреден знак, најверојатно и ќе го видите. Така дејствува законот на привлекување. Но, тоа нема да биде вистинскиот знак. Понекогаш универзумот се обидува да ве предупреди дека не треба да го правите она што сакате да го направите, па затоа дајте си време. Не избрзувајте со заклучоци. Со текот на времето, ќе ги добиете вашите одговори.rnrnПогледнете ја целава работа и од научна гледна точка и дознајте зошто понекогаш доживуваме дежаву.

  • 10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насока

    10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насока

    Многумина веруваат дека некои работи се случуваат без особена причина, но ако почнеме да си ја слушаме интуицијата, ќе сфатиме дека сѐ што ни се случува е наше сопствено дело. Можеби не сме свесни дека ние сме креаторите на секој момент од животот, но за среќа, универзумот ни праќа многу знаци за да ни даде до знаење дали сме на вистинскиот или погрешниот пат.rnrn10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насокаrnrnНајчесто, знаците на предупредување се случуваат во форма на несакани околности и настани. Овие знаци се показатели дека вашата енергија заглавила во вибрации со ниска фреквенција. Вашите мисли, чувства и постапки се негативни и тоа ги предизвикува несаканите околности.rnrnОд друга страна, пак, кога вашите мисли, чувства и постапки се движат со вибрации на висока фреквенција, почнуваат да се случуваат позитивни работи. Ќе ги правите работите во вистинско време и постојано ќе ве следи среќата. Токму затоа, многу е важно да ги зацврстите вашите вибрации со тоа што свесно ќе го одберете позитивниот начин на размислување.rnrnИако сите ние можеме да функционираме со вибрации на висока фреквенција, тешко е да се одржи истото ниво цело време. Тоа е така затоа што нашите души се заглавени на Земјата во физичка димензија којашто е многу погуста и побавна од високите, деликатни димензии. Површината на планетата и телата се состојат од вибрации со многу пониска енергија за разлика од онаа на нашите души.rnrnКако резултат на тоа, одвреме-навреме налетуваме на несакани околности, но тоа е сосема во ред. Сѐ додека внимателно ги слушате знаците на предупредување што ви ги праќа универзумот, веднаш ќе можете да се вратите на вистинскиот пат. Во продолжение прочитајте на кои знаци треба да внимавате…rnrn10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насокаrnrn1. Удирање на прстите на стапалатаrnrn2. Заглавување во сообраќаен метежrnrn3. Остри погледи или зајадливи коментариrnrn4. Некаква повредаrnrn5. Неочекувани трошоци или сметкиrnrn6. Непријатни чувства во стомакотrnrn7. Караници со блискитеrnrn8. Разболување и главоболкиrnrn9. Губење или кршење на работите што ги поседуватеrnrn10. Непријатни миризби, звуци или вкусовиrnrnСите овие знаци покажуваат дека мора да се фокусирате и да ја прилагодите вашата фреквенција. Ако сретнете некој од овие знаци на предупредување, веднаш сопрете! Не продолжувајте да работите на одредената задача, не го продолжувајте разговор или не се опседнувајте со мислите што ги имате, зашто тоа нема да ве одведе таму каде што сакате да бидете.rnrnНаместо тоа, вдишете длабоко, тргнете се од ситуацијата, па дури и одвојте една минута за медитација доколку можете. Кога ќе ги забележите овие знаци, реагирајте веднаш и самиот фокус на себеси ќе го сопре негативниот момент. Исто така, немојте да се опседнувате со знакот на предупредување.rnrnАко зборувате, размислувате за него и си го повторувате во умот, со сигурност ќе ја снижите фреквенцијата на вашите вибрации. Сфатете го тоа како знак СТОП и продолжете понатаму. Погрижете се за вашите вибрации и посветете им внимание само на мислите, чувствата и постапките што се согласуваат со природната фреквенција на вашата душа.rnrnПрочитајте ги и овие 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки.

  • 11 важни предупредувачки знаци од универзумот

    11 важни предупредувачки знаци од универзумот

    Постојат 2 перспективи во кои можете да верувате. Првата е дека сме целосно сами во универзумот и дека мораме да ја носиме тежината на светот без никаква помош. Втората е дека не сме сами, и иако можеби нашето его нè одделува од другите, сепак сите сме поврзани. И не само што сите сме едно, туку имаме и еден „водич“ кој ни помага во животот.rnrn11-predupreduvachki-znaci-od-univerzumot-kafepauza.mkrnrnВо зависност од вашата перспектива, вие или ќе се согласите или нема да се согласите со овие знаци. Доколку верувате дека не сте сами на овој свет, сигурно се прашувате дали сте на вистинскиот пат. Треба да знаете дека универзумот ви праќа знаци кои ве водат, вие само треба да ги препознаете. Погледнете неколку од знаците кои ви ги праќа универзумот за да ве предупреди.rn

    1. Неочекувани одложувања

    rnНа пример, може да заглавите во сообраќај, да го испуштите автобусот, да откриете дека нема место на летот кој ви е потребен, или пак некој случаен настан да ви ги расипе плановите.rn

    2. Имате чудно чувство во стомакот

    rnМоже да почувствувате како да ви се гади. Ова негативно чувство можеби нема да помине без разлика на вашите планови и мисли.rn

    3. Постојано губите работи

    rnМоже да станува збор за нешто што сте го изгубиле, или пак ви било украдено. Привремениот шок од губењето ве буди.rn

    4. Често се карате

    rnПостојано се појавуваат несогласувања и караници. Може да се расправате и со вашите блиски и со случајни странци.rn

    5. Не можете да спиете

    rnНе можете да престанете со размислување и тоа не ви дозволува да заспиете. Можеби имате само една мисла која се врти во вашата глава, или пак станува збор за цело застрашувачко сценарио кое го гледате одново и одново.rn

    6. Постојано се разболувате

    rnБолестите како да ве спречуваат да го правите она што го сакате. Може да имате главоболки, настинки или други болести поради кои сте принудени да забавите.rn

    7. Несмасни сте повеќе од вообичаено

    rnМожеби постојано се удирате, паѓате, испуштате работи од рацете и слично.rn

    8. Постојано чувствувате страв

    rnКако постојано да ве демне нешто. Исплашени сте и мислите дека ќе се случи нешто лошо.rn

    9. Постојано гледате „лоши знаци“

    rnЛошите знаци секогаш се лични и постојано се менуваат. Затоа наместо да ги гледате како постојани или како факти, гледајте ги како субјективни знаци кои вашиот ум решил да ги забележи, и кои се реални само за вас во тој момент. Бидете свесни како реагира вашиот ум на различни знаци во текот на денот.rn

    10. Ви се случуваат несреќи

    rnНесреќите многу често се знак за промена. Тие може да бидат и физички и емоционални/ментални. Можеби без да сакате ќе го навредите шефот и ќе си предизвикате проблеми. Или пак можеби ќе ви се случи сообраќајна несреќа.rn

    11. Постојано се појавуваат блокади и предизвици

    rnПоради некоја причина, работите никогаш не се како што треба, без разлика на вашите напори. Постојано се појавуваат нови пречки и блокади. Секој чекор напред ве тера да се вратите два чекори назад.rn

    Што да правите кога добивате предупредувачки знаци?

    rnВажно е да знаете дека често се случуваат работи како несоница или заглавување во сообраќај. Ако денес сте си ја удриле раката, не мора да значи дека сте на грешниот пат. Но, ако постојано ви се случуваат овие работи, можеби треба да обрнете внимание. Прашајте се: „Што правам, што мислам и што планирам во моментот што е лошо за мене?“rnrnЗависно од тоа колку сте свесни, предупредувачките знаци може да варираат од мали пречки до целосни блокади. Колку повеќе сте „заспани“, толку поочигледни се знаците.rn

    Овие совети ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот вистински пат:

    rn

      rn011

    • За да добиете потврда дека сте на грешен пат, поврзете се со вашата интуиција. Прашајте се дали сте на вистинскиот пат и набљудувајте ги вашите чувства. На пример, ако почнете да чувствувате некоја тежина, можеби треба да промените нешто. Ако се чувствувате лесно и убаво, ова е знак дека сте на правиот пат.
    • rn011

    • Дишете длабоко и заблагодарете се за предупредувањата. Можеби ќе сакате и да си кажете некоја молитва за помош. Слободно помолете се како што вие сакате.
    • rn011

    • Набљудувајте се. Размислете што треба да промените. Можете да ги запишете вашите мисли и чувства за да ви се разјаснат работите.
    • rn011

    • Најдете утеха во она што се случило. Утехата е одличен начин да ја подобрите вашата енергија и да го отворите вашето срце. Понекогаш универзумот ги праќа најчудните знаци за да нè предупреди.
    • rn011

    • Медитирајте за да го исчистите вашиот ум.
    • rn011

    • Ако не ви е јасно што треба да промените, обрнете внимание на контекстот. На пример, дали сте мислеле, сте правеле или сте планирале нешто кога почнале да се појавуваат знаците?
    • rn

    rnПрочитајте и нешто повеќе за духовното будење и за знаците дека сте го откриле вистинскиот пат.

  • 13 морничави теории за универзумот што ќе ве држат будни навечер

    13 морничави теории за универзумот што ќе ве држат будни навечер

    Иако живееме во него, сè уште постојат премногу работи кои не ни се познати за нашиот универзум. Дури и со толку малку информации сепак има многу научни теории за просторот и времето кои се обидуваат да ги објаснат мистериите на универзумот. Но не се сите пријатни. Некои од нив се застрашувачки и само ни нагласуваат колку всушност сме сами во оваа празнина која ја нарекуваме вселена.rnrn13-teorii-za-univerzumot-koi-kje-ve-drzhat-budni-navecher-kafepauza.mkrnrnСигурно си помислувате дека се само теории, но тоа што ќе го прочитате во продолжение доаѓа од најголемите умови во космологијата и физиката. Овие луѓе добро знаат за што зборуваат, а тоа што имаат да го кажат не е секогаш убаво. Па, седнете и подгответе се да погледнете во празнината.rn

    1. Големата експлозија дошла од веќе постоечки универзум

    rnСпоред теоријата на струните, не би требало да има само еден универзум, туку многу од нив. Како бил создаден нашиот? Па, се верува дека Големата експлозија настанала како резултат на уништувањето или судирот на други универзуми. Дали тоа го прави нашиот универзум помалку посебен? Секако, но гледајте на добрата страна – ако оваа теорија е точна, тоа значи дека не сме толку осамени како што мислевме.rn

    2. Белите дупки најверојатно постојат

    rnСекој слушнал за црни дупки, но изгледа постојат и спротивни на нив. За разлика од нивните мрачни „братучеди“, до белите дупки не може да се пристапи  бидејќи светлината и материи постојано излегуваат од нив. Најморничавиот дел од оваа теорија е прашањето од каде всушност доаѓа таа светлина и таа материја? Дали белите дупки се излези од црните?rn

    3. Времето буквално истекува

    rnДодека некои научници веруваат дека експанзијата на универзумот се забрзува, некои мислат дека далечните небесни тела само така ни делуваат бидејќи гледаме наназад во времето за да ги видиме (запомнете, на светлината ѝ е потребно време да стигне до нас). Па, тоа значи дека тие се движеле побрзо во минатото отколку сега… што значи дека времето забавува. Колку всушност забавува? Не се знае – но ако оваа теорија е точна може да забави до застанување.rn

    4. Постои равенка која пресметува колку сме сами во универзумот

    rnДоктор Франк Дрејк сакал да знае со колку вонземјански цивилизации би можеле да комуницираме, па во 1961 ја создал Дрејковата равенка (The Drake Equation). Taa го проценува бројот на цивилизации со кои би можеле да стапиме во контакт. Бидејќи равенката користи „образовани претпоставки“ како параметри, невозможно е да се добие точен број.rn

    5. Еве што се случува ако „паднете“ во црна дупка

    rnЦрните дупки се навистина чудна појава. Што повеќе се доближувате до центарот, толку повеќе времето и просторот стануваат бесмислени. Теоријата е дека би лебделе во ништо засекогаш или би биле разделени на најмали делчиња. Како и да е, сигурно нема да поминете како Метју Меконахи во филмот „Интерстелар“ (Interstellar).rn

    6. Првото нешто што вонземјаните би го виделе од човештвото е Хитлер

    rnКарл Саган бил визионер кој го благословил светот со неговата интелигенција и имагинација. Во неговата книга „Контакт“ (Contact), тој поставил теорија дека првото нешто што вонземјаните би го виделе од нас е Хитлер. Всушност, првиот емитуван сигнал кој бил доволно силен да ја помине атмосферата на Земјата бил говорот на Хитлер на Олимписките игри во Берлин, во 1936 година. Па, веројатноста е голема дека ова ќе биде првиот сигнал кој вонземјаните би го примиле.rn

    7. Венера ќе стане како Земјата поради климатските промени

    rnЗемјата и Венера се нарекувани „близначки разделени по раѓањето“. Имаат многу слична големина, маса, состав… но, само едната има услови за живот додека другата е огромна пустелија. Причината е тоа што атмосферата на Венера најмногу содржи јаглерод диоксид, кој ја загреал нејзината површина од 465 степени Целзиусови. Како што сигурно веќе знаете, луѓето се навистина загрижени за порастот на нивото на јаглерод диоксид и на Земјата.rn

    8. Универзумот е компјутерска симулација

    rnСпоред оксфордскиот филозоф Ник Бострум, има големи шанси „Матрицата“ навистина да постои. Тој верува дека многу напредна цивилизација, со доволна компјутерска моќ, би можела да направи симулација толку сложена за во неа да се креираат вештачки умови, сите закони на физиката и сè останато во нашиот универзум. Во овој момент можеби сте само комплексен сет од единици и нули.rn

    9. Нашиот универзум е џамлија

    rn„Луѓе во црно“ (Man in Black) е чуден филм, но ништо не е почудно од неговиот крај. Камерата се повлекува низ целиот универзум за на крајот да открие дека е џамилја со која си игра некој вонземјанин.rn

    10. Универзумот е толку голем, што никогаш нема да сретнеме друга цивилизација

    rnИма многу планети во универзумот. Толку многу што статистички кажано, вонземскиот живот мора да постои во која било форма. Но ако ова е вистина, каде е? Па, Фермиевиот парадокс (The Fermi Paradox) го зема предвид ова несовпаѓање и поставува теорија дека или е многу потешко да се создаде живот отколку што мислиме, или постоел друг живот, но бил уништен со текот на времето. И во двата случаи, ние сме премногу осамени.rn

    11. Универзумот ќе се распадне

    rnСпоред една студија, постоењето на темната енергија во универзумот може да значи дека имаме околу 10 милијарди години пред универзумот да се распадне сам од себе. Изгледа дека ширењето е многу поголемо отколку што мислевме, што значи дека евентуално ќе стане преголемо и ќе се сруши.rn

    12. Универзумот ќе се распарчи

    rnНаместо да се распадне, друга теорија за крајот на универзумот е дека ќе се рашири толку многу што евентуално ќе се распарчи. Од галаксиите и сончевите системи, па сè до атомите – сè ќе биде распрачено. Ако ова навистина се случи, бидете среќни бидејќи е далеку од сега.rn

    13. Пред Големата експлозија немало ништо

    rnДа, буквално ништо. Според Стивен Хокинг, ако ова е вистина, универзумот не може ни да биде составен, ниту пак да биде уништен. Едноставно само постои. Морничавиот дел – ако немало ништо пред Големата експлозија, колку долго траело тоа пред да настане универзумот? И вие мислевте дека е тешко да ја чекате новата сезона од омилената серија…rnrnПрочитајте ги и најголемите нерешени мистерии за универзумот!

  • Универзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнорирате

    Универзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнорирате

    Секојдневно добиваме разни видови знаци од универзумот, но не знаеме како да ги дешифрираме и да ги примениме. Понекогаш не знаеме да ја препознаеме помошта што ни се нуди. Таа честопати се појавува незабележливо, но дури и да ја забележиме, ја толкуваме како случајност.rnrnУниверзумот нема да се откаже од вас: 12 духовни пораки што никако не смеете да ги игнориратеrnrnИ покрај тоа, универзумот не се откажува од вас. Тој никогаш не престанува да ви праќа знаци во форма на физички симптоми или настани кои ќе ве принудат да излезете од вашата удобна зона. Обрнете големо внимание доколку забележите некои од следниве знаци…rnrn1. Појави кои може да се протолкуваат како случајност, само што моментот е премногу совршен.rnrn2. Соништа кои ви нудат пораки или предлози.rnrn3. Книги или блогови кои директно говорат за она што моментално ви се случува во животот.rnrn4. Физички симптоми кои означуваат нешто подлабоко, како што е болката во грбот.rnrn5. Пречки на моменталниот животен пат. Ако нешто ви делува многу потешко одошто би требало, тоа може да е знак дека треба да одберете друг пат. Кога ја слушате вашата интуиција, нештата се одвиваат без многу напор.rnrn6. Пораки кои се јавуваат за време на медитација.rnrn7. Интуиција што не може да се занемари.rnrn8. Изговорени зборови што ве погодуваат точно во сржта на вашето битие.rnrn9. Внатрешно чувство дека се работи за нешто вистинито иако делува сосема лудо, неверојатно или недостижно.rnrn10. Текстови од песни кои постојано се повторуваат.rnrn11. Одговори на молитвите што ја определуваат насоката на вашиот пат.rnrn12. Привлекувате личности кои ги делат вашите интереси и ве водат по животниот пат или пак ве придржуваат на патот.rnrnУниверзумот не говори секогаш јасно. Понекогаш знаците се збркани, но не затоа што универзумот не знае како да ви испрати јасна порака, туку затоа што вие не слушате доволно внимателно. Универзумот се обидува да воспостави комуникација со вас секогаш кога ќе ви се случи некоја коинциденција, како на пример кога ќе ви се отвори книгата на одредена страница или пак сонувате необични и збунувачки соништа кои не даваат директен одговор на вашите прашања.rnrnНе заборавајте дека секогаш имате избор, без разлика што ви вели универзумот дека треба да направите. Можеби ќе бидете разочарани од одговорите што ќе ги добиете, па ќе решите да си останете доследни на себеси. Слободната волја е малку комплицирана кога е во прашање духовното водство. Но, секако дека не мора да ги послушате пораките на универзумот. Можете или воопшто да не им обрнувате внимание на знаците или да ги игнорирате целосно.rnrnНо, кога ќе ви треба духовно водство, имајте на ум дека универзумот ќе ви ја понуди неговата помош, само ако сте доволно храбри да ги следите неговите насоки. Не заборавајте да се заблагодарите!rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте подетално за 15-те начини на кои универзумот ви праќа пораки.

  • Најновите истражувања покажуваат дека вонземјаните можеби се обидуваат да контактираат со Земјата

    Најновите истражувања покажуваат дека вонземјаните можеби се обидуваат да контактираат со Земјата

    Сигурно барем еднаш сте се запрашале дали вонземјаните навистина постојат. Според истражувањето објавено во „Publications of the Astronomical Society of the Pacific“, истражувачите од Универзитетот во Квебек, Канада, наводно нашле докази според кои не само што вонземјаните постојат, туку и се обидуваат да контактираат со Земјата. Можеби ви делува невозможно, но станува збор за вистинско истражување.rnrnНајновите истражувања покажуваат дека вонземјаните можеби се обидуваат да контактираат со ЗемјатаrnrnВо студијата, научниците користеле податоци од истражувањето на „Sloan Digital Sky“ за да извршат анализа на повеќе од 2 милиони далечни ѕвезди. Од анализираните ѕвезди, поточно 234, се однесувале на начин кој истражувачите не можеле да го објаснат. Тие размислиле и отфрлиле неколку можности за на крајот да заклучат дека чудните промени во ѕвездите се должат на светлосни импулси создадени од страна на вонземска интелигенција со цел да го прикаже нејзиното постоење. Со други зборови, вонземјаните можеби се обидуваат да воспостават контакт со луѓето иако се наоѓаат на растојание од неколку светлосни години.rnrnНо, како истражувачите дошле до овој заклучок? Сигналите се светлосни импулси кои се случуваат на одредени временски интервали, а ѕвездите за кои се работи се наоѓаат во истиот спектар како и нашето сонце. Ова може да е знак дека постои интелигентен живот надвор од Земјата. Нашето сонце е единственото што го знаеме во чија близина живеат интелигентни суштества, па можеби истото се случува и во близина на други.rnrnПред да почнете да се подготвувате за инвазија на вонземјани, треба да ги имате предвид следниве неколку работи. Истражувачите велат дека можно е сигналите да се предизвикани од многу чудни хемиски состави во ѕвездите. И претходно имало истражувања кои покажале дека постои интелигенција надвор од Земјата, така што вреди и понатаму да се обрнува внимание на оваа тема и можност.rnrnИ покрај сѐ, ова истражување може да ни послужи како потсетник за големата веројатност дека не сме сами во универзумот.

  • Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

    Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

    Помислете за момент на вашиот организам. Во него сѐ се одвива врз основа на принципот на соработка и размена, сите органи соработуваат и секој го дава она што му е потребно на другиот за да може да функционираат како целина. Кога еден од органите би се одделил, би станал себичен и би решил да работи сам за себе, целиот организам би престанал да функционира, заедно со тој одделен орган.rnrnОсновно правило на универзумот: Давај за да добиеш!rnrnТака функционира и целиот универзум. Природата постојано ни дава, но ние не сме научиле да возвратиме, туку само земаме и не знаеме како да даваме. Сите бараме нешто и постојано се прашуваме „Зар премногу барам?!“. Универзумот е богата ризница во која има повеќе отколку што можеме да замислиме, но прашањето е како да стигнеме до неа, како да го добиеме она што го сакаме. Одговорот е: Давајте и бидете дел од целината.rnrnИма приказна за еден оџа кој се давел во реката. Луѓето му приоѓале и му велеле: „Оџа, дај ја раката!“, но тој не реагирал и се удавил. Кога дошол друг оџа да види што се случило и кога ги видел сите тие луѓе, прво ги нападнал затоа што никој не го спасил. Меѓутоа, тие му раскажале дека му приоѓале и му велеле „Оџа, дај ја раката“, но тој не одговарал. На тоа верскиот службеник им рекол: „Сте погрешиле. Не сте требале да велите ’дај ја раката’, туку сте требале да велите ’оџа, повели раката’ и ќе го спасевте“.rnrnТоа што не разбираме дека во давањето лежи спасот, ќе нѐ одведе во пропаст и ќе се згушиме во сопственото верување дека ќе се спасиме ако се фокусираме на себе и сопствените потреби, но на тој начин само ќе создадеме неплодно тло.rnrnСекој запченик, дури и оној најситниот, е неопходен за непреченото функционирање на целиот механизам. Сѐ е важно. Се вели дека кога пеперутката ќе замавне со крилјата на едно место, тоа има влијание на друг континент.rnrnПостојат безброј начини тој механизам да се покрене, односно да му го дадеме она што на другиот му е потребно и да се однесуваме според законите на универзумот: Доколку можеме да помогнеме со материјални средства, да кажеме убав збор, да им помогнеме на соседите, да ги нахраниме животните, да не озборуваме, да им помогнеме на другите да го постигнат она што го сакаат. На тој начин се излегува од микро планот и фокусот кон самите себе и се влегува во општиот, универзален план.rnrnСо тоа што ќе станеме дел од механизмот за остварување на сопствената цел, ние дејствуваме како запченик во часовник, додека нашите дела претставуваат семе со кое ќе можеме да ги насадиме нашите желби и намери. Според обичајот треба да фрлиме паричка во фонтаната и да посакаме желба. Самиот чин на фрлање паричка потврдува дека ние имаме добивка преку чинот на давање. Законот е едноставен: Давајте за да добивате.