КАФЕ ПАУЗА

Tag: техники

  • 5 клучни техники на шминкање кои треба да ги совладате

    5 клучни техники на шминкање кои треба да ги совладате

    Изгледа шминката станува сè поважен дел од нашата секојдневна бјути рутина. Во секоја доба од денот, без разлика каква прилика е во прашање и каков стил сакаме, соодветната шминка се подразбира, а гордоста која ја чувствуваме по завршувањето на шминкањето, кога ќе се погледнеме во огледалото и ќе сфатиме дека изгледаме прекрасно е непроценливо. Но, дури и да не сте толку вешти, денес ви претставуваме 5 клучни техники на шминкање кои мора да ги совладате за да добиете совршен изглед.rn

    1. „Вертикална“ мејкап техника

    rn1-5-kluchni-tehniki-na-shminkanje-koi-treba-da-gi-sovladate-www.kafepauza.mk_rnrnОваа техника на шминкање е одлична за девојките со ситни, тесни или очи со средна големина, бидејќи прави тие да изгледаат пошироко и покрупно. Може да ја користите за дневни и вечерни прилики, само треба да користите различни нијанси и „јачина“ на сенки. На пример, за дневните прилики е сосема во ред да изберете една нијанса, додека за вечерните прилики слободно играјте си со тоновите и нијансите. Само запомнете – најтемната нијанса секогаш се нанесува на надворешниот агол од окото!rn

    2. „Хоризонтална“ мејкап техника

    rn2-5-kluchni-tehniki-na-shminkanje-koi-treba-da-gi-sovladate-www.kafepauza.mk_rnrnАко имате крупни очи, задолжително шминкајте со оваа техника! Со ваквиот начин на нанесување сенка, вашите очи ќе изгледаат издолжено и во форма на бадем, а за дополнителен ефект слободно употребете и ајлајнер или молив за очи. Ќе изгледате прекрасно!rnrnПреминете на следната страница за останатите техники…rn

  • Зошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои не може да постои вистинска љубов

    Зошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои не може да постои вистинска љубов

    Источниот начин на живот привлекува многу поради неговата едноставност, а тоа особено се однесува на љубовта. Западниот систем на љубовта е таков што кога некој ќе ни се допадне, копнееме за него, можеби и го освојуваме, потоа започнуваат разочарувањата и наскоро со повредено его одиме да пронајдеме нова вистинска љубов. Всушност, ние не умееме да сакаме, или бзрем така вели зен учителот Тич Нат Хан.rnrnЗошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои нема вистинска љубовrn

    „Кога сакаме, а не знаеме како правилно да го направиме тоа, го повредуваме онoј што го сакаме“, вели тој.

    rnЗен учењето нуди 4 аспекти на вистинската љубов кои често ги одбегнуваме. Еве за што станува збор.rn

    Маитри

    rnЗборот „Маитри“ доаѓа од санскрит, стар индоевропски јазик, и значи пријател. Секој кој го сакате пред сѐ треба да ви биде пријател, вклучувајќи ги и љубовниците. Ако во односите постои само страст и желба за освојување, таму нема да постои пријателство, Никогаш нема да можете да бидете пријател со некого, доколку најпрво не сте најдобар пријател на себе. Така, патот до вистинската љубов е преку љубовта кон себе. Дури кога ќе знаете кои сте и каде одите, може да му се придружите некому во неговиот пат.rn

    Каруна

    rnЗборот „Каруна“ значи сочувство, односно желба да се сподели товарот со другите. Кога тоа го немате во себе, страдањето на другите го гледате како товар што не сакате да го носите, а без тоа нема љубов. Ова не значи дека треба да им дозволите на другите да прават што сакаат со вас, туку како што сакате некој со вас да го подели вашиот товар, мора да сакате и вие да понесете туѓ.rn

    „Разбирањето на нечие страдање е најдобриот подарок што можете да им го дадете на другите. Разбирањето е второто име за љубовта. Ако не разбирате, не можете ни да сакате“, вели Хан.

    rnЗошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои нема вистинска љубовrn

    Мудита

    rn„Мудита“ е еден вид надополнување на претходната техника, каруна, и во превод значи сочувствување со среќата. Всушност, ова е способност вистински да се радувате поради нешто убаво што им се случува на другите.rn

    „Една врата до сочувствителната среќа води преку сочувствувањето. Животот е многу непредвидлив и промените од болка во среќа се случуваат во секунда. Сите имаме подеми и падови, а сите луѓе делат ранливост која ја носи оваа промена. Кога ќе се сетиме дека и луѓето на кои им завидуваме патат, можеме да им бидеме многу блиски“, советува Хан.

    rn

    Упекша

    rn„Упекша“ е балансиран и смирен пристап кој мора да го имате во сите работи во животот, па и во љубовта, а вистинската љубов треба да има рамнотежа. Без упекша станувате посесивни и напорни. Таквите луѓе им ја одземаат слободата на оние што ги сакаат, така што на крајот нивен предмет на љубов престанува да биде она за што нив ги засакале. Тоа не е љубов, туку уништување. Упекша значи „мудрост на еднаквоста“, односно способност да се разбере дека сите сме исти и дека имаме иста слобода, како и дека немаме право таа слобода да им ја одземаме на другите. Дури кога ќе го сфатите ова, ќе ви биде јасно дека немате право предметот на својата љубов да го држите толку цврсто, бидејќи на тој начин ќе почне да овенува, наместо да цвета.

  • 5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност

    5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност

    Анксиозноста претставува страв од иднината. Луѓето ја развиле способноста да ги предвидуваат идните случувања и овој еволуциски напредок ни дава многу предности за разлика од останатите живи суштества и ни овозможува да ги решиме проблемите уште пред да се појават. Меѓутоа, оваа способност не оди секогаш во наша корист. Ние стануваме анксиозни кога нашиот ум постојано се фокусира на иднината. Луѓето обично страдаат од панични напади навечер, пред да си легнат, бидејќи тоа е периодот кога несаканите мисли кои ги криеле во текот на целиот ден излегуваат на виделина. Станува збор за нападни мисли како на пример „Што ќе се случи утре?“ или „Што треба да направам за да ја решам оваа ситуација?“, кои го обземаат нашиот ум и нè спречуваат да заспиеме.rnrn5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозностrnrnАнксиозноста е сѐ почеста појава која засега милиони луѓе ширум светот и бројката продолжува да расте со огромна брзина. Меѓутоа постојат одредени техники кои можат да ви помогнат да се справите со анксиозноста на многу ефикасен начин. Овие техники се исто така корисни за сите кои сакаат да го подобрат својот живот.rn

    1. Спротивставете им се на анксиозните мисли

    rnАнксиозноста се храни самата од себе. Ако им дозволите на негативните мисли да се развиваат, ќе полудите! Анксиозноста може да порасне како снежна топка која се тркала надолу по ридот и вие сте единствените кои ја имате моќта да ја сопрете. Прво мора да научите да ги идентификувате негативните мисли кога ќе се појават. Кога ќе забележите дека самите ги храните и потпалувате нападните мисли, запрашајте се: „Колкава е веројатноста да се случи ова?“. Престанете да мислите на минатото и иднината и обидете се да си замислите каков би ви бил животот кога би немале грижи.rnrnАко ова не функционира, направете листа. Запишете ги вашите мисли и што планирате да преземете во врска со нив. Оваа техника ќе ви помогне да ги рационализирате проблемите и да ја најдете нивната вистинска димензија. Со други зборови, нема да им дозволи да продолжат да растат и да се зголемуваат во вашата глава. Исто така, можете да ги запишете и вашите цели и како планирате да ги постигнете.rn

    2. Медитирајте и земајте воздух

    rnОва е најчестиот совет кој е најефективен во борбата со анксиозноста. Ако редовно имате напади на анксиозност, запишете се на курс за медитација. Оваа навика ќе ви помогне да го намалите стресот и значајно да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Доколку немате често напади на анксиозност и медитацијата не е по ваш вкус, пробајте ги техниките за дишење. Тие можат многу да ви помогнат да се опуштите пред спиење, но може да ги користите и во секоја стресна ситуација. Телото ќе ви биде благодарно.rnrn5 ефективни начини да ги победите нападите на анксиозностrn

    3. Ослободете ги мозочните хемикалии за добро расположение

    rnКога вежбате, вашето тело ослободува ендорфин и серотонин, односно двата ензими кои мозокот ги поврзува со чувството на задоволство и благосостојба. Тие го загреваат целото ваше тело и ја намалуваат тензијата во мускулите. Физичките вежби се исто така корисни за да го задржите фокусот на тоа што се случува сега и тука.rn

    4. Обидете се со природни лекови

    rnБилните лекови, особено билните чаеви како што се чајот од корен од валеријана, лаванда и камилица, ќе ви помогнат да ја намалите анксиозноста и нервозата и да заспиете побрзо.rn

    5. Одбегнувајте кофеин

    rnКофеинот го зголемува нивото на анксиозност и предизвикува панични напади кај луѓето кои имаат проблем со тоа. Кофеинот е стимуланс кој може да доведе до нервоза, неправилно срцебиење и вознемиреност. Тој исто така ќе ве држи будни, што предизвикува уште повеќе анксиозност. Добро размислете пред да посегнете по вашиот следен пијалак со кофеин.

  • Трепки какви што отсекогаш сте посакувале: 4 одлични техники за нанесување маскара

    Трепки какви што отсекогаш сте посакувале: 4 одлични техники за нанесување маскара

    Трепките навистина се клучниот дел од женската убавина. Испеани се во многу песни и отсекогаш биле синоним за женственоста и мистериозноста. Денес постојат различни техники за да ги направите подолги, погусти и повеќе заводливи, а една од најраспространетите е со користење маскара. Веруваме дека веќе имате некоја своја вообичаена рутина за нанесување маскара, но добро би било да дознаете и некои други начини кои ќе ви дадат различни и богати ефекти.rn

    1. Природни трепки

    rn1-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnОва е воедно и најкласичниот начин за нанесување масакра, но затоа е и проверено добар и ќе прилега на секоја од вас. Поставете ја четката во паралелна положба со средишниот дел на горните трепки, доближете ја до коренот и започнете да ја движите лево-десно влечејќи ја право нагоре, за убаво да ги раздвоите трепките и да нанесете од производот на секоја од нив.rnrnПотоа поставете ја четката на агол од 45 степени во однос на трепките на надворешниот дел и со истиот цик-цак метод извлечете ја кон надвор, за да постигнете ефект на извиткани трепки. Повторно поставете ја четката под агол од 45 степени, но овој пат на коренот на трепките од внатрешниот агол на окото и нив извадете ги кон надвор. Ова ќе го „отвори“ окото и ќе го направи покрупно.rnrn2-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnОчите ќе бидат истакнати, но не и нападни и впечатливи, па затоа оваа техника е одлична за дневни варијанти кога ќе посакате природен изглед.rn

    2. Мачкини очи

    rn4-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnАко сакате да ги шминкате очите така што тие ќе изгледаат како на мачките, а тоа подразбира нивен закосен изглед и нанесување на потемни сенки на надворешниот агол на капакот, тогаш и трепките треба да го следат овој изглед.rnrnЗапочнете така што ќе ја нанесете маскарата како во претходниот метод, но овој пат повеќе фокусирајте се на трепките од надворешниот агол. На нив нанесете повеќе слоја, држејќи ја четката под агол од 45 степени. Можете благо да ги „запечатите“ на аголот.rnrn3-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnСо сигурност ќе го добиете мачкиниот изглед што го посакувате!rn

    3. Нагласување на долните трепки

    rn6-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnОва е идеална техника за сите оние што имаат ситни очи. Нагласувањето на долните трепки ќе го „отворат“ окото и ќе го направат впечатливо, па така тоа ќе делува покрупно.rnrnЧетката од маскарата завртете ја вертикално и доближете ја до врвовите на долните трепки, па движете ја лево-десно така што ќе оставите поголема количина од производот на нив. Потоа, поставете ја паралелно со коренот на трепките и извлекувајте ја, фокусирајќи се најмногу на маската во самиот корен.rnrn5-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnЕфектот ќе биде навистина неверојатен!rn

    4. Мега волумен

    rn8-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnИзразениот волумен на трепките е и тоа како можен со правилната техника за нанесување маскара. Оваа техника е резервирана за најхрабрите помеѓу вас, а ја препорачуваме за вечерни излегувања.rnrnАко сакате вашите трепки да изгледаат како оние на Бети Буп, нанесете ја маскарата користејќи ја техниката за природен изглед, а потоа додека таа е сè уште влажна, со помош на четка нанесете бебешка или безбојна пудра, така што потполно ќе ги прекриете. Веднаш после овој чекор нанесете втор слој од маскарата. Доколку сакате навистина впечатлив изглед и ефект на „пајакови нозе“ повторете го уште еднаш целиот процес пред да се исуши вториот слој на маскара.rnrn7-4-tehniki-za-nanesuvanje-na-maskara-za-trepki-kako-shto-otsekogash-ste-posakuvale-www.kafepauza.mk_rnrnЕфектот ќе биде бомбастичен!

  • 7 едноставни техники за олеснување на секојдневниот живот

    7 едноставни техники за олеснување на секојдневниот живот

    Дали постојат едноставни техники кои можат да го олеснат секојдневниот живот? Природно е да претпоставиме дека нема лесни трикови кои моментално ќе го поедностават нашиот живот. И нема да погрешиме. Но, не е сѐ така мрачно. Всушност постојат неколку техники кои можат да ви бидат од голема помош во секојдневниот живот. Внимателно прочитајте ја листата и обидете се овие методи да ги применете во вашиот живот со цел да ви биде многу полесно.rn

    1. Живот како видео игра

    rn7 лесни техники за олеснување на секојдневниот животrnrnИгрите се за деца и вообичаено се сметаат како залудно изгубено време, но тоа не е целата приказна. Докажано е дека видео игрите се многу ефективни против депресијата и анксиозноста. Трикот со видео игрите е дека на крај секогаш добивате признание за сработеното и генерално се забавни за играње. Луѓето можат да ги искористат предностите од видео игрите и да ги имплементираат во нивните животи. Едноставно обидете се да ги замислите позитивните промени како енергија која ја наоѓате во игрите, а сите секојдневни пречки како лошите момци кои мора да бидат уништени.rn

    2. Држење на телото

    rn7 лесни техники за олеснување на секојдневниот животrnrnКога ќе видите човек со спуштена глава и собрани рамена, првото нешто кое ви доаѓа на памет е анксиозност, депресија и несигурност. Понекогаш луѓето имаат толку лош ден, што едноставно го крши нивниот дух, а тоа се одразува и на држењето на телото. Но едно мора да запаметите. Без разлика што ви се случува, секогаш држете ги телото и грбот исправени. Ова не е само одличен совет за држење на телото, туку истовремено е и психолошка предност. Кога ќе го исправите телото вие потсвесно ја поправате сликата за себе и начинот на кој ве перципираат другите.rn

    3. Распоред за јадење

    rn7 лесни техники за олеснување на секојдневниот животrnrnИстражувањата покажале дека ако не можете да се наспиете и се будите уморни, причината за тоа може да биде јадењето во доцните часови. Во нас има „часовник за храна“ и може да биде искористен во наша полза. Тој часовник го програмира нашиот распоред за спиење, така што не треба да јадеме 16 часа пред времето кога сакаме да се разбудиме. Истиот систем го користат и животните, што значи дека дефинитивно е природен.rn

    4. Самоконтрола

    rn7 лесни техники за олеснување на секојдневниот животrnrnИнтересно е како дури и најмалите проблеми можат да нè извадат од памет. Но, проблемите не се создаваат од нашата реакција, туку агресивноста и гневниот што следуваат после неа. Некои можат тоа да го наречат лош темперамент, но во реалноста, станува збор за недостаток на самоконтрола. За среќа постои начин да се подготвите за сѐ што може да ви предизвика гнев, како и да се научите да ги прифаќате промените. Во слободно време користете ја послабата рака за извршување едноставни задачи. Фактот што ќе го надминете инстинктот за користење на вашата посилна рака ќе ви помогне да останете смирени во тешки ситуации.rn

    5. Осветлете го просторот околу вас

    rn7 лесни техники за олеснување на секојдневниот животrnrnИако звучи чудно, боите околу вас имаат големо влијание на вашите емоции. Со години наназад, нашата култура се адаптирала дека темните бои означуваат тага и жалење. Но, ако погледнете наоколу ќе видите дека темните бои преовладуваат во нашите животи. Тоа е така затоа што тие полесно се вклопуваат во околината и полесно се чистат. Но, среќата е во малите нешта. Заменете ја црната табла, со бела. Купете светли парчиња облека за да ви го осветлат денот.rn

    6. Музика

    rn7 лесни техники за олеснување на секојдневниот животrnrnЕдно од најдосадните нешта е сообраќајниот метеж наутро. Вие веќе доцните, но автомобилите и автобусите излегуваат од секаде. Почнува да ви излегува пареа од ушите и наеднаш почнувате да паничите. Музиката е единственото нешто кое може да ве спаси во овие моменти. Терапевтските влијанија на музиката се добро познати и можат да се користат во секојдневниот живот. Секогаш имајте добар микс од омилените песни во вашиот автомобил и кога ќе започне сообраќајниот метеж, само пуштете музика и пејте заедно со вашите омилени пејачи. Користете ја музиката да ги надминете тешките моменти во животот, како и да ги прославите среќните.rn

    7. Одберете едно нешто и обидете се да го добиете

    rn7 лесни техники за олеснување на секојдневниот животrnrnНајчестата грешка што ја прават луѓето во секојдневниот живот е тоа што често имаат лоши избори. Кога се соочени со повеќе опции, луѓето едноставно се смрзнуваат и избираат што било. Вообичаено ова го правиме обидувајќи се да ги држиме сите врати отворени. Но советот е дека треба да се фокусираме на едно нешто и да се држиме до него до самиот крај. Направете план и што и да ви излезе на патот, бидете сигурни дека веќе знаете каде одите. Одбирањето една опција ќе ви ги намали грижите и ќе ви овозможи да ја користите моќта на мозокот за избраната цел.

  • Три мејкап техники кои се тотален хит на Инстаграм!

    Три мејкап техники кои се тотален хит на Инстаграм!

    Скоро секој ден на социјалните мрежи завладува некој нов тренд во шминкањето. Благодарение на Инстаграм, дури и некои почетници можат лесно и брзо да ги совладаат оние кои се малку потешки мејкап техники. Ние ви претставуваме три техники кои моментално се најпопуларни и кои самите лесно ќе ги совладате.rnrn1-tri-mejk-ap-tehniki-koi-se-totalen-hit-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    #SunStripping

    rnИако контурирањето е сè уште многу популарно ширум светот, девојките сè почесто започнуваат да го користат бронзерот на малку поразличен начин. Всушност, оваа техника подразбира хоризонтално нанесување на бронзерот од едниот до другиот образ, вклучувајќи го и носот. Овој начин на шминкање особено ќе одговара за девојките со издолжено лице, бидејќи визуелно ќе го скрати нивниот лик. Посебно внимание треба да посветите на размачкување на производот за да ги ублажите премините.rnrn2-tri-mejk-ap-tehniki-koi-se-totalen-hit-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    #Chroming

    rnИако личи на познатата стробинг техника, сепак оваа техника наместо хајлајтер вклучува нанесување посветла нијанса кармин на јаболкниците. Иако сличен ефект можете да постигнете и со обичен хајлајтер, на овој начин ќе имате можност да го искористите карминот кој можеби не ви одговарал на усните.rnrnТри мејкап техники кои се тотален хит на Инстаграм!rn

    #ColorContouring

    rnСо оглед на големиот избор на коректорите во боја на пазарот, беше само прашање на време кога некој ќе се досетеше овој производ да го употреби за друга намена. Јутјуберката TianaCosmetics се досетила наместо бронзер и хајлајтер за контурирање да употреби различни нијанси од палетата со коректори и на тој начин го создала овој интересен мејкап тренд. Зелена, виолетова, жолта и портокалова се потребните нијанси, а со добро размачкување со четка или сунѓерче ќе добиете јасно контурирно лице.rnrn4-tri-mejk-ap-tehniki-koi-se-totalen-hit-na-instagram-www.kafepauza.mk_

  • 10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавено

    10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавено

    Сите ние знаеме како мрзливоста изгледа, бидејќи и самите сме имале такви периоди, па затоа многу често ги доживуваме непродуктивните луѓе како мрзливи. Овие периоди најчесто се надминуваат, и потоа продолжуваме по својот пат, одејќи чекор поблизу до остварувањето на нашите цели. Но, што се случува кога ќе ја изгубиме решителноста и пред нас се појави страв од она кое најмногу го посакуваме? Погледнете ги следниве 10 начини кои можат да ви помогнат да продолжите да се движите кон вашите соништа во оние моменти кога сметате дека сте заглавиле.rnrn10 начини да продолжите да се движите во оние моменти кога се чувствувате заглавеноrn

    1. Напишете на лист хартија како го поминувате вашето време

    rnФокусирајте се на слободното време, по работните часови и обидете се да ги запишете сите оние нешта кои ги правите. Ако не можете веднаш да се сетите, набљудувајте се една недела и потоа запишете. Дали гледате ТВ премногу време? Дали поголемиот дел од денот го поминувате на Фејсбук? Ако сонувате да бидете писател, колку активно се вложувате во остварувањето на оваа цел?rn

    2. Набројте ги чекорите кои ќе ве одведат од остварување на вашите соништа

    rnЦелите и соништата се достигнуваат полека, со трпение и труд. Вие не можете да ги остварите сите ваши желби преку ноќ. Токму затоа направете план и поставете си временска линија во која реално би можеле да ги достигнете сите чекори до вашите соништа. Понекогаш дури и мрзливоста може да се победи со добар план.rn

    3. Направете проверка на целите

    rnОва може да биде малку застрашувачко, особено ако сте ја имале оваа цел подолго време. Доколку сте ја искажале гласно, тогаш таа станала и дел од вас. Но, ако овој сон се распаѓа затоа што не се движите кон него, тогаш можеби сте го надминале и веќе не ви е значаен. Преиспитајте се и откријте зошто постојано одложувате. Ако го правите тоа намерно, можеби сте насочени кон погрешна цел.rn

    4. Надминете го стравот од неуспех со мали ризици

    rnПоради некоја необјаснива причина, сите ние веруваме дека неуспехот е резултат на недостаток од способности, талент или мотивација. И само затоа што упорно веруваме во ова тврдење, стравот од неуспех нè спречува да се движиме во вистинската насока. Вашиот сон не може да се оствари преку ноќ, потребно е многу време, како и грешки од кои ќе учите. Едноставно направете ризик и преземете го првиот чекор. Малите успеси со тек на време ги уништуваат стравовите.rn

    5. Надминете го стравот од критицизам со тишина

    rnОвој страв најчесто се појавува како резултат од ниска самодоверба и верувањето дека нашата вредност доаѓа надвор од нас. Нормално е да сакате да ги направите вашите родители горди, но избегнувањето на нивниот критицизам не треба да биде единствената причина поради која правите нешто. За да се заштитите, споделувајте ги вашите соништа само со оние кои ве охрабруваат, а не чија единствена цел е да ве критикуваат.rn

    6. Надминете го стравот од успех со помош на мали постигнувања

    rnДа, постојат луѓе кои се плашат од успехот и можеби токму вие сте едни од нив. Проблемот настанува кога конечно ќе ги остварите вашите соништа и ќе се појави прашањето: „Што е следно?“ Многу луѓе несвесно ги саботираат своите цели бидејќи се плашат да пронајдат нови со цел да продолжат понатаму. Целта е да почнете полека, со мали успеси, за да се навикнете на напредокот и да можете полесно да го прифатите крајниот успех.rn

    7. Поделете ги вашите цели

    rnАко сметате дека сте обземени од преголема цел или сон, поделете ги на помали делчиња. Движете се чекор по чекор, освојувајќи дел по дел од вашата цел и не застанувајте сè додека не стигнете до самиот крај. Бидете храбри и направете го првиот чекор уште денес.rn

    8. Дружете се со вистинските луѓе

    rnДоколку сакате да бидете успешни во вашите цели и да не заглавувате некаде по пат, многу е важно да сте во близина на позитивни луѓе кои ќе ги поддржуваат вашите соништа и ќе ви помогнат да ги остварите.rn

    9. Визуализирајте го остварувањето на вашата цел

    rnКога конечно ќе успеете во вашите намери, како ќе изгледа вашиот живот? Каде ќе бидете вие? Што ќе правите? Колку појасно го замислите исходот, толку помотивирани ќе бидете да продолжите понатаму.rn

    10. Престанете да користите изговори

    rn„Многу сум зафатен/а со моменталната работа“, „Немам поддршка“, „Премногу е тешко“… Не им дозволувајте на негативните мисли да преовладаат и уште поважно, не дозволувајте секојдневните изговори да станат главната причина поради која ќе го одложувате остварувањето на вашите цели. Ако не успевате да најдете време, вратете се на почетокот и откријте дали навистина сакате да го постигнете тоа или пак, можеби вашите желби се смениле…

  • 9 лесни техники за поголема продуктивност кои ќе го променат вашиот живот

    9 лесни техники за поголема продуктивност кои ќе го променат вашиот живот

    Со оглед на темпото на денешницата, голема е веројатноста дека и вие сте меѓу оние луѓе на кои 24 часа во денот им се малку. Милион обврски и работи кои треба да се завршат, луѓе со кои треба да се видите, а да не зборуваме за слободното време кое веќе станало само поим кој сѐ поретко се реализира. И сето ова влијае на вашата продуктивност која, доколку размислите малку подобро, се намалува со секој нов ден.rnrnТокму поради ова, неопходно е да најдете начин да ја зголемите продуктивноста наместо да ја намалувате, а следниве 9 техники ќе ви дадат добра идеја како да го направите тоа за многу кратко време.rnrn(1)-9-lesni-tehniki-za-pogolema-produktivnost-koi-kje-go-promenat-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    1. Техниката помодоро

    rnКога е во прашање организирањето на времето, кое ни е секогаш малку на располагање, тогаш оваа техника е веројатно една од најдобрите за ефективно постигнување на таа цел. Сѐ што треба да направите е да ги поделите дневните обврски така што за секоја од нив ќе одвојувате по само 25 минути. Ова ќе бара од вас да бидете брзи и максимално фокусирани доколку сакате продуктивно да ја завршите задачата во овој краток, но сепак доволен временски период.rn

    2. Подобрување на средното ниво на перформанси

    rnВо поголем дел од случаите, луѓето се концентрираат на давање на својот максимум и дејствување на нивното највисоко перформансно ниво. Она што го забораваат е дека за да може да го достигнат максимумот, прво мора да успеат во одржување и подобрување на средното ниво на перформанси. Денес одвојте неколку минути од своето време за да размислите кое е вашето средно ниво на дејствување и што можете да направите за да го подобрите, а во меѓувреме од голема помош може да ви биде и книгата на д-р Стен Бичам, „Елитни умови.rn

    3. Планирајте однапред

    rnСите имаат сопствени барања и приоритети кои лесно можат да станат и ваши доколку го дозволите тоа. Ова значи дека ставајќи ги на прво место туѓите потреби, вие лесно може да дозволите вашите потреби и обврски да останат незавршени. Тука, предвременото планирање и договарање состаноци може да биде позитивна препрека која ќе ве спречи да го правите тоа. Знаејќи неколку дена порано кога имате обврски, а кога сте слободни, вие ќе се принудите себеси да ги завршите вашите задачи пред сѐ останато, без одложување и занемарување.rn

    4. Медитирајте

    rnВо денот преполн со обврски, медитирањето може и тоа како да ви помогне. Верувале или не, на вашиот ум му се потребни не повеќе од 10 минути дневно кога целосно ќе се опушти и препушти на мирот и спокојот, за потоа повторно да може да се посвети на продуктивното и непрестано функционирање во полн ек. Одберете го начинот на медитација кој вам ви одговара и дајте си го себеси потребниот одмор.rnrn(2)-9-lesni-tehniki-za-pogolema-produktivnost-koi-kje-go-promenat-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    5. Техники за меморирање

    rnЗаборавањето е резултат на недоволна концентрација и фокусирање на она кое инаку би требало да го запомните. Ова е проблем со кој се соочуваат голем дел од луѓето на денешницата со оглед на фактот дека сите се преоптоварени со обврски во секој дел од денот, па не е ни чудо кога нешто ќе заборават. Но, како и за сѐ друго, постои решение и за ова. Она што треба да го направите и да ја пронајдете техниката за меморирање која ви одговара и да ѝ посветите онолку време колку што ќе ви биде потребно додека таа не ви стане навика.rn

    6. Зголемете ја брзината на читање

    rnЧитањето знае да одземе голем дел од времето кое и така е прекратко. Со зголемување на брзината на читање, вие не само што го вежбате фокусот кон тоа што го читате, туку и си ослободувате повеќе време за останатите обврски. Дефинитивно најлесната и најпродуктивна техника за вежбање брзо читање е читањето книга. Со оглед на тоа дека во голем дел од времето сте зафатени, најдете период од денот кој ќе го посветите само на ова, притоа внимавајќи целосно да бидете концентрирани на тоа што го читате со цел за што пократко време да прочитате што повеќе.rn

    7. Преземајте одговорност

    rnЗа жал, луѓето почесто решаваат да најдат изговори за сето она кое половично или воопшто не го завршиле наместо да се соочат со нивната неодговорност, несоодветно организирање на времето и сл. Но, неверојатно е што сѐ може да направи преземањето одговорност за своите постапки и прифаќањето дека ниту еден изговор не е доволно добар. Ова ќе ве натера максимално да се посветите на завршување на обврските и задачите, што би барало да бидете целосно фокусирани на тоа што го правите знаејќи дека немате изговор да не успеете истовремено влијаејќи на вашата продуктивност.rn

    8. Разликувајте ги критичните од важните обврски

    rnНе сѐ мора да биде завршено баш во истиот момент кога ќе ви падне на памет. Односно, многу работи кои ги сметаме за мора во даден момент се всушност работи кои и не се толку итни доколку малку повеќе размислиме за нив. Способноста да правите разлика меѓу критичните и важните обврски е многу важна бидејќи ќе ве спречи да занемарите некоја работа која навистина барала од вас да ја завршите што поскоро. Затоа, направете список од работи кои треба да ги завршите, но поделете го списокот на критични и важни така што ќе знаете кои обврски имаат приоритет.rn

    9. Вежбајте

    rnДоколку мислите дека стресот е само психички напор, тогаш лошо се лажете. Освен што умствено ве заморува и спречува продуктивно да ги извршувате работите, стресот се собира и во секој дел од вашето тело. Од овие причини, неопходно е да си посветите време на физичкото јас така што ќе одвоите време за вежбање или, доколку немате многу време на располагање, растегнување на делови на телото кога ќе почувствувате потреба за тоа. Ослободувањето од стресот кој неминовно се насобира во вас е приоритетно за поголема продуктивност.rnrn(3)-9-lesni-tehniki-za-pogolema-produktivnost-koi-kje-go-promenat-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

  • 2, 5, 11, 15, 20, 43: Најважните броеви во вашиот живот

    2, 5, 11, 15, 20, 43: Најважните броеви во вашиот живот

    Понекогаш делува навистина невозможно во еден ден да се исполнат сите цели кои се однесуваат на здравјето, како и на личното задоволство. Но, кога животот ќе ви стане премногу тежок и не можете да видите излез, тогаш почнете да ги следите овие среќни броеви кои ќе ви помогнат да ги достигнете сите ваши цели за кратко време. Еве како тие можат да ви помогнат…rnrn2, 5, 11, 15, 20, 43: Најважните броеви во вашиот животrn

    Среќен број 2

    rnИстражувањата ни покажуваат дека ако за завршување на задачата ви се потребни 2 минути или помалку, направете го тоа веднаш. Ова 2-минутно правило брзо ќе ве ослободи од сите ситни и здодевни задачи.rn

    Среќен број 5

    rnКога сте фрустрирани и преплавени со тешки проекти во домот или на работа, смирете се со помош на 5-минутното правило. Кажете си себеси: „Ќе го работам ова уште 5 минути, а потоа ако не сакам повеќе, ќе прекинам“. Целта е да си ги повторувате овие зборови по завршувањето на претходните 5 минути, со цел да продолжите, но дури и да не го направите тоа, вие сепак веќе ќе бидете 5 минути понапред од кога сте почнале.rn

    Среќен број 11

    rnАко ве мрзи да вежбате, но сепак сакате да живеете подолго, тогаш треба да знаете дека најкраткото вежбање во текот на денот кое може да ви донесе позитивни резултати врз вашето здравје е 11 минути. Оние кои вежбаат 11 минути дневно го продолжуваат својот живот за скоро 2 години во однос на оние кои воопшто не вежбаат.rn

    Среќен број 15

    rnНе можете да одолеете и сакате да порачате трета пијачка, дури и покрај тоа што возите? Не можете да се воздржите да јадете торта, дури и покрај тоа што сте на диета? Посегнувате по уште една цигара дури и покрај тоа што сте решиле да ги откажете? Кога ви се случуваат вакви нешта, обидете се да го примените правилото од 15 минути. Кога ќе ви се појават овие внатрешни нагони, натерајте се да издржите да им одолеете 15 минути. Според истражувањата, по овие 15 минути тие самите ќе исчезнат.rn

    Среќен број 20

    rnРаботите на некој проблем подолго време и дури и покрај тоа што пробувате различни нешта, вие едноставно не го наоѓате вистинското решение? Во овие ситуации најдобро е доколку во следните 20 минути правите нешто друго, што било. На тој начин ќе го одморите вашиот мозок и ќе се ослободите од стресот. Како резултат, ќе почнете покреативно да размислувате и решението „магично“ ќе ви се појави пред очи.rn

    Среќен број 43

    rnДоколку е потребно само 11 минути вежбање на ден со цел минимално да го продолжите вашиот живот, колку треба да вежбате за да го достигнете максималниот ефект? Научниците велат дека со 43 минути вежбање на ден, вие можете да го продолжите вашиот живот и за 4,2 години.

  • 10 начини на кои можете да најдете зен во секојдневниот хаос

    10 начини на кои можете да најдете зен во секојдневниот хаос

    Што точно значи зен? Со еден збор, тоа е забавување. Замислете го денешниот ден како филм. Дали постои еден кадар во сиот тој неред и активности кој можете да го забавите или сопрете? Одговорот на ова прашање е и начинот на кој ќе го пронајдете вашиот зен. Па, погледнете ги следниве 10 брзи начини на кои можете да најдете спокој во секојдневниот хаос.rnrn10 начини на кои можете да најдете зен во секојдневниот хаосrn

    1. Затворете ги очите

    rnОва всушност е многу едноставно. Вие можете во кое било време да застанете, да се повлечете еден чекор наназад и да ги затворите вашите очи со цел да погледнете кон внатре. Секогаш кога го правите ова, вие погледнувате во прекрасната темнина која ја носите во себе, а со тоа сте и еден чекор поблизу до наоѓањето зен.rn

    2. Бројте до 10

    rnСигурно досега многу луѓе ви кажале да броите до 10 со цел да се смирите. Но, има причина зошто сите ја знаат оваа техника за смирување – таа навистина помага. Кога сте соочени со стресен момент едноставно застанете и бројте до 10. Исто така не заборавајте да дишете длабоко со цел да го смирите целосно вашиот ум.rn

    3. Земајте длабоко воздух додека ја повторувате вашата омилена мантра

    rnНајпрво, пронајдете го вашиот ритам на дишење. Не брзајте, едноставно ослободете се и дозволете им на белите дробови да работат слободно, без вашата свесна контрола. Кога ќе го најдете најдобриот момент за дишење, почнете да ја повторувате вашата омилена мантра со цел да го зголемите фокусот, да го намалите отчукувањето на срцето и да придонесете за чувство на баланс.rn

    4. Направете нешто будалесто и насмејте се

    rnДоколку сакате да постигнете зен вие мора да бидете релаксирани, а ако сакате да се опуштите најпрво мора да бидете среќни. Како што растеме, така успеваме и да забораваме да правиме будалести нешта чија единствена намена е да нè насмеат, а со тоа и си влијаеме негативно. Смеењето е најдобриот лек, додека пак среќата е онаму каде што живее зенот.rn

    5. Наместо автомобил, земете велосипед или пешачете

    rnКога последен пат сте прошетале наместо да влезете во вашиот автомобил? Или пак, сте го зеле вашиот велосипед за да одите по утринското кафе? Нема подобар начин на кој можете да го стимулирате вашето срце и да создадете можност за длабоки и свежи вдишувања и издишувања со кои целосно го исфрлате стресот од вашиот организам.rn

    6. Станете ранобудници

    rnУтрата се најтивките часови во денот, па токму затоа тогаш можете многу полесно да најдете време за себе и да се подготвите за целиот ден. Местете го вашиот аларм секоја недела порано со цел да направите место за „вашето време“ во секојдневниот распоред. Искористете го ова време да напишете нешто ново во вашиот дневник, да медитирате или да вежбате. Нема да зажалите.rn

    7. Направете 5-минутна пауза

    rnДоволни се само 5 минути во текот на денот со цел да го промените целиот ваш живот. Токму затоа и обидувајте се секојдневно да издвојувате барем 5 минути за кратка медитација. Седнете на удобно место, затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење низ носот. Ќе се изненадите колку овие медитации ќе ве смират.rn

    8. Направете потсетници кои ќе ве потсетат да живеете во моментот

    rnСите ние се движиме брзо напред, имајќи полн распоред со сите оние нешта кои допрва нè очекуваат и тоа може да предизвика да се изгубиме во животот. Токму затоа и направете еден потсетник кој ќе ве потсетува да застанете и да се фокусирате на сегашноста. Додадете убава фотографија, вашата омилена песна или пак едноставен цитат кој ќе ве потсети дека треба да живеете во сегашноста наместо во иднината.rn

    9. Пуштете го минатото

    rnДоколку се држите за нешто од минатото, што било, тоа значи и дека не сте целосно присутни во сегашноста. Почнете полека да се ослободувате од старите настани, така што ќе се насочите најпрво на малите нешта, а потоа и на поголемите.rn

    10. Одберете зен

    rnРазмислете. Кажете. Направете. Секоја акција започнува како мисла. Секоја мисла има своја намера. Токму затоа и имајте намера да го најдете вашиот зен во секојдневниот живот. Мислете на тоа, кажете го и на крај направете го.