КАФЕ ПАУЗА

Tag: техники

  • Како да се опкружите со добри пријатели и помалку непријатели?

    Како да се опкружите со добри пријатели и помалку непријатели?

    Запрашајте се, колку пријатели навистина имате. Ако сте машко, мала е веројатноста дека имате круг на луѓе коишто ви се навистина блиски. Жените, и покрај нивната природа на поврзување, исто губат многу пријателства поради денешниот начин на живот. Можеби имате илјадници пријатели на социјалните мрежи, но на колкумина можете да им се јавите во 2 часот наутро ако имате проблем?rnrnКако да се опкружите со добри пријатели и помалку непријатели?rn

    Како да напредувате во пријателството?

    rnПостои навистина интересна формула – опушти се, отвори се, поврзи се. Ова се првите стратегии коишто треба да ги совладате ако сакате да создадете блиски и значајни пријателства.rn

    Опуштете се

    rnЖивееме во свет кој постојано забрзува. Поради ова, не ни сфаќате колку брзо работат вашите тело и ум, како и кои се ефектите од ова. Но, штом ќе почнете да го прифаќате вашето темпо, ќе можете и да се опуштите. Притоа, додека се релаксирате, голема е веројатноста да се почувствувате анксиозно, а тоа е сосем нормално. Ова е процес кој трае цел живот, па нема потреба да брзате. Важно е да почнете да гледате резултати. Смиреноста е одлична алатка за подобрување на оваа вештина. Штом ќе забавите, ќе можете да преминете на следниот чекор.rn

    Отворете се

    rnШтом ќе почнете да ги прифаќате вашите тело, ум и емоционално искуство, мора да станете ранливи кон другите. Ова е клучно за создавање нови и блиски пријатели. Без ранливост не постои врска, туку интеракција. Навистина е страшно, може да бидете одбиени, повредени или засрамени. Но, без ранливост другата личност нема со што да се поврзе освен со вашата надворешна маска. Кога сте ранливи вие сте реални, вие сте човек. Се разбира, некои луѓе нема да ве сакаат, но другите ќе ве сакаат и ќе сакаат да бидат ранливи со вас.rn

    Поврзете се

    rnШтом ќе се опуштите и отворите, подготвени сте да посегнете и да се поврзете со некого. Ако ранливоста е клучот, поврзувањето е вратата. Кога ќе ги надминете вашите стравови од посегнување по некој друг, навистина сте напреднале. Кога активно ќе почнете да се поврзувате, контролата ќе дојде во вашите раце. Ако сакате повеќе пријатели, применете ги овие чекори уште денес.rn

    Клучни точки на формулата

    rn

    Создавање безбедно место

    rnОва е клучно за формулата за пријателство. Ако не се чувствувате безбедно, голема е веројатноста и другата личност да го чувствува истото, а кога вашето тело добива сигнали дека сте во ризик, не сте природно ориентирани кон создавање пријателства. Можете да поминете преку тоа одрекувајќи ги вашите чувства или пак, забавувајќи го темпото за да си дозволите да се чувствувате небезбедно, додека истовремено ризикувате во процесот на поврзување со другите. Безбедното место е како плодна почва за пријателство.rn

    Кажете јасно што сакате

    rnКога ќе забавите за да се поврзете со пријателите со коишто сакате, наместо да се надевате, кажете си јасно што сакате и создадете план. Ако сакате пријатели кои уживаат во природа, баровите нема да бидат местото каде што ќе ги најдете. Пешачењето би било одлично место за среќавање вакви луѓе.rn

    Одбијте го она што не го сакате

    rnОва значи дека понекогаш треба да ги одбиете пријателите што не ви даваат енергија. Се разбира, добрите пријатели се секогаш овде едни за други. Но, ако пријателите постојано бараат помош од вас, а не ги слушаат вашите совети, сигурно нема да сакате да разговарате со нив. Понекогаш најдобро е да се оддалечите од овие луѓе. Поставете си граници и луѓето кои не ги сакате како пријатели ќе почнат да исчезнуваат. Оние кои ги сакате ќе почнат да се појавуваат во вашиот живот.rn

    Движете се кон нешто поголемо од вас

    rnОбично нè привлекуваат луѓе кои имаат цел во животот. Читаме книги и гледаме филмови за луѓе кои се залагаат за нешто. Движете се кон тоа да ја пронајдете вашата страст. Истражете и откријте што е она за што сакате да живеете.rn

    Уживајте во самотијата

    rnКолку повеќе уживате во вашето друштво, толку повеќе и другите ќе уживаат со вас. Кога не зависите од другите, тие ќе бидат привлечени од вас. Сигурно сте запознале личност која е премногу зависна и со која не сакате да се дружите. На сите ни се потребни пријатели и социјализирање, но понекогаш е во ред да уживате и во ваше друштво.rn

    Поврзувањето може да биде критично

    rn

    Решавање проблеми

    rnНие луѓето сме тренирани да разбираме и да решаваме проблеми. Но, оваа стратегија не е најдобра за создавање пријателства. Следниот пат кога ќе забележите дека решавате нечиј проблем, забавете и искористете ја формулата. Барајте помалку разбирање и повеќе поврзаност. Охрабрете ја личноста да ја покаже својата ранливост. Можете дури да искористите и физички допир. Некои истражувања докажале дека допирот е моќна алатка за поврзување која веднаш ги смирува луѓето.rn

    Заеднички моменти

    rnКога ќе се најдете во потенцијално опасна ситуација, речиси сигурно ќе побарате помош. Авантурите со новиот пријател можат навистина да ја зајакнат вашата врска. Кога ќе се соочите со заеднички проблем кој заедно ќе го решите, во иднина сигурно ќе се потсетувате на искуството и чувствата поврзани со него. Планирајте специјални настани за да го зацврстите пријателството.rn

    Ритуали за поврзување

    rnНам ни е потребна предвидливост во животот. Па, испланирајте активности со пријателите кои ќе ве зближат. Можете да се договорите да излегувате еднаш неделно и да бидете ранливи едни со други. Ова повторување ќе го направи вашето пријателство многу посилно.rn

    Слушање

    rnСлушањето е можеби најважното нешто кај силното пријателство. Колку луѓе би седеле и би ве слушале со часови како разговарате за вас и вашите проблеми? Ако го гледате слушањето како ментална задача, може да ви изгледа здодевно. Но, ако го гледате како емоционална интимност може да биде застрашувачко, ама и возбудливо. Кога го слушате пријателот, забележете како се чувствувате. Кога зборувате вие, забележете како постепено ја отворате вашата школка.rn

    Забава

    rnЗабавата навистина ги зближува луѓето. Сигурно сакате да се дружите со забавни личности, луѓе пред кои можете да се однесувате дури и глупаво. Ако некогаш ви пропадне шегата, тоа нека ви биде лекција. Вашиот неуспех само вам ви изгледа толку лошо. Другите ќе го ценат вашиот обид.rn

    Бидете ваш најдобар пријател

    rnКористете ја формулата за пријателство и на себе. Ако постојано си кажувате негативни работи, променете го тоа. Обидете се да ги прифатите вашите искуства без да си судите. Застанете на своја страна како што би го направиле тоа за добар пријател.rn

    Давање

    rnВложувајте во пријателството без да очекувате нешто за возврат. Давајте комплименти, кажете ѝ на жената во продавницата дека денес изгледа неверојатно. Колку повеќе давате, толку повеќе другите ќе сакаат да бидат околу вас. Преземајте ризици кога другите не го прават тоа.rnrnПробувајте ги овие совети секој ден. Играјте со нив. Не плашете се од грешките бидејќи без нив нема да научите. Излезете до вашата удобна зона и отворете се кон нови и незаборавни искуства.rnrnПогледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат да го зацврстите вашето пријателство.

  • 7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалец

    7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалец

    Признатиот мастер за боречки вештини, Виктор Лиалко, напишал книга во која ги опишува најефективните методи за самоодбрана кои можат да им помогнат на жените кога се нападнати. Во продолжение погледнете ги најефективните и најлесните движења за разни ситуации. Овие техники може да ги изведе секоја жена, без разлика колку е голем напаѓачот.rn

    1. Запомнете ги ранливите места

    rn7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалецrnrnБез разлика колку е голем или тежок напаѓачот, можете да го победите ако ги знаете слабите точки. Главните се очи, нос, грло, гради, колена и препони. Можете да напаѓате на кој начин сакате, но важно е да запомните дека најефективните движења се насочени кон овие места.rn

    2. Наједноставните и најефективните движења

    rn7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалецrnrnЕдно од најдобрите движења што ќе го натераат напаѓачот да падне на колена е фаќање на зглобот. Фатете ги малиот и домалиот прст со едната рака, а средниот и показалецот со другата и свиткајте му го зглобот. Ако не можете да ја фатите раката на противникот, удрете го со тупаница или со прст помеѓу клучните коски или адамовото јаболко. Ова ќе ви даде време да избегате.rnrn7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалецrnrnНајочигледно место за напаѓање се препоните. Сите курсеви за самоодбрана советуваат да целите кон овој дел. Ударот во препоните ќе го парализира напаѓачот и ќе ви даде време да избегате.rn

    3. Ако ве фатат однапред

    rn7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалецrnrnАко напаѓачот ве фати однапред и не можете да ги кренете рацете, придвижете ги дланките напред и направете тупаници пред вашата карлица. Ова ќе направи доволно простор помеѓу вас и напаѓачот. Потоа удрете го напаѓачот по нос со вашето чело. Поради ударот, тој ќе се оддалечи од вас, а ова ви е шанса да го удрите по препоните со коленото.rnrn7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалецrnrnАко сè уште има простор помеѓу вас и напаѓачот, можете да се заштитите со вашата дланка. Исправете ја левата рака и удрете го напаѓачот по брадата и носот со десната. Потоа удрете го во препоните. Ова ќе го дезориентира напаѓачот и ќе имате време за бегање.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Професори од Харвард откриваат како да ги избегнете лековите за болка користејќи го вашиот ум

    Професори од Харвард откриваат како да ги избегнете лековите за болка користејќи го вашиот ум

    Лековите за болка, особено посилните, можат да имаат многу несакани ефекти. Денес во светот околу 30 милиони луѓе злоупотребуваат опиоиди. Многу од овие луѓе се зависни од овие лекови и не ги користат за рекреација, туку за намалување на хронична болка. Но професори од Харвард тврдат дека постојат и други начини да ја намалите болката.rnrnprofesori-od-harvard-otkrivaat-kako-da-gi-izbegnite-lekovite-za-bolka-koristejkji-go-vashiot-um-kafepauza.mkrn

    „Релаксација, медитација, позитивно размислување и други слични техники може да ви помогнат да ја намалите потребата за лекови против болка.“

    rn

    Како работат овие терапии?

    rnВо болката учествуваат и умот и телото, па овие техники ја намалуваат вашата болка влијаејќи на вашиот ум, односно го менуваат начинот на кој ја перципирате болката. Тие ги издвоиле следниве техники како најдобри.rn

    1. Длабоко дишење

    rnБидејќи е дел од останатите, длабокото дишење е првата техника која треба да ја совладате. Наместете се удобно во затемнета просторија. Затворете ги очите, или фокусирајте го погледот на една точка. Почнете да го забавувате дишењето. Дишете длабоко користејќи ги градите. Ако вашиот ум залута или ако ви се одвлече вниманието, помислете на некој збор, на пример „опушта“ и мислете само на него. Правете го ова 2-3 минути.rn

    2. Повикување на одговорот за релаксација

    rnКако противотров на одговорот за стрес кој го забрзува чукањето на вашето срце, е одговорот за релаксација кој го прави спротивното. За ова нема универзален метод кој функционира за сите, па може да ви биде потребно време да откриете што ви одговара вам. Седнете во удобна положба, затворете ги очите, опуштете ги мускулите и концентрирајте се на длабокото дишење. Целта е да го забавите дишењето и да се фокусирате на еден збор или фраза.rn

    3. Медитација со визуализација

    rnОваа техника може да биде навистина моќна. Кога ја користите правилно, водената визуализација може да предизвика многу живописни слики кои предизвикуваат позитивни промени во вашето тело и ум. Постојат многу водени медитации од овој тип што можете да ги најдете на Јутјуб.rn

    4. Смиреност

    rnОдберете која било активност во која уживате – читање, пешачење, готвење… и целосно посветете ѝ се. Забележете го секој детаљ на она што го работите и следете ги вашите реакции. Обидувајте се да ја применувате оваа смиреност во секој аспект од вашиот живот. Тишината е многу корисна во оваа вежба.rn

    5. Јога и таи чи

    rnОвие вежби вклучуваат контролирање на дишењето, медитација и движења со кои ги истегнувате и зајакнувате вашите мускули. За разлика од другите вежби, овде движењата се бавни, па го подобруваат држењето на телото, рамнотежата, флексибилноста, координацијата и силата.rn

    6. Позитивно размислување

    rn

    „Кога сме болни, многу често се фокусираме на работите кои не можеме да ги правиме. Кога ќе го промените вашиот фокус кон работи кои можете да ги правите, ќе добиете пореална слика за себе и за светот“, изјавила една од професорите.

    rnТаа советува да водите дневник во кој ќе ги забележувате сите нешта за коишто сте благодарни секој ден.rn

    „Можеби имаме ограничувања, но тоа не значи дека не сме целосни човечки суштества.“

    rnДознајте и кои типови болка се поврзани со емоционалните состојби.

  • 11 чудни техники кои го намалуваат стресот и веднаш ќе ве релаксираат

    11 чудни техники кои го намалуваат стресот и веднаш ќе ве релаксираат

    Ако не се справите со него, стресот може да се претвори во трајна, токсична навика. Бидејќи ретко знаеме правилно да се справиме со стресот, си создаваме дополнителна нервоза и циклусот си продолжува. За среќа постојат некои чудни, но навистина едноставни и ефективни техники кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот за многу кратко време.rnrn11-neobichni-tehniki-koi-go-namaluvaat-stresot-kafepauza.mkrn

    1. Лажна насмевка

    rnИако форсирањето емоции не е добро, истражувањата покажале дека смеењето, дури и кога не ви е дојдено тоа, може да го излаже вашиот мозок да се чувствувате подобро. Лажната насмевка може да го намали стресот за неколку секунди.rn

    2. Ставете го палецот во уста и цицајте

    rnОваа „техника“ ќе активира нешто наречено вагусен нерв и ќе го забави вашето срце и ќе го намали крвниот притисок.rn

    3. Дувајте на вашиот палец

    rnАко се наоѓате на место каде што не е пристојно да го ставите палецот во уста, доволно е само да дувнете на него. Палецот си има свој пулс па дувањето ќе го забави пулсот и ќе го намали вашиот стрес.rn

    4. Гума за џвакање

    rnДокажано е дека џвакањето гума може да ги намали стресот и анксиозноста во која било ситуација.rn

    5. Барајте фрактали

    rnФракталите се дезени кои се наоѓаат во природата, како ливчињата на цветот или формите на пајаковата мрежа. Ова ќе ви помогне да го намалите стресот дури за 60%.rn

    6. Вдишете длабоко

    rnОва изгледа очигледно, но всушност треба и да мислите на дишењето за да функционира. Почнете бавно, наполнете ги дробовите со воздух до крај, и потоа бавно издишете. Овој начин на дишењето ќе го намали ритамот на вашето срце и ќе го активира парасимпатичниот нервен систем кој е одговорен за опуштањето.rn

    7. Застанете до растение

    rnАко се опкружите со растенија, стресот во вашиот живот значително ќе се намали. Едно истражување покажало дека растенијата во канцелариите значително го намалуваат крвниот притисок, но и ја зголемуваат продуктивноста.rn

    8. Притиснете помеѓу вториот и третиот зглоб

    rnОва е навистина уникатен начин за ослободување од стресот. Нежно притиснете го просторот помеѓу вториот и третиот зглоб на вашиот прст, на местото каде што прстот се соединува со дланката. Овој притисок ќе активира нерв кој ќе ви помогне да се смирите.rn

    9. Направете некоја лесна јога поза

    rnМожеби немате време за цел час вежбање, но нема ни потреба од толку. Доволни се неколку едноставни јога пози кои ќе ги изведете за кратко време. Овие движења ќе ви помогнат да дишете длабоко и да станете свесни за вашето тело. На овој начин веднаш ќе се релаксирате.rn

    10. Зелен чај

    rnЗелениот чај содржи теанин, аминокиселина која го уништува ефектот на кофеинот. Бидејќи кофеинот го забрзува чукањето на срцето, го засилува и стресот. Зелениот чај е одличен за вакви моменти.rn

    11. Извршете неколку домашни обврски

    rnАко се чувствувате навистина лошо, одличен начин да го промените тоа е да работите нешто дома што бара движење. Исчистете ја кујната, фрлете го ѓубрето или слично. Ако сте на работа, искористете ја паузата да завршите некои други обврски. Ќе се смирите за многу кратко време.rnrnПогледнете ги и овие кратки начини за ослободување од стресот.

  • 10 неверојатни антички техники за претскажување на иднината

    10 неверојатни антички техники за претскажување на иднината

    Денес претскажувањето на иднината обично вклучува гледање на кафе, тарот карти, читање од дланка, или пак хороскоп. Овие модерни техники не се ништо во споредба со она што се случувало во минатото. Низ историјата луѓето биле опседнати со иднината исто како што сме и ние денес. Во древниот свет биле практикувани многу техники и ритуали за предвидување, а во продолжение ќе ги погледнете некои од најчудните.rn

    1. Амиомантија

    rn(1)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnКога се раѓа едно дете, понекогаш има мембрана која ја покрива неговата глава. Ова се случува многу ретко, еднаш на 80.000 бебиња. Во минатото кога ќе се случело ова, луѓето сметале дека со таа мембрана може да ја одредат иднината на детето. Ако била црвена, значело дека ќе има среќен живот. Ако е сина значело дека ќе му се случи нешто ужасно во иднина. Постои една легенда во Полска според која детето што е родeно со мембрана ќе се претвори во вампир. За да го спречат ова, луѓето ја сушеле мембраната и ја чувале до 17-тиот роденден на детето, а потоа го терале да ја изеде.rn

    2. Пиромантија

    rn(2)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnВо древна Грција, следбениците на богот Хефест верувале дека можат да комуницираат со него преку огнот. Луѓето гледале во огнот и тврделе дека можат да ја видат иднината. Формата на огнот се сметала како знак од боговите за добра иднина или за лоши веси. Ако фрлеле некој предмет во огнот, начинот на кој тој горел ја покажувал иднината. Ако предметот изгорел брзо без многу чад, ова биле добри вести. Спротивно, ако било тешко да изгори, тоа било знак за некаква трагедија.rn

    3. Долг човек

    rn(3)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnИндијанците Чироки се консултирале со лекар, односно со „долгиот човек“ секогаш кога сакале да дознаат нешто за иднината. Овој човек живеел покрај реката, правел некаква магија и барал знак за иднината на луѓето. Ако реката продолжела да си тече без никакви промени, тоа било знак на долг живот и богатство во наредните 7 години. Но ако на реката се појавел и најмал лист, тоа било знак за смрт во блиска иднина.rn

    4. Зоомантија

    rn(4)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnВо многу култури однесувањето на животните се гледало како знак за иднината. Во древна Грција, Александар Македонски добивал совети од еден гледач по име Аристандер. Еден ден Александар сакал да жртвува животно за боговите со цел да победи некоја битка. Одеднаш над олтарот прелетала голема птица која фрлила камен на главата на кралот. Аристандер бил таму и заклучил дека Александар ќе ја добие битката, и дека нема потреба од принесување жртва. Постоеле одредени видови зоомантија, во зависност од животното. На пример, мачките секогаш биле симболи на вештерките. Тоа дека мачките ја предвидуваат иднината до некаде е точно бидејќи тие чувствуваат кога се приближува земјотрес или ураган.rn

    5. Кристална топка

    rn(5)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnКристалната топка е можеби најпознатиот начин за предвидување на иднината. Всушност ова може да се изведе на каква било мазна рефлективна површина. Во 16-тиот век во Англија, советникот на кралицата Елизабета, Џон Ди, користел кристална топка за предвидување на иднината. Тој предвидел дека сестрата на Елизабета, Мери, ќе умре, а тронот ќе го наследи Елизабета. Тој бил затворен поради вештерство, но по 3 години неговото предвидување се остварило. Елизабета веднаш го извадил од затворот, а неговата „магија“ почнала да се смета за божествена. Џон продолжил редовно да се занимава со окултизмот и многу често цртал чудни симболи за кои тврдел дека се јазик кој го научил од ангелите.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 3 научно докажани техники кои ќе ја зголемат вашата продуктивност

    3 научно докажани техники кои ќе ја зголемат вашата продуктивност

    Дали се чувствувате како постојано да сте во трка со времето? Дали сте уморни уште пред да стигнете на работното место? Денес од луѓето се очекува да завршат многу работи во еден ден, но бидејќи времето е кратко сето тоа резултира со стрес и притисок. Поради ова, продуктивноста денес е многу важна. Луѓето кои сакаат да ја постигнат својата цел знаат дека треба да завршат повеќе работи за пократко време. Овие техники ќе ви помогнат во тоа.rnrn3-nauchno-dokazhani-tehniki-koi-kje-ja-zgolemat-vashata-produktivnost-kafepauza.mkrn

    1. Одредете време за секоја задача

    rnКрајните рокови имаат голема моќ. Секогаш мислиме дека ќе почнеме на време да се подготвуваме, но не почнуваме сè додека не знаеме уште колку време имаме. Едно правило вели дека ако не одредиме краен рок за нешто, нема никогаш да го направиме. Кога мислиме дека имаме многу време, го исполнуваме со неважни работи. Но, кога ќе го скратиме периодот за некој проект, ќе направиме сè за да го завршиме во дадениот рок.rn

    2. Не читајте негативни вести пред да одите на работа

    rnИстражувачите од Универзитетот во Пенсилванија откриле дека ако се изложите и само 3 минути на негативни вести, тоа ќе има влијание на вашето расположение, продуктивност и здравје. Во овој експеримент една група гледала негативни вести пред 10 часот наутро. Другата група гледала позитивни вести во истиот период. Од групата со негативните вести, 27% од испитаниците имале лош ден во споредба со оние кои гледале позитивни вести. Кога ќе влезете во канцеларијата со мисли дека не можете да ги контролирате нештата, така им пристапувате и на предизвиците. Оваа состојба на умот која е наречена „научена беспомошност“ се карактеризира со депресија и намалена продуктивност.rnrnГледајте вести само ако сте сигурни дека ќе бидат позитивни. Немојте да гледате телевизија или да слушате радио бидејќи голема е веројатноста да дознаете некоја лоша вест. Можете да следите многу страници на Фејсбук кои објавуваат позитивни вести и пораки кои ќе ве мотивираат во текот на денот.rn

    3. Излезете надвор и зближете се со природата

    rnПриродата има неверојатна моќ да го смири умот. Едно истражување покажало дека времето поминато во природа ги полни луѓето со енергија и прави да се чувствуваат „живи“. Ричард Рајан, професор по психологија, изјавил:rn

    „Многу често кога сме уморни посегнуваме по шолја кафе. Но, ова истражување покажа дека во овој случај подобро е да се поврземе со природата.“

    rnПа секогаш кога ќе се чувствувате уморно, излезете надвор и вдишете свеж воздух наместо да внесувате повеќе кофеин. Ако не сте во можност да излезете, доволно е да застанете и покрај некој прозорец за да се почувствувате подобро. Дали имате забележано дека и временските услови може да влијаат на вашето расположение? Причината е тоа што сончевата светлина ни ги дава фокусот и свежината кои ни се потребни за да бидеме попродуктивни.rn

    Заклучок

    rnСекој ги има истите 24 часа, ни повеќе ни помалку. Но, ако ги примените овие научно докажани техники за да ја зголемите вашата продуктивност, ќе можете да завршите повеќе задачи за пократко време. Исто така ќе го намалите нивото на стрес и ќе го подобрите квалитетот на вашиот живот.rnrnДали знаевте дека овие видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност?

  • Дајте му оддишка на вашиот изморен мозок и почнете да си ја следите интуицијата!

    Дајте му оддишка на вашиот изморен мозок и почнете да си ја следите интуицијата!

    Дали знаете дека вашата потсвест може многу побрзо да сфати некои работи за разлика од вашата свест? Едно истражување од 2016 година открило дека ако го употребувате вашиот инстинкт, односно несвесните емоционални информации, ќе можете да донесувате подобри и посамоуверени одлуки. За жал, живееме во свет преполн со информации и честопати им даваме преголемо значење на надворешните влијанија. Интуицијата треба да нѐ потсети дека ние ја поседуваме моќта и да нѐ насочи кон вистинскиот пат. Прочитајте ги следниве техники што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата интуиција…rnrnДајте му оддишка на вашиот изморен мозок и почнете да си ја следите интуицијата!rn

    Обрнете внимание на болките

    rnКога вашата интуиција не е сигурна во врска со нешто, тој сомнеж може да се изрази на физички начин. Знаците што ви ги праќа телото можеби се одговорите што вашиот мозок не сака да ги чуе. Некои луѓе забележале дека имаат поголеми болки во мускулите кога нивната интуиција се обидува да ги предупреди во врска со некој човек или ситуација.rn

    Создадете си тивок простор

    rnСоздадете си простор каде што никој нема да може да влезе и одете во библиотека, закажете си масажа или почнете да одите на часови по јога. Повременото исклучување од секојдневието може да ви помогне да се сконцентрирате на она што ви се случува однатре.rn

    Замислете си го третото око

    rnСпоред хиндуизмот, третото око се наоѓа во центарот на вашето чело, помеѓу веѓите и функционира како прозорец помеѓу интуитивниот дел од вашиот мозок и надворешниот свет. Обидете се да си го замислите вашето и потоа затворете ги вашите вистински очи и замислете си како „повисокото“ око ви се отвора. Вдишувајте и издишувајте 5 до 8 пати. Колку и да ви звучи чудно, оваа вежба ќе го олесни струењето на информациите што ви ги праќа вашата интуиција.rn

    Забележувајте ги знаците

    rnКога ќе забележите некои среќни случајности, како на пример совпаѓање на некои бројки и датуми, на тој начин вашата интуиција можеби ви дава зелено светло. Замислете си дека сакате да купите нов стан и одеднаш забележувате дека неговиот број е ист со роденденот на мајка ви. Иако овие судбински знаци се значајни, треба да внимавате и на логичките факти. Ако не можете да си ја дозволите цената на станот, треба да продолжите со потрагата.rnrnПогледнете ги и овие 8 силни знаци дека сте изгубиле контакт со вашата интуиција.

  • 3 животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете

    3 животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете

    Училиштата се установи во кои се специјализираме за одредена област од животот од која сакаме да заработуваме, но често токму оние клучните вештини што ни се потребни најпрво за преживување, а потоа и за успех, целосно се занемаруваат. Во продолжение следуваат трите клучни вештини што ниту едно училиште не ги развива, а би требало, бидејќи се важни за животот надвор од училишните клупи.rnrn3-zhivotni-veshtini-shto-ne-se-uchat-na-uchilishte-a-bez-koi-ne-mozhete-da-prezhiveete-www.kafepauzaz.mkrn

    1. Управување со времето

    rnУправувањето со времето е една од клучните животни вештини, но ниту едно училиште не овозможува детални лекции на оваа тема. Никој нема да ви даде модел или образец по кој треба да управувате со времето, па затоа обрнете внимание на следниве совети.rnrnНајпрво, многу е важно да се ослободите од лошите навики како што е одложувањето. Исто така треба да ги ставите зад себе и сите оние навики што ви одземаат време, а за возврат не ви даваат ништо. Потребно е и да ги елиминирате активностите што не ви ги даваат резултатите што ги посакувате.rn

    2. Управување со финансиите

    rnДури и оние што завршиле факултет во областа на финансиите не знаат како правилно да управуваат со парите во секојдневието. Тие теоретски ги разбираат големите трансакции и нивните форми, но немале прилика да преземат одговорност за себе.rnrnИсто како и со управувањето на времето, управувањето со парите во голема мера влијае на целиот живот. Најпрво, многу е важно да бидете свесни каде ви одат сите пари, до последниот денар. На овој начин ќе можете поефикасно да ги распределувате финансиите. Потоа потребно е да создадете соодветен лимит за трошење и секако, да започнете со штедење (барем 10% од вашата месечна заработка да се трга на страна).rn

    3. Техники за преживување

    rnИако некои училишта обработуваат некои теми во оваа област, денес ретко се наоѓа човек што би можел да преживее подолго време во дивина, без помош од други луѓе или технологија. Градењето засолниште, навигацијата, првата помош, како и користењето растенија и животни за опстанок во непозната средина е многу важно да се знае, бидејќи животот е непредвидлив.rnrnДоколку ги знаеме основите за преживување во дивина, ние исто така и многу полесно ќе се снаоѓаме во секојдневниот живот, а на тој начин и ќе си ги олесниме деновите. Токму затоа и не испуштајте ниту една шанса да научите нешто повеќе на оваа тема, без разлика дали е со читање и потоа вежбање, или пак, со патување и снаоѓање во различни култури. Кога учите како изгледа животот без технологија, почнувате да се вреднувате и повеќе да го цените секојдневието.rnrnПрочитајте ги и овие 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет.

  • Самите го создавате впечатокот за себе: Со помош на овие 5 совети ќе им се допаднете на луѓето за само 90 секунди

    Самите го создавате впечатокот за себе: Со помош на овие 5 совети ќе им се допаднете на луѓето за само 90 секунди

    Претставувањето трае само неколку секунди, а тоа е доволно за да создадеме впечаток и потоа истиот да го носиме со себе. Обрнете внимание на овие мали техники и добриот впечаток е загарантитран. „Првото и основно правило е, ако сакате да им се допаднете на другите, бидете отворени, без предрасуди и заблуди“, советува Николас Бутмен. Тој во книгата „Како да им се допаднете на луѓето за 90 секунди и помалку“ открива што сѐ влијае на првиот впечаток и како самите можеме да влијаеме на мислењето на другите за нас.rnrn1-samite-go-sozdavate-vpechatokot-za-sebe-so-pomosh-na-ovie-5-chekori-kje-im-se-dopadnete-na-lugjeto-za-90-sekundi-www.kafepazua.mk_rn

    Прв чекор: Бидете отворени

    rnМногу е важно во секоја комуникација да влегувате со отворени срце и став. Немојте да ги прекрстите рацете, а ако имате јакна или сако, откопчајте ги. Многу е важно да бидете позитивни кон новите луѓе. Кога се поздравувате или се претставувате, Бутман советува да го освестите тоа чувство на позитивност.rn

    Втор чекор: Остварете контакт со очите

    rnСекој треба да поттикне контакт со очите, бидејќи во нив се гледа позитивниот став кон новите личности. Во комбинација со насмевка, првиот контакт остварен и со очите, другите луѓе ќе го доживеат како попозитивен и поотворен отколку без него.rn

    Трет чекор: Зрачете со позитивност

    rnБутмен советува дека е добро да бидете првите што ќе се насмевнат или ќе остварат контакт. На тој начин испраќате порака дека сте искрени. Истражувачите на социјалните вештини и комуникации велат дека ако се смеете и имате отворен став кон луѓето додека се запознавате, тие ќе ве запомнат во среќен контекст и дека подобро ќе се сеќаваат на вас.rnrn2-samite-go-sozdavate-vpechatokot-za-sebe-so-pomosh-na-ovie-5-chekori-kje-im-se-dopadnete-na-lugjeto-za-90-sekundi-www.kafepazua.mk_rn

    Четврт чекор: Поздравете ги другите со искрена насмевка

    rnБез разлика како поздравувате некого, важно е во поздравот да внесете позитивна енергија и насмевка. На тој начин на личноста ѝ давате впечаток дека сте среќни што се запознавате. Исто така, при ракувањето важно е да се ракувате цврсто. Кога некој ќе ви се претстави, добро е да го повторите името. На тој начин полесно ќе го запомните, но и ќе оставите цврст позитивен впечаток. Во случај да запознавате повеќе луѓе одеднаш, не треба да се ракувате со секого, но важно е со сите да ги споделите останатите знаци на запознавање – контакт со очите, насмевка и повторување на поздравот со името.rn

    Петти чекор: „Влезете“ во ракувањето

    rnКај запознавањето нови луѓе, обидете се да се опуштите. Кога ќе ја подадете раката за ракување, обидете се и со целото тело да „влезете“ во ракувањето. Доволно е со отворено тело лесно да се доближите кога ќе ја пружите раката да се ракувате.rnrnМислите дека 90 секунди е предолго? Прочитајте и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди!

  • 6 едноставни техники за самоодбрана што секоја жена треба да ги знае

    6 едноставни техники за самоодбрана што секоја жена треба да ги знае

    Способноста да се одбраните може да биде разликата помеѓу живот и смрт, или помеѓу киднапирање и бегање. Самоодбраната е способност која секоја жена треба да ја има, а добрите новости се што не е потребно да бидете карате мајстор за да бидете подготвени.rnrn(7)6-ednostavni-tehniki-za-samoodbrana-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrnrnМногу жени се загрижени дека нема да можат правилно да ги изведат чекорите во овие техники за самоодбрана. Но, дури и да не ги совладате совршено, знаењето на чекорите и агресијата која се јавува во вакви ситуации се сосема доволно за да се одбраните.rn

    1. Директен удар

    rnrnrnКога ви се приближува некоја опасна личност, постојат неколку едноставни движења кои можете да ги направите пред личноста да ве стигне. Лесно и инстинктивно движење е директниот удар. Жена можеби не би била во можност да победи маж во бокс, но запомнете дека во овие ситуации нема правила. Удрете на најранливите делови – неговите очи, нос, грло и уши. Немојте да трошите енергија удирајќи ги неговите гради, стомак или раце.rn

    2. Преден удар

    rnrnrnДруга корисна техника за одбрана е предниот удар. Застанете цврсто на вашите нозе и обидете се да го удрите напаѓачот во препоните. Ударот нека биде со врвот на вашите чевли или делот каде што се наоѓаат врвките. Не му давајте можност на напаѓачот да ја фати вашата нога, вратете ја назад најбрзо што можете и подгответе се за уште еден удар.rn

    3. „Убод“ во очи

    rnrnrnСо благо свиткани прсти неколку пати убодете ги очите на напаѓачот. Немојте да се плашите да ги користете вашите нокти. Напаѓајте сè додека не ви се отвори можност за бегање. Доколку напаѓачот го блокира вашиот убод, искористете го предниот удар во неговите препони па менувајте ги овие две техники.rn

    4. Удар со колено

    rnrnrnАко напаѓачот е премногу близу за да ги искористите претходните техники, користете го вашето колено. Ставете ја едната нога назад и удрете со коленото во неговите препони. Обидете се да удрите со коската на вашето колено бидејќи така ќе предизвикате поголема болка.rn

    5. Мечкина прегратка

    rnrnrnНападот од назад може да биде навистина застрашувачки, но не грижете се, има начин да се одбраните дури и ако напаѓачот ве грабнал. Можеби првиот инстинкт ќе ви биде да му ги фатите рацете и да се обидете да се ослободите, но ова најчесто нема ефект. Наместо тоа смалете се најмногу што можете – соберете ги рацете на страна, згрчете се и наведнете се. Кога ќе го смените вашиот центар на гравитација, на напаѓачот ќе му биде потешко да ве крене и ќе имате подобра шанса да избегате со спуштање од неговите раце.rn

    6. Одбрана од давење

    rnrnrnЕден од најопасните начини на кои можете да бидете нападнати е давењето. Кога сте во ваква ситуација имате само неколку секунди пред да изгубите свест. За среќа, постои трик и за ова. Кренете ги рацете високо и спојте ги дланките, а потоа со рацете тргнете го неговиот зафат. Тој нема да може да ви ги фати рацете бидејќи во тој момент ќе му бидат зафатени.rnrnСепак, само читањето за овие техники не е доволно. Она што навистина е потребно е да се фокусирате макар и на само едно движење и да го научите навистина добро. Повторувајте го дури не ви стане рефлекс. Па, сами или со пријател вежбајте ги овие движења кои можеби еден ден ќе ви го спасат животот.rnrnПогледнете ги и овие женски „оружја“ кои можат да ви помогнат.