КАФЕ ПАУЗА

Tag: уништување

  • 4 работи кои треба да ги запомните кога мислите дека вашиот живот е уништен

    4 работи кои треба да ги запомните кога мислите дека вашиот живот е уништен

    Се случува нешто навистина чудно кога од деца стануваме адолесценти, а потоа возрасни. Детето кое еднаш немало никакви грижи и кое можело да ги помине сите пречки се менува многу кога расте.rnrn4-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnete-koga-mislite-deka-vashiot-zhivot-e-unishten-kafepauza.mkrnrnИзгледа дека само што влегуваме во „тинејџерски“ години, почнуваат проблемите. Чувствуваме стрес, се грижиме, се плашиме и сме опседнати со некои работи. Почнуваме да анализираме, и тоа премногу. Можете да кажете дека животот станува потежок со текот на годините. Имаме повеќе одговорности, сметки кои треба да се платат, деца за кои треба да се грижиме и врски кои треба да се одржуваат. Но дали стресот е навистина природен? Дали навистина има потреба толку многу да се грижиме за сè? Во продолжение прочитајте ги 4-те причини кои ќе ви докажат дека никогаш не можете да го уништите вашиот живот.rn

    1. Еден е сите, и сите се еден

    rnПостои само едно нешто кое постои. Од ова постоење се родени сите други нешта. Наречете го Бог, универзум, изворна енергија или свест, но кога ќе сфатите дека сите сме манифестација од тоа едно нешто ќе ви стане јасно дека не можете да застраните од „божествениот ред“. Вашиот пат можеби нема да биде лесен, но сето она што се случило, се случило со причина. По некое време можеби ќе ви биде јасно зошто се случило тоа, а може и никогаш нема да дознаете. Но кога ќе бидете свесни за ова ќе знаете дека никогаш нема да тргнете по погрешен пат.rn

    2. Универзумот е добродушен, со намери и самиот се поправа

    rnДали некогаш сте размислувале за совршеноста на постоењето? На луѓето им е потребен кислород, и постојат дрвја кои го произведуваат тој кислород. На дрвјата им е потребна сончева светлина и го имаат токму тоа. Ги имаме сите „алати“ кои ни се потребни за да создадеме нов живот. Кога ќе ја согледате совршената хармонија на светот околу вас, ќе сфатите дека животот и не е толку случаен. Иако ова е лесно да се забележи во природата, може да биде речиси невидливо во модерниот секојдневен живот. Помислете на сите моменти кога сте сметале дека вашиот живот бил завршен, дека сте биле уништени или кога вашето срце било скршено. Зарем не сте го надминале сето тоа? Сте пронашле нови авантури, нов партнер, ново работно место… Универзумот самиот се поправа, тој ве поддржува и ве води.rn

    3. Еден ден ќе умрете

    rnОва звучи навистина морбидно, но еден ден вашето физичко тело, вашите грижи и проблеми ќе ги снема, па можеби сето ова не е ни реално. Нам ни изгледа премногу реално и навистина ги чувствуваме стресот и стравот. Но универзумот постои многу подолго отколку што нашиот ум може да сфати, па 100-те години живот се речиси ништо во споредба со животот на универзумот. Кога ќе ја погледнете големата слика, ќе сфатите дека и не треба толку многу да се грижите. Можеби ова ќе ви помогне да не се задлабочувате толку многу во секојдневните проблеми и грижи кои ви ги создава вашиот ум.rn

    4. Безусловната љубов е крајната вистина

    rnКолку посвесни стануваме, толку повеќе сознаваме дека безусловната љубов е единствената вистина на постоењето. Ние минуваме години и години судејќи се себеси, судејќи ги другите, плашејќи се од ситуации и емоции, само за да дојдеме до заклучок дека и покрај сè, ние сме сакани. Штом ќе почнеме да се сакаме себеси, ќе ни биде полесно да се ослободиме од нашето его. Кога ќе знаете дека сте сакани, ќе сфатите дека не можете да го уништите вашиот живот бидејќи секогаш постои начин за надминување на проблемите. Всушност вие сте битие кое дошло овде да ја одигра својата улога и кое често се соочува со катастрофа. Секоја катастрофа само ви помага да се сакате уште повеќе без разлика на вашите емоции. Љубовта е крајната вистина, а тоа значи дека не можете да погрешите дури и кога мислите дека тоа ќе се случи.rnrnКога сте соочени со големи предизвици, прочитајте ги овие моќни цитати.

  • 7 ноќни навики кои ја уништуваат вашата коса без да знаете

    7 ноќни навики кои ја уништуваат вашата коса без да знаете

    За некои од нас, средувањето на косата значи да поминеме со чешел низ неа пред да излеземе од домот. Други пак се подготвени да се разбудат со часови порано за да ја направат својата фризура. Без разлика на која група припаѓате, знаете колку е косата чувствителна и дека доколку сакате да биде здрава и сјајна, мора да ја негувате дури и додека спиете. Еве што би требало да избегнувате да правите ако сакате убава коса.rnrn1-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

    1. Заминувате на спиење со мокра коса

    rnВашата коса е најслаба кога е мокра, па одењето на спиење веднаш по бањањето ќе ѝ направи голема штета. Исушете ја барем малку пред да заминете на спиење.rn

    2. Избегнувате да ја чешлате косата

    rnДоколку не ги размрсите јазлите пред да заминете на спиење, тие наредното утро ќе бидат уште повеќе замрсени. Чешлањето на косата е одличен начин да ги распоредите нејзините природни масла по должина на косата.rn

    3. Не ја храните косата

    rnАко сте тип на личност која наутро се тушира, пред да заминете на спиење ставете маска или масло на краевите на косата, а потоа наутро измијте ја.rnrn2-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

    4. Спиете со лак за коса

    rnНекои лакови за коса драстично ја сушат косата, па би било добро да ги измиете пред да заминете на спиење.rn

    5. Ја оставате косата подигната

    rnНосењето на косата врзана во пунџа или високо опавче во текот на спиењето може исклучително да ја оштети. Пуштете ја косата или исплетете лабави плетенки.rn

    6. Користите ластик или стегач за коса

    rnАко и понатаму инсистирате за спиење со подигната коса (некои жени едноставно не може да поднесат пуштена коса во текот на спиењето), користете мек стегач. Избегнувајте ги класичните ластици бидејќи ќе ја оштетат вашата коса и изберете некој мек материјал. rnrn3-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

    7. Спиете на памучни перници

    rnПамукот ги впива природните масла од вашата коса и на тој начин ја суши. Наутро честопати се будите со наелектризирана коса. Потрошете малку повеќе пари на сатенска или свилена перница и косата ќе ви биде бескрајно благодарна.rn

    8. Не сакате да инвестирате во нови перници

    rnДоколку не сте подготвени да издвоите пари за сатенска или свилена перница, потрошете ги на сатенска или свилена марама. Спиењето со ваква марама ќе направи вашата коса да ја задржи потребната влажност.rnrnСтуденото време исто така ја менува текстурата на косата, па погледнете како да го спречите опаѓањето на косата во есен.

  • 10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врска

    10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врска

    Понекогаш ни се случува несвесно да правиме некои работи што ја уништуваат нашата љубовна врска. Станува збор за навидум безначајни ситници што полека се натрупуваат и ја водат врската кон пропаст. Прочитајте ги следниве 10 знаци и дознајте дали несвесно внесувате раздор во односот со вашиот партнер…rnrn10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врскаrn

    1. Кажувате бели лаги

    rnКога ќе се фатите себеси како му кажувате бели лаги на партнерот, тоа значи дека несвесно се оддалечувате еден од друг. Тука станува збор за многу едноставни лаги. На пример, не му кажувате кога точно сте си отишле од работа или каде одите да се видите со некој пријател. Размислете подобро за тоа што го правите. Никогаш не би лажеле некого кого го почитувате, се согласувате?rn

    2. Премногу сте се опуштиле

    rnВоопшто не се трудите. Не се обидувате да дознаете повеќе за партнерот или да растете заедно како пар. Не се грижите повеќе за вашиот изглед и за работите што ги кажувате. Не вложувате доволно енергија во врската, бидејќи ви станало здодевно.rn

    3. Го озборувате партнерот

    rnПостојано го озборувате партнерот со вашите пријателки. Се жалите од врската повеќе одошто мислите и целото ваше друштво се прашува зошто воопшто сте заедно со тој човек, бидејќи сѐ што знаат за него се неговите маани.rn

    4. Имате преголеми очекувања

    rnОчекувате од него постојано да се согласува со вас. Очекувате од вашиот партнер да ги следи вашите планови и веднаш избувнувате доколку не го каже или направи она што сметате дека треба. Очекувате совршенство, но живеете во реален свет, а не во бајка.rn

    5. Наоѓате изговори за да немате секс

    rnВо последно време, постојано одбивате да имате секс. Не ви се допаѓаат работите што ги прави партнерот и воопшто не ве возбудува. Постојано измислувате изговори дека сте премногу уморни или дека сте зафатени со работа. Кога имате секс, не уживате, а ако успеете да уживате, мора премногу да се трудите за да постигнете задоволство.rnrn10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врскаrn

    6. Сѐ се врти околу вас

    rnПравите планови за вашата иднина и за она што вам ви одговара. Воопшто не ги слушате потребите на вашиот партнер. Земате многу повеќе од она што ѝ го давате на саканата личност. Сте станале многу себични на сите погрешни начини.rn

    7. Се опседнувате со глупости

    rnАко партнерот не ви врати веднаш на пораката, станувате параноични и лути. Толку се опседнувате со ситници, што вашата анксиозност ги надминува сите граници. Ако ви ги откаже вечерните планови, веднаш полудувате бидејќи чувствувате дека не сте му приоритет.rn

    8. Често избувнувате

    rnЗабележувате дека ве нервира секоја ситница кај овој човек. Порано сте ги сакале неговите дупчиња на образите и гласното смеење. Сега, се расправате поради секоја негова ситница и почнувате да го презирате партнерот.rn

    9. Премногу сте напорни

    rnСте станале премногу напорни. Секогаш го молите партнерот да преспие и никогаш да не ве напушта. Му испраќате премногу пораки во текот на денот и секогаш го проверувате за да дознаете што прави. Немате поим што значат зборовите „личен простор“ во врската.rn

    10. Им давате предност на други луѓе

    rnПовеќе се дружите со вашите пријатели отколку со вашиот партнер. Попрво би правеле сѐ друго отколку да поминете време со вашата друга половина. Можеби не сте забележале, но времето поминато со вашиот партнер е сведено на минимум.rnrnПрочитајте ги и следниве 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.

  • Начини на кои губењето килограми може да ви го уништи телото

    Начини на кои губењето килограми може да ви го уништи телото

    Речиси секој текст посветен на губењето килограми обрнува внимание на придобивките од тоа. Ретко кога ќе слушнете или прочитате за негативните работи што може да ви ги стори слабеењето. Добро прочитавте! И слабеењето може да ви го уништи телото. Во некои случаи, ограниченото јадење и брзото губење килограми може повеќе да наштети одошто да помогне. Во продолжение прочитајте за што станува збор…rnrnНачини на кои губењето килограми може да ви го уништи телотоrn

    Нарушен имунитет

    rnВашиот имунолошки систем знае дека сте на диета. Ограничувањето на бројот на внесени калории може да ви го ослаби имунитетот. Недостатокот од шеќер го поттикнува телото да произведува повеќе стрес хормони. Тоа, пак, го намалува имунолошкиот систем кој веќе е нарушен поради тоа што не добива доволно хранливи состојки. Стрес хормоните во комбинација со недоволната консумација на хранливи состојки доведува до слаб имунитет кој нема да може да се избори со грипот или посериозните болести.rn

    Лошо расположение

    rnДиетите може да ве направат чувствителни. Можеби сте забележале дека луѓето кои се на диета се понервозни од вообичаено. Тоа не е така само затоа што сонуваат за пица и сладолед, туку затоа што диетата им го уништува расположението. Намаленото внесување калории ги нарушува нивоата на серотонин во мозокот. Серотонинот е одговорен за регулација на расположението и апетитот. Слабеењето не само што ги менува нивоата на серотонин туку и ја намалува вашата способност за справување со гневот. Но, доколку постепено го намалите бројот на калории што ги внесувате, тоа ќе им овозможи на мозокот и телото да се прилагодат на промената.rn

    Нарушено ментално здравје

    rnГубењето тежина и одличниот изглед би требало да предизвикаат среќа. Па, зошто тогаш намалувањето на килограмите ги растажува луѓето? Едно истражување од универзитетскиот колеџ во Лондон дознало дека интензивното слабеење може да го зголеми ризикот од депресија. Се нагласува дека самото губење тежина не доведува до депресија, но доколку нема поддршка за време на слабеењето, тоа може да има негативно влијание на вашето ментално здравје. Доколку се обидувате да изгубите тежина, треба да бидете свесни за предизвиците со коишто ќе се соочите и да не се плашите да побарате поддршка без разлика дали станува збор за пријатели, семејство и експерти.rn

    Слаби коски

    rnМногу е важно да обрнете внимание на здравјето на вашите коски за време на слабеењето. Намалениот број на калории може да доведе до губење на тежината, но исто така може да предизвика и загуба на коските. Луѓето кои држат диета, но не вежбаат, можно е да се соочат со губење на коскената густина, а тоа го зголемува ризикот од нивно кршење или шинување. Со други зборови, вежбањето е добро за здравјето на вашите коски. Многу е важно да додадете физичка активност во вашиот план за слабеење.rnrnНачини на кои губењето килограми може да ви го уништи телотоrn

    Загрозен метаболизам

    rnЗдравиот начин на живот е поважен од слабеењето. Дали некогаш сте се запрашале зошто е толку лесно да си ги вратите килограмите по завршувањето на диетата? Тоа е така затоа што намаленото јадење и интензивното губење килограми го забавува метаболизмот. Ако вашиот метод на слабеење подразбира намалено јадење, вашето тело ќе се почувствува неухрането и ќе ги задржува сите можни калории секогаш кога ќе јадете повторно. Престанокот со детата и враќањето на нездравата исхрана ќе го нахрани уништениот метаболизам, а последица на тоа е забрзаното дебелење. За да не си го уништите метаболизмот додека се обидувате да ослабите, одберете исхрана којашто ќе му ги даде на телото хранливите состојки што му требаат. Јадењето здрава храна е подобро од целосното исфрлање на храната.rn

    Уништени вкусни папили

    rnПо губењето тежина, храната може да ви има различен вкус. Најчудното нешто што слабеењето го предизвикува кај телото е веројатно нарушувањето на вашето сетило за вкус. Едно истражување од Универзитетот Стенфорд открило дека пациентите кои поминале низ баријатричка операција, изјавиле дека сетилото за вкус им е многу засилено. Иако се верува дека зголемената чувствителност на вкусните папили може да им помогне на луѓето со прекумерна тежина да го променат нивниот однос кон храната, сепак не е баш јасно зошто постои врска помеѓу губењето тежина и сетилото за вкус.rn

    Опуштена кожа

    rnОние пред и потоа фотографии кои покажуваат луѓе кои успеале да ослабат и имаат совршено затегната кожа се лажни. Честопати, брзото губење килограми не ѝ дозволува на кожата да се прилагоди, а како резултат на тоа кожата почнува да „виси“ на телото. За среќа, постои решение за оваа необична телесна реакција. Ако се храните здраво и редовно вежбате, вашата кожа ќе биде затегната. Освен тоа, треба да ги одбегнувате диетите за брзо слабеење кои веднаш ќе ви ги намалат вишокот килограми.rnrnДоколку сакате да ослабите на здрав начин, прочитајте ги следниве 5 заповеди за трајно губење на килограмите.

  • 3 грешки со кои ги уништувате вашите омилени фармерки

    3 грешки со кои ги уништувате вашите омилени фармерки

    Фармерките се задолжителен дел од сечиј плакар. Лесни се за комбинирање со секое парче облека и ни нудат вистински спас кога мислиме дека немаме што да облечеме. Без оглед на тоа колку ги обожавате вашите фармерки, сигурно правите неколку грешки со кои несвесно ги уништувате. Во продолжение дознајте за што станува збор…rnrn3 грешки со кои ги уништувате вашите омилени фармеркиrn

    1. Премногу често ги перете

    rnДоколку сакате вашите фармерки секогаш да ви стојат совршено залепени за телото, постои голема веројатност дека премногу често ги перете. Иако на тој начин ќе успеете да го вратите нивниот облик, со текот на времето материјалот ќе се истенчи, па дури и отшие. Постојат поделени мислења околу тоа колку често треба да се перат фармерките.rnrnНекои експерти тврдат дека треба да се перат на секои 4 месеци, што мора да признаеме дека звучи малку екстремно. Други, пак, сметаат дека треба да се перат по неколку носења, но никако во преполна машина. Што се однесува до панталоните со многу еластин, тие треба да се перат по секое носење, но во ладна или млака вода и тоа со многу малку детергент за да не избледат.rn

    2. Чувате ситници во џебовите

    rnДоколку џебовите на фармерките ги користите како чана и во нив чувате кармини, мобилен и разни други ситници, тогаш на тој начин правите дури две грешки. Освен што ќе се изгуби обликот на тој дел од фармерките, може да останат и трајни траги. Конците на одредени места во џебовите може да попуштат и да се скинат. Иако џебовите можат понекогаш да послужат како „чувари“ на мобилниот телефон и клучевите, одбегнувајте ја оваа навика ако сакате да имате беспрекорни фармерки.rnrn3 грешки со кои ги уништувате вашите омилени фармеркиrn

    3. Погрешно ги отстранувате дамките

    rnНа сите ни се случило барем еднаш во животот да направиме дамка од кафе, маснотии или вино на фармерките и со чистењето да предизвикаме уште поголема штета. Непривлечната бледа дамка на тоа место е доказ за неправилното третирање. За да ја отстраните дамката најефикасно, најважно е да дејствувате брзо и да не ја оставате да се исуши. Наједноставен трик е да растворот од вода и сол. Земете некое меко крпче, потопете го во солена вода и внимателно исчистете ја дамката.rnrnДоколку ви капне нешто мрсно на фармерките, обидете се најпрво да ја отстраните дамка со пудра во прав. Нанесете пудра на дамката и оставете ја да делува неколку часа. Потоа исчистете ја со сув пешкир или хартија. Исперете ги фармерките на највисоката дозволена температура што е наведена на нивната декларација.rnrnДамките од маснотии можете да ги отстраните и со детергент за садови. На мека крпа ставете неколку капки детергент и малку вода и со нежни движења кружете по дамката. Потоа потопете ги фармерките во млака вода за да се раствори и отстрани дамката.rnrnПогледнете ги и следниве 10 феноменални идеи како да ги носите белите фармерки оваа пролет.

  • 6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

    6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

    Непријатно е да гледате како некој плаче, без разлика дали е тоа некој пријател, член на семејството или некој непознат. Ако не можете да помогнете, сигурно нема да знаете и како да се однесувате. Уште почудна ситуација е доколку забележите како плаче некој колега на работното место и тоа може многу да ви го смени начинот на кој ја гледате оваа личност.rnrn6 постапки со кои ја уништувате вашата кариераrnrnГледањето како плачат вашите колеги може да предизвика промена на вашата перцепција за нив, а на некој начин ќе ви се намали и почитта што ја имате. Постојат 6 работи кои може во голема мера да ѝ наштетат на вашата кариера, а во продолжение погледнете за што поточно станува збор.rn

    1. Плачење

    rnВеќе споменавме дека плачењето може да ви ги попречи можностите за развивање на вашата кариера, особено кај мажите. Во суштина, истражувачите заклучиле дека плачењето на јавното место, како и на работа, покажува карактеристики на ранливост, што е во спротивно со културните норми, дека мажите треба да бидат силни. Од таа причина, колегите и менаџерите може да ја загубат почитта.rn

    2. Бес и напаѓање

    rnНормално е на работното место понекогаш да се соочите со стрес кој ќе ве направи бесни и лути, но многу е важен начинот на кој ќе реагирате. Имено, доколку почнете со викање, напаѓање и целосно губење на смиреноста, вашите колеги и претпоставени ќе почнат да ве гледаат со поинакви очи. Размислете, дали е нормално вашиот шеф или колега да почнат да ги расфрлаат предметите од нивното биро само затоа што се нервозни?rn

    3. Често останување дома

    rnУште еден лесен начин да ја уништите вашата кариера е постојано да останувате дома. Секому му се случува да биде болен одвреме-навреме или да му е потребен слободен ден, но и ова има граници во кои треба да се движите. Дури и вашето работно место да ви нуди можност за работа од дома, важно е што почесто да се појавувате во канцеларијата за да ја покажете својата заинтересираност.rnrn6 постапки со кои ја уништувате вашата кариераrn

    4. Не се однесувате пристојно

    rnНадворешниот изглед значи многу. Но, не само тоа, туку за вас може да зборуваат и вашите акции, па дури и начинот на кој го одржувате вашиот личен простор, што и како јадете и слично. Ако вашата работна маса е полна со трошки, што би помислиле колегите за вас? Можеби ќе помислите дека не е нивна работа да ви судат, но со тоа сигурно нема да оставите добар впечаток, а ниту пак ќе можете да очекувате унапредување.rn

    5. Го нарушувате редот и мирот на другите

    rnКога работат со повеќе луѓе во една канцеларија, луѓето треба да бидат повеќе толерантни. Но, некои колеги едноставно не ги знаат границите и постојано ги надминуваат, така што слушаат гласна музика, телефонот постојано им вибрира, зборуваат гласно со своите блиски и слично. Ова може да предизвика нервоза и фрустрација кај останатите личности, па така, кариерата не би можела да ви се искачи едно скалило погоре.rn

    6. Станувате насилници

    rnВикањето на работното место и насилното однесување не може да ви донесат ништо добро, баш напротив. Некои луѓе се обидуваат на ваков начин да добијат почит, но постигнуваат само негативни ефекти. Размислете добро како сакате да го градите вашиот професионален однос и паметно смислувајте ги вашите постапки и зборови.rnrn6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

  • Веднаш заборавете ги: 10 фрази кои можат да го уништат пријателството!

    Веднаш заборавете ги: 10 фрази кои можат да го уништат пријателството!

    Сите ние знаеме дека изговорениот збор не може да се врати назад. Но сепак, понекогаш знаеме да им кажеме токму такви зборови на нашите пријатели, а потоа длабоко да се покаеме. Инспирирани од ова, решивме да направиме листа од фрази кои може да ги повредат вашите пријатели, како и истите работи кажани на поразличен начин, кои пак уште повеќе можат да го зацврстат вашето пријателство.rnrn1-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk2-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk3-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk4-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk5-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk6-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk7-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk8-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk9-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk10-vednash-zaboravete-gi-10-frazi-koi-mozhat-da-go-unishtat-prijatelstvoto-www.kafepauza.mk

  • 6 големи грешки коишто ги уништуваат семејните врски

    6 големи грешки коишто ги уништуваат семејните врски

    Семејството треба да биде основниот извор на љубов, прифаќање и поддршка на една личност. За жал, многу од семејствата го немаат ова и не прават работи коишто би го смениле тоа. Разбирањето на проблемот е првиот чекор кон пронаоѓање на решението, а овие се 6-те најчести работи коишто го уништуваат поширокото семејство.rnrnrn

    1. Навреди и критикувања

    rnЗборовите имаат одредена тежина, а во некои случаи може да бидат претешки за некоја личност. Кога се однесувате нељубезно кон членовите од вашето семејство, вие ги повредувате нив, па наместо охрабрување и поддршка, со негативните зборови ги уништувате семејните односи. Некои може да мислат дека зборовите се кажани во брзина и без размислување, но вистината е дека навредливите зборови болат, кога било да се изговорени. Навредите и критиките создаваат јаз во семејните врски, а за да ја поправите таа штета потребно е време и позитивни интеракции. Но, не сите навреди може да се поправат, затоа, бидете внимателни со вашите зборови и потсетете се дека семејството е вашата најголема поддршка во животот. Потсетете се на старата поговорка која вели: „Ако немате нешто убаво да кажете, подобро не кажувајте ништо.“rn

    2. Озборување

    rnОзборувањето е многу штетно. Најчестите озборувања се случуваат кога некој е вознемирен од нешто во врска со лицето за коешто се озборува. Тоа може да направи привремено да се чувствувате подобро, но на крајот тоа нема да го реши проблемот. Ако имате проблеми или нејасности со некој во семејството, тогаш обратете им се директно на нив, без притоа во сето тоа да го инволвирате целото семејство. Некои луѓе имаат навика да го прават ова, надевајќи се дека некои членови од семејството ќе застанат на нивна страна во одредена ситуација. Но, тоа претставува дополнителен проблем затоа што не помага, туку создава уште еден јаз во семејните врски. Дискутирајте за проблемите, но не зборувајте лошо за членовите на семејството зад нивниот грб.rn

    3. Недоволна вклученост во семејството

    rnВклучувањето на членовите во семејните работи е од исклучително значење. Дискутирајте за проблемите, заеднички правете планови и споделувајте ги моментите од животот. Честопати неуспехот доаѓа токму поради тоа што одредени членови се чувствуваат дека не се значајни и дека не припаѓаат во семејниот круг. Ако вашата цел е да постигнете семејно единство и љубов, тогаш обидувајте се да ги вклучите сите членови на семејството во семејните собири и одлуки. Не наоѓајте оправдување да не го направите тоа!rnrnrn

    4. Измами и лаги

    rnИзмамите се деструктивни за семејството, затоа што вистината секогаш преовладува. Понекогаш лагите може да траат со години и да бидат пренесувани од генерации на генерации, но еден ден сето тоа ќе излезе на виделина. Ако не можете да бидете искрени со семејството, тогаш со кого би можеле? Лагите и измамите ја уништуваат довербата која треба да постои во едно семејство и колку е поголема лагата, толку е поголем и јазот во семејните врски. Запаметете дека вашите акции оставаат длабоки траги не само во сегашноста, туку и за генерациите коишто доаѓаат. Колку и да е тешка лагата, најчесто е подобро да бидете отворени и да ја признаете вистината.rn

    5. Не ги прифаќате разликите

    rnДецата коишто растат во ист дом, со исти родители, иста дисциплина и исти насоки во животот, нема да бидат исти со своите браќа и сестри кога ќе пораснат. Сите ние сме различни, затоа, дозволете им и на другите да бидат различни. Само затоа што сте од исто семејство не мора да значи дека треба да ги делите истите ставови. Луѓето кога ќе пораснат имаат различни избори и различен животен стил, но тоа не е причина да ги осудувате. Ако едно семејство не е подготвено да ги прифаќа разликите, тогаш во основа тоа не е вистинско семејство. Прифатете ги луѓето онакви какви што сте, затоа што тоа е вистинската форма на љубов.rn

    6. Не простувате и не се извинувате

    rnИзвинувањето и простувањето се едни од најмоќните работи коишто го држат семејството обединето. Никој не е совршен, па затоа во одреден момент вие може да му згрешите на некој член од семејството. Тогаш е потребно да ја отфрлите гордоста и да се извините. Со ова вие ќе дадете до знаење дека вам ви е важна таа личност и дека не сакате да има недоразбирања помеѓу вас. Доколку пак не се извините, вие оставате впечаток дека таа личност не ви е битна и дека не ви се важни нејзините чувства. Не е неуспех доколку се извините, туку тоа е одраз на силниот карактер. Бидете голем човек и извинете се кога ќе погрешите. Доколку пак вам некој ви згреши и ви се извини, бидете човечни и простете. Покажете ја вашата прошка со постапки ако не можете со зборови, затоа што честопати постапките зборуваат погласно од зборовите!

  • 6 работи со кои лесно можете да ја уништите вашата љубовна врска

    6 работи со кои лесно можете да ја уништите вашата љубовна врска

    Честопати ни се случува во животот да преминуваме преку некои работи, особено кога сме во љубовна врска. Лесно е да ги занемариме недостатоците на нашиот партнер и ефектот што го имаат тие на нас, дури и ако е негативен. Сите можеме да поднесуваме одредена доза негативност, но ако дозволиме таа да се натрупува, порано или подоцна ќе ја достигнеме нашата точка на вриење и сите работи што сме ги потиснувале ќе избијат на површина како вулканска ерупција.rnrn6 работи со кои може да ја уништите вашата љубовна врскаrnrnСите имаме различна точка на вриење и на сите ни се случува во одредени моменти да посакаме да се откажеме и да кренеме раце од сè. Клучот лежи во тоа да го разберете она што ви се случува и да преземете соодветни мерки. Тоа е она што се нарекува компромис. Причината поради која многу врски не биле спасени, а можеле да бидат е тоа што не сме се потрудиле доволно за да го разбереме нашиот партнер. Овие неколку нешта ќе ви помогнат да разберете што се случува во главата на вашиот партнер и ќе ве спречат да направите некои работи за кои подоцна ќе зажалите бидејќи со сигурност ќе доведат до уништување на врската…rn

    1. Не го поддржувате вашиот партнер

    rnСекоја врска се заснова на меѓусебна поддршка. Секако дека тука голема улога имаат и пеперутките што ги чувствувате и физичката хемија што постои меѓу вас, но ништо не е поважно од тоа да се поддржувате меѓусебно. Ако не сте тука за вашиот партнер кога сте му потребни, тогаш што ќе му сте? Ако вашиот партнер повеќе пати побарал помош од вас, само за да биде разочаран, ќе направите тој да се чувствува како да не може да смета на вас. А ако тој не може да смета на вас, ќе ја побара поддршката што му треба на друго место.rn

    2. Не му давате доволно простор

    rnНе се работи само за физички простор, тука и за ментален и емотивен. Сите сакаме да се чувствуваме независни. Кога сме во врска, тоа чувство на целосна независност излегува низ прозор. Кога сакаме некого, нашата среќа буквално зависи од таа личност. Но, и покрај тоа ние сакаме да бидеме слободни. Сакаме да имаме физички простор за работите што обожаваме да ги правиме сами или со други луѓе од нашиот живот. Сакаме ментален и емотивен простор за да размислуваме, доживуваме и уживаме во други нешта и луѓе во нашиот живот. Ви се случило ли некогаш да размислувате за нешто што на почетокот правело да чувствувате дека тоа е најдоброто нешто што ви се случило, но со текот на времето почнало да ви претставува товар? На нашиот ум му е потребен простор за личен развој. Колкав е тој простор зависи од поединецот. Ако доволно се грижите за вашиот партнер, ќе се потрудите да разберете каков и колку простор му треба.rnrn6 работи со кои може да ја уништите вашата љубовна врскаrn

    3. Премногу сте љубоморни или не сте доволно љубоморни

    rnСтраста е многу важна. Ако ја има премалку, вашата врска ќе почне полека да се распаѓа, но ако ја има премногу таа ќе експлодира. Постои правилен и погрешен начин да се биде страстен. Љубомората е еден важен сегмент од сето тоа. Ако не се согласувате, одговорете на следново прашање: Зар не би биле разочарани ако дознаете дека вашиот партнер не е ни малку љубоморен кога некој друг ви се додворува? Секако дека ќе бидете барем малку повредени. Сите сакаме да бидеме независни, но сакаме и личноста во која сме вљубени да чувствува дека сме само негови и да има потреба да нè штити од сите други. Ако никогаш не покажувате љубомора тоа е исто како да не се грижите. Но, ако сте премногу љубоморни лесно можете да станете опсесивни и вашиот партнер ќе почне да се чувствува како да го гушите.rn

    4. Не му давате на вашиот партнер чувство на сигурност

    rnЕдна од нашите основни потреби е да се чувствуваме сигурни и безбедни. Ако се чувствуваме несигурни стануваме вознемирени и сакаме да побегнеме. Почнуваме да го гледаме најлошото во секоја ситуација и почнуваме да размислуваме дали можеби најдоброто решение би било да побегнеме што подалеку. Токму затоа, на вашиот партнер треба да му пружите чувство на сигурност и доверба. Како ќе го направите тоа, зависи од личноста која ја сакате. Имајте верба дека ќе го откриете начинот. Честопати доволен е само отворен разговор.rn

    5. Не му помагате на партнерот да ужива во денот

    rnСите имаме лоши денови. Сите имаме денови кога чувствуваме потреба да се грижиме само за себе и не сакаме да имаме работа со никој друг. Во тие денови, потребен ни е нашиот партнер за да ни помогне да сфатиме зошто денот е прекрасен. Потребен ни е партнерот да нè развесели, да нè насмее и расположи. За да бидете таков партнер, треба да бидете несебични. Треба да занемарите колку за никаде се чувствувате вие самите и наместо тоа да се фокусирате на туѓата среќа. Секако дека ова не е секогаш возможно. Понекогаш, до гуша сме закопани во нашата сопствена несреќа што не сме способни да видиме ништо друго освен неа. Добрите вести се што имате некој во вашиот живот кој може барем за момент да ве направи среќни. Сè што треба вие да направите е да возвратите на истиот начин. Не дозволувајте проблемите во животот да уништат нешто толку прекрасно. Помогнете си еден на друг да го извлечете доброто и од најлошите ситуации.rnrn6 работи со кои може да ја уништите вашата љубовна врскаrn

    6. Не му помагате на вашиот партнер да се радува на утрешниот ден

    rnВажно е да се чувствувате добро денес, но уште поважно е да се радувате на утрешниот ден. Треба да му го овозможите тоа на вашиот партнер. Треба да му дадете надеж, причина за да се буди наутро. Ако тој кога ќе ве погледне гледа неизвесна иднина исполнета со бура на емоции и несигурност, веројатноста е дека врската нема да трае. Порано или подоцна тоа ужасно утре од кое тој толку многу се плаши ќе дојде и ќе стане денес. Но, ако му дадете причина да се радува на утре, причина да го остави минатото зад себе и да ужива во моментот, со нетрпение да очекува сè што ќе ви донесе иднината, тогаш вие двајца не само што ќе создадете долготрајна љубов, туку ќе создадете иднина која ќе ги надмине сите ваши очекувања и соништа. Ако сакате да го задржите вашиот партнер, покажете му дека утрото со вас е подобро од кое било утро без вас.

  • Кампања за заштита на природата прикажана низ низа моќни фотографии

    Кампања за заштита на природата прикажана низ низа моќни фотографии

    Загадувањето и уништувањето на природата е проблем кој се влошува со секој поминат ден. Но, за среќа, на светот сè уште постојат луѓе кои се подготвени да се борат за природата, да ја чуваат и неуморно да се обидуваат да ја подигнат свеста на народот за тажната реалност на која сите ние се изложуваме.rnrn(8)-unishtuvanje-na-prirodata-e-unishtuvanje-na-zhivotot-kampanja-za-zashtita-na-prirodata-niz-niza-mokjni-fotografii-kafepauza.mkrnrnКампањата со наслов „Уништување на природата е уништување на животот“ е обид на германскиот артист Робин Вуд да ги натера луѓето да ги отворат очите и да видат што се случува наоколу. Низата неверојатни фотографии се мал, но моќен приказ на природните катастрофи кои се предизвикани од луѓето, но истовремено се и повик за помош од самата природа.rnrn