Трикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.rnrn
rnrnЕден од најкласичните начини да се облечете ем спортски ем трендовски, е да искомбинирате тесни „цевка“ фармерки и високи патики до глужд. Фанки антилопски патики и тенко џемперче во костенлива боја со широк отвор, е нешто што морате да го имате на есен. Како моден додаток одлично ќе изгледа едно шалче во сенф боја, кое ќе ви даде малку старовремски изглед. Ако сте љубители на леопардова шара, тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој часовник или некоја алка во овој стил. На крајот, закачете едноставни сини обетки-копчиња на вашите уши.rnrn
rnrnНекои луѓе сметаат дека е тешка задача добро да се искомбинира фустанче со патики. Но, ако додадете на себе некои обични парчиња, практикувањето ваков стил не би требало да ви претставува некаков проблем. Овој изглед вклучува спортски дуксер, фустанче со линии и едноставни бели патичиња. На крај, за да изгледате уште посекси, ставете на лице очила за сонце, во стилот на Силвестер Сталоне.rnrn
rnrnКратките летни фармерчиња и патики се добро позната, класична комбинација за „кежуал“ изглед. За да се истакнете помеѓу толпата, обидете се да ги искомбинирате со струкирано сако. Едноставна сива маичка на прерамки е одличен избор за под сакото, а на стапалата обујте височки патики со шарени принтови. На крај, потенцирајте го таквиот изглед со црвено ланче и црвена чанта која се носи дијагонално на торзото.rnrn
rnrnЗа овој изглед, основни парчиња облека ви се тесно здолниште, припиено до телото и едноставни еднобојни патики. И покрај тоа што цветното здолниште е доста женствено и може да се носи за вечерен изглед, ако го искомбинирате со едноставна црна „рамбовка“, која ќе ја облечете под долг фустан-кошулка ќе изгледате многу кул и тренди. Можете да ја носите долгата кошула откопчана или пак да ја врзете однапред, за да постигнете ултра-тренди изглед. Со овие бои, одлично ќе стојат сребрени патичиња и розова чантичка, чија нијанса на боја, ќе биде иста како онаа во шарата на здолништето.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.











rn
rnrnСтаклените масички изработени од страна на „
rnrnОвие четири фантастични масички, просто шармираат со нивната колоритност и уникатен дизајн.rnrn
rnrnОригиналните стаклени столбови, ги претвораат овие бар-масички, во совршени уметнички дела.rnrn
rnrnСекоја од нив е достапна за купување во различни бои по избор. Благодарение на тоа, купувачите можат да си ја одберат вистинската солуција според боите на нивниот ентериер, за да го направат домот уникатен и персонализиран.rnrn






rnrn rnrn


Дизајнерот Philippe Starck, по нарачка од Qatari Diar и Alexandre Allard, целиот хотел комплетно го трансформираше во рок од две години и го реновираше, со што му вдахна дух на прв хотел во новата генерација на париските места.rnrnХотелот Le Royal Monceau првпат бил отворен во 1928 година, со што веднаш станал омилено прибежиште на уметници и интелектуалци. Парижаните и странците ги обожавале градините, интимниот бар, собите покрај мостот, масите за пинг-понг и за билијард, како и фризерскиот салон.

Што се однесува до приватните апартмани, во нив се одвивале некои важни историски настани, социјални и економски средби. Низ ходниците се разминувале познатите: Josephine Baker, Maurice Chevalier, Ernest Hemingway and Mistinguett.






rnrn