КАФЕ ПАУЗА

Tag: ум

  • Најубавите цитати за среќата

    Најубавите цитати за среќата

    Среќата е насекаде околу нас. Ја носиме цврсто во себе, околу себе и со себе. Трикот е едноставен: за да можете да бидете среќни треба да сакате да бидете.rnrnСо среќата се раѓаме и со неа го живееме животот. Но за да бидеме среќни, треба и да веруваме дека сме среќни. Затоа сите убави мисли за среќата потенцираат дека таа е прашање на избор и волја, а не толку на судбината на животот.rnrnnajubavite-citati-za-srekjata-kafepauza.mkrnrnОбогатете ги вашиот ум и срце со ведрина и убави мисли за среќата. Еве ги некои од најубавите:rnrn

    „Не постои пат до среќата, патот е среќа.“

    rn

    „Најсигурниот начин да не постанеш премногу несреќен е да не бараш да бидеш премногу среќен.“

    rn

    „Оној кој мисли дека е среќен е навистина среќен.“

    rn

    „Кога сме среќни, секогаш сме добри, но кога сме добри не сме секогаш среќни.“

    rn

    „Ако некогаш јурејќи кон среќата ја пронајдете, вие ќе бидете исто како бабата која ги барала очилата, ќе откриете дека среќата цело време ви била на носот.“

    rn

    „Среќата е единствената работа која се множи кога се дели.“

    rn

    „Не зависи од тебе дали сакаш да бидеш богат, но зависи од тебе дали сакаш да си среќен.“

    rn

    „Среќниот човек е како сонце: каде оди сѐ осветлува.“

    rn

    „Среќата на секој му се прикажува според неговите сфаќања.“

    rn

    „Она што нам најнепосредно нѐ усреќува е ведрината на умот. Оваа особина е сама по себе награда. Затоа вреди да го ставите развивањето на ведрината во себе пред сите други стремежи.“

    rn

    „Среќата во овој живот зависи помалку од тоа што ви се случува, а повеќе од начинот на кој тоа го прифаќате.“

    rn

    „Среќата и несреќата се кријат во нашиот однос кон случувањата, никогаш во природата на самите случувања.“

    rn

    „Подобро е да си среќен одошто паметен.“

    rn

    „Кога си среќен и сонцето трча по тебе.“

    rn

    „Среќен е оној човек кому му оди од рака живеењето во сегашноста.“

    rn

    „Кој има среќа, нема потреба од разум, кој има разум има потреба од среќа.“

    rn

    „Птиците и цвеќињата се посреќни од човечките суштества бидејќи не знаат ништо за иднината, немаат никакви зборови во својата глава, не чувствуваат никаков страв од тоа што сличните на нив може да мислат за нив. Затоа, не плашете се за утре,бидејќи тоа утре ќе мисли за себе.“

    rn

    „Кој никогаш не сакал, никогаш не бил среќен.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатно! Чавките се способни да решаваат сложени задачи

    Неверојатно! Чавките се способни да решаваат сложени задачи

    Крис Пакам патува низ светот и ги истражува умовите на најпаметните животни, откривајќи ни нови неверојатни работи за нив. Во неговата емисија на BBC „Insside the Animal Mind“ тој ја истражува способноста на животните за спознавање на надворешниот свет и она што се случува во нивниот ум. Досега го истражувал мозокот на делфини, шимпанза, ластовички, пчели, октоподи… Последното видео демонстрира како чавката може да реши комплексна задача во 8 фази, каде што последната е наградата. Погледнете го процесот. Ова е просто неверојатно.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 трикови за поттикнување на интелектуалниот развој кај децата

    5 трикови за поттикнување на интелектуалниот развој кај децата

    Детскиот ум е како сунѓер и во него лесно се врежуваат нови работи. Детството е добар период од животот за децата да научат некои работи кои ќе го поттикнат нивниот интелектуален развој, а ако сакате да го постигнете тоа, овие 5 трикови ќе ви бидат од голема корист.rnrn5 трикови за поттикнување на интелектуалниот развој кај децатаrn

    1. Поттикнете ги да научат да жонглираат

    rnЖонглирањето не е многу тешко да се научи ако постои доволна посветеност. Поттикнете го вашето дете да ја совлада оваа вештина со некаква евентуална награда и тоа ќе научи дека со посветеноста доаѓаат резултатите и наградите. Освен тоа, согласно една студија, ќе има и поголема способност за учење затоа што оние кои учеле жонглирање користеле за нијанса поголем процент од мозокот во споредба со оние кои не ја владеат оваа вештина.rnrn

    2. Нека научат да се качуваат на дрво

    rnОва ќе ги научи да ги контролираат емоциите и да се соочат со своите стравови. Покрај тоа, меѓу бројните бенефити од престојот во природа, ова ќе го поттикне и креативното размислување во врска со решавањето на проблеми.rnrn

    3. Научете ги да играат шах

    rnЌе загубат многу партии пред да ја вкусат првата победа. Ќе сфатат дека од поразот може многу да се научи. Освен тоа, ќе ја тренираат и својата фокусираност на работите.rnrn

    4. Пофалете ја напорната работа, а не резултатот

    rnПофалете го додека учи. Кога подоцна ќе ги донесе дома добрите оценки, забележете му дека напорната работа му се исплатела и тоа ќе ја забележи врската меѓу трудот и резултатот. Тоа ќе му го покачи нивото на работна дисциплина.rnrn

    5. Натерајте ги да ги заработат работите

    rnАко вашето дете сака нов смартфон, натерајте го да заштеди барем дел од сумата. Ако го научите вашето дете уште од мали нозе да ги заработува работите, брзо ќе ја совлада вештината на одложување на задоволството која е една од клучните одлики на зрелоста. Покрај тоа, ваквите деца секогаш имаат подобри резултати на училиште од своите врсници, а кога ќе пораснат покажуваат посилна волја и истрајност на патот кон успехот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку време ќе му треба на вашиот мозок да ги реши овие три предизвици?

    Колку време ќе му треба на вашиот мозок да ги реши овие три предизвици?

    За да ги решите овие три предизвици треба да имате бистар ум, остро око и добра концентрација. Сличноста помеѓу буквите, односно бројките е многу мала, па навистина е тешко да се забележат во трите предизвици. Обидете се да ги најдете без да пребарувате со помош на компјутерот и пишете ни во коментари колку време ви беше потребно.rnrnКолку време ќе му треба на вашиот мозок да ги реши овие три предизвици?rn

    Пронајдете ја буквата С

    rnооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооrnrnооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооrnrnооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооrnrnооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооrnrnооооооооооооосооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооrnrnооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооrn

     Пронајдете го бројот 6

    rn999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999rnrn999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999rnrn999999999999999999999999999999999969999999999999999999999999999999999999rnrn999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999rnrn999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999rnrn999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999999rn

    Пронајдете ја буквата И

    rnммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммrnrnммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммrnrnммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммимммммммммммммммммммммммrnrnммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммrnrnммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммrnrnммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Психолошка вежба која ќе ви го подобри расположението

    Психолошка вежба која ќе ви го подобри расположението

    Врз основа на резултатите од различни истражувања, психолозите смислиле едноставна, но ефективна вежба која ќе ви помогне да се чувствувате одлично и полни со живот.rnrnПсихолошка вежба која ќе ви го подобри расположениетоrnrnУдобно наместете се на вашиот кревет, фотелја или кое било место кое вам ви е омилено. Затворете очи и замислете си блескав светлосен зрак како трепери пред вас. Замислете си како таа светлина ве опкружува и ќе почувствувате како полека ве обзема некое пријатно чувство и топлина.rnrnПосле неколку минути, отворете ги очите и ќе забележите дека сте многу порасположени од претходно – тврдат стручњаците и објаснуваат дека после вежбата, ќе бидете сосема подготвени за новиот ден, бидејќи оваа активност е најдобриот лек против депресијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вечната битка помеѓу срцето и умот

    Вечната битка помеѓу срцето и умот

    Колкупати секој од нас се нашол во ситуација да се запраша што е подобро: дали да го послуша срцето или е подобро да направи како што е попаметно во моментот? Сите сме сведоци дека не секогаш донесените одлуки базирани само на нашите чувства резултирале со позитивен крај. Или пак обратно – после „паметната“ одлука, многупати сме се покајале и си имаме ветено дека во иднина срцето и чувствата се тие на кои што ќе им дадеме предност.rnrnКако и да постапуваме, дилемата кого да избереме, срцето или умот, секогаш ќе биде присутна и ќе нè потсетува на нивната вечна битка.rnrn

    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Борба!
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Глупаво срце!
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Во ред, можеш да ù се јавиш.
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Срцето: сакам. Мозокот: НЕ! Ова е последен пат да бидеш повредено.
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Мразам кога ќе направиш да изгледам како идиот.
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Мозокот: Те предупредив, нели? Срцето: Извини шефе, само си ја работев работата.
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Срцето: Престани, знам што правам. Мозокот: Дали си сигурен?
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Рамнотежа
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Хаос наспроти ред
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Драг мозок, Ти не можеш да разбереш. Прости ми овојпат. – Срце
    rnrn
    Вечната битка помеѓу срцето и умот
    Во соработка…

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 50 прашања кои ќе ви го ослободат умот

    50 прашања кои ќе ви го ослободат умот

    Овие прашања немаат точен или неточен одговор. Понекогаш поставувајќи го вистинското прашање, всушност го добиваме одговорот кој го бараме.rnrn50 прашања кои ќе ви го ослободат умотrnrn1. Колку години би имал, кога не би знаел колку години имаш?rnrn2. Што е полошо: да доживееш неуспех или никогаш да не се обидеш да го направиш тоа?rnrn3. Ако животот е краток, зошто, сепак, правиме толку многу нешта кои не ни се допаѓаат и ни се допаѓаат толку многу работи кои не ги правиме?rnrn4. Кога е сè кажано и направено, дали си кажал повеќе од она што си го направил?rnrn5. Која е единствената работа која сакаш да се промени во светот?rnrn6. Ако среќата би била национална валута, каква работа би те направила богат?rnrn7. Дали го правиш она во што веруваш или се помируваш со она што го правиш?rnrn8. Ако просечен човечки живот би изнесувал 40 години, како би го изменил твоето секојдневно живеење?rnrn9. До кој степен го контролираш текот на твојот живот?rnrn10. Дали повеќе се грижиш да ги направиш работите на вистинскиот начин или пак ги направиш вистинските работи?rnrn11. Замисли си дека си на вечера со тројца луѓе кои ги почитуваш и им се восхитуваш. Сите тројца ќе почнат да го критикуваат твојот најдобар пријател, притоа не знаејќи дека ти е пријател. Што ќе направиш?rnrn12. Хипотетички, ако би можел да му дадеш совет на новороденче, што би го посоветувал?rnrn13. Дали би го прекршил законот само за да ја спасиш личноста која ја сакаш?rnrn14. Си видел ли лудило кое подоцна се претворило во креативност?rnrn15. Што е она што те разликува од другите луѓе?rnrn16. Како е можно нештата што тебе те усреќуваат, да не ги прават среќни другите луѓе?rnrn17. Која е онаа работа што сакаш да ја направиш, а не си ја направил до сега? Што те спречува?rnrn18. Дали си приврзан за нешто од кое веќе е време да се ослободиш?rnrn19. Ако треба да се преселиш во друг град или држава, која би била таа?rnrn20. Дали го притискаш копчето на лифтот повеќе од еднаш? Дали навистина мислиш дека така побрзо ќе дојде?rnrn21. Дали попрво би биле загрижен гениј или среќен глупак?rnrn22. Зошто си ти тоа што си?rnrn23. Дали си онаков пријател со каков што би сакал да си опкружен?rnrn24. Што е полошо: кога добар пријател ќе се отсели или губење контакт со добар пријател кој живее блиску?rnrn25. За што си најмногу благодарен?rnrn26. Дали попрво би ги избришал сите стари спомени отколку никогаш повеќе да ја немаш можноста да создадеш нови?rnrn27. Дали е можно да ја дознаеш вистината без претходно да ја предизвикаш?rnrn28. Дали твојот најголем страв некогаш станал реалност?rnrn29. Дали се сеќаваш на мигот кога пред 5 години беше многу лут и вознемирен? Дали е тоа навистина толку важно сега?rnrn30. Кој е твојот најсреќен момент од детството? Зошто е тој толку посебен?rnrn31. Во кој момент од твоето минато си почувствувал големаrnстраст и живот во себе?rnrn32. Ако не сега, тогаш кога?rnrn33. Ако уште не си го постигал тоа, што имаш да изгубиш?rnrn34. Дали некогаш си бил со некого, без двајцата да проговорите ни збор, а си почувствувал дека тој бил најдобриот разговор во твојот живот?rnrn35. Зошто религиите кои ја поддржуваат љубовта, предизвикуваат војни?rnrn36. Дали е можно да знаеш што е добро, а што зло без притоа да се посомневаш?rnrn37. Ако добиеш милион долари, ќе дадеш отказ на работа?rnrn38. Што сакаш повеќе: да имаш помалку работа или да работиш повеќе, но тоа да те исполнува?rnrn39. Си почувствувал ли некогаш дека овој ден го имаш проживеано милион пати досега?rnrn40. Кога последен пат си шетал по темна улица, каде единствената светлина била твојата сјајна идеја во главата?rnrn41. Хипотетички, ако знаеш дека сите што ги сакаш ќе умрат денес, кого би посетил прв?rnrn42. Дали би го намалил својот животен век за 10 години, а на сметка на тоа да бидеш помлад и славен?rnrn43. Која е разликата помеѓу тоа да бидеш жив и да живееш вистински?rnrn44. Кога е вистинското време да се престане со пресметување на очекуваните ризици и признанија и да се прави само она што ти мислиш дека е вистинско?rnrn45. Ако сакаме да учиме од нашите грешки, зошто толку се плашиме да ги направиме?rnrn46. Што е она што би го направил различно, ако знаеш дека никој нема да те осудува?rnrn47. Кога последен пат си го слушнал звукот на сопственото дишење?rnrn48. Што е тоа што го сакаш? Дали работите кои ги преземаш, отворено ја искажуваат таа љубов?rnrn49. За 5 години од денес, дали ќе се сеќаваш што правеше вчера? Или завчера? Или денот пред тоа?rnrn50. Одлуките се донесуваат веднаш. Прашањето е: дали ги донесуваш за себе или дозволуваш другите да ги донесат за тебе?rnrnСлободно споделете ги вашите мисли и одговори со нас.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Архитектура на сопствениот ум

    Архитектура на сопствениот ум

    Автор: АнаrnrnПосакувам да можев да ги слушнам сите приказни на светов. Да ги знам сите тајни за успешен живот, за исполнетост со хармонија, секој ден некој да извезе за мене нова прекривка од неговите спомени, а истата да ме топли. Толку луѓе, толку различни патешествија, посакувам да можев да ги имам. Се учи од сопствените чекори, но и од оние на другите. Не сакам да ги затворам очите пред она што може да ме научи да го прескокнам вирот, секогаш подобро е кога чевлите ми се суви…rnrnЧекориме по секакви улици, некои прави, некои криви, други прашливи и непроодни, учиме животни лекции од чекорите кои сме ги правеле по нив. Некои приказни биле топли, со мека основа, прекрасни за доживување, други ни ги повредиле стапалата…rnrnСекоја една од овие приказни е испишана во книга која секој од нас ја чува на посебно место во себе…rn

    Она што ме интригира е посебната особина на човечкиот ум тие приказни да ги повторува во реалноста, најчесто луѓето имаат потреба да се присетуваат на оние трнливи денови, додека пак спомените просеани со убавина, ги оставаат во втор план… Се прашувам зошто? Можеби за да се присетат на онаа удобност која во моментот ја имаат? Можеби да си доловат дека секогаш има подобро? Можеби…Архитектура на сопствениот умКако и да е… Снегот повторно ме израдува оваа зима. Прошетките по белите улици, надве-натри со забелени, кристализирани гранки од дрвјата кои бдеат над патеките за шетање, се едни од моите омилени. Се изгледа толку чисто, мирно…Сета неправда и непристојност како да се задушила во таа примамлива атмосфера која не повикува да заиграме на снегулките… Паѓаат и паѓаат. Пуста белина, ни ги крати очите и не гали по црвените образи. Шалчиња, капчиња, ракавици, неизмерно шаренило го стоплува студот во нашите погледи.

    rnПристигнувањето дома е особено пријатно. Топол чај кој додека се правел, го процветал својот мирис низ просторијата во која седиме, две-три свеќи, човекот кој ви значи, драг разговор кој почнал уште на прошетката и ете ја вашата совршена вечер… Секоја прилика која ви е дадена може да биде во основа толку едноставна и еднобојна во почетокот, сè што ви треба за да добие топлина во себе е креативноста која се крие во вашиот ум.rnrnСакам да цртам. Тоа е мојата пасија. Гаам љубов кон уметноста уште од мала. Секое чувство кое ме обзема го ставам на лист хартија… Понекогаш и малите скици кои сум ги направила прераскажуваат многу. Застанувам пред публика со своите дела, во таа публика моите очи се најважни гости. Самокритичност. Помага. Но само во одредени количини.rnrnИдејата ми е, дека секоја нишка која паѓа врз вашите очи како превез, со малку труд може да стане големо парче ткаенина, секоја конфузија во вашето тело, може да прерасне во прекрасен танц, секоја игра која ја играте, може да стане вашата театарска претстава… Сè што треба е да верувате во себе, да споделувате и лицето на секое старо, да го измиете со ново.rnrnДо следно читање,rnrnИмајте убав ден,rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnАна

  • 5 начини да си ја подобрите концентрацијата

    5 начини да си ја подобрите концентрацијата

    Една од најважните работи кои треба да ги научиме за да ја задржиме концентрацијата е дека не постои замена за она што претставува обрнувањето внимание. Можеби сите едногласно ќе се согласиме со ова, но проблемот е во тоа како да си ја подобриме способноста за фокусирање и одржување на вниманието, без разлика на средината и условите.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаПетте совети од Сем Хорн, авторка на книгата „POP! Stand Out in Any Crowd“ ќе ви помогнат подобро да се концентрирате, без разлика дали работите во канцеларија каде постојано нешто се случува, учите во училиште, седите на состанок или се обидувате да завршите некаков проект.rn
    rn

    1. Правилото +5

    rnСекогаш кога ќе се најдете во сред работа и се почувствувате како да сакате да се откажете, едноставно направте +5. Прочитајте +5 страници, решете уште 5 задачи, вежбајте уште 5 минути. Исто како што атлетичарите ја градат својата физичка издржливост додека не се исцрпат, така вие можете да ја изградите вашата ментална издржливост додека не дојдете до степен на фрустрација.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаПродолжувајќи со концентрацијата кога вашиот мозок е изморен е клуч за проширување на опсегот на вниманието и градење на ментална истрајност.rn
    rn

    2. 1 мисла во 1 момент

    rnСемјуел Голдвин рекол: „Ако изгледам збунето, значи размислувам“. Се чувствувате расеано? – Понудете му договор на вашиот мозок кој тој нема да може да го одбие. Да, мозокот прима спогодби. Наместо да му кажете да не се грижи за други, помалку важни работи (што ќе го натера мозокот да мисли на сè што не треба), дадете му една задача со параметри за почеток и крај.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаНа пример: во следните 30 минути, од 13 до 13.30 целосно ќе се посветам на мојата презентација, за да можам добро да се покажам со овој предлог пред нашите ВИП клиенти.rnrnАко сè уште не можете да ги отстраните сите грижи од главата, запишете ги на вашата to-do листа и ослободени сте. Забележувањето на обврските кои ве загрижуваат ќе ви овозможи да не го користите мозокот како табла со задачи, па така ќе можете да се фокусирате на вашиот најголем приоритет.rn
    rn

    3. Совладајте го одложувањето со 3 прашања

    rnНе се чувствувате концентрирано? Дали ги одложувате вашите задачи или проекти на кои би требало да работите? Р.Д. Клајд рекол: Зачудувачки е колку време ни треба да завршиме нешто на кое не работиме“.5 начини да си ја подобрите концентрацијатаСледниот пат кога ќе сакате да одложите некое ваше задолжение, прашајте се:rn

      rn011

    • Дали мора да го правам ова?
    • rn011

    • Дали сакам да го тргнам од глава?
    • rn011

    • Ќе биде ли полесно подоцна?
    • rn

    rnОвие 3 прашања ќе ви дадат мотивација да се ангажирате ментално бидејќи трите факти ќе ве соочат со вистината дека задачата нема сама да исчезне и одложувањето само ќе ви ја зголеми грижата на совест и ќе направи оваа тешка задача да зема уште повеќе од вашето време и мисли.rn
    rn

    4. Вашите раце како објективи

    rn

    Замислете си го умот како фотоапарат, а вашите очи како негова леќа. Во најчест случај, нашите очи апсорбираат сè, а нашиот мозок има широко-аголен фокус. Можеме да размислуваме за многу работи истовремено, па дури и да функционираме прилично ефикасно на овој начин (на пр. често додека возиме, правиме неколку работи истовремено: ги следиме знаците, зборуваме со совозачот, бараме радиостаница итн.)5 начини да си ја подобрите концентрацијатаНо, што ако треба да се подготвите за тестирање, за важна презентација или состанок и едноставно ви е потребна 100% концентрација? Поставете ги вашите дланки преку очите импровизирајќи телескоп и гледајте низ тунелот само во вашата книга, презентација или белешки за претстојниот состанок. На овој начин, она што е далеку од очите останува и далеку од умот.

    rnУште подобра техника би било да го применувате Павловиот експеримент и секогаш кога ќе треба да се концентрирате само покријте ги очите и сменете го фокусот од широко-аголен во телефото. На тој начин, ќе ја истренирате концентрацијата и ќе научите како самите да ја испровоцирате.rn
    rn

    5. Гледајте како да е прв и последен пат

    rnКако да бидете присутни тука и сега, наместо да се расфрлате на сè и сешто?5 начини да си ја подобрите концентрацијатаКога вашиот ум ќе одлета некаде далеку, погледнете околу себе и видете што ве опкружува. Проучете го цветот во вазната, набљудувајте ја сликата на ѕидот. Погледнете ги вашите најважни луѓе во животот кои често ги сфаќате здраво за готово. Вака ќе ги оживувате разните ситуации во вашиот ум и повеќе ќе ги цените работите кои се непосредно пред вас.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn