КАФЕ ПАУЗА

Tag: ум

  • „Квадратно дишење“ за позитивни вибрации и смирување на умот

    „Квадратно дишење“ за позитивни вибрации и смирување на умот

    Во потрага по едноставен начин за смирување на напнатоста во текот на стресниот работен ден, оваа техника на дишење можете да ја применувате каде било, па дури и на своето работно место. Тоа е едноставен и ефикасен начин да се смирите и да уживате во неколку минути мир коишто ќе си ги посветите себеси.rnrn(1)-kvadratno-dishenje-za-pozitivni-vibracii-i-smiruvanje-na-umot-www.kafepauza.mk_rnrnДишењето се состои од четири фази за кои најчесто не сме свесни. Кога дишеме позабавено, ќе забележиме дека по секое вдишување и издишување, доаѓа до лесно задржување на здивот. Така, имаме вдишување, задржување на воздухот по вдишувањето, издишување и мала пауза по издишувањето.rnrn„Квадратно дишење“ за позитивни вибрации и смирување на умотrnrnСите четири фази се важни за ритамот на дишењето, пренос на кислородот и регулацијата на „прана“, односно животната витална енергија. Квадратното дишење или „samavritti pranayama“ е една од ретките техники на дишење којашто внесува рамнотежа во вдишувањето и издишувањето. „Sama“ на санскрит значи еднаков, а „vritti“ промена, бран, модификација…rnrnОвој начин на дишење ја подобрува концентрацијата, помага при медитацијата и ја регенерира животната и психичката енергија, вклучувајќи ги и чакрите. Без оглед дали сакате да се наполните со енергија или да го смирите умот, оваа вежба дава одлични резултати.rnrnЗа почеток можете да ја користите шемата 4-4-4-4 секунди (вдишување, задржување, издишување, задржување), како што е прикажано на сликата погоре. Тоа претставува еден круг од вежбата. Слободно можете да го покачувате броењето сè додека тоа ви претставува пријатно чувство, а не заморување.rnrnСо текот на времето, можете да ја зголемите должината на ритамот на вдишување и издишување на 6 или 8 секунди. Но, внимавајте, сè што е над 8 секунди е за напредни практиканти.rnrn3-kvadratno-dishenje-za-pozitivni-vibracii-i-smiruvanje-www.kafepauza.mkrnrnОвој начин на дишење не зависи од посебни надворешни фактори, туку сè што треба да направите е следното:rnrn1. Држете го ‘рбетниот столб исправен во текот на целата постапка. Очите треба да бидат затворени.rnrn2. Дишете низ двете ноздри. При задржувањето на воздухот држете ги ноздрите затворени со мудрата Вишну (показалецот и средниот прст на раката се свиткани, со палецот ја затворате десната, а со домалиот прст левата дупка од носот – оваа мудра е прикажана на фотографијата погоре). Доколку сте на работното место и не сакате да го привлечете вниманието на вашите колеги, дишете без затворање на носот.rnrn3. Визуализирајте квадрат. Следете го ритамот на дишењето низ квадратот во правец на стрелките на часовникот.rnrn4. Наместо броење, можете ментално да повторувате „Ом“. Со други зборови, наместо да броите до 4, во текот на сеансата 4 пати повторете „Ом“). Тоа помага во откривање на менталната длабочина, а подоцна може да се поврзе и со отчукувањата на срцето.rnrn5. Дишете природно! Опуштете го целото тело и не правете ништо под притисок.rnrn6. Сконцентрирајте се на внатрешниот мир. Неколку минути заборавете на сè околу себе и целосно предајте се на дишењето.rnrnДишете барем 5 минути на овој начин и ќе се изненадите какво дејство има оваа едноставна техника.

  • 9 цитати кои ќе ви помогнат да го вратите мирот во вашите мисли

    9 цитати кои ќе ви помогнат да го вратите мирот во вашите мисли

    Нашите умови се алатки за помнење и резонирање. Не можеме да бидеме лути само затоа што понекогаш трчаме напред без продуктивно водство, но можеме да имаме мера за да се осигуриме дека ќе бидеме среќни. Прочитајте ги овие цитати кога ќе почнете премногу да размислувате или формулирајте свои, и следете ги секогаш кога вашиот ум ќе работи, како што се вели, 200 на час.rnrn9 цитати кои ќе ви помогнат да го вратите мирот во вашите мислиrn

    „Мирниот ум може да ја слушне интуицијата, без оглед на стравот.“

    rnУмот е дом на многу гласови и изрази. Доколку не работиме на тоа да го искористиме целокупниот капацитет, некои од тие изрази можат да бидат изгубени.rn

    „Отпуштете се. Не дозволувајте минатото да ја уништи сегашноста.“

    rnМинатото е непроменливо, но нашите потсетувања на раните случки честопати се менуваат, зависно од расположението и ситуацијата. Колку и да звучи клише, трудете се да живеете во сегашноста и не се преоптоварувајте со дополнителни верзии на минатото.rn

    „Не можете сѐ да контролирате, немојте ниту да се обидувате. Ценете, не манипулирајте.“

    rnМожете вистински да го контролирате само она што се случува во вашиот ум. Можете да имате влијание на целиот свет околу вас, но никогаш не можете нешто вистински да контролирате.rn

    „Претераното размислување не води до среќа.“

    rnНе можете сами да ја измислите среќата. Таа е емоција која не можете да ја рационализирате. Кога ќе се посветите на сегашните моменти, повеќе среќа ќе добивате од искуствата.rn

    „Непродуктивните мисли се како затворски решетки за умот, не трошете ја енергијата за затворање на својот потенцијал.“

    rnНие сме бесконечни суштества способни за неверојатно изненадувачки подвизи и достигнувања. Единствените пречки кои ни стојат на патот се нашите сопствени ограничувања или оние кои дозволуваме другите луѓе да ни ги наметнат. Се ограничуваме себеси за да се заштитиме од неуспехот и непријатностите. Ослободете се од своите стравови и очекувања. Следете го срцето.rn

    „Грижата е како седење на нишалка, понекогаш она што вклучува движење не ве води никаде.“

    rnОва може да изгледа како критичка мисла за успехот, но вистината е сосема спротивна. Планирањето и анализирањето на можностите е корисна работа, но постои тенка линија помеѓу свеста и грижата. За да ја ограничите негативноста, спознајте ги своите стравови и желби, прифатете ги и ослободете се од нив.rn

    „Забавете. Не зборувајте пред да сослушате. Размислете пред да реагирате. Пред да осудите, простете. Пред да се откажете, обидете се.“

    rnРазликата помеѓу претераното и јасното размислување е во квантитетот наспроти квалитетот. Забавете, дишете длабоко и внимателно дејствувајте. Откако нешто ќе направите, тоа не можете да го избришете.rn

    „Вашите мисли можат да станат вашиот најголем проблем во животот.“

    rnПретераното размислување ја намалува енергијата. Создава несакани последици како стрес, несигурност, ароганција или депресија. Ако не живееме свесно, можеме да создадеме проблеми онаму каде што ги нема и да ги влошиме оние кои веќе ги имаме.rn

    „Не вознемирувајте се околу тоа што може да тргне на лошо, бидете возбудени за сѐ она што може да тргне на добро.“

    rnИднината е мистерија, а ние имаме тенденција да ги проектираме нашите желби и стравови кон непознатото. Но, бидејќи сѐ е погодување и предвидување, тогаш зошто не би се фокусирале на она што може да биде позитивно?

  • 8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба

    8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба

    Потрагата по лек за болката или физичкото, психичкото и духовното страдање е проблем кој покажува повеќе од едно решение. Затоа, начините по кои го бараме нашето просветлување ќе продолжат да се разликуваат. Фолклорот и науката се тука да нѐ потсетат дека одредени локации на Земјата се познати по своите „способности“ да ги лечат и обновуваат телото, умот и душата. Во тој контекст, прочитајте за 8-те места во светот кои се познати по тоа што можат да ја подобрат вашата здравствена состојба.rn

    1. Лурд, Франција

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnЛурд долго време е една од најпопуларните дестинации за туристите и религиозните следбеници. Се истакнува за оние кои веруваат дека чудата се возможни дури и кога тешките периоди изгледаат неминовни. Духовното лечење доаѓа од базените со вода во бањата Бернадет, каде многу случаи сведочат за успешни лекувања на луѓето од разни духовни тегоби.rn

    2. Мачу Пикчу, Перу

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnМногу локални шамани и експерти за добросостојба ја препорачуваат посетата на Мачу Пикчу за да ги олеснат симптомите од разни болести. Фолклорот вели дека кога перцептивна личност ќе го стави челото на каменот Интихуатана, тој ќе ја пренесе неговата или нејзината визија во духовниот свет.rn

    3. Сина лагуна, Исланд

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnЕдно од 25-те светски чуда, Сината лагуна е едно од највпечатливите места во Северна Европа, поради своите здравствени придобивки. Се вели дека со своите минерали кои потекнуваат од Земјината кора, лечи од разни кожни болести и состојби како егзема и псоријаза.rn

    4. Портата на пеколот, Нов Зеланд

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnПриродната спа, која е позната по лекување кожни болести, најпрво била откриена од Роторуа Маори пред повеќе од 7.000 години. Светото место, сега отворено за јавноста, вклучува природни елементи како што се водопадите Какахи – најголемиот водопад со топла вода на Јужната хемисфера. Легендата вели дека воините доаѓале тука и се бањале во водите за да ги излечат раните од битките.rn

    5. Мртво море, Израел

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnМртвото море е познато по својата лековитост за разни видови нарушувања на физичкото здравје кои се чести во денешното општество, од болки во коските и артритис до псоријаза и срцеви заболувања. Науката зад процесот е високото количество сол – 33% и магнезиум, калциум, калиум и други минерали.rn

    6. Банахав, Филипини

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnБанахав е активен вулкан кој се наоѓа на филипинскиот остров Лазун и е познат по лекувањето различни видови ментални и духовни нарушувања кои се практикуваат уште од библиските времиња. Верата во ова место е силна и стои како тестамент за сите посетители кои поминуваат покрај карпите, премините и тунелите за да добијат седумгодишна прошка за сите свои гревови. Постои и мало, замаглено водно езерце на кое може да се пристигне само со скала и се вели дека има неверојатни исцелителни моќи за сите оние кои ќе се искапат во него 7 пати.rn

    7. Улуру, Австралија

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnУлуру се смета за едно најважните знаменитости за домородната култура, каде лидерите на Абориџините се качувале на карпата Ајерс за да ги кажат своите молитви за здравјето и обновувањето на Земјата и нејзините жители. На посетителите им е забрането да се искачат на карпата, од почит кон луѓето кои ја слават земјата врз која таа се формирала. Во контраст, секој што ќе земе парче од карпата може да навлече духовно проклетство кое ќе трае сѐ додека го има каменот со себе.rn

    8. Убуд, Индонезија

    rn8-те места во светот коишто можат да ја подобрат вашата здравствена состојбаrnrnУбуд е позната мистична дестинација на Земјата која е богата со приказни за духовно просветлување и исцелување. Славата ја должи на западната култура, односно на филмот „Јади, моли се и сакај“ (Eat Prey Love), кој што ги прикажува бројните здравствени придобивки на мирното место. Медитацијата и јогата се најпознатите традиционални активности во Индонезија, па затоа се вели дека местото е одлично за емоционалното будење и враќањето на енергијата во умот и телото. Локалното население често се моли во бројните храмови кои се наоѓаат на најразлични места низ Убуд.

  • Правила на умот: 12 принципи за преживување и напредување во домот, на училиште и на работа

    Правила на умот: 12 принципи за преживување и напредување во домот, на училиште и на работа

    Правила на умот“ е фасцинантна книга која ги истражува 12-те едноставни принципи чија цел е да ни помогнат подобро да го искористиме нашиот мозок, да станеме подобри учители, студенти, родители и бизнис лидери. Книгата е напишана од страна на Јохан Дисалиер и ни нуди одличен поглед во начинот на кој нашиот мозок функционира. Следуваат 12-те принципи накратко опишани со цел да ви помогнат да сфатите што му е потребно на мозокот, како да ја подобрите неговата работа и да ги постигнете полесно вашите цели.rnrnПравила на умот: 12 принципи за преживување и напредување во домот, на училиште и на работаrnrn1. Вежбање. Вежбањето ја поттикнува работата на мозокот така што го зголемува дотокот на кислород, кој пак ги намалува слободните радикали кои се врзани со него. Зголемувањето на кислород секогаш е проследено со ментална острина.rnrn2. Преживување. Човечкиот мозок постојано еволуира, но преживуваат само најсилните мозоци, не најсилните тела. Нашата способност да решиме проблеми, да учиме од грешките и да создаваме сојузи со другите луѓе е тоа што ни помага да преживееме.rnrn3. Поврзување. Сечиј мозок е различно поврзан. Тоа што вие го правите и учите во животот физички го менува изгледот на вашиот мозок. Сите ние мислиме дека постојат само 7 категории интелигенција, но реалноста е дека има многу повеќе од 7 милијарди – скоро колку целата популација на светот.rnrn4. Внимание. Нештата на кои им обрнуваме внимание се под најголемо влијание од нашата меморија. Нашите претходни искуства предвидуваат кон што треба да се насочиме. Во ова одлука голема улога игра и културата.rnrn5. Краткотрајна меморија. Повторувајте за да не заборавате. Човечкиот мозок може да задржи околу 7 парчиња од информацијата во период од 30 секунди! Ако сакате да го продолжите ова време, ќе мора постојано да се изложувате на таа информација.rnrn6. Музика. Идеите за начинот на кој музиката влијае врз мозокот долго време биле дел од анегдотите. Но, истражувачите сега со сигурност можат да потврдат дека музиката има моќ целосно да го промени вашиот мозок, на подобро.rnrn7. Спиење. Спијте добро, размислувајте добро. Кога спиеме, мозокот воопшто не се одмора. Баш напротив, тој е неверојатно активен. Постојат многу докази кои укажуваат на фактот дека сонот ни е потребен за да можеме да учиме.rnrn8. Стрес. Мозокот под стрес не учи на истиот начин. Стресот го оштетува секој вид когниција кој постои, ја оштетува меморијата како и основните функции. Тој може да им наштети на вашите моторни вештини, а по долга изложеност и на одговорите од имуниот систем.rnrn9. Сензорна интеграција. Нашите сетила работат заедно, па токму затоа и е многу важно да ги стимулирате сите. Вашата глава се обидува да се справи со перцепциите за целиот свет преку погледот, звукот, вкусот, миризбата и допирот, па затоа и тие се постојано вклучени.rnrn10. Визија. Видот владее над сите останати сетила. Ние сме неверојатно способни за помнење фотографии. Ако слушнете парче од информација, по 3 дена ќе помните само 10% од неа, но ако ја видите – ќе помните дури 65%!rnrn11. Пол. Машките и женските мозоци функционираат различно. Без разлика дали станува збор за ментални заболувања, стрес или емоции, мажите и жените сосема различно се справуваат со овие нешта.rnrn12. Истражување. Сите ние сме моќни и природни истражувачи. Бебињата се одличен пример за начинот на кој учиме – не преку пасивна реакција на околината, туку преку активно тестирање низ набљудување, поставување хипотези, експериментирање и донесување заклучок.

  • 9 реченици кои треба да ги користите за да го подготвите умот за понатамошен развој

    9 реченици кои треба да ги користите за да го подготвите умот за понатамошен развој

    На Интернет можат да се најдат безброј инспиративни реченици кои можат да ви помогнат подобро да го пребродите секојдневието или да се соочите со некаков предизвик или неуспех. Таков е случајот и со пораките од Лори Хенри, со наслов „9-те реченици кои треба да се користат за умот да се подготви за развој“, со чија помош ќе можете повторно да се фокусирате на своите цели.rnrn9 реченици кои треба да ги користите за да подготвите умот за развој и поднесување на неуспехrn

    Наместо: „Не ми оди ова“, обидете се да го помислите следново: „Што е тоа што пропуштам да го направам?“

    rn

    Наместо: „Одлично ми оди ова“, помислете: „На добар пат сум.“

    rn

    Наместо: „Се откажувам“, помислете: „Ќе се послужам со некоја од стратегиите кои ги научив.“

    rn

    Наместо: „Ова ми е претешко“, помислете: „За ова ќе биде потребно и време и труд.“

    rn

    Наместо: „Не можам да научам математика“, помислете: „Ќе го извежбам мозокот за математика.“

    rn

    Наместо: „Погрешив“, помислете: „Грешките ми помагаат подобро да научам.“

    rn

    Наместо: „Тие се толку паметни, јас никогаш нема да бидам толку паметен/а“, помислете: „И јас ќе откријам како тие го прават тоа.“

    rn

    Наместо: „Ова е сосема добро“, помислете: „Дали е ова навистина мојата најдобра работа?“

    rn

    Наместо: „План А не ми успеа“, помислете: „Добро е што има толку букви во азбуката.“

  • 4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

    4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозок

    Овие загатки се толку едноставни што со сигурност ќе можете да ги решите за време на вашата кафе пауза. Но, доволно се интересни и за да ве поттикнат на размислување и да го разбистрат вашиот ум. Подготвени сте за предизвикот? Решете ги овие 4 логички задачи и нема сомнеж дека вашиот мозок ќе работи со полна пареа во текот на целиот ден…rn

    1. Проблеми на патот

    rn4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозокrnrnЕден возач додека менувал гума случајно ги испуштил сите четири навртки во дупка за канализација. Се обидел да ги земе на секаков можен начин, но без успех. Човекот се помирил дека ќе помине со часови на патот, кога едно дете што минувало оттука му помогнало да го реши проблемот. Човекот го послушал советот на детето и успешно ја наместил новата гума и стигнал до најблискиот сервис за автомобил без никакви пречки. Каков совет му дало детето на возачот?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Детето му кажало на човекот да извади по една навртка од останатите 3 тркала и да ги употреби за да ја зацврсти новата гума.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    2. Подарок од вештерката

    rn4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозокrnrnСи бил еднаш еден згоден принц кој насекаде ја барал неговата идна свршеница. Летото само што не завршило кога тој стигнал до една колиба во која живеела стара вештерка. Изморениот патник побарал од неа да му дозволи да преспие една вечер. Вештерката се согласила и му дала храна, пиење и кревет за спиење. Наредното утро, додека принцот се подготвувал да го продолжи своето патување, таа му дала подарок и му рекла: „Ќе дојде време кога твојот пат ќе биде попречен од долга река без мост. Единствениот начин да ја поминеш реката е ако препливаш до брегот. Оваа волшебна наметка ќе ти помогне и нема да те остави на цедило!“ Нашиот херој го продолжил патувањето. Поминале сто дена и сто ноќи кога тој конечно стигнал до реката за која го беше предупредила вештерката. Но, на крајот, тој немал потреба да ја облече волшебната наметка за да ја помине. Можете да погодите зошто?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Принцот стигнал во колибата на вештерката во септември. После тоа му требале 100 дена за да стигне до реката. Тоа значи дека додека стигнал таму, веќе било зима. Реката била замрзната и тој со одење стигнал до брегот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    3. Мистеријата на кафезот со зајаци

    rn4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозокrnrnЕден фармер чувал зајаци во три големи кафези кои биле наредени во ред во неговата градина. Секој од кафезите бил обоен со различна боја: Црвена, жолта и зелена. До неодамна, бројот на зајаци во зелениот кафез бил два пати поголем од бројот на зајаци во жолтиот кафез. Потоа, еден ден, фармерот земал 5 зајаци од левиот кафез и ги дал на локалното училиште. Потоа земал половина од зајаците кои останале во левиот кафез и ги префрлил во црвениот кафез. Можете да погодите во која боја бил левиот кафез?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Левиот кафез е жолт. Како што ни е познато, на почетокот бројот на зајаци во зелениот кафез бил 2 пати поголеми од бројот на зајаците во жолтиот кафез. Ова значи дека во зелениот кафез имало парен број зајаци. Откако фармерот преместил 5 зајаци од левиот кафез, таму исто така останал парен број зајаци (ова е докажано со фактот дека бројот бил делив со два). Па така, пред тие 5 да биле преместени, левиот кафез имал непарен број зајаци. Тоа значи дека левиот кафез не може да биде зелен. Но, врз основа на информациите кои ги имаме, не може да биде ниту црвен![/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    4. Откријте го криминалецот

    rn4 логички задачи кои ќе го разбудат вашиот мозокrnrnЕдна доцна вечер, пешак бил прегазен во тесна уличка, по што автомобилот избегал без да застане. Еден полицаец го видел возилото кое избегало од местото на злочинот и пријавил дека возело со многу голема брзина. 6 сведоци ја виделе несреќата. Тие ги пријавиле следниве спротивставени забелешки на она што се случило:rn

      rn011

    • Автомобилот бил син и возел маж.
    • rn011

    • Автомобилот се движел со голема брзина и трепкачите биле исклучени.
    • rn011

    • Автомобилот имал регистарски таблички и не се движел многу брзо.
    • rn011

    • Автомобилот бил Тојота и трепкачите биле исклучени.
    • rn011

    • Автомобилот немал регистарски таблички и возачот бил жена.
    • rn011

    • Автомобилот бил сив Форд.
    • rn

    rnКога автомобилот и возачот биле конечно откриени, испаднало дека само еден од овие шест сведоци дал целосно точен опис. Сите останати петмина дале една вистинита и една лажна информација. Имајќи го тоа на ум, можете ли да дадете одговор на следниве прашања:rn

      rn011

    • Која марка била колата?
    • rn011

    • Која боја била колата?
    • rn011

    • Дали колата се движела брзо или бавно?
    • rn011

    • Дали имала регистарски таблички?
    • rn011

    • Дали биле вклучени трепкачите?
    • rn011

    • Дали возачот бил жена или маж?
    • rn

    rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Станува збор за син Форд. Имал регистарски таблички, возел со голема брзина и трепкачите не биле вклучени. Возачот бил жена. Решението на оваа загатка лежи во информацијата што ја дал полицаецот (автомобилот се движел многу брзо). Ако ја прифатиме оваа изјава како вистинита, тогаш изјавата на еден од очевидците е веднаш погрешна (автомобилот се движел бавно). Откако тоа сме го дознале, нема да имаме никаков проблем да ги елиминираме останатите невистини.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    Бонус

    rnМожете ли да именувате една работа што сите луѓе на планетата Земја ја прават истовремено?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Остаруваат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • 6-чекорна вежба за мозокот создадена од генијалниот Стив Џобс

    6-чекорна вежба за мозокот создадена од генијалниот Стив Џобс

    Секој човек чија работа бара интелигенција и креативност знае дека брзото и неконвенционално размислување е клучот на успехот. Но, тешко е секогаш да се биде чекор понапред од другите без разлика колку сте талентирани. Дури и да сте паметни колку Ајнштајн, сигурно е дека ќе се почувствувате неспособни одвреме-навреме. Дури и на кралот на креативното размислување, Стив Џобс, понекогаш му бил потребен поттик кој ќе го разработи неговиот мозок.rnrn6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив ЏобсrnrnЕве како Стив Џобс ги опишал ефектите од неговата медитација:rn

    „Ако само седите и набљудувате, ќе видите колку е неуморен вашиот мозок. Ако се обидете да го смирите, тоа само ќе ги влоши работите, но со текот на времето тој навистина се смирува, а кога ќе се смири, ќе имате можност да ги чуете посуптилните нешта. Во тој момент вашата интуиција цвета и почнувате да ги гледате нештата појасно и да бидете поприсутни во моментот. Вашиот ум станува побавен и гледате многу повеќе отколку што сте можеле да видите порано.“

    rnОваа посебна техника која се нарекува медитација за свесноста потекнува од Зен Будизмот и Даоизмот. Стив Џобс ја практикувал оваа техника на ментална гимнастика уште во 1990 година, кога таа сè уште претставувала нешто непознато и егзотично. Но, работите се имаат значително сменето оттогаш. Денес, придобивките од медитацијата им се многу добро познати на голем број врвни невролози. Корпоративни џинови како Гугл, Џенерал Милс, Таргет и Форд ги тренираат нивните вработени да ги практикуваат истите медитации кои самиот Стив Џобс ги открил децении претходно.rnrnВо продолжение прочитајте од што се состојат техниките за медитација на Стив Џобс и почнете да ги практикувате и вие самите…rn

    Прв чекор

    rnСеднете со прекрстени нозе во тивок, затворен простор. Користете рамна перница за да ја намалите тензијата во вашиот ’рбет. Почнете да дишете длабоко.rn

    Втор чекор

    rnЗатворете ги очите и пробајте да се сконцентрирате на вашиот внатрешен монолог, на мислите кои се мотаат во вашата глава. Мислите поврзани со работата, семејството, работите што сте ги виделе на ТВ и сите секојдневни нешта кои ви поминуваат низ глава. Не се обидувајте да ги запрете, барем не сè уште. Едноставно набљудувајте како вашиот мозок скока од една тема на друга. Повторувајте ја оваа вежба една недела, 5 минути на ден.rnrn6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив Џобсrn

    Трет чекор

    rnСè уште немојте да се обидувате да го смирите вртлогот од вашите мисли, но пробајте да го фокусирате вашето внимание на делот од вашата свест одговорна за смиреното и неизбрзаното размислување. Овој дел од мозокот размислува за светот околу него. Не донесува заклучоци, не бара значење, само гледа, слуша и чувствува. Многумина не се свесни за неговото постоење, иако тој се открива во ретки моменти на голем шок, кога другиот дел од мозокот, одговорен за резонирање на работите, замолкнува.rn

    Четврти чекор

    rnКога ќе дојдете во допир со вашиот ум одговорен за сетилата, побарајте од него да ја забави активноста на умот одговорен за резонирање. Замислете си ги овие два дела од свеста како вол и мајмун. Пробајте да го замислите вашиот внатрешен вол како полека трча по патот. Оваа ментална слика би требало да ви помогне да го смирите вашиот внатрешен мајмун. Не очекувајте мајмунот веднаш да заспие! Мајмуните по природа се неуморни! Како и да е, наскоро ќе забележите како вашиот внатрешен мајмун станува помирен и поспокоен.rn

    Петти чекор

    rnОткако сте го смириле вашиот внатрешен мајмун, продолжете да го насочувате вниманието кон вашиот внатрешен вол. Ако сè сте направиле како што треба, ќе почувствувате како вашето дишење се забавува. Одеднаш ќе станете свесни за воздухот што ве опкружува и струи низ вашата кожа. Можно е дури и да ја почувствувате крвта како тече низ вашите вени. И кога ќе ги отворите очите, светот ќе ви изгледа променет, обновен и чуден на некој начин. На пример, прозорецот ќе го гледате како обичен правоаголник исполнет со светлина. Нешто што не треба да се отвора, затвора, чисти или поправа. Нешто што едноставно постои сега и тука. И себеси ќе се гледате како некој кој постои сега и тука.rn

    Шести чекор

    rnЌе ви биде потребно време за да стигнете до овој степен. Но, кога конечно ќе направите сè како што треба, ќе видите дека нема повеќе да ги забележувате минутите кои поминуваат од моментот кога ќе го вклучите тајмерот до моментот кога ќе го притиснете копчето за да го исклучите. Ден по ден, постепено, зголемувајте го траењето на вашата медитација. Неверојатно, но колку долго и да траат тие медитации на крајот, откако ќе постигнете повисоко ниво на вашата свест, нема да чувствувате дека воопшто ви поминува времето.rnrn6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив ЏобсrnrnАко редовно ја практикувате оваа медитација за проширување на свесноста, ќе ги добиете следниве три важни придобивки:rnrn1. Ќе се ослободите од стресот. Животните проблеми повеќе нема да имаат моќ да ве извадат од колосек.rnrn2. Несоницата ќе стане дел од минатото. Благодарение на редовното практикување на оваа медитација, ќе ви бидат потребни само две до три секунди за да заспиете.rnrn3. Ќе станете способни да размислувате појасно и ќе ја согледате вистинската вредност на вашиот животен развој.

  • 20 работи коишто ќе ги разберат само креативните луѓе

    20 работи коишто ќе ги разберат само креативните луѓе

    Премногу креативните луѓе мислат и дејствуваат поинаку од просечниот човек. Ако околу себе имате ваква личност, сигурно сте искусиле моменти кога ви се чинело дека тие живеат во сосема поинаков свет од вас. Па, не сте се излажале. Вистината е дека тие го гледаат светот со поинакви очи, а во продолжение ви наведуваме 20 работи коишто треба да ги знаете за нив.rnrnrn

    1. Нивниот ум никогаш не се изморува

    rnКреативниот ум постојано е поткрепен со љубопитност, тука нема копче за пауза и иако понекогаш ова може да биде исцрпувачки, исто така може да биде извор на луди и забавни активности и разговори.rn

    2. Ги предизвикуваат константните работи

    rnДве прашања ги разликуваат креативните луѓе од другите: „Што ако?“ и „Зошто да не?“ Додека за другите околу нив ова може да биде непријатно, за креативните луѓе ова е прилика да откријат што се во можност тие да направат.rn

    3. Ја прифаќаат својата генијалност, иако другите не го прават тоа

    rnКреативните луѓе повеќе сакаат да бидат автентични, отколку популарни. Остануваат верни на себе, без компромиси, дури и ако бидат погрешно разбрани и маргинализирани од останатите.rn

    4. Имаат проблеми со постојаното останување на една задача

    rnПремногу креативните луѓе се полни со енергија и се подготвени да започнуваат нови работи. Постојаните проекти за нив претставуваат здодевност, пред сè поради тоа што нивното внимание повеќе е привлечено од нови и возбудливи работи.rnrnrn

    5. Создаваат во циклуси

    rnКреативноста има ритам којшто минува низ периоди од неколку активности, а секој период е потребен и не смее да се прескокнува, исто како и природните сезони коишто се меѓусебно зависни и неизбежни.rn

    6. Ним им треба време да ги нахранат своите души

    rnНа креативните луѓе честопати им е потребно да го обноват својот извор на инспирација, па затоа тие одвреме-навреме сакаат да остануваат сами.rn

    7. Ним им треба простор за да создаваат

    rnВистинската околина е од суштинско значење за да се достигне врвот на креативноста. За некого тоа може да биде одредено студио, кафуле или пак тивко место во куќата. Без разлика каде и да е тоа, потребно е да се почитуваат нивните барања и граници.rn

    8. Се фокусираат интензивно

    rnКреативните луѓе го игнорираат светот кога се фокусирани на работата. Тие не можат да се фокусираат на повеќе работи истовремено, а откако ќе бидат прекинати, ним им треба дваесет минути за повторно да се фокусираат на работата, дури и прекинот да траел само дваесет секунди.rnrnrn

    9. Чувствуваат длабоко

    rnКреативноста претставува начин на длабоко комуницирање и изразување. Еден писател мора да ѝ вика на една страница, ако сака да биде слушнат неговиот шепот. На ист начин, креативните луѓе мора да чувствуваат длабоко, ако сакаат да комуницираат длабоко.rn

    10. Живеат на работ на радоста и депресијата

    rnЗатоа што чувствуваат длабоко, креативните луѓе честопати може да се префрлат од радост во тага, па дури и во депресија. Нивното чувствително срце е извор на нивното страдање.rn

    11. Мислат и зборуваат во приказни

    rnКреативните луѓе, посебно уметниците, знаат дека приказните може да допрат до човечкото срце, па затоа сè што прават го претвораат во приказна. Ним им е потребно повеќе време за да објаснат нешто, но суштината не е во објаснувањето, туку во искуството.rn

    12. Секојдневно се борат со отпорот

    rnКреативните луѓе секое утро се будат со помислата дека треба да напредуваат. Но, секогаш постои стравот дека нема да успеат. Без разлика колку една личност е успешна, ваквиот страв никогаш не исчезнува.rnrnrn

    13. Ја сфаќаат работата премногу лично

    rnКреативната работа е одраз на личноста којашто ја создава. Затоа, честопати тие не се во можност да ја одвојат својата личност од работата.rn

    14. Имаат потешкотии да веруваат во себеси

    rnДури и навидум самоуверените креативни луѓе честопати се запрашуваат: „Дали сум доволно добар?“ Тие постојано ја споредуваат нивната работа со другите и не успеваат да го согледаат својот успех, иако тој може да е очигледен за останатите.rn

    15. Тие се длабоко интуитивни

    rnКреативните личности инстинктивно знаат како да реагираат во одредени ситуации. Тие ќе ви речат дека тоа не може да се разбере, туку само да се искуси.rn

    16. Честопати одложуваат

    rnТие честопати потсвесно, а понекогаш и намерно ја одложуваат својата работа до последниот момент, едноставно да им биде повозбудливо.rnrnrn

    17. Тие се зависни од креативноста

    rnКреативните луѓе се зависни од возбудата која доаѓа со создавањето нови нешта.rn

    18. Имаат потешкотии со завршување на проектите

    rnПочетната фаза на креативниот процес е брзото движење и искусувањето на возбудата. Честопати креативните луѓе ќе се откажат од проектите со коишто многу добро се запознаени, со цел да ја доживеат возбудата којашто ја носат новите почетоци.rn

    19. Ги согледуваат работите подобро од другите

    rnКреативните луѓе ги согледуваат работите уште пред да станат очигледни за другите.rn

    20. Тие никогаш нема да пораснат

    rnКреативните луѓе го спознаваат светот низ детски очи. За нив животот е вистинска мистерија и авантура.rnrn

  • 12 моќни начини да влезете во подлабоката димензија на животот

    12 моќни начини да влезете во подлабоката димензија на животот

    Целиот наш живот го поминуваме во брзање. Ние трчаме по нашите желби и неостварени соништа. Привлечени сме од парите, моќта, престижот и среќниот живот. Водени од нашите амбиции, се обидуваме да остваруваме голем број цели и сме инспирирани да се движиме кон напред, постојано наоѓајќи нешто ново кое сакаме да го постигнеме.rnrn12 моќни начини да влезете во подлабоката димензија на живототrnrnОвој начин на живеење е поттикнат од нашиот страв дека сè уште не сме оние кои сакаме да бидеме. Токму затоа и никогаш не сме задоволни и секогаш сакаме повеќе. Тоа води кон губење допир со подлабоките димензии на животот кои се присутни во нашиот живот, но не можеме да ги забележиме бидејќи имаме недостаток на свесност. Па, како можете повторно да допрете до подлабоката димензија на животот? Погледнете ги следниве начини на размислување кои ќе го прошират вашиот ум и ќе ви помогнат да откриете нов начин на постоење…rnrn1. Вие сте бесмртно суштество кое е изгубено во свет на изолација и кое очајно трага по себеси.rnrn2. Со вашиот ум полн мисли, никогаш нема да можете да ја најдете вистината, бидејќи таа се открива само во тивкиот простор на срцето.rnrn3. Надминете го методот на анализирање и категоризирање кој го користи вашиот ум и дозволете му на богатството од вашата автентична личност да цвета во вас.rnrn4. Ако во умот владее мир, тој нема да чувствува страв, завидливост или тага и едноставно ќе почне да се движи по патеката на животот, која нема ниту почеток, ниту крај.rnrn5. Вие можете да го искусите текот на животот во и околу вас само кога сте во состојба на зголемена свесност.rnrn6. Разбудете се и почнете да ги идентификувате вашите мисли и желби, бидејќи само тогаш ќе успеете лудиот свет кој постојано се менува да го скротите во прекрасна игра.rnrn7. Свесноста е вратата која ви го отвора патот кон вашиот живот, кон единството.rnrn8. Свесноста разгорува оган во вас, кој го консумира светот на изолација околу вас.rnrn9. Внимавајте: Разбудената свесност е опасна бидејќи за само еден момент може да ги уништи вашите соништа за спиритуален раст.rnrn10. Првиот подарок на разбудената свесност е кога ќе откриете дека наместо вас, вашиот живот го воделе длабоко вкоренетите програми на вашиот условен ум.rnrn11. Ако барате среќа надвор од себе, вие ќе најдете само моментално задоволство. Среќата е радоста на самото постоење, додека сте присутни во овој момент.rnrn12. Најпривлечниот цвет на вашето вистинско внатрешно постоење е токму благодарноста.

  • 9-те карактерни особини на храбрите умови

    9-те карактерни особини на храбрите умови

    Храбрите и смели ставови и идеали се еден возбудлив начин на живеење. Луѓето кои се обидуваат да зграпчат што повеќе шанси и прилики со помош на нивното размислување искусуваат еден поисполнет, побогат и поинтензивен живот. Во продолжение прочитајте кои карактеристики ги одликуваат храбрите умови и дознајте ги причините за нивниот успешен развој и напредок.rnrn9-те карактерни особини на храбрите умовиrn

    1. Храбрите умови бараат различни перспективи

    rnДодека посмирените луѓе се опкружуваат со личности кои го ценат и практикуваат нивниот начин на размислување, храбрите умови во својот круг на пријатели вклучуваат личности кои имаат различни идеологии. Тие не се обидуваат да се променат или да ги променат другите, туку се отворени и прифатливи кон оние кои го гледаат светот поинаку од нив.rn

    2. Храбрите умови уживаат во предизвикот

    rnБестрашните храбри умови ги привлекува уметноста која го истражува контрадикторното и им открива вистини и наративи кои можат да завршат двосмислено. Нивниот интелект ги цени и вреднува вкусовите – во храната, музиката, филмовите, а добрите вкусови мора прво да се култивираат за да се добијат.rn

    3. Храбрите умови не копнеат по сечие внимание, љубов и почит

    rnВо неговата книга, „Давид и Голијат“, Малком Гладвел открива дека успешните претприемачи ја вреднуваат несогласноста како карактерна особина многу повеќе од обичното население. Тие не се некултурни или нељубезни, туку не бараат прифаќање или благослов од нивните пријатели за да го сторат тоа што мислат дека е правилно.rn

    4. Храбрите умови можат да бидат сами без да бидат осамени

    rnХрабрите умови не дозволуваат нивното внимание да се задржува на телевизијата, социјалните мрежи и сличните тривијални активности, туку се обидуваат да останат будни и свесни во секое време.rn

    5. Храбрите умови се помирени со своите стравови и анксиозноста

    rnТие ги забележуваат своите мисли дури и кога тие се негативни. Не се обидуваат да ги игнорираат или да не ги прифаќаат, туку само ги регистрираат и именуваат додека се присутни и додека не им најдат решение.rn

    6. Храбрите умови го толерираат неразбирањето

    rnЗбунетоста е незапирлива болка на мозокот во развој која постојано расте. Храбрите умови никогаш не ги прават оние работи кои сметаат дека се погрешни.rn

    7. Храбрите умови се и отворени и одлучни

    rnСигурно ви е добро познато правилото: „Два пати мери, еднаш сечи“. Храбрите умови се отворени за дискусија и преговарање пред да донесат некаква одлука и да се посветат на неа.rn

    8. Храбрите умови се скромни и самоуверени

    rnХрабрите умови се свесни за нивните маани и нивните пропусти, па затоа самоуверено и активно работат на нивната способност да ги изгубат и да се ослободат од нив.rn

    9. Храбрите умови го сакаат парадоксот

    rnТие дозволуваат нивниот разум да маринира во комбинирањето на навидум различните поими и затоа успеваат да бидат истовремено и отворени и одлучни, како и скромни, а сепак самоуверени. Храбрите умови го гледаат светот како внатрешно поврзан систем од парадоксалности.