КАФЕ ПАУЗА

Tag: уништување

  • Кои се четирите главни токсични особини кои можат да ја уништат љубовната врска?

    Кои се четирите главни токсични особини кои можат да ја уништат љубовната врска?

    Психолозите открија кои четири главни „токсични“ особини можат да ги „уништат“ односите.rnrnКои се четирите главни токсични особини кои можат да ја уништат љубовната врска?rn

    1. Критика

    rnПред сè, треба да знаете дека постои разлика помеѓу критики и приговори. Критиката претставува напад на личноста или некоја нејзина карактерна особина. Сосема е различно ако се жалите на нечие однесување кое ве мачи. Важно е да обрнете внимание на тонот и да размислите што сакате да кажете пред да проговорите.rn

    2. Презир

    rnПрезирот е јасен знак на непочитување на партнерот. Најчесто во текот на расправијата кажувате работи кои покажуваат презир кон партнерот и затоа е важно кога ќе почувствувате дека расправијата се вжештува, да се повлечете и да размислите за следниот чекор.rn

    3. Механизам за одбрана

    rnДруга карактеристика со која се борат паровите е механизмот за одбрана. Ако постојано наоѓате изговори, не преземате одговорност и се обвинувате еден со друг – тоа е дефанзивност. Отворената комуникација и активното слушање можат да направат разлика – наместо веднаш да се браните, слушајте што има да ви каже партнерот.rn

    4. Молчење

    rnОва се случува кога некое лице избегнува расправија и директно соочување со проблемот. На тој начин личноста смета дека ја прави вистинската работа за да ја смири ситуацијата. Но, ова на крајот доведува до тоа партнерите едноставно да веруваат дека другиот не се грижи доволно за да го реши проблемот со кој се соочуваат.rnrnОткако прочитавте за овие четири особини, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најчестите несигурности во една љубовна врска.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како да престанете да си го уништувате сопствениот живот?

    Како да престанете да си го уништувате сопствениот живот?

    Не секогаш животот е убав и совршен бидејќи одвреме-навреме наидувате на одредени пречки и предизвици. Меѓутоа, понекогаш вие самите правите одредени работи кои можат лесно да ви го уништат животот. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.rnrnКако да престанете да си го уништувате сопствениот живот?rn

    1. Премногу се плашите од промени.

    rnЕден од најлесните начини на кој можете да си го уништите животот е да им се спротивставите на промените. Повеќето од нас ќе се држат до вообичаениот начин на работа од 9 до 5 од страв дека ќе останат невработени или неуспешни. Имајте на ум дека успехот не се состои само во тоа да заработите пари и да живеете во голема куќа; успехот е да ја вршите вашата работа со страст. Ако секогаш се плашите да излезете од вашата комфорна зона, никогаш нема да можете да растете.rn

    2. Избирате погрешни луѓе во вашиот живот.

    rnПремногу сте возбудени поради врската која се одвива толку брзо, нели? Во денешно време, премногу лесно се вљубуваме и одљубуваме. Луѓето се заљубуваат кога им треба внимание од некого, кога им е здодевно, па така и вие: не ја барате вистинската љубов туку некој кој ќе ја пополни празнината во вашиот живот. Само кога ќе научите да се сакате себеси ќе можете да ја пронајдете вистинската љубов. Ќе бидете во состојба целосно да засакате друго човечко суштество само кога ќе се спознаете себеси и кога ќе ги прифатите вашите маани. Ако се плашите да се соочите со себе и да се сакате себеси, како можете да очекувате другите да го сторат истото?rn

    3. Сè уште сте заглавени во минатото.

    rnЛошите искуства се составен дел од сечиј живот, не можете да се движите низ животот без да добиете лузни. Можеби ќе ви биде тешко да ѝ верувате на личноста која навистина ве сака само затоа што некој во минатото ве изневерил и ви го скршил срцето правејќи да се чувствувате безвредно. Но, ова само ќе ве спречи да ги искусите добрите и чисти нешта во животот. Оставете го зад себе она што е кажано, почувствувано, направено и создадено. Единствениот начин на кој ќе бидете среќни во вашиот живот е да се фокусирате на сегашноста, наместо да жалите за минатото и да се грижите за иднината.rn

    4. Постојано се споредувате со другите.

    rnОва е една од најлошите работи што можете да си ги направите и еден од главните фактори за уништувањето на вашиот живот. Вашиот пријател има навистина добро платена работа, среќно семејство и убава куќа. Што имате вие? Живот полн со неуспеси, скршено срце и работа со која не сте задоволни. Ако вака гледате на вашиот живот, тогаш не сте размислувале за луѓето кои се наоѓаат во уште полоша ситуација. Доколку сакате да живеете среќен живот треба да бидете благодарни за сите работи што ги имате, наместо да се фокусирате на она што не го имате.rn

    5. Им дозволувате на други луѓе да го контролираат вашиот живот.

    rnКога ја препуштате контролата на вашиот живот во рацете на некој друг, ја испраќате пораката дека немате доверба во себе и повеќе би сакале некој друг да ги носи сите важни одлуки наместо вас. Имајте доверба во себе и запомнете дека вие најдобро се познавате себеси, затоа само вие самите треба да ги донесете одлуките. Живејте го животот онака како што вие знаете и умеете и не дозволувајте им на другите да ви кажуваат што треба и што не треба да правите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете да ги цените и да уживате во малите нешта во животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Овие работи може да ја уништат вашата машина за перење

    Овие работи може да ја уништат вашата машина за перење

    Ако не сакате вашата машина за перење да се расипе брзо, треба да бидете внимателни што ставате во неа. Ако сакате да заштедите време и пари, никогаш не ставајте ги овие работи во машината за перење.rnrnОвие работи може да ја уништат вашата машина за перењеrn

    1. Монети

    rnАко монетите завршат во машината за перење, може да направат голема штета. Ако поминат низ филтерот за време на перењето, тие може да завршат во пумпата за одвод и да ги уништат крилцата во одводот. Исто така, тие може да се заглават во цевката за одвод и да го блокираат испуштањето вода од машината за перење, а во ретки случаи може да го оштетат стаклото од вратата.rn

    2. Клучеви

    rnКлучевите никогаш не треба да завршат во машината за перење, па затоа добро проверете ги сите џебови пред да ги ставите фармерките во машината. Клучевите може да ја изгребат внатрешноста на машината и да го оштетат стаклениот дел од вратата.rn

    3. Градник со жици

    rnОсвен што жицата од градникот може да ја оштети другата облека, може да ја уништи и гумата на машината за перење.rn

    4. Влакна од домашни миленици

    rnВлакната од вашето домашно милениче може да ја оштетат машината за перење бидејќи може да се залепат на барабанот или да го заглават одводот.rn

    5. Патики

    rnНикогаш не перете ги патиките во машината за перење. Не само заради машината, туку и заради самите нив. Дури и кога ги перете на 40 степени, тие се намалуваат.rn

    6. Водоотпорна облека

    rnПерењето водоотпорна облека воопшто не е добро, бидејќи водоотпорниот материјал може да задржи вода во себе. Ако таа вода одеднаш се исцеди, се создава неурамнотежена состојба во барабанот што може да резултира со дефект на машината за перење.rnrnПогледнете го овој одличен трик како да го исчистите филтерот од машината за перење.

  • 11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоа

    11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоа

    Секоја личност сака да биде почитувана и ценета од семејството, од пријателите и од колегите. Но, понекогаш, сами ги уништувате сите напори што сте ги вложиле за да ја изградите вашата репутација преку невнимателно кажани зборови или преку начин на однесување што изгледа безопасно. Меѓутоа, луѓето околу вас ги толкуваат тие сигнали на свој начин. Во продолжение прочитајте во кои ситуации се девалвирате, дури и без да забележите.rn

    1. Емоционална уцена

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnОвие прашања се сметаат за емоционална уцена и ги тераат луѓето да го потврдат она што веќе го кажале. Обично ги нервира луѓето, иако вие не го забележувате тоа. Обидете се да внимавате што зборувате и да го замените „Сериозно?“ со нешто посоодветно.rn

    2. Лицемерие

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnАко му кажете „не“ на некого, направете го тоа внимателно, но бидете јасни. Ако почнете да ја фалите личноста и ако ѝ кажете колку е добра, тоа само ќе ја влоши ситуацијата.rn

    3. Се обидувате да се ослободите од целата одговорност

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnОвде станува збор за луѓето кои „никогаш не се виновни“. Тие се обидуваат да избегаат од какви било сомнежи пред да бидат обвинети за што било. Покрај тоа, ова однесување значи дека лицето е навистина несигурно. Не можат да ви веруваат и не ве почитуваат затоа што не сте во можност да преземете одговорност.rn

    4. Постојано глумите дека сте навредени

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnЛицето кое секогаш се однесува навредено или љубоморно без причина веќе не се смета за рамноправно со другите, туку се третира како дете кое не може да ги контролира сопствените емоции. Исто така, покажува несигурност, што воопшто не е добро.rn

    5. Зборување за туѓите проблеми и игнорирање на своите

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnПостојат луѓе кои не сакаат да зборуваат за своите проблеми и тоа е нивно право. Но, ако сакате да зборувате за вашите проблеми, тоа е во ред. Не плашете се да им кажувате за вашите проблеми на луѓето кои се обидуваат да ги растоварат своите проблеми врз вас затоа што ќе се уморите од тоа, а луѓето ќе се навикнат да бидете слушател.rn

    6. Користење на зборот „обично“ како изговор

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnОвој збор се користи за да се обидете да ги направите вашите грешки да не изгледаат толку сериозни. Но, овие изговори изгледаат патетично и само ги иритираат луѓето. Подобро е да се извините за вашите грешки без многу изговори.rn

    7. Непочитување на сопствените желби

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnАко некој постојано ги игнорира сопствените желби и потреби поради несигурност или поради туѓите проблеми, другите луѓе исто така ќе започнат да ги игнорираат неговите желби. Направете го она што сакате да го направите ако тоа не претставува проблем за другите луѓе.rn

    8. Постојано сте незадоволни

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnСите се изморени и иритирани одвреме-навреме, но има луѓе кои секогаш се во ваква состојба. Никој не сака да биде пријател со вакви луѓе. Негативноста не привлекува луѓе. Исто така, овие луѓе се несреќни „деца“ со кои е тешко да се комуницира.rn

    9. Генерализирани обвинувања

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnПонекогаш, среде расправија, може да кажете нешто глупаво. Но, треба да размислите многу внимателно за тоа што сакате да го кажете. Бидете конкретни и објаснете како се чувствувате. Генерализираните обвинувања звучат како да немате што да кажете, туку сакате само расправија.rn

    10. Се потценувате кога зборувате за себе

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnНавидум безопасните зборови што ги кажувате кога разговарате со вашите пријатели можат да ве девалвираат во очите на другите луѓе. Обидете се да не користите зборови како „прасе“, „дебел“, „глупав“ и сл.rn

    11. Користите фрази од кои луѓето се навистина уморни

    rn11 начини на кои си ја уништувате репутацијата без да бидете свесни за тоаrnrnЛуѓето со кои зборувате веројатно ги имаат слушнато овие зборови многупати, така што тие всушност не значат ништо. Иритирачки е да се слушне такво нешто и тоа значи дека веројатно не знаете што друго да кажете. Па, ако немате што друго да кажете, не кажувајте ништо. Тоа е подобро отколку да ги кажувате истите фрази само за да кажете нешто.rnrnПогледнете кои знаци покажуваат дека луѓето нема да ви дозволат да се однесувате лошо кон нив.

  • Како секој хороскопски знак ги уништува врската или бракот, а не е ни свесен за тоа?

    Како секој хороскопски знак ги уништува врската или бракот, а не е ни свесен за тоа?

    Можеби недостатоците во врската ви изгледаат незначајни на почетокот, но тие со текот на времето стануваат сè поважни, што на крајот може да доведе до раскинување. Прочитајте кои се негативните карактеристики на секој хороскопски знак што ги уништуваат дури и најсилните односи.rnrnКако секој хороскопски знак ги уништува врската или бракот, а не е ни свесен за тоа?rn

    Овен: Дозволувате вашиот гнев да ве контролира

    rnКога ќе се налути, Овенот кажува сè што му паѓа на памет без да размислува за последиците, заборавајќи дека еднаш изговорените зборови не можат да се повлечат.rnrnДа се лутите е во ред, но во умерени количини. Ако дозволувате да ве обзема бес секој пат кога ќе се расправате со некого, на крајот ќе ја доведете вашата врска со саканата личност до точка од која нема враќање.rnrnЗатоа, престанете да бидете лути цело време и одвојте време за размислување. Ако смирено им пристапувате на расправиите и на дискусиите, ќе видите дека полесно ќе ја решите спорната ситуација.rn

    Бик: Секогаш негодувате за нешто

    rnБикот може да ѝ наштети на својата врска со тоа што постојано се лути и постојано негодува за нешто. Најголемиот недостаток на припадниците на овој хороскопски знак е тоа што тие се лутат на некого или на нешто како животот да им зависи од тоа.rnrnАко го повредите Бикот, тој никогаш нема да го заборави тоа и нема да ви прости.rnrnИако потиснувањето на емоциите е погрешно, тоа не значи дека треба да се повредувате себеси со старите рани. Обидете се да ја следите мантрата „простете и заборавете“. Ова можеби звучи како предизвик, но ако сакате стабилна и долготрајна врска, сигурно ќе ја совладате.rn

    Близнаци: Никогаш не го слушате партнерот

    rnБлизнаците речиси никогаш не го слушаат својот партнер иако комуникацијата е една од најважните работи кога станува збор за создавањето силна врска. За жал, Близнаците често го забораваат тоа.rnrnЗа врската да биде успешна, двајцата партнери треба да слушнат што треба да каже другиот, особено кога станува збор за нивните мислења и чувства. Сепак, Близнаците имаат тенденција да зборуваат само за себе и за своите проблеми. Тие можат да претворат сè во приказна за себе, честопати заборавајќи дека на нивниот партнер му е потребна емоционална и ментална поддршка.rnrnЗатоа, треба да се обидете да ги слушате повеќе оние за кои се грижите. Фокусирајте се на потребите на вашиот партнер. Обидете се да разберете што се обидува да ви каже и да работите на тоа. Имајте на ум дека понекогаш е доволно само да имате некој што ќе ве слуша за да се чувствувате подобро.rn

    Рак: Сè сфаќате лично

    rnРакот негативно влијае на својата врска така што сè сфаќа лично. Личностите родени во овој хороскопски знак се чувствителни, но иако ова е позитивна карактеристика во повеќето случаи, таа може да стане негативна со текот на времето бидејќи постои многу тенка линија помеѓу чувствителноста и пречувствителноста.rnrnАко дозволите дури и најмалите детали да влијаат на вашите емоции, вие всушност барате од партнерот да биде постојано внимателен кога е околу вас, што може да предизвика замор и фрустрации.rnrnНе се вознемирувајте за ситници и обидете се да станете ментално посилни. Ова не само што ќе ја спаси вашата врска, туку и ќе го натера вашиот партнер повеќе да ве цени и да ве почитува.rn

    Лав: Вие сте многу доминантни по природа

    rnСвојата врска можете да ја уништите ако постојано доминирате. Во вашата природа ви е да бидете главни, а тоа е веројатно најголемата причина зошто вашите врски не траат долго.rnrnДа бидете бестрашни и постојано да заповедувате може да бидат привлечни особини, но не и кога партнерот се чувствува потценет поради тоа.rnrnАко поголемиот дел од времето сакате сè да биде по ваше без да размислувате за партнерот, запрашајте се како би се чувствувале ако ситуацијата е обратна?rnrnПотрудете се да го ставите партнерот на прво место и фокусирајте се на она што тој го сака од вас. Не мора целосно да ја жртвувате вашата потреба да бидете главни, но ако сакате среќна и долга врска, тогаш вашиот партнер е императив и треба да го третирате како да сте еднакви.rn

    Девица: Мислите дека сте најпаметната личност на светот

    rnДевиците мислат дека знаат сè и тоа може да има негативно влијание врз односите со луѓето, вклучувајќи го и партнерот. Девиците по природа се паметни и интелигентни личности, но тоа понекогаш може да има лоши последици.rnrnАко постојано го омаловажувате вашиот партнер и никогаш не го земате предвид неговото мислење, ја загрозувате вашата врска.rnrnПотрудете се да ги слушнете другите што имаат да кажат и научете да ги прифаќате туѓите мислења затоа што вие не сте секогаш единствените кои се во право. Ќе бидете изненадени кога работите ќе почнат да се подобруваат.rn

    Вага: Ги потиснувате вашите емоции

    rnВагите генерално се однесуваат како зрели индивидуи, но во негативни ситуации тие знаат да ги потиснат своите чувства и да се преправаат дека сè е во ред. Тоа не само што има негативен ефект врз нивната психа, туку може да има негативно влијание и врз партнерот.rnrnСосема е нормално работите да тргнат наопаку и да не бидат постојано совршени. Сепак, потиснувањето на емоциите никогаш не може да биде корисно и ќе направи повеќе штета отколку корист.rnrnАко не му кажете на партнерот што ви се случува во главата и во срцето, тогаш како ќе го решите тоа?rn

    Скорпија: Постојано велите „не“

    rnСкорпиите може да ја уништат својата врска затоа што постојано кажуваат „не“ на сè. Оваа навика ќе го натера партнерот да мисли дека сте негативна личност.rnrnИсто така, треба да размислите за чувствата на другите луѓе пред да кажете „не“. Ако вашиот партнер сака да проба нешто ново, би можеле да попуштите само за да го израдувате. Дури и ако не е нешто што вие го сакате, можете да направите компромис за да го направите среќен.rn

    Стрелец: Се обидувате да избегате од секоја врска

    rnСтрелецот постојано се обидува да најде начин за излез од врската и секогаш бара изговори за да ја прекине наместо да вложува напори и да се потруди да ја направи успешна. Стрелците може да ги истакнат сите негативни страни на врската и да ги искористат како причина за раскинување.rnrnМеѓучовечките односи понекогаш може да бидат тешки, но не треба да се фокусирате само на негативните страни.rnrnСтрелците по природа се оптимисти, така што ќе биде добро да бидат оптимисти и за својата врска.rn

    Јарец: Постојано критикувате

    rnЈарецот е познат по тоа што има остар јазик, но понекогаш заборава како тоа може да влијае на другите. Добро ги проценуваат врската и партнерот и ги забележуваат дури и најмалите грешки, не сфаќајќи дека никој не е совршен, дури ни самите тие.rnrnАко имате премногу големи очекувања од партнерот и ако го критикувате за секој чекор, тоа нема да ви помогне да ја одржувате врската. Престанете да го критикувате партнерот цело време и научете да го цените.rn

    Водолија: Знаете да бидете исклучително повлечени и ладни

    rnАко партнерот ви побара совет или емотивна поддршка, вашата студена природа може да ја влоши врската со него.rnrnИмајте на ум дека секоја личност има потреба од поддршка и дека вие како партнер треба да ја дадете таа поддршка. Дури и ако се чувствувате непријатно, важно е вашиот партнер да знае дека вие секогаш ќе бидете тука за него.rn

    Риби: Постојано се жалите

    rnАко постојано се жалите и никогаш не ги прифаќате решенијата што ви ги нуди некој друг, тоа може да биде штетно за вашата врска. Можете ли да замислите колку е фрустрирачки за вашиот партнер ако постојано слуша како се жалите од него?rnrnНаместо да се фокусирате на негативните работи, обидете се да се фокусирате на позитивните. Ова ќе ви помогне да најдете решение за вашите проблеми, а исто така ќе знаете дека вашиот партнер не се чувствува постојано негативно и под притисок.rnrnПрочитајте што прави секој хороскопски знак кога се сомнева во врската.

  • 4 работи што го уништуваат вашиот омилен накит

    4 работи што го уништуваат вашиот омилен накит

    Секоја жена има парче накит што многу го сака и често го носи. Меѓутоа, треба да внимавате на накитот и да имате предвид кои работи го уништуваат. Можеби некои парчиња накит ви се толку омилени што сакате постојано да ги носите. Но, овие четири работи може да го оштетат вашиот накит.rnrn4 работи што го уништуваат вашиот омилен накитrn

    1. Вежбање

    rnОдењето на тренинг одма по работното време дефинитивно ви заштедува време. Но, накитот најчесто го заборавате на вас. Ризикот од повреда е само една од причините. Освен тоа, потта и накитот не се трпат. Не само затоа што накитот може брзо да се изгребе, туку и потта го менува изгледот на накитот. Најдобро е секогаш да носите кутија за накит за да можете да го ставите целиот накит во неа. На тој начин, накитот нема да се заплетка дури ни на дното на спортската торба.rn

    2. Пливање и сончање

    rnНакитот изгледа одлично со бикини и секако дека ќе го носите, но не правете го тоа повторно по две недели одмор. Имено, сонцето не е добро за накитот. Масивниот златен накит не го поднесува сонцето, но ниту позлатените ланчиња и обетки.rn

    3. Шминка

    rnКога нанесувате шминка на лицето, можеби не сте толку внимателни колку што треба да бидете. По шминкањето, брзо ќе забележите дека накитот е извалкан. Имено, за време на шминкањето, често со четките ќе стигнете до вашите обетки без да го забележите тоа. Затоа, накитот треба да го ставите по шминкањето и по стилизирањето на косата.rn

    4. Парфеми

    rnИстото важи и за парфемите. Многумина имаат навика да го нанесат парфемот на крајот, но не правете го тоа. Алкохолот од парфемите може само да ја оштети бојата на накитот. Исто така, не треба да ставате парфем на златниот накит ако сакате да ви изгледа како нов.rnrnПрочитајте кои козметички производи треба да ги исфрлите од вашиот несесер ако имате над 30 години.

  • Еве како хороскопските знаци се уништуваат себеси, а не се ни свесни за тоа

    Еве како хороскопските знаци се уништуваат себеси, а не се ни свесни за тоа

    Бикот е премногу фокусиран на контролата и тука започнуваат неговите проблеми. Тој нема да може да живее со полни гради сè додека не сфати дека одредени работи во животот не можат да се променат. Јарецот се однесува кон својот живот како кон ривал и се споредува со другите луѓе, наместо да се погледне себеси во огледало.rnrnЕве како хороскопските знаци се уништуваат себеси, а не се ни свесни за тоаrn

    Овен

    rnГо уништувате својот живот со негативност и со песимизам. Брзо го губите разумот, а тоа може да ве чини живот. Вие дозволувате негативните работи да влијаат на вас и им дозволувате на лошите луѓе да ви станат драги.rnrnНаучете како да го контролирате гневот и сфатете дека ниедна работи на овој свет не вреди толку за да се грижите премногу.rn

    Бик

    rnПремногу сте фокусирани на контролата и тука започнуваат вашите проблеми. Вие нема да можете да живеете со полни гради сè додека не сфатите дека некои работи во животот не можат да се променат.rnrnПонекогаш е потребно да попуштите. Секогаш сте преокупирани со себе, што може да има негативно влијание врз вашиот живот.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците имаат тенденција да си го уништуваат животот со тоа што не можат да ја напуштат својата удобна зона. Тие не сакаат да се променат затоа што веруваат дека промените носат само негативни работи и дека монотонијата е добра.rnrnНо, вие не сфаќате дека нема напредок без промени и дека ако продолжите да се однесувате исто, никогаш нема да пораснете како личност.rn

    Рак

    rnПроблемот на Ракот е во тоа што тој е премногу грижлив и чувствителен кон другите. Овие личности секогаш размислуваат за чувствата, за емоциите и за благосостојбата на другите. Тоа е добра карактеристика што треба да ја има секоја личност, но вие обично претерувате и затоа им дозволувате на другите да ви се качуваат на глава.rnrnНа крајот, сите ќе успеат, а вие ќе останете на дното.rn

    Лав

    rnЛавовите малку наликуваат на роботи. Тие веруваат дека е добро што не покажуваат емоции, но тоа не е вистина.rnrnНедостатокот на емоции ве отуѓува од другите, а само тие можат да ве вратат во живот. Запомнете дека сите односи се засноваат на чувства. Покажете дека сте човечко битие.rn

    Девица

    rnПремногу сте строги кон себе и мислите дека самите сте виновни за сè, а со тоа го потценувате вашето самопочитување. Ви се чини дека сите ваши недостатоци произлегуваат од вашата неспособност и просечност.rnrnВие не можете да разберете дека успехот и неуспехот зависат од многу фактори и поради тоа не треба да се обвинувате себеси.rn

    Вага

    rnЖивеете за другите и им дозволувате дури и на туѓинците да ве понижуваат со остри зборови и забелешки. Сите ваши постапки се со цел да ги задоволат или да ги импресионираат другите, иако во реалноста тие личности се премногу насочени кон својот сопствен живот и не ве забележуваат.rnrnСо оглед на тоа што сте Вага, мора да научите да се цените себеси врз основа на вашите сопствени стандарди, а не да се водите според ставовите на другите.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите треба да започнат да се сакаат себеси малку повеќе. Престанете да ја намалувате вредноста на она што го правите. Нема ништо лошо во тоа да си угодувате себеси.rnrnСите треба да се грижиме за себе, особено во ова немилосрдно време.rn

    Стрелец

    rnПорано или подоцна, стравот од неуспех ќе го предизвика вашиот колапс. Убедени сте дека ќе успее во сè што сте замислиле. Но, не разбирате дека само ризикот носи успех.rnrnНе смеете да дозволите стравот да ви го уништи уживањето во животот. Поразете ги вашите стравови и сфатете колку сте навистина силни.rn

    Јарец

    rnСе однесувате кон животот како кон свој ривал и одвреме-навреме се споредувате со другите луѓе, иако наместо тоа, треба да се погледнете себеси во огледало.rnrnФактот што другите луѓе постигнале многу повеќе од вас, не ве прави полоши од нив. Престанете да ги набљудувате другите луѓе и погледнете се себеси.rn

    Водолија

    rnЗаглавени сте во минатото, иако треба да сфатите дека досегашните грешки не ја одредуваат иднината на една личност.rnrnОднесувајте се кон секој нов ден како кон празен лист. Престанете да се вртите наназад, живејте во сегашноста и гледајте кон иднината.rn

    Риби

    rnВие сте опкружени со лошо друштво. Престанете да комуницирате со оние кои не ви дозволуваат да се развивате и пронајдете нормални пријатели.rnrnВо спротивно, никогаш нема да можете целосно да го искористите вашиот прекрасен потенцијал.rnrnМожеби сакате да дознаете и кои 5 хороскопски знаци можат да се справат со стресни ситуации.

  • Од 1970-та година до сега, уништени се 60% од дивиот свет

    Од 1970-та година до сега, уништени се 60% од дивиот свет

    Научниците ширум светот го предупредија човештвото во полугодишниот извештај за намалување на биодиверзитетот на Земјата. Според извештајот, околу 60% од сите цицачи, птици, риби и влекачи се уништени од човечки фактори од 1970-та година до денес.rnrnОд 1970-та година до сега, уништени се 60% од дивиот светrn

    „Она што станува појасно е дека човечкиот развој и здравје зависат од здрав природен систем. Не можеме да уживаме во едното без другото.“ – Светскиот фонд за див свет

    rnСветскиот фонд за див свет детално покажува како неконтролираното консумирање на земјата, храната и природните ресурси од страна на луѓето отстранило поголем дел од дивиот свет на планетата. Ова претставува закана како за животните, така и за човечката цивилизација.“rn

    „Слепо се движиме кон работ од карпата. Ако имаше исчезнување на 60% од човечката популација, тоа би било како да ги испразните Северна Америка, Јужна Америка, Африка, Европа, Кина и Океанија. Ете колку штета сме направиле“, изјавил Мајк Берет, директор за наука и конзервација во Светскиот фонд за див свет.

    rnКитовите убијци биле именувани како вид кој е во најголема опасност од истребување поради изложеност на хемикалии користени од луѓето. Светот од слатката вода и животните во Централна и Јужна Америка страдаат најмногу од човечката активност во изминативе пет децении.rn

    „Намалувањето на популацијата на животни е особено изразена во тропските предели. Најголемо намалување има во Јужна и Централна Америка – загуба од 89% во споредба со 1970-та година. Видовите од слатките води исто така се со намален број, односно 83% од 1970-та година.“

    rnУништувањето на живеалиштата во дивиот свет е најголемата причина за истребувањето бидејќи моментално луѓето користат околу три четвртини од површината на Земјата за агрикултура, индустрија и други намени. Масовното убивање на животните за храна е втората најголема причина за истребувањето и околу 300 видови цицачи се „изедени до истребување“.rn

    „Ова е класичен пример каде што исчезнувањето е резултат од нашето консумирање.“

    rnИстражувањето нагласува дека има потреба од промена не затоа што идните генерации нема да можат да видат животни како слонови, поларни мечки и други загрозени видови, туку дека преживувањето на екосистемот на планетата е клучно за опстанокот на човекот.rn

    „Природата придонесува за човечкото здравје културно и духовно, како и со производството на храна, чиста вода и енергија и контролирајќи ја климата, загадувањето и поплавите на Земјата. Извештајот јасно покажува дека човечката активност ја уништува природата со неприфатлива брзина, заканувајќи им се на сегашните и на идните генерации“, изјавил професор Роберт Вотсон кој работел на истражувањето.rnrn„Природата не е само убаво да ја имаме, таа е нашиот систем за животна поддршка.“

    rnМногу научници веруваат дека истражувањата од овој вид ни покажуваат дека нè чека шесто масовно истребување – теорија според која Земјата ќе се соочи со првото масовно истребување предизвикано од само еден вид што ја населува. Губењето на целиот живот на Земјата би можело да настане како комбинација од последиците од човечката активност, вклучувајќи и затоплување на планетата и губење на биодиверзитетот.rn

    „Големото забрзување и брзите социјални, економски и еколошки промени што ги има предизвикано, ни покажуваат дека сме сред голем пресврт. Некои од овие промени се позитивни, некои негативни, а сите тие се поврзани.“

    rnПогледнете и кои видови храна ѝ штетат на природата повеќе отколку што мислите.

  • 5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

    5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваат

    Речиси и да не постои човек којшто не сака да патува, да истражува и да запознава нови, прекрасни дестинации ширум светот, но за жал тоа нè става во категоријата туристи. Туристите најчесто се сметаат за досадни од страна на локалните жители, бидејќи тие ја зголемуваат густината на населението, ги пренатрупуваат улиците, а некои знаат и да искажат непочитување кон историските обележја. И покрај тоа што туристите можат да ја подобрат економската состојба на многу места, за жал со самото растење на популарноста на одредени дестинации, во пакет доаѓаат и некои негативни последици. Еве во кои 6 дестинации, е направена штета поради преголемата посетеност на туристи.rn

    1. Венеција, Италија

    rn5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваатrnrnОвој идиличен ренесансен град, познат по неговата прекрасна архитектура и канали, стана толку затрупан со туристи поради што голем број значајни историски знаменитости станаа недостапни. Венеција ја посетуваат повеќе од 80.000 туристи годишно и локалните жители не се среќни со тој факт. Околу 2.000 жители годишно се иселуваат од овој град и ако продолжат да го прават тоа, постојат шанси туристите комплетно да завладеат со областа. Дел од проблемот е вознемирувачкиот број на бродови коишто пловат по каналот Џудека 4-5 пати дневно, а создаваат бучава и испуштаат многу емисии на гас, коишто ги вознемируваат жителите. Воедно, градот нема толку многу сместувачки капацитети за да ги смести бројните туристи. Со сè поголемиот број на хотели коишто никнуваат низ градот, многу локални жители не можат ни да најдат место за живеење.rn

    2. Големите пирамиди во Египет

    rn5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваатrnrnДодека посетата на едно од седумте светски чуда е разбирливо да стои во вашата листа на патувања, тажната вистина е тоа што Големите пирамиди може нема да постојат уште премногу долго време. Поради изминатите бројни децении поминати во огромен метеж, пирамидите и Сфингата претрпеле непоправлива штета од ерозија. Тие се толку древни, па каков било обид да се поправи настанатата штета може само да ја влоши нивната состојба.rn

    3. Островите Фи Фи, на Тајланд

    rnrnrnЖивописниот залив и плажите на островите Фи Фи привлекуваат околу 5.000 туристи секој ден, коишто пристигнуваат со шатл-бродови од ресортите на копно во Краби и Пукет. Постојаниот бродски сообраќај се заканува да ги уништи коралните гребени околу островите. Поради тоа, оваа година тајландските власти соопштија дека привремено ќе ја затворат плажата Маја Беј во периодот од јули до септември, којашто се популаризираше со филмот „Плажа“, со Леонардо ди Каприо во главната улога. На овој начин, тие се обидуваат на гребените да им дадат шанса да закрепнат од штетите. Пред 20 години, многу малку луѓе имаа слушнато за овие острови и тие навистина беа „далечен рај на Земјата“. Денес, островите Фи Фи се мета на многу туристи, на коишто им е најважно да направат селфи-фотографии, а тоа оди на штета на екосистемот.rn

    4. Мачу Пикчу, Перу

    rn5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваатrnrnНа историскиот археолошки локалитет Мачу Пикчу, исто така му се заканува опасност, но не само од туристи туку и од природни катастрофи како што се лизгањето на земјиштето и пожарите. Проблемот се состои во тоа што властите на Перу, немаат ресурси за да можат да предвидат кога ќе се случи лизгањето или пожарите, поради што посетителите се ставени на ризик. Како и со секој друг археолошки локалитет, така и тука, неконтролираниот туризам претставува закана за интегритетот на урнатините. Луис Лумбрерас, независен археолог којшто ги проучувал урнатините, повеќе од 40 години има изјавено: Мачу Пикчу никогаш не беше наменет за голем број луѓе… Ако на него ставиме туристи со чизми, коишто скокаат, трчаат, се искачуваат и слично… тоа е опасно.“rn

    5. Санторини, Грција

    rn5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваатrnrnПознатиот „Остров на љубовта“ Санторини привлекува повеќе од 2 милиони туристи годишно, што е 130 пати повеќе од бројот на локалното население (15.500 жители), коишто доаѓаат да уживаат во беспрекорните плажи и фантастичната грчка архитектура. Проблемот се состои во тоа што масовниот број на туристи ги трошат природните ресурсите што ги има островот, како што е водата. Санторини едноставно нема инфраструктура и услуги коишто можат да ги задоволат сите тие туристи.rnrnИсто така, трошоците за живот се имаат зголемено, па на работничката класа ѝ е сè потешко да најде место за живеење коешто ќе може финансиски да си го дозволи. Ова делумно се должи на фактот дека сопствениците на имоти почнаа сè повеќе да ги изнајмуваат нивните соби преку сервисот „Airbnb“ поради што поскапува изнајмувањето место и станува недостапно за постојаните жители. Со бројка од над 70.000 луѓе туристи коишто пристигнуваат секој ден во текот на високата сезона, на локалните жители им претставува проблем да бидат домаќини на толку голема толпа од луѓе, одеднаш.rn

    6. Островот на свињите, на Бахами

    rn5 популарни светски дестинации кои туристите секојдневно ги уништуваатrnrnВеројатно досега сте слушнале за Островот на свињите „Pig Beach“, официјално познат под името Биг Мејџор Кеј, кој е еден од 365-те острови во областа Ексума, на Бахамите?! Овој остров привлекува многу туристи, коишто се во потрага по уникатен тропски рај, во којшто свињите слободно пливаат. Пливањето и милувањето на овие пријателски настроени свињи беше навистина забавна активност, сè до моментот кога тие започнаа да умираат од туристи коишто ги прејадувале со храна. Се вели дека останале уште само 15 на островот. Свињите на овој остров имаат специјална исхрана, којашто дефинитивно не вклучува пиво и рум, а познато е дека туристите им нуделе алкохол, а дури се обидувале и да ги јаваат.rnrnПрочитајте ги и овие 7 работи кои никако не треба да ги правите како туристи.

  • 15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

    15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

    Факт е дека во еден момент нашата планета ќе биде уништена. Иако е малку застрашувачки, судниот ден е тема во многу книги и филмови со генерации. Но какво е мислењето на експертите на ова тема? Постојат неколку начини на кои планетата би можела да се уништи, а човештвото можеби и нема да сведочи на тој настан. Постои верување дека човештвото самото ќе се уништи долго пред Земјата да биде уништена од нешто друго. Во продолжение погледнете некои од најпознатите идеи за тоа како би изгледал крајот на Земјата и на човештвото.rn

    1. Удар од астероид

    rn15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвотоrn

    Шансите да бидете убиени од астероид се 1 во 74.817.414.

    rnСе верува дека удар од астероид е виновен за уништувањето на диносаурусите. А постои голема шанса тоа да биде и нашиот крај. Всушност, Земјата секојдневно е бомбардирана од астероиди кои не се доволно големи за да предизвикаат штета. Но, евентуално ќе се појави и некој голем, па прашањето е дали дотогаш ќе ја имаме потребната технологија за да се одбраниме.rn

    2. Зголемување на сонцето

    rn15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвотоrn

    Масата на сонцето ќе ја стигне моменталната орбита на Земјата за 7,5 милијарди години.

    rnВо еден момент сонцето ќе се зголеми толку многу што ќе ја проголта Земјата. Се претпоставува дека ова ќе се случи за 7,5 милијарди години. Најверојатно човештвото дотогаш ќе го нема и Земјата ќе биде ненаселилва планета долго пред сонцето да ја уништи.rn

    3. Црна дупка или планетата

    rn15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвотоrn

    Постојат многу работи кои „пловат“ низ вселената, па само прашање на време е кога нешто ќе се судри со Земјата.

    rnМожеби астероидите се страшни, но не колку црните дупки или планетите. Сепак, веројатноста да се судриме со планета или црна дупка е премногу мала.rn

    4. Нуклеарна војна

    rn15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвотоrn

    Моментално постои можност од 10% да избие нуклеарна војна со Северна Кореја.

    rnОваа закана е премногу реална. Нуклеарната војна е закана која постои од 1940-тите, и иако денес е помирно, светот повторно е во страв откако Северна Кореја доби свое нуклеарно оружје.rn

    5. Вештачка интелигенција

    rn15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвотоrn

    Некои експерти се загрижени за вештачката интелигенција, додека други сметаат дека нашите стравови се нереални.

    rnИ оваа потенцијална закана станува сè пореална. Како што вештачката интелигенција напредува, така се зголемуваат шансите да одбие да ги следи наредбите на луѓето. Иако постои можност да се случи ова, многу експерти сметаат дека заканата не е воопшто голема колку што сметаат луѓето.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn