КАФЕ ПАУЗА

Tag: третман

  • Зошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?

    Зошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?

    Јогуртот е познат како еден од најефикасните препарати за третман на изгореници од сонце. Иако нема научни докази дека всушност го забрзува заздравувањето на изгорениците, секој човек кој доживеал изгореници во животот веднаш ќе каже дека јогуртот му помогнал да се справи со нив. На што се должи ова?rnrnЗошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?rnrnЈогуртот е намирница која е позната со векови, а во Америка се здобил со популарност во педесеттите години на минатиот век кога бил прогласен за здрава храна и почнал во изобилство да се произведува и консумира.rnrnСе произведува како резултат на дејствувањето на бактериите во млекото кога во млекото со загревање се додаваат млечно киселински бактерии – Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus. Освен вода, јогуртот содржи и 0,7 проценти млечна киселина, цинк, калциум, витамини Б5 и Б12, поради што е исклучително лековит доколку се консумира редовно бидејќи го подобрува имунитетот и размножувањето на добрите бактерии во цревата.rnrnВо случај на оштетување на кожата, јогуртот делува на површината и не навлегува во телото. Со својата ладна и течна конзистентност, ја лади површината на кожата, што благотворно делува на црвената и топлата кожа.rnrnСепак, ефектот на ладење не трае долго, па на секои 15 минути, кога ефектот на ладење веќе не постои, мора да се отстрани од кожата и повторно да се нанесе.rnrnПробиотиците, како и витамините и минералите од јогуртот помагаат за заздравување на кожата, благодарение на нивното благотворно дејство. Освен тоа, млечната киселина поволно влијае врз многу чувствителната кожа. Таа е една од киселините кои не продираат длабоко во кожата туку делуваат на површината. Во козметиката оваа киселина се користи за нега на многу чувствителна и оштетена кожа на лицето.rnrnЈогуртот се применува за нега на кожата на лицето, па луѓето кои сакаат природна козметика и природни производи често посегнуваат по маски од јогурт или пилинг за лице кој содржи јогурт. Овие производи се достапни за секого и бидејќи не предизвикуваат иритација или алергии на кожата, тие се добредојдени за сите типови кожа.rnrnЈогуртот нанесен на изгореници ќе делува само на површината и ќе го забрза заздравувањето на кожата, но штетата предизвикана во длабочината на кожата може да трае долго.rnrnСонцето како извор на ултравиолетовите зраци делува површно и длабоко на кожата, а овој површен ефект е причина за изгореници. Тие се манифестираат како ненадејно црвенило на кожата, кое може да биде придружено со плускавци и лупење. Можат да зафатат помала или поголема површина на кожата, а особено треба да бидете внимателни доколку изгорениците се појавиле на поголема површина од кожата.rnrnОткако прочитавте зошто јогуртот е еден од најдобрите третмани за смирување на изгорената кожа, можеби ќе сакате да прочитате и кои домашни лекови можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Како да го користите маслото од јојоба за третман на акни?

    Како да го користите маслото од јојоба за третман на акни?

    Ако знаете како правилно да ги користите придобивките од ова масло, тоа може да ви помогне да ја спречите појавата на акни и да ги отстраните постоечките. Маслото од јојоба е исклучително нежно за кожата и е многу честа состојка во производите за нега на кожата. Многу жени го користат како дел од својата рутина за нега на кожата поради многубројните придобивки.rnrnКако да го користите маслото од јојоба за третман на акни?rnrnХидратантни својства – маслото од јојоба дејствува како хидратантен крем и ефикасно го спречува губењето на влажноста на кожата. Нанесувањето на ова масло во тенок слој ја одржува кожата мека и нежна на допир. Особено се препорачува за луѓе кои имаат екстремно сува кожа. Може да се нанесува на кожата со или без есенцијални масла.rnrnАнтибактериски својства – маслото од јојоба има силни антифунгални и антимикробни својства. Многубројни истражувања потврдуваат дека маслото од јојоба успешно уништува голем број бактерии и габи, како што се ешерихија коли, кандида и салмонела.rnrnЛекување рани – Антивоспалителните ефекти на маслото од јојоба го прават ефикасен лек за разни кожни заболувања. Истражувањата покажуваат дека маслото од јојоба е многу ефикасно за заздравување на раните и за олеснување на синтезата на колаген.rn

    Како да го користите маслото од јојоба за третман на акни?

    rnИзмешајте две лажици гел од алое вера и две лажици масло од јојоба во стаклена тегла. Користете ја оваа смеса како хидратантен крем за лице. Нанесете го на лицето и добро тријте, особено на регионот каде што имате акни, но бидете нежни. Овој крем можете да го користите неколку пати во текот на денот, а особено се препорачува пред спиење, бидејќи активните состојки имаат најмногу време да дејствуваат во текот на ноќта.rnrnМоже да нанесете масло од јојоба во мали количини директно на лицето без дополнителни состојки. Нежната масажа од две минути е сосема доволна за вашата кожа да ги апсорбира активните состојки. Не е потребно плакнење. Исто така, препорачливо е да го применувате ова пред спиење, така што маслото ќе има време да дејствува додека спиете. Освен на лицето, ова масло можете да го нанесувате и на вратот.rnrnПрочитајте кои 7 работи може да предизвикаат темни дамки.

  • 8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувите

    8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувите

    Темните пазуви не претставуаавт сериозен проблем со здравјето и често се предизвикани како резултат на заболување на кожата познато како акантоза нигриканс кое ја задебелува и ја затемнува кожата. Сепак, ќе се чувствувате непријатно ако имате темни пазуви, а сакате да облечете блуза без ракави или да уживате на плажа во вашиот костим за капење.rnrn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnОвие производи што ги имате во вашиот дом ќе ги ви помогнат да ги отстраните темните дамки под пазувите.rn

    1. Јаболков оцет + сода

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • 2 лажички јаболков оцет
    • rn 011

    • 2 лажички сода бикарбона
    • rn

    rnШто треба да направите: Измешајте го јаболков оцет со сода бикарбоната. Треба да почне да прави меурчиња, а кога меурчињата ќе стивнат, нанесете го растворот во делот под пазувите и оставете го да се исуши. Оставете го неколку минути и потоа исплакнете со ладна вода.rnrnКолку често: Секој втор ден (трипати неделно)rn

    2. Вода од роза + сода бикарбона

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • вода од роза
    • rn 011

    • сода бикарбона
    • rn

    rnШто треба да направите: Направете леплива паста со додавање вода од роза во сода бикарбоната. Нанесете ја оваа паста на темните пазуви и оставете ја да стои 10 минути. Потоа, измијте ја пастата со ладна вода и исушете ги пазувите.rnrnКолку често: Двапати неделноrn

    3. Млеко + куркума + мед

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • 1 лажица млеко
    • rn 011

    • 1 лажичка куркума во прав
    • rn 011

    • 1 лажичка мед
    • rn

    rnШто треба да направите: Измешајте сè добро и нанесете ја пастата на пазувите. Оставете да се исуши и потоа исплакнете.rnrnКолку често: Секој втор ден (трипати неделно)rn

    4. Кафеав шеќер + маслиново масло

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • 3 лажици кафеав шеќер
    • rn 011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn

    rnШто треба да направите: Добро измешајте ги состојките. Користете ја смесата за да ги триете пазувите околу 2 минути и потоа оставете ја да стои уште 5 минути. По 5 минути, исчистете ги пазувите користејќи млака вода и избришете ги со мека крпа.rnrnКолку често: Двапати неделноrn

    5. Бадемово масло

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • неколку капки бадемово масло
    • rn

    rnШто треба да направите: Користете го маслото за да ја масирате темната област под пазувите 8-10 минути.rnrnКолку често: Секој денrn

    6. Фулерова земја + лимон + вода

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • 2 лажици фулерова земја
    • rn 011

    • 1 лажичка сок од лимон
    • rn 011

    • вода
    • rn

    rnШто треба да направите: Измешајте ги трите состојки за да формирате мазна паста. Нанесете ја пастата на подрачјето под пазувите и оставете да стои 15 минути. Потоа, испланете ја пастата со млака вода.rnrnКолку често: двапати неделноrn

    7. Компир

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • еден мал компир
    • rn

    rnШто треба да направите: Излупете го и изрендајте го компирот, а потоа исцедете го сокот. Нанесете го сокот на вашите пазуви. Оставете го 15 минути и потоа исплакнете со ладна вода.rnrnКолку често: Двапати на ден – еднаш наутро и еднаш навечер пред спиењеrn

    8. Масло од чајно дрво + вода

    rn8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувитеrnrnШто ви треба:rn

      rn 011

    • 4-5 капки масло од чајно дрво
    • rn 011

    • чаша вода
    • rn

    rnШто треба да направите: Во шише за прскање истурете чаша вода. Додајте 4-5 капки масло од чајно дрво и добро протресете го шишето за да се измешаат состојките. Напрскајте ги пазувите и оставете да се исуши.rnrnКолку често: Секој денrnrnПогледнете кои се 9-те примени на лимонот во третманите за здравје и убавина.

  • Вашата рутина за грижа на лицето ќе стане многу покул благодарение на овие фацијални сладоледи

    Вашата рутина за грижа на лицето ќе стане многу покул благодарение на овие фацијални сладоледи

    Кога станува збор за летна грижа на кожата, многу жени знаат да се опуштат и да бидат мрзливи. Крема со заштитен фактор, благ тонер и хидратантна ноќна крема се продуктите кои најчесто се користат за време на топлите месеци. Имајќи го тоа на ум, фацијалните „сладоледи“ можат да бидат најдоброто решение за одржување на негата на кожата што некогаш сте имале можност да го пробате.rnrnrn

    „Нарушувањата на кожата во летото се случуваат поради високите температури и густата влажност во воздухот. Ова води до премногу активни потни жлезди што создаваат себум на кожата. Влажноста го спречува ова масло да испари, па тоа создава запушување и нафрлање на лицето. Замрзнатите третмани за кожа инстантно ја оладуваат кожата, притоа забавувајќи го создавањето на себумот“, вели Арлин Ламба, експерт за нега на кожата.

    rnЗвучи лудо, се согласувате? Д-р Ламба создава различни месечни начини за грижа на кожата, па за август, таа ги препорачува токму фацијалните „сладоледи“.rn

    „Тие се совршената летна замена за нормалниот серум. Препорачувам да ги користите сладоледите откако ќе го измиете вашето лице, но тие исто така можат да се користат и за да ја оладите кожата по вежбање или топол ден поминат на плажа“, дополнува таа.

    rnПред да почнете да ги правите овие фацијални „сладоледи“ имајте на ум дека сите рецепти треба да се направат со дестилирана вода поради нејзината неутрална pH. Водата од чешма е многу тврда, што значи дека има висока количина на минерали што ја нарушуваат и променуваат pH вредноста на вашата кожа, притоа влошувајќи ги состојбите како егзема или акни.rn

    Смуди со јаглен

    rn

      rn 011

    • 4 кафени лажички грчки јогурт
    • rn 011

    • 2-3 супени лажици активен јаглен
    • rn

    rnОвој рецепт ќе ви овозможи детоксикација преку пилинг. Грчкиот јогурт содржи високо количество млечна киселина, која ги отстранува сите загадувачи на кожата, додека пак, јагленот ги влече бактериите и токсините надвор од кожата за длабинско чистење.rnrnУпотреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути. За најдобри резултати, направете уште еден третман со следниот рецепт.rn

    Смирување

    rn

      rn 011

    • 60 милилитри вода од краставица (или 60 милилитри алое вода)
    • rn 011

    • 2-3 кафени лажички органска мелена куркума
    • rn

    rnАко на вашата воспалена кожа ѝ е потребно сериозно смирување, овој сладолед на стапче е одличен за вас! Неверојатните антивоспалителни состојки на куркумата го смируваат црвенилото предизвикано од акните и егземата, додека пак, витаминот Ц и кофеинот во краставицата ќе ви помогне да ја хидрирате кожата.rnrnУпотреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути.rn

    Розово задоволство

    rn

      rn 011

    • 3 ситно исечкани листови нане
    • rn 011

    • 3 супени лажици розова вода
    • rn 011

    • 2 супени лажици органска кокосова вода
    • rn

    rnАко барате едноставен начин за нега на вашата кожа, ви ја препорачуваме оваа комбинација од розова вода, свежо нане и кокосова вода. Покрај тоа што ќе ја избалансира pH вредноста на вашата кожа, розовата вода има и антивоспалително дејство заедно со хидратантни состојки. Нането служи како природен тонер за да ја израмни бојата на кожата, додека пак, кокосовата вода е богата со состојки против стареење.rnrnУпотреба: Тријте ја чистата кожа со сладоледот на стапче и оставете ја да отстои така 10-15 минути.rnrnПогледнете ги и овие 5 совети за правилна нега на кожата во летните периоди.

  • 7 митови за акните кои нема да ви помогнат да се ослободите од нив

    7 митови за акните кои нема да ви помогнат да се ослободите од нив

    Акните го расипуваат не само изгледот, туку и расположението. Нивниот третман е поврзан со многу митови кои всушност воопшто не помагаат, а некои од нив може дури и да ја влошат состојбата. Погледнете ги најпознатите митови за акните, но и неколку совети за ослободување од нив.rn

    1. Храната не е поврзана со појавата на акни

    rn(1)7-mitovi-za-aknite-koi-nema-da-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-niv-kafepauza.mkrnrnПостои едно старо истражување кои тврди дека нема никаква поврзаност помеѓу начинот на исхрана и акните, но модерните научници го докажуваат токму спротивното. Шеќерот го стимулира производството на инсулин, кој пак во преголемо количество може да предизвика акни. Избегнувајте храна со висок гликемичен индекс како бел леб, чоколадо и пиво. Акните може да се појават и од хормоните кои се наоѓаат во млекото.rnrnЈадете храна која ќе ја одржи вашата кожа чиста:rn

      rn011

    • Продукти со низок гликемичен индекс, како индиски ореви, карфиол и краставици помагаат при намалување на акните.
    • rn011

    • Цинкот кој го има во јајцата, месото, печурките и морската храна може да помогне при лекувањето на кожата.
    • rn011

    • Витаминот А го поттикнува лекувањето на акните. Затоа, вклучете моркови, зелка и спанаќ во вашата исхрана.
    • rn

    rn

    2. Пушењето ја зголемува појавата на акни

    rn(2)7-mitovi-za-aknite-koi-nema-da-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-niv-kafepauza.mkrnrnМногу луѓе мислат дека пушењето цигари предизвикува акни. Иако тоа е штетна навика, пушењето не предизвикува појава на акни. Сепак тоа го забавува лекувањето на кожата, па акните ќе ви траат подолго. Ако се откажете од цигарите, ќе забележите дека ќе изгледате подобро: Кислородот во кожата на лицето ќе се зголеми, а процесот на лекување ќе биде побрз.rn

    3. Декоративната козметика предизвикува акни

    rn(3)7-mitovi-za-aknite-koi-nema-da-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-niv-kafepauza.mkrnrnНе е секоја козметика лоша за кожата. Само избегнувајте козметика што содржи алкохол и масла. Алкохолот ја суши кожата и предизвикува иритација, а ова пак предизвикува акни. Маслата ја прават кожата мрсна и ги затвораат порите. Козметичките производи треба да содржат:rn

      rn011

    • Алое
    • rn011

    • Ретинол
    • rn011

    • Пептид 10
    • rn

    rnОвие состојки ја подобруваат состојбата со акните и го стимулираат производството на колаген.rn

    4. Темниот тен помага

    rn(4)rnrnУВ зраците ги стимулираат лојните жлезди, а ова предизвикува појава на нови акни. Токму поради ова сончањето е забрането ако имате акни. Користете заштитна крема за проблематична кожа.rn

    5. Стресот предизвикува акни

    rn(5)7-mitovi-za-aknite-koi-nema-da-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-niv-kafepauza.mkrnrnНовите мозолчиња не се предизвикани од стрес. Но, ако веќе имате акни, стресот може да ја влоши ситуацијата – раните од акните побавно ќе зараснат.rn

    6. Честото миење на лицето ќе го реши проблемот

    rn(6)7-mitovi-za-aknite-koi-nema-da-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-niv-kafepauza.mkrnrnАкните, како и митесерите, се настанати од затворени пори, па колку и да го миете лицето нема да ги намалите. Темелното чистење на лицето (како пилинг) може само дополнително да ја иритира вашата кожа. Исто така, немојте да го триете лицето со крпа, туку нежно соберете ја водата од него. Сапуните и средствата за чистење лице кои содржат сулфати (SLS, SLES) дополнително ја сушат кожата.rn

    7. Пастата ги намалува акните

    rn(7)7-mitovi-za-aknite-koi-nema-da-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-niv-kafepauza.mkrnrnПастата содржи сода бикарбона, есенцијални масла, хидроген пероксид и ментол кои можат да ги исушат акните, но и да предизвикаат иритација или осип. Подобро користете продукти со бензоил пероксид кој помага при лечењето на акните.rnrnOвие природни маски ќе ви помогнат во борбата против акните.

  • Дознајте ја древната тајна за здрава и сјајна коса

    Дознајте ја древната тајна за здрава и сјајна коса

    Доколку некогаш сте гледале индиски филм или серија сигурно сте забележале дека косата на Индијките е неверојатно сјајна, густа и цврста. Можеби сте помислиле дека тоа се должи на нивните гени, но всушност се работи за древен ритуал што го применуваат најмалку еднаш неделно.rnrnДознајте ја древната тајна за здрава и сјајна косаrnrnВеќе илјадници години, Индијките користат масло за коса кое според традиционалната Ајурведа содржи различни билки, а поединечни семејства имаат сопствени рецепти и смеси што ги усовршиле во текот на годините. Билките се потопуваат во масло, понекогаш со денови, за да ги испуштат нивните корисни состојки. Мајките и бабите ја приготвувале оваа смеса во големи казани за да имаат за цела година.rnrnПа, кои билки ги содржи овој рецепт за коса од соништата? Повеќето рецепти содржат хибискус, амалаки (индиско грозје), фенугрик, ливчиња од алое вера и брахми. Сите овие билки имаат состојки кои придонесуваат за растот и негата на косата. Во Ајурведата, сусамот и кокосовото масло традиционално се користат како основа на маслата за коса, но се верува дека и рицинусовото масло го спречува паѓањето на косата и го поттикнува нејзиното растење.rnrnНа природните лекови понекогаш им е потребно повеќе време да делуваат за разлика од хемиските раствори на кои сме навикнати, но резултатите од првите се подолготрајни и природни, што значи дека се добри за општото здравје. Па, на кој начин би требало да го користите маслото за коса и зошто тоа е корисно за вас?rnrnДоколку редовно нанесувате масло на косата, ќе го забрзате нејзиното растење, ќе се ослободите од првутот, ќе го намалите паѓањето на косата, ќе го спречите предвременото обелување на косата и ќе добиете сјајна и цврста коса. Не само што овие третмани ќе ја одржат косата здрава, туку и масажата на главата што ќе ја правите при нанесувањето на маслото ќе ви ги ублажи болките доколку имате проблем со главоболки, мигрени, несоница и стрес.rnrnРитуалот треба да се одвива на следниов начин: Малку го загревате маслото за да биде млако и го нанесувате пред да ја миете косата. Сувата коса ќе му дозволи на маслото подлабоко да навлезе, а кога косата е мокра, коренот на влакното отекува и поради тоа не може убаво да го впие маслото. Прво, масирајте го скалпот за да го поттикнете растењето на косата и да им овозможите на корисните состојки да навлезат во коренот на влакното. Сите знаеме дека ако го подобрите здравјето на скалпот, ќе го подобрите и квалитетот на косата. Потоа, треба да го нанесувате маслото од коренот кон краевите на прамените низ целата коса. Оставете го маслото на вашата коса од 30 до 60 минути пред да го измиете со шампон.rnrnСо оглед на тоа што маслото создава заштитен слој, колку подолго го оставите, толку подобри резултати ќе добиете. Можете да употребите и мала количина на масло откако ќе ја измиете косата за да ја зачувате влажноста, убаво да ги расплеткате суканиците и да ѝ дадете здрав сјај.rnrnСите што ја бојадисуваат косата, користат пегла, сите русокоси, црвенокоси, девојки со права или со виткана коса можат да извлечат корист од овој третман со масло. Овој ритуал нека стане дел од вашето секојдневие. Немате што да изгубите, можете само да добиете сјајна и здрава коса каква што отсекогаш сте посакувале.

  • Дали сте сигурни дека сакате да ја бојадисате косата?

    Дали сте сигурни дека сакате да ја бојадисате косата?

    Кога секојдневно ги гледаме холивудските ѕвезди како од ден во ден ја менуваат бојата на косата, како и бројните инспиративни фотографии на социјалните мрежи, тешко е да одолееме на искушението и ние да не ја бојадисаме нашата. Сепак, постојат 10 работи кои мора да ги разгледате пред да се одлучите на еден таков голем чекор.rnrnHands coloring hairrn

    1. Мора да знаете што сакате

    rnКај вашиот фризер понесете барем една фотографија од фризурата која ја посакувате, бидејќи не можете да се потпрете само на вашите опис и визија. Исто така, бидете сигурни дека фотографијата која ја покажувате не е „провлечена“ во некој од популарните филтри.rn

    2. Бидете флексибилни

    rnВажно е да немате преголеми очекувања. Всушност, бојадисувањето на косата не е егзактна наука и резултатот зависи од многубројни фактори, како што се вашата природна боја на коса, интензитетот на пигментите и фактот дали некогаш досега сте поминале низ овој процес. Многу е веројатно дека ќе мора да одите на неколку третмани додека не го постигнете посакуваниот резултат.rn

    3. Претходните третмани се важни

    rnНа вашиот фризер задолжително треба да му кажете за сите евентуални хемиски третмани кои сте ги направиле на косата во минатото, како и дали сте се фарбале во домашни услови. Вашата коса го „памти“ сето она што ѝ е направено.rnrnrn

    4. Добро размислите

    rnКолку сте спремни да ѝ се посветите на новата боја на коса? Односно, некои нијанси бараат поголемо внимание, како што е на пример, црвената боја која мора често да се обновува поради брзото испарување.rn

    5. Бојата ја менува текстурата на влакната

    rnДоколку се фарбате во нијанса која е потемна од вашата природна боја на коса, таа ќе стане посвилена, додека посветлата боја ќе ја направи побујна. Доколку ја сакате својата природна текстура, добро размислите пред да го направите следниот чекор бидејќи тоа би можело да влијае на нејзиниот изглед.rnrnrn

    6. Ќе ви бидат потребни нови производи

    rnНа пазарот денес постојат многубројни производи кои се посветени на бојадисаната коса и кои не ја оштетуваат нејзината боја. Затоа, бидете сигурни дека потоа ќе ви биде потребен нов шампон, балсам, но и некоја хранлива маска за коса.rn

    7. Започнете од прамените

    rnДобар начин за експериментирање со менувањето боја на косата е најпрво да се одлучите за мали чекори – извлекување на прамени. На тој начин полесно ќе процените дали одредена боја одговара на вашиот тен, бојата на очите, па дури и вашиот карактер!rn

    8. Испробајте перики

    rnУште еден начин да го тестирате вашиот нов изглед е, барем дома, да носите перика во боја приближна на онаа во која сакате да се фарбате. Тоа е забавен начин на кој можете да проверите како би ви стоела новата, необична фризура.rnrnrn

    9. Немојте да претерувате

    rnПремногу интензивното бланширање може да ја оштети косата, ако ги прашате светски познатите фризери. Правете значајни паузи помеѓу две бојадисувања, а доколку го правите тоа дома, избирајте производи без амонијак.rn

    10. Силните бои бараат труд

    rnДоколку размислувате за бојадисување на косата во некоја од популарните силни бои, тогаш добро размислите. Односно, секоја од таквите бои со секое миење сѐ повеќе избледува, а маснотијата доста доаѓа до израз, т.е. ќе се најдете во своевиден „магичен круг“.rnrn

  • Погледнете како да ги отстраните стриите по природен пат

    Погледнете како да ги отстраните стриите по природен пат

    Жените ги добиваат стриите во кој било период од нивниот живот, од пубертет па сè до старост и за жал никој не е поштеден од овие бели линии на телото. Главен фактор за создавањето на стриите е одеднаш променетата телесна тежина, нејзиното често варирање, како и наглиот и брз раст во пубертетот. Поедноставно кажано, никој не е имун на нив.rnrnpoglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mkrnrnБрзото ширење на кожата во текот на дебелеењето е проследено со споменатите промени на кожата, кои се јавуваат во вид на пукнатини во различни бои. Нивната боја варира од виолетова па сѐ до нешто посветла нијанса од онаа на самата кожа. Токму дебелината во пределот на стомакот, бутовите и задникот е главен предуслов за настанување на тие ситни пукнатини по кожата, односно стрии.rnrnИако овој проблем ги мачи сите жени со децении, денес постојат многу природни третмани кои можете да ги направите дома со чија помош ќе ги отстраните стриите за неколку месеци. Можеби ефектот не е моментален, но мора да бидете упорни за да ги отстраните белезите од кожата кои најмногу се гледаат во лето, кога треба да облечете костим за капење или кратка облека.rn

    1. Кокосово масло

    rnКокосовото масло навистина може да направи чудо за кожата, а многу е ефикасно и кога станува збор за отстранување на стриите. Тоа ја зголемува еластичноста на кожата, ја поттикнува нејзината регенерација и ја штити од воспаленија, вируси и бактерии. Втријте го маслото на местото каде што се појавиле стриите и повторувајте ја оваа постапка 3 пати неделно. Значајна разлика ќе забележите за недела дена.rnrn4-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-kafepauza.mkrn

    2. Алое вера

    rnАлое верата содржи голема количина на билен колаген кој помага во обновувањето на кожата. Најефикасен е чистиот гел од алое вера. Него намачкајте го на кожата и оставете го 2 часа за да се впие, за третманот да биде успешен, а потоа исплакнете со вода. Често почестувајте се со овој третман, бидејќи ја одржува природната влажност на вашата кожа.rn

    3. Сок од лимон и портокал

    rnЛимоновиот сок е еден од најефикасните начини за отстранување на стриите и нивната видливост, што е резултат на неговите избелувачки својства. Втријте го сокот од исцеден лимон или портокал со кружни движења на местата каде што се видливи стриите. Не облекувајте облека, туку почекајте околу 15 минути додека кожата не го впие сокот, а после тоа измијте ја кожата со млака вода. Постапката повторувајте ја секој ден за подобри резултати.rnrn2-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Рицинусово масло

    rnКога рицинусовото масло се користи за масажа, тоа помага стриите да бидат што е помалку видливи. Рицинусовото масло ја хидрира кожата, ѝ ја враќа еластичноста, а помага и за отстранување на брчките. Во некои делови на Индија, масажата со рицинусово масло им се препорачува на трудниците и на родилките за отстранување на стриите, во комбинација со топли купки – па, може да пробате и самите.rn

    5. Масажа со природни масла

    rnСо масажата ѝ помагате на кожата да се ослободи од токсините, да се регенерира, а секако е препорачлива и за отстранување на стриите. За најдобри резултати масирајте се со бадемово масло. Многу е богато со витамин Е, но исто така ѝ помага на кожата во создавање на колaген и еластин.rnrn3-poglednete-kako-da-gi-otstranite-striite-po-priroden-pat-www.kafepauza.mk_

  • За бујна и сјајна коса: Најдобрата маска од зелена глина која прави чуда!

    За бујна и сјајна коса: Најдобрата маска од зелена глина која прави чуда!

    Зелената глина е делотворна за детоксикација на косата и темето. После маската со глина, вашата коса ќе изгледа полна и сјајна.rnrn1-za-bujna-i-sjajna-kosa-najdobrata-maska-od-zelena-glina-koja-pravi-chuda-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 5-6 лажички глина
    • rn011

    • 1 лажичка базно масло хидролат (цветна водичка) или вода
    • rn011

    • 5-6 капки етерично масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnМешајте ги сите состојки додека не добиете течна паста. Потоа, нанесете ја по целата должина на косата и масирајте 5 минути. Смесата задржете ја на косата најмалку 1 час. После тоа, измијте ја косата на вообичаениот начин.

  • Бразилско фенирање: Одличен третман за подобрување на оштетената коса од сонце

    Бразилско фенирање: Одличен третман за подобрување на оштетената коса од сонце

    Дали кога се вративте од летниот одмор забележавте дека вашата коса е оштетена од морската сол и сонце? Оваа непожелна слика во огледалото можете брзо да ја избришете со само еден едноставен третман – бразилско фенирање кое на косата го враќа нејзиното здравје, сјај, волумен и ѝ овозможува сосема нова убавина.rnrnБразилско фенирање: Одличен третман за подобрување на оштетената коса од сонцеrnrnДоволен е само еден третман од бразилското фенирање со цел вашата оштетена коса повторно да почне да сјае. Тајната се крие во постапката која го враќа кератинот во косата. Тој се губи со честите хемиски и термички процеси, но по бразилското фенирање косата повторно се полни со кератин и станува рамна, тешка, здрава и сјајна, па токму затоа и полесна е за обликување.rnrnТретманот вклучува миење на косата со шампон кој длабински ја чисти, а потоа се расчешлува и се нанесува течен кератин на секој прамен. Откако косата ќе се исуши и исфенира рамно, секој прамен се поминува по 2 пати со пегла за коса со цел кератинот да навлезе што подлабоко во влакното. Овој процес трае околу 1 час, но зависи од должината и густината на косата. Откако ќе завршите, косата не треба да се мие ниту мокри во текот на наредните 72 часа.rnrnКератинот се задржува во косата отприлика 3 месеци, но и тоа зависи од степенот на уништување, како и колку често таа хемиски се третира и мие. Но, без разлика каква коса имате, вие секогаш можете да ја освежите со помош на бразилското фенирање.