КАФЕ ПАУЗА

Tag: ум

  • На кој начин патувањето влијае врз умот и душата?

    На кој начин патувањето влијае врз умот и душата?

    Патувањето го лечи умот и е лек за секаква монотонија и депресија. Еве на кои начини патувањето влијае врз умот и душата.rnrnНа кој начин патувањето влијае врз умот и душата?rn

    Ги зголемува самодовербата и трпението

    rnПатувањето е одличен начин да стекнете нови пријатели и да создадете нови спомени. Освен тоа, тоа ве прави потолерантни и притоа ја зголемува вашата самодоверба.rn

    Ги смирува умот и душата

    rnПатувањето ви помага да се одморите и да избегате од секојдневните обврски, а притоа го освежува вашиот ум вдахнувајќи му нова енергија. Затоа, без разлика колку сте зафатени секоја година, одвојувајте време и откривајте нови места. Освен тоа, патувањето е еден од најдобрите начини и за промена на сопствената перцепција.rn

    Ќе ве натера да сфатите дека ништо не е вечно

    rnПатувањето ќе ве натера да сфатите дека ништо не е трајно на овој свет и дека сите работи завршуваат во одредено време. Без разлика дали се работи за вашите грижи или вашата депресивна душа, ќе сфатите дека секоја дилема и секој сомнеж си имаат свој крај. Времето лечи речиси сè, па така ќе научите дека и тешкотиите не се вечни.rn

    Го подобрува вашето расположение

    rnПатувањето е вистински извор за позитивна енергија, но и начин на закрепнување од секојдневните грижи. Како што му е потребен одмор на телото така и срцето и умот одвреме-навреме треба да одмараат. Ви треба време за себе, а токму патувањето може да ви го пружи тоа време. Тоа, од друга страна, ќе ви помогне да го откриете вашето вистинско „јас“ заедно со сите ваши амбиции, желби и стравови.rnrnОткако прочитавте за влијанието на патувањето врз умот и душата, можеби ќе сакате да прочитате и зошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да го ослободите умот од негативни мисли и грижи?

    Како да го ослободите умот од негативни мисли и грижи?

    Ако во последно време ве прогонуваат грижи и негативни мисли кои не исчезнуваат, без разлика што правите или колку напорно се обидувате да се ослободите од нив, еве неколку совети како да не дозволите тие да ви влијаат.rnrnКако да го ослободите умот од негативни мисли и грижи?rn

    1. Научете да простувате

    rnЕден од најдобрите начини да го ослободите умот е да им простите на оние кои ве згрешиле, па дури и себеси. Не заборавајте дека залудно е постојано да се навраќате на вашето минато, што се случило се случило, не можете ништо да направите за да го промените тоа. Продолжете понатаму и прифатете ги работите што се случиле, дури и ако не ве прават среќни.rn

    2. Смејте се почесто

    rnОбидете се почесто да се смеете бидејќи според некои истражувања, кога се смеете, вашиот мозок ги регистрира движењата на мускулите на вашето лице и ги ослободува хормоните на среќата. На тој начин не само што ќе се чувствувате подобро туку и ќе го промените пристапот кон проблемите и грижите.rn

    3. Медитирајте

    rnМедитацијата отсекогаш била еден од најдобрите начини да го ослободите умот од сите негативни мисли и грижи. Доволно е да се наместите во удобна положба, да ги затворите очите и да им дозволите на мислите да доаѓаат и да си одат без да се задржуваат. Обидете се да го правите тоа најмалку 5 или 10 минути секој ден, а промените ќе настапат за брзо време.rn

    4. Научете да бидете оптимисти

    rnНаучете да го гледате доброто во сè што ви се случува, наместо постојано да ве обземаат секакви грижи бидејќи се фокусирате само на негативните аспекти од животот. На тој начин ќе станете попозитивна личност со поинаква перспектива кон животот.rn

    5. Ставете крај на токсичните односи

    rnОддалечете се од токсичните пријатели кои ве тераат да се чувствувате лошо. Не заборавајте дека нездравите врски можат да доведат до негативни мисли и стрес. Позитивните врски, пак, ќе го исполнат вашиот ум со позитивни мисли и промени.rn

    6. Не обвинувајте се себеси

    rnНеретко вината може да ве обземе, особено доколку не сте виновни за она што се случило. Имајте на ум дека со чувство на вина нема да успеете да ги подобрите работите, освен доколку не се концентрирате и не направите нешто за да го решите проблемот.rn

    7. Не бидете самокритични

    rnСаботирањето на сопствената среќа преку самокритичноста ве прави да се претворите во вашиот најголем непријател. Можеби сметате дека на тој начин ќе станете подобри во она што го правите, но со тоа што секогаш ќе бидете груби кон себе само ќе поттикнете негативни мисли и ниска самодоверба.rnrnОткако прочитавте како да го ослободите умот од негативните мисли, можеби ќе сакате да прочитате и кои 12 негативни мисли ве спречуваат да бидете среќни.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 3 ајурведски техники за балансирање на умот и телото

    3 ајурведски техники за балансирање на умот и телото

    Ајурведски кажано, се приближуваме кон крајот на вата сезоната и влегуваме во кафа сезоната која се јавува во втората половина на зимата и почетокот на пролетта. Ајурведските принципи имаат за цел да ни посочат како да останеме во рамнотежа, особено кога се работи за промена на годишните времиња. Кога станува збор за кафа сезоната, елементите кои би ни помогнале да постигнеме некаков баланс се токму светлината, топлината и инспирацијата. Во продолжение прочитајте кои три техники можат да ви помогнат да се чувствувате најдобро во своја кожа овој период, кога зимата лека-полека си заминува.rnrn3 ајурведски техники за балансирање на умот и телотоrn

    1. Медитација со гледање во пламенче од свеќа

    rnЕлементите како воздух и етер можат брзо да ја разбијат тешката и густа енергија. Еден од најдобрите начини за внесување оган и воздух во нашиот живот е токму медитацијата наречена тратака. Тратака е техника со гледање во пламенче од свеќа и вклучува фиксирање на видот во една точка. Техниката започнете ја така што ќе ги држите очите отворени и опуштени најмалку 5 до 10 минути додека гледате во пламенот. Нормално, очите ќе се насолзат бидејќи тоа е дел од процесот на прочистување. Во еден момент затворете ги очите и обидете се да го визуелизирате пламенот со вашето трето око. Со текот на времето, можете да работите 20 минути или дури и еден час на оваа техника.rn

    2. Научете нешто ново

    rnКонцептот на учење нови работи го активира огнениот елемент во нас. Го разгорува пламенот на љубопитноста и нè поттикнува да ги следиме нашите страсти. Ни го дава потребниот стимул да излеземе надвор од нашата удобна зона и да најдеме нови интереси. Не мора ова „ново нешто“ да биде вашата најголема страст; доволно е да ја следите вашата љубопитност.rn

    3. Сменете ја вашата рутина

    rnСпоред ајуведскиот стил на живот, утринските и ноќните рутини се многу важни елементи бидејќи преку нив се грижиме за умот и телото. Меѓутоа, како што годишните времиња се менуваат, така и ние самите сфаќаме колку е важно да ја прилагодиме нашата рутина. Особено важни ритуали за време на кафа сезоната се медитацијата и пиењето топла вода со лимон. Тие им помагаат на телото и умот да се исчистат од отровите и негативната енергија. Вашата рутина можете и да ја надополните со повеќе активности како на пример танцување или прошетки во природа. Понекогаш е доволна сосема мала промена за да постигнете одлични резултати, а вашиот ум и тело ќе ви бидат благодарни за тоа!rnrnОткако прочитавте за ајурведските техники за балансирање на умот и телото, можеби ќе сакате да прочитате и за едноставен 10-минутен метод од ајурведата за прочистување на телото и заштита од болести.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • 7 секојдневни потсетници за посреќен живот

    7 секојдневни потсетници за посреќен живот

    Се прашувате како секојдневните потсетници ќе ви помогнат да бидете посреќни и позадоволни со себе? Секој ден е нов почеток во вашиот живот. За да ја пронајдете среќата треба да се фокусирате на тоа со какви мисли го храните умот бидејќи тие можат да имаат големо влијание врз вашето секојдневие. Прочитајте кои 7 потсетници можат да ви помогнат да водите поисполнет живот.rnrn7 секојдневни потсетници за посреќен животrn

    1. Овој момент е сè што имате

    rnЧестопати погрешно го разбираме концептот на времето. Вистинското богатство на една личност се состои во сегашниот момент. Сепак, повеќето не го сфаќаат тоа. Тие продолжуваат да се стремат кон иднината, а забораваат да живеа во сегашноста. Се хранат со илузиите дека иднината ќе им донесе радост и среќа и дека сегашниот момент е нешто сосема нецелосно. Обидете се да уживате максимално во сегашноста без да мислите на иднината. Тоа ќе ви помогне да бидете посреќни и позадоволни со вашиот живот.rn

    2. Нештата се случуваат во вистинското време

    rnФилозофијата дека работите се случуваат во вистинскиот момент, колку и да ни изгледа чудна, сепак е точна. Ако внимателно размислете, ќе сфатите дека секој момент се случил во целосна усогласеност со времето.rn

    3. Секој ден е нов почеток

    rnКолку и да ви бил лош претходниот ден, секогаш можете да почнете одново. Утринските сончеви зраци ни даваат нова можност да тргнеме кон нов почеток. Запомнете дека ништо не трае вечно: дури ни негативните искуства.rn

    4. Работите постојат сами по себе и не се во ваша сопственост

    rnНашето воспитување нè научи дека можеме да поседуваме сè што ќе посакаме. Оваа желба за поседување пак, е поттикната од нагонот за постојаниот консумеризам. Иако можат да се поседуваат материјални добри, среќата и внатрешниот мир секогаш ќе останат надвор од дофатот на материјализмот. Ако мислите дека задоволството е нешто што можете да го грабнете, се лажете. Доблестите се надвор од материјалниот свет.rn

    5. Никогаш нема да морате да искусите повеќе отколку што ќе можете да поднесете

    rnСекогаш кога се соочуваме со болката и страдањето ги опишуваме како лоши работи. Но, она што не успеваме да сфатиме е дека тие ни помагаат да станеме посилни. Мислиме дека животот ни задава многу повеќе болка отколку што можеме да поднесеме, но факт е дека никогаш не искусуваме повеќе од она кое можеме да го издржиме. Без разлика колку се тешки околностите, важно е да запомниме дека овие пречки ќе ни помогнат да станеме зрели и искусни.rn

    6. Не обраќајте внимание на она што другите го велат за вас

    rnКолку повеќе барате одобрување од другите, толку повеќе страдате бидејќи секогаш ќе постои некој кој ќе ве критикува дека сте она што сте. Луѓето секогаш ќе очекуваат од вас да бидете некој што не сте. Но, вие сте тука за да ги исполните вашите, а не туѓите соништа. Ослободете се од општественото условување и останете доследни на самите себе. Луѓето никогаш нема да ја разберат вашата визија, така што нема смисла да го очекувате нивното признание или одобрување.rn

    7. Никогаш не правете компромиси само за да избегате од осаменоста

    rnВо денешно време луѓето претпочитаат да бидат со некого отколку сами со себе. На тој начин сметаат дека ќе избегаат од празнината на осаменоста. Тие секогаш живеат со страв од помислата дека ако не се придржуваат до општествените норми, ќе бидат отфрлени од заедницата. Но, честопати луѓето со кои го поминуваме времето не ни помагаат да бидеме она што сме, туку нè убедуваат да се стремиме кон нешто друго, што по своја природа е токсично и контрадикторно. Затоа, секогаш е подобро да бидете сами и сами да се изборите за своите соништа, отколку да бидете во друштво на погрешни луѓе.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со 7 секојдневни потсетници за посреќен живот, ви предлагаме да прочитате и кои 10 навики ќе направат да размислувате позитивно секој ден.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Научниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравје

    Научниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравје

    Најновите истражувања покажале дека чувството на благодарност не само што влијае врз подобрување на менталното здравје, туку и позитивно се одразува врз среќата и целокупната благосостојба. Научниците откриле дека ефектите на чувството на благодарност врз мозокот и телото се сложени, но смирувачки и мотивирачки исто така. Во продолжение прочитајте каков ефект има благодарноста врз мозокот и телото според научните анализи.rnrnНаучниците откриле дека чувството на благодарност го подобрува менталното здравјеrn

    1. Чувството на благодарност го намалува бројот на срцеви отчукувања

    rnВо едно истражување, група учесници биле замолени да кажат неколку збора за сопствената мајка како и да објаснат колку многу ја сакаат и ценат. Истражувачите откриле дека нивниот пулс за време на оваа активност значително се намалил во споредба со групата која не интервенирала. Истовремено, од друга група учесници било побарано да се фокусира на некое лошо искуство и личност што особено ги налутила. Споредувајќи ги резултатите од двете групи, истражувачите дошле до заклучок дека чувството на благодарност го регулира ритамот на срцето на начин што го подобрува менталното здравје.rn

    2. Благодарноста ја зајакнува активноста на мозокот поврзана со емоциите

    rnИстражувањето користело функционална магнетна резонанца за да ја набљудува активноста на мозокот за време на мирна состојба. Притоа, било забележано дека чувството на благодарност позитивно влијае врз амигдалата, делче во мозокот познато по улогата да ги процесира емоциите.rn

    3. Благодарноста ја подобрува активноста на мозокот поврзана со мотивацијата

    rnЗа време на истражувањето, научниците го проучиле и влијанието што чувството на благодарност го има врз мотивацијата на учесниците. Тие ја анализирале активноста на јадрото во предниот мозок за време на мирна состојба. Ова е регион од мозокот одговорен за делумна когнитивна обработка на чувствата поврзани со мотивацијата, а неговата активност може да биде доведена во прашање кај поединците со значителна депресија. Студиите покажале дека редовното практикување благодарност ја подобрува активноста на јадрото.rnrnОткако откривте какви ефекти има чувството на благодарност врз нашиот ум, ви препорачуваме да прочитате и за 3-те едноставни начини за покажување благодарност што ќе ви помогнат да ширите позитивна енергија.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Смирете ги умот и телото: 30-минутен тренинг за истегнување и релаксирање

    Смирете ги умот и телото: 30-минутен тренинг за истегнување и релаксирање

    Се чувствувате напнато? Движењето на вашето тело може да ви помогне да се чувствувате подобро. Некои бараат тренинзи со висок интензитет, но понекогаш е доволно бавно движење ко ќе ја заврши истата работа.rnrnОвој тренинг ќе направи да се чувствувате добро психички и физички, па доколку имате потреба од релаксација, препорачуваме да го погледнете видеото.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ovEDx7HZTIE&feature=emb_titlernrnПрочитајте и како да пешачите по 1,5 километри без да излезете од дома?

  • 22 стручни совети за зајакнување и воздигнување на умот

    22 стручни совети за зајакнување и воздигнување на умот

    Кога ќе научите како да го зајакнете вашиот ум, ќе треба да направите некои промени. Одржувањето здрава состојба на умот треба да ви биде континуирана секојдневна практика ако сакате да се чувствувате добро и психички и физички.rnrn22 стручни совети за зајакнување и воздигнување на умотrnrnМозокот создава обрасци во начинот на кој ги манифестира мислите, па ако се фокусирате на нешто доволно долго, тоа ќе стане ваша реалност и дел од вашето размислување. Колку повеќе зборувате за некој проблем, толку повеќе енергија трошите за него и тој станува поголем и постојано е во вашиот ум. Овие 22 стручни совети ќе ви помогнат да го зајакнете и да го воздигнете вашиот ум на многу позитивен начин.rnrn1. Јадете храна богата со хранливи материи за да му го обезбедите на телото тоа што му е потребно за да функционира.rnrn2. Почитувајте ја рутината за спиење секој ден.rnrn3. Спијте без прекин.rnrn4. Изразете ги чувствата и мислите.rnrn5. Одвојте време за медитација за да ја зајакнете контролата врз вашиот ум.rnrn6. Хидрирајте се со чиста вода.rnrn7. Комуницирајте и поврзете лице во лице со луѓето кои прават да се чувствувате добро и кои ве почитуваат.rnrn8. Читајте инспиративни книги, фокусирајте се на инспиративните содржини на медиумите и апсорбирајте позитивни вести.rnrn9. Секојдневно практикувајте позитивни афирмации, тие ќе ви помогнат да размислувате поинаку.rnrn10. Научете да бидете благодарни бидејќи тоа ќе ви помогне да се фокусирате на добрите работи што ви се случуваат во животот.rnrn11. Додајте им хумор на вашите предизвици.rnrn12. Фокусирајте се на доброто што се случува во секоја ситуација, сè што доживувате ви помага да растете.rnrn13. Правете го почесто тоа што го сакате и изразете ја вашата креативност.rnrn14. Одморете од телевизијата, мобилниот телефон, таблетот, видеоигрите и поврзете се со природата.rnrn15. Искористете ги сите можности да бидете љубезни кон себе и кон другите луѓе.rnrn16. Обидете се да имате добар баланс помеѓу работата и животот и правете мали промени за да го ублажите стресот.rnrn17. Верувајте дека можете да ги промените навиките на размислување.rnrn18. Инвестирајте во вашето здравје. Ако е потребно, инвестирајте во експерт што може да ви помогнеме.rnrn19. Бидете посветени на промената и бидете одговорни.rnrn20. Бидете свесни за вашата вредност и вежбајте позитивни разговори со себе.rnrn21. Правете чекори, еден по еден.rnrn22. Движете го телото.rnrnОвој список ги вклучува некои од најважните и фундаментални промени што можете да ги направите за да го зајакнете умот и да преминете од темнина во светлина. Нема да се чувствувате подобро само вие самите, туку вашето позитивно расположение ќе има влијание и врз луѓето околу нас, вклучувајќи ги семејството, пријателите, општеството и заедницата.rnrnПрочитајте што да направите кога позитивното размислување не ви помага.

  • 5 начини да се ослободите од негативните мисли

    5 начини да се ослободите од негативните мисли

    Негативните мисли кои им дозволуваме да го контролираат нашиот ум, можат целосно да го променат нашиот начин на размислување, а на крај, и нашиот живот. И додека можеби се чувствуваме заробени со овие мисли, треба да знаеме дека не сме!rnrnОбично, во некоја ситуација кога некој ќе ни каже дека треба да се фокусираме на позитивни мисли, повеќето од нас стануваме бесни. Како се осмелуваат тие да ни кажат да преземеме контрола на нешто што изгледа далеку од нашиот опсег на моќ? Доколку можевме да мислиме позитивно, зар немаше да го направиме тоа?rnrn5 начини како да се ослободите од негативните мислиrnrnНо, нашите мисли се многу помоќни отколку што веруваме и треба да ја разбереме нашата способност за нивно контролирање. Доколку станеме свесни за нашите мисли, полесно ќе можеме да ги претвориме во позитивни, кои ќе го тренираат нашиот мозок да ги надвладува негативните и стресни мисли. Во продолжение прочитајте како да го направите тоа:rn

    1. Проширете ја вашата свест

    rnКога негативните мисли ќе навлезат во нашиот ум, ние сме свесни за нив до некое ниво, но нè секогаш сме навистина свесни. Доколку забележите вознемирувачка мисла, оттргнете го вниманието од неа и запрашајте се „Дали оваа мисла има цел, или служи само да ме вознемири?“. Доколку одговорот е не, тогаш веќе сте спремни за трансформација на таа мисла. Доколку помислите „Ништо не ми оди“, заменете ја оваа мисла со „Промените се секогаш тешки во почетокот, но сè ќе се среди“.rn

    2. Разберете дека негативните мисли се нормална работа

    rnДодека чудните, самоуништувачки и вознемирувачки мисли изгледаат ирационално, сите ги имаат, и тие се многу чести. Кога некоја негативна или вознемирувачка мисла ќе ви навлезе во умот, не ѝ судите. Набљудувајте ја, а потоа пуштете ја.rn

    3. Пренасочете го вниманието

    rnДодека ви се појавуваат негативни мисли, обидете се фокусот да го пренасочите кон нешто што е помалку вознемирувачко, па дури и забавно. Обидете се да пеете, или фокусирајте се на некоја тема која прилично ве интересира.rn

    4. Тоа се само мисли

    rnКога имаме негативни мисли, честопати ги третираме како вистински настани. Разберете дека вашите мисли не се поврзани со вистински настани и дека не се темелат на истите. Пуштете ги.rn

    5. Постои одговор

    rnОбидете се да ги разберете корењата на вашите негативни мисли. Поставете си прашања. Од каде потекнуваат? Што ги активира? Што можам да направам да ги спречам? За ова ќе биде потребно многу работа, но навистина вреди и на крајот вашиот труд ќе се исплати.rnrnПрочитајте ги и овие 10 начини за детоксикација на вашата душа и ослободување од негативност.

  • Совети за самодоверба: Како да уживате во себе и во сопственото тело?

    Совети за самодоверба: Како да уживате во себе и во сопственото тело?

    Социјалните мрежи и медиумите сè повеќе и повеќе ни наметнуваат идеални мејкап изгледи, совршени пропорции, па дури и беспрекорен начин на живот. Сосема е природно во некој момент да се измориме од таквите налагања и да сакаме да се однесуваме и да изгледаме онака како што нам ни одговара. Секој од нас посакува да биде среќен, да се сака себеси и да ужива во сопственото тело. Но, за да успеете во оваа цел, треба да промените неколку ситници во вашето секојдневие.rnrn(1) soveti-za-samodoverba-kako-da-uzhivate-vo-sebe-i-sopstvenoto-telorn

    1. Сакајте го вашето тело

    rnНегувајте го вашето тело, односно цените ги неговите можности, а не изгледот. Најважно е да бидете здрави и благодарни, а тоа ќе го постигнете со прифаќањето себеси и својот изглед.rn

    2. Промените го својот став

    rnПрестанете да се споредувате со наметнатите естетски норми, бидејќи тие ве наведуваат на незадоволство и самокритичност. Потрудете се да најдете некои работи кај вас кои ги сакате и почнете да се прифаќате такви како што сте. Животот е премногу краток за да бидете незадоволни со себе.rn

    3. Запознајте го својот ум

    rnЗа да го сакате своето тело, прво треба да го засакате својот ум. Затоа верувајте во себе, трудете се позитивно да размислувате и да привлекувате позитивна енергија околу вас.rnrn(2) soveti-za-samodoverba-kako-da-uzhivate-vo-sebe-i-sopstvenoto-telorn

    4. Смејте се

    rnСекојдневното смеење ќе ве поттикне да верувате дека сè е добро. А зошто да не би било? Затоа насмевнете се!rnrnПрочитајте ја и објавата на оваа мајка која на моќен начин опишува како социјалните медиуми ја рушат самодовербата на родителите.

  • 9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности

    9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности

    Научно докажано е дека загатките не само што ја подобруваат меморијата, туку и ги зголемуваат мисловните способности. Децата не се единствените што можат да добијат придобивки од нив. Загатките можат да бидат многу корисни и за возрасните исто така. Обидете се да ги решите следниве загатки што ќе ви ја подобрат концентрацијата и ќе ви го избистрат умот…rn

    1. Во која чаша има најмногу вода?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Во споредба со другите предмети, спојувалката зазема најмал простор. Ако ги извадите сите предмети од чашите, ќе видите дека во чашата под Б има најмногу вода.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    2. Можете ли да ги најдете сите овие работи на сликата?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    3. Која фигура би требало да стои на местото на прашалникот?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    4. Можете ли да најдете еден симетричен крст на сликата?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    5. Една од спиралите се состои од 2 одделни делови. Можете да погодите која?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    6. Помеѓу квадратите и триаголниците има скриено совршена ѕвезда со 4 крака како онаа на врвот на сликата. Можете ли да ја најдете?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    7. На оваа слика има 4 срца кои се поврзани меѓусебно. Можете ли да ги најдете?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способности[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    8. Во која насока се движи автобусот?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Сите автобуси имаат врати на десната страна. Со оглед на тоа што не можете да видите врати на сликава, автобусот се движи на лево. [/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    9. Чајникот под А може да собере 32 шолји чај. Колку шолји чај собира чајникот по Б?

    rn9 загатки што ќе ги подобрат вашите мисловни способностиrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Чајникот под Б може да собере 16 шолји чај, бидејќи неговиот отвор се наоѓа на средина на чајникот под А. Остатокот од водата ќе почне да претекува. [/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnСакате уште? Обидете се да ги решите и следниве 12 интересни загатки кои се одлична вежба за мозокот.