КАФЕ ПАУЗА

Tag: третман

  • Домашни третмани за нега на кожата

    Домашни третмани за нега на кожата

    Не секогаш мора да потрошите цело богатство со цел да се ослободите од несаканите појави на вашето лице и тело. Кога подобро ќе размислите, сите состојки кои ви требаат за успешно да се справите со овие непријатности, веќе ги имате во својот дом, само треба правилно да ги искомбинирате.rnrnДомашни третмани за нега на кожатаrnrnГруба кожа на рацете – веднаш ви треба пилинг, а еве како да го направите. Во еден сад ставете 2-3 филџани млеко (само малку загрејте го за да биде млако), додадете неколку кафени лажици шеќер и со смесата масирајте ги вашите дланки. Доколку кожата на дланките ви е многу сува, додајте 2 кафени лажички мед. После тоа темелно исплакнете ги дланките со млака вода.rnrnПротив мрсна кожа на лицето – помешајте еден пивски квасец во прав со малку јогурт и притоа внимавајте добро да се соединат состојките. Мешајте сè додека смесата не стане хомогена, а потоа нанесете ја на вашето лице. Мирувајте 15-20 минути, па добро исплакнете го лицето.rnrnИсто така, за ослободување од мастите и истовремено освежување на лицето, можете да направите мешавина од сок од краставица и свежо исцеден лимон. Нека стои 10-15 минути, а потоа исплакнете. Сокот од краставица направете го дома. Изрендајте една краставица и со помош на газа исцедете ја течноста од неа.rnrnЕве уште еден трик за справување со мрсната кожа – редовно чистете го лицето со памук на кој ќе нанесете малку чај од нане или камилица.rnrnФлеки од акни – доколку имате проблем со дамки односно флеки од акни на кожата на лицето или телото, добро измијте кора од лимон, врз неа нанесете малку шеќер и масирајте нежно.rnrnПротив целулит – уште една примена на кафето – кофеинот кој е составен дел од талогот на кафето е одличен борец против најголемиот непријател на женскиот пол – целулитот. Многу фабрички направени третмани против целулит во себе содржат кофеин. Соберете талог (од обично црно кафе или пак од ќесичка за филтер кафе) и додека се туширате, втријте го на најзагрозените области, како задникот и бутовите. Додека се туширате гледајте да користите што е можно потопла вода за подобар ефект, но кога ќе го плакнете талогот од себе, правете го тоа со млака вода за потоа да добиете ефект на позатегната кожа. Кафето во борбата против целулитот можете да го употребите и на други начини.rnrnЗа омекнување на кожата на лицето направете лесна и брза мешавина од брашно, маслиново масло и млеко, нанесете ја на лицето и почекајте 15-20 минути, а откако ќе ја исплакнете маската, ефектите ќе бидат веднаш видливи.rnrnПори на лицето – порите на лицето не се пријатна глетка и можат да прераснат во вистински проблем. Затоа, неколку пати неделно, откако ќе го исчистите лицето, исцедете малку течност од свеж домат на парче памук и поминете преку целото лице. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода која ќе помогне за затворање на порите.rnrnЗа сува кожа на лицето – проблемот со сува и недоволно потхранета кожа на лицето станува уште поголем во зимскиот период поради студот. Пробајте да ја потхраните со следнава смеса: 1 јајце и малку маслиново масло. 20 минути откако ќе ја нанесете, добро исплакнете го лицето. rnrnИли пак, измешајте 1 жолчка од јајце со една кафена лажичка павлака, 1 лажичка масло и 1 лажичка природно исцеден сок од грозје. Мирувајте 15-20 минути откако ќе ја нанесете маската, па темелно измијте го лицето.rnrnЗа тонирање на сите типови кожа – на лицето нанесете изрендано јаболко, нека отстои 15 минути, па исплакнете. Така кожата ќе ви биде тонирана и хидратирана.rnrnТрик за справување со подочници – големите темни подочници се резултат на бурна ноќ, а се појавуваат дури наредниот ден. Веднаш ослободете се од нив. Тоа може да го направите со ставање ќесички од сварен чај (внимавајте да не се премногу топли), по можност зелен чај бидејќи е природен антиоксидант, или чај од нане. Нека стојат 10-15 минути. Или пробајте со нанесување на парчиња домат или краставица врз очите, но пред тоа чувајте ги во замрзнувач, нека бидат малку поладни за побрз ефект.rnrnПротив сува кожа на усните и петите – усните, особено во текот на зимата, можат да бидат подложни на сушење и пукање, затоа откако ќе измиете заби, исплакнете ја четката и додека е водена, поминете неколку пати врз усните. После тоа нанесете бадемово масло. rnrnДоколку имате проблем со сува и испукана кожа на петите, направете нежна купка, а после тоа масирајте ги 10 минути со какво било масло за нега на бебешка кожа.rnrnДомашен третман на пареа – исчистете го лицето со препаратите кои обично ги употребувате, но не правете пилинг за да не ви е надразнета кожата. Зовријте вода, нека постои 5 минути да се подолади и додадете некаква билка, како зелен чај или пак етерично масло. Над садот со вода останете 5-10 минути. Овој третман има најголем ефект во прочистување на порите.rnrnСпа-третман – кој вели дека не можете да си направите спа-третман во вашиот дом? Направете смеса од три лажички какао во прав, 2 лажички брашно (по можност овесно) и додадете мед по избор.rnrnМаска против стареење на кожата – интересна употреба на аспиринот. Издробете 2-3 апчиња аспирин и измешајте ги со млака вода. Нека стои на лицето 5 минути и одвреме-навреме масирајте нежно, за да добиете ефект на пилинг. После тоа исплакнете го лицето.rnrnЗа ослободување од мртви клетки – доколку имате свежа тиква во вашиот дом, еве уште еден начин како може да ја искористите. Во еден сад додадете свежа изрендана тиква (количински, колку еден филџан за кафе) и 1 јајце, па добро измешајте ги состојките. Доколку кожата ви е сува, може да додадете малку мед и млеко. Оставете да дејствува 15-20 минути. Потоа темелно исплакнете.rnrnДомашен третман за оживување и сјај на косата – направете мешавина од 1 лажица сок од јаболко и една лажица сок од лимон. Откако ќе ја измиете косата на вообичаениот начин, нанесете од мешавината низ целата коса и по неколку минути исплакнете. rnrnЗа зајакнување на косата, изматете 2 јајца и додадете половина лажичка маслиново масло. Нанесете по целата должина на косата, масирајте на сува коса, нека делува 10-15 минути, па измијте ја косата со шампон.rnrnВнимавајте! Третманите треба да ги прилагодите според вашите потреби и според видот на вашата кожа. Маските за лице употребувајте ги еднаш до два пати неделно, а пилинг правете најмногу два до три пати месечно, бидејќи кожата треба да создаде нови клетки, а со правење пилинг премногу често, вие ù го оневозможувате тоа. Кога правите домашни маски за коса, доколку косата ви е подолга, дуплирајте ги дадените количини на потребните состојки.rnrnКолку други третмани во домашни услови за нега на кожа и коса знаете вие? Споделете ги со нас!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    На нашата коса никогаш не ѝ е доволно нега. Шампон кој ѝ одговара, регенератор, хранлива маска, силиконски капки и многу други продукти сигурно се дел од вашата рутина. Сепак, често несвесно сите правиме грешки кои имаат штетно дејство врз нејзе и го намалуваат ефектот на домашните и професионалните третмани за кои издвојуваме пари. Ова се 6 најчести примери за несвесни грешки со кои го нарушуваме здравјето на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата rn

    Ја миете косата секој ден

    rnСекој посакува косата постојано да му изгледа свежо и да му мириса убаво. Но секојдневното миење не е препорачливо, затоа што на тој начин го миеме природното масло кое ги штити темето и влакното. Сосема доволно е на секои два-три дена да ја миете косата и да извршите некој домашен третман.rn

    Ја сушите косата на најјака топлина со фен

    rnДоколку сакате вашата коса да биде сјајна и педантна, не изложувајте ја на висока температура, бидејќи така лесно се суши влакното. Користете ги пониските нивоа за регулација на топлината на фенот, при што можеби сушењето ќе трае подолго, но затоа ќе се намали бројот на расцветани врвови.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Обликување на фризурата додека косата е сè уште мокра

    rnНе само што е многу потешко и непотребно губите енергија и нерви, туку при ваквиот процес вие придонесувате влакната побрзо да напукнат. Обликувајте ја косата само во моменти кога таа е малку влажна на допир.rn

    Комбинација од лак за коса и загреана преса

    rnДоколку редовно користите пегла за коса, треба да внимавате какви средства нанесувате на косата пред самото пеглање. Избегнувајте го лакот и другите средства кои содржат алкохол во својот состав, бидејќи тие го сушат влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Претерување со производи за хидратација на косата

    rnСредствата за хидратација на косата, без сомнение имаат позитивен ефект врз структурата на влакното. Но доколку претерате со нивното користење, косата ќе почне да ви изгледа безживотно. Затоа нанесувајте ги таквите средства само на врвовите, односно на долната половина по должината на косата.rn

    Непотребно бојадисување на целата коса

    rnДоколку сакате да го освежите изгледот на вашата бојадисана коса, нема потреба да ја повторувате целата постапка одново. Бојадисајте го само пораснатиот дел, односно коренот и спречете го непотребното сушење на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со кофеин во борба против целулитот

    Со кофеин во борба против целулитот

    Целулитот е состојба во којашто на кожата се појавуваат дупчиња, давајќи и изглед како кора од портокал. Најчесто може да се забележи на бутовите, стомакот и задникот и тоа почесто е видлив кај жените отколку кај мажите, поради начинот на кој жените ги складираат мастите. Покрај ова, понекогаш и тежината може да игра улога, иако не секогаш е така. Други придонесувачи за неговата појава се лошата исхрана, задржување на водата во телото и доколку голем дел од времето го поминувате седејќи или лежејќи. Токму затоа, дури и најслабите луѓе понекогаш имаат целулит. Генетиката, исто така, може да претставува фактор за негово добивање. Прочитајте до крај, после објаснувањето, следуваат неколку едноставни, но делотворни рецепти кои можете да ги приготвите во домашни услови.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnПотрагата по креми и лосиони кои ќе го победат целулитот се одвива веќе со декади. Најновите анти-целулитни креми кои се наоѓаат по маркетите содржат кофеин и навистина покажуваат резултати. Кофеинот во продуктите за нега на кожата, всушност ги проширува крвните садови со што се зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се намалува задржувањето на водата во организмот која ги притиска маснотиите кон кожата и обезбедува нејзин помазен изглед. Масажата е одличен домашен лек за болести и за грижа на кожата. Таа го подобрува крвниот притисок и циркулацијата, притоа разбивајќи ги масните клетки. Ова во комбинација со кофеин, дава неверојатни резултати во намалувањето на целулитот.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnСамо во САД, секоја година се трошат повеќе од 10 милиони долари на анти-целулитни препарати. Пред повеќе од година дена, еден австриски научник создаде хулахопки исполнети со кофеински микрокапсули. Овие хулахопки имаат функција да го забрзуваат метаболизмот и да ги согоруваат маснотиите. Резултатите биле феноменални, бидејќи се продадени повеќе од 20.000 парчиња за само 18 месеци и од нив само шест биле вратени поради незадоволство од производот.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnДоколку сте спремни да се борите со целулитот, на пазарот можете да најдете неколку добри продукти на база на кофеин, но има и некои кои можете да ги направите самите дома. Еве неколку домашни рецепти со кои можете да го започнете вашиот третман против целулитот:rnrn


    rnrn

    Рецепт 1

    rn

      rn011

    • 240 мл топло сварено кафе
    • rn011

    • 1 белка од јајце
    • rn011

    • 1 супена лажица маслиново или ему масло
    • rn

    rnПостапка: Искомбинирајте ги сите состојки за да создадете смеса. Со неа масирајте ги деловите со целулит, правејќи нежни кружни движења, а пота исплакнете. Исто така, можете смесата да ја намачкате на пределите и да го замотате тој дел со најлонска фолија. По 5 до 10 минути отстранете ја фолијата и измасирајте со кружни движења. На крајот убаво исплакнете. За најдобри резултати, употребувајте ја смесата 3 пати неделно.rnrn


    rnrn

    Рецепт 2

    rn

      rn011

    • топол талог од кафе
    • rn011

    • 1 супена лажица маслиново масло
    • rn

    rnПостапка: Состојките измешате ги убаво за да добиете паста. Потоа со раце или со луфа нанесете на пределите со целулит. Масирајте и на крајот исплакнете. Ова постапка правете ја неколкупати во текот на неделата.rnrn


    rnrn

    Рецепт 3

    rn

      rn011

    • мелено кафе
    • rn011

    • лосион или гел за тело
    • rn

    rnПостапка: Во вашиот гел за тело или лосион, ставете една доза мелено кафе. Намачкајте го телото, почекајте неколку минути и потоа исплакнете. Ова правете го секој ден. За подобри резултати употребувајте свежо мелено кафе, а доколку немате, заменете го со инстант кафе.