КАФЕ ПАУЗА

Tag: универзум

  • Неделен хороскоп од 28 март до 3 април: Што ви препорачува универзумот?

    Неделен хороскоп од 28 март до 3 април: Што ви препорачува универзумот?

    Ни претстои нова недела на борби, предизвици, успеси и неуспеси. Прочитајте ги во продолжение астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно.rnrnНеделен хороскоп од 28 март до 3 април: Што ви препорачува универзумот?rn

    Овен

    rnОва ќе биде идеална недела да размислите за вашиот професионален напредок. Најтешките моменти останаа зад вас, но од друга страна, ве направија посилни. Партнерот ќе биде тука да ви ја пружи сета потребна поддршка. Оние кои ја потцениле вашата интелигенција, конечно ќе почнат да ве ценат повеќе. Фокусирајте се на градење односи кои нема да се засноваат на себични мотиви и подобрете ги личните комуникациски вештини.rn

    Бик

    rnОваа недела ќе ви биде исполнета со неверојатни авантури. Ќе се вклучите во активности во кои никогаш порано не сте помислиле дека ќе можете да се вклучите. Првите три дена ќе ви донесат можности кои подолго време ги чекавте. Од друга страна, избегнувајте ги луѓето кои ги сфаќаат вашите емоции здраво за готово бидејќи нивната посесивна природа може подоцна да ви наштети. Оние, пак, за кои сметавте дека се ваши пријатели, ќе најдат изговори и ќе се обидат да ве остават сами кога ќе им се обратите за некаква помош. Затоа оваа недела фокусирајте се само на себе и бидете внимателни со одлуките.rn

    Близнаци

    rnОваа недела ќе ви биде прилично релаксирачка со оглед на тоа дека секој аспект од вашиот живот ќе функционира онака како што вие би посакале. Сепак, не заборавајте дека постојано треба да се надоградувате бидејќи некои сакаат да го заземат вашето место на работа. Затоа, искористете ја позитивната енергија колку што можете повеќе за да бидете продуктивни. Ако сакате да започнете нов проект, сега е вистинското време. Во однос на љубовниот живот, ве очекува мир и хармонија.rn

    Рак

    rnНа почетокот на неделата ќе се чувствувате возбудено и среќно што најверојатно ќе се должи на профитот што ќе го остварите овие денови. Ова ќе направи задоволни и горди на себе. Вашиот професионален живот ќе продолжи да брои успеси, а ќе имате среќа и во поглед на љубовта. Партнерот ќе ви биде главна поддршка за сите нови планови кои сакате да ги реализирате. Сепак, многубројните работни обврски нема поволно да влијаат врз вашето здравје и затоа обидете се да ја искористите секоја пауза за одмор.rn

    Лав

    rnНа почетокот на неделата ќе се чувствувате емотивно приврзани со партнерот. Вашиот приватен живот ќе ви наметне некои прашања на кои долго време ќе размислувате. Од друга страна, астролозите ви препорачуваат да инвестирате во новите бизнис можности за да привлечете клиенти и партнери. Среќата ќе биде на ваша страна. Внимавајте да не бидете вовлечени во туѓи расправии чија негативна енергија може лошо да се одрази врз вашиот живот. Потпрете се на вашата силна волја секогаш кога ќе наидете на неповолни ситуации.rn

    Девица

    rnНа почетокот на неделата ќе бидете среќни и горди на себе благодарение на трудот којшто го вложивте досега. Вашата неизмерна среќа ќе ве направи претерано дарежливи кон другите и затоа астролозите ви препорачуваат да го контролирате вашиот нагон за трошење кој може да предизвика и проблеми во семејството. Доколку дојде до таква ситуација, вашите пријатели ќе ви помогнат да ја ублажите ситуацијата, но само до одреден степен.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Тест: Изберете број од 1 до 5, а универзумот ќе ви открие што ве очекува во животот!

    Тест: Изберете број од 1 до 5, а универзумот ќе ви открие што ве очекува во животот!

    Универзумот секојдневно ви испраќа скриени пораки и сигнали кои често не ги забележувате. Важно е да знаете дека во секој знак, средба, збор и поглед се крие нешто подлабоко. Отворете го срцето, следете ја интуицијата и обратете внимание на насоките на универзумот. Мора да вложите голем труд за да ги дешифрирате пораките на универзумот. Најпрвин, ослободете се од секаков сомнеж и двоумење. Следете ја интуицијата и изберете број од 1 до 5, а пораката што ќе ја добиете се однесува на проблемите со кои се соочувате во моментот. Мал совет: пред да го изберете бројот, најдете тивко и мирно место. Медитирајте и опуштете се неколку минути па потоа изберете еден број.rnrnТест: Изберете број од 1 до 5, а универзумот ќе ви открие што ве очекува во животот! rnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 1″ active=”false”]Страдате поради товарот на минатото. Не можете да ги заборавите грешките кои сте ги направиле и постојано се обвинувате себеси или другите. Време е да сфатите дека не можете да ги решите вашите моментални проблеми доколку сте „заглавени“ во минатото. Ослободете се од мислите „никогаш не сум имал/а среќа“ или „ох, повторно истото“. Сите луѓе минуваат низ тешкотии. Преку нив учат и созреваат. Затоа, оставете го минатото зад вас и препуштете му се на сегашниот миг. Запрашајте се што може да направите овде и сега. Не плашете се – доколку не сте успеале порано, не значи дека секогаш ќе биде така. Доволно е да се обидете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 2″ active=”false”]Доколку го избравте бројот 2, тоа значи дека треба да продолжите со она што го работите и да не се откажувате затоа што најтемно е токму пред разденување. Наидовте на пречки и проблеми и немате сили да продолжите понатаму… Сепак, бидете свесни дека правите сè како што треба и затоа не смеете да застанете сега. Ве очекуваат големи промени, со нови луѓе и нови можности. Сè ќе биде поразлично од минатото, но тоа не значи дека ќе биде погрешно. Доволно е да погледнете наоколу и ќе откриете дека светот постојано се менува. Уживајте и радувајте му се на животот бидејќи наскоро ќе ја постигнете целта![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 3″ active=”false”]Бројот 3 вели дека треба повеќе да работите на себе. Нека ова не ве вознемирува – воопшто не е страшно, иако на почетокот може да ви донесе чувство на непријатност. Од друга страна, тоа е сосема разбирливо бидејќи никој не сака да ја напушти својата удобна зона, но без овој чекор е речиси невозможно да се оствари целта. Престанете да се грижите за иднината и почнете да работите на својот развој. Не плашете се да експериментирате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 4″ active=”false”]Доколку го избравте бројот 4, најверојатно пропуштате голем број можности. Пред вас се отвораат шансите една по друга, но поради некоја сосема непозната причина, не ги забележувате или намерно ги игнорирате. Премногу сте зафатени и заборавате колку е важно да уживате во работите што ги правите. Не занемарувајте ги вашите страсти, креативноста, вашето хоби… Вложете енергија во смели и нови подвизи и верувајте дека ќе успеат![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Број 5″ active=”false”]Поминувајте повеќе време со саканите. Секојдневниот живот носи честопати носи стрес, обврски и неволји, но никогаш не заборавајте дека љубовта е она што ја чува и негува душата. Не дозволувајте бурниот живот да ве изолира од оние што ви значат. Посветете им внимание на луѓето кои навистина го заслужуваат тоа и држете се подалеку од токсичните луѓе.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг кој ќе ви открие на што треба веднаш да обратите внимание.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Одберете слика и откријте каква порака ќе ви донесе

    Тест: Одберете слика и откријте каква порака ќе ви донесе

    Претпоставуваме дека ви е добро познато чувството на несигурност во одредени животни ситуации и потребата од разбирање за сето она што се случува. Во тој момент не знаете што да правите и што да очекувате од иднината. Затоа се одлучивме да го споделиме овој интуитивен тест кој може да ви помогне да го најдете одговорот на она што ве мачи. Доволно е да ја изберете сликата што најмногу ви се допаѓа за да откриете каква порака има за вас.rnrnТест: Одберете слика и откријте каква порака ќе ви донесеrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Преку оваа слика, универзумот ви испраќа порака дека ви е потребно кармичко чистење на душата кое е комбинација од вашите напори и духовната благодат. Време е еднаш засекогаш да ги излечите старите рани. Од друга страна, не плашете се од кармата бидејќи таа не е казна, туку само лекција која ќе ви помогне во вашиот психички развој, било преку предизвици, било преку космичката енергија.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Не занемарувајте ги работите што ве инспирираат во животот и ви помагаат да бидете среќни и задоволни. Тука сте за да го живеете својот живот и да се грижите за она што навистина ви значи. Со други зборови, треба да го слушате срцето. Запрашајте се што е она поради кое сте подготвени да ги надминете сите препреки. Што ве мотивира и инспирира? Доколку откриете каква е вашата личност по природа, кои сте вие, ќе почнете да чувствувате посилни вибрации од универзумот. Не заборавајте дека универзумот е тука за да ви помогне да ги остварите вашите соништа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Дојде вистинскиот момент да почнете да чекорите по патот на божествената благодат со доверба, едноставност и прифаќање. Обидете се да сфатите дека не треба да ги присилувате нештата во животот. Наместо да пливате, дозволете бранот да ве однесе до брегот. Покрај тоа, важно е и да научите да го слушате универзумот. Универзумот ќе ви ја дари сета сила што ви е потребна за да ги пребродите сите пречки и да верувате во себе. Доволно е да му се препуштите на животот затоа што ќе си дојде на своето место во вистинското време.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест на личноста, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви помогне да ги откриете вашите силни и слаби страни.rnrnИзвор: atma.hr

  • Неделен хороскоп од 13 до 19 декември: На повидок се нови можности

    Неделен хороскоп од 13 до 19 декември: На повидок се нови можности

    Претпоставуваме дека сте љубопитни што ќе ни донесе универзумот оваа недела и како ќе ни бидат наклонети ѕвездите. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп за сите хороскопски знаци.rnrnНеделен хороскоп од 13 до 19 декември: На повидок се нови можностиrn

    Овен

    rnОваа недела очекувате да се реализираат некои планови. Но, треба да запомнете дека ништо не би било возможно доколку вие самите не преземете иницијатива.rn

    Бик

    rnВо следните денови ќе ви биде понудена можноста да започнете со нова работа. Не размислувајте за евентуалните негативни последици од изборот бидејќи ќе ви отвори многу нови врати во иднина.rn

    Близнаци

    rnЌе треба да вложите повеќе труд од вообичаеното за работите да функционираат во ваша корист на професионален план. Бидете подготвени да се соочите со многу предизвици оваа недела.rn

    Рак

    rnВо деновите што следуваат ќе успеете да воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Успесите на работа ќе одат рака под рака со среќата во семејството.rn

    Лав

    rnОвој период ќе бидете зафатени со планирање активности што би ви го подобриле личниот живот. Не треба да се грижите дали нешто ќе тргне наопаку или не бидејќи што и да планирате ќе биде успешно за вас.rn

    Девица

    rnОваа недела ќе им дојде крајот на сите проблеми со кои досега се справувавте. Покрај тоа, ќе започнете ново патување во животот и што е најважно, во текот на ова патување нема да се соочите со никакви пречки.rn

    Вага

    rnОвој период ве очекува промена, но не е исклучена можноста тоа да значи крај на тековната работа или кариера. Сепак, не грижете се затоа што наскоро ќе започнете нешто ново.rn

    Скорпија

    rnНајголемиот дел од времето ќе го поминете размислувајќи за вашето минато, особено во поглед на љубовниот живот. Тоа ќе создаде многу емоционални турбуленции затоа внимавајте да не пропуштите некои можности поврзани со кариерата.rn

    Стрелец

    rnСледуваат добри денови што се однесува до вашите финансии. Се очекува голем прилив на пари кон крајот на неделата.rn

    Јарец

    rnВнимавајте оваа недела да не ги пропуштите можностите за развој на професионален план кои ќе бидат од големо значење за вас да напредувате во кариерата. Затоа, зграпчете ги.rn

    Водолија

    rnОваа недела ќе бидете несигурни и мрзеливи кога станува збор за носење важни одлуки што можат да ви го одредат развојот на кариерата. Не дозволувајте да ве надвладее мрзеливоста и сиот досегашен труд и напор да пропадне во вода.rn

    Риби

    rnПостојат големи шанси дека оваа недела ќе преземете ризик на личен план со надеж дека ќе дојдат подобри денови. Без разлика што и да преземете, тоа ќе биде корисно за вашиот личен развој.rnrnОткако прочитавте како универзумот ќе ви биде наклонет во неделата што доаѓа, можеби ќе сакате да прочитате и која е темната страна на вашиот хороскопски знак и на што треба да внимавате во 2022 година.rnrnИзвор: herzindagi.com

  • Денес е 11 ноември: Поврзете се со универзумот и замислете си желба!

    Денес е 11 ноември: Поврзете се со универзумот и замислете си желба!

    Денес е еден од најповолните датуми во календарот оваа година. Според нумерологијата, бројот 11 е моќен број – означува интуиција, емпатија, чувствителност и усогласување со универзумот. Две единаесетки по ред претставуваат уште посилна врска, единствен миг кога универзумот сигурно ќе ги слушне вашите желби.rnrnДенес е 11 ноември: Поврзете се со универзумот и замислете си желба!rnrnПокрај тоа, следната недела младата Месечина ќе влезе во знакот на Скорпија и ќе ви донесе нови можности, искуства и патеки. Младата Месечина во Скорпија има моќ да ве обдари со страст и енергија, но и да ве трансформира, да ви помогне да станете она што отсекогаш сте сакале да бидете. И 11/11 може да ви помогне да го постигнете тоа, а притоа ќе ви дари интуиција и емпатија за да си го замислите животот што го посакувате, како и личноста што сакате да биде покрај вас.rnrnВо продолжение ви нудиме неколку стратегии за како да навлезете подлабоко во вашето мистериозно „јас“ и да го пронајдете вашиот потенцијален партнер.rn

    1. Обратете внимание на случајностите

    rnВашата интуиција е на највисоко ниво, па така иако сè се чини навидум случајно, свесни сте дека всушност универзумот се обидува да ве поттурне во одредена насока. Тукушто ја сретнавте личноста на која помисливте неколку секунди порано? Сретнавте некого со истото име како вашиот сакан дедо? Обратете внимание на сите овие ситни пораки што универзумот ви ги испраќа.rn

    2. Запишете ги вашите соништа

    rnДоколку сè уште не сте ја сретнале сродната душа, постојат шанси да ја сретнете на сон. Обратете внимание на работите што ги сонувате, особено во периодот околу 11 ноември. Дали некогаш сте доживеале да сретнете некого за прв пат, но сигурни сте дека сте го сретнале претходно? На овој начин универзумот посредува и ве запознава со вашата сродна душа.rn

    3. Замислете желба

    rnОва не важи само за 11 ноември, туку секогаш кога ќе забележите две единаесетки на телефонот или часовникот, а тоа е совршениот миг да ги затворите очите и да замислете желба. Со самото тоа што сте ги забележале станувате свесни за сето она што ве опкружува и се поврзувате со магијата на универзумот.rn

    4. Повикајте ја вашата сродна душа

    rnЗвучи неверојатно, нели? Но, со мислите можеби ќе можете да се поврзете со вашата сродна душа. Фокусирајте се на тоа што беше првото нешто што ве привлече кај таа личност. Денес е добар момент да си ја претставите, да си замислите каде и што работи, па дури и да „фрлите“ љубовна магија.rn

    5. Излезете и впуштете се во авантура

    rnСлучајни средби, состаноци, случајности… сето тоа е можно само доколку излезете од дома! Искористете го овој поволен ден за да живеете поинтензивно од вообичаеното. Прифатете покана за состанок, отидете на забава и разговарајте со странец – особено ако изгледа како некој што сте го сретнале на сон. Најважно од сè, уживајте. Кога „дишете“ заедно со универзумот, неговата енергија тече во вас!rnrnОткако прочитавте за значењето на 11 ноември од  нумеролошки аспект, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа во ноември.rnrnИзвор: horoscope.com

  • 5 знаци од универзумот дека се движите во вистинска насока

    5 знаци од универзумот дека се движите во вистинска насока

    Универзумот секогаш ве поттурнува, но како да знаете дали се движите во вистинската насока? Понекогаш е тешко да видите на каде одите, но сè што навистина треба да знаете е вашиот следен чекор. Без разлика дали е голем или мал, важно е да се движите кон вашата цел. Овие знаци од универзумот ви покажуваат дека го следите патот што е одреден за вас.rnrn5 знаци од универзумот дека се движите во вистинска насокаrn

    1. Синхроничност

    rnДали некогаш сте помислиле: „Добро е што се случи или никогаш не би бил тука“? Животот има смешен начин на комбинирање случајности што ве водат кон следната голема идеја, врска или искуство. Тоа би можело да биде телефонски број што ќе го најдете меѓу страниците на вашата омилена книга што ја зедовте од библиотека и што ќе ве одведе до човекот од вашите соништа. Синхроничноста се случува насекаде околу вас. На тој начин, универзумот ви покажува дека сте на вистинскиот пат, но ваша работа е да обрнете внимание.rn

    2. Несреќа што на крајот има добри резултати

    rnПонекогаш, лошата среќа може да ја сфатите како најлошото нешто што ви се случило во животот. Можеби ве отпуштиле од работа или раскинавте долгогодишна врска, па ваквите искуствата може да ве обесхрабрат и да ве натераат да се откажете. Но, не заборавајте дека крајот на нешто води кон нешто ново и подобро.rn

    3. Работите едноставно функционираат

    rnДали некогаш сте вложиле премногу труд за да направите нешто, но колку и да се обидувате, работите не функционираат? Можеби врската што толку многу се обидувавте да ја спасите се распадна или не ве побараа од компанијата каде што аплициравте за работа иако ги имавте соодветните квалификации. Понекогаш, работите не се одвиваат онака како што сте замислиле. Универзумот има нешто за вас што вие не сте го замислиле.rnrnКога ќе почнете да ги забележувате вратите што ви се отвораат, сите ресурси што ви се потребни ќе ви бидат на дофат на раката. Вистинската врска е лесна за одржување и вистинската работа се појавува кога најмалку очекувате. Сето тоа се случува без да вложувате многу напор.rn

    4. Се чувствувате решително

    rnКога се движите по вистинскиот пат, ќе бидете исполнети со чувство на достигнување и вредност. На моменти може да ви биде тешко, но длабоко во себе ќе знаете дека вреди да се борите.rn

    5. Крајниот резултат ве изненадува

    rnЖивотот ретко се одвива како што планирате и работите ќе се одвиваат на интересен начин на каков што што никогаш не би ни помислиле. Понекогаш, вистинскиот пат подразбира одење по трнливи патишта, обесхрабрување и напорна работа. Без оглед на вашата патека, ќе бидете изненадени од крајниот резултат.rnrnПрочитајте кои 6 знаци откриваат дека универзумот работи на вашиот случај.

  • 6 знаци што покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај

    6 знаци што покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај

    Манифестацијата на тоа што го сакате е најочигледниот знак дека законот на привлекување работи за вас, но понекогаш и универзумот ви испраќа мали и суптилни сигнали дека сте на вистинскиот пат.rnrn6 знаци што покажуваат дека универзумот работи на вашиот случајrn

    1. Гледате повторени низи броеви

    rnАко видите 111, 222, 333 или 11:11, 22:22 веројатно треба да продолжите да го правите тоа што го правите. Иако бројот 1 е можеби најзначајниот број, секоја повторувачка низа броеви ви кажува дека универзумот работи на вашиот случај.rnrnПроучувањето на нумерологија може да ви открие повеќе информации за тоа што може да значи бројот што го гледате. На пример, 21:21 значи рамнотежа и самореализација, што укажува дека растете како личност.rnrnВнимавајте кога ќе ги погледнете овие броеви затоа што тие најчесто ќе се појават кога ќе имате нови идеи за активности што треба да ги преземете за да ја постигнете својата цел.rn

    2. Доживувате дежа ву

    rnСекој пат кога ќе доживеете дежа ву – чувство дека правите или чувствувате нешто што сте го направиле или чувствувале порано, може да значи дека законот за привлекување работи за вас. Ова искуство го доживувате кога навистина ќе го пронајдете своето место во светот.rnrnИсто така, можете да извлечете попрецизни заклучоци во зависност од тоа кога ви се појавува дежа ву. Ако продолжите да ги имате овие епизоди на одредено место или во друштво на одредено лице, размислете како таа локација или таа личност може да придонесе за постигнувањето на вашите цели.rn

    3. Чувствувате трнење

    rnАко не сте болни, а чувствувате трнење – тоа е всушност позитивен знак. Кога тоа ќе се случи, вашето тело и вашата потсвест се усогласени со нешто важно во вашата околина.rnrnМожеби ќе почувствувате трнење кога ќе сретнете нова личност која ќе има значаен придонес за вашите достигнувања или кога ќе се движите надвор од зоната на удобност за да ја постигнете целта. Кога размислувате за некоја личност, а потоа веднаш ќе добиете телефонски повик или порака од таа личност, тоа е показател дека потенцијалот за реализација на вашите желби е многу голем во тој момент.rnrnДури и ако таа личност нема никаква врска со главната работа што се обидувате да ја привлечете, овој вид средба докажува дека универзумот ве слуша кога јасно и гласно ги кажувате своите барања.rn

    4. Гледате виножито или облаци со интересни форми

    rnИ природниот свет може да ви испраќа сигнали дека сте на вистинскиот пат. Многу луѓе гледаат виножито кога надминуваат значителни пречки или предизвици што ги спречуваат да ги реализираат своите соништа. Ако видите виножито, бидете сигурни дека се приближувате кон целта.rnrnПогледнете на небото и разгледајте ги формите на облаците. Дали гледате нешто позитивно што личи на ѕвезда, на срце или на тоа што најмногу го сакате? Ова е уште еден позитивен сигнал.rn

    5. Чувствувате длабок мир

    rnАко во последно време се чувствувате многу повеќе смирено, а нема очигледна причина за тоа, тоа значи дека вашите вибрации се во склад со вибрациите на универзумот.rnrnСекогаш кога го правите тоа за што сте родени да го правите, односно нештата што ви носат најмногу инспирација и задоволство, тогаш имате чувство на смиреност. Дури и ако сè уште не сте ги постигнале своите цели, чувството на мир покажува дека сега сте во склад со својата цел.rn

    6. Среќни сте

    rnКога се чувствувате добро (или барем подобро отколку што се чувствувавте), вие се усогласувате со вибрациите на универзумот. Во суштина, постои повратна реакција – колку повеќе сте усогласени, толку посреќно се чувствувате, а среќата поттикнува понатамошно усогласување.rnrnСекој пат кога ќе го анализирате своето ментално здравје и ќе сфатите дека се чувствувате сè подобро и посреќно, имате добра причина да верувате дека универзумот работи на вашиот случај.rnrnПрочитајте ги овие 12 знаци што покажуваат дека сте блиску до некој што го познавате од минатиот живот.

  • Порака од Космосот: Сконцентрирајте се и изберете број

    Порака од Космосот: Сконцентрирајте се и изберете број

    За да ја пронајдете пораката од Универзумот која е совршена за вас, размислете една минута и фокусирајте се, потоа изберете број помеѓу 1 и 29. Откако ќе решите кој е вашиот број, прочитајте ја пораката што ви е испратена.rnrnПорака од Космосот: Сконцентрирајте се и изберете бројrn

    29 пораки од Универзумот кои ќе ја зголемат вашата самодоверба

    rn1. Бидете свесни за вашата убавина. Треба да знаете дека вашето тело е создадено за да ви помогне да ја пронајдете вашата цел.rnrn2. Сите сили што ви се потребни за да го насочите вашиот живот во посакуваната насока се во вас. Силата не е нешто што треба да го научите или да го добиете. Таа е во вас.rnrn3. Вие сте неверојатно човечко суштество и заслужувате да ја имате целата среќа на светот.rnrn4. Нема нешто што не можете да постигнете кога ќе сте фокусирани. Верувајте во вашите инстинкти и започнете да се движите во насоката што инстинктивно ќе ја изберете.rnrn5. Сакајте се доволно за да им кажете „не“ на нештата што повеќе не ви се од корист. Не му должите никому објаснување за тоа, доволно е вашето искрено „не“.rnrn6. Животот е секогаш полн со подеми и падови. Понекогаш победувате, понекогаш губите, но сето тоа е дел од играта.rnrn7. Немојте да се казнувате. Едноставно извлечете го најдобро од тоа што го знаете.rnrn8. Вие сте неверојатно достојни за убав, храбар, живот во изобилие, само треба да ги пронајдете тие работи и во себе.rnrn9. Фокусирајте се на она што е убаво, а не на вашите недостатоци. Концентрирајте се на она што ви оди во прилог, а не на она што не функционира.rnrn10. Вие сте неверојатно моќни. Само кога би можеле да го согледате дури и најмалиот дел од сопствената моќ, никогаш не би се согласиле на нешто помалку од тоа што го заслужувате.rnrn11. Вредите онолку колку што верувате дека вредите. Не им дозволувајте на другите да ве третираат лошо само затоа што не им кажувате како вистински се чувствувате.rnrn12. На другите може да им бидете препрека само ако легнете.rnrn13. Никој не може да ви ја одземе моќта. Тоа е илузија и лажно ограничување што самите го создавате. Може да ја искористите вашата моќ во моментот кога ќе сфатите дека ја имате.rnrn14. Вие не сте дефинирани според она што другите го мислат за вас. Вие сте дефинирани според начинот на кој самите се гледате себеси.rnrn15. Како може да очекувате од другите да ве прифатат ако вие самите не се прифаќате?rnrn16. Самопотврдувањето не лежи во достигнувањата, успехот, парите или убавиот автомобил. Вашата самопотврда е во вас. Сè друго е само залажување.rnrn17. Кога се сакате себеси и знаете дека сте достојни, Универзумот ви одговара со тоа што ви овозможува повеќе.rnrn18. Вашата самодовербата ви овозможува да кажете „да“ и „не“ кога сакате. Во суштина, да се има самодоверба значи да се живее автентично.rnrn19. Вашата самодоверба нема никаква врска со она што го гледате во огледалото или со она што е на вашата банкарска сметка, тоа има врска со она што го чувствуваме во себе кога заспиваме.rnrn20. Животот секогаш го рефлектира она што го чувствувате. Колку повеќе самодоверба имате, толку поголема вредност ќе увидите во искуствата што ги доживувате.rnrn21. Никој не води сметка за вас онолку како што вие мислите. Луѓето не гледаат во вас и не ви се смеат. Повеќето луѓе мислат само на себе.rnrn22. Вашата самодоверба може да се мери според тоа колку навистина се сакате себеси. Кога ќе почнете повеќе да се сакате себеси, автоматски ќе станете повредни.rnrn23. Понекогаш се чувствувате вредно, а понекогаш не. Добро е, сè додека се сакате себеси.rnrn24. Вие заслужувате работа, дружби и живот што ќе ви донесе среќа, радост и исполнетост.rnrn25. Пронајдете прошка во срцето; не треба сè уште да ја носите болката и оптоварувањата од минатото. Вие вредите.rnrn26. Не дојдовте на Земјата за да се сомневате во себе. Можеби немате сè и не сте добри во сè, но имате дарба. Само мора да ја пронајдете.rnrn27. Кога преземате чекор кон зголемување на вашата самодоверба, целиот универзум ве поддржува. Само направете чекор и ќе видите колку можете.rnrn28. Заслужувате изобилство, среќа и фантастичен живот. Единствената личност која треба да ја убедите во тоа сте самите вие.rnrn29. Вие сте „чудото што се движи“. Повторувајте го тоа секој ден: „Јас сум чудо. Не е важно што другите мислат за мене или што мисли светот за мене. Универзумот е на моја страна и знам дека сум предодреден да бидам тука.”rnrnМожеби сакате и да одберете подарок и да ја откриете тајната на вашата љубовна судбина.

  • 19 фотографии на кои универзумот прави коинциденции што воодушевуваат

    19 фотографии на кои универзумот прави коинциденции што воодушевуваат

    Понекогаш се случува некои работи случајно да ве потсетат на нешто друго. Овие коинциденции знаат да бидат доста интересни ако ги забележите. Сите случајности ве натерале да се запрашате: „Колкави се шансите?“ бидејќи вакви работи не се случуваат постојано. Благодарение на луѓето што биле доволни брзи да ги овековечат овие фотографии составена е галерија од фотографии каде што се претставени најразлични коинциденции. Погледнете ги!rn

    1. Чевлите и чорапите си одговараат

    rnrn

    2. Чинијата за вечера совршено ѝ одговара на блузата

    rnrn

    3. Замислете да се најдете себеси на уметничка изложба

    rn

    rn

    4. Внимание! Грабнување од неидентификуван летечки објект

    rn

    rn

    5. Пронашол автомобил што одговара на ранецот

    rn

    rnПогледнете повеќе фотографии на втората страница…rn

  • Според некои научници, универзумот е можеби свесен

    Според некои научници, универзумот е можеби свесен

    Што е свеста и од каде доаѓа е едно од најголемите прашања што ги мачи научниците и филозофите. Големите умови се обидуваат да го најдат одговорот уште многу одамна, а денес постои релативно нов научен концепт, наречен панпсихизам, според кој универзумот можеби би бил способен да развие свест. Некои дури веруваат дека оваа теорија за протосвест има потенцијал да ја замени теоријата за темната материја.rnrnСпоред некои научници, универзумот е можеби свесенrn

    ПОДДРЖУВАЧИ НА ОВАА ТЕОРИЈА

    rn

    Грегори Матлоф и Бернард Хаиш

    rnГлавниот поддржувач на оваа теорија е Грегори Матлоф, физичар на Колеџот за технологија во Њујорк. Тој објавил научна студија за тоа како целиот космос можеби е свесен. Тој набљудувал некои ѕвезди кои се движеле побрзо и по навидум свесен пат.rn

    „Ѕвездите немаат неврони или тубули, но спектралните траги на постудените ѕвезди како сонцето, го откриваат присуството на едноставни молекули… Изненадувачки, постојат докази дека постудените ѕвезди се движат побрзо околу галактичкиот центар за разлика од нивните пожешки сестри. Од оваа разлика во брзината не е невозможно панпсихизмот да излезе од филозофијата и да стане дел од астрофизиката.“

    rnГерманскиот теоретски физичар Бернард Хаиш во 2006-та година предложил дека свеста е произведена и пренесувана преку квантниот вакуум, или празниот простор. Секој систем кој има одредена комплексност и создава одредено ниво на енергија би можел да генерира или пренесува свест.rnrnКога доктор Матлоф открил за Хаиш и неговите размислувања, веднаш го контактирал и му предложил да направат тест. Тие набљудувале како постудените ѕвезди како нашето сонце се вртат побрзо околу центарот на Млечниот пат за разлика од пожешките.rnrnНивните податоци покажале шеми на оваа разлика во брзината. Овие шеми откриле дека постудените ѕвезди се движат побрзо поради „млаз во една насока“. Можеби ова е бидејќи ѕвездата свесно се манипулира самата со цел да постигне брзина.rn

    „Ако стануваше збор за интеракција со гасни облаци, како сегашната теорија, секој облак би имал различен хемиски состав и би направил секоја ѕвезда да се однесува различно. Па зошто сите тие се однесуваат на потполно ист начин?“

    rn

    Кристоф Кох

    rnКристоф, од Институтот за проучување на мозокот Ален, смета дека единствената теорија за свеста што ја имаме денес е: „Таа е ниво на свесност за себе и за светот околу нас.“ Причината што биолошките организми имаат свест е тоа што кога се наоѓаат во нова ситуација можат да го променат нивното однесување за да избегнат лоша ситуација.rnrnМоментално Кристоф се обидува да го измери нивото на свест кај разни организми. Еден од неговите експерименти вклучува поврзување на мозоците на два стаорци за да види како ќе се пренесуваат информациите.rn

    „Единствената доминантна теорија што ја имаме за свеста вели дека таа е поврзана со комплексност – способноста на системот да делува на неговата состојба и да ја одреди неговата судбина. Според теоријата, ова може да важи и за многу едноставни системи. Во принцип, некои чисто физички системи кои не се биолошки или органски би можеле да бидат свесни.“

    rn

    Роџер Пенроуз

    rnФизичарот од Велика Британија, сер Роџер Пенроуз, е познат по тоа што ја поврзал свеста со некои истражувања за квантна механика. Во 1980-тите тој изјавил дека свеста постои на квантно ниво и дека се наоѓа во синапсите на мозокот.rn

    „Законите на физиката прават комплексни системи, а овие комплексни системи водат до свест, која потоа ја создава математиката, која потоа може да го дешифрира начинот на кој законите на физиката ја создале свеста.“

    rn

    ПРЕОВЛАДУВАЧКИ ТЕОРИИ ЗА СВЕСТА

    rn

    Материјализам

    rnСвеста потекнува од материјата и може да биде целосно објаснета со невроните во мозокот. Па, без мозокот свеста воопшто не би постоела.rn

    Дуалност на телото и умот

    rnСвеста е одделна од материјата. Оваа теорија е цврсто поврзана со религијата или духовноста. Според неа, свеста е друг аспект од личноста, или нејзината душа.rn

    Панпсихизам

    rnСè што пости, целиот универзум и секој негов атом имаат свест. И оваа теорија се поврзува со духовноста. Таа е слична со верувањето во хиндуизмот и будизмот – сите ние сме дел од универзален систем, а свеста е единственото нешто што постои. Постои една зен изрека:rn

    „Ако дрвото падне во шумата и никој не бил таму да го слушне, дали направило звук?“

    rnОва значи дека сè што искусуваме е филтрирано и интерпретирано од нашиот ум, па без него универзумот воопшто не постои. Со други зборови, сè во универзумот е нереално освен ако не постои некаква свест да го набљудува. Во физиката овој начин на размислување укажува дека постои некаква протосвест, сеприсутна свест што ги прави нештата реални. Можно ли е целата реалност да е само симулација?rn

    Теорија за протосвест

    rnСпоред научникот и филозоф Џон Арчибалд Вилер, човекот познат за смислување на терминот „црна дупка“, фактот дека честичките немаат одредена форма или точна локација сè додека не се набљудувани или измерени може да биде дело на протосвеста. Тој верувал дека секое парче материја содржи малку свест што ја апсорбира од ова протосвесно поле. Покрај тоа, човечкиот набљудувач е клучен за овој процес. Ништо не постои сè додека нема некој вид свест да го набљудува.rn

    Теорија за интегрирани иформации

    rnСпоред неврологот и психијатар Џулио Тонони, свеста е манифестација на реална, физичка локација некаде во универзумот што сè уште не е пронајдена. Оваа идеја, позната и како теорија за интегрирани информации е малку поразлична верзија на панпсихизмот. Би можело да се каже дека ова место каде што се наоѓа свеста е како небесно тело кое зрачи свест, исто како што сонцето зрачи светлина и топлина. Доктор Тонони е и личноста која одредила мерна единица (фи) за одредување на свеста на едно нешто. Фи е дефинирано како „контролата на едно битие врз себе и врз предметите околу него“. Некои луѓе сметаат дека интелигенцијата и свеста се едно нешто, но оваа теорија ги одделува. На пример, вештачката интелигенција нема своја волја, но е многу интелигентна.rnrnСвеста можеби не е ништо повеќе од активноста на невроните во мозокот. Но, можеби е и некое битие создадено пред секој атом и материја во универзумот. Прашањето сè уште останува без одговор. Дали можеби човечките умови се само мали делови од многу поголем космички мозок?rnrnДознајте нешто повеќе и за најлудите теории за човечката свест.