КАФЕ ПАУЗА

Tag: техники

  • Станете експерт за флертување: 5 техники кои може да ги искористите во секоја ситуација

    Станете експерт за флертување: 5 техники кои може да ги искористите во секоја ситуација

    Флертот е многу поедноставен отколку што мислите. Тој е комбинација на насмевки, погледи, позитивна енергија и релаксираност. Тоа не е ништо повеќе од тоа да направите некој да се чувствува добро кога е околу вас. Можете да флертувате со кој било во кое било време. Тоа е свесна намера да го поткренете расположението на личноста со која зборувате.rnrn0-stanete-ekspert-za-flertuvanje-5-tehniki-koi-mozhe-da-gi-iskoristite-vo-sekoja-situacija-kafepauza.mkrn

    1. Подарете комплимент

    rnСите сакаат комплименти – дури и мажите. Ако видите згоден странец, дајте му комплимент кој ќе го опише она што сте го забележале кај него. Избегнувајте општи и клише комплименти како „Изгледаш убаво денес“ – бидете поспецифични и малку покреативни. Одличен комплимент е „Имаш убав часовник“.rnrnЕфективните комплименти се специфични и содржат придавки. Несоодветни зборови се: „фантастично“ „убаво“ „интересно“ „фасцинантно“ „згодно“ „импресивно“ – овие зборови се често слушани и веќе досадни. Комплиментот треба да биде нешто што личноста досега не го слушнала. Не се плашете да хиперболизирате, секако сѐ додека сте искрени.rn

    2. Поставете прашање

    rnМажите обожуваат да помагаат. Ако сакате да флертувате со него, тогаш одлична техника е да го прашате нешто или да побарате негово мислење. Тој ќе се чувствува корисно – а тоа чувство мажите го обожуваат и плус, така започнувате разговор. Откако ќе го добиете одговорот, застанете еден миг и дозволете тој да ја продолжи интеракцијата. Не изгледајте како да брзате – дајте му можност да ви возврати на флертот.rn

    3. Побарајте услуга

    rnАко ви се допаѓа некој, тогаш побарајте услуга од него. Истражувањата покажуваат дека повеќе ќе им се допаднете на луѓето ако направат нешто за вас. „Можеш да ми помогнеш со ова?“ – реченица која ќе го интригира секој маж затоа што го активира неговиот инстинкт да заштитува и обезбедува. Следува мало барање – да ви ја подржи јакната, да внимава на вашето место или да ви донесе кафе.rnrnВака, не само што ќе се почувствува корисно, туку потоа можете и да изразите благодарност така што ќе го почестите кафе или една тура пијалаци. Уште една добра техника е да му кажете дека сте му должник и да направите планови за повторно да се видите.rn

    4. Говорете како маж

    rnСарказмот и навредите можеби се досадни флертувачки техники за жените, но тие всушност се одличен начин да извежбате говорење како маж. Мажите и жените комуницираат различно – мажите постојано си ставаат капачиња еден на друг, а кога жена ќе се придружи во шегувањето, таа ја истакнува својата разиграна и помажествена страна – што им е привлечно на мажите. Знаејќи одвреме-навреме како да зборувате како маж е корисна техника за да се одвоите од другите жени.rnrnСаркастичната фраза како „Не можеш да бидеш згоден и паметен. Што си од тие две?“ е одличен начин да го фатите неспремен и слатко да го насмеете.rn

    5. Бидете директни

    rnАко флертувањето ви е удобно, тогаш директниот пристап е одличен начин да покажете дека сте пристапни и дека имате самодоверба. Ова не треба да се смеша со додворување. Флертувањето е начин да го привлечете неговото внимание и да му покажете дека е во ред да ве покани да излезете.rnrnФлертот му дава до знаење на мажот дека сте заинтересирани за него. Кога сте директни тоа успева затоа што ретко која жена прва му пристапува на мажот. Дури и ако тој прв ви пристапи и ви каже „здраво“, дозволено е, а и пожелно да го измеркате од глава до петици и да му кажете „згоден си“. Оваа техника ви дозволува да бидете агресивни на елегантен начин и таа ве одвојува од другите жени.

  • Мејкап трендови за есен, 2015: Погледнете каква шминка ќе биде модерна оваа сезона

    Мејкап трендови за есен, 2015: Погледнете каква шминка ќе биде модерна оваа сезона

    Дали и вие се чувствувате необично кога уште во август веќе почнувате да размислувате за есенската мода и бјути трендовите? Како што сите знаеме, за месец дена веќе ќе навлеземе во есенското време, па затоа мораме да бидеме информирани што ќе биде модерно во претстојните есен и зима.rnrnЗабележавме 3 клучни бјути трендови и тие ни се чинат совршени за транзиција од лето во есен. Со помош на неколку феноменални техники, овие есен и зима имате можност да изгледате фантастично.rn

    1. Стробинг

    rn1-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnИскрено, стробингот е веќе еден од постоечките трендови кои стручњаците мудро го маскираа како нов концепт, но тој сѐ уште е еден од нашите омилени.rnrnНагласувањето на одредени делови од лицето со помош на хајлајтер е апсолутно совршена идеја. Изберете формула која му одговара на вашиот тип на кожа (течни или кремасти производи за сува кожа или прав за мрсна кожа) и одберете производ со умерена доза честици за совршен ефект.rnrnНаместо да ги контурирате јагодиците и лицето, оваа техника подразбира само малку поинтензивно нанесување хајлајтер на она што би сакале да го нагласите за да ја подигнете целокупната структура на вашето лице и на тој начин да добиете свеж, младолик изглед без остри линии.rn

    2. Бејкинг

    rn2-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnОвој тренд дефинитивно не спаѓа во оние природни изгледи, но е совршен за вечерни настани или лудо излегување со другарките.rnrnКонцептот се состои од правилна хидратација и подготвување на пределот околу очите пред да нанесете коректор со висока моќ за прекривање, а потоа на истото тоа подрачје, со влажен сунѓер за шминкање се нанесува поголема количина пудра во прав или транспарентна пудра за да го фиксирате коректорот кој се наоѓа под неа.rnrnКлучот на целата техника е во трпението – мора да ја оставите пудрата дури 10-тина минути на лицето за да ја „направи својата магија“ или со други зборови, да ѝ дозволите целосно да го фиксира коректорот пред да го отстраните вишокот.rn

    3. Нејасни црти на устата

    rn3-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnВеројатно еден од најнеобичните, но и најдобри трендови со кои сме се сретнале во последно време. Усните кои немаат јасни линии потполно доминираат со бјути сцената, а целата идеја е да се даде понежен и посуптилен изглед на силните бои. Техниката на апликација, всушност е она што го прави овој тренд модерен – линиите од усните се бришат со парче вата или бојата се нанесува со нежно тапкање користејќи ги само прстите.

  • Мали тајни од спалната соба: Напредни орални секс трикови кои ќе го восхитат

    Мали тајни од спалната соба: Напредни орални секс трикови кои ќе го восхитат

    Без разлика дали се сметате за почетник во уметноста на оралниот секс или сте напредни, секогаш постои простор за усовршување. Оралниот секс за мажите е исто што и цвеќињата за жените, па затоа потрудете се да го правите со доза на ентузијазам. Со помош на неколку клучни техники, оралниот секс може да биде совршеното тајно оружје кое треба да се најде во вашиот секс арсенал. Ако ги запомните овие трикови, нема потреба да се грижите дека сте потфрлиле. Еве неколку мали тајни кои максимално ќе го задоволат.rnrn0-malechki-tajni-od-spalnata-soba-napredni-oralni-seks-trikovi-koi-kje-go-voshitat-kafepauza.mkrn

    1. Користете вибратор

    rnВибраторот кој го чувавте само за вас и вашите посебни ноќи е одличен при орален секс. Врвот од пенисот има исти нервни завршетоци како вагината – што значи дека вибраторот ќе му предизвикува подеднакви сензации како што би ви предизвикал вам. За максимално задоволство, користете мал вибратор кој ќе го поставите зад неговите тестиси, притиснат врз местото помеѓу скротумот и анусот.rn

    2. Пробајте ја техниката длабоко грло

    rnВо последно време, оваа позната техника ги доживува своите пет минути слава – многу жени сметаат дека овој начин на задоволување е тоа што ќе ги направи експерти во оралниот секс. Сепак, не сите мажи се обожаватели на оваа техника, а дури и ако им се допаѓа не им е постојано потребна. Длабокото грло е само уште една од низата техники на задоволување.rnrnЗа да станете вешти, многу е важно да бидете опуштени, да дишите, да не размислувате и да бидете спремни. Со текот на времето и искуството, ќе станува сѐ полесно и полесно. Тајната се наоѓа во трпението, но и во употребата на рацете. Притисокот е навистина важен, па затоа започнете така што нагло ќе го зграпчите и ќе одите што е можно повнатре, а како што се враќате, користете ги рацете за да нема прекини во задоволувањето. На некои жени лежењето на грб додека тој стои на работ од креветот им изгледа совршено, но за да откриете кој агол најдобро ви одговара вам добро е да експериментирате. Запомнете: Вие ја водите играта и вие ги поставувате правилата. Тој и онака ќе е среќен.rn

    3. Поиграјте си со додатоци

    rnНема ништо позабавно од додатоци во оралниот секс. Ако не ви се допаѓа самиот чин, не ви се допаѓа вкусот или само сакате да пробате нешто ново зачинете го оралниот секс со неколку додатоци.rnrnАко е лето, земете малку мраз. Веројатно првата помисла ви е дека користењето мраз врз неговите најчувствителни делови е премногу опасно, па затоа коцката мраз оставете ја да се стопи во вашата уста и потоа орално задоволете го. Топло-ладните сензации во вашата уста ќе му предизвикаат силно задоволство кое долго време нема да го заборави.rnrnУште еден начин како да ги разиграте работите во оралниот секс е да пробате лубрикант со вкус. Одличен трик е да нанесете малку лубрикант на вашите усни (како сјај) и потоа лизгајте ги усните нагоре-надолу. Со веќе додадениот лубрикант, додека ја шмукате главичката движете ги рацете. Вака, тој целосно ќе ужива, а вам ќе ви биде пријатен вкусот.

  • Применувајте ги овие техники на работното интервју и сигурно ја добивате работата за која сте аплицирале

    Применувајте ги овие техники на работното интервју и сигурно ја добивате работата за која сте аплицирале

    Често се случува луѓето да добијат шанса за интервју за работа, но исто така за многумина тоа е и последната станица. Ако ве повикаат на интервју, тие претпоставуваат дека ја заслужувате работната позиција за која сте аплицирале, но вие мора да го потврдите тоа.rnrnprimenuvajte-gi-ovie-tehniki-na-rabotnoto-intervju-i-sigurno-ja-dobivate-rabotata-za-koja-ste-aplicirale-kafepauza.mkrnrnОдлучивме да ви претставиме 8 работи кои ќе ви помогнат многу подобро да се претставите и да оставите одличен впечаток, а после тоа останува само да ве вработат.rn

    1. Оставете позитивен прв впечаток

    rn

    „Никогаш не добивате втора шанса за да оставите прв впечаток.“ – Харлан Хоган

    rnКога ќе влезете во просторијата каде што ќе се одвива интервјуто, главните работи кои треба да ги запаметите се: да воспоставите контакт со очи, самоуверено и цврсто да се поздравите и да имате насмевка на лицето. Исто така мора да зборувате течно и одлучно, затоа што вашето двоумење и нејасно зборување ќе им даде лоша слика на луѓето кои треба да ве вработат.rn

    2. Не доминирајте во разговорот

    rnИнтервјуто е дијалог, а не монолог. Што и да правите, немојте да мислите дека ќе ги импресионирате ако многу зборувате и ако доминирате во интервјуто. Откријте како работодавачите ја гледаат компанијата и кои се нивните цели преку начинот на кој го водат разговорот. Овие работи можат да му дадат насока на интервјуто и да ви помогнат при одговарањето на прашањата.rn

    3. Користете го методот СЗАР

    rnКористејќи го овој метод при одговарање на прашањата, се осигурувате дека ништо нема да изоставите. Почнете со ситуацијата (С), потоа продолжете со задачата (З), зборувајте за акцијата (А) која сте ја презеле, овој дел треба да е доминантен, и на крај завршете со резултатот (Р).rnrnОваа стратегија ќе ви помогне многу со прашањата со кои работодавците сакаат да знаат како сте решавале проблеми во конкретни ситуации. На пример, може да ве прашаат како сте се справиле во одредена ситуација кога сте немале доволно време за да решите некој проблем. Вие би можеле да опишете ситуација во која вашата компанија требала да изведе презентација за некој нов продукт, но личноста што требала да презентира заглавила во сообраќајот. Сте морале да најдете замена, но сте го искористиле времето за да прашате дали презентацијата може да се помести за понатака во текот на денот. Во меѓувреме сте нашле замена, презентацијата поминала добро, а првично планираниот говорник стигнал токму навреме за прашањата од публиката.rn

    4. Бидете транспарентни за вашите слабости

    rnНа интервјуата секогаш го поставуваат прашањето за вашите најголеми слабости. Немојте да преувеличувате, никој не е совршен, затоа бидете отворени и кажете ги вашите слабости. Нивната цел преку ова прашање не е да видат колку сте добри, туку колку сте научиле од вашите грешки и неуспеси. На пример, вие можеби сте нетрпеливи кон колегите кои не се посветуваат доволно на работата, но кажете им како го совладувате тоа на работното место и со тоа ќе оставите добар впечаток. Зборувајте им за стратегиите кои ги користите за да ги надвладеете слабостите и дека тоа е секогаш дел од вашиот развој.rn

    5. Бидете позитивни за вашето претходно работно искуство

    rnСо тоа што ќе зборувате позитивно за вашето претходно искуство, давате порака дека сте личност која постојано учи и дека тешката работна атмосфера ви помогнала да надминете некои проблеми. Ако почнете да зборувате лошо и отворено да ги критикувате поранешните колеги, бидете сигурни дека нема да ја добиете работата, затоа што така оставате впечаток дека не знаете да бидете дискретни или полошо, дека имате тенденција да се жалите.rn

    6. Прашувајте мудро

    rnКога ќе ве прашаат дали имате прашања, заборавете ги сите типични прашања како оние за платата, одморите и бонусите. Овие прашања сигурно ќе бидат поставени од страна на вашата конкуренција, бидете поразлични и подобри од нив. Често се случува овој дел од интервјуто да биде последен, но не мора да значи. Ако добиете шанса да поставите прашање, искористете ја со цел да се издвоите од другите. На пример можете да ги прашате, на што би можеле вие да се фокусирате во првите три месеци, кои се нивните главни цели, какви резултати очекуваат до следната година и сл.rn

    7. Покажете страст и енергија

    rnМногу кандидати се или пресрамежливи и затворени или премногу се трудат да се покажат. Покажете дека имате страст и енергија за новото работно место. Можете да бидете скромни за овие особини, но потенцирајте дека сте возбудени за работата. Одличен начин да се претставите себеси е со покажување ентузијазам, самодоверба, енергија и страст за работата. Негативна и пасивна личност никогаш нема да ја добие работата.rn

    8. Покажете ја својата работа

    rnНе е доволно само да кажете што сте направиле или како сте го правеле тоа. Потребно е да ја покажете ваша работа, доколку тоа е релевантно за работната позиција. Понесете го вашето портфолио и бидете спремни добро да ги презентирате вашите проекти од минатото. Овој потег значително ќе ви ги зголеми шансите за да ја добиете работата.rnrnСледете ги овие техники за да оставите одличен впечаток за време на интервјуто и чекајте го повикот за вашиот прв работен ден во новата компанија.

  • Застрашувачки викторијански стандарди за убавина кои сме среќни што денес веќе не постојат

    Застрашувачки викторијански стандарди за убавина кои сме среќни што денес веќе не постојат

    Доколку мислите дека некои од денешните стандарди за убавина се чудни, тогаш овие од викторијански Лондон ќе ве остават целосно без зборови. Во ерата каде што самата кралица ја напаѓала шминката и каде што се сметало дека сенката за очи ги обележува проститутките, жените морале да прават необични, а понекогаш и штетни нешта со цел да го постигнат она што се сметало за убавина. Погледнете дел од најнеобичните „третмани“ низ кои сите жени поминувале во викторијанската ера…rnrnЗастрашувачки викторијански стандарди за убавина кои сме среќни што денес веќе не постојатrn

    Ставање отров во очите со цел нивните зеници да изгледаат поголеми

    rnВо викторијански Лондон, жените ставале од отровот Беладона во своите очи со цел да предизвикаат тие да им изгледаат посјајно. Проблем? Бидејќи станува збор за отров, тој ги зголемувал зениците на жените, но истовремено и создавал слепило.rn

    Ставање сок од лимон или портокал во очите со цел да се постигне истиот ефект на зголемување на зениците

    rnПодобрата алтернатива од отров била сокот од лимон или портокал со цел да се постигне истиот ефект, но и покрај тоа што не предизвикува слепило, сепак жените морале да поминуваат низ голема болка за време на овој процес. Ви се случило некогаш да се прснете случајно во око со капка од лимон или портокал? Ајде сега замислете какво би било чувството доколку некој ви го истури овој сок директно во зениците.rn

    Користење саѓи како маскара

    rnЖените ставале восок од пчели на нивните трепки со цел да прицврстат саѓи, па дури и скршени скапоцени камења кои ги истакнуваат и издолжуваат нивните трепки. Можеби дијамантските трепки звучат одлично, но што е со ставањето нечистотија во вашите очи?rn

    Обликување на веѓите со катран

    rnЗа да ги обликуваат своите веѓи, жените топлеле мешавина од катран, смола и темјан која потоа ја нанесувале на нивните веѓи, а понекогаш и на трепките. Доколку не сте знаеле, во денешно време катранот се користи за правење патишта или за изолација на куќи.rn

    Криење на шминката во медицински шишиња

    rnТие најчесто ја криеле шминката во тајни прегради од нивните чанти или пак, ја пакувале во шишиња со фармацевтски имиња кои докторите лесно им ги припишувале. Богатите жени редовно одбивале да признаат дека носат било каква козметика бидејќи се сметала за несоодветна. Токму затоа, многу жени и ги испраќале своите помошнички или слугинки во друг град за да им купат одредени козметички препарати каде што никој не би ги препознал.rn

    Користење восок од китови во крема за лице

    rnЖените правеле студен крем со бел восок и спермацети. Китовите многу страдале во викторијанската ера бидејќи од нивните коски постојано се правеле корсети, но многу често од нив се земале и спермацети, кои се наоѓаат во главата на китот, бидејќи биле одлични за отстранување на шминката.rn

    Арсен на сите страни

    rnЖените користеле сапуни за лице, шампони и креми кои изобилувале со арсен бидејќи верувале дека тој има огромни придобивки за убавината. Тие дури и се капеле во бањи со арсен за да ја подобрат нивната кожа и да изгледаат помладо. Но, тоа не е сè. Тие исто така и јаделе арсеник. Тој се сметал за витамин за убавина и токму затоа го консумирале во мали количини со цел да имаат посјајна кожа и посветли очи. По подолга употреба, тој предизвикува отекување на тироидната жлезда, а со тек на време и смрт. Исто така, создава зависност и можно е да ве убие доколку решите да престанете да го земате.rn

    Користење олово како коректор

    rnПостоеле голем број пудри за лице кои биле базирани врз олово. Овие пудри правеле прекрасен свилен изглед, сè одека оловото не навлезе во вашето тело и не ви создаде парализираност.

  • Клучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој маж

    Клучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој маж

    Дали некогаш сте посакале да заведете маж по кој веќе некое време копнеете, но се плашите да не излезете чудни и смешни додека го правите тоа? Или пак, можеби се плашите да не бидете одбиени? Не сте единствени! Погледнете ги следниве 7 одлични совети кои ќе ви помогнат брзо да ги подобрите вашите заводнички вештини…rnrnКлучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој мажrn

    1. Смешкајте се и остварувајте контакт со очите

    rnОвие две вештини се основните при заведувањето. Вие на овој начин ќе изгледате поотворени и мажите ќе почувствуваат поголема храброст за да ви пријдат. Токму тоа ви е важно, се согласувате? Сакате тие да почнат да ви приоѓаат? Насмевката ќе предизвика да делувате многу попристапно, но истовремено и поатрактивно. Не можете да погрешите ако постојано сте насмеани.rn

    2. Бидете пријателски настроени

    rnОва е вториот чекор кон заведувањето кој ќе ви помогне да го нагласите сиот ваш шарм. Доколку сте природно разговорливи, зошто не се обидете да бидете пријателски настроени и љубезни дури и кога сте во маркет? Луѓето на тој начин полесно ќе ве забележуваат и ќе сакаат да разговараат со вас, па токму така и ќе си ја отворите вратата кон запознавање многу нови луѓе. А што повеќе луѓе знаете, толку поголеми се шансите да го најдете „вистинскиот“.rn

    3. Постојано обрнувајте внимание на вашето однесување

    rnСо цел да станете подостапни, мора да бидете свесни за вашето окружување. Мажите многу често се прашуваат зошто жените кои ги сретнуваат во секојдневниот живот се толку нељубезни. Не сте свесни за тоа? Веројатно не внимавате како се однесувате додека ги извршувате вашите секојдневни обврски. Доколку сте во контакт со луѓе, без разлика на вашата работа, обидете се да си давате од 5 до 10 минути само за разговор и поврзување со луѓето.rn

    4. Скршете го мразот

    rnБидете храбри и кажете нешто први! Многу мажи се чувствуваат поласкано кога жената ќе го започне разговорот. На тој начин вие ќе му ја олесните работата, но и ќе можете да започнете тема на разговор за која сте сигурни кога зборувате.rn

    5. Бидете онаму каде што изборот е добар

    rnСо цел да ги зголемите шансите за запознавања во текот на целиот ден, почнете да поминувате повеќе време на места каде што има многу луѓе. Без разлика дали станува збор за голем маркет, ресторани, кафулиња… Опкружете се себеси со голем број луѓе и почнете да го анализирате нивното однесување. На овој начин ќе можете многу полесно да дојдете до разговор, бидејќи и двајцата во тој момент ќе правите иста работа.rn

    6. Разговарајте со луѓето додека чекате во ред

    rnБез разлика дали чекате ред на каса во супермаркет, за кафе за носење, покрај банкомат или пак на било кое друго место, искористете го ова време на најдобар можен начин. Не е важно што точно ќе кажете, важно е само да го почнете разговорот. Од таму, работите ќе почнат сами да си течат по природен тек.rn

    7. Опуштете се

    rnОва е можеби најважниот совет при запознавањето мажи. Вие едноставно морате да се опуштите. Флертувањето не треба да биде ништо повеќе од забавување и опуштање. На овој начин вашата самодоверба ќе порасне, вие ќе станете многу попристапни и посигурни во себе. Не заборавајте дека мажите секогаш се привлечени од атрактивни жени, секогаш насмеани, кои сјаат со висока самодоверба.

  • 5 техники за справување со хаосот во вашата глава

    5 техники за справување со хаосот во вашата глава

    „Мирот не подразбира да се биде на место каде што нема бучава, неволја или тешка работа. Мирот подразбира да се биде среде сите овие нешта и сѐ уште да се биде со мирно срце.“

    rnДали некогаш чувствувате дека во главата имате хаос кој никако не можете да го смирите? Прегласна бучава која не сака да си оди и испреплетени мисли кои ви се мешаат, а никако не можете да ги одвоите. Во тие моменти не можете да направите ништо и се чувствувате потполно изгубени. Но дали сте забележале дека ова се случува само тогаш кога премногу размислувате за некоја работа? Преголемата оптовареност со проблемот кој го имате го заморува и непотребно го полни вашиот мозок со мисли кои со тек на време стануваат негативни и обесхрабрувачки. Со други зборови, колку повеќе размислувате за одредена работа, толку е поверојатно дека ќе се здобиете со негативен став за неа.rnrn(1)-5-tehniki-za-spravuvanje-so-haosot-vo-vashata-glava-kafepauza.mkrnrnФакт е дека е невозможно да престанете да размислувате и едноставно да се препуштите на работите такви какви што се. Но она што можете да го направите е да научите како да се справувате со хаосот во вашата глава кој го создаваат тие претерани мисли, а во тоа ќе ви помогнат следниве 5 техники.rn

    1. Концентрирајте се на позитивните работи кај вас и околу вас

    rnПозитивното размислување игра многу важна улога во животот на секој човек. Оптимизмот и верувањето знаат да отворат многу врати, а во краен случај, успешно да помогнат во справувањето со што и да ви се испречи на патот. Токму поради тоа, концентрирањето на позитивните нешта кои се наоѓаат насекаде околу вас е ефективен начин за справување со постоечкиот хаос во вашата глава. Ова значи дека целата енергија ќе ја насочите кон она што ве прави среќни, ве расположува и ве смее, што на крајот на денот ќе резултира со помирен дух и побистра глава.rn

    2. Повторувајте си во себе смирувачки зборови

    rnПроблемите и луѓето кои ви се вртат низ глава во комбинација со негативноста од околината околу вас, создаваат еден куп негативни мисли и чувства. Тие потоа се преточуваат во лоши зборови кои додека ви се во глава можат да имаат само лошо влијание врз вашите реакции. Но кога тие зборови би ги замениле со подобри, полека би успеале во целта да се доведете себеси до смирена состојба која ќе противречи на хаосот во вашата глава. Иако не е важно за кои зборови станува збор, од витална важност е зборовите да ве смируваат и освестуваат.rn

    3. Медитирајте

    rnМедитирањето е еден од најефективните начини за ослободување на умот. Наместо да се борите со хаосот во вашата глава, медитирајќи се носите себеси на место каде владеат мирот и тишината. Овој ефект може да го постигнете со која било друга метода која ви дава чувство на ослободеност и ум полн со тишина. Она што е важно е таа метода да обезбеди да се одморите од различните и нападни мисли, за потоа да може да сконцентрирате и да бидете продуктивни во останатиот дел од денот.rn

    4. Живејте во моментот

    rnДозволувајќи му на хаосот да преовлада со вас, вие всушност заборавате да живеете. Преоптоварени сте со мисли за проблемите, нервозите и за незавршените обврски кои ве чекаат, што не ни обрнувате внимание на она што ви се случува во тој момент. Живеејќи во минатото и иднината, наместо во сегашноста, се изложувате себеси на депресија, анксиозност и стрес. Но кога сте присутни во секој момент од вашиот живот, вие сте тука за да ги искусите и убавите нешта кои ги нуди и конечно ќе успеете да го пронајдете мирот кој толку долго го барате.rn

    5. Поврзете се со природата

    rnПланинарењето е секогаш добра идеја. Чист воздух, физичка активност и големо задоволство кога ќе го достигнете врвот – овие три работи се огромен фактор во намалување на стресот. Едноставно спакувајте ранец со најпотребните работи и заминете на некое место во природа. Дишете, одморете, уживајте. Ова ќе ви помогне во наоѓање на тој внатрешен мир по кој копнее секој од нас и ќе ви помогне да увидите дека тој е резултат на поврзувањето со природата, а не со материјалните добра.

  • Психолошки вежби за когнитивна реконструкција кои ќе ви го подобрат расположението и ќе ви го намалат стресот

    Психолошки вежби за когнитивна реконструкција кои ќе ви го подобрат расположението и ќе ви го намалат стресот

    Когнитивната реконструкција е клучен дел од когнитивно-бихејвиоралната терапија (КБТ). Оваа психотерапија е една од најефективните психолошки третмани за честите проблеми како депресија, анксиозни нарушувања и прејадување. Но, КБТ исто така може многу да ви помогне и при намалување на проблемите со расположението и стресот. Социјалниот психолог Алис Бојс ви ги препорачува следниве техники…rnrnПсихолошки вежби за когнитивна реконструкција кои ќе ви го подобрат расположението и ќе ви го намалат стресотrn

    Медитација за проширување свесност

    rnОваа медитација вклучува фокусирање на вниманието кон вашето дишење. Обидете се на неколку минути да се насочите само кон вашето дишење и сензациите кои тоа ви ги предизвикува во телото.rnrnВо овој период, доколку ви се појави некоја мисла, внимателно и без критика повторно насочете го мислењето кон сензациите од вашето дишење. Медитацијата за проширување на свесноста не е специфична алатка за когнитивна реконструкција, но е одличен начин да се истренирате себеси да бидете посвесни за своите мисли. Оваа медитација најчесто се препорачува како прв чекор во когнитивната реконструкција.rn

    Научете како да забележите кога имате когнитивна дисторзија

    rnОдберете еден вид когнитивна дисторзија и фокусирајте се на неа. На пример, доколку сте забележале дека сте склони кон „негативни предвидувања“ задржете се на неа. Во текот на неделата обидете се да забележите колку пати помислувате на тоа да направите негативно предвидување, на пример, уште пред да излезете од дома очекувате дека лошо ќе си поминете на забавата или пак, доколку имате идеја на работа веднаш помислувате дека на вашиот шеф таа нема да му се допадне…rnrnКога ќе забележите дека ви се случува ваква когнитивна дисторзија, веднаш запрашајте се на кој друг начин можете да размислувате. Во случајот на негативните предвидувања, можеби би можеле да се запрашате кои се позитивните исходи. Обидете се да го смените вашето размислување со следниве 3 прашања: „Што е најлошата работа која може да се случи?“ „Која е најдобрата работа која може да се случи?“ „Која е најреалната работа?“rn

    Следете ја вистинитоста на мислата

    rnНа пример, вашата мисла која треба да ја следите е: „Доколку размислувам многу за мојот проблем, тоа ќе ми помогне да најдам решение“. Секогаш кога ќе помислите на тоа и ќе почнете многу да размислувате за проблемот, запишете ги сите оние работи кои ги заклучувате и потоа запишете и дали силното размислување навистина ви помогнало да најдете решение.rnrnНа крајот од неделата откријте во колкав процент оваа мисла довела до корисно решение на проблемот. Друга добра идеја е и да го забележите времето кое сте го поминале во размислување на оваа тема и потоа да откриете колку минути ви биле потребни за секоја добра идеја.rn

    Тестирајте ги мислите со однесувањето

    rnНа пример, доколку вашата мисла е „Немам време за пауза“, во текот на една недела детално следете ја вашата дневна рутина и на крајот од секој ден оценете ја вашата продуктивност на скала 0-10. Следната недела правете 5-минутна пауза на секој час и на крајот од денот повторно оценете ја вашата продуктивност. Потоа споредете ги резултатите и откријте дали навистина немате време за пауза.rn

    Проценете ги доказите кои се за/против вашите мисли

    rnЌе ја земеме како пример мислата „Ништо не можам да направам добро“. Земете еден лист хартија и поделете го на два дела. На едниот дел (А) запишете ги доказите кои навистина покажуваат дека не правите ништо добро, а на другиот дел (Б) запишете ги оние докази кои го тврдат спротивното.rnrnОткако ќе ги завршите листите, обидете се да составите комбинирани и балансирани мисли од двете страни кои соодветно ќе ги отсликуваат доказите, како на пример, „Јас сум направил/а грешки и се чувствувам засрамено поради нив, но повеќето од времето правам добри одлуки“. Дури и да не верувате во овие мисли, сепак запишете ги.rn

    Сочувство кон себе

    rnОваа техника вклучува нежен пристап кон себе секогаш кога има чувство на страдање. Исто како медитацијата за проширување на свесноста, така и оваа техника не е алатка за когнитивна реконструкција, но ги има истите ефекти како другите.rnrnНа пример, доколку сте направиле нешто будалесто и најчесто за тоа би се нарекле „глупав идиот“ обидете се да си пристапите поинаку. Вие разберете дека сте направиле грешка од која сте засрамени, но и дека таа не е ништо страшно. Грешките се дел од универзалното искуство на човекот. Со тек на време заменете го вашиот внатрешен критичар со сочувство и разбирање и вашите мисли брзо ќе се променат. На овој начин вие не само што ќе станете поприфатливи кон себе, туку истото ќе го забележите и во вашиот пристап кон другите луѓе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најуспешните техники за рано будење

    Најуспешните техники за рано будење

    Ранобудниците ја имаат можноста да добијат од еден до три часа повеќе време во денот за фокусирање и креативност. За да успеете да станувате наутро, треба да го засакате утрото, а не да размислувате негативно за него. Пред сè, утрото е период кога светот е уште мирен, а во тој период вие можете да читате книга, да вежбате, да напишете нешто или да медитирате. Ова се најинтересните методи за да станете ранобудник и подолго да уживате во денот.rnrnНајуспешните техники за рано будењеrn

    Метод на постепеност

    rnНајдобар метод за менување на времето на станување е следниов. Секое наредно утро во наредните 3-4 дена станувајте 10-15 минути порано, за постепено да се навикнете, а потоа повторно повторете го истото. Доколку најчесто станувате накај 9 часот наутро, не местете го алармот директно во 6, туку во 8.45 минути. Можеби на повеќето луѓе ова им делува многу бавно, но експериментите покажале дека со овој метод можете да направите промена во вашиот живот.rnrnНенадејните и големи промени во станувањето се многу тешки и скоро е сигурно дека таа навика многу малку ќе трае. Доколку станете 2 часа порано од претходниот ден, само ќе се мачите и нема да уживате во денот.rn

    3 чекори за станување од кревет

    rnДа замислиме сценарио во кое сте го испочитувале првиот чекор и веќе после 3-4 дена станувате 30-45 минути порано отколку вообичаено. Но, сепак сѐ уште имате тенденција да стиснете на копчето „snooze“ на алармот и да поминете уште некое време во кревет, без разлика дали ќе спиете или само ќе лежите. Ова се 3 чекори да ја победите таа навика:rnrn1. Бидете возбудени за денот. Ноќта пред да си легнете, замислете си едно нешто кое ќе сакате да го сторите утрото. Дали ќе си приготвите убаво кафе, ќе слушате некоја забавна утринска емисија на радио или ќе прочитате една глава од вашата книга, воопшто не е важно. Кога ќе ги отворите очите, сетете се на тоа што сте го замислиле, а тоа ќе ви биде мотивација плус порано да станете.rnrn2. Скокнете од кревет. Да, буквално скокнете од кревет со ентузијазам. Верувајте помага.rnrn3. Ставете го алармот далеку од креветот. Доколку часовникот или мобилниот на кој ви е наместен алармот, го поставите веднаш до креветот, тогаш многу лесно ќе ви биде да го стиснете копчето „snooze“ и да си продолжите да спиете. Но, доколку го ставите на другиот крај од собата, ќе морате да станете. Откако ќе станете, пробајте веднаш да појдете во бањата и измијте си го лицето.rnrnНајуспешните техники за рано будењеrn

    Што да правите откако ќе станете?

    rnНајважно е веднаш да ги напоменеме работите кои не треба да ги правите:rn

      rn011

    • Не проверувајте го вашиот имејл
    • rn011

    • Не слушајте вести
    • rn011

    • Не отворајте Фејсбук, Твитер, Гугл+, Пинтерест или Инстаграм
    • rn011

    • Кусо кажано, не правете ништо што вообичаено правите
    • rn

    rnНаместо тоа правете нешто од овие работи:rnrn1. Испијте чаша вода. Преку ноќта нашето тело дехидрира, па пробајте да испиете една цела чаша вода. Исто така ова ќе ве освежи и ќе се чувствувате порасонето.rnrn2. Медитирајте. Доволни ви се и само 3 минути. Ова е одличен начин да го започнете денот. Не правете ништо, само седете и фокусирајте се.rnrn3. Напишете нешто. Доколку не сте по пишувањето, нацртајте нешто или на каков било друг начин изразете се креативно.rnrn4. Вежбајте. Без разлика дали ќе вежбате дома или ќе излезете на прошетка или на џогирање, ова е одличен начин да го започнете денот. Доволни ви се и само 10 минути.rnrn5. Напијте се свежо кафе, исцеден сок или чај. Што и да одберете нема да погрешите.rnrnНајуспешните техники за рано будењеrn

    Порано заспивање

    rnНе е возможно да станувате порано, а да не ви се приспива порано. Можеби ќе издржите некое време да одите контра вашите потреби за спиење, но по некое време едноставно ќе се скршите. Ова се одлични совети за порано легнување.rnrn1. Одредете си однапред кога ќе си легнете. Бидејќи 7-8 часа се сосема доволно за спиење, доколку станувате во 7 часот наутро, обидете се да си легнувате околу 11 часот ноќта. Исто така, можете да правите и куса дремка во попладневните часови од денот.rnrn2. Смислете си ритуал пред легнување. Пример: спремете си ја омилената шолја за кафе за наутро да ви биде подготвена, одберете што ќе носите утредента на работа и читајте книга дур не заспиете.rnrn3. Без лаптоп во кревет. Ова не се однесува само на компјутер, туку и на таблети или телефони. Исто така исклучете го и телевизорот. Дозволете си само книга.rnrn4. Вежбањето помага многу. Доколку го истрошите телото претходно, со сигурност побрзо и посилно ќе заспиете. Вежбајте барем еден час пред да си легнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 совети за учење кои навистина помагаат

    9 совети за учење кои навистина помагаат

    Кога станува збор за учење, различни нешта им помагаат на различни луѓе. Но, тоа што има најголемо влијание всушност е самиот стил на учење. Постојат неколку видови учење како визуелен, аудитивен и кинестетичен и секој од нив подразбира поинаков пат до запомнување на информациите.rnrnДали преферирате да учите по малку секој ден, подолг период или пак повеќе сте за интензивно учење на само неколку дена од испитот? Дали имате строг распоред на учење или ги отворате книгите кога ќе почувствувате дека е време? Без разлика на тоа каква навика за учење имате, еве неколку совети и трикови кои можат да ви помогнат многу полесно да го совладувате материјалот и да бидете поуспешни на испитите…rnrn9 совети за учење кои навистина помагаатrnrnИзмешајте ги техниките – Да бидеме реални, без разлика каков е вашиот стил на учење, нема многу да ви помогне ако постојано само ги препрочитувате вашите книги и забелешки. Потребно е да вметнете неколку различни техники за да не ви биде досадно и да се осигурате дека информациите ќе останат во вашата глава. Ако веќе некое време сте читале, преминете на правење „постери“ за вашата соба со најважните информации. Кога ќе го покриете ѕидот околу вашата маса, вратете се на потцртување на вашите забелешки. Измислете и други начини на кои ќе се „забавувате“ себеси додека учите, на тој начин времето ќе ви поминува побрзо и со сигурност ќе запомните поголем дел од материјалот.rnrnНе плашете се да застанете – По подолго учење ако забележите дека веќе не ни ги сфаќате вашите забелешки, дефинитивно е време за пауза. Дури и ако сте планирале да учите цел ден, докажано е дека по 1 час активно учење концентрацијата се губи, а вие почнувате да се нервирате. Оваа ситуација на никој не му помага. Станете малку, излезете на свеж воздух, раздвижете се… Мала пауза нема во никој случај да ви наштети, баш напротив – кога ќе се вратите на учењето, вашата концентрација повторно ќе биде на високо ниво.rnrnГрижете се за себе – Не сакаме да звучиме како вашите родители, но без разлика на сè, не смеете да се заборавите себеси. Тоа значи дека мора да јадете редовно, да спиете доволно и да имате паузи помеѓу учењето. Без разлика на тоа што некои луѓе велат дека најдобар начин за положување е интензивно учење 24 часа, 7 дена во неделата, тоа е целосна лага. Никој на светов не може да ја заврши работата како што треба ако е уморен или гладен. Ставете се себеси како приоритет и само тогаш ќе ги добиете најдобрите резултати.rnrn9 совети за учење кои навистина помагаатrnrnКинестетичен начин на учење – Овие студенти понекогаш можат да имаат проблеми со учењето. И покрај тоа што сфаќањето на материјалот е најважно, оние кои учат на овој начин мора многу повеќе да се движат за да имаат поголем успех. Пробајте да одите низ домот додека читате на глас, на тој начин би требало побрзо да ги запомнувате работите. Повеќето од вас сигурно имаат карактеристики или на визуелен или на аудитивен начин на учење, така што откријте кој начин ви помага повеќе и направете нова комбинација.rnrnАудитивен начин на учење – Овој вид студенти најдобро ги запомнуваат информациите со зборување и слушање. Одличен совет за вас е да се снимите себеси додека ги читате вашите забелешки и потоа да ги слушате. Исто така можете и да ги читате забелешките и потоа да си ги објаснувате на себе. Ако ви е малку чудно да „разговарате“ со себе, тогаш организирајте групно учење со колегите. Меѓусебното објаснување на материјалот ќе ви овозможи доволно слушање и зборување за најдобри резултати на испитот.rnrnВизуелен начин на учење – Инвестирајте во пенкала во различни бои и тетратки со шарени листови и започнете со пишувањето на шеми и дијаграми. Употребувајте колорно обележување за да ги категоризирате темите и идеите. Оние кои учат на овој начин мора многу добро и организирано да да ги чуваат материјалите за да постигнат најголем успех. Постерите се одличен начин за учење, не само затоа што се организирани и прегледни, туку и затоа што откако ќе го добијат своето место на ѕидот ќе бидат постојан потсетник за тоа што мора да го запомните.rnrn9 совети за учење кои навистина помагаатrnrnПравете мали работи – Без разлика колку постери ќе залепите на ѕидот, или колку ќе разговарате за материјалите со вашите колеги, сепак ќе мора да поминете и низ интензивно „дружење“ со вашите книги. Еден од најефикасните совети за помнење на фактите е да ги пишувате на мали ливчиња кои ќе ги залепите на места каде што постојано гледате, на пример на огледалото, покрај креветот, на кутијата со житариците… Тие мали работи можат многу да ви помогнат при запомнување на пократки и покомплицирани информации.rnrnАнализирајте го своето учење – Пробајте да забележите во кој дел од денот имате најмногу концентрација и адаптирајте го вашиот распоред за учење во тој период. Нема поента да учите навечер, ако знаете дека не можете да се фокусирате по 17 часот.rnrnРаспоред, распоред, распоред – Планирањето е КЛУЧНО кога станува збор за учењето. Не мора да биде строго и секогаш да започнува во исто време ако сакате да имате малку повеќе слобода, но барем направете план кои денови ќе учите и отприлика колку време ќе ви биде потребно. Ова значи дека ќе имате некаков вид цел поради која ќе биде многу полесно да им кажете „не“ на вашите пријатели за излегување во периодот кога треба да учите. Без дури и најосновен план вашето учење ќе стане огромен хаос.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.