КАФЕ ПАУЗА

Tag: уништување

  • Како високите потпетици може да го уништат вашиот прв состанок?

    Како високите потпетици може да го уништат вашиот прв состанок?

    Сакате да се претставите како автентична дама со стил, да му оставите впечаток и да се чувствувате секси. Можеби високите потпетици се добри за вашата самодоверба и транспарентност, но дали некогаш навистина сте морале да одите со нив? И внимателно да го надгледувате секој чекор за вашата штикла да не се заглави помеѓу плочките (ако тие се ситни, бидејќи тоа е вистинска спортска дисциплина), во секој момент да се придржувате до оној кој е до вас за да одржите рамнотежа и на некој начин да поминете дупло поголема далечина од реалната, бидејќи вложувате поголем напор од оние кои не мора да балансираат.rnrn1-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вие сте повисоки од него

    rnУпс, 15 см се премногу високи. И тој ве гледа налутено. Се обидува да оди малку понапред или поназад од вас, а вие се обидувате да го фатите за рака, бидејќи на жена со високи потпетици ѝ е потребна силна машка потпора. Прашање е колку тој има чувство за вашата урбана дамска ранливост, а може едноставно се чувствува неудобно што не може да ве гледа малку одозгора, како што е редот.rn

    2. Изгледате неадекватно

    rnИзлегува дека тој ве однел на неговото омилено место, а таму никој не е дотеран и вие едноставно се издвојувате. Премногу сте елегантни за место на кое сите се опуштени, не поради тоа што не се грижат за себе, туку поради амбиентот во кој се наоѓаат. Вие се чувствувате толку неадекватно што сакате да заминете дома и да се пресоблечете или пак да ја најдете најблиската продавница и да купите балетанки. Може да побарате да одите на некое друго место или да го спроведете горенаведениот план. Состанокот е пропаднат, затоа што вие се чувствувате лошо, но прашање е како тој ќе се однесува и дали ќе има разбирање околу тоа. Ако тоа му е забавно, кој знае, може со задоволство ќе се сеќавате на тој состанок.rnrn2-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    3. Романтична прошетка – лоша идеја

    rnМомчето е романтично и мислело на сите ситници. После лесната вечера со вино, тој сакал малку да прошетате. Лесната прошетка после вечерата требало да овозможи лежерен разговор и воспоставување на таа комуникација која произлегува од удобно поминатото време и бришењето на почетната напнатост. Одлична идеја. Но, вие не сте во можност да шетате, бидејќи одењето во штикли претставува напор, концентрација и предизвик, а удобната прошетка е невозможна кога постојано внимавате да не се сопнете. Покрај тоа, кој е во состојба да шета половина час одејќи на прсти?rn

    4. Цело време мислите на вашите обувки

    rnСе облековте за седење и прекрстување на нозете и сега ви е криво бидејќи не можете да прошетате, како и што делувате вкочането во негово присуство во атмосфера во која баш ви било удобно да одлучевте поинаку да се облечете. И така, наместо навистина да се опуштите, бидејќи тоа е единствено нешто што може да го направите додека седите, вие размислувате за моментот кога одлучувавте дали да одите со оние пониските чевли на платформа, кои ви се многу удобни и овие елегантни сандали и како победила желбата да оставите впечаток наместо да ја послушате интуицијата.

  • Најевтини и најефикасни начини засекогаш да се ослободите од мравките

    Најевтини и најефикасни начини засекогаш да се ослободите од мравките

    Борбата со мравките вообичаено започнува напролет, но налето справувањето со овие досадни штетници станува вистински предизвик. Голем дел од овие нешта сигурно ги имате дома без да знаете дека тие можат да стават крај на сите ваши проблеми.rnrn0-najevtini-i-najefikasni-nacini-kako-zasekogas-da-se-oslobodite-od-mravkite-kafepauza.mkrn

    1. Селотејп

    rnМногу е лесно да ја спречите армијата мравки со мала помош од селотејпот. Пронајдете го местото од каде што доаѓаат и местото на каде што одат и поставете селотејп на тие места. Сигурно ќе ги спречите.rn

    2. Борна киселина

    rnСе продава во облик на прашок. Во 2 дл вода измешајте 3 лажици борна киселина и 3 лажици шеќер. Земете парче вата и потопете ја во ваквата течност, а потоа поминете на местата каде што се собираат мравките. Шеќерот ќе ги привлече, а борната киселина ќе ги уништи.rn

    3. Брашно

    rnМравките не можат да го поднесат белото пченично брашно, така што тоа е одличен начин да се ослободите од нив. Посипете брашно по рабовите од просторијата во која доаѓаат. Уште едно брашно што ќе ги уништи е пченкарното. Овој вид брашно мравките го јадат, но не можат да го сварат, па затоа тоа ќе ги убие.rnrn1-najevtini-i-najefikasni-nacini-kako-zasekogas-da-se-oslobodite-od-mravkite-kafepauza.mkrn

    4. Саксија за цвеќиња

    rnАко во дворот начекавте мравки, еден од најефикасните начини да се ослободите од нив е со помош на обична саксија. Поклопете го ровот со саксија свртена наопаку и низ малиот отвор налијте два литри врела вода. Ова е најефикасниот начин за да го уништите нивниот дом.rn

    5. Цитруси

    rnЗа да ги уништите мравките воопшто не ви се потребни опасни инсектициди. Доволно ви е само да употребите лимон или портокал, чиј мирис мравките не можат да го поднесат. За да ги избркате мравките испрскајте ги рабовите од прозорците и прагот од станот или куќата со лимонов сок. Уште еден начин да ги убиете е со пире од кора од портокал и една шолја топла вода, кое полека треба да ги истурите во мравјата колонија.rnrn2-najevtini-i-najefikasni-nacini-kako-zasekogas-da-se-oslobodite-od-mravkite-kafepauza.mkrn

    6. Бибер

    rnМравките се во потрага по шеќер, а вие изненадете ги со бибер. Турете бибер на местата каде што се собираат и на местата каде што одат. Вака ќе им испратите порака дека нема шеќер во близина.rn

    7. Зачини

    rnОсвен шеќерот, мравките го сакаат и мелениот пипер. Па така, уште еден ефикасен начин засекогаш да се ослободите од овие штетници е да поставите ловоров лист во садот во кој го чувате пиперот. Сличен трик може да се изведе и со шеќерот, но треба да бидете внимателни затоа што тој може да го впие мирисот на ловорот. Во внатрешноста на кујнските ормани ставете мали вреќички со жалфија, ловор или цимет – мравките не можат да го поднесат нивниот мирис.rnrn3-najevtini-i-najefikasni-nacini-kako-zasekogas-da-se-oslobodite-od-mravkite-kafepauza.mk

  • Дали себичноста ја уништува вашата љубовната врска?

    Дали себичноста ја уништува вашата љубовната врска?

    Вашите потреби се секогаш пред потребите на партнерот, не поднесувате критика и сакате да го промените, но не и себе – ова се само неколку знаци на себичност кои полека ја уништуваат вашата љубовна врска.rnrndali-sebichnosta-ja-unishtuva-vashata-ljubovnata-vrska-kafepauza.mkrnrnВи издвојуваме 6 знаци на себичност кои се препрека во врската со партнерот.rn

    1. Никогаш не попуштате во расправија

    rnМалата себичност не штети, но претерувањето може да ја уништи и најцврстата врска. Еден знаците дека мислите само на себе е тоа што никогаш не попуштате после расправија. Секогаш сте во право и очекувате од партнерот да ја проголта гордоста и да признае дека погрешил иако тоа не е така. Ваквите постапки ја нарушуваат самодовербата на партнерот и му даваат до знаење дека не го цените доволно за да ги признаете своите грешки. Да сте во право ви е поважно од сè.rn

    2. Не поднесувате критика

    rnСекој обид од партнерот да ја подобри врската, вие го сфаќате како критика и мислите дека тој намерно ве вознемирува. Сето тоа ви изгледа како напад на вашиот карактерот и на вашето его, наместо како добронамерен коментар. Тука излегува себичноста на површина која не ви дозволува некој да ви приговори дека не правите нешто како што треба.rn

    3. Сакате да го промените партнерот, но не и себе

    rnНемате исти критериуми кон себе и кон љубовниот партнер. Постојано настојувате да го промените и му наоѓате недостатоци иако и самите ги имате. Така на пример, му кажувате дека треба да ослабе и да се грижи за своето тело, а вие самите тоа не го правите.rn

    4. Неговите потреби се секогаш зад вашите

    rnПартнерот сака да излезете, но вие се чувствувате уморни за излегување. Партнерот едвај чека натпревар на телевизија, но на распоредот е вашата омилена серија и така до недоглед. Ваквите ситуации во врската покажуваат дека секогаш го правите тоа што вие го сакате. Неговите потреби се зад вашите, а место за компромис нема.rn

    5. Никогаш не се извинувате

    rnИзвини – овој збор не постои во вашиот речник. Никогаш не се извинувате иако знаете дека партнерот е во право. Егото не ви дозволува да кажете „извини“ дури и да е крај на врската, затоа што знаете или барем се надевате дека партнерот сепак ќе ви попушти како и секогаш.rn

    6. Со емоционални уцени го добивате тоа што го сакате

    rnИако знаете дека комуникацијата го зајакнува секој однос, во добивањето на тоа што го сакате, вие не одбирате со какви средства ќе се служите. Користите емоционални уцени, неразоговарање или избегнување секс со цел да ги задоволите своите потреби.

  • 30 сигурни начини на кои можете да си го уништите животот

    30 сигурни начини на кои можете да си го уништите животот

    Среќа? Што беше тоа? Започнувајќи од игнорирање на вашата интуиција, па сè до дозволување на вашиот внатрешен критичар да ве направи покорни, постојат многу начини на кои можете да си го уништите вашето време поминато на оваа планета. Па, доколку барате нови нешта со кои можете да направите да се чувствувате помизерно, понеуспешно и поанксиозно, продолжете со читање. Ви ги претставуваме 30-те гарантирани начини на кои можете да го уништите вашиот живот и вашата среќа.rnrn30 сигурни начини на кои можете да си го уништите живототrnrn1. Не одвојувате време да ја спознаете личноста која навистина сте. Колку помалку знаете за себе, толку помалку ќе знаете што сакате, а што не.rnrn2. Не го насочувате целото ваше внимание кон она што го правите или кон личноста со која зборувате. Обрнувањето внимание не само што ќе ви помогне подобро и побрзо да ги завршите вашите обврски, туку и ќе го подобри вашиот контакт со другите луѓе.rnrn3. Брзате со донесување претпоставки. Овие непромислени осуди можат да ги уништат вашите врски уште пред да започнат.rnrn4. Се менувате себеси со цел да станете личност која другите повеќе ќе ја сакаат. Им дозволувате на стравовите од одбивање да работат против вас.rnrn5. Живеете во страв дека ќе бидете осудувани. Секој човек ќе има свое мислење за вас и понекогаш вие нема да можете да го промените тоа, без разлика колку ќе се обидувате.rnrn6. Го чекате „совршениот“ партнер. Можеби никогаш нема да ја најдете идеалната личност за вас, но барем ќе знаете дека нема да мора да се помирите со второто најдобро.rnrn7. Се споредувате со другите. Зарем има подобар начин на кој можете да се чувствувате лошо за себе?rnrn8. Останувате во врска со личност која не ве прифаќа во целост. Обидите да се промените за вашиот партнер или партнерка ќе води до губење на онаа личност која навистина сте.rnrn9. Го игнорирате вашето здравје. Слободно продолжете да пушите, да јадете брза храна, да не спиете доволно, да не пиете вода…rnrn10. Цврсто се држите за вашите стари навики, мисли и чувства. Исто како оние стари фармерки во вашиот шкаф кои знаете дека никогаш повторно нема да ги облечете, но сепак им дозволувате да ви зафаќаат простор.rnrn11. Правите долги и сериозни разговори преку порака. Многу зрело од ваша страна.rnrn12. Постојано ги повторувате истите грешки. Зарем досега не ја научивте лекцијата?rnrn13. Постојано се обидувате да постигнете совршенство. Целиот ваш живот се врти околу идејата дека совршеното навистина постои.rnrn14. Не ѝ верувате на вашата интуиција. Шесто сетило? Тоа не постои.rnrn15. Му дозволувате на стравот да ве води низ животот. Вие никогаш не преземате ризици поради страв од неуспех. И уште полошо, стоите настрана и постојано се жалите.rnrn16. Очекувате другите да живеат според вашите очекувања. И сериозно ги казнувате доколку не го прават тоа.rnrn17. Ширите невистини и озборувања за другите. Поради кои изгледате мало и љубоморно во очите на другите луѓе.rnrn18. Ги мразите сите и сè околу вас. Постојано сте незаинтересирани за она што се случува со другите и често ги осудувате сите видови однесувања, најчесто дури и без причина.rnrn19. Одбивате да комуницирате. Кога сте во средината на расправија, вие или молчите или тотално полудувате.rnrn20. Дозволувате да ве дефинираат негативни коментари од личности кои не ве ни познаваат. Вие сте толку едноставни за сфаќање што значи дека тие мора да се во право!rnrn21. Вашето мислење станува дел од вашето его. Претпоставувате дека секогаш сте во право и се карате со секој кој ќе се обиде да ви објасни дека постои и друга перспектива за гледање на нештата.rnrn22. Живеете во минатото. Никогаш не знаете кога ќе измислат временска машина, па токму затоа подобро е доколку цело време сте подготвени за враќањето назад.rnrn23. Љубоморни сте на среќата и успехот на другите. И го користите тоа како доказ дека вие никогаш ништо нема да добиете.rnrn24. Не го почитувате сопствениот збор. И токму затоа кажувате едно, а правите нешто сосема друго.rnrn25. Се жалите за сè. Ги нагласувате сите оние нешта кои ве прават мизерни и доколку некој не дај Боже каже нешто позитивно, вие ги потсетувате на вашата мизерија со цел да ги направите и нив помалку среќни.rnrn26. Ги критикувате сите. Без разлика на тоа дали овие критики се основани или не.rnrn27. Гледате на добрината како на слабост. Токму затоа и им пристапувате на луѓето со мотото „Ќе преживеат само најсилните“.rnrn28. Држите во себе огорченост. Опростувањето е за слабите и за губитниците.rnrn29. Лажете. Особено многу ги лажете оние кои навистина ви веруваат за нешто кои се многу значајни. На пример, вашиот партнер за верноста.rnrn30. Не велите „Извини“. Никогаш.

  • Вашиот домашен миленик: Ајде да го растуриме секој новогодишен детаљ!

    Вашиот домашен миленик: Ајде да го растуриме секој новогодишен детаљ!

    Вашите домашни миленици може да бидат најмилите суштества во светот, но кога се во прашање новогодишните празници тие волшебно се претвораат во диви и незапирливи уништувачи. Сите новогодишни украси особено елката стануваат нивен терен за играње.rnrn

    Прости ми прва Нова година ми е
    Прости ми, прва Нова година ми е
    rnrnВо продолжение дел од оние кои (најзабавно) најлошо прошле.rnrn

  • 21 финта со која ќе ги вратите во живот уништените алишта

    21 финта со која ќе ги вратите во живот уништените алишта

    Ах, колку ли само мразите кога омиленото парче облека ќе ви се уништи? Или кога најмодерните штикли не можете повеќе да ги носите поради дамката која никако не можете да ја исчистите? Следниве неколку генијални совети сигурно ќе ви помогнат, па повторно ќе може да „влезете“ во вашите најсакани парчиња облека.rn

    1. Ставете го џемперот во замрзнувачот преку ноќ за да спречите растегнување

    rnАко џемперот планирате да го облечете утре, тогаш вечерва ставете го замрзнувачот, а веќе до утрото ќе биде како нов. Ова посебно се однесува на волнените и џемперите од кашмир.rnrn(1)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    2. За да ја отстраните лошата миризба од фармерките, ставете ги во пластична кеса и оставете ги цела ноќ во замрзнувачот

    rnБидејќи замрзнувачот ќе ги убие сите миризливи бактерии, нема повеќе да треба да се грижите за бојата на фармерките која сигурно избледувала со секое перење во машината.rnrn(2)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    3. Избришете ги дамките од пот под вашите пазуви со сок од лимон или сода бикарбона

    rnПомешајте го сокот од лимoн со малку вода и протријте ја површината на блузата каде што се наоѓа дамката. Доколку станува збор за поинтензивна дамка, тогаш наместо лимон употребете паста од сода бикарбона и вода, така што ќе ја оставите неколку минути да се впие. Потоа ставете ја блузата за перење.rnrn(3)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    4. Отстранете ги дамките од дезодоранс со облеката која штотуку сте ја зеле од хемиското перење

    rnОблеката од хемиско чистење сѐ уште содржи малку пена од перењето, па триењето на чистата облека со исфлеканиот дел од вашата блуза може да помогне. Бидете внимателни да не станува збор за алишта кои пуштаат боја.rnrn(4)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    5. Испрскајте ги замирисаните алишта со малку вотка за да ја отстраните несаканата миризба

    rnСовршен трик за кога немате време да ги исперете алиштата кои сакате да ги носите. Само испрскајте ги со малку вотка и оставете да се исушат. Вотката за кратко време ќе ги уништи бактериите кои ја предизвикуваат миризбата.rnrn(5)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    6. Пената за бричење искористете ја за да ги отстраните флеките од пудра на вашата блуза

    rnСтавете малку од пената врз извалканото место и ставете ја блузата за перење. На овој начин флеката многу полесно ќе исчезне.rnrn(6)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrn

    7. Дамките од кармин исчистете ги со лак за коса

    rnДоколку етикетата на облеката не вели дека се само за на хемиско перење, тогаш точно над дамката испрскајте малку лак за коса и веднаш ставете ја облеката за перење.rnrn(7)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mkrnrn

  • 25 најлоши работи што луѓе си ги имаат направено на сопствената глава

    25 најлоши работи што луѓе си ги имаат направено на сопствената глава

    Откако ќе ја погледнете галеријава, единственото нешто што ќе можете да кажете ќе биде само „зошто“. Но, веројатно 25 пати. :)rnrn

    Оваа девојка која дозволила другарка ѝ да ја пукне во фаца
    Оваа девојка која дозволила другарка ѝ да ја пукне во фаца
    rnrn

  • 10 начини како може да си ја уништите врската

    10 начини како може да си ја уништите врската

    Автор: Боро МирческиrnrnСигурно на сите добро ви е познато ова сценарио: запознавате најдобра девојка на светот, онаква каква што отсекогаш сте посакувале. По интензивно флертување ù го барате бројот на телефон. Секако дека го добивате! Наскоро ја поканувате на првиот состанок. Еден состанок, втор, трет… и работите почнуваат да се одвиваат во најдобар ред. Си помислувате „Ах… конечно врска која води некаде!“ Но, како да се задржи овој момент?rnrn10 начини како може да си ја уништите врскатаrnrnНе дозволувајте вашите чудни навики да станат иритантни. Без искрена комуникација за вашите навики кои вие ги сметате за сосема нормални, врската нема далеку да стигне. Узурпирање на далечинскиот управувач, постојано гледање „странски“ серии и одбивање на каков било компромис околу телевизиската агенда се само дел од карактеристиките кои може да доведат до голема кавга.rnrnПокажете интерес за пријателите на вашиот/та партнер/ка. Дури и самото несогласување со пријателите или членовите на блиското семејство на вашата сакана личност може да биде сериозна причина за прекин на една врска. Мора да се воспостави рамнотежа помеѓу времето за врската, пријателите и секако да се оддели време кога тие две работи се поклопуваат.rnrnНе досадувајте со постојано праќање СМС-пораки во текот на работното време. Зачувајте ја целата комуникација за подоцна, па така ќе имате за што да разговарате во текот на ручекот или вечерата.rnrnНе пишувајте долги љубовни пораки по повод годишнина, роденден, јубилеј… Некому тоа е премногу. Да не говориме за незгодниот момент додека го гледате вашиот партнер како го чита „романот“ кој сте го напишале на една честитка. Така сигурно нема да ви возврати на сè она што е напишано таму. Најдете интересна честитка и потпишете се! Така ќе имате повеќе простор за разговор.rnrnБидете умерени кога ги прераскажувате деталите за вашето минато. Тенка е линијата на толеранција за откривањето колку години сте имале кога сте ја изгубиле невиноста и прераскажувањето на тој настан, особено ако сте девојка. Ако веќе сте прашани за тоа, дадете кратки и јасни одговори и елегантно променета ја темата. Сè што е умерено е убаво!rnrnНе бидете премногу достапни. Ова не значи дека треба да играте игра на недостапност преку игнорирање на телефонските повици и одложување на одговорите на СМС-пораките. Никој не го сака тоа. Ако сте слободни за излегување – слободни сте. Ако не сте – преместете го излегувањето за некој друг попогоден момент. Никако немојте постојано да бидете слободни или постојано да бидете зафатени!rnrnНе прогонувајте го вашиот партнер/ партнерка на социјалните мрежи. Тоа може да го направи несигурен и најсамоуверениот човек во светот.rnrnНе форсирајте ги работите. Дозволете вашата врска да се развива спонтано. Оставете времето да си го покаже своето.rnrnНе трчајте по партнерот/партнерката. Секако дека секој сака да добие мало внимание од девојката која штотуку ја запознал, но немојте да бидете неумерени и нападни.rnrnАко еден ден сакате да создадете семејство со новиот партнер/партнерка, а нему/неа тоа не му/ѝ се приоритети за блиска иднина, тогаш откажете се од врската. Верувајте дека не можете никому да му ги промените животните планови и приоритети во краток рок. За тоа треба време и трпение и секако, искрен разговор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.