Трендот кој апсолутно ја освои модната сцена, која подеднакво го носат светските ѕвезди и модните блогерки, нема да ве остави рамнодушни. Кога ќе помислите на нешто модерно и шик, знаете дека станува збор за овој тренд, кој не е само хит за оваа пролет, туку слободно можете да го носите и во есента што следува. Погледнете во продолжение за кој тренд станува збор и инспирирајте се како и вие можете да го носите.rnrn
rnrnЗа што се работи? Доколку облечете залепени чизми до колена, а нагоре нешто широко и кратко, имајте на ум дека веќе сте го совладале овој тренд. Ријана е една од оние кои што го обожаваат, а тој секако, дојде директно од модната писта.rnrn
rnrnИсто така, Кортни Кардашијан го понесе овој нов, моден тренд помеѓу првите, а ние уште тогаш започнавме да се заљубуваме во него.rnrn
rnrnМакси дуксер или кратко здолниште и бумбер јакна, навистина изгледаат модерно заедно со овој модел на чизми. Овој тренд може да се носи во пролет, со лесни фустани и чизми од велур над колена. А, со интересен елек ќе бидете кралица на бохо стилот.rnrn
rnrnЗаедно со интересна чанта, шешир, впечатливи прстени и друг аксесоар ќе бидете вистинска кралица на уличната мода. Се надеваме дека овој нов, моден тренд навистина ви се допадна. Побарајте во вашиот гардеробер комбинации со кои можете да го испробате уште денес. А ние ви предложуваме уште неколку идеи.rnrn
Tag: тренди
-

Нов тренд ја освојува модната сцена: Високи чизми за постудените пролетни денови
-

Направете сами: Од досадно до шик здолниште за само неколку минути
Секоја од нас одвреме-навреме сака да ја освежи својата гардероба. Тоа не значи дека треба да купуваме нови парчиња облека, туку можеме едноставно и со минимален трошок да го промениме изгледот на нашата стара облека и да добиеме потполно нов, шик изглед. Затоа денес ви претставуваме една идеја за токму таков „направи сам“ проект. Погледнете го упатството и дознајте како на старото досадно здолниште да му додадете дискретни украси кои потполно ќе го променат неговиот изглед.rnrn
rnПотребен материјал:
rn
- rn011
- Здолниште
- Пулејки и декоративни камења
- Конец во боја како пулејките
rn011
rn011
rn
rnОвој „направи сам“ проект е доста лесен, бидејќи сè што ви е потребно е малку вештина со игла и конец.rnrn
rnrn1. Наредете ги пулејките во посакуваниот распоред и една по една пришивајте ги на здолништето.rnrn
rnrn2. Обидете се сите да ги зашиете со еден потег, без повторување на конецот врз пулејките, бидејќи така тие ќе изгледаат многу уредно и убаво.rnrn
rnrn3. Немојте премногу да го затегнувате конецот за да не го зберете и на тој начин да го уништите здолништето. Затегнете доволно за пулејките убаво да „легнат“ врз материјалот.rnrn
rnrnОвие дискретни детали ќе направат една голема промена на здолништето, дури и кога се во иста боја како и самиот материјал.rnrn
rnrnЗа повпечатлив изглед можете да користите пулејки во некоја контрастна боја. -

Направи сама: Топла, тренди и шик плетена лента за коса од стар џемпер
Дојде зима, што значи дека ги пронајдовме нашите капи, шалови и ракавици. Овие модни додатоци ќе нè заштитат од студот, но воедно ќе го разубават и нашиот моден стил. Ако сте личност која не сака капи, сигурни сме дека наместо нив носите штитеници за уши или волнени ленти, бидејќи нешто мора да ја штити вашата глава и уши од температурите под нулата и студениот ветар. Па, ако сакате нова лента за коса, а имате стар џемпер со кој не знаете што да направите, тогаш имаме сјаен предлог за вас! Направете го сами овој симпатичен моден додаток за коса со голема панделка, која го прави оригинален и уникатен.rnrn
rn1. Исечете две дупли ленти од џемперот со должина која одговара на обемот на вашата глава и ширина од околу 10 сантиметри.
rn
rn2. Краевите не лентите спојте ги и зашијте ги.
rn
rn3. Истото направете го со другата лента. Едната лента ќе ве заштитува од студот, додека од другата ќе направите шик панделка.
rn
rn4. Притиснете ја лентата на средина. Спојте ја лентата од горната и долната страна за да ги формирате „ушите“ на панделката.
rn
rn5. Помалото парче од џемперот замотајте го околу средината и на задната страна зашијте го.
rn
rn6. Вашата панделка е готова!
rn
rnrn
rn7. Остана уште да ја зашиете на лентата и тоа е тоа. Едноставно, лесно и во тренд!
rn
rnСигурни сме дека ќе го направите овој моден додаток. Бидете поразлични оваа зима!
rn

-

Спој на модерно, елегантно и тренди: Стилски варијанти за носење на миди здолништето
Мини здолништата веќе неколку сезони не се најатрактивното секојдневно парче, бидејќи со модната сцена убедливо владеат миди здолништата. Дека тоа е вистина, многупати досега ни покажа славните дами и трендсетерки, кои ги облекоа миди здолништата во најразлични варијанти. Меѓу моделите кои предизвикуваат најголемо внимание секако се пронајдоа миди здолништата со А крој, „молив“ здолништата, миди здолништата со реси, но секако и многу други модели кои ќе направат оваа сезона да бидете поразлични од останатите. Доколку немате инспирација како да го искомбинирате миди здолништето, ние ви нудиме неколку предлози, а вие пронајдете некои нови, модерни идеи.rnrn
rnrnМиди здолништето со полн крој претставува најженственото дневно парче за оваа сезона. Можете да го носите во текот на денот, во работни варијанти, но и за вечерно излегување, бидејќи со него ќе постигнете шик и гламурозен изглед.rnrn
rnrnОд друга страна пак, „молив“ здолништата важат за дневно парче кое е идеално доколку сакате да постигнете угледен и секси изглед. И овој модел на миди здолниште може да биде идеален за дневна и вечерна варијанта, а дефинитивно спаѓа во групата парчиња во кои потполно ќе уживате. Плус, носењето на ова здолниште е најдобар начин да ги покажете вашите облини.rnrn
rnrnБидејќи е добро познато дека оваа сезона ресите се водечки моден тренд, миди здолништето со реси е едно од најатрактивните дневни парчиња кои можете да ги облечете оваа есен. Станува збор за шик дневно парче кое изгледа феноменално на жената која го носи, додека најдобрата варијанта за која можете да се одлучите е миди здолниште со реси изработено од превртена кожа.rnrn
rnrnКожните миди здолништа оваа сезона повторно се враќаат на модната сцена. Освен тоа што се изработени од кожа и што со себе носат доза на елеганција и женственост, овие здолништа претставуваат одличен избор за секоја жена со стил која сака да се разликува од останатите.rnrn

rnrnПолупровидните миди здолништа и оваа сезона наоѓаат свое место „под сонцето“. Тоа претставува едно од најпредизвикувачките дневни парчиња кое може да го облече секоја жена која сака на вистински начин да го истакне својот сексапил, додека полупровидните детали изработени од разни материјали ќе ѝ дадат посебна уникатност.rnrn

-

Направете сами: Слатка и тренди чанта со крзно
Во последните неколку сезони плик чантите станаа голем тренд, а како што гледаме, долго време нема да ја напуштат модната сцена. Па, за да заштедите време и пари за нова тренди чанта, одлучивме да ви помогнеме да ја претворите старата чанта во нова слатка, оригинална и шик чанта со крзно, која ќе биде идеална за зимските денови што следуваат.rnrn
rnrnВо претходните неколку месеци, дизајнерите ни претставија нови колекции на аксесоари во кои доминираат различни модели на плик чанти, изработени од кожа, плиш и крзно. Кога станува збор за актуелната сезона, според нас најдобри се плик чантите со крзно, бидејќи тие одлично се вклопуваат со зимските модни комбинации. За да бидете оригинални и да се издвојувате од останатите, ви препорачуваме да ја освежите старата чанта со додавање на еден необичен детаљ – крзно!rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Стара плик чанта
- Вештачко крзно (во зависност од димензиите на чантата)
- Ножици
- Маркер
- Лепак за ткаенина
- Дебела книга
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Изработка:
rnЧекор 1: Ставете го крзното на тој начин што „лицето“ да биде свртено надолу.rnrnЧекор 2: Ставете ја чантата (отворена) врз крзното и со помош на маркерот внимателно исцртајте го нејзиниот облик.rnrnЧекор 3: Оставете ја чантата настрана и следејќи ја линијата на маркерот исечете го вишокот материјал. Откако ќе го исечете материјалот, проверете дали рабовите останале мазни.rnrnЧекор 4: Прво аплицирајте лепак на работ од чантата, а потоа преминете на средишниот дел.rnrnЧекор 5: Внимателно ставете ја чантата на крзното.rnrnЧекор 6: Ставете подебела книга врз чантата и почекајте сè додека лепакот не се исуши.rnrnЗа подетални упатства, погледнете го видеото.rnrn
-

5 неочекувани, но убави модни трендови за есен, 2014
Сукњи до под колена, волнени капи со пуфки и чизми над колена… ова се есенски трендови кои ги очекувавме и веќе можеме да ги видиме на излозите и полиците во бутиците, но некои есенски хитови ќе се најдат на врвот на вашата листа на желби за оваа есен сосема неочекувано.rnrn
rnrnОвие парчиња се апсолутен хит за оваа сезона, а иако секое парче посебно може да изгледа претерано или демоде, кога добро ќе се искомбинираат, даваат гламурозен и одличен тренди изглед. Погледнете кои се тие парчиња и почнете да склопувате супер комбинации.rn1. Пончо
rn
rn2. Чизми со гумен ѓон и големи потпетици
rn
rn3. Шешир со широк обод
rn
rn4. Долг елек
rn
rn5. Ролка
rn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да го вметнете вашиот дебел есенски елек во стилска и шик комбинација?
Есенските елеци се доста практични, и речиси секоја девојка има макар еден во својот гардеробер. Сепак, изгледаат доста спортски и ви се чини дека е невозможно да ги вметнете во женствена и шик комбинација. Еве како да изгледате гламурозно со ова едноставно парче облека.rnrn
rnШик со големо парче накит
rn
rnrnОдличен начин да бидете модерни и шик а истовремено да се чувствувате удобно и топло. Искомбинирајте широки фармерки и еднобоен џемпер со чизмички до глужд и дебел елек. Дајте му гламур на овој едноставен изглед со впечатлив накит, големо ланче и рачен часовник.rnЖенствено со макси здолниште
rn
rnrnЗдолништата не се само за во лето. Искомбинирајте црно макси здолниште и еднобојна маичка со кратки ракави и интересен натпис. За да ви биде потопло одберете и тексас кошула, како и плетено капче чии бои ќе се совпаднат со бојата на вашиот елек. Совршен избор на обувки се оксфордките или чевлите на висока плута.rnТренди со широки панталони со принт
rn
rnrnОдберете широки панталони со црно-бел принт, црн елек и еднобоен широк џемпер. Одберете и ниски затворени балетанки, и „зачинете“ го изгледот со црвена впечатлива нијанса на кармин како и плетен шал.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Тренди модни комбинации со џемпери – есен/зима 2014-2015
Секоја сезона носи нови модни трендови, па дури и кога станува збор за џемперите. Оваа сезона хит се топлите и удобни џемпери, и тоа во кратка или долга варијанта, асиметрични или прави. Можете да ги комбинирате со пантолони или хеланки, но одлично стојат и со кратки сукњи во комбинација со високи чизми. Дајте им предност на големите џемпери и не бегајте од широките ролки. Овие модели ќе ве држат стоплени, додека истовремено ќе изгледате удобно и слатко. Во продолжение ви нудиме 27 одлични идеи за комбинирање на тренди џемперите оваа сезона.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Комбинации со бел капут за модерен есенско-зимски изглед
Иако кога ќе залади времето и есента е веќе длабоко пристигната, сите веднаш се фаќаме за темните облеки и обувки, тоа не е правило што го наметнуваат модните трендови. Напротив, многу е подобро да му се спротивставите на тмурното време со посвежи бои, а еден начин да го постигнете тоа е да ја употребите белата како боја за вашиот капут. Белата боја потсеќа на снег и на зима и е некако романтична и ведра кога се носи во овој период од годината.rnrn
rnrnВи приложуваме 12 модни комбинации со бел капут кои се тренди за оваа сезона есен/зима 2014-2015.rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Есенски модни комбинации со шалови
Есента е веќе тука и го чувствуваме тоа. Утрата станаа постудени, а попладневното сонце за миг знае да исчезне и да ги остави раните квечерини со студен воздух. За да се заштитите од студот и истовремено да изгледате модерно и тренди, ви предложуваме 27 модни комбинации со шалови. Притоа напоменуваме, кога го избирате овој моден додаток, подеднакво треба да внимавате на бојата, шарата и на материјалот.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.







































































