КАФЕ ПАУЗА

Tag: третман

  • Најбрзиот лек против вирусни брадавици кој не чини ни еден денар

    Најбрзиот лек против вирусни брадавици кој не чини ни еден денар

    Вирусните брадавици можат да се појават на кој било дел од телото, но најчесто излегуваат на рацете и табаните, и тоа во текот на летните месеци. Нема потреба да трошите пари на скапи третмани за да се ослободите од нив, бидејќи решението се наоѓа во вашата кујна. Еве ефективен рецепт со кој ќе се спасите од нив.rnrn0-najbrziot-lek-protiv-virusni-bradavici-koj-ne-chini-ni-denar-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Јаболков оцет
    • rn011

    • Фластер или вата и леплива лента за газа
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКапнете од јаболковиот оцет (по можност, домашен) на средина од фластерот. Натопениот фластер залепете го директно на брадавицата. Ако лепилото од фластерот не се лепи доволно, прицврстете го со леплива лента и уште еден фластер. Оставете го да делува преку ноќ и истата постапка повторете ја идниот ден. Постапката треба да се повторува 5 дена секојдневно, а ако е потребно повторете ја и повеќе додека брадавицата не се исуши и не испадне.

  • Интересен третман со алуминиумска фолија кој ги лечи сите болки!

    Интересен третман со алуминиумска фолија кој ги лечи сите болки!

    Алуминиумската фолија може да биде решение на голем број проблеми со вратот, грбот, рамениците, колената, петите или кој било друг дел од телото, а болките и непријатноста брзо ќе исчезнат. Ако имате проблем со суви дланки, замотајте ги прстите, или ако е потребно целата рака во алуминиумска фолија.rnrn0-interesen-tretman-so-aluminiumska-folija-koja-gi-lechi-site-bolki-kafepauza.mkrnrnТелесната енергија поминува низ активните точки во телото и таа се насочува кон местото од каде што дошла болката. Ова позитивно влијае на болните органи. Оваа интересна метода веќе подолго време ја користат кинеските и руските исцелители, а детално е објаснета во книгата на Вилхелм Рајх – психотерапевт кој бил ученик на Фројд.rn

    Како алуминиумската фолија може да нѐ излекува?

    rnЗемете фолија, ставете ја на болното место, а потоа врз неа замотајте завој. Оставете ја преку ноќ да отстои. Потоа направете пауза од недела-две и ако сѐ уште чувствувате болки, повторете го третманот.rn

    Биоенергија

    rnЗамотајте ги стапалата во 5 до 7 слоеви фолија, а измеѓу секој слој ставете хартија или газа. Слоевите држете ги околу еден час и направете пауза. Овој третман би требало да се повторува 3 пати во текот на еден ден. Целата процедура би требало да трае една недела. Некои научници овој третман го објаснуваат како лечење со биоенергија.

  • Топ 10 совети за здрава и негувана коса

    Топ 10 совети за здрава и негувана коса

    Ако сакате вашата коса да биде убава и здрава, и покрај хемиските третмани и изложувањето на топлите апарати, мора да водите голема грижа за неа. Дури и здравата коса бара големо внимание, а да не зборуваме за оштетената и тенка коса. Послушајте ги овие драгоцени совети за нега на вашата коса.rnrn1-top-10-soveti-za-zdrava-i-neguvana-kos-www.kafepauza.mk_rn

    1. Редовно скратувајте ги краевите

    rnИдеално би било на секои 3-4 недели по малку да ги кратите краевите. Ако немате можност за тоа, тогаш кратете ги на секои 6-8 недели. Во секој случај, немојте да чекате вашата коса да израсне, па да ја кратите по неколку сантиметри. Со редовното кратење ќе ја одржувате неоштетена, бидејќи ќе го спречите „цветењето“ на косата.rn

    2. За обликување користете ги рацете

    rnКога ја виткате косата со помош на преса, фигаро или витлери, секогаш на крајот растресувајте ја малку со прстите. На тој начин локните ќе изгледаат поприродно и со прстите ќе ги „расчешлате“ баш како што треба. Чешелот освен што ќе ја растури структурата, може и да ги „скине“ замрсените краеви.rn

    3. Измијте ја косата со ладна вода

    rnЗдравата коса обично е сјајна. Ако сакате да го постигнете тоа, после миењето на регенераторот, косата уште еднаш измијте ја со ладна вода, за да ги затворите кутикулите и на тој начин состојките од регенераторот, кои го обновуваат влакното, да останат на него. Секако, ви препорачуваме косата да ја измиете префрлена надолу, за да не ја намокрите главата со ладна вода. Во секој случај, миењето со ладна вода не треба да трае долго.rn

    4. Измијте ја косата како што треба

    rnКолку и да се брзате, немојте да ја миете косата набрзина. Сетете се колку внимание посветува вашиот фризер додека ја мие – и тоа е со причина. Во текот на шампонирањето, со кружни движења на прстите, масирајте ја кожата на главата. Потрудете се на секој дел од главата да направите најмалку пет кружни движења. Потоа добро измијте го шампонот, бидејќи ако остане на косата, кој било препарат кој е наменет за плакнење, може да предизвика измрсување или сушење на влакното, па дури и да ја оштети косата или да ја иритира кожата на главата.rn

    5. Направете патец кој ќе ви одговара

    rnФризерите препорачуваат вашиот патец секогаш да биде на средина, без разлика како тој започнува напред. На тој начин тој ќе ја одржува косата во рамнотежа и нема едната страна да изгледа слепено. Се препорачува привремено да ја менувате страната на предниот патец, за вашиот преден дел секогаш да изгледа побујно. Страната на која никогаш не го местите вашиот патец со текот на времето започнува да изгледа слепено.rnrn2-top-10-soveti-za-zdrava-i-neguvana-kos-www.kafepauza.mk_rn

    6. Користете масло за нега на вашата коса

    rnЗдравата коса одвреме-навреме бара третман со посебни препарати. Пред миење, на косата и кожата на главата нанесете масло специјално наменето за вашиот тип на влакно. Оставете да делува околу 20 минути, па измијте го. После тоа измијте ја косата како и обично.rn

    7. Научете што се нанесува на коренот, а што на краевите

    rnЗапомнете дека додека ја миете косата, повеќе шампон треба да нанесете на коренот, а помалку на врвовите. Важно е добро да ја измиете кожата на главата и од нејзините корени да го истиснете вишокот на маснотии. Регенераторот пак се нанесува исклучиво на краевите. Нанесете го на горниот дел само доколку без него не може да ја расчешлате косата. Истото важи и за разните спрејови, масла или некои други препарати за врвовите. Тие никако не ги нанесувајте на коренот и горниот дел од косата, бидејќи може лесно да ја измрсат.rn

    8. Маскирајте ги седите влакна

    rnНемојте веднаш да ја бојадисувате косата штом забележите некое седо влакно. Наместо тоа, одвојте ги прамените каде што имате седи влакна и бојадисајте ги. Дури ни здравата коса не треба често хемиски да се третира, а за тенката и слаба коса тоа може да биде премногу штетно.rn

    9. Искористете ги ротквиците

    rnДоколку го вклучите овој зеленчук во исхраната, не само што ќе го подобрите вашето здравје, туку тоа ќе ја направи вашата коса сјајна. Освен тоа, сокот од ротквица е познат како народен лек против првутот.rn

    10. Направете сами маска за коса

    rnИзмешајте банана, јајце, авокадо, две лажици мед и три лажици маслиново масло. Оваа смеса нанесете ја на целата коса – од коренот до врвовите – па оставете да делува 30 минути. После тоа измијте ја косата.

  • Чудата се случуваат преку ноќ: Како да ја исправите витканата коса преку ноќ (без оштетување)?

    Чудата се случуваат преку ноќ: Како да ја исправите витканата коса преку ноќ (без оштетување)?

    Постои едно универзално правило – девојките со виткана коса копнеат за права коса, додека оние со права фантазираат за виткана. Денес ќе се задржиме само на девојките со виткана коса. Скоро секоја девојка која има виткана коса знае каква мака ја чека откако ќе реши да ја исправи косата. Фенирање, пеглање, разни третмани кои ја оштетуваат косата…rnrn1-chudata-se-sluchuvaat-preku-nokj-kako-da-ja-ispravite-vitkanata-kosa-preku-nokj-bez-oshtetuvanje-www.kafepauza.mk_rnrnНо, една девојка ни открива супер решение за тоа. Ова е еден едноставен начин на кој можете да ја скротите вашата „дива“ коса и тоа – преку ноќ! Замислете го тоа чудо, ја миете вашата коса, ја подготвувате и наутро наместо со виткана се будите со преубава права коса. Да, не сонувате! Сè што ви е потребно се неколку ластичиња и шноли за да ја зацврстите косата. Доволно зборувавме, погледнете!rnrn

  • Древен руски рецепт: Третман со кој влакната од лицето и телото сосема ќе исчезнат

    Древен руски рецепт: Третман со кој влакната од лицето и телото сосема ќе исчезнат

    Секоја жена која се грижи за својот изглед знае колку време и пари се потребни за редовна депилација и бричење, а особено здодевни за средување се влакната на лицето. За среќа, постои решение кое се крие во еден древен руски рецепт за трајно ослободување од влакната. Со неколкумесечен третман, влакната најпрво ќе се изретчат, а потоа и сосема ќе исчезнат. Третманот можете да го применувате на сите делови од лицето и телото.rnrndreven-ruski-recept-tretman-so-koj-vlaknata-od-liceto-i-teloto-sosema-kje-ischeznat-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка и третман:

    rnСоберете повеќе лушпи од ореви и запалете ги. Добиениот пепел прелијте го со вода. На една лажица пепел прелијте 1 литар вода. Оставете ја смесата да отстои 12 часа, а потоа натопете памук во течноста и тапкајте ги деловите од кожата од кои сакате да ги отстраните влакната.rnrnПотребно е да ја повторувате постапката повеќе пати на ден а смесата можете да ја држите на себе до 30 минути во вид на облога.rnrnЕфектот набрзо ќе почне да се познава.

  • Тајни за убавина од сите делови на светот

    Тајни за убавина од сите делови на светот

    Жените низ светот користат традиционални трикови за убавина со кои го одржуваат својот изглед. Најпознатиот трик за убавина кај нас ги вклучува маслиновото масло и медот, кој се користи во многу ситуации и на различни начини. Сепак, добро е понекогаш да земеме неколку трикови кои ги користат од жените во различни земји. Ви ги претставуваме најинтересните и најпрактичните совети со кои жените низ светот се служат со години.rnrntajni-za-ubavina-od-site-delovi-na-svetot-kafepauza.mkrn

    Бразилски антицелулитен третман

    rnБразилките своите бутини ги тријат со песок, а потоа ги плакнат со морска вода. Освен што е добар антицелулитен третман, ова исто така е и одличен пилинг за телото.rn

    Норвешка нега за лице

    rnЖените од северот се познати по прекрасната кожа. Норвежанките го мијат своето лице со ладна минерална вода.rn

    Италијански рецепт за меки усни

    rnПрекрасните Италијанки на своите усни ставаат маслиново масло, што е одлично против сушење и иритација на усните. Доволни се само неколку капки за вашите усни да бидат меки и потхранети.rn

    Кинески третман против стареење

    rnКинеските жени својата младост ја одржуваат однатре, конзумирајќи големи количини бел чај кој позитивно влијае на стареењето и воедно дава нежен и сјаен изглед на кожата.rn

    Индиска тајна за убава коса

    rnИндијките се познати по прекрасната коса. Нивниот рецепт за одржување на убавата коса е кокосовото млеко, кое се загрева и се става еднаш во неделата. Се нанесува на темето и се остава цела ноќ.rn

    Шпански рецепт против подочници

    rnЖените од Шпанија на подочниците ставаат парчиња домат. Доматот ја осветлува кожата и со тоа ги намалува темните кругови под очите.rn

    Јапонска тајна за убавина

    rnЈапонките својата убава кожа, совршена коса и јаки нокти ги одржуваат со помош на масло од камелија. Тоа дејствува против брчки и изгореници, ја храни косата и ги јакне ноктите.rn

    Австралиски рецепт против првут

    rnСтар рецепт од Австралија вели дека за спречување на првутот, во шампонот кој го користите треба да ставите малку масло од еукалиптус. Доволни се неколку капки за да имате супер резултати.

  • Нов тренд за одржување на долгата коса: Палење на врвовите со свеќа

    Нов тренд за одржување на долгата коса: Палење на врвовите со свеќа

    Палењето на косата ги уништува распуканите и мртви врвови, при што не се крати од нејзината должина – вака тврдат фризерите кои ја применуваат оваа техника. Со тоа се добива здрава коса која лесно може да се потхрани. Ако се прашувате како Алесандра Амросио и Изабели Фонтана имаат толку прекрасна коса, сигурно не би помислиле дека тоа е резултат на палење.rnrn0-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mkrnrnНовата бразилска метода наречена велетерапија, односно кратење со свеќа го прави токму тоа. Со помош на свеќа се палат мртвите и расцветани врвови со што се постигнува отворање на фоликулите за да можат да се обноват низ процес на нанесување маски и регенератори. Косата најпрво се дели на ситни прамени, благо се завиткува со прстите, а потоа стилистот со пламенот од свеќата поминува преку врвовите и ги уништува мртвите делови.rnrn3-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk 1-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mk4-nov-trend-za-odrzhuvanje-na-dolgata-kosa-palenje-na-vrvovite-so-svekja-kafepauza.mkrnrnПосле третманот, влакната се полни со восок. Секако, косата мириса на запалена, но потоа се мие и длабински се храни со регенератор.rnrnЕве како тоа изгледа.rnrnrnrnОвој начин на моделирање на косата во Јужна Америка е популарен уште од 60-тите години на минатиот век, а многу жени го практикуваат и сами дома. Третманот трае околу 2 часа и во Њујорк чини помеѓу 150 и 200 долари во зависност од должината на косата. После третманот се препорачува косата да се одржува на истиот начин, а може да се повтори после 8-12 недели.rnrnФризерите советуваат ова да не го правите сами дома со цел да ги избегнете несаканите последици.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

    Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

    Доколку уште не знаете како да се справите со мрсната коса, време е за промена! Ви нудиме осум неверојатни совети и трикови што краткотрајно и долготрајно ќе ви помогнат да ја поправите состојбата на вашата коса.rnrnkako-brzo-i-lesno-da-se-spravite-so-mrsnata-kosa-kafepauza.mkrn

    Краткотрајни решенија:

    rn

    1. Сув шампон

    rnДури и да немате мрсна коса, секогаш имајте сув шампон при рака. Многу е практичен и ефективен. Кога и да имате потреба, нанесете од сувиот шампон на корените, на далечина од 30-на сантиметри. Секако, не претерувајте бидејќи може да се добие спротивен ефект. Откога ќе го нанесете, убаво и внимателно исчешлајте ја косата и спремни сте!rn

    2. Бебешка пудра

    rn1-kako-brzo-i-lesno-da-se-spravite-so-mrsnata-kosa-kafepauza.mk_rnrnДоколку имате важен состанок, а косата ви е сѐ уште мрсна, не паничете, поправете ја со малку бебешка пудра. Бебешката пудра е одлична замена за сувиот шампон. Ова претставува краткотрајно и лесно решение за итни ситуации.rn

    3. Тоалетна хартија

    rnДоколку немате ниту сув шампон, ниту бебешка пудра, има уште едно решение – тоалетна хартија. Со помош на тоалетна хартија, впијте ја маснотијата од најкритичните делови. Доколку имате погуста коса, поделете ја на четири или шест дела и секој дел замотајте го во тоалетна хартија, како што тоа се прави при шатирање со фолија. Не е долготрајно решение, но секако ќе помогне кога немате друг избор!rn

    Долготрајни решенија:

    rnКако брзо и лесно да се справите со мрсната коса?rn

    1. Не мијте ја косата многу често

    rnНе мора да значи дека мрсната коса мора да ја миете секој ден. Верувале или не, честото миење на косата, всушност води кон зголемена маснотија, како компензација за природните масла кои вие ги измивате. Потрудете се да ја миете косата барем секој втор ден.rn

    2. Не ставајте кондиционер на корените

    rnМасен скалп, а суви врвови? Наредниот пат кондиционерот нанесете го на крајните 3/4 од косата. На овој начин, најсувите делови соодветно ќе се потхранат. Ова може да направи голема разлика во изгледот на косата.rnrnКако брзо и лесно да се справите со мрсната коса?rn

    3. Мијте ја косата темелно

    rnПонекогаш, кога брзаме, не успеваме целосно да ги измиеме шампонот и кондиционерот. Доколку еден ден по миењето, еден дел од вашата коса, сѐ уште изгледа влажно, веројатно не сте биле темелни во миењето. Плакнете ја косата минимум 45 секунди. Кога е можно, правете го тоа со млака вода бидејќи жешката вода ги стимулира лојните жлезди и може да доведе до повеќе маснотија.rn

    4. Шампон за длабински третман

    rnИако поминувате долго време плакнејќи го шампонот, има продукти кои сепак оставаат траги на косата, со што доаѓа до таложење на дополнителни маснотии. Затоа, најмалку два пати во месецот, нанесувајте шампон за длабинско чистење, кој ќе ви помогне во нивното отстранување.rn

    5. Рацете подалеку од косата

    rnЗа крај, рацете подалеку од косата! Секако, сите сме навикнати да го правиме тоа, но колку повеќе ја фаќате со раце, толку повеќе маснотии и нечистотии се создаваат. Затоа, заборавете на таа навика и потрудете се да се занимавате со нешто друго.

  • Ослободете се од несаканите влакна без депилација, еднаш за секогаш

    Ослободете се од несаканите влакна без депилација, еднаш за секогаш

    Дали ви е смачено од фрлање пари за депилации и епилации? Мака ви е од болното отстранување на несаканите влакна? Имаме едноставно решение, а состојките веројатно веќе ги имате дома.rnrnoslobodete-se-od-nesakanite-vlakna-bez-depilacija-ednash-zasekogash-kafepauza.mkrnrnОва решение е навистина трајно, но неопходно е да бидете упорни. Се работи за третман кој треба да го практикувате 2-3 пати неделно во текот на еден месец, после што влакната сосема ќе ги снема.rnrnИзмешајте 1 лажица мед со ½ лажица овесна каша и неколку капки лимонов сок. Добиената смеса ставете ја како маска на лицето (или местото од каде што сакате да ги отстраните влакната) и оставете да делува. После 15 минути измијте се. Нанесете крема после третманот.rnrnИспробајте и уверете се во ефикасноста.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни придобивки од медот за вашата убавина

    Неверојатни придобивки од медот за вашата убавина

    Медот е вкусен и незаменлив во комбинација со слатки јадења и напитоци. Но исто така делува мошне благотворно кога станува збор за вашата надворешна убавина.rnrnНеверојатни придобивки од медот за вашата убавинаrn

    Третман против акни

    rnНанесете малку мед врз акните, почекајте 10-15 минути па исплакнете.rn

    Против лузни

    rnМедот има ефект на избелување. Користете го доколку имате некакви лузни и по редовна употреба, медот ќе ја изедначи кожата без разлика дали станува збор за нови или стари траги.rn

    За осветлување на косата

    rnПриродната моќ за избелување го прави медот ефективен во осветлувањето на бојата на косата. Измешајте една кафена лажичка необработен мед со 6 кафени лажички дестилирана вода и нанесете го по површината на целата коса. По еден час добро измијте ја. Правете го ова еднаш неделно, а доколку сакате подобри резултати може да додадете и една лажичка цимет во прав.rn

    Во улога на восок за депилација

    rnИзмешајте една кафена лажичка необработен мед со една кафена лажичка кафеав шеќер и една супена лажица свежо исцеден сок од лимон. Зовријте ја смесата додека да се појават меурчиња и да стане кафеава. Оставете да се олади и со помош на дрвено стапче нанесете на кожата. Врз местото каде нанесовте од смесата притиснете памучна лента па поминете неколку пати со дланката притискајќи за добро да се залепи. За крај повлечете ја лентата во спротивна насока од правецот на растење на влакната.rn

    Против стареење

    rnОдложете го процесот на стареење со внесување на медот во секојдневната исхрана. Бидејќи е богат со антиоксиданси, започнете го денот со лажичка мед. Исто така може да нанесувате малку мед на критичните зони на лицето. Почекајте некое време, па исплакнете го добро лицето.rn

    Како пилинг за нежни усни

    rnДоколку сакате нежни и меки усни измешајте 1 лажица необработен мед со 1 лажица кафеав шеќер и неколку капки лимон. Нанесете го на усните нежно масирајќи и исплакнете по 5 минути.rn

    За зацврстување и побрз раст на ноктите

    rnМедот ги зајакнува ноктите и ги омекнува кутикулите. Измешајте една лажица необработен мед со една лажица јаболков оцет и нанесете ја смесата на ноктите и кутикулите. Измијте ги рацете по 10 минути.rn

    За смирување на исеченица од бричње

    rnДоколку се пресечете или на кожата се појави некаква иритација по бричењето, веднаш нанесете мед и оплакнете по 10-15 минути.rn

    Се бори со темните подочници

    rnВрз подочниците нанесете необработен мед и исплакнете по 20 минути. Доколку имате хронична појава на темни подочници, повторувајте ја оваа постапка два пати неделно. Исто, медот може да го измешате со масло од бадем и оваа смеса да ја искористите на истиот начин, исплакнувајќи по 10-15 минути.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.