КАФЕ ПАУЗА

Tag: универзум

  • Направете го овој тест и добијте ја вашата порака од универзумот за денес!

    Направете го овој тест и добијте ја вашата порака од универзумот за денес!

    Изберете една од овие 3 картички за да ја добиете вашата порака од универзумот за денес.rnrnНаправете го овој тест и добијте ја вашата порака од универзумот за денес!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 1″ active=”false”]Се чувствувате добро додека се смеете, нели? Затоа, нека насмевката биде дел од вашето секојдневие! Освен тоа, не заборавајте и дека кога се насмевнувате, ги усреќувате другите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 2″ active=”false”]Не заборавајте дека животот може да биде многу поубав кога се насмевнувате. Затоа, насмевнете му се денес на светот и дозволете му и тој да ви се насмевне. Продолжете да ширите позитивна енергија![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Картичка бр. 3″ active=”false”]Светот ќе биде поубаво место за живеење доколку секој од нас знае како да му се радува на животот! Каде и да одите, што и да правите, споделете ја со другите вашата позитивна енергија и ќе видите дека и животот ќе ви се насмевне. Имајте на ум дека насмевката може да биде лек за многу работи![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како ќе ни влијае сезоната на владеење на знакот Рак од 21 јуни до 22 јули?

    Како ќе ни влијае сезоната на владеење на знакот Рак од 21 јуни до 22 јули?

    Сезоната на владеењето на Ракот сака да нè поттикне да се вратиме назад и да пронајдеме безбедно место каде што секогаш можеме да одиме, без разлика што се случува околу нас и во нас.rnrnКако ќе ни влијае сезоната на владеење на знакот Рак од 21 јуни до 22 јули?rnrnСезоната на Ракот започнува на 21 јуни и е секогаш поволно време бидејќи е совршено усогласено со Сонцето. Тоа значи дека ако бидеме свесни за сочувствителните и искрени енергии што ги носи владеењето на Ракот, ќе можеме подобро да се усогласиме за да ги примиме исцелителните вибрации од Сонцето.rnrnЗемјата се подготвува да започне нов пат, а бидејќи оваа планета е наш дом, ние исто така ќе тргнеме на патување во новото и непознатото. На овој ден ќе настапи промена на годишните времиња, па затоа би било добро да пронајдеме тишина во себе и да ја набљудуваме промената на енергијата и да сфатиме како таа нè насочува додека се наближуваме до средината на годината.. Тоа е време кога можеме да сфатиме дали одиме во насоката што ја сакаме.rnrnМеѓутоа, пред да продолжиме напред, сезоната на Ракот ќе нѐ натера да паузираме и да размислиме за нашите цели и за патот по кој одевме досега.rnrnОдвојте момент и размислете за 5 работи кои прават да се чувствувате удобно. Што ви помага да се вратите во длабочината на вашата душа? Тоа може да бидат активности, одредени глетки или мириси, храна; нема ограничување за тоа што можете да изберете.rnrnОткако ќе ја имате вашата листа, поставете си приоритет да ги вклучите овие работи во вашиот живот во оваа сезона на Рак.rnrnКога се чувствувате удобно во вашата кожа, тоа ви овозможува да бидете отворени и заштитени во исто време. Ви овозможува да се чувствувате заштитено за да можете да излезете во светот и да постигнете сè што можете, но исто така ви нуди можности да ја откриете убавината на животот.rnrnМногумина од нас со текот на годините учат дека чувството за потреба од безбедност го наметнува поставувањето оклоп околу себе. Иако ова понекогаш е точно, сепак тоа може и да нè спречи да се отвориме кон љубовта, можностите и патот до целта.rnrnМногумина, исто така, учат дека давањето и споделувањето со другите е вистинскиот начин да се постигне безбедност и удобност. Ова, пак, често може да се сведе и на чувство на исцрпеност и некакво верување дека вие сте должни да им помагате постојано на другите.rnrnНајдобро е да останете отворени за другите и за светот, но истовремено да знаете како да се заштитите себеси. Станува збор за патувањето наречено „самољубие“ и колку повеќе го практикувате, толку повеќе ќе се сакате себеси, толку повеќе ќе се чувствувате силни, заштитени и отворени за авантурата и можностите што ги носи универзумот.rnrnВие сте вредни. Вие сте достојни за љубов, но уште поважно, вие сте достојни за сопствената љубов. Но, важно е да знаете дека животот понекогаш може да ве исфрли од рамнотежа и да ви донесе настани кои ќе ја тестираат вашата сила и издржливост. Нема секогаш да биде лесно, но вие ќе ја имате поддршката на универзумот.rnrnВашата мантра која треба да ја повторувате секогаш кога ќе наидете на тешкотии: „Мојот дом е местото каде што лежи моето срце и тука сум силен/силна. Зрачам со љубов и тоа ми овозможува да бидам отворен/а и заштитен/а. Се сакам себе си. Се чувствувам силно и верувам во себе“.rnrnНа 3 јули, пак, нè очекува предизвикувачка полна Месечина во Јарец. Иако оваа полна Месечина носи некои силни енергии, ќе нè поттикне да го насочиме вниманието на работите што нè кочат и на промените кои треба да ги направиме за да одиме напред.rnrnВладеењето на Ракот ќе заврши со ретроградна Венера во Лав. Ова е уште еден клучен космички настан во годината, бидејќи Венера се движи ретроградно на секои 18 месеци, што ја прави нејзината енергија неверојатно значајна.rnrnРетроградната Венера во Лав ќе активира многу енергии насочени кон срцето, што ќе нè наведе да се отвориме и да го најдеме патот до подлабоката љубов.rnrnСо толку многу космичка енергија што циркулира за време на оваа сезона на Рак, важно е да запаметиме да се залагаме за себе и да го следиме она што ни го велат нашите срца.rnrnОткако прочитавте за влијанието на сезоната на Ракот, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае младата Месечина во Близнаци на 18 јуни.rnrnИзвор: atma.hr

  • Ова се 3-те најважни закони на универзумот за успехот!

    Ова се 3-те најважни закони на универзумот за успехот!

    Успехот значи различни работи за различни луѓе. За некои, тоа може да биде постигнување финансиска стабилност, додека за други, тоа може да биде исполнување на доживотен сон. Каква и да е вашата дефиниција за успех, важно е да знаете дека можете да постигнете сè што сакате, а вашиот потенцијал е неограничен.rnrnОва се 3-те најважни закони на универзумот за успехот!rnrnЧестопати сме условени од општеството да веруваме дека нема да успееме да ги постигнеме саканите цели ако не исполниме одредени критериуми. Нема да ја сретнеме љубовта на нашиот живот ако не сме доволно убави, нема да станеме успешни ако не сме доволно вешти итн. Во продолжение прочитајте ги законите на универзумот за успех што треба да ги вклучите во вашиот секојдневен живот:rn

    1. Спознајте ја вашата природа

    rnПрвиот чекор кон успехот е да знаете што навистина значи успехот за вас, а не она во што ве натерале да верувате вашите родители, врсници или општество. Што прави да се чувствувате убаво? Што ве прави среќни? Кои се вашите вредности и желби? За да ги најдете овие одговори, треба да го откриете вашето автентично јас, а за да го откриете вашето автентично јас, ќе треба да ја продлабочите вашата врска со Создателот, Изворот или Универзумот.rn

    2. Преземете ја контролата врз вашиот живот

    rnШтом ќе воспоставите врска со вашето вистинско јас, ќе можете да ги гледате вашите избори, одлуки и постапки во ново светло. Ќе се почувствувате виновни за некои од вашите минати постапки, лути за некои работи што ви се случиле или ќе се покаете за некои животни избори. Иако е важно да бидете нежни со себе и да ги простувате грешките од минатото, подеднакво е важно да преземете целосна сопственост над вашите постапки и да не ги обвинувате другите за вашите избори.rnrnМожеби вашите родители не ви обезбедиле здрава средина додека растевте и тоа можеби придонело за појавата на ниска самодоверба или несигурност. Можеби сте биле малтретирани од други деца, професори или колеги што оставило негативни последици во вашиот ум. Во ред е да ги признаете сите тие работи и да почувствувате болка, тага или дури и гнев. Но, не останувајте заробени во минатото. На крајот на краиштата, тоа е ваш живот и вашата иднина зависи само од вас. Можете да им простите на другите, да разговарате со некого за нив, да ги раскинете сите врски со одредени личности или можете да работите на подобрување на вашата врска. Правете сè што треба да направите, но продолжете понатаму.rn

    3. Манифестирајте ги вашите цели

    rnДодека ги манифестирате вашите цели, имајте ги на ум следните принципи:rn

    Бидете јасни во намерите

    rnРазмислете за тоа што сакате да постигнете и зошто. Вашите намери треба да се усогласат со вашите вредности и верувања. Кога поставувате намери кои се во согласност со вашето духовно јас, поголема е веројатноста да постигнете успех.rn

    Визуализирајте го вашиот успех

    rnВизуализацијата е техника која ви овозможува да се замислите себеси како ги постигнувате своите цели и ги доживувате емоциите што доаѓаат со процесот. Одвојте малку време секој ден за да го визуализирате вашиот успех. Ова ќе ви помогне да останете фокусирани и мотивирани.rn

    Позитивни фрази

    rnТреба да ги користите позитивните фрази за да се охрабрите и мотивирате себеси да размислувате позитивно за себе и за вашиот живот. Повторувајте гласно и тивко: „Знам дека ќе успеам“ или „Верувам во моите способности“.rn

    Бидете благодарни

    rnБлагодарноста е моќна алатка која може да го трансформира вашиот начин на размислување и да ви помогне да привлечете изобилство и успех во вашиот живот. Одвојте неколку минути секој ден за да размислите за работите за кои сте благодарни, без разлика колку се мали и фокусирајте се на позитивните аспекти од вашиот живот. Ова ќе ви овозможи да бидете оптимисти и продуктивни, дури и кога ќе се соочите со неволји.rnrnОткако прочитавте за најважните закони на универзумот за успехот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те духовни закони за успехот кои можат да ви го променат животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да ги препознаете знаците од универзумот кои ќе ви укажат дека сте на добар пат?

    Како да ги препознаете знаците од универзумот кои ќе ви укажат дека сте на добар пат?

    Универзумот секогаш го осветлува нашиот пат напред, а ако живееме во мир и во склад со енергијата околу нас, постои голема можност да ги забележиме знаците околу нас кои ќе ни помогнат на нашиот пат. Не постои погрешна или правилна насока во животот, но понекогаш божествената инспирација може да ни помогне да донесеме појасни одлуки и да го следиме нашиот пат до целта. Следењето на патот до целта значи да ја следиме нашата вистина и да одиме во насока на нашата душа и срце.rnrnКако да ги препознаете знаците од универзумот кои ќе ви укажат дека сте на добар пат?rnrnЕве на кој начин можеме да ги препознаеме знаците од универзумот кои ќе ни укажат дека сме на добар пат:rnrnБидете јасни кога станува збор за вашата намера. Која е целта поради која ви е потребен знакот? Запишете ја на хартија вашата намера. На пример: „Сакам да знам дали преземањето на оваа работа ќе биде вистинскиот чекор за мојата кариера?” Забелешка: ова е доста напорно прашање, ако сте нови во ова, можеби ќе сакате да започнете со некое поедноставно прашање.rnrnПоставете си го прашањето за намерата во себе, во своето срце. Не обидувајте се да бидете логични со ова и да преанализирате. Само испратете го вашето прашање до универзумот и имајте верба дека ќе бидете слушнати.rnrnПобарајте од универзумот специфичен и јасен знак – да ви го испрати во одреден временски период и неколку пати (3 е добра бројка), побарајте од универзумот да ви помогне при што знакот ќе биде сосема јасен за вас.rnrnПрепуштете се и бидете отворени. Ова е најважниот од сите чекори. Знакот можеби нема да дојде на начинот на кој очекувате, затоа имајте отворен ум и верувајте дека знакот веќе ви е доставен. Исто така, обидете се да не почнете со рационализирање на сето она што ви се случува како „знак“.rnrnУниверзумот е неверојатна сила која живее во нас и насекаде околу нас. Кога ќе се усогласите со вибрациите на сопствената душа и енергиите околу вас, ќе почувствувате водечка нишка што ве движи напред.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да добиете знак од универзумот, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те знаци од универзумот дека се движите во вистинска насока.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Тест: Картата што ќе ја изберете ви носи порака од универзумот!

    Тест: Картата што ќе ја изберете ви носи порака од универзумот!

    Погледнете ги овие четири слики и одберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа. Сликата што ќе ја изберете ви носи порака од универзумот!rnrnТест: Картата што ќе ја изберете ви носи порака од универзумот!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Универзумот работи во рамнотежа. Секоја акција произведува реакција, а секое дејство има своја последица. Ако вложувате љубов во она што го работите, ќе ви се врати со просперитет, среќа и богатство. Оваа порака доаѓа во вашиот живот денес за да ве потсети дека е исто толку добро да научите да давате колку што е добро да научите да примате. Не заборавајте и дека е неопходно да се сметате себеси достојни за добри работи за тие да почнат да се манифестираат во вашиот живот, бидејќи ќе го добиете само она што мислите дека го заслужувате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Она што универзумот сака да ви го каже е дека вие самите ја креирате вашата реалност. Можеби понекогаш се сомневате во вашата способност да ги материјализирате вашите соништа, но кога ќе се појават сомнежите, запомнете дека сте страсна, храбра личност и дека можете да го исполните сето она што ќе го посакате. Време е да почнете да верувате во себе и да го направите првиот чекор кон остварување на вашите соништа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Кога се чувствувате тажни, тоа е затоа што се навраќате на спомените од минатото, а кога се чувствувате вознемирени, тоа е затоа што поминувате многу време размислувајќи за иднината. Запомнете дека минатото и иднината не се ништо повеќе од ментални проекции на она што некогаш било и што некогаш би можело да биде. Единственото нешто што навистина постои и ви припаѓа е овде и сега, каде што животот навистина се случува. Оваа порака доаѓа во вашиот живот за да ви каже дека можеби нема да можете да го промените минатото, бидејќи она што се случило едноставно веќе се случило, но секогаш можете да направите нешто за да ја подобрите вашата сегашност и да продолжите напред кон посреќна иднина. Затоа, не заборавајте дека сè што правите денес со љубов и ентузијазам ќе се манифестира во вашата иднина утре.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]Вие сте личност која знае дека посветеноста и желбата за успех се клучниот елемент за градење на животот од вашите соништа и затоа целосно се посветувате на она што го правите. Вашиот главен предизвик е да бидете трпеливи и да научите да одите со текот на животот, бидејќи веројатно понекогаш сте малку загрижени и го доведувате во прашање природниот ритам на нештата. Запомнете дека сè што треба да направите е да го следите природниот пат кој ќе ве одведе до среќата. Ако дадете сè од себе во животот, секогаш ќе постигнувате резултати, затоа продолжете, дејствувајте со љубов, храброст и доверба дека сè ќе успее, во вистинското време и на вистинското место.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каква енергија ширите.rnrnИзвор: atma.hr

  • Нема случајност во животот – за сè што се случува постои причина и сè е поврзано!

    Нема случајност во животот – за сè што се случува постои причина и сè е поврзано!

    Сигурно ви се случило да налетате на стар пријател кого не сте очекувале да го сретнете во дадена ситуација или истовремено да направите исто движење/да ги изговорите истите зборови заедно со друга личност. Дали тогаш помисливте: „О, каква случајност!“? Всушност секоја случајност носи конкретна порака.rnrnНема случајност во животот - за сè што се случува постои причина и сè е поврзано!rn

    Откривање на синхроничноста – науката за случајноста

    rnВистината е дека сè е поврзано. Од минатото, преку сегашноста до иднината – секоја ситуација со која се среќаваме е поврзана. Без разлика колку нештото е мало или големо, сè е поврзано во синхроничност.rnСекоја акција што ја преземате создава бранови во вселената. Несвесно ги пренесувате своите мисли на другите луѓе. Тоа е законот на единството. Сите сме поврзани.rnrnНема случајности. Секој настан носи порака. Без разлика дали тоа е совршен ден во кој сè тече без проблеми или лош период кога се случуваат лоши работи, универзумот ви испраќа порака.rnrnСинхроничноста може да се објасни со изреката: Кога ученикот е подготвен, се појавува наставникот. Секогаш кога сте во синхроничност со нешто што навистина го сакате, постојат големи шанси да се поврзете со него. Ова е причината поради која сличните луѓе по карактер „случајно“ се среќаваат.rn

    Зошто да верувате во синхроничност?

    rnСинхроничност најдобро функционира за луѓе кои веруваат во неа. За почеток, треба да верувате дека случајности не постојат. Ако си кажете дека сè е случајно, вие испраќате слаби духовни сигнали до универзумот кои се контрадикторни со силните сигнали што ви ги испраќа универзумот кога ве става во синхроничност со сè.rnrnСинхроничноста е како огледало што го одразува сето она на кое обраќате внимание и сè во што верувате. Ако се согласувате дека постои законот за синхроничност, ќе можете да се поврзете подлабоко и да испраќате посилни пораки на духовно ниво.rnrnПокрај тоа, ќе станете подобра, посамоуверена личност и полесно ќе воспоставите хармонија во сето она што се случува околу вас.rn

    Дозволете можностите да се случат за вас, а не против вас

    rnАко некогаш сте слушнале за Марфиевиот закон, тогаш веројатно можете да ја разберете и синхроничноста. Ако една работа тргне наопаку, има добри шанси и други работи да тргнат наопаку и погрешно. Синхроничноста може да работи и против вас. Но, ако очекувате да се случат лоши работи и верувате во Марфиевиот закон, тогаш сте во синхроничност со вашата внатрешна негативност.rn

    Науката зад „случајната“ средба

    rnДенес сретнавте стар познајник? Дали мислите дека тоа е случајност, среќа или веројатност? Вистинскиот одговор на таа „случајност“ го има науката за случајните средби според која тоа не е случајно и постои причина зошто се случило. Секогаш постои причина кога запознавате некого и искусувате нови работи. Случајноста, од друга страна, е илузија. Нашето минато, сегашност и иднина се целосно поврзани. Иако не секогаш разбираме зошто нешто се случува, секогаш постои причина што станува очигледна по некое време.rnrnЗатоа, прифатете ја синхроничноста онаква каква што е, како дел од духовната и универзалната интелигенција која постојано се обидува да нè научи на нешто, да допре до нас и да ни пружи љубов, поддршка и водство.rnrnОткако прочитавте за случајноста и синхроничноста, можеби ќе сакате да прочитате и зошто во животот ниту една средба не е случајна.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете цвет за да добиете важна порака од универзумот!

    Тест: Изберете цвет за да добиете важна порака од универзумот!

    Изберете едно од овие три цвеќиња, а тоа ќе ви открие важна порака. Нека ве води срцето!rnrnТест: Изберете цвет за да добиете важна порака од универзумот!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Цвет бр. 1″ active=”false”]Универзумот ви изразува длабока благодарност бидејќи им помагате на луѓето околу вас. Така, неодамна одигравте значајна улога во судбината на една личност чиј живот се промени на подобро благодарение на вас. Можеби сте ѝ помогнале без да бидете свесни за тоа, можеби сте ѝ дале некаков совет или сте ја поттикнале да продолжи да се движи во вистинската насока.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Цвет бр. 2″ active=”false”]Универзумот ви се заблагодарува што ја одржувате хармонијата во овој свет. Се чини дека неодамна сè сте поставиле на вистинското место. Можеби сте го вратиле редот во тимот или сте ја постигнале правдата така што сте застанале во одбрана на оштететената страна. Можеби сте ги средиле домашните проблеми и на тој начин сте ја подобриле атмосферата во вашиот дом.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Цвет бр. 3″ active=”false”]Универзумот ви се заблагодарува бидејќи ги просветлувате луѓето околу вас. Неодамна им помогнавте на многумина одново да ја пронајдат својата цел во животот. Можеби сте учител или психолог, но дури и да не сте, одвреме-навреме ја извршувате нивната функција. Можете да им помогнете на другите со совети, препораки за книги или со некаков друг вид пракса.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува во октомври.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете карта и добијте го одговорот на прашањето кое моментално ве мачи!

    Тест: Изберете карта и добијте го одговорот на прашањето кое моментално ве мачи!

    Секој од нас има сон што мислиме дека може да нè направи среќни. Поставете си го прашањето кое ве мачи и изберете една од трите понудени карти. Картата што ќе ја изберете ќе ви открие колку е веројатно вашиот сон да се оствари и ќе ви го покаже најдобриот начин да го постигнете она што го сакате.rnrnТест: Изберете карта и добијте го одговорот на прашањето кое моментално ве мачи! rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Дојде време да ја примените интелигенцијата која е подарок од универзумот. Обидете се да се ослободите од внатрешните блокади и немојте да помислите дека можеби нема да бидете успешни. Во овој момент најважно е да ја дефинирате вашата цел бидејќи на тој начин најлесно ќе ја исполните вашата желба. Напишете ја вашата цел како и стратегијата за нејзиното исполнување на ливче хартија на кое ќе се навраќате одвреме-навреме. Не се сомневајте во вашиот успех, но и заблагодарете му се на универзумот за сета негова поддршка.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Во моментов сте под влијание на силна енергија. Прашањето кое долго време ве мачеше ќе се реши и без вашата интервенција, а исходот ќе биде позитивен не само за вас туку и за луѓето околу вас. Доволно е да го слушнете внатрешниот глас и да не дозволите да ви влијае мислењето на другите луѓе бидејќи универзумот е на ваша страна. Сè што треба да направите е да се држите до сопствените одлуки и да преземете сериозни чекори кон остварување на вашата цел.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Вие самите сте способни да одлучите за сопствената судбина. Надарени сте со воодушевувачки особини кои извираат од вашето срце и зрачат со позитивна енергија. Не занемарувајте ја интуицијата кога сакате да добиете нешто во животот или позитивно да влијаете врз саканите личности. Не заборавајте да го слушнете внатрешниот глас бидејќи тој ќе ви ги открие вистинските чекори и начинот за решавање на вашиот проблем. Освен тоа, имајте на ум дека вашите вештини играат клучна улога при остварување на вашите желби.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете дали вашата желба ќе се оствари или не.rnrnИзвор: atma.hrrnrn 

  • Тест: Изберете тотем и добијте порака од универзумот!

    Тест: Изберете тотем и добијте порака од универзумот!

    Сакате да добиете порака од универзумот? Сè што треба да направите е да изберете еден од овие три тотеми!rnrnТест: Изберете тотем и добијте порака од универзумот!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Тотем бр. 1″ active=”false”]Универзумот ви порачува дека направивте сè што можевте и дека сега ви преостанува само да уживате во резултатите. Освен тоа, универзумот сака да ви се заблагодари бидејќи сте тоа што сте и бидејќи работите за да ја подигнете свеста на другите. Вие сте вистински духовен учител кој помогнал на многумина, па затоа сега е вашиот ред да бидете наградени. Благодарение на вашите напори, станавте свесни дека животот е убав и дека сè што постои има за цел да ви помогне да растете, да ги сакате другите и да развивате емпатија кон нив.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Тотем бр. 2″ active=”false”]Време е да се поврзете со луѓето околу вас, со природата, но и со себе. Не заборавајте дека не сте сами туку сте дел од големата мрежа на универзумот и дека секоја единка, растение или животно е во меѓусебна поврзаност со сите други нешта. Тоа можете да го почувствувате и да го видите, но време е да го спроведете во пракса. Отстранете ја маската и обидете се да создадете вистинска врска. Почнете од себе, а потоа поврзете се со надворешниот свет.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Тотем бр. 3″ active=”false”]Досега постојано вложувавте големи напори и затоа време е да се одморите и опуштите. Одвојте време за да уживате во сонцето и повторно да се поврзете со вашето внатрешно дете. Направете нешто спонтано или испланирајте патување во странство. Наградете го вашето тело со здрава, органска храна и наградете го вашето срце со радоста од поврзувањето со пријателите и семејството. Без оглед на моменталните проблеми не заборавајте дека сè може да биде инспирација на среќа и насмевка.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете која емотивна рана треба да ја излечите.rnrnИзвор: atma.hr

  • Кои знаци ќе ви укажат дека ви претстојат големи животни промени?

    Кои знаци ќе ви укажат дека ви претстојат големи животни промени?

    Универзумот секогаш ни испраќа пораки, а од нас самите зависи дали ќе ги забележиме или не. Така, кога се работи за големи животни промени, универзумот се обидува да зборува со вас само доколку сте спремни да слушате. Во продолжение прочитајте кои знаци укажуваат на големи промени во животот.rnrnКои знаци ќе ви укажат дека ви претстојат големи животни промени?rn

    1. Учите како да се справувате со негативните емоции

    rnЗнаете дека ви претстојат големи животни промени кога се чини дека негативните мисли кои постојано ве контролираа досега, веќе ја немаат истата моќ. Знаете дека животот е полн со подеми и падови, но не дозволувате „лошата среќа“ да ви ги наруши мирот и спокојството.rn

    2. Не ги негирате работите

    rnКога се случуваат големи промени, гледате на нештата онакви какви што се по природа. Тоа исто така значи дека имате и храброст директно да се соочите со сите ваши прашања и проблеми наместо да се криете или да бегате од нив.rn

    3. Знаете што сакате

    rnНе само што знаете што сакате во животот и кои се вашите цели туку и знаете како да ги постигнете.rn

    4. Создавате длабоки врски со другите

    rnКога ќе се запознаете со луѓе со кои можете да се поврзете на духовно и емотивно ниво, тоа е знак дека ви претстојат големи животни промени.rn

    5. Чувствувате внатрешен мир

    rnНајголемата среќа во животот не произлегува како резултат на поседувањето материјални работи туку доаѓа пред сè од внатрешниот мир. Можеби со години се обидувавте да ја промените вашата вистинска природа или се двоумевте дали да се прифатите онакви какви што сте. Сепак, кога се соочувате со големи животни промени, немате друга опција освен да се сакате себеси такви какви што сте. Во спротивно ќе останете заглавени на истото место до крајот на животот без можност за личен раст и развој.rn

    6. Благодарни сте за сè што ви носи животот

    rnСекој од нас барем еднаш во животот се соочил со големи животни предизвици кои барале многу труд и напор, особено во поглед на прилагодувањето на новите ситуации и напуштањето на удобната зона. Затоа, кога сте подготвени да прифатите голема промена, тоа го правите со благодарност и достоинство. Тоа значи дека сте благодарни за сите добри работи што ги имате, но и за сите препреки, болки, лекции и проблеми со кои сте се соочиле во минатото. Конечно сфаќате дека речиси сè се случува со причина и дека сето она што сте го доживеале ве прави она што сте денес.rnrnОткако прочитавте кои се знаците кои ќе ви укажат дека ви претстојат големи промени, можеби ќе сакате да прочитате и кое е единственото прашање што може да ви го промени животот засекогаш.rnrnИзвор: themindsjournal.com