КАФЕ ПАУЗА

Tag: универзум

  • 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки

    15 начини на кои универзумот ви праќа пораки

    Ние не сме изолирани суштества, отсечени од остатокот на светот. Многу луѓе веруваат дека ние сме поврзани со универзумот на безброј испреплетени начини преку кои тој може да ни праќа пораки. Сигурно ви се случило да наидете на многу од нив во текот на вашиот живот, а можеби не сте препознале за што станува збор. Можеби ги сметате за случајности, но постои веројатност дека станува збор за знаци од универзумот пратени со цел да ви го покажат патот на еден или друг начин. Доколку верувате во оваа теорија, прочитајте ги следниве 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки…rnrn15 начини на кои универзумот ви праќа поракиrn

    1. Искуства кои се повторуваат

    rnСте забележале ли дека понекогаш ви се случува истата работа одново и одново? Можеби постојано го истурате пијалакот, го удирате прстот или го губите телефонот. Секоја од овие работи може да има подлабоко значење кое не е очигледно од прв поглед.rn

    2. Соништа

    rnВашиот несвесен ум е делот кој е најотворен за примање пораки од универзумот. Пораките често се пренесуваат токму преку соништата. Кога спиеме, се соединуваме со нашата потсвест доволно долго за да можеме да ја апсорбираме пораката испратена од универзумот.rn

    3. Животни

    rnПриродниот свет има многу начини на кои може да ни испраќа пораки, а тоа обично се случува преку животните. Кога постојано гледаме одредено животно или животинско однесување, тоа може да укажува на нашите неисполнети желби или да ги претскажува настаните кои следуваат. На пример, ако постојано забележувате јато птици како летаат високо на небото, тоа може да е знак дека имате потреба од патување и бегство.rn

    4. Броеви

    rnБроевите се човечко дело, но можат да бидат и вид на комуникација со универзумот. Броевите кои се повторуваат како што се 11:11 или последователните броеви како 1, 2, 3, може да носат скриено значење кое треба да го дешифрирате.rnrn15 начини на кои универзумот ви праќа поракиrn

    5. Синхроницитет

    rnСигурно сте го доживеале ова многу пати. Мислите на некого и по кратко време, таа личност ви се јавува, ви праќа порака или налетувате на неа лично. Најчесто, тоа е знак дека сте на прав пат. На тој начин универзумот ви потврдува дека вашите мисли совршено се согласуваат со вашата идна реалност.rn

    6. Губење, наоѓање или кршење предмети

    rnНашиот однос со работите кои ги поседуваме е многу силен и не е чудно што универзумот може да ни испраќа пораки преку нив. Кога нешто ќе изгубиме, најдеме или скршиме, тоа може да значи многу работи. Наоѓањето работи се случува за да ја зголеми меморијата во вашиот ум, а кршењето предмети е знак дека мора да се ослободите од нешто.rn

    7. Зборови и реченици кои се повторуваат

    rnСлично како со искуствата кои се повторуваат во краток временски период, кога постојано налетувате на одреден збор или израз, тоа обично има некое значење. Можеби станува збор за многу специфична порака. Сметајте ги тие зборови како траги кои ќе ви помогнат да разберете за што се работи.rn

    8. Болки и болести

    rnБолката не мора секогаш да е последица на некој одреден инцидент, ниту, пак, болестите мора да потекнуваат од некој очигледен извор. Сепак, не е невообичаено овие појави да симболизираат нешто друго во вашиот живот. Локацијата на болката или видот на болестот може да имаат скриено значење, нешто на кое би требало да обрнете внимание.rn

    9. Песни, музика, зборови

    rnДали некогаш сте се разбудиле со одредена песна во вашата глава? Или сте работеле нешто и одеднаш сте чуле одреден дел од песна? Нашиот ум често создава сложена поврзаност помеѓу музиката и нашите чувства. Универзумот можеби користи одредени песни или зборови за да ви пренесе важни информации.rn

    10. Временски појави

    rnНе се важни самите временски појави, туку она што ќе го забележите и моментот кога ќе го забележите. Доколку вашето внимание го привлекуваат грмотевиците, тоа е знак дека треба да направите пауза од она што го правите. Исто така, доколку копнеете по одредена временска појава, тоа може да каже многу за вашата умствена состојба. Ако посакувате невреме на пример, тоа би можело да значи дека чувствувате потреба да ги исчистите неодамнешните случувања и да се ослободите од нив.rnrn15 начини на кои универзумот ви праќа поракиrn

    11. Неочекувани средби

    rnДали некогаш сте се сретнале со некоја личност која можела да ви помогне со вашите тогашни проблеми? Можеби само што сте одлучиле да дадете отказ на работа за да станете личен тренер и потоа на некоја забава запознавате личност која го направила истото неколку години претходно. На овој начин универзумот ви говори дали е тоа вистинскиот или погрешниот пат за вас, во зависност од ситуацијата.rn

    12. Чувства

    rnНашите чувства можат да бидат многу важни гласници и понекогаш ни кажуваат работи од големо значење. На пример, ако се наоѓате на безбедно место, но одеднаш почнувате да чувствувате необјаснив страв и нервоза, можеби постои добра причина зошто би требало да бидете внимателни.rn

    13. Необични и нови зборови

    rnУниверзумот можеби сака да ви пренесе одредена порака со тоа што ве изложува на необични, нови зборови кои ќе ве сопрат за момент. Кога ќе наидете на збор чие значење не го знаете или чуете зборови кои долго време не сте ги чуле во говорот, тоа може да е знак дека треба да обрнете внимание.rn

    14. Мирис

    rnНашиот ум поврзува одредени луѓе и настани со различни мириси во текот на нашиот живот. Можеби нема да бидете свесни дека воопшто постојат тие врски, сѐ додека не се сретнете со неочекуван мирис кој создава силна слика во вашиот ум. Кога ќе наидете на некој необичен мирис, можеби универзумот се обидува да ве потсети на нешто или некој кој е од особено значење за ситуацијата со која се соочувате во реалноста.rn

    15. Чувство на пеперутки во стомакот

    rnЧувството на пеперутки во стомакот е уште еден потенцијален гласник на кој би требало да обрнете внимание. Вашиот инстинкт и интуиција често се изразуваат преку чувството во стомакот и тоа чувство е производ на активниот несвесен ум кој ја пренесува пораката од универзумот.rnrnБез разлика на тоа дали верувате во тоа дека универзумот ви испраќа пораки или не, нема сомнеж дека ова е навистина интересна теорија која би требало да се има предвид со цел да се одбегнат погрешните одлуки и избори.

  • Бидете си свој универзум

    Бидете си свој универзум

    Луѓето денес живеат „брзо“. Растргнати сме меѓу работата, семејството, обврските… Понекогаш забораваме да јадеме, да се слушнеме со најблиските, па дури и да дишеме длабоко. Во сиот тој хаос се забораваме себеси и своите потреби. Затоа, одвојте време и посветете го единствено на вас. Неколку минути од денот нека бидат само ваши, создадете си универзум, односно вие бидете си свој универзум. Обидете се, многу е едноставно.rnrn(1) Бидете си свој Универзумrn

    1. Бидете си сонце

    rnЗапаметете дека секој ден започнува со зрак светлина, секое утро можете на појасен начин да ги видите боите околу вас, секое утро можете да се стоплите и да ги загреете вашите тело и душа од вчерашните „ветрови“ и секое утро имате нова можност да заблескате.rn

    2. Бидете си месечина

    rnСмирете се однадвор и однатре од секојдневната бучава и брзаница. Одвојте неколку минути да се слушнете, да ги слушнете своите мисли и своите чувства. Тие ви го покажуваат патот кој ќе ве води напред. Пресликајте ги вашите мисли и чувства во реалноста, во вашата љубов, во вашата работа, подгответе ги за моментот кога ќе изгрее сонцето, како она надвор, така и она вашето, во вашиот личен универзум. И запомнете, доколку сакате луѓето да ве доживеат онакви какви што навистина сте, треба да бидете комплетни и видливи, без да ги криете најубавите делови од вас. Само на тој начин ќе може да заблескате и да ја осветлите темнината, исто како и месечината.rn

    3. Бидете си ѕвезда

    rnБарајте светлина и тогаш кога е многу темно околу вас. Па дури и да изгорите, дозволете ѝ на експлозијата да создаде мали дијаманти и да ја претвори вашата болка во бисери на мудрост. Бидете си сопствена ѕвезда, без да барате потврда за вашето постоење. Ѕвездата ја знае својата вредност и е свесна за малата, но значајната светлина којашто излегува од неа. Едноставно, ѕвездата е свесна за својата вредност, без оглед дали околината ја гледа на таков или на поинаков начин. Бидете ѕвезда во сè што правите и ќе забележите како сиот Универзум отстапува голем простор за вас.rnrn(2) Бидете си свој Универзумrn

    4. Бидете си небо

    rnБидете широки и отворени за животот и за сите можности кои се отвораат пред вас. Прегрнете го дождот, бурата и грмотевиците. Научете како да постоите без оглед на времето и никогаш не заборавајте да создадете виножито по секое невреме, да го расчистите умот и да продолжите да создавате неверојатна уметност со облаците кои никогаш не ве оставаат сами. Тие облаци се со различна форма и големина и ја претставуваат секоја форма на животните предизвици со кои се соочувате.rn

    5. Бидете си море

    rnПродолжете да пливате кон морското дно сè додека не го најдете богатството во вашата душа. Дозволете брановите да ве удираат и да ве понесуваат со себе, додека не го најдете својот мир и не го создадете прекрасниот шум на малите бранови, кои носат толку спокој во себе. Сподели го спокојот со околината, со семејството, со пријателите… Дозволете и тие да уживаат во убавините кои ги носите со себе, и мистичноста којашто се крие во големите длабочини. Никогаш не заборавајте дека морето во вас има огромна убавина и моќ да ги лекува раните.rn

    6. Бидете си планета

    rnОбидете се да ги пронајдете нештата во вас кои ве тераат да одите напред и сменете ги оние кои можат да ве уништат. Опкружете се со позитивна енергија и пополнете го секое празно место во вашиот универзум со луѓе кои ве разбираат и кои сакаат да живеат во него. Тие луѓе треба да бидат слични на вас. Да имаат свои универзуми во себеси, но секогаш да копнеат да истражуваат и да прифаќаат нови универзуми и светови. Обидете се да ги отстраните луѓето кои се со вас, а постојано размислуваат за живот на друга планета. Таквите не ви се потребни. Запомнете, вие сте планета.rnrnНе плашете се да бидете свој универзум, затоа што вие веќе имате многу во вас!

  • Најголемите нерешени мистерии за универзумот

    Најголемите нерешени мистерии за универзумот

    Со векови луѓето ги набљудувале галаксиите и допирале до внатрешноста на атомот. Но, сѐ што некогаш сме виделе прави само 5% од универзумот. По остатокот сѐ уште трагаме. Постојат многу прашања за вселената кои благодарение на науката и напредната современа технологија конечно го добиле својот одговор, но постојат двојно повеќе кои сѐ уште се водат како нерешени мистерии. Во тој контекст, прочитајте за дел од најголемите неодговорени прашања за нашиот космос кои ќе ве натераат да сфатите колку сме само мали и неважни во споредба со големиот универзум.rn

    1. Од што е составен универзумот?

    rnНајголемите нерешени мистерии за универзумот rnrnСе смета дека 27% од универзумот е составен од темна материја, супстанца која ниту емитува, ниту рефлектира светлина. Астрономите и познатите научници, како Стивен Хокинг, се сигурни дека таа постои, бидејќи галаксиите не би можеле да се формираат без неа: Тие би се разлетале, наместо да се згустат во џиновски пространства, камења, прашина и планети. Никој со сигурност не знае што е темната материја. Таа може да биде составена од хипотетички честички наречени слабо интерактивни масивни честички или од стерилни неутрино честички. Научниците сѐ уште чекаат детекторот да воочи ситни зраци на светлина кои обичните атоми би требало да ја произведат кога ќе се судрат со честичките од темната материја.rn

    2. Што треба да знаеме за темната енергија?

    rnЗа да се објасни забрзаното проширување на универзумот, моменталната теорија говори дека во универзумот мора да постои гравитациона сила за која се смета дека е темна енергија. Таа е на некој начин поврзана со енергетската содржина на празната вселена – космолошка константа која Алберт Ајнштајн ја смислил со своите, сега иронични напори да докаже дека универзумот не се шири. Астрономите се обидуваат да ја измерат големината на темната енергија, но како таа делува е сѐ уште една голема загатка.rn

    3. Зошто гравитацијата е чудна?

    rnОд 4-те основни сили во универзумот, гравитацијата е најчудна, со оглед на тоа дека не постои доволно добро објаснување зошто е неколку квадрилиони пати послаба од електромагнетизмот или силите кое го држат јадрото на атомот заедно. Зошто магнетот на фрижидерот може да ја одолее силата на гравитационото поле на Земјата? Теоретичарите имаат неколку идеи. Еден обид за објаснување ја спојува релативноста, која ја објаснува гравитацијата како последица на искривувањето на време-просторот, со квантната механика, припишувајќи им на гравитационите полиња честички кои се викаат гравитони. Или, можеби гравитацијата е јака како и останатите 3 сили, но нејзиното влијание допира до други димензии?rn

    4. Дали сме сами?

    rn

    Најголемите нерешени мистерии за универзумот

    rnАстрономите имаат наидено на илјадници егзопланети кои орбитираат околу далечните ѕвезди. Тоа ни укажува на можноста дека само нашата галаксија има билиони планети кои се слични на Земјата. Но, доколку постојат услови за живот, тогаш зошто сѐ уште не сме виделе знаци на вонземјански раси? Овој проблем во науката е познат како Парадоксот на Ферми.rnrnНекои научници и филозофи сметаат дека биолошкиот живот е преоден облик и дека доминантниот облик на живот во универзумот доаѓа во форма на суперинтелигентни роботи кои можат да живеат во ладни, мрачни места кои ние сѐ уште не сме ги истражиле. И можеби овие роботи не сакаат да комуницираат со нас, со оглед на тоа дека за нив нашиот вид е примитивна форма на живот. Во последните истражувања кои траеле веќе 20 години, се докажало дека во вселенскиот простор што му е познат на човекот постојат услови за живот и на други планети, но нема никакви знаци на нова животна форма. Или сме сами во овој универзум, или не сме. И двете тврдења се подеднакво застрашувачки.rn

    5. Дали нашиот универзум е единствен?

    rnНекои физичари водат дебати и расправии за тоа дека постојат повеќе универзуми и дека ние живееме во оној кој овозможува развој на живот. Останува само да чекаме одговори до кои воопшто не е лесно да се дојде.

  • 11 начини на кои универзумот ве предупредува дека сте на лош пат

    11 начини на кои универзумот ве предупредува дека сте на лош пат

    Ние можеби не сме целосно свесни за она што во моментот го создаваме, но за среќа универзумот ни праќа многу знаци кои нè известуваат дека сме на прав пат и уште поважно, кои нè предупредуваат доколку сме тргнале по погрешниот. Овие знаци се показатели дека вашата енергија моментално е заглавена или се движи кон ниските фреквенции. Вашите мисли, чувства и дела се насочени негативно, а со тоа се создаваат и низа непосакувани околности.rnrn11 начини на кои универзумот ве предупредува дека сте на лош патrnrnИсто така, кога вашите мисли, чувства и дела се одвиваат на висока вибрација, нештата едноставно паѓаат на своето место. Вие ќе имате совршен тајминг и среќни околности кои ќе ве следат во текот на целиот ден. Токму затоа и важно е да ја насочите вашата енергија кон повисоките фреквенции преку свесното одбирање позитивни мисли и емоции. Имајќи го тоа на ум, често се случува луѓето да заглават на погрешен пат, без да бидат свесни за тоа и како резултат да налетаат на непосакувани околности, но тоа е сосема во ред. Доколку ги послушате овие знаци на предупредување, тогаш брзо ќе можете да се вратите на вистинскиот пат.rn

      rn011

    1. Набиени, исечени или скршени прсти
    2. rn011

    3. Заглавување во голем сообраќаен метеж
    4. rn011

    5. Примање негативни, нечисти и злобни забелешки од другите луѓе
    6. rn011

    7. Физички повреди
    8. rn011

    9. Неочекувани големи трошоци или сметки
    10. rn011

    11. Непријатни инстинктивни чувства во стомакот
    12. rn011

    13. Караница со најблиските
    14. rn011

    15. Болест
    16. rn011

    17. Силна главоболка
    18. rn011

    19. Губење или кршење вреден имот
    20. rn011

    21. Непријатни миризби, звуци или вкусови
    22. rn

    rnСекој од овие знаци е предупредување дека треба да се фокусирате и да ја прилагодите својата фреквенција. Кога ќе наидете на некој од овие знаци на предупредување, престанете со тоа што го правите. Немојте да продолжите да работите на таа задача, да разговарате на таа тема или да бидете опседнати со мислите кои сте ги имале бидејќи на тој начин нема да пристигнете онаму каде што навистина сакате да бидете.rnrnНаместо тоа, земете длабоко воздух, направете еден чекор напред и одвојте неколку минути да размислувате и медитирате, ако сте во можност. Доколку ги препознавате овие предупредувачки знаци вие треба брзо да делувате, бидејќи со едноставниот чин на отстапување и центрирање себеси вие можете да го сопрете тој негативен замав. Од друга страна, немојте ни премногу да се опседнувате со овие знаци, бидејќи тие постојат само како „стоп знак“ во вашиот живот, предупредувајќи ве повнимателно да продолжите понатаму.rnrnСекогаш водете сметка за висината на вашите вибрации, насочете го своето внимание и енергија само на оние мисли, чувства и постапки кои вистински и длабоко резонираат во вашата душа, срце и интуиција.

  • 10 неверојатни теории за перципирање на реалноста кои длабоко ќе ве замислат

    10 неверојатни теории за перципирање на реалноста кои длабоко ќе ве замислат

    Реалноста не секогаш е очигледна и едноставна како што ние ја доживуваме – некои работи ги прифаќаме како вистинити, иако не сме баш сигурни кога станува збор за нивното постоење. Научниците и филозофите вложиле голем труд за да ја променат нашата перцепција преку овие неколку теории. Тие ќе ве замислат и ќе ве натераат да се запрашате: „Што всушност постои?“rnrn0-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrn

    1. Големата глацијација

    rn„Големата глацијација“ е теорија за конечната состојба на универзумот. Според неа, универзумот има ограничено снабдување со енергија, а кога таа енергија конечно ќе се потроши тој ќе се најде во т.н. „смрзната состојба“. Тоа значи дека движењето на честичките постепено ќе се намалува и кога ќе исчезне целата топлинска енергија произведена од нивното движење ќе настане „состојба на апсолутна нула“ – состојба која никој сѐ уште не ја постигнал.rn

    2. Солипсизам

    rnСолипсизмот е филозофска теорија која тврди дека ништо не постои, освен свеста на поединецот. Можеби изгледа лудо затоа што тоа е потполно негирање на сѐ што постои околу нас, но всушност ние и не можеме реално да го потврдиме постоењето на ништо друго освен на нашите мисли и на нашата свесност.rn

    3. Субјективен идеализам

    rnЏорџ Беркли – татко на идеализмот, тврдел дека сѐ постои како идеја во нечија глава, т.е. дека постоиме само ако сме набљудувани. Еден од неговите критичари го удрил со камен со затворени очи и рекол: ’Еве, ја демантирав твојата теорија!’ Критичарот всушност докажал дека кога каменот би постоел само во нечија имагинација, би било невозможно да го удри со затворени очи.rn

    4. Платон и Логос

    rnПлатон тврдел дека надвор од нашата реалност која ја перципираме постои свет со „совршен“ облик и дека сѐ што ние гледаме е само имитација на работите онакви какви што навистина се во тој „совршен“ свет. Тој тврдел дека само по пат на филозофија имаме шанси да ги увидиме нештата онакви какви што се и да го откриеме совршениот облик на сето она што го перципираме.rnrnИсто така, Платон тврдел дека сѐ што постои било создадено од една единствена супстанција – т.е. дека дијамантот, златото и изметот на кучето се од иста, основна материја само во друг облик, што всушност, со откривањето на атомот и молекулите се докажало како точно.rn

    5. Презентизам

    rnВремето е нешто што го перципираме и го делиме на минатост, сегашност и идност. Според теоријата на презентизмот, постои само сегашноста, а минатото и иднината се измислени концепти. Со други зборови, сите зборови од оваа статија ќе престанат да постојат откако ќе ги прочитате, сѐ додека не ги прочитате одново.rn

    6. Етернализам

    rnДијаметрално спротивна теорија на презентизмот е етернализмот – филозофска теорија според која времето е повеќеслојно. Според оваа теорија, целото време постои во исто време, но начинот на мерење го одредува оној кој го набљудува – т.е. она што се гледа зависи од гледиштето. Во превод, диносаурусите, Втората светска војна и Џастин Бибер постојат истовремено, но тоа може да се гледа само од одредено место. Ако вака се гледа реалноста, тогаш иднината е една безнадежна и однапред детерминирана каде што слободната волја е само илузија.rnrn1-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrn

    7. Мозок во тегла

    rn„Мозок во тегла“ е мисловен експеримент во кој се расправа за човековата реалност и како таа исклучиво зависи од човековите субјективни чувства. Што е експериментот? Замислете дека сте само мозок во тегла кој го движат вонземјани и луѓе-научници. Како воопшто би знаеле дали тоа е реално? Ова всушност е модерна интерпретација на проблемот со картезијанскиот зол демон. Овој мисловен експеримент доведува до истиот заклучок како и солипсизмот – не можеме да го потврдиме постоењето на ништо друго освен на нашата свест и нашите мисли.rn

    8. Феноменализам

    rnСите нѐ интересира што се случува со работите кога не ги набљудуваме. Научниците внимателно го проучувале овој проблем, а некои од нив дошле до единствениот заклучок – тие исчезнуваат. Филозофите на феноменализмот веруваат дека предметите постојат само како феномен на свеста. Значи, вашиот компјутер постои само додека вие сте свесни и верувате во неговото постоење, но кога ќе се свртите и ќе заборавите на него, тој престанува да постои додека вие или некој друг не стапи во интеракција со него. Просто речено, не постои постоење без перцепција.rn

    9. Фиктивен реализам

    rnОва е најфасцинантната гранка на теоријата за мултиуниверзум. На пример – Супермен или Хари Потер навистина постојат, но во некој од паралелните светови. Оваа гранка тврди дека поради бесконечниот број универзуми, сѐ што гледаме и замислуваме може да постои. Значи, сите наши омилени ликови од серии, филмови и од нашата фантазија можат да бидат дел од некој алтернативен универзум.rn

    10. Теорија за мултиуниверзум

    rnМултиуниверзумот или паралелните универзуми се во основата на теоријата за постоењето на паралелни светови – тие се многу слични на нашиот, но со мали (а во некои случаи, големи) промени и разлики. Оваа теорија претпоставува дека постојат бесконечен број универзуми и алтернативни реалности.rnrn2-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk

  • Никола Тесла нè предупредил уште пред 100 години: Овие 3 човечки заблуди ќе го уништат светот!

    Никола Тесла нè предупредил уште пред 100 години: Овие 3 човечки заблуди ќе го уништат светот!

    Со текот на годините, овие заблуди некако успеале да се рашират и да станат доминантно уверување ширум светот. Токму затоа и никој не се обидува да ја провери нивната вистинитост. Според мислењето на славниот научник Никола Тесла, најголемите човечки заблуди настанале токму во модерното време. Погледнете ги 3-те кои тој пред неколку децении ги издвоил како најдеструктивни…rnrnНикола Тесла нè предупредил уште пред 100 години: Овие 3 човечки заблуди ќе го уништат светот!rn

    1. Заблуди за универзумот

    rnТоа се оние верувања дека Земјата е единствената планета која може да поддржува живот и дека луѓето се најразвиената раса во вселената. Исто така тука спаѓаат и верувањата дека универзумот е вакуум без енергија и материја, со исклучок на планетите, ѕвездите и ситните вселенски честички. Овие заблуди, како и многу други, потекнуваат поради научници кои донеле заклучоци без никакви факти и докази. Бидејќи сè уште нема никакви факти и докази за да се докаже спротивното, овие верувања сè посилно се вкоренуваат во умот на луѓето ширум светот.rn

    2. Заблуди за болестите и начините на лекување

    rnВтората „популарна“ заблуда се однесува на онаа за како настануваат одредени болести, како и потрагата по начините за нивно лекување. Иако е на второ место по значајност, таа е прва по распространетост. Тоа се случува поради немерливите проблеми на науката кои чинат голем број човечки животи, здравје, креативен и интелектуален потенцијал бидејќи им оневозможуваат на луѓето да се развиваат.rn

    3. Заблуди за енергијата

    rnПоследната заблуда, која воопшто не е помалку важна од останатите, се однесува на можностите кои на човекот му овозможуваат енергија. Бидејќи не познава многу методи на енергија, може слободно да се каже дека човекот само што почнал да ја открива оваа област преку спознавање на електричната, топлотната, сончевата енергија, како и енергијата од ветрот и водата. Сите други извори на енергија се целосно непознати. Но, она што е најлошо од сè е што воопшто не се ни размислува на откривање нови начини за создавање енергија кои би биле во состојба да му помогнат на човештвото, само затоа што голем број луѓе заработуваат многу од овие кои во моментов постојат.

  • Неверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на животот

    Неверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на животот

    Овие факти не само што ќе ве воодушеват и остават без зборови, туку и ќе го променат начинот на кој гледате на светот и животот. Погледнете дел од најневеројатните научни факти кои постојат…rn

    1. Ајкулите се постари од дрвјата

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnДрвјата се на нашата планета некаде околу 350 милиони години, што и не е толку малку доколку го земете предвид фактот дека луѓето постојат околу 200.000 години. Од друга страна пак, ајкулите првпат се појавиле во океаните пред околу 400 милиони години. Тие се предатори на врвот од синџирот на исхрана и токму затоа имаат огромна улога во одржување на балансот во морскиот екосистем. За жал, нивното неверојатно наследство може да дојде до својот крај бидејќи луѓето убиваат и до 100 милиони ајкули секоја година.rn

    2. Една лажичка од неутронската ѕвезда тежи повеќе од сите луѓе на Земјата заедно

    rnНеутронските ѕвезди се остаток од масивни ѕвезди кои умреле и експлодирале во супернова експлозии. И покрај тоа што овие ѕвезди се многу мали, тие се неверојатно густи. Со дијаметар од само 22 километри, една ваква ѕвезда може да тежи 1,5 – 3 пати од тежината на нашето Сонце. Доколку би можеле да земеме само една лажичка од неа и да ја донесеме на Земјата, таа би тежела околу 10 милиони тони.rn

    3. Постојат околу 9.600.000.000.000.000.000.000.000 (9,6 x 10^ 24) молекули вода во една чаша со вода

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСо три атоми на секој молекул (2 водород, 1 кислород), има повеќе атоми во една чаша вода отколку што има чаши со вода кои би се наполниле од сите океани на Земјата. Оваа споредба не е ни приближно добра бидејќи една чаша вода содржи 10.000 пати повеќе атоми отколку што има чаши со вода на планетата.rn

    4. Едно зрно прав е на половина пат од големината на Земјата до големината на протонот

    rnЗемјата е широка околу 12.740 километри во дијаметар. Протоните се субатомски честички кои се околу 8,4 x 10^-14 сантиметри во ширина. Разликата помеѓу овие две нешта е толку екстремна, што само една трошка прашина се наоѓа на средината од нивните големини.rn

    5. Човековото тело е составено од околу 7.000.000.000.000.000.000.000.000.000 (7 x 10^27) атоми

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСите овие атоми заедно градат околу 10 трилиони (10 x 10^12) клетки од кои се составени сите ткива во нашето тело. Но, вашите клетки не се целосно сами во вашето тело…rn

    6. Постојат 10 пати повеќе клетки на микроби отколку човекови клетки во вашето тело

    rnДа, го прочитавте тоа точно! Постојат околу 100 трилиони микроби (бактерии, габи и археи) чиј дом е вашето тело. Овие микроби се клучен дел за соодветното варење на храната, вагиналното здравје, здравјето на кожата и уште многу нешта… И покрај тоа што се помал број, човековите клетки се многу поголеми. Тие се околу 10 – 100 пати поголеми од бактериите.rn

    7. Вашето тело содржи доволно железо од кое може да се состави шајка со должина од 8 сантиметри

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnИсто така имате и доволно јаглерод за да составите 9.000 моливи. Всушност, доколку го претворите телото на еден човек во рудник и ги распределите во групи сите елементи кои го сочинуваат, тие би вределе околу 140 евра. Но, таа бројка би скокнала и до 40 милиони доколку ги поделите и коскената срж, органите, коските и другите ткива посебно.rn

    8. Секој час, во Земјата удира доволно светлина која би можела да ги задоволи енергетските потреби на целата планета за 1 година

    rnИсто така би биле потребни само околу 496.804 квадратни километри со соларни панели за да се собере оваа количина на енергија. Тоа звучи како многу, но доколку размислите колку покриви се празни и колку пространи пустини постојат, повеќе нема да ви изгледа толку многу.rn

    9. Вие во моментов патувате со 1.770 километри на час додека Земјата се ротира околу својата оска

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnНо, тоа не е сè. Земјата исто така се врти и околу Сонцето со брзина од 108.000 километри на час. Нашиот Сончев систем патува со брзина од 70.000 километри на час во галаксијата, додека пак самиот Млечен пат се движи со неверојатни 780.000 километри на час во вселената. Но, што ќе се случи доколку вие не патувавте толку брзо?rn

    10. Доколку Земјата во овој момент сопре, инерцијата ќе нè исфрли сите заедно со водата и копното на планетата нанапред

    rnЗемјата ротира со 1.770 километри на час и првиот Њутнов закон вели дека објектот во движење ќе остане во движење. Доколку планетата престане да ротира (не грижете се, нема да се случи тоа), сите луѓе, животни, растенија, почва и камења кои не се прицврстени за цврсто тло ќе бидат исфрлени и ќе продолжат да летаат нанапред сè додека силата на гравитацијата не повлече сè назад на Земјата.rn

    11. Синиот кит не само што е најголемото животно кое постои во моментов на планетата, туку има големи шанси да е и најголемото животно кое воопшто некогаш живеело

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСиниот кит може да порасне и до неверојатни 30 метри должина со тежина од преку 2.600 луѓе заедно. За да ја достигне оваа големина, тој има потреба да јаде и по неколку тони крил (вид школка) на ден. За жал овие гигантски суштества се на работ од изумирање бидејќи луѓето ги ловат. Сините китови исто така често се повредуваат од мрежи за риболов и се оставаат да умрат во водата или пак, се судираат со бродови.rn

    12. Времето помеѓу постоењето на Стегосаурус и Тираносаурус рекс е поголемо отколку времето помеѓу Тирексот и денешниов ден

    rnИ покрај тоа што и двата вида се едни од најпопуларните диносауруси на сите времиња, тие никогаш немале можност да се запознаат еден со друг. Стегосаурусот живеел на крајот од периодот Јура, пред околу 150 милиони години и бил одамна изумрен кога се појавил Тирексот пред околу 83 милиони години во доцниот период Креда. Да, без разлика на тоа што ви велат Мајкл Крајтон и Стивен Спилберг, Тирексот воопшто не би требало да се наоѓа во парк наречен Јура.rn

    13. Сите ние сме составени од ѕвездена прашина

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnНабрзо по Големиот експлозија (Биг Бенг), Универзумот бил направен само од водород и хелиум. Како што се формирале ѕвездите, тие почнале да создаваат нуклеарна фузија во нивните јадра, а со тоа и полека произведувале потешки елементи. Сите атоми на јаглерод, железо, калциум, азот и другите елементи кои се клучни за животот биле создадени во јадрото на ѕвездите. Овие состојки не само што се испуштаат за време на смртта на ѕвездата, туку и кога овие ѕвезди експлодираат во супернова, тие се распрскуваат низ целиот Универзум.rnrnСо вакво благородно потекло, почнавте да се доживувате поинаку, нели?

  • Фотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

    Фотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

    Сте се запрашале ли некогаш колку е навистина голем универзумот? Погледнете ги овие фотографии кои ќе ве остават без зборови и кои ќе ве натераат да се замислите за вашето место во овој бескраен простор…rn

    1. Ова е планетата Земја. Вие живеете тука.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    2. Ова е вашето место во соседството, во Сончевиот систем.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    3. Ова е оддалеченоста помеѓу Земјата и Месечината. Не изгледа премногу далеку нели?

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    4. Размислете повторно! Помеѓу Земјата и Месечината може удобно да ги собере сите планети од нашиот Сончев систем.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    5. Но, ајде да зборуваме малку за планетите. Таа малата зелена дамка е Северна Америка на Јупитер.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    6. А ова е големината на Земјата (поточно, на 6 Земји) во споредба со Сатурн.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    7. И само за споредба, еве како би изгледале Сатурновите прстени доколку беа околу Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    8. Ова што го гледате на оваа фотографија е комета. Неодамна научниците успеаја да слетаат сонда на една од овие лоши девојки. Погледнете како една комета изгледа во споредба со Лос Анџелес.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    9. Но, тоа не е ништо во споредба со нашето сонце. Погледнете!

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    10. Еве сте вие од Месечината:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    11. Еве сте вие од Марс:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    12. Еве сте вие позади Сатурновите прстени:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    13. Eве сте и позади Нептун, на околу 6 милијарди километри оддалеченост:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    14. Да направиме еден чекор наназад. Погледнете ја големината на Земјата во споредба со нашето Сонце. Изгледа застрашувачки, се согласувате?

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    15. И еве ја истата таа фотографија од површината на Марс:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    16. Но, тоа не е ништо. Како што Карл Саган еднаш кажал, постојат повеќе ѕвезди во вселената отколку што има зрна песок на сите плажи на Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    17. Тоа значи дека постојат ѕвезди кои се многу, многу поголеми од нашето мало Сонце. Погледнете колку мало и незначајно изгледа тоа во споредба со оваа ѕвезда:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    18. Еве уште еден поглед. Најголемата ѕвезда, „VY Canis Majoris“, е околу 1.000.000.000 пати поголема од нашето Сонце.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    19. Но, ниту една од овие ѕвезди не може ни да се спореди со големината на една галаксија. Всушност доколку го смалите Сонцето со големина на бело крвно зрнце и ако го смалите Млечниот пат според истите пропорции, тој ќе биде голем колку Америка.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    20. Галаксијата Млечен пат е огромна! Вие живеете тука:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    21. Но, на ноќното небо можете да ги видите само овој мал број ѕвезди:

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    22. Дури и нашата галаксија е мала во споредба со некои други. Погледнете го Млечниот пат во споредба со „IC 1011“, која се наоѓа на оддалеченост од 350 милиони светлосни години од Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    23. Но, ајде да размислуваме малку пошироко. На оваа фотографија направена од страна на телескопот Хабл, постојат илјадници и илјадници галаксии, а во секоја од нив милиони ѕвезди со свои сопствени планети.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    24. Еве една од галаксиите кои можат да се видат на таа фотографија. „UDF 4230“ е околу 10 милијарди светлосни години оддалечена. Кога ја гледате оваа фотографија, вие всушност гледате милијарди години во минатото.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    25. Имајте на ум дека фотографијата од Хабл е направена од многу, многу мал дел од универзумот. Таа опфаќа еден незначаен дел од ноќното небо.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    26. Токму затоа слободно можеме да претпоставиме дека има и црни дупки таму некаде. Погледнете ја застрашувачката големина на една црна дупка во споредба со орбитата на Земјата.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Ако некогаш се чувствувате лошо поради тоа што ја откажале вашата омилена ТВ серија или поради фактот дека некој почнал да пушта новогодишна музика прерано, само потсетете се на ова…

    rn

    Ова е вашиот дом.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И ова се случува кога ќе почнете да се оддалечувате од вашиот дом.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Ова се случува доколку продолжите да се оддалечувате…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И уште подалеку…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Продолжете…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Уште малку подалеку….

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    Уште малку и пристигнавме…

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоењеrn

    И еве, ова е тоа што сè наоѓа во универзумот кој може да биде набљудуван. Тука е вашето место. Вие сте како една мала мравка во огромна тегла.

    rnФотографии кои ќе ве натераат да се замислите за вашето постоење

  • 8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро време

    8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро време

    Кога природните науки не даваат одговор на некои прашања, тогаш има „повеќе работа“ за филозофите кои можат бескрајно да шпекулираат барајќи објаснување за она што не може прецизно да се објасни. Иако и двете заедно доста соработуваат во потрагата по одговори на најголемите мистерии со кои денес е соочено човештвото, сепак сѐ уште остануваат некои кои не се решени и најверојатно нема да бидат решени во скоро време.rn

    1. Зошто има нешто наместо ништо?

    rnЗошто постоиме? Зошто светот функционира според толку прецизни закони? Зошто функционира токму според оние закони според кои функционира? Зошто воопшто постои универзумот наместо да не постои? Човекот отсекогаш бил заинтересиран за причината на своето постоење, но науката сѐ уште не може да му даде одговор. Некои филозофи тоа се обидуваат да го објаснат преку т.н. антропски принцип, според којшто универзумот е таков каков што е затоа што ние го набљудуваме така како што го набљудуваме, односно неговиот „изглед“ зависи од умовите на оние кои го опсервираат.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро времеrn

    2. Дали универзумот навистина постои?

    rnВо стилот на Матрикс, прашањето е дали воопшто универзумот е таков каков што го гледаме или сѐ е дело на некое големо зло кое ни создава илузија за постоењето на околината. Овој проблем се нарекува „мозок во буре“ или аргумент за симулација. Според него сите ние можеби сме жртви на некоја голема симулација, а се поставува дури и прашањето дали цивилизацијата која учествува во таа симулација е вистинска. Едни филозофи се прашуваат дали ние навистина сме тоа што мислиме, а други се спротивставуваат дека ние сепак постоиме: ако светот околу нас е рационален и функционира според одредени закони, тогаш мора да прифатиме дека навистина постоиме.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро времеrn

    3. Дали навистина имаме слободна волја?

    rnФилозофите и научниците сѐ уште расправаат за тоа дали нашите дела се предизвикани од нашата слободна волја или од синџир на меѓусебно поврзани настани. И додека не се гледа крајот на нивната дискусија, новите научни откритија уште повеќе ја замрсуваат целата дебата. Невролошките истражувања потврдуваат дека мозокот може да донесе одлука дури и пред личноста да стане свесна за тоа, а квантната механика го форсира тврдењето дека живееме во универзум на веројатности и затоа синџирот на меѓусебно поврзани настани е невозможен.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро времеrn

    4. Дали постои Бог?

    rnОва е едно од најдебатираните прашања, но сѐ уште никој не докажал дека Бог постои и никој не докажал дека тој не постои. Засега ставот на научниците е дека универзумот функционира автономно според законите на физиката, но никој не може да тврди дека нема некое помоќно тело кое сето тоа го контролира, како во погорниот пример со симулацијата. Владејачките религиозни учења се обидуваат да наметнат одредени сфаќања по ова прашање, но тие во повеќе наврати се покажале како апсурдни, така што човештвото сѐ уште го нема одговорот на прашањето дали „има нешто или не“.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро времеrn

    5. Постои ли живот после смртта?

    rnЖивотот после смртта е уште едно прашање кое им е оставено за шпекулација на филозофите затоа што научниците сѐ уште се мачат да дојдат до какво било откритие кое ќе фрли барем малку светлина на оваа мистерија. Нема причина да се верува дека тој постои, нема причина ни да се верува дека не постои. Она малку што постои како сознание ги упатува на одредени верувања за кои веќе сме пишувале, а за кои можете да прочитате опширно на овој линк.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро времеrn

    6. Дали може објективно да го искусиме светот?

    rnНабљудувањето на околината преку нашите сетила значи дека сите примени информации ги интерпретираме на, за нас, уникатен начин. Секој допир, секоја боја, мирис или звук поминува низ одредени психолошки и когнитивни процеси кои за последица имаат субјективно искусување на околината. Сепак, ако тоа што го перципираме постои и е исто за сите, но различно го доживуваме, останува прашањето дали може да се надеваме дека кога било ќе ѕирнеме во тој мистериозен свет и објективно ќе согледаме што има таму.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро времеrn

    7. Дали постои совршен морален систем?

    rnПотрагата по правила кои ќе ја организираат заедницата да функционира на совршен начин постоела отсекогаш, сѐ уште трае и така ќе остане уште многу долго, можеби засекогаш. Секој го гледа светот на својот субјективен начин, па така она што за еден е исправно, за друг не е. Моралните норми се менуваат одвреме-навреме, онака како што се менуваат потребите на заедницата, но не постојат златни правила кои се среќаваат во сите морални системи врз основа на кои би можел да се изгради совршениот морален систем кој ќе донесе правда и справедливост за сите да бидат задоволни.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро времеrn

    8. Што се броевите?

    rnСекојдневното користење на броевите решава многу проблеми, но филозофите во нив гледаат уште еден проблем: што всушност се броевите и дали се тие реални или не. Според едни тие се реални иако не можеме да ги видиме, а според други филозофи тие се само добро дефинирани конструкции од апстрактни мисли базирани на математика. Иако на прв поглед ова изгледа како непотребно создадена дилема, нејзиното решавање има значење од аспект на тоа што разбирањето на природата на броевите може да даде одговори поврзани со природата на универзумот.rnrn8 филозофски мистерии кои нема да ги решиме во скоро време

  • Најголемите ѕвездени мистерии

    Најголемите ѕвездени мистерии

    За многу љубители на астрономијата, ноќното небо претставува неверојатен океан од мистерии. Но, она што можеме да го видиме со нашите сопствени очи не ни покажува ниту еден процент од извонредните чудесии кои се случуваат ширум универзумот. Започнувајќи од стеларен огномет, па сè до супернова експлозии и невидливи црни дупки, астрономите секојдневно се обидуваат да откријат како функционираат прекрасните ѕвезди и што е тоа што прави секоја од нивниот вид да биде толку уникатна.rnrnНајголемите ѕвездени мистерииrn

    1. Сончеви зраци

    rnАтмосферата на Сонцето или короната, може да достигне топлина и до 2 милиони степени и без предупредување да исфрли високоенергетски честички со брзина приближна на брзината на светлината. Наречени соларни експлозии, овие честички удираат во магнетното поле на Земјата од каде што можат да влијаат врз комуникациската и сателитската технологија, електронските направи, па дури и мобилните телефони. Најголемата соларна експлозија може да исфрли енергија колку милиони хидрогенски бомби. И покрај тоа што астрономите се на самиот почеток во разбирањето на Сонцето и начинот на кој тоа функционира, секојдневно го истражуваат со цел да можат да ги предвидат овие соларни експлозии.rn

    2. Осамени ѕвезди

    rnПорано се сметало дека ѕвездите се самотници, но денес астрономите предвидуваат дека повеќе од 85% од ѕвездите во Млечниот пат се наоѓаат во системи со повеќе ѕвезди. Половина од нив се бинарни системи составени од две ѕвезди кои се поврзани со нивната заедничка гравитација. Во 2005 година, астрономите докажале дека и овие системи имаат планети.rn

    3. Ѕвездени кластери

    rnЅвездените кластери се составени од многу ѕвезди кои се развиле во исто време. Некои од нив содржат помалку од 100 ѕвезди, додека пак други бројат и над милион ѕвезди. Оние кои се во наша близина, како познатите Плејади во соѕвездието Бик, можат да бидат набљудувани и со голо око. Научниците сè уште не можат да разберат на кој начин ѕвездите кои се формираат во ист регион остануваат заедно и толку блиску едни покрај други.rn

    4. Дијаманти на небото

    rnКога една ѕвезда со големина на Сонцето ќе го потроши своето нуклеарно гориво, таа го исфрла поголемиот дел од својата надворешност и останува само со своето жешко јадро. Во оваа фаза ѕвездата го добива името бело џуџе. Научниците веруваат дека во центарот од 50-километарската цврста обвивка на оваа ѕвезда се наоѓаат кристализирани јаглерод и кислород, слични на дијамантите кои можат да се најдат на Земјата. Во 2004 година, група научници го потврдиле ова верување кога пронашле бело џуџе во близина на соѕвездието Кентаур, BPM 37093, кое било целосно направено од кристализирн јаглерод, со тежина од 3 милиони трилиони трилиони килограми. Од гледна точка на дијамантите, тоа е 10 милијарди трилиони трилиони карати.rn

    5. Спектакуларни експлозии

    rnЗастрашувачката експлозија на ѕвездата испраќа бранови енергија со брзина од 35 километри на час. Крајот на животот на некои ѕвезди знае да биде навистина спектакуларен настан. Кога ѕвезда која е 8 пати поголема од Сонцето ќе го потроши своето гориво, гравитацијата се насочува кон внатре и целосно ја растргнува ѕвездата. Ова се нарекува супернова. Експлозијата исфрла огромна енергија и честички во вселената.rn

    6. Неутронски ѕвезди

    rnНеутронската ѕвезда настанува од супернова експлозија, која е компресирана во јадрото на ѕвезда која умира и има маса многу поголема од онаа на Сонцето, и покрај тоа што нејзиниот дијаметар е со големина на мал град. На чекор пред настанување црна дупка, неутронските ѕвезди се најгустите објекти во универзумот. Само една лажичка од нејзината маса би тежела милијарди тони на Земјата. Во 2005 година, научници од НАСА го откриле изворот на експлозиите од гама зраци кои зрачеле со светлина како 100.000 трилиони сонца и ја решиле 35-годишната мистерија. Кога 2 неутронски ѕвезди ќе се судрат со брзина од десетици илјадници километри во секунда, тие емитуваа огномет од гама зраци.rn

    7. Магнетари

    rnМагнетарите се густи неутронски ѕвезди, еден вид стеларни трупови, со магнетни полиња кои се милијарди пати посилни од магнетното поле на Земјата. Тие испуштаат рендгенски зраци на секои 10 секунди со повремени изливи на гама зраци. Интересно е што овие ѕвезди не биле класификувани како посебен вид сè до 1998 години, дури 2 декади по нивното откривање во март, 1979 година, кога 9 вселенски летала набљудувале излив на радијација од остатоците од суперновата наречена N49, која била со енергија која на нашето Сонце би му требало 1.000 години да ја создаде.rn

    8. Стеларни земјотреси

    rnСтеларниот земјотрес настанува кога се растргнува површината на неутронската ѕвезда, на истиот начин како земјотресите кои настануваат на Земјата. Во 1999 година, астрономите ги идентификувале овие земјотреси со помош на изливите предизвикани од гама и рендген зраци кои доаѓаат од неутронските ѕвезди. Но, предвидувањето на овие моќни удари сè уште е мистерија. Неодамна, Џон Мидлдич од Националната лабораторија Лос Аламос со своите колеги откриле дека кај специфичните видови неутронски ѕвезди, кои се нарекуваат пулсари, времето на следниот земјотрес е пропорционално со големината на последниот.rn

    9. Ѕвездени радио сигнали

    rnНова класа на ѕвезди кои се нарекуваат „ротирачки радио променливи“ се масивно компресирани неутронски ѕвезди кои одвреме-навреме испраќаат радио бранови кои траат и по само неколку милисекунди, a потоа се проследени со темни дупки кои траат и до 3 часа. Не само што овие сигнали се многу краткотрајни, туку се мешаат и со радио сигналите од Земјата и токму затоа е многу тешко да се издвојат.rn

    10. Црни дупки

    rnЦрните дупки се толку густи што едноставно ништо не може да избега од нивната гравитациска „мрежа“. Откако ќе се надмине хоризонтот на настани или границата позади која дури ни светлината не може да избега, нема враќање назад. Денес, астрономите имаат цврсти докази дека црните дупки навистина постојат и дека тие се настанати од смртта на масивните ѕвезди. Но, она што е најневеројатно е постоењето на супермасивните црни дупки кои се наоѓаат во центарот на скоро сите галаксии и кои тежат колку милиони сонца.