КАФЕ ПАУЗА

Tag: тренди

  • 10 моментално најпопуларни фризури со плетенки

    10 моментално најпопуларни фризури со плетенки

    Плетенките не излегуваат од мода, но во овој период најтренди се овие 10 фризури  кои лесно ќе ги направите доколку ги следите инструкциите прикажани во сликите.rn

    1. Француска плетенка

    rn

    9-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn2. Тројно испреплетена пунџа

    rn

    10-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn3. Плетенка на страна

    rn

    1-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn4. Плетена „балерина“ пунџа

    rn2-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn

    5. Разбушавена пунџа

    rn

    3-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn6. Плетенка „врвка“

    rn

    4-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn7. Француска плетенка „сплети и сокриј“

    rn

    5-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn8. Широка плетенка на страна

    rn

    6-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn9. Ретро пунџа

    rn

    7-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrn10. Преклопена плетенка

    rn8-10-momentalno-najpopularni-frizuri-so-pletenki-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топли есенски комбинации со плетен џемпер

    Топли есенски комбинации со плетен џемпер

    Температурите стануваат сè пониски и нè потсетуваат на топлите џемперчиња кои нашите баби ни ги плетеле кога сме биле малечки. Еве како можете плетените џемпери да ги искомбинирате во три тренди есенски комбинации за оваа сезона.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

    Удобно и кежуал

    rnУдобен и слободен изглед, а сепак тренди и со стил. Искомбинирајте тесни фармерки со еднобоен широк и удобен џемпер. Надополнете го изгледот со голема марама или шал во топли бои, впечатливи женствени обетки со средна големина и чизми до глужд. Оваа комбинација е совршена за на кафе со пријателките, или за на факултет.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

    Сè е во деталите

    rnОдберете морнарско син џемпер едноставен или со вез на ракавите и црвено пласирано здолниште. Зачинете го изгледот со дебели доколенки со ацтеки или слична шара и црни ниски оксфордки. Аксесоар за коса како едноставна панделка совршено го надополнува целиот изглед за нежна и слатка девојка.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrn

    Смело со дезен со точки

    rnЗа смел и несекојдневен изглед искомбинирајте џемпер со дезен со точки и искинати фармерки. Завршете го изгледот со високи чевли до глужд и маслинесто спортско палто, како и црн ранец, кој придонесува за спортски и лежерен изглед со впечатливо лично обележје.rnrnТопли есенски комбинации со плетен џемперrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летен моден тренд: Совршени комбинации со пруги

    Летен моден тренд: Совршени комбинации со пруги

    Пругите често ги бие лош глас бидејќи познато е дека не ѝ се добар пријател на фигурата, односно визуелно прошируваат. Меѓутоа, со паметен стајлинг и неколку добри совети, тие не само што можат да ја истакнат добрата фигура, туку и да трансформираат најобично парче облека во најнеобичен и интересен тренди аутфит. Клучот е да го познавате сопственото тело и моделите кои најдобро ви стојат, а потоа пругите паметно да ги искомбинирате со остатокот од облеката и модните додатоци.rnrn1-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mkrn

    1. Облекувајте се според обликот на вашето тело

    rnСите знаеме дека пругите можат да прошируваат и понекогаш да го нагласат она што сакаме да го сокриеме, но тоа може да се искористи и во своја полза. Ако не сте баш надарени во делот кај градите, облечете маичка во хоризонтални пруги. Ако сакате да додадете малку волумен во пределот кај рамниот задник, одлучете се за мини здолниште во пруги. Исто така, вертикалните пруги можат да ви помогнат да го продолжите телото и привидно да изгледате послаби, што значи дека фустан или пантолони со вакви пруги можат и тоа како добро да ве послужат.rnrn2-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 3-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mkrn

    2. Колку пошироки пруги, толку повеќе окото ќе се успори и ќе се фокусира на нив

    rnТоа значи дека привидно ќе изгледате пошироко. Што се потенки пругите пак, толку ќе биде потешко фокусот да биде само на една линија, што значи дека ваквите хоризонтални пруги почнуваат да изгледаат како вертикални – окото се поместува горе-долу наместо лево-десно, а тоа ве издолжува и ве прави послаби.rnrn4-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 5-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mkrn

    3. Балансирајте

    rnОднесувајте се кон пругите како и кон кој било друг дезен – тие треа да нагласат одредена комбинација, а не да преовладуваат. Ако имате маица или блуза на пруги, искомбинирајте ја со пантолони или сукња во една боја. Ако сте се одлучиле за пругаст фустан, остатокот од изгледот нека биде неутрален и дискретен. Комбинирањето на повеќе дезени не е исклучено, но сепак зависи од самите нив. На пример одлично ќе искомбинирате топ во ситни црно-бели точки и сукња на широки пруги во црно-бела варијанта, која одлично функционира бидејќи се работи за исти бои, но различни дезени.rnrn6-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 7-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mkrn

    4. Носете пруги во различни бои

    rnПругите не мора да бидат двобојни. Моментално многу се тренди пругите во различни бои, без разлика дали се работи за маица, сукња или фустан.rnrn8-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 9-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mkrn

    5. Почнете со помалку

    rnАко сѐ уште не сте уверени дека пругите се добар избор за вас, обидете се да ги носите како моден додаток – балетанки, чанти, ремени или марами. Така секако ќе имате парче од најпопуларниот дезен ова лето и ќе бидете апсолутно во тренд.rnrn10-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 11-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mkrnrnПогледнете уште модни комбинации со пруги.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

    7 секси и тренди костими за капење за оваа сезона

    Летото полека се приближува и време е да ги разгледате костимите за капење кои се најмодерни за оваа летна сезона. Огромен акцент се става на едноделните костими за капење, ретро стилот и интересните шари. Во продолжение прочитајте ги сите предлози, кои се надеваме дека ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.rn

    Ретро костим за капење со висок струк

    rn7 секси и тренди костими за капење за оваа сезонаrnrnСите знаеме колкава е популарноста на фармерките со висок струк. Но, што се случува со костимите за капење? Сигурно ќе се израдувате кога ќе ви кажеме дека ќе бидат тренди оваа сезона. Доколку сакате да го надополните ретро изгледот, извиткајте ја косата во дебели локни и набавете си палто со цветни мотиви. Или пак, може да се одлучите за помодерен изглед, со само малку ретро шмек, како на сликата.rn

    Проѕирен костим за капење

    rn7 секси и тренди костими за капење за оваа сезонаrnrnСакате да фатите добра боја, без да покажете многу кожа? Тогаш ова е вистинскиот костим за вас. Проѕирното е неверојатно секси и е повеќе својствено за едноделните костими за капење. Најдобра опција би бил модел како оној на сликата.rn

    Штосен едноделен костим за капење

    rn7 секси и тренди костими за капење за оваа сезонаrnrnВнимание на детали, одличен крој, шарм и впечатливост се она што го одликува овој едноделен костим за капење. Станува збор за вистинско уметничко дело, кое помалку досадниот едноделен костим, го носи на едно сосема поинакво ниво. Грациозно, а сепак толку модерно. Има голем избор на овие модели, така што веруваме дека нема да имате проблем да го изберете најсоодветниот за вас.rn

    Костим за капење со горен дел корсет

    rn7 секси и тренди костими за капење за оваа сезонаrnrnДа признаеме, понекогаш е многу тешко да се одбере вистинскиот горен дел. Но, и за тоа има решение. Тука е костимот за капење со горен дел корсет. Ваквиот горен дел не само што е удобен, туку е и многу женствен и провокативен. Одлична комбинација, зарем не?rn

    Комбинирање на делови од различни костими за капење

    rn7 секси и тренди костими за капење за оваа сезонаrnrnНикако не можете да најдете горен и долен дел од истиот костим за капење, што најмногу ви одговараат? Нема потреба за паника. Комбинирањето на различни стилови е всушност многу модерно и оваа сезона. Може да комбинирате различни шари и модели и да изгледате интересно и примамливо.rn

    Костим за капење во светла боја

    rn7 секси и тренди костими за капење за оваа сезонаrnrnДоколку сепак сте за нешто поедноставно, тогаш запомнете го следново: Одберете костим за капење во светла боја. Некои од фаворитите за ова лето се: светло портокалова, пастелно розова и бебешко сина боја.rn

    Костим за капење со уникатни шари

    rn6-7-seksi-i-trendi-kostimi-za-kapenje-za-ovaa-sezona-kafepauza.mk_.jpgrnrnДоколку пак сакате нешто посмело за ова лето, тогаш ви го препорачуваме костимот за капење со впечатливи и уникатни шари. Сукњите со ваквите мотиви беа огромен тренд, а сега тоа се случува и со костимите за капење. Одличен избор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Блејзери – рецепт за добар стил

    Блејзери – рецепт за добар стил

    Евтино, а шик, едноставно и практично. Класично, а модерно. За ваков изглед и стил, имајте неколку блејзери (спортски сакоа) во вашиот плакар.rnrnБлејзерите се идеално решение за слоевито облекување кое оваа сезона ќе биде во неверојатен тренд. Блејзерите лесно го обогатуваат секој стил, правејќи ве да изгледате поурбано и шик. Дури и секојдневните комбинации збогатени со блејзер делуваат феноменално, а воедно тој е одличен сојузник во желбата да го покриеме она што ни е вишок на колковите.rnrn1-blejzeri-recept-za-dobar-stil-kafepauza.mkrnrnСекси и строги истовремено, оваа сезона како и претходните, тие се моден императив. Одлучете се за средна должина или подолги, а водете сметка добро да ви лежат, да не ви се прешироки во рамената, односно дури и кога се пошироки, добро да ја следат линијата на телото. Ако блејзерот има убава постава, можете да ги подвиткате ракавите што ќе биде одличен детаљ.rnrnБлејзерите се носат во сите бои, од загасени тонови до пастелни нијанси и живи дречливи бои кои се карактеристични за летните денови. Најдобро е да се одлучите за црвен, класичен црн, сив, беж или пак во кобалт-сина, смарагдно-зелена или боја на пудра.rnrnОдлично стојат со фармерки, торбести панталони, цевка фармерки, хеланки, како и со лелеави и тесни фустани и сукњи. Добро се надополнуваат со марами и шалови. Сѐ на сѐ, блејзерите се практични и едноставни, а се доволно ефектни и одговараат со речиси се што ќе ви падне на памет. Затоа, не пропуштајте да набавите барем еден за оваа сезона.rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 4 тренди модни комбинации за на ниски температури

    4 тренди модни комбинации за на ниски температури

    Некогаш е тешко да останете тренди кога температурите се застрашувачко ниски. Но нема причина да не се чувствувате удобно и модерно без оглед на ладното време. Трикот е во зимските аксесоари и топлите џемпери. Ова се 4 предлог-комбинации, задолжителни за девојките кои сакаат да бидат модерни и да се чувствуваат удобно на ниски температури.rn

    Тренди и карирано

    rnНа ниски температури задолжително започнете со дебели хулахопки. Потоа одберете ја вашата омилена кошула, тесни фармерки и макси џемпер. Топлиот капут и удобните обувки се задолжителни, а изгледот „зачинете“ го со плетена лента за на глава, дебел шал и ракавици.rnrn4 тренди комбинации на ниски температуриrnrn

    Топло и женствено

    rnЗапочнете со кремасти панталони и туника на риги, и секако доколку е многу ладно одберете дебели хулахопки. Долга зимска јакна со каиш кој го истакнува струкот и чевли со крзно, ќе му дадат женственост на овој навидум обичен и секојдневен изглед. Секако, ракавиците и капата се задолжителни аксесоари.rnrn4 тренди комбинации на ниски температуриrnrn

    Смели на ниски температури

    rnНикој не ви забранува да ги покажете нозете кога времето е ладно, само прво осигурете се дека сте одбрале доволно топли хулахопки или хеланки. Потоа одберете долга туника или џемпер под кој можете да облечете обична блуза за да ви биде потопло. Долга црна јакна, може и кожна, и црни високи чевли се одличен избор за овој изглед, кој може да го надополните со плетен шал и зимска капа со некаков принт за да разбиете монотонија.rnrn4 тренди комбинации на ниски температуриrnrn

    Снежно и слатко

    rnОвој изглед е совршен за на снег. Повторно започнете со дебели хулахопки и едноставни фармерки, потоа одберете бела кошула и џемперче со интересен принт. Завршете го изгледот со долга јакна со крзно, високи чизми и плетена капа, кои кажуваат дека кул девојката е подготвена да чекори по снегот.rnrn4 тренди комбинации на ниски температури
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Есенски тренд – високи чизми (ФОТО)

    Есенски тренд – високи чизми (ФОТО)

    Автор: Ема ЈакимовскаrnrnВисоките чизми над колена се вистински стилски погодок за оваа есен. Ги има во најразлични модели и изгледаат секси и удобно истовремено. Искомбинирајте ги со кратко здолниште или со некоја поконзервативна варијанта и ќе изгледате урбано и тренди. Во продолжение погледнете некои модели кои можеби ќе ви се допаднат и ќе ве инспирираат.rnrnЕсенски тренд – високи чизми (ФОТО) Есенски тренд – високи чизми (ФОТО) Есенски тренд – високи чизми (ФОТО) Есенски тренд – високи чизми (ФОТО) rnrn

  • Тренди џемпери кои ќе се носат оваа сезона

    Тренди џемпери кои ќе се носат оваа сезона

    Покрај тоа што есента е прекрасна, благодарение на нејзиното шаренило од бои, многумина ја сакаат и поради тоа што повторно ќе можат да си ги носат своите омилени чизми, капути и убави џемпери.rnrn(1) Тренди џемпери кои ќе се носат оваа сезонаrnrnЏемперот е задолжително парче во секој женски гардеробер за овој период од годината. Ова се неколку модели кои ќе бидат во тренд оваа сезона, па доколку одите во шопинг да се подновите, можат да ви помогнат во изборот.Тренди џемпери кои ќе се носат оваа сезона Тренди џемпери кои ќе се носат оваа сезона Тренди џемпери кои ќе се носат оваа сезона Тренди џемпери кои ќе се носат оваа сезонаrnrn

  • Тренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичка

    Тренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичка

    Во летниот период пуштената коса не само што ни пречи на вратот и на рамената, туку и полесно ја губи формата како резултат на тоа што се потиме. Ова е идеална летна фризура – ја држи косата прибрана, дава тренди и опуштен изглед, и не треба да се грижите за неа во текот на денот. Ќе остане одлична со часови откако ќе ја направите.rnТренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичкаЧекор 1: Земете мал прамен од едната страна на главата и сплетете го во плетенка.rnrnЧекор 2: Под плетенката, одвојте уште еден мал прамен, поделете го на два еднакви дела и завртете ги еден околу друг до долу (како да правите плетенка со 2 прамени).rnrnЧекор 3: Повторете го истото од другата страна.rnrnЧекор 4: Земете ги двете плетенки и двата завртени прамени и фатете ги со ластиче во задниот дел од главата кај круната.rnrnЧекор 5: Земете го остатокот од косата, завиткајте го нагоре и пикнете го под плетенките и вртените прамени. Прицврстете со шноли. Ако имате подолга коса, можете да го сплетете долниот дел во лабава плетенка пред да го пикнете под плетенките.Тренди фризура со ситни плетенки собрани во пунџичкаrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кежуал и шик облека за на работа во лето

    Кежуал и шик облека за на работа во лето

    Девојките секогаш се мислат пред гардероберот што да облечат за на работа во текот на летниот период. Иако имаат десетици тренди и класични парчиња кои ги преплавуваат полиците, изборот е тежок бидејќи на работа треба да изгледаме стилски, но соодветно за средината во која работиме, како и да ни биде пријатно и удобно со оглед на летните горештини. Како да ги комбинирате парчињата облека за да изгледате и опуштено и тренди истовремено? Еве неколку предлози кои ќе ве инспирираат.rnrnКежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во лето Кежуал и шик облека за на работа во летоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.