КАФЕ ПАУЗА

Tag: тајни

  • Најпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!

    Најпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!

    Сите луѓе се прашуваат зошто се несреќни, кои пречки им стојат на патот и како можат да ги надминат. Честопати, тие не сфаќаат дека проблемот лежи во нив самите, а не во другите. Ова е многу зборувана тема, за која свое објаснување дал и најпознатиот руски психолог Михаил Лабковски. Тој ги открива 10-те тајни на среќата по чие дознавање, вашиот начин на размислување целосно ќе се промени…rnrnНајпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!rn

    1. Не плашете се од среќата

    rnМногу луѓе пораснале во семејства кои не знаат да уживаат во животот и каде членовите немаат навика да говорат дека им е добро и дека се среќни. Неспособноста на родителите да се радуваат и смеат се пренесува и на децата, кои почнуваат да мислат дека светот функционира на тој начин. Друга грешка е мислењето дека за секое убаво искуство ќе треба да платите подоцна. Ние се плашиме да чувствуваме задоволство во животот и го поврзуваме тоа со нешто лошо и расипано.rn

    2. Престанете да се жалите

    rnШто сакате да постигнете кога се жалите некому за вашите проблеми? Вие сакате да се жалите, а не да ги решите проблемите. Луѓето го измислиле човечкиот јад. Полесно е да се страда отколку да се живее среќно. Здравите луѓе или ќе ја прифатат ситуацијата таква каква што е или ќе ја променат. Невротичните луѓе не го прават ни едното ни другото. Тоа важи и за физичките болести. Психички здравиот човек ќе се лечи од болеста, а невротичниот ќе сака да биде болен, бидејќи тоа ќе му даде причина да се жали. Ова прераснува во некој вид хоби: Самите да си измислите проблем и да страдате поради него.rn

    3. Разликувајте ги реалните проблеми од измислените

    rnРазликата помеѓу здравиот и невротичниот човек е тоа што првиот се грижи за вистинските проблеми, а другиот страда од непостоечки.rn

    4. Не се обидувајте да им помогнете на сите околу себе

    rnЖелбата да им помогнете на сите околу вас потекнува од стравот дека луѓето не можат да ве сакаат поради она што сте, па преку помошта што ја нудите се обидувате да ја зголемите самодовербата. Поради тоа, доколку не ја побарале вашата помош, не се мешајте во туѓите проблеми, туку посветете им се на оние на кои навистина им треба помош.rn

    5. Не одговарајте ако не сте биле прашани

    rnКога со зборови или дела одговарате на непоставени прашања, вие на тој начин ја покажувате вашата вознемиреност. Ова е личниот пример на Лабковски:rn

    „Еднаш поминував со девојка ми покрај една продавница, таа виде еден фустан и ми кажа ’Леле колку убав фустан!’. Кога ништо не одговорив, таа ми кажа: ’Знаев дека не си маж!’. Јас би ѝ го купил фустанот да ме замолеше, но ако во ваква ситуација вие веднаш истрчате да платите на каса, тогаш вие сте несигурна личност.“

    rnНајпознатиот руски психолог советува: Менувајте се себеси, а не другите!rn

    6. Разликувајте ја љубовта од зависноста

    rnЛуѓето никогаш нема да го остават она што го сакаат. Лабковски го објаснува ова преку неговата навика – пушењето:rn

    „Пушев 37 години, а во последните 10 години пушев по 3 кутии дневно. Еднаш престанав да пушам кога докторот ми кажа дека сум готов. И тоа траеше 1 час и 40 минути. Престанав да пушам дури тогаш кога си реков самиот на себе дека не ги сакам цигарите, а не дека сум зависен од нив. Невротичните луѓе не можат да ја разликуваат љубовта од зависноста.“

    rn

    7. Рутината не е секогаш лоша работа

    rnЛабковски веќе 37 години има живот исполнет со рутини. Тој чита, предава и се чувствува прекрасно. Невротичните луѓе не можат да живеат на мира, се плашат дека нема да стигнат да направат нешто, завршуваат по 5 факултети, постојано се вознемирени и чувствуваат непријатност доколку не прават ништо.rn

    8. Менувајте се себеси, а не другите

    rnОва се однесува пред сѐ на воспитувањето на децата. Нема да можете да ги принудите да направат нешто, доколку вие самите не го правите тоа. Децата не го учат она што им го зборувате, туку она што и самите го применувате. Тие го имитираат вашиот начин на однесување кон другите. Во овој случај многу е корисен советот на стјуардесите: Ставете ја воздушната маска прво на себе, па потоа на детето.rn

    9. Веднаш ја прифаќате туѓата критика

    rnЗамислете си ја следнава ситуација: Седите во автобус и влегува стара баба. Цел автобус ве гледа луто и вие станувате што е можно побрзо. Зошто го правите тоа иако бабата не ве замолила да станете? Причината се крие во ниската самодоверба и стравот од осудување. Направете експеримент: Ако не сакате да станете, продолжете да седите и без разлика што зборуваат луѓето околу вас – не реагирајте никако. Со текот на времето ќе сфатите дека туѓата критика може и да се игнорира.rn

    10. Правете го само она што сакате

    rnКласичен пример на ова е кога си играте со вашите деца затоа што „така треба“, бидејќи сте добра личност, а тоа значи дека мора да си играте со вашите деца. Престанете да го правите тоа. Играјте се со нив тогаш кога ќе сакате да си играте, бидејќи тие ќе почувствуваат дека тоа го сфаќате како обврска, а не како забава. Чувството на обврска не е љубов.

  • Тајни тетоважи: 7 дискретни места на кои можете да се истетовирате

    Тајни тетоважи: 7 дискретни места на кои можете да се истетовирате

    Иако во денешно време тетоважите стануваат сѐ поприфатливи и речиси не постои човек кој се нема истетовирано, сепак некои луѓе сметаат дека цртањето на телото изгледа невкусно. Доколку сакате да се занимавате со посериозна професија, како што е работа во фирма каде постојано би имале контакт со клиенти и странки, можеби подобро е да не се тетовирате на видливи места, бидејќи не знаете на какви луѓе и предрасуди ќе налетате.rnrnТајни тетоважи: 7 дискретни места на кои можете да се истетовиратеrnrnНормално дека секој има право на слободно изразување, но веројатно би сакале да одбегнете непотребни конфликти со шефот, па дури и добивање отказ од работа. Тоа не значи дека треба да се откажете од вашата љубов кон тетоважите. Постои начин да ја искажете, но подискретно. Погледнете ги следниве 7 уникатни и дискретни места на телото на кои можете да истетовирате, без притоа вашата тетоважа да „боде“ очи некому…rn

    1. Под пазуви

    rnТајни тетоважи: 7 дискретни места на кои можете да се истетовиратеrnrnНема потајно и подискретно место од вашите пазуви. Освен тоа, бидејќи тетоважата постојано ќе биде заштитена од сонце, боите нема да избледат веднаш. Единствената негативна страна е тоа што пазувите се едни од најболните места за тетовирање.rn

    2. Во внатрешноста на усните

    rnТајни тетоважи: 7 дискретни места на кои можете да се истетовиратеrnrnТетовирањето на внатрешната страна на усните не е за луѓе со слабо срце. Овие тетоважи не траат долго поради плунката, но доколку сакате да постигнете ефект на изненадување и шок, ова место е дефинитивно за вас.rn

    3. На задник

    rnТајни тетоважи: 7 дискретни места на кои можете да се истетовиратеrnrnТетоважите на задникот обично се сметаат за невкусни и вулгарни, но тоа не мора да биде така. Тие можат да изгледаат навистина слатко и дискретно, ако го одберете вистинскиот дизајн. Освен тоа среќниците што ќе добијат можност да ви го видат задникот ќе наидат на пријатно изненадување.rnrnПреминете на следната страница за останатите дискретни места за тетовирање…rnrn

  • Самодоверба, стил и оптимизам: 5 тајни на фантастичните и успешните жени

    Самодоверба, стил и оптимизам: 5 тајни на фантастичните и успешните жени

    Таа секогаш е најдобро облечената девојка во просторијата. Секогаш има интересни приказни на кои сите се смеат и сите сакаат да се дружат и да соработуваат со неа. Кога ќе поминете покрај оваа девојка, не можете а да не се свртите за да ја погледнете нејзината совршена коса или парфем. За неа секој ден е добар! За да дознаеме повеќе како функционираат овој вид девојки, направивме мало истражување и пронајдовме неколку тајни на најзадоволните и најсреќните девојки. Во продолжение можете да прочитате нешто повеќе за нив.rnrn1-samodoverba-stil-i-optimizam-5-tajni-na-fantastichnite-i-uspeshni-zheni-www.kafepauza.mk_rn

    1. Знаат на што ги трошат своите пари

    rnИнстаграм профилот на вашата пријателка е вистински рај за очи! Викенд во Виена, одмор во Шпанија, шопинг во Атина, фантастични модни комбинации и илјадници следбеници… И секако дека се прашувате како го постигнува сето тоа и што прави поразлично од вас. Една од тајните на успешните и задоволни жени е и нивната способност внимателно да ги трошат своите пари. Пред да тргнат во бесцелен шопинг, тие внимателно ќе ги одредат своите приоритети и секогаш ќе се обидат да заштедат на непотребни работи.rn

    2. Сакаат да испробуваат нови работи

    rnБез разлика дали станува збор за посета на некоја винарина во Франција или пак, за нов рецепт за пита со сирење, најуспешните дами секогаш се расположени да го збогатат својот живот со нови предизвици и знаења.rn

    3. Купуваат внимателно

    rnКвалитет, а не квантитет! Сигурно толку многу пати сте ја слушнале оваа реченица, но сепак сте ја занемариле кога сте тргнале на шопинг. Но, дали знаете кој ја почитува секогаш и поради изгледа беспрекорно? Како што претпоставивте – најпопуларните и најуспешните дами!rnrn2-samodoverba-stil-i-optimizam-5-tajni-na-fantastichnite-i-uspeshni-zheni-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тие имаат свои навики за убавина

    rnИако изгледаат како да живеат во салонот за убавина, најпопуларните девојки всушност имаат само добри навики за убавина. Изберете кои работи, кога станува збор за физичкиот изглед, ви се најважни. Дали тоа е косата, ноктите, веѓите, усните…? Потоа, обидете се тие делови секогаш да бидат совршени, односно косата да биде чиста и бујна, ноктите средени, веѓите уредни, усните негувани…rn

    5. Се обидуваат секогаш да бидат позитивни

    rnДали тие се среќни затоа што се фантастични – или се фантастични поради тоа што се среќни? Без разлика на ситуацијата, овие девојки зрачат со некоја заразна енергија на која никој не може да ѝ одолее. Секогаш се насмеани и се обидуваат во сè да пронајдат нешто позитивно и добро. И во деновите кога не им оди сè како што посакуваат, наместо да пренесуваат негативни мисли и енергија, тие бараат алтернативно решение и друг пат за да пристигнат до посакуваната цел.rnrn3-samodoverba-stil-i-optimizam-5-tajni-na-fantastichnite-i-uspeshni-zheni-www.kafepauza.mk_

  • 4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас

    4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас

    Мислите дека мажите се како отворена книга? Размислете повторно. Иако мажите во основа се многу едноставни, сепак постојат работи што се обидуваат да ги скријат од девојките. Жените мислат дека мажите кријат работи за да бидат мистериозни, но вистината е дека станува збор за неколку мали „валкани“ тајни што тие не сакаат да бидат откриени. За подобро да разберете што се случува во главата на вашиот партнер, симпатија, машки пријатели, па дури и на продавачот од блиската продавница, ние ви ги откриваме 4-те тајни кои мажите очајно се обидуваат да ги скријат од жените…rnrn4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од васrn

    1. Сите жени ги замислуваат голи

    rnВашиот заболекар, 85-годишниот сосед, професорот, таткото на вашата пријателка, најдобриот пријател, вашиот брат, братучед, син, сите тие ве имаат замислено голи барем еднаш во некој момент од животот. Иако тоа ви се чини одвратно, незамисливо и непримерно, мажите едноставно се програмирани да размислуваат на таков начин и тоа нема да се промени. Но, гледајте на позитивната страна на работите. Со оглед на тоа што тие не знаат како навистина изгледате без облека, нивната слика за вас е многу позитивна. Мажите се големи оптимисти, така што тие ќе ви ги подарат најсовршените карактеристики што можат да си ги замислат.rn

    2. Никогаш не им треба романтика

    rnТоа не значи дека тие не се романтични. Поголемиот дел од мажите прават најразлични романтични гестови, но најчесто ги прават само поради вас. На тој начин успеваат да ви го подобрат љубовното расположение, а токму тоа и им треба. На мажите, пак, не им треба романтика за да бидат расположени за љубов. Тие речиси секогаш се подготвени за акција. Тивката музика, пригушените светла, мирисливите свеќи и јагодите потопени во чоколадо немаат големо влијание на нивната страст. Доволно е само да им кажете да се соблечат и тоа е единствената романтика што им треба.rnrn4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од васrn

    3. Доколку имаат помалку од 29 години, немаат никакви намери да започнат сериозна врска

    rnСигурно сте се нашле во ситуација да бидете во подолга врска и во одреден момент да го прашате партнерот каде води сето тоа. Тогаш сте забележале дека на вашиот сакан му станало многу непријатно поради ваквото прашање. На мажите им е јасно дека сакаат да поминувате време заедно, уживаат во сексот со вас и би сакале тоа да продолжи и понатаму, но за сѐ друго немаат поим. Не знаат каде води вашата врска и што е уште најважно, воопшто не им е гајле за тоа. Дури тогаш кога ќе влезат во нивните доцни 20-ти почнуваат да мислат на иднината на нивните љубовни врски. Наводно, на мажите им треба повеќе време за да созреат за разлика од жените.rn

    4. Не знаат како правилно да користат презервативи

    rnНе е никаква тајна дека голем процент од мажите воопшто не сакаат да користат презервативи, но можеби ќе ве изненади фактот што многумина немаат поим како правилно да ги користат. Секако дека знаат каде треба да ги стават, но тоа е сѐ. Повеќето мажи не знаат како и кога треба да го стават и извадат кондомот, а тоа е од клучно значење за неговата ефективност. Со други зборови, спротивно на женските убедувања, употребата на кондоми не им доаѓа природно на мажите.

  • Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во дел од најпознатите уметнички дела

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во дел од најпознатите уметнички дела

    Постојат уметнички дела кои се толку многу популарни, што речиси на сите луѓе во светот им се многу добро познати. Не мора да бидете експерт за уметност за да ги препознаете делата на Пабло Пикасо, Ван Гог или Салвадор Дали. Меѓутоа, дури и најпознатите ремек-дела кријат некои тајни. Велат дека секое парче уметност е обвиено со мистерија што само чека да биде одгатната. Ние ви откриваме 7 од тие фасцинантни тајни…rn

    1. 112 поговорки одеднаш

    rn

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во некои од познатите уметнички дела
    „Фламански поговорки“ од Питер Бројгел Постариот, 1559
    rnrnПитер Бројгел насликал село со луѓе кои ги претставуваат поговорките од периодот во кој живеел. Ова уметничко дело содржи околу 112 препознатливи идиоми. Некои од нив сѐ уште се користат, како на пример „Удира со глава во ѕид“, „Вооружен до заби“, „Кроток како јагне“, „Не се плива спротивно од водотекот“ и слично. Останатите поговорки се однесуваат на човечката глупавост.rn

    2. Субјективноста на уметноста

    rn

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во некои од познатите уметнички дела
    „Бретонско село под снегот“ од Пол Гоген, 1894
    rnrnОва уметничко дело било продадено по смртта на Гоген за само 7 франци. Било продадено под името „Нијагарини водопади“ бидејќи аукционерот по грешка ја превртел сликата наопаку и мислел дека се работи за водопад, а не за село.rn

    3. Скриен портрет

    rn

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во некои од познатите уметнички дела
    „Сината соба“ од Пабло Пикасо, 1901
    rnrnВо 2008 година, истражувачите со помош на рендгенски апарат откриле скриена слика под „Сината соба“ на Пикасо. Станувало збор за портрет на човек облечен во сако и вратоврска, со главата потпрена на раката.rn

    „Кога Пикасо ќе добиел идеја, морал да ја реализира. Не можел да купува нови платна секогаш кога ќе се сетел на нешто ново“, објаснува кураторот Сузан Бехрендс Френк.

    rn

    4. Кога ремек-делата оживуваат

    rn

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во некои од познатите уметнички дела
    „Дожд, пареа и брзина – Големата западна железница“ од Џ. М. В. Тарнер, 1844
    rnrnВо 1842 година, госпоѓа Симонс патувала со воз накај Англија. Одеднаш, почнало да „истура“. Еден постар господин, кој седел пред неа, станал, го отворил прозорецот, ја извадил главата надвор и останал така околу 10 минути. Жената била толку љубопитна што го отворила нејзиниот прозорец и таа почнала да му се восхитува на пејзажот. Една година подоцна, кога посетила изложба во Кралската академија за уметности, госпоѓа Симонс го препознала тој момент во една од сликата насловена како „Дожд, пареа и брзина“.rn

    5. Лекциите по анатомија на Микеланџело

    rn

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во некои од познатите уметнички дела
    „Создавањето на Адам“ од Микеланџело, 1511
    rnrnНекои американски експерти од областа на невроанатомијата веруваат дека во едно од најпознатите дела на Микеланџело можат да се пронајдат алузии на анатомијата. Тие тврдат дека десниот дел од делото претставува анатомски точна слика на огромен мозок. Дури можат да се забележат и најделикатните елементи на мозокот, како што се малиот мозок, оптичкиот нерв и хипофизата. Впечатливата зелена лента, пак, совршено се поклопува со ’рбетната артерија.rn

    6. „Тајната вечера“ од Ван Гог

    rn

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во некои од познатите уметнички дела
    „Кафе тераса навечер“ од Винсент Ван Гог, 1888
    rnrnИстражувачот Џаред Бекстер тврди дека сликата на Ван Гог со име „Кафе тераса навечер“ содржи скриена алузија на „Тајната вечера“ од Леонардо да Винчи. Централната фигура е келнерот со долга коса во бела наметка, а околу него има 12 луѓе (исто како Исус и апостолите). Позади грбот на келнерот има крст, што е исто така симболично.rn

    7. Ода на сирењето

    rn

    Откријте ги 7-те фасцинантни тајни скриени во некои од познатите уметнички дела
    „Доследноста на сеќавањето“ од Салвадор Дали, 1931
    rnrnДодека ги создавал неговите ремек-дела, Дали честопати користел необични извори на инспирација. Според тоа, воопшто не е чудно што едно од неговите најпрепознатливи дела било инспирирано од топењето на камамбер сирење.

  • Дознајте ги тајните на кул девојките и станете една од нив!

    Дознајте ги тајните на кул девојките и станете една од нив!

    Сигурно познавате барем една кул девојка, а можеби вие сте таа. Зборуваме за оние ретки девојки кои секогаш се природно паметни и шармантни, без воопшто да се трудат. Тешко е да не им се позавиди, бидејќи каде и да отидат оставаат добар впечаток и веднаш стануваат омилената личност во секое друштво. Добрите вести се што дури и да не можете целосно да го имитирате нивното однесување, можете да украдете некоја од нивните навики кои ќе ви помогнат да станете една од нив. Прочитајте ги 10-те тајни на девојките кои се секогаш кул…rnrnДознајте ги тајните на кул девојките и станете една од нив!rn

    1. Читаат многу

    rnКул девојките се добро информирани и секогаш во тек со најновите случувања. Поради тоа, тие можат да разговараат на секоја тема без никаков проблем. Одличен прв чекор би било да прочитате некои интересни и поучни статии кои ќе го збогатат вашето знаење.rn

    2. Го кажуваат тоа што го мислат

    rnКул девојките имаат свое мислење и не се плашат да го споделат. Тие никогаш нема да се повлечат од жестока дебата, но нема да ги видите нервозни и вознемирени. Тоа е така затоа што поседуваат огромна самодоверба и не се сомневаат во нивното размислување и знаење.rn

    3. Не се жалат

    rnИ ним им се случуваат лоши работи, како и на секој друг нормален човек. Но, кул девојките никогаш не се жалат поради тоа, туку гледаат да го решат проблемот најбрзо што можат. Нема да ги чуете како се нервираат поради нивниот шеф или партнер. Тие секогаш наоѓаат продуктивен издувен вентил за нивниот стрес и нервоза.rn

    4. Сакаат да пробуваат нови работи

    rnСигурно имате пријателки кои знаете дека нема да направат проблем ако треба да отидете во нов ресторан или да гледате некој чуден европски филм. Кул девојките се секогаш отворени кон нови искуства и не се плашат да пробуваат нови работи. Како инаку би знаеле што им се допаѓа? Бидете таа девојка!rn

    5. Свесни се за нивните позитивни и негативни страни

    rnКул девојките многу добро ги познаваат нивните предности, кои знаат максимално да ги искористат, како и нивните слабости, кои вешто знаат да ги прикријат. Можеби секогаш доцните, но затоа, пак, имате одлична смисла за хумор што ќе ви помогне да го објасните вашето доцнење на забавен начин, така што никој нема да ви замери.rnrnДознајте ги тајните на кул девојките и станете една од нив!rn

    6. Не се грижат за тоа дали се кул

    rnТие не се грижат за туѓото мислење и за тоа каков впечаток ќе остават. Кул девојките се секогаш свои и природни. Никогаш не се однесуваат очајно за да го привлечат вниманието на другите, а тоа луѓето го забележуваат и го почитуваат.rn

    7. Се занимаваат со некое необично хоби

    rnКул девојките не ги следат слепо трендовите, доколку не им се допаѓаат. Само затоа што боенките за возрасни се во мода, не значи дека треба да се откажете од вашето плетење. Бидете поразлични од другите. Бидете оригинални!rn

    8. Ги мотивираат луѓето околу нив

    rnЛуѓето не сакаат девојки кои се фалат самите себеси. Наместо тоа, вие пофалете ги другите, радувајте се на нивните успеси и помирете се со фактот што не сте во центарот на вниманието.rn

    9. Знаат како да се справат со стресот

    rnНекои луѓе многу паничат во стресни ситуации и веднаш може да се забележи вознемиреност на нивното лице. Кул девојките секогаш се смирени и опуштени, а таквата енергија ја шират наоколу и понекогаш делуваат како природен дијазепам на луѓето.rn

    10. Не се плашат дека ќе пропуштат нешто

    rnКул девојките не се присутни на секој можен настан или забава, а тоа им дава доза на мистериозност. Во ред е да излегувате со друштвото, но не мора тоа да го правите буквално секоја вечер само затоа што се плашите дека ќе пропуштите нешто.

  • Мајки на своите ќерки им откриваат големи тајни за здравјето и убавината

    Мајки на своите ќерки им откриваат големи тајни за здравјето и убавината

    Младешкиот изглед е нешто кон што сите се стремат, без разлика дали би признале или не. Невозможно е да го запрете времето, но стареењето може да го забавите со својот начин на живот. Овие четири жени откриваат што значи тоа за нив.rnrnОвие мајки им откриваат големи тајни на своите ќеркиrnrnТие одговараат на следниве прашања:rn

      rn011

    • Како ве учела вашата мајка да го задржите младешкиот изглед?
    • rn011

    • Што ќе ѝ препорачате на вашата ќерка?
    • rn011

    • Кои се вашите совети за исхраната и убавината, за да се чувствувате добро и да изгледате добро додека стареете?
    • rn011

    • Што правите за да се ослободите од стресот?
    • rn

    rnПогледнете ги нивните одговори.rn

    Катарина, 45 години, вели:

    rn

    „Мајка ми вели да не се обидувам премногу. Подобро е да изгледам недоволно добро облечено, отколку тоа да е претерано. На својата ќерка би ѝ препорачала да не пуши, секогаш да ја отстранува шминката пред спиење и секоја недела да прави пилинг на кожата. Вам би ви препорачала да пиете многу вода, и да не заборавате во текот на денот да ја заштитите кожата и навечер да ја хидрирате и да вложите во квалитетно масло за лице. Јас лично практикувам да живеам во сегашноста и да медитирам секогаш кога можам.“

    rn

    Весна, 41 година, на истите прашања одговорила:

    rn

    „Никогаш не заборавај да го хидрираш својот врат, исто како и лицето. Секогаш можеш да добиеш повеќе отколку што мислиш. Ако се чувствуваш добро, тогаш сигурно и изгледаш добро. Клучот е во самодовербата. Свежиот воздух исто така е важен. Јас го водам своето куче на долги прошетки по плажата. Најдобар лек!“

    rn

    Елена, 44 години, од својата мајка добила важен совет:

    rn

    „Млада си колку што се чувствуваш дека си млада и ниту ден постара. На ќерка ми ѝ препорачувам дека добрата фризура вреди исто колку и целата шминка на светот. Не заборавај на косата! Не грицкај помеѓу оброците! Најди време за вистински да уживаш во храната додека јадеш, а друштвото со кое јадеш е подеднакво важно како и она што го консумираш. Времето за ручек би требало да биде време за дружење. Секогаш кога сум под стрес мислам на тоа колку сум среќна. Моето здравје, моето семејство – неверојатно сум среќна и за тоа би требало почесто да сум свесна.“

    rn

    Јасна, 44 години, ја послушала својата мајка кога ѝ рекла:

    rn

    „Ниту целата шминка на светот не може да го сокрие уморното лице, затоа, не заборавај да се наспиеш. Стареењето е состојба на умот, но не заборавај да уживаш во младоста. Остани активна, дури и ако станува збор само за прошетка. Ништо не ја освежува толку кожата како вежбањето, а твојот ум ќе стане појасен после одреден период поминат на воздух. Правам топла бања, свеќи, масло за капење, сѐ… И задолжително ја заклучувам вратата!“

  • Неочекувани тајни што момците ги кријат од своите девојки

    Неочекувани тајни што момците ги кријат од своите девојки

    Секоја добра љубовна врска се базира на искреност. Но, повеќето врски вклучуваат и мали лаги или прикривања на вистината. Тоа може да се однесува на некоја секојдневна ситуација или пак да станува збор за поголема лага којашто еден од партнерите ќе ја каже со цел да избегне карање. Покрај тоа што и жените имаат свои тајни, неретко и мажите сокриваат одредени работи. Дали знаете кои се нивните тајни? Погледнете ги овие признанија на неколку мажи што можеби ќе ве инспирираат да имате поискрени разговори со вашиот партнер…rnrnНеколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојкиrn

    1. Таен брак

    rn

    „Мојата девојка не знае дека сѐ уште не можам да ја запросам затоа што сум оженет со една пријателка која ми помогна да добијам зелена карта.“

    rn

    2. Скриен жиголо

    rn

    „Мојата девојка не знае дека дополнително заработувам на тој начин што имам секс со осамени жени. Таа само мисли дека имам добро платена работа.“

    rn

    3. Скриена болка

    rn

    „Мојата девојка не знае дека сум болно вљубен во мојата бивша.“

    rn

    4. Тајно погледнување

    rn

    „Мојата девојка не знае дека ја имам нејзината лозинка од Фејсбук. Еднаш во подолг период ги проверувам нејзините пораки.“

    rn

    5. Тајни емоции

    rn

    „Мојата девојка не сфаќа колку сум чувствителен и дека сите работи ги сфаќам лично.“

    rnНеколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојкиrn

    6. Желба за тројка во кревет

    rn

    „Потајно посакувам мојата девојка да ја праша нејзината најдобра пријателка да ни се придружи во кревет.“

    rn

    7. Пушење марихуана

    rn

    „Понекогаш сакам да пушам марихуана и овој факт го кријам од мојата девојка.“

    rn

    8. Тајно богатство

    rn

    „Мојата девојка не знае колку заработувам и колкава е мојата заштеда. Таа би ја потрошила веднаш.“

    rn

    9. Скриен фетиш

    rn

    „Мразам што треба да кријам дека обожавам боси нозе. Се плашам дека ќе ме остави ако ѝ кажам.“

    rn

    10. Таен измамник

    rn

    „Зависник сум од секс. Никогаш не ми е доволно од различни жени. Мојата девојка не знае за ова.“

    rnНеколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојкиrn

    11. Скриена тага

    rn

    „Ја кријам депресијата од мојата девојка затоа што таа веќе се жали дека не сум доволно мажествен за неа.“

    rn

    12. Тајниот Супермен

    rn

    „Тајно читам стрипови за Супермен, но го кријам тоа од мојата девојка бидејќи таа го сака Бетмен.“

    rn

    13. Таен танцувач

    rn

    „Мојата девојка не знае дека посетувам часови за танцување за да можам да ја освојам кога ќе дојде време.“

    rn

    14. Тајни планови

    rn

    „Секогаш кога ми е досадно, ја планирам мојата свадба. Јас сум момче, а мојата девојка не знае за ова.“

    rn

    15. Скриен бисексуалец

    rn

    „Имав средба со момче за прв пат… Тоа беше случајно… Мојата девојка не знае за ова.“

    rn

    16. Таен гејмер

    rn

    „Мојата девојка не знае дека многу често ја откачувам за да можам да играм видео игри.“

    rn

    17. Тајно заздравување

    rn

    „Мојата девојка не знае дека таа беше причината за моето заздравување од претходната врска. Излегува дека таа е најдоброто нешто што некогаш ми се случило.“

    rnНеколку неочекувани работи кои момчињата ги кријат од нивните девојкиrnrnМомци, имате ли и вие нешто да признаете?

  • Тајни кои морате да му ги откриете на партнерот за да ја одржите врската здрава

    Тајни кои морате да му ги откриете на партнерот за да ја одржите врската здрава

    Сите луѓе имаат тајни кои никому не ги откриле и тоа е нормално доколку тие не им претставуваат товар и не влијаат негативно на односите со другите. Сите имаме право на мисли кои ќе бидат само наши, но кога се работи за љубовните врски, некои работи не смеат да останат скриени, бидејќи во спротивно можат да ја загрозат врската и да ја уништат. Според тоа, доколку чувате некои од следниве тајни, соберете храброст и искрено признајте му ги на партнерот.rnrnТајни кои морате да му ги откриете на партнерот за да ја одржите врската здраваrn

    Сексуално сте незадоволни

    rnАко веќе некое време не сте сексуално задоволни, немојте да бидете премногу директни и да му кажете на партнерот дека со месеци глумите задоволство. Тоа би можело да го уништи. Обидете се да си замислете што би можело да ве возбуди и откријте ја желбата. Испробајте нови секс пози и техники, разбудете ја имагинацијата и бидете креативни. Нормално е страста во врската да се намали со текот на времето, но ако моментално не постои, тоа не значи дека мора така и да остане.rn

    Постои нешто што ве мачи

    rnДоколку не разговарате отворено за она што ве мачи, негативните емоции ќе се собираат во вас и еден ден ќе ви се прелие чашата, по што постои ризик да кажете работи кои не ги мислите. Нема ништо лошо во повремените караници бидејќи тие се форма на комуникација, но мора да бидете конструктивни. Како пар морате да научите како да го разгледувате проблемот, а не да се критикувате меѓусебно. Почнете со тоа што ќе кажете зошто сѐ уште сте вознемирени и на тој начин кавгите ќе ви бидат многу попродуктивни.rn

    Сте премолчиле нешто од минатото

    rnСекако дека не морате да му откриете на партнерот баш сѐ што сте направиле пред да го запознаете, но ако постои нешто од вашето минато што мислите дека би му пречело, особено ако има шанси да го дознае тоа од некој друг, подобро е вие самите да му го кажете. На тој начин, поголема е веројатноста дека ќе ја добиете неговата поддршка и дека уште повеќе ќе се зближите. Едноставно кажете му дека постојат некои работи од минатото кои ве мачат и дека многу би ви значело кога би ве сослушал.rn

    Се чувствувате депресивно

    rnДепресијата е психичко нарушување кое влијае на нормалниот однос со другите луѓе. Поради тоа, многу е важно да му кажете на партнерот ако поголемиот дел од времето се чувствувате безволно, тажно и негативно гледате на работите. Немојте да се срамите да кажете дека ви е потребна помош. Личноста која ве сака нема да ве осудува и не треба да ви биде страв дека ќе ве цени помалку. Во најдобрите врски, партнерите не мораат да бидат совршени, но мораат да бидат присутни.

  • 5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на време

    5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на време

    Сите ние имаме по една пријателка која едноставно секогаш завршува со сите обврски на време, без притоа да се соочи со огромен стрес. Ако не познавате ваква личност, тогаш големи се шансите дека вие сте таа! Во тој случај, сигурно веќе ги имате навиките кои следуваат подолу. Доколку не се пронајдовте во оваа категорија, тогаш погледнете како да го промените вашиот работен стил, а со тоа и да почнете на време да завршувате со дадените домашни или работни задачи.rn

    1. Заборавете на мултитаскингот

    rn(1) 5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на времеrnrnСпоред една студија спроведена од Универзитетот Стенфорд, луѓето кои прават повеќе задачи одеднаш не обрнуваат доволно внимание на нив, ја контролираат нивната меморија или се префрлаат од една задача на друга, без притоа претходната добро да ја завршат. Фокусирајте се на само едно нешто доколку сакате да го завршите на време и со најдобар квалитет.rn

    2. Ценете го квалитетот, не квантитетот

    rnНајпродуктивните личности на овој свет се оние кои поминуваат најмалку време на своето работно место. Тајната не се крие во работните часови, туку колку активно ќе работите додека сте таму. Обидете се да си поставите краен рок, кој ќе го почитувате секојдневно и кога ќе го напуштите вашето работно место, оставете ја и работата зад себе. До следното утро…rn

    3. Велете „НЕ“

    rn(2) 5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на времеrnrnНе е лесно, но кога веќе имате стотици ваши обврски, едноставно мора да кажете „не“. Потребно е да ги познавате своите граници. Една дополнителна задача нема да ве турне од работ, но дефинитивно ќе ве забави со останатите. И тоа се зголемува со секоја следна. Не сакате да делувате некултурно, но исто така и не сакате да се затрупате со обврски кои не требало да бидат ваши.rn

    4. Самите дефинирајте го својот успех

    rnИсто како што продуктивните луѓе не се обидуваат да го достигнат совршенството, така тие и не се споредуваат со останатите. На тој начин ќе си одземете премногу енергија од вашите обврски и нема да можете ништо да сработите. Наместо тоа, спуштете ја главата надолу, работете си го своето и не грижете се за нештата кои другите ги прават.rn

    5. Грижете се за себе

    rn(3) 5 тајни на жените кои секогаш ги завршуваат своите обврски на времеrnrnЗа да бидете продуктивни, најпрво мора да бидете во своето најдобро светло. Тоа значи и дека треба доволно да се наспиете и да водите здрав живот, со физичка активност и соодветна исхрана. Слушајте го телото бидејќи тоа секогаш знае што ви е потребно и направете приоритет за вашето здравје и среќа.