КАФЕ ПАУЗА

Tag: ум

  • 30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

    30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

    Верувале или не…rnrn(1)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn1. Кога сонувате, вашето физичко тело е парализирано.rnrn2. Кога плачете поради тага и болка, првата солза ви потекува од левото око. Кога плачете од радост, првата солза потекува од десното око.rnrn3. Депресијата е резултат на размислување повеќе од потребно, притоа создавајќи проблеми кои никогаш не ни постоеле.rnrn4. Човечкиот ум не може да создава лица, па така, дури и кога мислите дека никогаш во животот не сте ја виделе личноста која ја сонувате, факт е дека тоа се случило, иако можеби било во дел од секунда.rnrn5. 80% од луѓето, до својата 16-та година веќе ја имаат запознаено личноста со која ќе се венчаат.rnrn6. Колку што неуките луѓе имаат тенденција да си ги преценуваат знаењата и можностите, толку и интелигентните луѓе имаат тенденција да се потценуваат.rnrn7. Кога се сеќавате на нешто од минатото, вие всушност се сеќавате на последниот пат кога сте се сетиле на тоа, а не на вистинското случување.rnrn8. 68% од луѓето имаат развиено фантомски синдром на вибрирање што значи дека тие веруваат дека нивниот телефон вибрира дури и кога не е така.rnrn(2)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn9. Луѓето кои се дел од религиозни или духовни групи имаат помало ниво на стрес од оние кои не се дел од вакви групи.rnrn10. Половина од светската популација страда од анксиозност, депресија, некаква зависност или комбинација од овие три.rnrn11. Секој има омилена песна која е директно поврзана со некој емотивен настан од нивното минато.rnrn12. Најдобро е да молчите кога станува збор за вашите амбиции и цели бидејќи откако еднаш ќе ги кажете некому, почнувате да ја губите мотивацијата да ги исполните.rnrn13. Всушност, никој не може совршено добро да работи повеќе работи одеднаш.rnrn14. Максималниот капацитет на луѓе со кои човекот може да биде близок е 150.rnrn15. 80% од сите разговори кои ги водите се однесуваат нa некакво жалење за нешто.rnrn16. Умот е најкреативен кога е најуморен.rnrn(3)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn17. Постојат само 4 вистински емоции, а не 6 – гадењето и изненаденоста повеќе не се сметаат за дел од таа група.rnrn18. Луѓето се поискрени кога се уморни.rnrn19. Најјасните сеќавања кои ги имате се најверојатно погрешни.rnrn20. Човекот е способен да креира илузија на прогрес во што и да прави само за да се мотивира себеси.rnrn21. Интернетот се смета за зависност и можно е да биде додаден во групата на ментални нарушувања.rnrn22. Вашиот потсвесен ум ги гледа и знае работите и пред вие да сте свесни за нив.rnrn23. Чоколадото ја ослободува истата хемикалија во телото како и љубовта.rnrn24. Музиката има директно влијание врз вашата перцепција на светот.rnrnpuzzlernrn25. Чувството е поубаво кога давате отколку кога добивате.rnrn26. Пеењето ги намалува анксиозноста и депресијата.rnrn27. Способни сте да го намамите умот дека доволно сте спиеле и овој ефект е познат како плацебо ефект.rnrn28. Вашиот мозок го перцепира одбивањето како болка.rnrn29. Губењето на телефонот ја поттикнува истата реакција на телото и мозокот како кога би имале блиска средба со смртта.rnrn30. Кога некому му недостасувате, постои веројатност од 80% дека таа личност ќе се појави во вашите соништа.

  • Неколку занимливости за плацебо ефектот

    Неколку занимливости за плацебо ефектот

    Плацебо ефектот е психолошки феномен којшто се случува кога веруваме во корисните ефекти од некои супстанции или предмети, коишто тие реално ги немаат. Најчесто овој ефект се применува во медицината, но е присутен насекаде – кога би немало плацебо би немало ни маркетинг.rnrnrnrnОвие неколку занимливости ќе ви ја откријат сеприсутноста на овој интересен феномен.rn

    1. Плацебо ефектот делува кога знаете дека земате одредени таблети

    rnЕдно истражување се занимавало со пациенти коишто патат од синдром на т.н. „нервозно дебело црево“. Научниците им рекле дека ќе им дадат таблети коишто во клиничките испитувања покажале значително подобрување при оваа болест. Резултатот од ваквиот експеримент бил очекуван: пациентите веднаш се почувствувале подобро.rn

    2. Плацебо ефектот има „злобен брат близнак“

    rnПесимистичните пациенти може да реагираат многу лошо на лекови, без оглед на тоа за какви корисни супстанции станува збор. Во случај кога супстанцата која нема медицинско влијание ја влошува состојбата, тогаш зборуваме за ноцебо ефект. За да бидат работите уште полоши, негативните очекувања се толку силни што може да доведат до неутрализирање на ефектот на ефикасната терапија. Така, на пациентот може да му се даваат проверени лекови против болка, а тие кај него да не делуваат.rnrnrn

    3. Вежбањето е прашање на перцепцијата

    rnДали сте љубители на вежбањето? Дали мислите дека тоа помага за вашето здравје? Иако вежбањето секако не е лошо, многу е важно и што вие мислите за тоа. Со спроведувањето на едно истражување во коешто учествувале 84 собарки од седум хотели, истражувачите сакале да откријат дали плацебо ефектот може да влијае на корисноста којашто се здобива од телесната активност.rnrnВо четири хотели на собарките им рекле дека нивната секојдневна работа е самата по себе доволна за здрав и активен живот. Во преостанатите три хотели тие не им рекле ништо. Откако поминал еден месец, истражувачите откриле дека жените во информираната група во просек изгубиле по еден килограм од својата тежина, го намалиле крвниот притисок за околу 10% и биле значајно поздрави во смисла на присуството на масти во телото, индексот на телесната маса и сл. Овие промени биле значително поизразени во однос на собарките од другата група, што било јасно видливо со оглед на тоа дека тие се забележани за многу краток временски период.rn

    4. Плацебо ефектот го „подобрува видот“

    rnАко сакате подобар телевизор можете да си набавите супер HD плазма… или едноставно да инвестирате во плацебо ефект. Новиот телевизор е скап, а самозалажувањето е бесплатно! За што се работи?rnrnХоландските истражувачи спровеле едно занимливо истражување. На испитаниците им била покажана иста снимка на ист телевизор, со таа разлика што на половина од нив им било кажано да очекуваат слика со висока резолуција. На другата група пак им рекле дека ќе гледаат обична DVD снимка. Како и што се очекувало, испитаниците „паднале на трикот“ и заклучиле дека сликата на „HD“ телевизорот била подобра.rnrnrn

    5. Плацебо ефектот е насекаде околу нас

    rnИако плацебо ефектот се поврзува со медицината, можеме да го сретнеме насекаде. Всушност, перцепцијата е клучот на сè. Психолозите го знаат ова и затоа не ретко се користат со тоа, што понекогаш е во наша полза. Доколку и самите сакате да ја искористите моќта на плацебо ефектот за да си го подобрите животот, време е да научите како да го измамите вашиот ум.

  • Применувањето на овие 5 работи ќе ви го зголеми нивото на интелигенција

    Применувањето на овие 5 работи ќе ви го зголеми нивото на интелигенција

    И додека гените си играат своја улога во сечие оформување како личност, интелигенцијата е нешто кое може константно да се подобрува. Со постојано работење на себе и применување на одредени техники, луѓето можат да го вежбаат својот мозок и да го подигнат нивото на интелигенција кое го имаат. Сѐ што е потребно е да почнете да ги применувате следниве 5 работи.rnrnrn

    1. Излезете од својата удобна зона

    rnНовото е подобро и повозбудливо. Излезете од својата удобна зона и обидете се со нешто што е целосно непознато за вас. Наместо да се плашите и да се заштитувате од она кое не го знаете, отворете го својот ум за нови нешта, луѓе и искуства. Тие ќе ве направат многу побогати и ќе придонесат за ширење на вашите гледишта. Нова перспектива на гледање на работите е некогаш токму она што ви е потребно.rn

    2. Предизвикувајте се

    rnМногу луѓе мислат дека не се способни да направат нешто сѐ додека не се обидат и не увидат дека сепак можат. Токму затоа постојаните предизвици сѐ од голема корист. Единствен начин да го победите стравот е да се предизвикате себеси да го направите она од кое се плашите. На овој начин ќе ја победите несигурноста која ја чувствувате, ќе ја подигнете самодовербата и ќе му дадете до знаење на вашиот ум дека е способен за многу повеќе.rn

    3. Бидете креативни во размислувањето

    rnИ ова секако се однесува на фактот дека луѓето скоро секогаш играат на сигурна карта. Тоа што го знаат го прават на начинот кој го знаат и не се обидуваат да ризикуваат така што ќе размислуваат надвор од тие рамки. Но креативното и различно размислување носи многу придобивки со себе, а една од нив е таа што го развивате мозокот и го учите да размислува во повеќе насоки, што носи поголема продуктивност, успех и задоволство.rn

    4. Одберете го потешкиот пат

    rnПолесниот пат не е секогаш најдоброто решение за пристап кон некоја проблематика. Иако понекогаш е поважно брзо и лесно да ги завршите работите, почесто е од многу поголемо значење да се помачите и во тој процес да научите нешто повеќе. Кога ќе се предизвикате себеси да завршите нешто на поинаков и посложен начин од другите, вие ги тренирате своите умствени способности и ја подигнувате интелигенцијата на следното ниво.rn

    5. Користете ја мрежата на познанства

    rnЛуѓето кои имаат различни познанства се разликуваат од оние кои немаат по тоа што кога ќе заглават некаде, тие знаат кого да побараат да им помогне. Комуникацијата со луѓе кои ќе можат да ви покажат во која насока да одите кога вие самите не можете да ја најдете таа насока е од големо значење. Ќе научите нешто повеќе, ќе добиете искуство поинакво од она на кое сте научени и најважно од сѐ, ќе создадете мрежа на луѓе кои ќе ви се најдат кога ви е тоа потребно.rnrn(2)-primenuvanjeto-na-ovie-5-raboti-kje-vi-go-zgolemi-nivoto-na-inteligencija-kafepauza.mkrnrnКонстантното и сигурното многу брзо досадуваат. Новото и различното, од друга страна, секогаш носат со себе некоја авантура. А зошто, кога можете, не би ја споиле авантурата со знаењето, на тој начин станувајќи малку поинтелигентни секој ден?

  • 5 техники за справување со хаосот во вашата глава

    5 техники за справување со хаосот во вашата глава

    „Мирот не подразбира да се биде на место каде што нема бучава, неволја или тешка работа. Мирот подразбира да се биде среде сите овие нешта и сѐ уште да се биде со мирно срце.“

    rnДали некогаш чувствувате дека во главата имате хаос кој никако не можете да го смирите? Прегласна бучава која не сака да си оди и испреплетени мисли кои ви се мешаат, а никако не можете да ги одвоите. Во тие моменти не можете да направите ништо и се чувствувате потполно изгубени. Но дали сте забележале дека ова се случува само тогаш кога премногу размислувате за некоја работа? Преголемата оптовареност со проблемот кој го имате го заморува и непотребно го полни вашиот мозок со мисли кои со тек на време стануваат негативни и обесхрабрувачки. Со други зборови, колку повеќе размислувате за одредена работа, толку е поверојатно дека ќе се здобиете со негативен став за неа.rnrn(1)-5-tehniki-za-spravuvanje-so-haosot-vo-vashata-glava-kafepauza.mkrnrnФакт е дека е невозможно да престанете да размислувате и едноставно да се препуштите на работите такви какви што се. Но она што можете да го направите е да научите како да се справувате со хаосот во вашата глава кој го создаваат тие претерани мисли, а во тоа ќе ви помогнат следниве 5 техники.rn

    1. Концентрирајте се на позитивните работи кај вас и околу вас

    rnПозитивното размислување игра многу важна улога во животот на секој човек. Оптимизмот и верувањето знаат да отворат многу врати, а во краен случај, успешно да помогнат во справувањето со што и да ви се испречи на патот. Токму поради тоа, концентрирањето на позитивните нешта кои се наоѓаат насекаде околу вас е ефективен начин за справување со постоечкиот хаос во вашата глава. Ова значи дека целата енергија ќе ја насочите кон она што ве прави среќни, ве расположува и ве смее, што на крајот на денот ќе резултира со помирен дух и побистра глава.rn

    2. Повторувајте си во себе смирувачки зборови

    rnПроблемите и луѓето кои ви се вртат низ глава во комбинација со негативноста од околината околу вас, создаваат еден куп негативни мисли и чувства. Тие потоа се преточуваат во лоши зборови кои додека ви се во глава можат да имаат само лошо влијание врз вашите реакции. Но кога тие зборови би ги замениле со подобри, полека би успеале во целта да се доведете себеси до смирена состојба која ќе противречи на хаосот во вашата глава. Иако не е важно за кои зборови станува збор, од витална важност е зборовите да ве смируваат и освестуваат.rn

    3. Медитирајте

    rnМедитирањето е еден од најефективните начини за ослободување на умот. Наместо да се борите со хаосот во вашата глава, медитирајќи се носите себеси на место каде владеат мирот и тишината. Овој ефект може да го постигнете со која било друга метода која ви дава чувство на ослободеност и ум полн со тишина. Она што е важно е таа метода да обезбеди да се одморите од различните и нападни мисли, за потоа да може да сконцентрирате и да бидете продуктивни во останатиот дел од денот.rn

    4. Живејте во моментот

    rnДозволувајќи му на хаосот да преовлада со вас, вие всушност заборавате да живеете. Преоптоварени сте со мисли за проблемите, нервозите и за незавршените обврски кои ве чекаат, што не ни обрнувате внимание на она што ви се случува во тој момент. Живеејќи во минатото и иднината, наместо во сегашноста, се изложувате себеси на депресија, анксиозност и стрес. Но кога сте присутни во секој момент од вашиот живот, вие сте тука за да ги искусите и убавите нешта кои ги нуди и конечно ќе успеете да го пронајдете мирот кој толку долго го барате.rn

    5. Поврзете се со природата

    rnПланинарењето е секогаш добра идеја. Чист воздух, физичка активност и големо задоволство кога ќе го достигнете врвот – овие три работи се огромен фактор во намалување на стресот. Едноставно спакувајте ранец со најпотребните работи и заминете на некое место во природа. Дишете, одморете, уживајте. Ова ќе ви помогне во наоѓање на тој внатрешен мир по кој копнее секој од нас и ќе ви помогне да увидите дека тој е резултат на поврзувањето со природата, а не со материјалните добра.

  • Заборавање: 5 чудни факти за меморијата

    Заборавање: 5 чудни факти за меморијата

    Меморијата понекогаш знае да си поигрува со нас. Таа собира детални настани од нашето детство, но не секогаш ни дозволува пристап до нив. Постојат неколку видови сеќавања и нашиот мозок има уникатен начин при заборавање на секое од нив. Психолозите ги класификувале различните начини на кои ние забораваме, а биолозите го проучувале овој процес на клеточно ниво.rnrnЗаборавање: 5 чудни факти за меморијатаrnrnТие откриле дека заборавањето е сосема нормално, но исто така и клучно за начинот на кој мозокот функционира. Погледнете ги следниве чудни нешта поради кои луѓето забораваат…rn

    1. Начинот на кој вратите ја уништуваат меморијата

    rnВо едно често, но мистериозно губење на краткотрајната меморија, луѓето се наоѓаат себеси во соба, без притоа да помнат како стигнале таму. Истражувачите велат дека во овие ситуации, големи се шансите дека вратите се виновни. Самиот акт на поминување низ врата може да му даде знак на мозокот дека започнува нова сцена и дека е потребно да ги тргне настрана оние сеќавања од досега, па токму затоа се појавува чудно губење на меморијата.rn

    „Влегувањето или излегувањето низ врата може да служи како граничен настан во мозокот, кој ги дели епизодите на активност и ги трга настрана“, вели психологот Габриел Радвански. „Потсетувањето на одлуката или активноста која била направена во различни соби е тешко бидејќи таа е тргната настрана.“

    rnНо, сепак менталните граници на настаните се корисни, бидејќи тие ни помагаат да ги организираме временски настаните во нашата глава и да запомниме каде и кога се случиле тие.rn

    2. Активности кои се бришат од умот

    rnИ покрај тоа што ова се случува премногу ретко, постојат активности кои можат да резултираат со моментална загуба на меморијата или пак, „магла“ во мозокот. Оваа појава се нарекува краткотрајна глобална амнезија. На пример, постојат случаи во кои сексот предизвикал проблеми со меморијата, каде што пациентите заборавале на целиот претходен ден и имале потешкотии при формирање нови сеќавања.rnrnЛуѓето со краткотрајна глобална амнезија не доживуваат сериозни несакани последици и најчесто проблемите со сеќавањето им исчезнуваат за само неколку часа. Сè уште не е јасно зошто ова се случува, бидејќи скенирањата на мозокот на пациентите не покажуваат никакви знаци на оштета на мозокот ниту пак, на мозочен удар.rn

    3. Сеќавањата можат да постојат, дури и ако ние не можеме да пристапиме до нив

    rnДали заборавените песни можат да продолжат да живеат во нашите глави без притоа ние да ги знаеме? Во еден необичен случај од 2013 година, истражувачите опишале жена која имала музички халуцинации на песна која таа не ја препознавала, но другите ја знаеле.rn

    „Колку што ние знаеме, ова е прв извештај за музички халуцинации на песна која самата личност не ја препознава, но која оние околу неа ја знаат“, велат истражувачите.

    rnСпоред нив, жената сигурно ја знаела оваа песна во одреден момент од нејзиниот живот, но со тек на време ја заборавила. Овој случај го поставува прашањето што точно се случува со заборавените помнења и ни сугерира дека можеби тие се сместени во мозокот во форма во која е достапна за нас, но која не можеме да ја препознаеме.rn

    4. Мозокот може да е програмиран да го заборави раното детство

    rnНашите најрани сеќавања од детството избледуваат и сигурно за тоа постои причина. Многу често луѓето не се сеќаваат на нешта кои се случиле во најраните години од нивниот живот, најчесто пред 3 или 4-годишна возраст. Ова се нарекува инфантилна амнезија.rnrnНаучниците претходно мислеле дека раните сеќавања се сè уште таму, но дека децата едноставно немале говорни вештини за да ги вербализираат. Но, нови истражувања покажуваат дека децата создаваат сеќавања за време на нивните рани години и потоа ги забораваат преку намерни механизми. Едно можно објаснување за ова е развивањето на мозокот, чие растење и генерирање клетки ги брише зачуваните помнења.rn

    5. Заборавање можат да предизвикаат и повреди на мозокот

    rnМожно е да ги изгубите сеќавањата уште пред тие да имаат шанса да бидат запомнети поради повреди на структурите на мозокот кои се специфично вклучени во формирање, одржување и сеќавање на запомнетите нешта. Оштетувањето во овие области може да резултира со чудни форми на амнезија.rnrnВо една од најпроучуваните студии со амнезија, пациентот Х. М. ја изгубил способноста да формира нови сеќавања откако еден дел од неговиот мозок, хипокампус, бил отстранет со операција со цел да се лекува неговата епилепсија. Друг исто така познат случај е и приказната на пациентот Е. П. кој доживеал слична судбина откако добил воспаление на мозокот кое било предизвикано од вирус.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оптички илузии кои сериозно ќе го предизвикаат вашиот ум

    Оптички илузии кои сериозно ќе го предизвикаат вашиот ум

    Нашите мозоци имаат развиено начини за да ни помогнат да го сфатиме комплексниот свет околу нас, но истовремено нè спречуваат и пореално да го согледаме она што е пред нас. Овие оптички илузии ќе ви го докажат тоа.rn

    1. Двата дела од коцката имаат иста боја. Ако не верувате, покријте го делот меѓу нив со прстот и ќе се уверите.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    2. Гледајте сконцентрирано во носот на жената десетина секунди, а потоа трепкајте гледајќи кон светла површина. Би требало да го видите нејзиното лице во боја.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    3. Овие автомобили изгледаат како да имаат различна големина…

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrnrn…но не е така. Сите се исти.rnrnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    4. Овие точки изгледаат како да ја менуваат бојата штом се удрат една од друга. Погледнете повнимателно и ќе сфатите дека не е така.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    5. Овој парк во Париз изгледа како 3Д глобус, но…

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrnrn…тој има поинаква форма.rnrnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    6. Гледајте во оваа слика 30 секунди, а потоа насочете го погледот кон следната слика подолу.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrnrnПогорната слика ви ги заморува очите и затоа луѓето во следната слика изгледаат како да се движат.rn

    7. Ејмс собата си игра со нашата перспектива. Таванот и ѕидовите се така изградени што ја креираат илузијата како на оваа слика.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    8. Синиот и жолтиот правоаголник се тркаат, или можеби не?

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    9. Доближете ја главата кон оваа слика и таа одеднаш ќе блесне.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    10. Гледајте во точката во центарот и чекајте сликата да стане црно-бела. Во прв момент би требало да ја видите зградата во боја.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    11. Очите на малите диносауруси не ве следат како се движите. Вашиот мозок ги препознава нивните лица како и да се помрднете.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    12. На која страна се движи возот? Мозокот го упатува во правецот во кој вие сакате.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    13. Погледнете ја сликата лево, па потоа онаа во центарот, а потоа онаа од десно, па пак онаа во центарот? Дали девојката го промени правецот во кој се врти?

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    14. Еден многу интересен 3Д цртеж…

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    15. Погледнете ги овие три прекрасни дами…

    rn17-Optichki-iluzii-koi-mozhat-da-vi-go-pomatat-umot-www.kafepauza.mk_rnrnДали ви се допаѓаат?rnrn18-Optichki-iluzii-koi-mozhat-da-vi-go-pomatat-umot-www.kafepauza.mk_rn

    16. Овие линии навистина се паралелни иако не изгледаат така. Погледнете поубаво.

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrn

    17. Ви се верува ли дека оваа жена се релаксира на вода која е длабока 82 метри?

    rnОптички илузии кои можат да ви го поматат умотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како пеењето влијае врз човековото тело и психа?

    Како пеењето влијае врз човековото тело и психа?

    Се чини дека постои одредена магија кога станува збор за влијанието на музиката врз човековото тело и умствените способности. Без разлика дали си ја потпевнувате омилената песна додека возите во автомобилот или пак сте дел од професионален музички хор, пеењето инспирира и буди неверојатни чувства. Всушност, некои луѓе дури ја надминуваат и депресијата благодарејќи токму на музиката и пеењето. Следствено на ова, еве ги најзначителните придобивки од музиката за човековото тело и психа воопшто.rnrnapartment_bond_194(1).jpgrn

    Физички придобивки:

    rn

      rn011

    • Ја подобрува функцијата на белите дробови, меѓуребрените мускули и дијафрагмата.
    • rn011

    • Позитивно влијае врз спиењето и сонот.
    • rn011

    • Ја подобрува работата на срцето и го олеснува дишењето.
    • rn011

    • Ја опушта тензијата на мускулите.
    • rn011

    • Придонесува за правилно држење на телото.
    • rn011

    • Ги отвора синусите и респираторните патишта.
    • rn011

    • Може да го намали `рчењето со текот на времето.
    • rn011

    • Овозможува лачење на ендорфин.
    • rn011

    • Го зајакнува имуниот систем.
    • rn011

    • Го враќа физичкиот баланс на луѓето со Паркинсонова болест.
    • rn

    rn(1) kako-peenjeto-vlijae-vrz-chovekovoto-telo-i-psiha-kafepauza.mkrn

    Емотивни придобивки:

    rn

      rn011

    • Ја зголемува самодовербата.
    • rn011

    • Ги поттикнува пријатните и убави чувства.
    • rn011

    • Ја зголемува концентрацијата.
    • rn011

    • Го подобрува расположението.
    • rn011

    • Ја намалува лутината, стравот и вознемиреноста.
    • rn011

    • Ја стимулира креативноста.
    • rn011

    • Влева позитивна енергија.
    • rn011

    • Ја ублажува осаменоста.
    • rn011

    • Ве прави подруштвени и поприфатливи за околината.
    • rn011

    • Едноставно прави да зрачите однатре.
    • rn

    rn(2) kako-peenjeto-vlijae-vrz-chovekovoto-telo-i-psiha-kafepauza.mkrnrnПеењето е пред сè забавно! А, во животот значи кога добро се забавувате и убаво го поминувате слободното време. Кога се чувствувате убаво, умот работи подобро, емоциите се позитивни, комуникацијата со другите луѓе е полесна, телото е повитално… Со еден збор, сите нешта стануваат подобри. Па, не за џабе се вели дека музиката е лек за сè!

  • Артист со Алцхајмер цртал автопортрети 5 години сѐ додека не си го заборавил сопственото лице

    Артист со Алцхајмер цртал автопортрети 5 години сѐ додека не си го заборавил сопственото лице

    Во 1955 година, на англискиот артист Вилијам Утермолен му бил дијагностицирана Алцхајмерова болест. Ова е тешка дијагноза и болест, но пред неговата смрт во 2007, направил серија од тажни автопортрети во период од околу 5 години, документирајќи го постепеното губење на неговиот ум.rnrn

    2-artist-so-alchajmer-crtal-avtoportreti-5-godini-sѐ-dodeka-ne-si-go-zaboravil-sopstvenoto-lice-kafepauza.mk
    1967
    rnrnНеговата жена Патриција совршено ја објаснува моќта на сликите:rn
    rn

    „На овие слики можеме да го видиме со огромна тага напорот на Вилијам да го објасни неговото променето јас, неговите стравови и тага.“

    rnТешко е да се каже дали промената во портретите настанала како резултат на губење на неговите артистички способности или пак на неговата психа, но во секој случај тие документираат емоционална збрканост на еден уметник кој јасно гледал како го губи својот ум, дел по дел.rnrn

    1996
    rnrn
    1996
    1996
    rnrn
    1997
    rnrn
    1997
    rnrn
    1998
    rnrn
    1999
    rnrn
    2000
    rnrn rn

    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 начини да го манипулирате умот за да постигнете успех

    14 начини да го манипулирате умот за да постигнете успех

    Без разлика колку години имаме, без разлика каде живееме и кон што целиме во животот, сите на крајот на денот сакаме да сме среќни и успешни. Живееме во свет во кој успехот е нашиот билет кон подобра иднина, а таа подобра иднина зависи само од нас. Успехот на кое било поле во животот е ограничен од многу фактори, но најмногу од нашата подготвеност и мотивираност да постигнеме нешто, да го направиме првиот чекор. Некои се посмели и успеваат во своите замисли побрзо, на други им е потребно подолго време да сфатат што сакаат во животот и од каде да почнат да го бараат тоа нешто, а некои се подготвени да ризикуваат, но едноставно немаат јасна слика каде одат. Во кој било случај, патот кон успехот е тежок и со многу препреки.rnrn14-nachini-da-go-manipulirate-umot-za-da-postignete-uspeh-kafepauza.mkrnrnМо Ситубтим, основач на BrandMentalist.com, вршела истражувања за да докаже дека постои начин да манипулираме со умот со цел да успееме во животот. Базирајќи се на нејзините познавања на човековиот ум, таа успеала да ја потврди својата теорија.rnrnЧовековиот ум има меморија и потсвесно може да следи шаблони на размислување и однесување, па кога тие шаблони ќе преминат во навика, тешко е таа навика да се искорени. Потребна е силна волја и јак и одлучен ум за да се разбие веќе стекната навика.rnrnГрадењето на теоријата, Мо го започнала осврнувајќи се на веќе познати случаи од секојдневниот живот. На пример:rn

      rn011

    • Ако многупати кажувате наивни лаги, после некое време станувате компулсивен лажго.
    • rn011

    • Ако понекогаш земате нешто од продавница без да го платите, по некое време станувате крадец.
    • rn011

    • Ако повеќепати лажирате документи, можете да станете криминалец.
    • rn011

    • Ако сте постојано нечесни, после одредено време станувате измамник.
    • rn

    rnЗемајќи предвид дека принципот на кој ја базира нејзината теорија веќе функционира, таа успеала да покаже дека истото тоа може да се искористи за да манипулираме со умот така што би успеале во различни полиња во животот.rnrn1) Ако започнете со вежбање три пати неделно, после одреден период ќе бидете во форма.rnrn2) Започнете со јадење здрава храна. Наскоро ќе бидете повторно здрави и свежи.rnrn3) Започнете да одите исправено. Не само што ќе ги снема болките во грбот и ќе добиете елегантно држење, туку и вашето тело ќе ја добие назад загубената самодоверба.rnrn4) Започнете почесто да се смеете и да размислувате позитивно. Оптимизмот води кон привлекување насмеани лица и позитивна енергија, иста како вашата.rnrn5) Започнете да им помагате на бездомниците давајќи им ја облеката која веќе долго време не ја носите. Многу брзо ќе станете сочувствителни и дарежливи.rnrn6) Започнете да споделувате со други луѓе и ќе станете великодушни. Несебичноста е ретка особина која ги краси добрите луѓе.rnrn7) Започнете постојано да правите работи кои се во согласност со вашите основни вредности и доста брзо ќе станете препознатливи како личност со значајни вредности.rnrn8) Започнете да читате почесто, и ќе станете зависни од учење.rnrn9) Започнете секој ден да ги извршувате сите дневни обврски. Така ќе имате контрола над нив.rnrn10) Фокусирајте се на секоја задача, една по една, тоа ќе ве направи попродуктивни.rnrn11) Започнете да размислувате надвор од вашите граници и креативноста набрзо ќе ќе чукне на вашата врата.rnrn12) Почнете постепено да излегувате од вашата удобна зона. Брзо ќе станете самоуверени и бестрашни.rnrn13) Започнете константно да си кажувате што сакате да постигнете во животот. Ќе почнете несвесно да ги правите работите кои ќе ве одведат до таму.rnrn14) Направете го првиот чекор во што било. Повторувајќи го доволно упорно и доволно долго, ќе го правите тоа што сакате да го правите и ќе станете она што сакате да бидете.rn

    „Ние сме она што постојано го правиме. Оттаму, извонредноста не е постапка, туку навика.“ – Аристотел

  • Употреби го твојот глас за љубезност…

    Употреби го твојот глас за љубезност…

    „Употреби го твојот глас за љубезност, твоите уши за сочувство, твоите раце за хуманост, твојот ум за вистина и твоето срце за љубов.“

    rnupotrebi-go-tvojot-glas-za-ljubeznost-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.