Ова се панталони кои потсеќаат на оние што ги носат татковците, а наскоро би можеле да ги заменат многу обожаваните тренерки и хеланките кои се најпосакуваните парчиња во есен и зима.rnrn
rnrnАко ви е доста од деновите поминати во тренерки или хеланки, а фармерките сè уште не изгледаат како удобен секојдневен избор, време е за „Dad’s pants“ – модел кој наскоро ќе биде многу тренди. Ова се широки и удобни модели кои потсетуваат на костумите и панталоните што ги носат нашите татковци, но и модели во кои можете да го поминете денот. На пример, ако сакате малку посериозен изглед ако имате закажан состанок, носете ги со омилениот блејзер. За време на денови во канцеларија или шетајќи низ градот, носете ги со удобни дуксери или блузи и постигнете малку поинаков изглед. Покрај тоа, тие одлично одат со патики и чизми, а се зависи за каков есенски изглед сте расположени!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие 5 комбинации што можете да ги купите сега и да ги носите со години.
Tag: тренди
-

„Dad’s pants“ се панталоните што ќе бидат во тренд оваа сезона
-

Багет чантите се апсолутен моден хит оваа сезона
Последните две сезони старите трендови се враќаат во мода, па нема да ве изненади фактот што во мода се враќа и багет чантата која го достигна врвот на популарноста во серијата „Сексот и градот“.rnrn
rnrnОваа чанта е додаток што претставува таен зачин на секоја модна комбинација. Добриот избор на чанта може да ја трансформира целата ваша облека, од секојдневните комбинации до луксузната облека за специјални пригоди. Парчињата облека може да бидат исти, доволно е само да ги замените чантата и чевлите и да добиете сосема нов аутфит.rnrn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnОваа сезона дефинитивно во мода ќе бидат багет чантите, дизајнирани пред точно 22 години од страна на Силвија Вентурини Фенди за истоимената италијанска модна куќа. Оваа чанта достигна планетарна популарност по серијата „Сексот и градот“ во којашто Кери Бредшо брилијантно ја комбинираше со скоро секоја облека.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnНа почетокот на оваа година, многу модни куќи го дизајнираа овој популарен модел на чантa, а во моментов багет чантата е најпопуларното парче што можете да го најдете скоро секаде.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПогледнете и какви фармерки ќе бидат модерни оваа есен.
-

Оливија Палермо: 12 едноставни, но впечатливи секојдневни модни комбинации
Оливија Палермо израснала на Горната источна страна на Менхетен, но се пробила со својата работа како лице за односи со јавноста на модната куќа на Дијана вон Фустенгерб, како и со својата улога во реалното шоу „Градот“ (The City). Оливија е една од ретките жени што никогаш не направиле модна грешка и што добро ги познаваат стилските правила.rnrn
rnrnНејзиниот рецепт за совршена мода е многу едноставен: „Малку е многу“. Со други зборови, едноставното е новото комплицирано. Со причина е и понатаму една од најфотографираните улични модни ѕвезди, бидејќи нејзините избори се едноставно без грешка. Иако поседува можноста да носи исклучително високи брендови и креации на славните модни куќи, Оливија никогаш не инсистирала на тоа. Таа секогаш го комбинирала старото и новото, како и парчиња облека од обични продавници во комбинација со врвни брендови и секогаш била успешна во тоа. А, една од главните причини заради кои секогаш успева е тоа што никогаш не претерува.rnrn
rnrnНа кратко, мерата и елеганцијата се нејзините главни оружја за врвен стилски триумф. Погледнете дел од нејзините најпопуларни модни комбинации кои ќе ве инспирираат за беспрекорен моден стил…rn1. Бел спортски фустан и војнички капут
rn
rn2. Спој на впечатливо парче облека со класично
rn
rnrnПродолжете на следната страница за да ги дознаете најголемите модни трикови.rnrn -

Елегантни и модерни парчиња облека со кои секоја ваша модна комбинација ќе биде полн погодок
Доколку не знаете што отприлика значи елегантно и модерно парче облека, тогаш ова е одлична прилика. Станува збор за модел што има можност самиот по себе да ја направи целата комбинација занимлива, оригинална и впечатлива. Тоа може да биде кое било парче облека, некое здолниште, фустан, некој моден детаљ, парче накит, или можеби некоја кошула или блуза. Во продолжение откријте со кои избори никогаш нема да погрешите!rnrn
rnrn1. Без разлика за каков модел станува збор – блуза, кошула или маица, ако е со металик боја и материјал, секогаш ќе биде вашиот најдобар и најлесен пат до уникатна модна комбинација. Овие модели самите по себе се впечатливи, па така нема да ви бидат потребни некои други детали или аксесоари за да ја надополните целата комбинација.rnrn
rnrn2. Еден од моментално главните и водечки трендови се широките ракави, кои се шират некаде од лактите. Ова е еден вид барок стил во светот на модата, бидејќи таквите ракави биле популарни на балските фустани во тоа време, но сега повторно се појавија во сосема поразлично издание и изгледаат одлично, а освен тоа, дури и на еднобојните модни комбинации им даваат совршен изглед.rnrn
rnrn3. Голото рамо секогаш било посексапилно од што било друго, како и голиот грб. Па, таквите горни делови, кошули и блузи, кои се без еден ракав, секогаш се парчиња облека кои се добредојдени за да го „зачинат“ целокупниот стил и да му дадат еден посебен печат на целосниот изглед и самата личност.rnrn
rnrn4. Истото важи и за различните, необични начини на кои можете да ја носите и комбинирате најобичната кошула. Не мора таа секогаш да биде закопчана до грло, со закопчани и спуштени ракави, бидејќи всушност овозможува голем број можности за да ја искористите како еден доста тренди детаљ. Секогаш можете да откопчате едно копче повеќе или да ја направите вашата комбинација позанимлива со тоа што ќе ја облечете кошулата наопаку, така што делот со петелки да биде одзади. Сѐ е дел од вашиот стил и креативност, па обидете се да го изразите.rnrn
rnrn5. Уште едно елегантно и модерно парче облека се и полу-ролките од чипка. Иако најчесто имаат едноставен крој, заради проѕирниот материјал и занимливоста на чипката, на секоја ваша модна комбинација ќе ѝ дадат поразличен изглед и секогаш ќе изгледаат како нешто ново. Толку се модерни што можете да ги комбинирате со обични фармерки и сандали, а за возврат да добиете комбинација како од модните писти.rnrn
-

Декоративни детали што секоја тренди девојка ги има во својата соба
Девојката не е модерна и во тренд само ако знае убаво да се облече и да ги одбере совршените аксесоари. Тука е вклучен целиот нејзин начин на живеење, односно стилот на живеење во тренд. Тоа значи дека и нејзиното однесување, како и нејзиниот дом и сето она што ја опкружува всушност е во чекор со времето! Па, доколку сакате да станете таква тренди девојка, најпрво треба да почнете од вашата околина, па затоа денес за вас издвоивме неколку детали кои најмодерните девојки ги имаат во своите домови и со кои го разубавуваат ентериерот онаму каде што живеат.rnrn1. Кај овие девојки собите се секогаш фино уредени, сѐ е убаво наместено и на своето место, без неред и некаков хаос. Меѓутоа, она што секогаш ќе се забележи во нивните простории, најчесто на креветот или на софата е меко, убаво ќебе кое е фрлено преку еден дел, така што дава еден навистина луксузен изглед.rnrn
rnrn2. Не само убавото, меко ќебе, туку и перниците со различни големини и дезени кои го украсуваат не само креветот, туку и целата просторија. Иако мали, тие функционираат како совршени детали кои кога ќе се наредат едни до други, даваат префинетост на целата просторија.rnrn
rnrn3. Еден детаљ е скоро секогаш присутен на нивните ноќни масички, комоди или масички за шминкање, а тоа се стаклените послужавници. Да, но на нив не стојат чаши за вода, туку вазни со цвеќе, декоративни свеќи и некои други, занимливи предмети кои се туку за да го разубават целиот простор.rnrn
rnrn4. Освен послужавникот, во модерно уредената просторија често се наоѓаат и некои „старомодни“ детали или парчиња мебел. Тоа може да биде некој стол, фотелја, некоја масичка или нешто сосема друго, но кое во целата таа современа концепција ќе создава одличен и доста убав контраст.rnrn
rnrnПреминете на следната страница за останатите декоративни идеи на модерните девојки…rn -

Белите фармерки ќе бидат вистински хит ова лето, па еве како да ги комбинирате
Сите ние како помали сме сакале да носиме нешто бело, и покрај тоа што белата облека е ноќна мора на секоја мајка која треба да ја одржува, особено кога децата сакаат да си играат секаде, само не на некое нормално и чисто место. Сега кога сте возрасни и самите се грижите за вашата облека, слободно можете да го облечете најмодерниот тренд за ова лето, белите фармерки. Во суштина, кога е во прашање нешто вака практично, нема многу простор за евентуални стилски грешки. Белите фармерки можете да ги комбинирате со сѐ, но кога станува збор за ова лето, еве неколку совети.rnrn
rnrn1. Класичните бели фармерки носете ги со едноставна црна блуза која на себе има занимливи детали како што се панделки, карнери, петелки. Ќе создадете одличен контраст. Кога станува збор за обувките, ако сакате да носите чизми до глуждовите дури и кога е топло, изберете ги оние со цветен принт, а ако избирате патики или сандали, одлучете се за сличен, впечатлив модел.rn

rn2. Во комбинација со белите фармерки секогаш можете да носите едноставна бела блуза. Она што ќе ја „зачини“ комбинацијата е кожната јакна (јакна во моторџиски стил е секогаш одлична идеја) и масивните обетки. Тоа е доволно за оваа сведена модна комбинација да стане впечатлива. Додајте ги на ова и вашите омилени очила за сонце и мала класична чанта и подготвени сте за освојување на градските улици.rn


rn
Продолжете на следната страница за да погледнете како да ги комбинирате широките бели фармерки, но и како да ги вклопите во работните модни комбинации.
rn
-

Како да ги комбинирате класичните парчиња облека на нов и тренди начин?
Класичните модни комбинации, односно класиката како дел од безвременото, не би требало да биде нешто кое е само дел од вашиот стил. Кога е во прашање гардеробата, класиката секогаш треба да појдовна точка, бидејќи бројни дами во текот на вековите со своите модни комбинации оставиле длабока трага во модниот свет. Но, секако, тоа толкување на класичното се менувало со текот на времето, како што се менувале и трендовите. Време е да ги освежите вашите модни комбинации и да ги направите атрактивни и потполно модерни, бидејќи тоа е нешто што од секоја девојка, која се грижи за себе, може да создаде ултра модерна девојка.rn
1. Широки џемпери + кожа/чипка/свила
rn
rnrn
rnrnГолемите, широки џемпери не се минлив тренд кој стана популарен во моментот кога модните експерти започнаа да ги промовираат „поголемите“ парчиња облека како одлични за женскиот стил, туку тие се присутни во женската мода уште одамна. Единствената разлика е во начинот на кој се носат. Во комбинација со кожа или романтични материјали, како што е на пример свилата или чипката, плетените парчиња секогаш изгледаат неодоливо. Кога малку подобро ќе погледнете, тоа навистина се споеви кои ќе ве доведат до „лудило“, бидејќи без сомнение изгледаат одлично заедно.rn2. Џемпер/сако/блуза + кожни хеланки
rn
rnrn
rnrnСо вашите класични парчиња облека како што се едноставниот џемпер, сакото, сведената блуза и бундата која отсекогаш постои како дел од модата, облечете парче облека кое високо се оценува подолго време кај девојките. Најверојатно веќе сфативте за што станува збор, бидејќи кожните хеланки се нешто кое го има во секој гардеробер, само во различни модели. Со секоја ваша безвремена модна комбинација, сосема е сигурно дека кожните хеланки ќе го пронајдат своето место.rnrnПреминете на следната страница за останатите модни комбинации…rn -

Како да ја претворите старата блуза во тренди модерно парче кое е тотален хит за оваа сезона?
Доколку ги следите модните трендови, тогаш сигурно знаете дека блузите и фустаните со голи рамена се задолжително парче облека за ова лето. Без разлика за кој модел ќе се одлучите, бидете сигурни дека тоа совршено ќе ви одговара. Сепак, доколку не можете да го пронајдете идеалното парче за вас, ние имаме супер, лесно решение. Всушност, денес со вас споделуваме една идеја со која од старата, досадна блуза ќе можете да го направите ова тренди парче за само 10 минути. Бидете креативни и покажете ги вашите рамена со стил.rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Стара блуза
- Метро
- Игли
- Ножици
- Машина за шиење
- Кројачка креда или молив
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnНачин на изработка:
rn1. Облечете ја блузата и обележете го делот кој подоцна ќе го исечете, но само од едната страна. Сечете по линијата која претходно сте ја нацртале, зафаќајќи ги и предната и задната страна. Потоа, на страната која што ја исековте, со помош на метрото измерете го делот помеѓу јаката и исечениот дел, но и од крајот на ракавот и исечениот дел.rnrn
rnrn2. Овие мери обележете ги на другиот ракав, но обележете го и исечокот, а тоа најдобро ќе го направите така што ќе го преклопите првиот ракав врз вториот. Потоа, повторно исечете по одбележаниот дел.rnrn
rnrn3. Свртете ја блузата наопаку и со помош на иглите обележете го работ по страните на исечениот дел. Потоа, многу внимателно и полека, со помош на машината за шиење, зашијте го работ, со тоа што ќе се обидете да ја следите обележаната линија.rnrn
rnrn4. Истото повторете го и со вториот ракав. На крај, свртете ја блузата на вистинската страна и ќе видите дека работата е завршена.rnrn
rnrnВашата блуза е готова, а вие сигурно не можете да дочекате да ја комбинирате на различни начини и со различни парчиња облека. Наш предлог е да заврзете свилена марама околу вратот, која ќе допринесе за летниот дух, а како долен дел можете да избирате помеѓу бермуди, пантолони, фармерки, здолниште… Изборот е навистина голем, бидејќи сè одговара со ова шик модно парче.rnrn
-

Без многу труд, лесно и едноставно: Освежете го едноделниот костим за капење со само еден шик детаљ
Дали имате досаден едноделен костим за капење кој веќе сите го виделе? Со помош на овој едноставен туторијал, вие без многу вложување ќе добиете феноменален костим за капење, а сè што ви е потребно се само неколку минути од вашето време. Потоа, сите ќе ве прашуваат каде можат да пронајдат токму таков модел на костим за капење!rnrn
rnПотребно ви е:
rn
- rn011
- Едноделен и еднобоен костим за капење
- Компјутер и принтер
- Термо чувствителна хартија од винил
- Ножички
- Селотејп
- Пегла
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnНачин на изработка:
rn1, На хартијата отпечатете текст по сопствена желба, водејќи сметка за големината. Исто така, обидете се да ја наместите хартијата во печатачот, така што ќе го отпечатите натписот на сјајната страна.rnrn
rnrn2. Отпечатените букви исечете ги со ножички. Обидете се да бидете што е можно попрецизни. Кога се во прашање големи букви, нема да имате никаков проблем.rnrn
rnrn3. Одлепете го самолепливиот дел, па залепете го на костимот за капење, буква по буква.rnrn
rnrn4. Штом ќе залепите неколку букви, врз нив ставете памучна крпа и преминете со жешка пегла, но внимавајте да не се задржите подолго од две минути. Правете го тоа штом ќе залепите неколку букви, бидејќи доколку почекате додека завршите со сите букви може да се случи да не се залепат убаво.rnrn
rnrnТоа е тоа, вашиот оригинален, шик и тренди костим за капење е готов!rnrn
-

Работен моден водич: Носете ги пантолоните на топ 6 шик начини
Пролетта и убавото време конечно ни пристигнаа, а вие се прашувате што би можеле да облечете за на работа. Не е лесно секогаш да ја пронајдете комбинацијата во која ќе изгледате шик, но и работно. Токму затоа насочете го вашето внимание на предлозите кои ви ги нудиме и не мора да се грижите за недостатокот на инспирација.rnrn
rnrn1. Црната туника без ракава и црни, лесни, ѕвонарски пантолони, создаваат една примерна комбинација, која истовремено изгледа и доста модерно. Црниот шешир и црните чевли со шпиц кои би можеле да ги вклопите во оваа комбинација ни докажуваат дека комбинацијата во црно не е досадна, туку има доста предности од кои една е дека ја издолжува фигурата.rnrn
rnrn2. После црната комбинација, ви предложуваме една потполно светла комбинација. Повторно ѕвонарски пантолони и чевли со шпиц, а белата кошула и лесниот беж мантил се безвремени парчиња кои мора да ги имате во својот гардеробер. Сите заедно делуваат многу скапоцено, а истовремено така едноставно и лежерно!rnrn
rnrn3. Костимите и тоа како може да бидат интересни, а сè зависи од кројот и материјалот. Исто така, чевлите не мора секогаш да бидат во црна, сива или беж боја. Првата комбинација е олицетворение на ултра модерна работна жена, додека за другата комбинација одлучете се доколку одите на работна вечера.rnrn
rnrn4. Кожните пантолони и оваа сезона не излегуваат од мода. Во моментов најпопуларниот модел на чевли, блуза и сако се секогаш добар избор кога не сте сигурни што да облечете за на работа. Интересно е да ставите чанта која е доста впечатлива и која ќе ја „отвори“ целата комбинација. За вашите работни прилики ќе ви биде потребна малку поголема чанта, па внимавајте на ова додека го избирате новиот модел.rnrn
rnrn5. Цветниот комбинезон од лесен материјал кој личи на кошула и високи пантолони, е парче кое дефинитивно би сакале да го облечете на работа оваа пролет. Разлетано, удобно, шик и идеално за да се пофалите до каде сте ја усовршиле вашата фигура оваа зима, зар не? Никогаш немојте да ја потценувате силата на сината и црвената боја.rnrn
rnrn6. Широките и високи пантолони, со необичен крој, комбинирајте ги со обична памучна блуза. Ќе направите вистински баланс помеѓу лежерно и работно, а исто тако ќе се чувствувате и удобно. Тегет бојата е идеална за пролет, одлично се комбинира со црни сандали, но за да не биде едноставна, надополнете ја со некој подолг ѓердан во златна боја.rnrn
rnrnИако фустанот и здолништето се еднакво добар избор, како што може да видите од нашите предлози и во пантолони можете да изгледате потполно неодоливо.