КАФЕ ПАУЗА

Tag: ум

  • Одберете ја сликата што најмногу ве привлекува и откријте каква е состојбата на вашиот ум

    Одберете ја сликата што најмногу ве привлекува и откријте каква е состојбата на вашиот ум

    Дури и да имате силен карактер, состојбата на вашиот ум може да се промени во секој момент. Тоа може да се случи поради работата, емоциите или некои други надворешни фактори. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за состојбата на вашиот ум, одберете една од следниве слики и прочитајте ги резултатите…rnrnОдберете ја сликата што најмногу ве привлекува и откријте каква е состојбата на вашиот умrn

    Слика под број 1

    rnВие сте опуштени, духовити и ведри. На животот гледате како можност да бидете слободни и спонтани и затоа уживате во секој момент. Дали некогаш сте ја чуле реченицата „Еднаш се живее?“. Токму овој израз ве дефинира. Постојано барате нови искуства. Вашата љубопитност е ненаситна и не се плашите од промените. Попрво би ризикувале и би пробувале нешто ново отколку да се чувствувате ограничени во вашите околности. Обожувате изненадувања.rn

    Слика под број 2

    rnВие сте независни и не сакате конвенционални работи. Секогаш го следите вашиот пат и ги занемарувате ограничувањата. Имате уметнички способности кои сакате да ги покажувате на работа или во слободно време. Толку многу ја сакате слободата што понекогаш сте непредвидливи. Живеете според своите идеи и верувања и не се плашите да бидете поразлични од другите.rn

    Слика под број 3

    rnМногу сте чувствителни. Сакате да медитирате и да размислувате за себе и за светот околу вас. Не можете да поднесете површни работи. Повеќе сакате да поминувате време сами отколку да водите бесмислени разговори. Воспоставувате цврсти врски само со вашите вистински пријатели. Тоа ви носи внатрешен мир и добро здравје. Никогаш не ви е досадно, дури и ни кога сте сами.rn

    Слика под број 4

    rnВие сте префинети, урамнотежени и стабилни. Ги сакате работите што се едноставни и природни и затоа другите се чувствуваат пријатно во ваше друштво. Стоите цврсто со двете нозе на земја и многу сте лојални. Сакате да им дадете сигурност на вашите најблиски, но понекогаш знаете да бидете премногу заштитнички настроени. Луѓето ве сметаат за топла и љубезна личност. Не ги сакате тривијалните работи и не ги следите модните трендови. Претпочитате да носите практична, но елегантна облека.rn

    Слика под број 5

    rnВие сте прагматични професионалци и верувате во своите способности. Имате контрола врз вашиот живот и нешто не ѝ препуштате на случајноста. Ги решавате проблемите на едноставен начин. Реални сте и знаете како да донесете добри одлуки. Најверојатно имате големи одговорности на работа, бидејќи другите веруваат во вашите способности. Луѓето добро ја прифаќаат вашата ментална сила. Не сте задоволни додека не го завршите она што сте го започнале.rn

    Слика под број 6

    rnСакате да размислувате во мир и тишина и не можете да ја поднесете агресијата. Едноставни сте, но и многу внимателни. Многу лесно стекнувате нови пријатели, но уживате во вашата независност и приватност. Не ви пречи да поминувате време со друштво, но одвреме-навреме ви треба одмор за да размислувате за животот. Многу го цените личниот простор, па затоа можно е да имате омилено место за кое никој друг не знае. Меѓутоа, сепак, не сте самотници. Имате постигнато мир со самите себе и со луѓето околу вас.rn

    Слика под број 7

    rnМногу сте драматични, активни и екстровертни. Сакате да ризикувате и не се плашите да се посветите на работата или на пријателите. Рутините се вашата најголема слабост, па затоа секогаш се обидувате да останете активни. Одлуките што ги носите нема секогаш да им се допаднат на сите, но вашите вистински пријатели секогаш ќе останат покрај вас во текот на сите промени.rn

    Слика под број 8

    rnМногу сте романтични и сакате да сонувате со отворени очи. Имате чувствителен карактер. Одбивате да ги согледувате работите од исклучиво рационален аспект. Многу ви се важни емоциите и чувствата. Важно ви е да сонувате и замислувате. Не сакате да се опкружувате со луѓе кои не веруваат во романтика и претпочитаат логика. Ако нешто се обидува да ги ограничи вашите емоции, веднаш се ослободувате од тоа.rnrnРасположени сте за уште еден сличен тест? Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака. Кликнете на неа за да ги прочитате резултатите!rnrnОдберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака

  • Според научниците, умот не е ограничен со мозокот

    Според научниците, умот не е ограничен со мозокот

    Дали некогаш сте се запрашале што всушност е умот? Ако се запрашате навистина е тешко да го дефинирате тој концепт. Дали умот е центарот и столбот на вашето битие? Дали тој е основата на вашата свест? Повеќето научници настојуваат да го дефинираат умот како резултат од мозочната активност.rnrnspored-nauchnicite-umot-ne-e-povrzan-so-mozokot-kafepauza.mkrnrnМозокот е физичкиот, а умот е свесниот резултат од невроните на мозокот. Но сè повеќе и повеќе истражувања покажуваат дека нашите мисли се многу повеќе од само физичка реакција.rnrnПрофесорот Ден Сигел објавил книга со наслов „Ум: Патување до срцето на човечкото битие“ (Mind: A Journey to the Heart of Being Human). Во оваа книга тој го споделил своето мислење според кое нашите умови не можат да бидат ограничени со нашиот мозокот или нашето тело.rnrnПред околу 20 години, имало собир на 40-тина научници од кои некои биле физичари, социолози, антрополози и невролози. Нивната цел била да најдат разбирање и одговор на прашањето со кое биле соочени сите научници. Ова бил моментот кога Ден Сигел прв пат помислил на дефиницијата. Научниците заклучиле дека значаен елемент од умот може да биде дефиниран како појавен, самоорганизиран процес кој е и отелотворен и рационален, и кој го регулира дотокот на енергија и информации во и помеѓу нас.rnrnИнтересно е што главната компонента на дефиницијата укажува дека умот се проширува на нашите физички тела. Ова значи декан нашиот мозок не е само свесност и животни искуства, туку тој е самите тие животни искуства. Сигел го направил објаснувањето поедноставно и го споредил умот со брег.rn

    „Сфатив дека ако некој ме замоли да го дефинирам брегот, дали тој е вода или песок, би требало да кажам дека брегот е и вода и песок. Не можеме да го ограничиме нашето разбирање за брегот и да инсистираме дека е едното или другото. Почнав да размислувам дека можеби и умот е како брегот. Менталниот живот за антрополог или социолог е социјален. Вашите мисли, чувства, меморија, внимание, искуства во овој свет се дел од вашиот ум.“

    rnПоголемиот дел од идејата потекнува од математиката каде што комплексните системи се самоорганизирани. Сигел вели дека ова е основата на нашето ментално здравје. Нашите умови го исполнуваат научниот критериум во тоа дека се отворени, способни за хаос и нелинеарни.rnrnВо математиката оптималната самоорганизација е дефинирана како стабилна, кохерентна, со енергија, флексибилна и приспособлива. Гледајќи ја оваа дефиниција, можете да сфатите дека со оваа организација ќе завршите со хаос или ригидност. А според Сигел ова се совпаѓа со многу симптоми на ментални нарушувања.rnrnСигел забележал многу мизерија во општеството и токму ова го натерало сега да ја напише неговата книга. Тој смета дека дел од оваа тешкотија е тоа како го гледаме нашиот ум.rn

    „Помислив на тоа колку се чувствуваме изолирано и неповрзано. Во модерното општество постои верување дека умот е активност, а ова значи дека нашето јас кое доаѓа од умот е одделно и ние не припаѓаме. Но сите ние сме дел од животите на другите. Умот не е само мозочна активност. Кога ќе сфатиме дека ова е поврзан процес, постои масивна промена во чувството на припаѓање.“

    rnКога го гледаме нашиот ум како резултат на нашиот мозок, наместо како врска, тоа прави да се чувствуваме уште поизолирано. Ако ги отвориме нашите умови за навистина да ги цениме предностите на овие врски, ќе бидеме многу посреќни.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за 17-те нивоа на свест.

  • Моќта на човечкиот ум: Сѐ што треба да знаете за 17-те нивоа на свест!

    Моќта на човечкиот ум: Сѐ што треба да знаете за 17-те нивоа на свест!

    Сигурно сте знаеле дека свеста се состои од многу нивоа, но веројатно не сте биле сигурни за колку точно станува збор. Доктор Дејвид Хокинс ја истражувал таа тема и напишал книга позната како „Моќ наспроти сила“ (Power vs Force). Тој во книгата вклучил мапа на свеста што самиот ја составил. Мапата ги содржи сите нивоа на свест што можеме да ги постигнеме. Нивото на свест на коешто моментално се наоѓате може да ви открие многу работи за вашето духовно патешествие. Дали сте знаеле дека нашата свест се состои од 17 нивоа? Што мислите, за што станува збор? Продолжете со читање за да дознаете…rnrnМоќта на човечкиот ум: Сѐ што треба да знаете за 17-те нивоа на свест!rn

    1. Срам

    rnОва е најниското ниво. Луѓето чија свест се наоѓа на ова ниво постојано се чувствуваат понижени на секој можен начин. Тие имаат ниска самодоверба и знаат да бидат многу параноични. Овие луѓе буквално сакаат да бидат невидливи.rn

    2. Вина

    rnЛуѓето на ова ниво ја негуваат деструктивноста. Тие имаат злобен поглед кон светот и се презираат себеси, но и сите останати. Ги обземаат чувства на вина и каење.rn

    3. Апатија

    rnЛуѓето со ова ниво на свест се очајни. Овие поединци имаат многу потреби и им претставуваат товар на останатите. Ова се луѓето што сигурно се обидувате да ги одбегнете.rn

    4. Тага

    rnЛуѓето на ова ниво се чувствуваат многу ниско. Тие се тажни и многу често остануваат без зборови. Сите луѓе вибрираат на ова ниво кога минуваат низ тежок период, како што е загубата на некој близок.rn

    5. Страв

    rnОва ниво на свест е полно со анксиозност и одбивање. Луѓето на ова ниво се изолираат и може да бидат многу параноични. Стравот не им дозволува да постигнат личен развој.rn

    6. Желба

    rnЕмоционалниот копнеж е многу силен на ова ниво. Овие луѓе копнеат по нешто што сѐ уште го немаат постигнато. Тие стануваат зависни од нивните желби.rn

    7. Лутина

    rnОва е некој вид омраза. Лутината може да се изрази на многу различни начини. Луѓето на ова ниво се многу токсични.rn

    8. Гордост

    rnОвие луѓе чувствуваат силен презир. Им се чини дека ништо не може да биде доволно добро. Тоа создава негативно опкружување.rnrnМоќта на човечкиот ум: Сѐ што треба да знаете за 17-те нивоа на свест!rn

    9. Храброст

    rnНа ова ниво, состојбата на луѓето почнува да се менува. Ова е првиот момент на будење. Кога ќе стигнете до тука, тоа значи дека сте тргнале на вистинскиот духовен пат.rn

    10. Неутралност

    rnЛуѓето на ова ниво немаат предрасуди и ги гледаат работите онакви какви што навистина се. Тие се среќни и не мора секогаш да им оди од рака. Способни се да ги препознаат своите силни страни.rn

    11. Волја

    rnПоединците на ова ниво се отворени за повеќето работи. Не им дозволуваат на туѓите мислења да ги ограничат и поради тоа, тие се слободни. Ова се луѓе полни со страст и волја.rn

    12. Прифаќање

    rnНа ова ниво, нема повеќе да го негирате изворот од каде што сте дошле. Ја прифаќате вистината и подготвени сте да се движите напред. Почнувате да барате решенија.rn

    13. Разум

    rnНа ова ниво луѓето бараат информации и создаваат сопствени мисли. Поголемиот дел од најпознатите мислители во историјата се наоѓале на ова ниво. Овие луѓе ги разгледуваат сите можни детали пред да донесат заклучок.rn

    14. Љубов

    rnСтанува збор за чиста и безусловна љубов на секој можен начин. Луѓето на ова ниво воопшто не се исполнети со копнеж или зависност. Тие не се заглавени во нивната гордост.rn

    15. Радост

    rnОва ниво е полно со сочувство и се јавува од моментите кога чувствуваме, а не од надворешни извори. Луѓето на ова ниво го гледаат светот како нешто прекрасно и имаат позитивни мисли. Луѓето понекогаш минуваат низ ова ниво краток период по блиска средба со смртта.rn

    16. Мир

    rnСтанува збор за среќа во секоја смисла на зборот. Овие луѓе се нашите духовни учители и тие можат да го променат светот. На ова ниво, целиот живот делува совршено.rn

    17. Просветлување

    rnОва е самиот врв. Кога ќе стигнете до оваа точка, ќе станете едно со вашиот извор и вашата насока. Ќе ги надминете и времето и просторот. Тогаш ќе го остварите вашиот најголем потенцијал.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте го тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат.

  • Како да направите пролетно чистење на вашиот ум?

    Како да направите пролетно чистење на вашиот ум?

    Со доаѓањето на пролетта, сите почнуваме да го чистиме домот, да ги фрламе непотребните работи и да го средуваме шкафот, но забораваме да го направиме најважното нешто: Да го прочистиме нашиот ум. Пролетното чистење на умот ќе ви помогне да го почнете летото свежи и полни со енергија. Исто како што вашиот шкаф може да се наполни со непотребни работи, така и вашиот ум може да биде натрупан со негативни мисли. А нема ништо полошо од тоа да ја понесете сета таа негативна енергија со себе во најзабавниот период во годината.rnrnКако да направите пролетно чистење на вашиот ум?rnrnЗа да направите пролетно чистење на вашиот ум, треба да обрнете внимание на следниве 5 работи: Токсични врски и непотребна драма, лоши навики, негативни разговори, негативни мисли и физички простор. Ова можеби ви делува како голем залак и сигурно се прашувате како ќе успеете да го направите она што е потребно. Психотерапевтите советуваат да се фокусирате на вашето физичко здравје, да бидете благодарни, да започнете креативни проекти и да ги негувате позитивните врски. Сето ова звучи одлично во теорија, но праксата оди малку потешко.rnrnИ покрај тоа, сигурно сакате да се ослободите од зимскиот багаж и да го започнете летото со свежи погледи кон светот. Направете малку простор во мозокот со тоа што ќе се „откачите“ од негативните вибрации и од сите други нешта што ви прават гужва во животот, бидејќи тие навистина не ви се потребни. Ова се работите што треба да ги направите за го прочистите умот и да можете максимално да уживате во летото…rn

    Медитирајте

    rnСигурно ви е веќе смачено да слушате дека треба да медитирате, но ако вашиот ум е во хаос, вреди да се обидете. Истражувањата докажале дека доколку медитирате секој ден по 10 минути, тоа може да го промени начинот на кој реагирате на сѐ што се случува околу вас. Освен тоа, медитацијата може да ја зголеми вашата креативност, што е дополнителен бонус.rn

    Вратете се во форма

    rnПролетта е совршеното време за да почнете со вежбање, бидејќи физичката активност го покачува нивото на ендорфини во мозокот, што може да го подобри вашето расположение. Одберете вежби што вам ќе ви одговараат, без разлика дали станува збор за јога, танц, џогирање или пилатес. Што и да одберете, најважно е да се забавувате. Најефективните вежби се оние кои редовно ќе ги практикувате.rnrnКако да направите пролетно чистење на вашиот ум?rn

    Одете боси

    rnДали сте знаеле дека покривањето на стапалата е прилично нов тренд? Според истражувањето спроведено од страна на Националниот институт за здравје, низ историјата луѓето најчесто оделе боси или со обувки направени од животинска кожа. Тие спиеле на земја или на кожи. Преку директниот контакт или преку вдишувањето на честичките од животинските кожи што ги користеле како обувки или душеци, слободните електрони од земјата можеле слободно да навлезат во телото, а тоа го зголемува протокот на енергијата. Преку овој механизам, секој дел од телото можел да се изедначи со електричниот потенцијал на Земјата со што се стабилизирала функцијата на сите органи, ткива и клетки.rnrnДоколку се чувствувате истоштени од настаните што ви се случиле во текот на зимскиот период, можете да го подигнете вашето расположение и да ги смирите мислите со тоа што ќе одите боси во дворот или уште подобро на плажа.rn

    Ослободете се од непотребниот товар

    rnАко се чувствувате исцрпени од целата драма, токсични врски, пријателства и обврски што ве држат будни навечер и не ви дозволуваат да го извлечете максимумот од себе, време е да ја преработите вашата листа на приоритети. Имено, најдобро е да изработите листа на работи што треба да престанете да ги правите. За да постигнете успех, престанувањето со некои работи е исто толку важно колку и почнувањето нови работи. Употребете ги овие прашања за да ја направите листата: „Дали навистина сакам да го правам тоа?“ и „ Дали оваа личност ме прави среќен/а?“. Ако одговорите несигурно со „Понекогаш“, „Па, не знам“, „Онака“, тогаш најверојатно треба да престанете со тоа.rnrnКако да направите пролетно чистење на вашиот ум?rn

    Ослободете се од лошите навики

    rnСите имаме лоши навики чиј број се зголемува кога сме во стресни периоди од животот. Не ги носете со себе вашите лоши навики и во летото. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но ако навистина сакате да се ослободите од нив, постојат три научно докажани начини за да го направите тоа. Клучот е да го промените начинот на размислување и начинот на кој зборувате за сопствените способности. Разбудете ја вашата љубопитност и излезете од секојдневните рутини кои се базираат на страв и монотонија. Почнете да живеете. Бидете љубопитно свесни за она што се случува во вашето тело и ум во секој момент од животот. На тој начин ќе можете да забележите кои навики ве исцрпуваат и ви влијаат негативно, за да можете да ги отстраните.rnrnАко се чувствувате беспомошно, обидете се секој ден да правите листа на благодарност. Бидете благодарни за тоа што наскоро ќе дојде лето, за тоа што имате прекрасни пријатели или за тоа што имате куче. Мислете на малите нешта што ви го прават животот убав и без оглед на сѐ имајте го највозбудливото лето досега!rnrnДоколку навистина сакате да направите пролетно чистење на умот, прочитајте како да се ослободите од негативните мисли.

  • Постојаното размислување е најголемиот извор на тага

    Постојаното размислување е најголемиот извор на тага

    Во денешно време, луѓето имаат навистина брз начин на живот. Нашите умови се окупирани и постојано нешто правиме. Дали можете да се сетите кога последен пат не сте правеле апсолутно ништо? Кога последен пат сте поминале 10 минути без никој да ве вознемирува? Кога велиме ништо, мислиме буквално ништо.rnrnПостојаното размислување е најголемиот извор на тагаrnrnТоа значи 10 минути без праќање пораки, имејлови, Интернет, телевизија, разговори, храна, читање, па дури ни сеќавање на минатото или планирање на иднината. Едноставно ништо. Сигурно ви се случило тоа пред многу долго време. Ова можеби ви звучи чудно, но станува збор за нашите умови.rnrnУмот е највредното и најдрагоценото нешто. Со негова помош го доживуваме секој поединечен момент од нашиот живот. Тој ни помага да бидеме среќни, задоволни, емотивно стабилни и истовремено љубезни, разумни и внимателни во односите со другите луѓе. Од истиот овој ум ни зависат концентрацијата, креативноста, спонтаноста и амбицијата.rnrnИ покрај сето ова, ние не посветуваме доволно време на негата на нашиот ум. Многу повеќе време посветуваме на грижата за нашите автомобили, облека или фризура. Како последица од сето тоа, ние сме под постојан стрес. Во умот ни се вртат најразлични мисли како во машина за алишта. Не знаеме како да се бориме со тешките и збунувачки емоции и не знаеме како да бидеме присутни во светот каде што живееме. Пропуштаме работи кои ни значат поради погрешната претпоставка дека животот е таков и дека треба да продолжиме понатаму. Но, тоа не е вистина.rnrnФакт е дека сите се бориме со стресот на различен начин. Некои луѓе почнуваат да работат прекумерно, други бараат помош од пријателите и семејството. Некои бараат утеха во алкохолот или лековите. Вистината е дека сѐ што треба да направиме е да се фокусираме на сегашноста. Сегашноста е многу потценета. Звучи обично, но поминуваме толку малку време во сегашниот момент кој е сѐ само не обичен. Според неодамнешните истражувања спроведени на Харвард, нашиот ум размислува речиси 47% од целото време што го имаме на светов.rnrnПостојаното размислување е најголемиот извор на тага. Ако речиси половина од нашиот живот го поминуваме изгубени во мислите, а размислувањето нѐ прави тажни, тоа е навистина трагично сознание, особено поради фактот што можеме да преземеме нешто во врска со тоа.rnrnПостојаното размислување е најголемиот извор на тагаrnrnПостои една позитивна, практична и научно докажана техника која на нашиот ум му овозможува да биде поздрав, посвесен и пофокусиран. Потребно е да одвоите само 10 минути за нешто што би можело да има големо влијание на целиот ваш живот. Станува збор за вежба која ќе ви помогне да станете повнимателни и претставува основа на медитацијата. Таа ќе ве зближи со сегашниот момент. Многумина претпоставуваат дека медитацијата е сопирање на мислите, ослободување од емоциите, некој вид контрола на умот, но всушност се работи за нешто сосема друго.rnrnСтанува збор за одвојување, јасно гледање на мислата и сведочење дека таа доаѓа и заминува. Емоциите доаѓаат и си одат благодарение на опуштениот и сконцентриран ум. На пример, ако премногу се фокусирате на една точка во ѕидот, нема да можете истовремено да разговарате со некого. Исто така, ако премногу се опуштите додека разговарате, нема да можете да се фокусирате на точката во ѕидот, туку погледот ќе ви избега.rnrnЌе имате периоди во животот кога фокусот ќе ви стане премногу интензивен. Непријатно е да се живее на таков начин, бидејќи постојано ќе бидете изложени на голем стрес. Ќе има и други животни периоди кога ќе можете премногу да се опуштите.rnrnПоентата е да постигнете рамнотежа, односно фокусирана релаксација на тој начин што ќе им дозволите мислите да доаѓаат и заминуваат без да им се мешате. Обично кога се обидуваме да обрнеме внимание на нешто, се случува мислите да ни го попречат процесот. Да речеме дека станува збор за некоја анксиозна мисла. Сѐ оди како подмачкано, кога одеднаш ви се јавува анксиозна мисла и помислувате „Не знаев дека се грижам за тоа“. Заборавате на тоа за момент и потоа повторно помислувате „Се грижам, навистина многу се грижам.“rnrnОдеднаш почнувате да се грижите поради тоа што сте загрижени, а тоа е лудост! Постојано го правиме тоа, речиси секој ден. Сетете се на последниот пат кога сте имале забоболка. Знаете дека ве боли забот и што правите на секои 20-30 секунди? Си велите дека навистина многу ве боли и на тој начин уште повеќе ја зголемувате болката. Само ако станете свесни за ваквиот начин на размислување, ќе можете да го ослободите умот од тие мисли.rnrnПостојаното размислување е најголемиот извор на тагаrnrnКога ќе седнете и ќе почнете да си го проучувате умот, ќе забележите многу различни реакции. Можеби ќе откриете дека вашиот ум постојано е немирен. Немојте да се изненадите доколку се чувствувате по малку вознемирено кога ќе седнете и нема да правите ништо, бидејќи и вашиот ум така се чувствува. Можеби ќе дознаете дека вашиот ум е многу здодевен и дека работи механички. Тоа е така затоа што монотонијата завладеала со вашиот живот и секој ден ви се одвива на истиот начин: Се будите, одите на работа, јадете, спиете, се будите, работите… Можеби ќе откриете дека постои само една мисла што непрестајно ви се врти во умот.rnrnБез разлика за што се работи, 10-минутната медитација ви нуди можност да побегнете од грижите и да ги согледате работите од друга перспектива. На овој начин ќе сфатите дека работите не се секогаш онакви какви што изгледаат.rnrnНе можеме да ја промениме секоја ситница што ни се случува во животот, но можеме да го промениме начинот на кој реагираме на неа. Поентата на медитацијата е да се постигне смиреност. Не мора да запалите темјан или да седите на подот. Сѐ што треба да направите е секој ден да одвојувате по 10 минути за да се зближите со сегашниот момент и да почувствувате интензивен фокус, мир и свесност во вашиот живот.rnrnДоколку сметате дека и вие го имате истиот проблем, прочитајте ги овие 15 работи во кои ќе се препознаат оние кои премногу размислуваат.

  • 16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум

    16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум

    Оптичките илузии отсекогаш биле интересен начин за тренирање видот, како и на умот. Некои од нив полесно можете да ги сфатите, додека пак други бараат поголемо внимание и концентрација. Во продолжение погледнете неколку оптички илузии кои на умешен начин ќе успеат да го измамат вашиот ум.rn

    1. Колку бои гледате на фотографијата?

    rn16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот умrnrnВсушност, сините и зелените спирали се во иста боја – зелена. Нема сина боја на оваа фотографија.rn

    2. Каква боја се квадратите кои се наоѓаат на центарот на двете страни на коцката?

    rn16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот умrnrnКафеавиот и портокаловиот квадрат кои се наоѓаат во средината на двете страни на коцката се во иста боја. Доколку ви е потребен доказ, проверете и самите.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сакам да го видам доказот!” active=”false”]16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    3. Дали квадратите означени со А и со В се во иста боја?

    rn16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот умrnrnПогледнете внимателно. И двата квадрати се во иста боја – сива. Ако сѐ уште не можете да поверувате, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сакам да го погледнам решението!” active=”false”]16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    4. Дали двата квадрати се со иста боја?

    rn16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот умrnrnДоколку одговоривте не, тогаш мораме да ви кажеме дека не сте во право. Всушност и двата квадрати се со потемна боја. Ако не ни верувате, ставете го прстот хоризонтално каде што се спојуваат двете форми.rn

    5. Дали гледате шаховска табла со црни и бели квадрати?

    rn16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот умrnrnСивите половини на црните и белите квадрати се всушност со иста боја. Сивата може да се гледа како црна или бела, во зависност од бојата која стои до неа.rnrnЗабавувајте го вашиот ум и преминете на наредната страница за да видите уште интересни оптички илузии…rn

  • Кога умот си поигрува: Зошто викате на телевизорот кога вашиот спортски тим губи?

    Кога умот си поигрува: Зошто викате на телевизорот кога вашиот спортски тим губи?

    Иако луѓето се одликуваат со рационално и свесно размислување, сепак нашиот ум може да си поигра со нас на многубројни начини. Следуваат 5-те начини на кои нашиот ум си поигрува, терајќи нè да правиме работи кои можеби не ги сакаме и за кои често не сме ниту свесни.rnrn1-koga-nashiot-um-si-poigruva-zoshto-vikate-na-televizorot-koga-igra-vashiot-klub-i-shto-e-efekt-na-noj-www.kafepauza.mk_rn

    1. Илузија на контрола

    rnЛуѓето имаат тенденција да ја преценуваат својата способноста за контрола на она што се случува околу нив. Па така, на пример, љубителот на некој спортски клуб мисли дека неговите мисли или активности (викањето на телевизорот и слично) ќе имаат некаков ефект врз текот на играта.rn

    2. Ефект на мамка

    rnСтанува збор за феноменот во маркетингот каде што потрошувачите имаат специфична промена во преференциите помеѓу два избора, откако им е понуден и трет избор. Понудете две чаши сок, со различна големина и луѓето ќе ја изберат помалата. Но, ако им понудете и трет избор, луѓето ќе ја изберат средната големина.rn

    3. Ефект на ној

    rnЕфектот на ној е одлуката да ги игнорираме опасните или негативните информации така што ја ставаме, на пример, перницата врз главата, исто како ноевите кога ја забиваат главата во песокот.rn

    4. Влијанието на еристиката

    rnДокажано е дека го интерпретирате светот според начинот на кој се чувствувате. На пример, поминувате покрај некоја зграда и почнувате да чувствувате некој мирис. Личноста која пешачи со вас ќе ви каже дека почувствувала мирис на храна, доколку е гладна, додека на вас ќе ви мириса на нешто сосема поразлично во зависност од тоа како се чувствувате.rn

    5. Индуктивен отпор

    rnЖелбата да го направите спротивното од она што ви е кажано. Тоа се јавува, бидејќи несвесно (или свесно) сакаме да ја докажеме нашата слобода на избор.

  • 10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенција

    10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенција

    Ако сакате да го одржите вашиот мозок во форма, истото што важи за мускулите важи и за него – треба да вежбате. Правете психички вежби по неколку минути секој ден и тоа не само што ќе го избистри вашиот ум, туку и ќе ја подобри вашата меморија и ќе ве опушти. Претворете ги следниве 10 навики во секојдневие и нивото на вашата интелигенција значително ќе се зголеми…rnrn10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенцијаrn

    1. Набљудувајте

    rnГледањето не е исто со набљудувањето. Набљудувањето подразбира анализирање на сѐ она што го гледате. Кога ќе почнете да набљудувате, ќе ги забележите сите оние работи што долго време сте ги пропуштале. Апсорбирајте го она што ве опкружува и никогаш не престанувајте да фантазирате.rn

    2. Учете

    rnАко го отворите вашиот ум и никогаш не престанете со учење, вашиот мозок ќе се навикне да бара повеќе знаење и никогаш нема да го сопре тој процес. Прифатете ја секоја можност да научите нешто ново од луѓе кои имаат поголемо знаење од одредена област.rn

    3. Слушајте

    rnКога ги слушате звуците што ве опкружуваат, впивате дел од светот. Нареден пат кога ќе одите на прошетка, обрнете внимание на она што го зборуваат другите луѓе за да научите како размислуваат. Оваа навика можете да ја вежбате и преку слушање нова музика.rn

    4. Експериментирајте

    rnДоколку не излегувате од вашата зона на удобност и никогаш не пробувате нови работи, можете да пропуштите нешто што ќе ви го промени животот и умот. Побарајте некое ново интересно хоби или запишете се на курс за да стекнете знаење од некоја област што не ви е толку позната.rn

    5. Бидете љубопитни

    rnНикогаш не се задоволувајте со знаењето што досега сте го стекнале. Поставувајте прашања. Не земајте сѐ здраво за готово. Истражувајте. Постепено вашето знаење ќе се зголемува и вашиот мозок ќе се навикне да бара нови и нови информации.rnrn10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенцијаrn

    6. Разговарајте

    rnУчете од луѓето околу вас. Споделете ја информацијата што со години сте ја чувале во мозокот со личноста која поминала низ истото. Искажете ги вашите идеи и развијте го начинот на размислување со тоа што постојано ќе учите нови работи од нови луѓе.rn

    7. Вежбајте

    rnТелото и умот се една целина. Ако едното од нив не е во добра форма, другото ќе ги сноси последиците. Одвојте 20 минути од денот за различни вежби кои ќе ви го избистрат умот.rn

    8. Медитирајте

    rnАко почнете да го набљудувате вашиот ум и да забележувате како се однесува и што ослободува додека медитирате, ќе дознаете многу повеќе за него. На тој начин целосно ќе го откриете вашиот ум и ќе почувствувате како се опушта.rn

    9. Анализирајте ги можностите

    rnОбидете се да размислувате покреативно и секогаш барајте повеќе можни одговори, а не само еден што ви се чини најлогичен. Никогаш не престанувајте да истражувате нови идеи и да барате што е можно повеќе можности и решенија.rn

    10. Играјте си со умот

    rnНема ништо лошо во тоа да го водите умот на необични места. Кога создавате универзум во вашата глава каде што сѐ е возможно, го вежбате мозокот. Ќе забележите позитивна промена дури и кај вашата смисла за хумор.rnrnОвие методи ќе имаат влијание само ако ги применувате секој ден, без да го заморувате мозокот секако. Слушајте, набљудувајте и искористете го светот во кој живеете.

  • Зошто тишината може да биде корисна?

    Зошто тишината може да биде корисна?

    Тишината може да биде голем извор на енергија. Таа има моќ да ги натера луѓето да мислат и да дејствуваат, а исто така помага и за одморање на умот. Проблемот со тишината е што многумина мислат дека треба да го пополнат тој момент со непотребен разговор, гледање телевизија, со музика или со каков било друг вид активност. Молчењето може да биде вознемирувачко и да направи луѓето да се чувствуваат непријатно, па затоа честопати го оставаме вклучен телевизорот, иако не го гледаме, со цел со својата бучава да ја прекине тишината.rnrnrn

    Што всушност се случува кога има тишина?

    rnВо тие моменти ние се фокусираме на нашата личност, односно на нашите мисли. Тогаш нашето его е привремено исклучено, па се обидуваме да го видиме светот онаков како што треба да биде. Кога има целосна тишина ѝ овозможуваме на нашата вистинска личност да зборува, наместо тоа да го прави нашето его или свесниот ум.rnrnЕве неколку примери коишто ќе ви покажат кога е подобро да молчите.rnrn1. За време на кавги. Еден од најдобрите моменти да го искористите молчењето е да молчите за време на некоја кавга. Кога ќе се најдете во ваков момент, егото ќе се обидува да надвладее, но запаметете дека вие сте оние коишто треба да ги контролираат работите, а не вашето его. Затоа, зачувајте ја вашата енергија на тој начин што ќе гледате во соговорникот и нема да продолжите со карањето. Ова е тешко да се направи, но е навистина моќно.rnrn2. За време на озборување. Кога постои поголема толпа луѓе на едно место, голема е веројатноста дека таму ќе постои и озборување. Она што е карактеристично за озборувањето е дека тоа е заразно. Кога некој зборува нешто за личност која не ја сакате, тогаш и вие тежнеете да го искажете вашето мислење. Наредниот пат обидете се да го избегнете тоа. Молчењето ќе ви донесе поголеми придобивки.rnrn3. Додека зборува некој. Секогаш треба да молчите додека зборуваат другите. Во тие моменти фокусирајте се на нив и обидете се да бидете добар слушател. Зборувајте само доколку имате некое прашање до соговорникот со цел да добиете повеќе информации, но не ја насочувајте темата кон вас.rnrnrnrn4. Кога куќата е празна. Тишината во домот може да биде многу вознемирувачка за некои луѓе, па тогаш доаѓа потребата од пуштање радио или телевизор. Но, тишината во домот не значи дека сте осамени, туку бесценета можност да го наполните вашиот ум и да добиете дополнителна енергија. Тишината ви овозможува полесно да се фокусирате на настаните и обврските коишто ве очекуваат. Таа ви нуди одлична можност да размислувате за животот, за она што сакате да го правите и за начините на коишто можете да го добиете тоа.rnrn5. Кога е време за размислување. Тишината е одличен начин за да се поврзете со светот, што не е возможно кога сте опкружени со бучава. Одвојте 15 минути наутро и 15 минути навечер за целосно да се фокусирате на себе, па тоа ќе направи чудо како за вашиот ум, така и за вашето тело. Размислувањето во тишина може да ви помогне да постигнете длабоко ниво на смиреност. Тишината е начин да постигнете друго ниво на вашиот ум, што не е возможно кога сте заглавени во вашата дневна рутина.

  • 6 ефективни начини да го тренирате вашиот креативен ум

    6 ефективни начини да го тренирате вашиот креативен ум

    Дали понекогаш сте се почувствувале како да добивате некоја одлична идеја, но потоа одеднаш вашата креативност да ја снема? Ако сте го искусиле ова, тогаш најверојатно треба да работите на тоа да го подобрите креативното мислење. Креативноста е важна за секоја возраст. Дури и во светот на бизнисот најголем успех се постигнува преку иновација, за што е заслужна токму таа. Па, ако некогаш сте се почувствувале изневерени вашата креативност, тогаш можеби е време да испробате неколку од следниве трикови за да го освежите вашиот ум…rnrnrn

    1. Верувајте дека креативноста може да порасне

    rnИако ова може да изгледа очигледно, сепак, многу е важно да ја зголемите својата волја уште од почеток. Самиот чин на верувањето е најголемата мотивација. Мора да го отфрлите верувањето дека креативноста е вродена. Точно е дека природно секој човек има различно ниво на креативност, но од вас зависи колку ќе ја развивате.rn

    2. Изберете странично наместо вертикално учење

    rnГенерално, постојат два различни начини преку кои можете да стекнете знаење. Вертикалното учење значи специјализирање во одредена област, додека пак страничното учење значи стекнување знаење од повеќе области. Се разбира, ќе се пронајдете или во едната или во другата група. Ако сте логичари по природа, честопати ќе се најдете во вертикалната група. Но, доколку се потпирате на страничниот начин на учење, вие ќе ја поттикнете вашата креативност во голема мера. Колку повеќе различни знаења имате од различни области, толку повеќе ќе ја поттикнувате вашата креативност.rn

    3. Вежбајте ја креативноста како да ги вежбате мускулите

    rnБез сомнение, Стив Џобс е креативна инспирација за сите. Тој рекол:rn

    „Не можете да ги поврзете точките гледајќи напред, можете да ги поврзете само гледајќи назад. Вие вие мора да верувате дека некако ќе ги поврзете во иднина.“

    rnЗа среќа, вие можете да ја тренирате вашата креативност исто како што ги вежбате мускулите. Со редовна стимулација и надградување, можете да ја подигнете на многу повисоко ниво. На пример, обидете се да ги запишувате сите идеи на лист хартија. Колку повеќе ќе станувате креативни, ќе забележувате и дека идеите полесно ќе ви доаѓаат.rnrnrn

    4. Посветете ѝ време на креативноста

    rnАко сте решиле да станете покреативни, потребно е да посветите време на тоа. Оставете си барем еден час дневно само за вашата креативност. Исто така е важно да му овозможите на вашиот ум слобода, без да ви се мешаат дневните активности и обврски. Не треба ова да го сметате како непродуктивно време. Треба да знаете дека ова е од суштинско значење за одржување на вашата креативна страна. Кога ќе му ја дадете оваа слобода на вашиот ум, ќе бидете изненадени од резултатите!rn

    5. Запишувајте ги вашите мисли

    rnДали некогаш сте се нашле во ситуација кога ќе ви дојде генијална идеја, а потоа веднаш да исчезне уште пред да дејствувате? Ова е честа појава. Всушност, идеите може да доаѓаат и да исчезнуваат, исто како и емоциите. Затоа, забележувајте ја секоја идеја, за кога ќе дојде време да можете да се навратите на нив и подлабоко да размислувате.rn

    6. Користете ги двете страни од вашиот мозок

    rnКреативноста не се наоѓа во левата или во десната хемисфера на мозокот. Креативноста е рамнотежа помеѓу двете и токму себепознавањето може да ви помогне да ја зголемите. Започнете со идентификување на вашите начини на размислување и трудете се да ги балансирате. На пример, доколку кај вас доминира логичното размислување, треба да ја стимулирате креативноста со сликање или цртање. Откако ќе научите како да ги балансирате овие работи, вие ќе бидете на вистинскиот пат да станете креативен гениј!