КАФЕ ПАУЗА

Tag: универзум

  • Спектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на Универзумот

    Спектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на Универзумот

    Мистериозната убавина на Универзумот над нас може да се види само во одредени услови и на одредени места до кои ретко кој од нас има пристап. Но, астрофотографот Николас Буер имал среќа да го најде вистинското место од каде што Универзумот се открива себеси во целиот свој сјај.rnrnСпектакуларни ѕвездени неба кои ја искажуваат суштината на УниверзумотrnrnПреку своите леќи, Буер го приближува своето искуство до гледачите. Тој прави слики од фасцинантен свет на неизмерна бескрајност која исчезнува кога сонцето ќе се појави. Неговата огромна колекција на фотографии е преполна со живи бои и брилијантни светла кои се расфрлани насекаде ширум небото. Со многу трпеливост и долга експозиција, Буер успеал да ја долови суштината на секое од овие места. Неговите фотографии се во хармонија со околината и гледачите можат дури и да го почувствуваат мирот и тишината во нив.rn
    rn

    „Набљудувањето на ноќното небо отсекогаш ме исполнувало со чувство на чудење. По напредокот на DSLR технологијата имав можност да го сликам ноќното небо на начини на кои претходно мислев дека се невозможни и откако ја направив мојата прва успешна фотографија од Млечниот пат, едноставно се заразив,“ вели Буер.

    rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии

    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии

    Да се обидете да ја разберете пространоста на универзумот е застрашувачка задача. Доволно е само да прочитате за растојанието помеѓу Земјата и најблиската ѕвезда или галаксија и вашата глава веднаш ќе почне да ве боли. Токму затоа самата помисла да се минијатуризира нешто толку огромно како космосот е навистина фасцинантно. rnrnЕден корисник на „Reddit“ со име „TheScienceLlama“ го сторил токму тоа. Користејќи го филтерот тилт-шифт во Фотошоп тој креирал прекрасна серија вселенски фотографии. Овие обработени фотографии се разликуваат од оригиналните поради ефектот кој се постигнува со замаглување на одредени делови од нив со кои се симулира подлабока длабочина на полето.rnrn

    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Маглината Коњска глава
    rnrn
    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Маглината Рак
    rnrn
    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Кентаур А
    rnrn
    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Галаксијата Митхук
    rnrn
    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Маглината Шлемот на Тор
    rnrn
    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Маглината Молив
    rnrn
    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Галаксијата Тедпол
    rnrn
    Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    Галаксијата Андромеда
    rnrnПогледнете ги и наредниве фотографии кои се направени со истиот ефект од страна на друг корисник на „Reddit“ со име „Wattsit“. Доколку сакате да ги имате овие фотографии како десктоп позадини можете да ги симнете од неговиот профил на „Imgur“ во поголема верзија.rnrnБескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Видео од 82 секунди кое ќе го промени начинот на кој го гледате светот

    Видео од 82 секунди кое ќе го промени начинот на кој го гледате светот

    Погледнете го ова неверојатно видео кое целосно ќе го промени начинот на кој го гледате светот. За само 82 секунди ќе добиете сосема нова перспектива за површината на Земјата, Сонцето, ѕвездите и животот.rnrnrnrnПовршината на Земјата од највисоката планинска точка до најниската точка во длабочините на океанот изнесува само 18 километри. Всушност, Земјата е многу мазна. Земајќи ја предвид нејзината површина, во просек, таа е помазна и од едно топче за билјард.rnrnНа светлината која доаѓа од вселената ѝ се потребни многу години за да пристигне до Земјата. Тоа значи дека светлината од ѕвездите што ја гледаме на небото настанала пред стотици години. На пример, светлината на ѕвездата Северница е преку 400 години стара. Со други зборови, ноќното небо може да се смета за вистинска временска машина.rnrnВидео од 82 секунди кое ќе го промени начинот на кој го гледате светотrnrnЧовековото око не е способно да види голем дел од сончевата радијација. Ние можеме да видиме само мал дел од вкупниот спектар на бои. Пчелите, за разлика од нас, можат да гледаат слики кои ние не можеме да ги видиме. Постои еден цел свет во нашиот свет кој е невидлив за нас.rnrnАтомите од кои е составено нашето тело можат да се најдат во елементите кои го создале Универзумот. Тоа значи дека ние живееме во овој Универзум, но и дека тој живее во нас.rnrnНеверојатно! Како се чувствувате сега?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Девојката со портокали“ – Јустејн Гордер

    Книга: „Девојката со портокали“ – Јустејн Гордер

    „Животот е една огромна лотарија во која се видливи само добитните лозови. Ти, читателе, си еден таков лоз.“

    rnrnНаслов на оригиналот: Appelsinpiken – Jostein GaarderrnrnДевојката со портокали - Јустејн ГордерЈустејн Гордер е роден во Осло, во семејство на интелектуалци што само по себе имало огромно влијание врз неговата желба за учење, читање и пишување. Неговиот татко бил директор на училиште, а неговата мајка учителка, но и автор на неколку детски книги, па со голема умешност ја негувале неговата љубов кон книгите уште од мали нозе.rnrnАвтор е на неколку новели, кратки приказни и детски книги, а меѓу нив е и незаборавната „Светот на Софија“ која што е преведена на 53 јазици. Неколку години предавал филозофија во средно училиште и неговата љубов кон децата и приказните успешно ја пренесува во книгите кои што ги пишува. Најчесто неговите дела се поврзани со длабоки прашања за постоењето, универзумот, човештвото, но сето тоа многу суптилно го пренесува низ раскажувањето.rnrnАктивно е вклучен во разни кампањи за човекови права, а заедно со неговата жена ја имаат основано и меѓународната награда за животна средина и развој – Софи (Sophie Prize), именувана по неговата најпопуларна книга.rnrnДевојката со портокали - Јустејн Гордерrn

    Синопсис

    rnГеорг Ред никогаш не го запознал својот татко, дури и многу малку се сеќава на него затоа што тој починал кога Георг имал само четири години. Сега, момчето има 15 години и неговиот живот целосно се менува кога дознава дека црвената детска количка во која го шетал неговиот татко кога бил бебе, не е само количка туку и поштенско сандаче. Во неа Георг наоѓа писмо од неговиот татко кое го пишувал за него додека бил болен и сега, после толку години писмото конечно завршува во неговите раце. А во него, мудриот татко на Георг пишува за сè, почнувајќи од прекрасните моменти кои ги поминале заедно додека бил жив, па сè до телескопот Хабл, и секако, девојката со портокали.rn
    rn

    „Треба да знаеш дека ме пече како удар со прачка тоа што му пишувам на синот што сум го оставил зад себе, а веројатно и за тебе е малку болно да го читаш ова. Но ти си сега млад човек. Кога јас најдов сила да ги ставам овие редови на хартија, мора и ти да се потрудиш да ги прочиташ.“

    rnДевојката со портокали - Јустејн ГордерrnrnПриказната која неговиот татко започнува да му ја раскажува е обвиткана со мистерија и го заробува Георг во некое друго време, во времето кога татко му имал само 19 години и ја запознал необичната девојка од трамвајот. Внимателно го води низ мистериозните средби во неговата младост, откривајќи му по некој мал детаљ само за да го заинтересира и полека, но сигурно го менува животот на неговиот син, којшто никогаш немал шанса вистински да го запознае. Иако раскажува љубовна приказна, прашањата кои му ги поставува и начинот на којшто го тера да размислува водат само кон еден заклучок, тоа не е писмо за љубовта, тоа е писмо за животот.rnrnБазиран на книгата, во 2009 година е снимен и норвешкиот филм „Appelsinpiken“.rnrnДевојката со портокали - Јустејн Гордерrn

    Лична критика

    rnЈустејн Гордер е писател чии книги или ги сакаат или ги мразат, а јас со сигурност спаѓам во првата група. Можеби затоа што филозофијата ми беше еден од омилените предмети, можеби затоа што знам да си се запрашам одвреме-навреме некои чудни прашања од типот како е можно да е вистина дека „никогаш нема да згазнеме пак во истата река“, зашто нели, и реката и ние ќе бидеме различни, доколку е во право МекТагарт (етернализам, филозофијата на времето) и дали причината поради која размислувам за ова е всушност моја волја, и некои слични прашања кои дефинитивно ми одземаат премногу време.rnrnКако и да е, за сите оние вечни деца со вечни прашања и потпрашања, доколку вашите родители и учители немаа доволно време и волја да ви одговорат, Јустејн Гордер можеби не ги нуди одговорите, но со сигурност ќе ве дружи во размислувањето. „Девојката со портокали“ е постара книга која е можно да сте ја прочитале и заборавиле, а можеби никогаш не сте ја ни отвориле, но верувајте, дете во вас чека да го направите тоа. А откако ќе ја завршите, сигурно нема повеќе да бидете тој возрасен сезнајко кој чекори низ животот убеден дека ги има сите одговори и сите решенија. Дозволете оваа книга малку да го разниша вашиот свет…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое е најстуденото место во универзумот?

    Кое е најстуденото место во универзумот?

    Дефинитивно не е Северниот Пол, ако помисливте на тоа. 🙂 Најстуденото место кое досега е познато се наоѓа во маглината Бумеранг. Таа се наоѓа во соѕвездието Кентаур на 5.000 светлосни години од Земјата. Станува збор за планетарна маглина која се формирала околу сјајна, централна ѕвезда која исфрла гасови во последните фази од својот живот.Кое е најстуденото место во Универзумот?Маглината Бумеранг е едно од најчудните места во универзумот. Во 1995 година астрономите Сахаи и Њајман откриле дека тоа е најстуденото место досега познато. Со температури од -272 степени Целзиусови, тоа е за само еден степен потопло од апсолутната нула (најниската долна граница на температурата). Дури и жарот од Биг Бенг е потопол од оваа маглина, тој изнесува -270 степени Целзиусови.rnrnИзгледот на машна на оваа маглина настанал поради силните ветрови кои достигнуваат и до неверојатни 500.000 км/ч, дувајќи ултрастудени гасови од ѕвездата во умирање. Астрономите велат дека ѕвездата губи по 1/1000 соларна маса годишно во период од 1.500 години. Бидејќи целиот процес се одвива околу 10-100 пати побрзо одошто кај другите слични објекти, тие сметаат дека огромните брзини со кои се шири оваа маглина е причината поради која таа е најстудениот регион во универзумот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува со душата после смртта?

    Што се случува со душата после смртта?

    И денешната генерација научници упорно се обидува да ја расчисти мистеријата која ја опкружува смртта. Ова се нивните засега најиздржани научни теории за тоа што се случува со човекот кога срцето ќе престане да чука и мозокот ќе престане со работа.rnrnШто се случува со душата после смртта?rn

    Ништо не се случува

    rnД-р Венди Рајт, невролог на Универзитетот Емори е во редот на научното мнозинство кое тврди дека после смртта не се случува ништо спектакуларно. Тоа што некои пациенти гледаат светло, ги среќаваат блиските и чувствуваат мир, е само трик на мозокот предизвикан од испуштањето на ендорфинот, хормонот на среќата и задоволството.rn

    Душата може да се одвои од телото

    rnСпоред д-р Брус Грејсон, психијатар на Универзитетот во Вирџинија, умот може да функционира независно од телото. Својата теорија ја темели на неговите истражувања над пациенти кои имале т.н. блиски средби со смртта, во кои искусувале патување кон светлина проследено со неверојатен мир, љубов и чувство на напуштање на физичкиот свет. Многу други психијатри и невролози ваквите искуства ги припишуваат на халуцинации кои се случуваат поради огромниот стрес во такви моменти. Но, според д-р Грејсон тоа не е издржано бидејќи таквите искуства пациентите ги имале во моменти кога мозокот воопшто не им работел.rnrnШто се случува со душата после смртта?rn

    Никогаш не умираме

    rnЕкспертот по биоцентризам Роберт Ланза тврди дека времето и просторот не постојат во објективниот свет, туку се само алатки во нашата глава кои ни служат за да го мериме и да го разбереме светот околу нас. Оттука, не може да се тврди дека постои парче од времето во кое сме постоеле. Всушност никогаш вистински не умираме, смртта е само рестартирање на животот со нови можности.rn

    Душата слободно патува во космосот

    rnСпоред научниците Стјуарт Хамероф и Роџер Пенроуз, одговорот на ова древно прашање лежи во одредени структури кои се наоѓаат во мозочните келии, а кои во себе носат информации кои даваат свест и не можат да бидат уништени. Според оваа теорија, кога телото умира, тие структури во мозочните келии ја губат квантната состојба, а информациите се ослободуваат и патуваат слободно низ универзумот. Ако лекарите успеат да го вратат телото во живот, тогаш и информациите се  враќаат во него, а човекот тоа го доживува како блиска средба со смртта.

  • Во кој имагинарен свет би живееле вие?

    Во кој имагинарен свет би живееле вие?

    Фантазијата и научната фантастика сè повеќе изгледаат како реалност поради напредокот на технологијата која ѝ дозволува брзо развивање. Тогаш зошто не би гледале на имагинарните светови како потенцијална иднина? Еве неколку примери од филмовите за кои научниците дале свое мислење колкави се шансите тие да бидат навистина нашата иднина. Нивните одговори се движеле од можни и оптимистични, па сè до тешко замисливи и чиста фантазија.rn
    rn

    Универзумот на Ѕвездените патеки

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Серијата „Ѕвездени патеки“ е преполна со наука и технологија која била инспирирана од различни генерации научници и инженери – патување побрзо од светлината, телепортација, светлосни оружја, универзални преведувачи, виртуелна реалност базирана на холограм технологија и мобилни комуникатори меѓу другото. Голем дел од оваа технологија всушност веќе е реалност, но од друга страна физичарите се сè уште далеку од дизајнирање на ворп погони со кои би можеле да патуваме каде што никој човек не бил претходно…rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Паркот Јура

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во „Паркот Јура“ научниците пронашле начин со помош на клонирање и користење античка ДНК од фосилите да ги вратат изумрените диносауруси во живот. Научниците често се скептични дека ДНК би можела да преживее толку долго време, а и да може не веруваат дека би било доволно од неа да се создадат организми. Сепак, новелистот Мајкл Крајтон вели дека е можно да се направи комбинација од парчиња античка ДНК со онаа од живите животни.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Галактичката република од „Војна на ѕвездите“

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во „Војна на ѕвездите“ бионички надградени карактери се борат со светлосно оружје и комуницираат преку холограми на нивните ѕвездени бродови. И секако, да не ја заборавиме „ѕвездата на смртта“ која има моќ за масовно уништување на цела планета. Овие филмови многу влијаеле врз развојот на науката и технологијата во реалниот живот. Но тоа што е потешко замисливо за научниците се микроскопските „медихлорини“ кои се наоѓаат во одредени личности, како и идејата дека Силата е физичка енергија која им овозможува телепатија, телекинеза и предвидување.rnrnМислење на научниците: тешко замисливоrn
    rn

    Светот на Нарнија

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Задниот дел од плакар во мал град во Англија води кон друг свет, Нарнија, каде што времето тече различно од Земјата и децата се здружуваат со лав кој зборува и со други митски суштества за да се борат против вештерка која може со помош на магија да ги претвори своите противници во камен. Фактот дека портал би можел да води кон друга планета каде што времето се движи на друг начин, веднаш ве потсетува на научна фантастика, но сепак серијата Нарнија никогаш не била базирана на наука.rnrnМислење на научниците: чиста фантазијаrn
    rn

    Универзумот на Фајрфлај

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според ТВ серијата „Фајрфлај“, луѓето мигрирале од Земјата и колонизирале систем со процесот наречен тераформирање (го направиле погоден за живот). Поделбите помеѓу богатите и сиромашните и цивилната војна предизвикале многу голем број луѓе да живеат во светови непогодни за живот и единствената технологија која ја поседувале била примитивна, на ниво на Стариот Запад. Во оваа серија гледаме научна фантастика во која нема роботи, вонземјани и бродови побрзи од светлината, но се сретнуваат и неколку необични елементи како телепатијата. Системот во кој луѓето живеат на некој начин малку ја предизвикува имагинацијата бидејќи се состои од 5 ѕвезди, 12-тина планети и стотици месечини.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Во Земјата на Оз

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Вртлог ја носи Дороти во место каде што се наоѓаат страшила, лавови и лимени луѓе кои имаат способност за зборување. Тие мора да отпатуваат до необичен град и таму да се соочат со вештерки. И покрај тоа што Ханс Моравек предложил да се „аплоадира“ мозокот во компјутер така што ќе се заменуваат еден неврон по друг со микрочипови кои ќе ја имаат истата функција, што многу наликува на преобразбата на лимениот човек, сепак летачките мајмуни не изгледаат како многу можно сценарио за иднината.rnrnМислење на научниците: чиста фантазијаrn
    rn

    Средната земја од Господарот на прстените

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во Средната земја, луѓето, џуџињата, хобитите и орките започнуваат војна во свет сличен на средновековниот во кој живеат огромни волци, орли, пајаци и други замислени суштества. И покрај тоа што научниците пробуваат да развијат некој вид наметка за невидливост, големи се шансите дека огромен огнен Балрог не би можел да постои во иднината.rnrnМислење на научниците: чиста фантазијаrn
    rn

    Матрикс

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според трилогијата „Матрикс“, војната помеѓу луѓето и роботите ја направиле планетата скоро непогодна за живот. Бидејќи веќе немале извор на енергија, роботите ги заробиле луѓето и со помош на нивните мозоци кои се приклучени за компјутерски имагинарни светови ги напојуваат своите генератори. Научниците полека напредуваат во областите на роботиката и виртуелната реалност, но сè уште се многу далеку од технологијата во филмот.rnrnМислење на научниците: тешко замисливоrn
    rn

    Пандора од Аватар

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Пандора е месечината од фиктивниот гасовит џин наречен Полифелмус, кој се наоѓа во бинарниот ѕвезден систем Алфа сентаури. Таму луѓето кои се наоружани со роботски егзоскелети се борат со хуманоидните вонземјани за рудниците со суперкондуктивни метали. Режисерот Џејмс Камерон, кој на времето бил претседател на научниот клуб во неговото училиште, се трудел скоро се во филмот да биде научно точно, но притоа признал и дека си дал малку поетска дозвола.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Светот на Јас, робот

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Иднината во филмот „Јас, робот“ е преполна со андроиди и други видови роботи кои ги следат трите закони на роботиката кои би требало да ги спречат во повредувањето на себеси и на другите додека им служеле на луѓето. Научниците полека развиваат роботи кои можат да одат како луѓето, кои во Јапонија веќе се употребуваат како дополнителна помош во некои области. Но, роботи со разум како луѓето сè уште не се реалност.rnrnМислење на научниците: можноrn
    rn

    Малцинскиот извештај

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според овој филм, полицијата се потпира на видовити кои можат да го предвидат злосторството пред тоа да се случи и на тој начин да го спречат. И покрај тоа што предвидувањето е сè уште само фантазија, режисерот Стивен Спилберг за овој филм вработил цел кадар футуристи кои создадоа слика за иднината од нивна гледна точка. Кога подобро ќе размислите, можеби предвидувањето и не е баш толку невозможно.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Универзумот на Ѕвездената порта

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?„Прстени“ со вонземско потекло служат како портали кои водат до далечни светови така што отвораат црвји дупки низ кои поминуваат нашите истражувачи. Тие многу често се соочуваат со вонземјани кои се претставуваат како веќе познатите египетски богови. И покрај тоа што научниците се согласуваат дека црвјите дупки теоретски постојат, тие велат дека воопшто не изгледаат како тие од оваа серија.rnrnМислење на научниците: трешко замисливоrn
    rn

    2001: Вселенска одисеја

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Вонземјаните си играат со еволуцијата на човековиот вид и зад нив оставаат артeфакти кои можат да ги пронаоѓаат астрономите низ вселената и со нив да трансформираат гасовити џинови во ѕвезди. И покрај тоа што поголемиот дел од приказната на Артур С. Кларк ви изгледа како фантазија тој вели, „Секоја доволно напредна технологија не се разликува многу од магијата“. Науката во филмот вклучува вештачка интелигенција, нуклеарна физика, орбитална механика, суспендирана анимација, видеофонија, колонизација на месечината и препознавањето на гласови. Голем број од овие технологии не се многу далеку од тоа што веќе можеме да го забележиме и во реалноста.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Терминатор

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во филмовите „Терминатор“, машините и луѓето постојано пробуваат „одново да ја напишат“ историјата, така што праќаат војници назад во времето за да ги убијат или заштитат историските личности. Сè уште постои голема дебата дали воопшто е возможно да се патува назад во времето и поголемиот број од научниците се многу скептични на оваа тема. Но, научниците не само што работат на создавање хуманоидни роботи, туку тие се обидуваат и да ги дизајнираат да изгледаат исто како човекот, што сугерира дека киборгот кој го игра Шварценегер можеби еден ден навистина ќе постои. Исто така има обиди за создавање и на релативно примитивни машини кои го менуваат својот облик.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrnrnДоколку би имале избор, во која иднина од овие би сакале да живеете вие?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нов универзум

    Нов универзум

    Автор: АнаrnrnИнтересен е начинот на којшто многумина размислуваат… Уште поинтересен е различниот свет на карактерни особини кој не опкружува. Имагинацијата на секој поединец понекогаш оди до такви нивоа на неверојатност што е невозможно да не се забележи, прочита, па многу често и да ни помогне… Книги. Неколку пати споменати во моите колумни, но ми се чини како никогаш да е доста… Толку различни содржини во толку различни форми… Класични, дигитални…rnrnЗа денес се одлучив да ви говорам за оние кои претставуваат уметност секоја за себе. Нивните содржини, некласично претставени пред вашите очи, создадени да ве забавуваат и да ви дадат друга перспектива на нивното веќе познато постоење. Одбрав неколку омилени за мене…rnrn„Tree of codes“ на Џонатан Сафран Фоер е дефинитивно прва за која ќе ви говорам. Оваа книга не само што ќе ви го збогати умот со уште неколку приказни, туку ќе ви овозможи и да ја преуредувате приказната која ја читате онака како што сакате. Нов универзумПрвично напишаната омилена приказна на Фоер: „Улицата на крокодилите“ од полскиот Автор Бруно Шулц , е преуредена на тој начин што се одземени делови од текстот, односно исечени делови и реченици на кои е оставено празно место, кое вам ви овозможува да ја создадете приказната по крој на вашата сопствена имагинација и желба, поставувајќи ги страните онака како што ви одговара… Неверојатно креативно и инспиративно, како што би рекол и самиот Фоер:rn.rn

    „Си помислив, што ако би отишле до таква екстрема и би создале, не нешто старомодно и носталгично, но едноставно убаво? Тоа ви помага да се потсетите колку може да ве изненади животот.“ – за интервју за Vanity Fa

    rn

    „I wonder“ е втората книга која ми остави прекрасен впечаток. Оваа книга можеби нема да им биде интересна на сите, но на оние кои се занимаваат со графички дизајн, би им била омилена „играчка“ . Полна со фасцинатни визуелизации, логика и убавина, оваа книга ви овозможува да направите слика користејќи зборови и знаци.Нов универзум„Alphabets“ е уште една книга која сигурно нема да ве остави рамнодушни. Визуелизацијата на буквите во оваа книга ја зема главната улога, која го задржува вашето внимание без никакво двоумење. Оваа книга ги претставува простите форми на буквите во една сосема друга рамка. Употребувајќи графички дизајн, прекрасна типографија, стари египетски хиероглифи, стари азбуки, разни објекти, буквите не се само букви во оваа книга… Тие се приказни.Нов универзум„The exquisite book“  е книга-парче уметност во буквална смисла на зборот. Создадена е од страна на врвни уметници кои играле игра. Се работи за 100 прекрасни слики поврзани меѓу себе кои 100 сликари ги создале играјќи колаборативна игра. Делата коишто ќе ги видите во оваа книга не само што се неверојатни, секоја со своја приказна за себе, туку претставуваат мост кој ќе ве пренесе преку целосната слика.Нов универзумСекоја книга со себе носи полни куфери со приказни, еден сосема различен свет од оној кој ние го знаеме. Секоја книга подарува многу повеќе од она што ние можеме да го забележиме. Креативноста, фантазијата, играта, се еден мал дел од она што се сретнува во нив. Читајте книги, драги мои, зашто кога би ги споиле сите книги на светот би создале сосема нов универзум.

    rnДо следно читање,rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnАна

  • На работ (Fringe)

    На работ (Fringe)

    Микс на случувања поврзани со паралелен универзум, морничави и необјаснети појави, кои се секојдневие на дивизијата FringernrnrnНа работ (Fringe)Главни ликови: Ана Торв, Џошуа Џексон, Ленс Редик, Блер Браун, Џон НобелrnrnЖанр: драма, хорор, мистерија, научна фантастикаrnrnВреметраење: 43 мин.rnrnПремиера: 9 септември 2008rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 3rnrnОфицијален веб-сајтrnrnОценка на IMDB: 8.8rnrnНаша оценка: 9.5rnrn_________________________________________________________________________________________rnFringe е Американска научна фантастика и претставува приказна која доловува многу необјасниви работи, мистериозни болести, луѓе со чудни моќи. Со еден збор извонредно. Тоа е серија која мора да почнете да ја гледате од почеток, со доволно внимание, бидејќи обработува повеќе дејства континуирано. Во спротивно, би се изгубиле. Во секоја епизода се случуваат работи кои се реткост (повеќето од нив и фикција) и се решаваат од страна на дивизијата Fringe , која пак се користи со напредни биотехнолошки средства. Моќ на читање на човечките мисли, контрола на временските услови, способност за активна и брза регенерација на сите делови на телото, се само мали делови во животите на специјалците кои се служат со Fringe-науката.rn————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Дивизијата Fringe, која е дел од Федералното Биро за истраги во Бостон, се состои од неколку исклучителни научници како Валтер Бишоп и неговиот син Питер, специјалниот агент Оливија Данам и нејзиниот соработник Филип Бројлс. Оваа посебна дивизија истражува случаи кои се на работ на науката што ние ја познаваме, случаи кои се движат од трансхуманистички експерименти кои не се успешни во целост, до тотално деструктивни технолошки достигнувања кои се опасност за два универзума. Дивизијата честопати работи и со компанијата наречена Massive Dynamic која е основана од поранешниот партнер на Валтер, Вилијам Бел.На работ (Fringe)Валтер Бишоп изобилува со интелигенција која често ја комбинира со хумор. Но, како што знаеме дека „генијалноста се граничи со лудило“, и овој случај не е исклучок. Пред да почне да работи за дивизијата Fringe, тој неколку години поминал во ментална институција. Тоа е така бидејќи тој го натерал својот колега да му извади неколку мали, ситни делови од неговиот мозок, бидејќи знаел премногу информации за премногу работи. Но, тоа довело до свои последици и така завршил во ментална установа. Тој во своите млади години правел недоволно проучени експерименти врз луѓе, третирајќи ги со лек кој би им ја зголемил мозочната активност.На работ (Fringe)Стигнуваме до главниот лик во приказната, Оливија Данам. Таа е едно од неколкуте деца третирани со Кортексафан, па затоа нејзината способност да поминува низ универзуми и не е толку неочекувана. Таа е потајно заљубена во Питер, кој секако е тука за да помогне во каква било истрага. Кулминацијата во приказната за оваа чудна наука е моментот кога Оливија ќе дознае дека Питер е всушност од другиот универзум, па многу од понатамошното дејство во серијата, ќе се случува токму таму. Па така, пораката која ја носи овој дел од приказната е: „Малите избори кои ги правиш можат да те дефинираат тебе како личност и воедно, да ги променат настаните на твојот живот во огромна мера“.На работ (Fringe)rn

    Цитати:rn.

    rn

    Валтер: Кога јас и Бел бевме млади, земавме големи количини на ЛСД.rnПитер (иронично): Навистина??? 🙂

    rn

    (08.00 – лабораторијата на Валтер)rnОливија: Што правите тука?rnВалтер: Се обидуваме да направиме портал за другиот универзум, а ти?

    rn

    Валтер: Зошто некој би убил научник? Па што му направивме ние на светот?rnБројлс: Сериозен си?

    rnНа работ (Fringe)rn

    Интересни факти за серијата:

    rn

      rn011

    • Кравата која се наоѓа во лабораторијата на Валтер се вика Џин.
    • rn011

    • Актерката Дајен Кригер, која е девојка на Џошуа Џексон, гостува во една од епизодите од втората сезона.
    • rn011

    • Продуцентката на приказната за филмот „Прекрасен ум“ е консултант-продуцент во Fringe.
    • rn011

    • Kреаторот на шоуто Џ.Џ. Абрамс е и креатор на популарната серија „Изгубени“ (Lost).
    • rn011

    • Налудничавиот Валтер (Џон Нобел) го глуми Денатор во „Господарот на прстените“.
    • rn

    rnНа работ (Fringe)Кога и како да ја гледате: Бидејќи серијата е склоп на нереалното, мистичното, морбидното и до некоја мера изопаченото, ако сте љубители на вакви фикции, ќе ви одговара секое време за да ја гледате. Обрнете и доволно внимание, внесете се во приказната, оставете таа да ве води низ светот на надреализмот и верувајте, нема да бидете разочарани.На работ (Fringe)Слични серии: Lost, X-files