КАФЕ ПАУЗА

Tag: тајни

  • 30 мали тајни кои мажите навистина сакаат жените да ги знаат и разбираат

    30 мали тајни кои мажите навистина сакаат жените да ги знаат и разбираат

    Секогаш кога се обидуваме да протолкуваме или да разбереме што се крие зад постапките или однесувањето на мажите, склони сме да забораваме една ситница, а тоа е дека тие баш и не ги комплицираат работите. А бидејќи ние сме склони и премногу да размислуваме за некои работи, затоа и честопати донесуваме некои погрешни заклучоци, поради кои тие не гледаат со чудење. Јасно е дека не можеме многу да допреме до машкиот мозок од женска перспектива (а особено обратно), но всушност честопати сме водени од стереотипите кои не вредат за секој маж. Затоа можеби би било полесно кога тие самите би ни откриле што се случува во нивните глави. Затоа ние ви го дешифрираме нивното однесување низ овие 30 мали тајни откриени од обичните мажи.rnrn1-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_rnrn1. Понекогаш навистина не ни е јасно. Односно, целосно сме збунети. Ако сакате нешто да знаеме, тогаш тоа кажете ни го, бидејќи инаку никогаш нема да разбереме.rnrn2. Кога во тишина седиме покрај вас, тоа не значи дека нешто не е во ред. Момците се навистина среќни што само седат покрај вас. Не треба секогаш да зборуваме или да правиме нешто за да бидеме задоволни.rnrn3. Знаеме дека кога ќе се погледнете во огледало, ги гледате само недостатоците. Тоа што не го сакате, тоа што сакате да го промените. Тоа што би сакале да го имате, тоа што сонувате да го имате. Но, сè што ние гледаме се девојки кои знаат да нè насмеат. Девојки поради кои носиме насмевка на лицето. Девојки кои се паметни и духовити. Девојки кои никогаш не се откажуваат. Но, најмногу од сè ги гледаме девојките поради кои секој ден се чувствуваме како да сме освоиле на лотарија. И знаеме дека, без оглед на тоа колку пати ќе се погледнете во огледалото, најверојатно никогаш нема да ги видите овие прекрасни работи, но ние сакаме да знаете дека тоа е она што ние го гледаме секој пат кога ќе ве погледнеме.rnrn4. Понекогаш едноставно ни треба време за мрзливост. Можеби час или два откако ќе се вратиме дома, само ни треба да се опуштиме. Тој ден сме работеле 10 часа. Тоа не значи дека помалку ве сакаме, само не сакаме на вас да го пренесеме стресот кој сме го насобрале тој ден. Ќе ви кажеме каков бил нашиот ден, но немојте веднаш за тоа штом стапнеме дома. Дајте ни време да се исчистиме, удобно да се сместиме и да се напиеме нешто ладно.rnrn5. Ние не сакаме секогаш да го направиме првиот чекор.rnrn6. Ние не сме нечувствителни. Мислиме на вас цело време. Понекогаш и најмалата работа знае да нè потсети на вас. Не можеме секогаш најдобро да го изразиме тоа, и понекогаш дури сме и збунети од нашите мисли и емоции. Но, верувајте ни, мислиме на вас!rnrn7. Можеби нема потреба секогаш да ви кажуваме колку многу ве сакаме. Не ни е јасно како бројните работи кои ги правиме за вас не може да ве уверат во тоа дека ве сакаме. Зборовите се во ред, но нашите потези не можат да лажат. Тоа за нас има поголема смисла.rnrn2-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_rnrn8. Немојте да заминете или да побегнете во текот на караницата или расправата и да очекувате дека мажот ќе потрча по вас. Тоа што сте заминале за нас значи дека треба да бидете сами за да се смирите и тоа има смисла. Чудно ни е како многу жени и понатаму постапуваат на овој начин, а потоа нè обвинуваат и велат дека не ги сакаме само затоа што не сме потрчале по нив. Сакате да заминете? Заминете. Немаме време за тие средношколски љубовни игри.rnrn9. Кога сакаме да бидеме сами, тоа скоро никогаш нема врска со вас.rnrn10. Кога ќе ви кажеме нешто во доверба, НЕ е во ред тоа веднаш да ѝ го кажете на вашата најдобра пријателка. Не, не е.rnrn11. Мажите се заљубуваат. И нас исто така нè болат раскинувањата. Се обидуваме да изгледаме како да е сè во ред, но и ние можеме да бидеме скршени. Дури толку многу што никогаш потполно не оздравуваме.rnrn12. Кога си играте со нашата коса и вашата раката поминува низ неа, тоа за нас е божествено.rnrn13. Само затоа што ви се насмевнуваме на поминување или ќе се сретнат нашите погледи, тоа не значи автоматски дека сакаме секс.rnrn14. Само затоа што и другите жени ни се згодни, тоа не значи дека вие сте ни помалку убави или дека сакаме да ве напуштиме поради првата која поминала покрај нас.rnrn15. Нашите пропусти да не ви дадеме комплимент за облеката, шминката или фризурата не се намерни. И не го пропуштаме тоа затоа што ве земаме здраво за готово. Кога ве гледаме, не ве гледаме какви сте вие во тој момент. Ве гледаме онакви какви што сте биле првиот пат кога сме ве виделе, онакви какви што сте биле на нашата венчавка. Онакви какви што сте биле на првата брачна ноќ. И кога ќе ни приговорите дека не сме ви дале комплимент, сакаме нешто да сфатите: Не ни е важно дали носите нов фустан или тренерка. Ние гледаме сè што сте биле, тоа што сте, и тоа што ќе бидете. До крај.rnrnside view of a fashion model in suit and tie enjoying his cigarrnrn16. Обожаваме кога сте среќни поради нешто.rnrn17. Ако ви се допаѓа некој маж, поедноставно е тоа да му го кажете.rnrn18. Кога ќе ви упатиме комплимент, само кажете фала. Не треба ништо да објаснувате.rnrn19. Кога ние мажите ќе кажеме ‘што било, што ти сакаш’ или ‘што било, што те прави среќна“, зад тоа НЕМА никакви трикови. Ние навистина ја цениме вашата среќа и ја ставаме на прво место.rn rn20. Мажите генерално не зборуваат многу. Имаме чувства, потреби и желби, како и вие, само имаме различни начини на кои тоа го изразуваме. Ако мажот ви ја отвори неговата душата, тоа е голема работа за него. А тогаш излегува голема количина емоции. Но, општеството ги навикнало мажите дека мора да бидат воздржани и затоа сме. Со секој поголем проблем често се носиме во себе. Тоа и понатаму е нашиот начин. Ние би требало да бидеме мирни и рационални во секоја ситуација, но тоа зема данок на нашата психа. И само затоа што се однесуваме како да е сè во ред, ако доволно длабоко копате, најверојатно тоа не е така. Многумина од нас имаат многу повеќе да кажат и покажат. Но, тоа го правиме со вистинската личност и во вистинското време.rnrn21. Понекогаш навистина не размислуваме за ништо.rnrn22. Поубави сте отколку што мислите.rnrn23. Една ваша насмевка знае да биде доволна за да исчезне целиот лош ден на работа и целиот стрес добиен поради него.rnrn24. Ако не ве интересираме на љубовен план, тогаш немојте да излегувате со нас.rnrn4-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_rnrn25. Ве молиме да не нè судите по нашите пријатели. Во нашата група има пријатели кои не се вклопуваат, но немаме срце да ги исфрлиме.rnrn26. Ние мажите главно се сеќаваме на секој комплимент што сме го добиле. Не ги добиваме често како вие, и затоа сме навистина среќни поради нив.rnrn27. Поголемиот дел од времето, подобро би било нешто да ни ја јаде душата, отколку да разговараме за тоа.rnrn28. Потребно ни е машко дружење. Не сакаме да излегуваме за да гледаме други жени, само сакаме нешто да се напиеме и да правиме досадни машки работи. Доволно е еднаш месечно, но само машко друштво. Немојте да бидете тој ден нерасположени и да ни се јавувате или да ни праќате пораки цело време додека сме надвор.rnrn29. Кога ќе ни кажете дека сè е во ред кога не е така, е полошо отколку да сте ни кажале во што е проблемот.rnrn30. Мажите се дружат низ активностите. Жените се дружат низ комуникацијата. Нашите сеќавање се повеќе во стилот ‘се сеќавате оној пат кога сме…’. Ние не се присеќаваме на разговорите за љубовниот живот.rnrn5-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_

  • 4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

    4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чуле

    Нострадамус и Баба Ванѓа се едни од најпознатите пророци кои стекнале светска популарност благодарение на нивните застрашувачки пророштва. Но, постојат илјадници помалку познати претскажувања за кои веројатно не сте чуле досега. Тука припаѓаат следниве 4 претскажувања кои би требало да ги знаете, особено поради можните опасности и катастрофи кои тие предвидуваат дека ќе се случат во иднина…rnrn4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чулеrn

    1. Пророштвото на Хилдегард од Бинген

    rnРодена во 1098 година, својот живот го посветила на Бог. Абес Хилдегард била калуѓерка во Бенедиктинскиот манастир. Компонирала, пишувала, се занимавала со филозофија и теолошки расправи. Таа имала визии за иднината кои започнале да ѝ се јавуваат уште кога била дете. Хилдегард го објавила нејзиното животно дело под името Скривиас, во кое се наоѓаат 26 од нејзините пророштва и визии. rnrnСпоред нив, не ни се пишува добро. Пред крајот на светот, големото кралство, кое се наоѓа преку океанот и има многу народи и племиња, ќе настрада кога ќе се појави кометата. Веројатно се работи за Америка. Исто така, многу други земји ќе бидат погодени од земјотреси, бури и поплави. Колониите ќе бидат преземени од „тигарот и змејот“ – онака како што денес се нарекуваат далекоисточните земји. Многу народи ќе гладуваат. Мирот во Европа ќе биде повторно воспоставен дури тогаш кога Франција повторно ќе стане кралство.rn

    2. Третата тајна на Богородица од Фатима

    rnПриказната почнува во 1917 година кога во Португалија две девојчиња и едно момче ја виделе лично Дева Марија. Таа всушност ги посетила неколку пати и им пренела три тајни за тоа што ќе се случи со нашата цивилизација. Двете тајни се објавени во документ од 1941 година од страна на едно од девојчињата. Но, само папата има клучеви од тајните документи во кои се наоѓа и третата тајна на Богородицата од Фатима.rnrnПрвите две тајни се однесуваат на Пеколот, Првата и Втората светска војна. Ватикан го одложувал објавувањето на третата тајна 83 години, за во 2000 година конечно да го претстави текстот во јавноста кој наводно се однесувал на обидот за убиство на папата Јован Павле Втори и прогонството на Христијаните ширум светот. Но, многумина сметаат дека последниот лист од пророштвото останал скриен, односно дека текстот претставен на јавноста во 2000 година не е баш целосен. А постојат и докази за тоа.rnrnКардиналите неколку пати рекле дека третата тајна е напишана на еден лист, а не на четирите објавени. Во третата тајна би требало да се наоѓаат информации за апокалипсата, сатаната и црквата. Тоа го нема во објавениот текст. Во текстот има и опис на Рим според кој сѐ е срушено и сите се мртви, а папата поминува преку сите нив, се качува на рид каде што го убиваат и него. Тоа некако не изгледа како атентатот на Јован Павле Втори. Освен тоа, ако тоа е навистина третата тајна, зошто после атентатот на папата чекале уште цели 20 години за да ја објават?rnrn4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чулеrnrnДева Марија кога се јавувала во визии секогаш говорела дека сето тоа може да се одбегне ако човештвото се сврти кон љубовта, наместо кон омразата. Нејзината клучна порака била дека неопходна е преобразба на Русија, дека руската црква ќе пропадне и дека Русија ќе го загрози целото човештво. Тоа било само неколку месеци пред Октомвриската револуција и се толкува како најава за тоталитаризмот на Сталин. Поради тоа, Јован Павле Втори давал напор да се стави крај на Студената војна и да се сруши империјата СССР. Богородица им рекла на децата дека нејзиното последно појавување ќе биде на 13-ти октомври во 1917 година. Спомнала дека тогаш ќе се случи и таканареченото „чудо на сонцето“.rnrnТоа брзо се раширило и во Фатима се собрале околу 100.000 луѓе кои биле сведоци дека чудото навистина се случило. Сонцето прво се појавило од облак, потоа добило ореол од различни бои кои паѓале како виножито. На крајот се поместило кон хоризонтот. Сите тие 100.000 луѓе и десетици новинари тврделе дека ништо слично немале видено во животот.rn

    3. Пророштвото на Алоис Ирлмаиер

    rnАлоис Ирлмаиер бил обичен физички работник од Фрајсласинг во Баварија. Меѓутоа, тој покрај физичката сила имал и други интересни способности. Знаел некои работи кои не би требало да ги знае и говореле дека е видовит. Според легендата, тој по Втората светска војна на многумина им помогнал да ги пронајдат нивните блиски. Поради популарноста која брза ја стекнал, завршил на суд обвинет дека се занимава со вештерство. Судот го ослободил кога тој точно му опишал на судијата каква облека носела жена му дента и што точно правела.rnrnАлоис исто така го предвидел и денот на неговата смрт, но и некои други ситници. Тврдел дека ја видел Третата светска војна како на филм и истакнал дека таа ќе се води на Блискиот Исток и Медитеранот каде што ќе влезат во конфликт најголемите светски сили.rn

    „Војната ќе почне кога двајца мажи ќе убијат трета важна личност. Тие се платени за тоа. Убиството ќе се случи на Балканот. Пред војната, годината ќе биде многу плодна и богата. Војната ќе дојде без предупредување, преку ноќ. Гледам прашина. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што значат тие и не ја знам датата, ниту времето кога тоа ќе се случи“, тврдел Алоис.

    rn4 тајни пророштва за кои веројатно никогаш не сте чулеrn

    4. Пророштвото на Свети Нил од Синај

    rnСвети Нил бил христијански монах од Синај. Живеел во петтиот век и зад себе оставил едно мало пророштво. Никогаш не било докажано дека тој навистина го напишал, но сепак е интересно и добро е да се знае. Тој ги предвидел авионите, подморниците, телефонските врски, па дури и Интернетот.rn

    „Луѓето ќе најдат начин да разговараат од еден до друг крај на светот. По 1900-та година и во 20-тиот век луѓето ќе станат непрепознатливи. Кога ќе биде време за доаѓањето на антихристот, луѓето ќе бидат без чест и гордост. Светот ќе се промени… Нема да можеме да ги разликуваме мажите од жените поради бесрамното облекување и косата… Алчноста ќе владее. Луѓето ќе летаат како птици и ќе нуркаат на океанското дно. Но, кога ќе го постигнат сетот тоа, тие несреќни луѓе нема да знаат дека всушност му слугуваат на антихристот…“, така гласи крајот на неговата порака.

    rnЗасекогаш ќе остане мистерија дали постои вистина во овие застрашувачки претскажувања на иднината, но во секој случај постои големо поклопување меѓу нив и реалноста иако станува збор за пророштва со векови стари. Нам ни останува да ги зачуваме човечките вредности и да докажеме дека неизбежниот ужасен крај што тие го предвидуваат е погрешен и неостварлив.

  • Тајни кои убавите жени никогаш не би му ги признале на светот

    Тајни кои убавите жени никогаш не би му ги признале на светот

    Се чини дека убавите жени секогаш зрачат со радост и позитивна енергија. Нивната насмевка може да го разведри и најдождливиот ден. Но, за целиот тој шарм што го поседуваат, тие плаќаат одредена цена.rnrn

    Тајни кои убавите жени никогаш не би му ги признале на светот
    Убавината подразбира трошење многу пари за шминка
    rnrnОвие илустрации ќе ве натераат да погледнете зад совршената фасада и ќе ви помогнат да ги истражите помалку познатите аспекти на тоа што значи да се биде убав.rnrn

  • 5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријатели

    5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријатели

    Според дефиницијата за вистинско и неразделно пријателство, најдобрите пријатели секогаш треба да се искрени и да си ги кажуваат сите свои тајни. Сѐ она што нема да биде веднаш пренесено се смета за предавство. Но, ова барање не е баш реалистично. Добрината, дарежливоста и лојалноста би требало да доминираат во однос на откривањето на секој можен детаљ од животот. Споделувањето интимни информации со пријател треба да биде избор, а не обврска и ниту пак вие треба да очекувате од нив да ви кажуваат сѐ што им се случува. Со други зборови, постојат работи кои навистина не морате да им ги кажувате на вашите најдобри пријатели. Ова се 5 од нив…rnrn5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријателиrn

    1. Трауматични епизоди од минатото

    rnДоколку сте ја имале таа трагична судбина да се соочите со нешто трауматично во минатото, без разлика дали се работи за насилство, тешка болест или нешто друго, сигурно ве советувале дека тој несреќен настан треба да го споделите за да можете да продолжите понатаму. Но, тука се заборава нешто многу важно за процесот на откривање траума – некои луѓе нема да дадат корисни совети. Колку и да го сакате вашиот најдобар пријател, доколку знаете дека нема да ви биде баш од помош, подобро е да не му ја откривате таа информација.rnrnСпоред доктор Дори Лауб, која работела со оние кои ги слушале искуствата на преживеаните од холокаустот, луѓето на кои им се доверени некои трауматични настани можат да се поделат во неколку категории. Тие можат да реагираат така што ќе останат парализирани и рамнодушни, ќе одговорат со лутина, премногу ќе ја тешат жртвата, ќе почнат да се распрашуваат што се случило или ќе бидат преплавени со емоции и ќе станат премногу емпатични. Ова се стратегии за справување со таквата ситуација, но ниедна од овие реакции не е добра за луѓето кои ги споделуваат нивните најинтимни доживувања. Понекогаш доволно е само да бидете слушнати, подобро е да не добиете повратен одговор.rn

    2. Цели кои нема да ги разберат

    rnДоброто пријателство подразбира реалистичен поглед на способностите и можностите на пријателот. Никој не е совршен, а кога некого добро ќе го запознаете, ги запознавате и сите негови недостатоци. Според едно истражување, опростувањето е најважниот елемент за кое било пријателство или врска да останат здрави и долготрајни. Доколку ги знаете мааните на вашите пријатели, добро знаете што тие можат и не можат да направат за вас. Ако имате некои животни планови и цели што знаете дека тие нема да ги поддржат, не морате да ги споделите со нив.rnrn5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријателиrnrnТие можеби не можат да разберат одредени работи како што се вашата одлука да имате деца, да се преселите во Индија или да основате своја фирма чиј бизнис тие не го одобруваат. Не станува збор за одбегнување на конфликти, туку за прашањето дали вие можете да ги остварите овие работи без нивна поддршка и дали морате прво да добиете нивно одобрување. Ако решите да не ги слушате нивните негативни коментари за вашиот план да станете уметник, тоа не значи дека не ги сакате како пријатели.rn

    3. Интимни детали за вашето здравје или здравјето на членови од вашето семејството

    rnНекои луѓе не сакаат да споделуваат работи за здравствените проблеми или не се подготвени да слушаат милион погрешни дијагнози за нивното здравје. И тоа е сосема во ред. Најдобрите пријатели не мораат да знаат што се случува помеѓу вас и вашиот доктор, тоа е ваша информација а не нивна. Ова уште повеќе важи за здравјето на членовите од вашето семејство. Пристапот кон здравствената состојба на вашиот семеен круг е привилегија, а не право. Можеби нема ни да размислите два пати пред да му се јавите на вашиот најдобар пријател доколку се јави некоја сериозна болест, но не сте лоша личност и ако не сакате да го направите тоа. Споделувањето на проблемите е добра идеја, затоа што на тој начин можете да добиете поддршка и нема да морате да поминувате низ сето тоа сами. Но, не мора да биде неизбежен дел од пријателството, доколку не сакате.rn

    4. Тајни на други луѓе

    rnИмате повеќе најдобри пријатели? Се чувствувате лошо ако еден од нив ви каже нешто и ве замоли да не кажувате на никој? Или имате чувство на вина доколку вашиот најдобар пријател ве праша што ви се случува во животот, а вие само што сте ветиле дека нема да откриете некоја голема тајна? Пријателството не значи дека автоматски морате да ја прегазите вашата лојалност и ветувања кон другите луѓе. Не сте обврзани на пријателите да им ги кажете тајните на вашиот партнер, на колегите или на вашите родители. Доколку тие ве притискаат да им кажете нешто што не сакате, треба сериозно да разговарате со нив и да поставите граници. Тоа е класичен знак на токсично пријателство со пријател кој бара да биде приоритет и да знае сѐ за луѓето што ве опкружуваат, вклучувајќи ги вашиот партнер и семејство.rnrn5 работи кои не морате да им ги кажете на вашите најдобри пријателиrn

    5. Вашето вистинско мислење за нивниот партнер или избор

    rnТреба да се внимава малку со искреноста кон пријателите. Нема да се согласат сите, но не е секогаш потребно да бидете целосно искрени кога станува збор за изборот на вашите пријатели и вашето мислење за истиот. Доколку сметате дека се во опасност и дека можат да бидат повредени, во ред е да кажете нешто. Но, сосема друг случај е ако се работи за различен животен пат или активности кои вие никогаш не би ги направиле. Тогаш подобро е мислењето да си го задржите за себе. Најважно е да бидете внимателни кога го кажувате вашето мислење, да покажете разбирање и добро да го слушате вашиот пријател. Познато е дека најдобрите пријателства можат да бидат поинтимни од многу романтични врски. Дури и да мислите дека нивниот избор на професија е идиотски или дека нивниот партнер ги манипулира, важно е да бидете чувствителни и да го кажете тоа на убав начин.

  • Кој е најдобриот начин да ѝ кажете дека ја сакате според нејзиниот хороскопски знак?

    Кој е најдобриот начин да ѝ кажете дека ја сакате според нејзиниот хороскопски знак?

    Постојат многу нешта кои можат да се кажат за љубовта, бидејќи таа е непресушен извор на инспирација, но уште повеќе може да се говори и за тоа како и кога се вљубуваат луѓето. Но, едно малку почувствително прашање е начинот на којшто луѓето ја покажуваат меѓусебната љубов. Љубовните врски се комплексни , како за девојките, така и за момците. Токму затоа и ви нудиме неколку совети како да ѝ кажете дека ја сакате, според нејзиниот хороскопски знак.rnrn(1) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnЖените Овни сакаат да испробуваат нови работи и мразат монотонија во нивниот живот. Веруваат дека промените го зачинуваат животот. А, кога се вљубуваат тоа се вистински емоции кои веднаш се забележуваат. Овие девојки се независни и им е потребен простор. Затоа, доколку сакате да им покажете дека ги сакате, правете одредени работи заедно, но и оставете простор за слобода, како за нив, така и за вас. Најмалку од сè сакаат партнерот да ги „гуши“.rn

    Бик

    rnБиковите се познати по тоа што одвреме-навреме избувнуваат (ураганите се веројатно крстени по нив) и можат да станат неразумно љубоморни и посесивни. Но, истовремено се и премногу лојални. Доколку не им дадете причина да бидат љубоморни или не им оставите доволно простор нивните чувства кон вас да прераснат во посесивност, тогаш тие ќе бидат со вас и во добро и во лошо. За да им покажете дека вистински ги сакате, отстранете ги сите можности за сомневање и покажете им дека сте верен партнер.rn

    Близнаци

    rnДоколку сте вљубени во девојка родена во овој период од годината, тогаш добивате две во едно. Некогаш се друштвени и спонтани, а некогаш знаат да бидат емотивно недостапни. Близнаците се креативни. Изненадете ги со викенд патување и активности кои се надвор од секојдневните обврски. Така ќе почувствуваат дека навистина имате искрени чувства и дека се грижите за нив.rnrn(2) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знакrn

    Рак

    rnДомот и семејството се приоритети на овие девојки. Тие понекогаш знаат да бидат тврдоглави и имаат тенденција премногу да ги анализираат нештата околу себе. Но, како и Овните, така и Раковите, кога ќе се вљубат, тогаш тоа е вистински. Беспоштедно ќе ви се предадат, затоа што сметаат дека ги заслужувате нивните емоции и нивното внимание. Внимавајте да не ги разочарате. Направете сè за да се почувствуваат дека се дел од вашето семејство. Тогаш, овие девојки ќе ја почувствуваат вашата љубов.rn

    Лав

    rnИма причина зашто родените во овој период се означени како Лавови во хороскопот. Тие се самоуверени и цврсти, но истовремено и лесно ранливи. Покажете им ја својата љубов на начин преку кој ќе се восхитувате на нивните предности и способности, почитувајќи ја улогата којашто ја имаат во вашите животи и не заборавајте, давајте им простор да се осамат, секогаш кога ќе го побараат тоа од вас.rn

    Девица

    rnНе планирајте спонтано патување со оваа девојка. Девиците се неверојатни кога станува збор за планирање. Знаат да постават многу високи стандарди за сите од околината, па затоа ако во вас се вљуби девојка родена во овој период од годината, знајте дека сте ги поминале сите тестови. Тоа е еден од начините на кои можете да ја покажете својата љубов. Продолжете да се придржувате до стандардите кои веќе ви се поставени, за што ќе бидете наградени со нивна верност.rnrn(3) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знакrn

    Вага

    rnВагите можат да имаат најдобри, но и најлоши изданија. Овие девојки можат да бидат неодлучни и тешко да се осмелуваат да кажат „не“, но од друга страна се одлични слушатели, миротворци и сакаат да преземаат нови предизвици. Не сакаат здодевни и вообичаени нешта. Ќе се почувствуваат сакано доколку и вие се вклучите во некоја нивна авантура, а во неделите можете релаксирано да гледате телевизиски серии со нив.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите сакаат победа, контрола и сериозни нешта околу себе. Не се изненадувајте доколку откриете дека на Гугл пребарувале теми поврзани со духови, мистични приказни или пак стории за необична смрт. Доколку вие немате наклонетост кон вакви темни и извртени приказни, не грижете се. Ќе ве прифатат и без тоа, само кажете си веднаш.rn

    Стрелец

    rnСтрелците живеат за тоа секојдневно да искусуваат нови работи и авантури. Доколку сте во врска со девојка Стрелец, веројатно знаете колку е тешко да се следи во чекор, бидејќи нивните интереси се најразлични. Тие се неверојатно мудри, оптимистични и во склад со нивните емоции. Доколку почувствуваат дека не ги слушате доволно внимателно или не покажете заинтересираност за она што го велат и тоа што го прават, тогаш немате големи шанси да останете со нив. Затоа, покажете им ја својата љубов преку константно внимание.rnrn(4) Како да ѝ кажете дека ја сакате според хороскопскиот знакrn

    Јарец

    rnЈарците имаат високо мислење за себе и за својот партнер. Тие се срамежливи, практични и добри организатори. За нив нема ништо посекси од момче кое знае да ги спои духовитоста и интелигенцијата. Имаат добра смисла за хумор и знаат да кажат навистина интересни шеги. Покажете им ја љубовта со добро организирано патување, но тоа не смее да биде премногу екстравагантно, бидејќи многу внимаваат на финансиите. И секогаш, ама баш секогаш, продолжете да се залагате за ваш личен и општ успех.rn

    Водолија

    rnВодолиите се ексцентрични, шармантни и интелигентни. Доколку успеете да фатите чекор со неа, тогаш ќе ве награди со разоткривање на нејзината сексуално – авантуристичка страна. Тие сакаат романса, но без претерувања. Едноставно бидете искрени со неа и таа ќе ви врати со неизмерна љубов и внимание.rn

    Риби

    rnВнимавајте да не ѝ го скршите срцето. Рибите се емотивни и сензитивни. Тие му веруваат на претчувството и го слушаат срцето. Доколку не ги почитувате нејзините емоции и не зборувате отворено за своите чувства, тогаш набрзо ќе останете без неа. Затоа отворете ја својата душа и така ќе сфати дека вистински ја сакате.

  • Најмистериозните тајни друштва во светот

    Најмистериозните тајни друштва во светот

    Според некои луѓе овие тајни друштва владеат со светот. Најпознати се Масоните и Илуминатите за кои се верува дека имаат свои луѓе на високи државни функции, во индустријата и банкарството. Во продолжение прочитајте и дознајте кои се тие тајни друштва кои според некои теории го контролираат светот од сенка…rnrnНајмистериозните тајни друштва во светотrn

    Масони

    rnОва друштво, со најдолга историја на постоење, барем онолку колку што е познато, сè уште постои. Масоните се познати по нивното тајно ракување и симболи, бизарни ритуали, и хиерархијата според која членовите достигнуваат одредени нивоа во зависност од искуството и придонесот кон друштвото.rnrnОригинално се основани како унија на работничките заедници и биле познати како слободни ѕидари, а првата ложа е формирана во Лондон во 1717 година. Меѓутоа, озборувањата за нивното постоење кружеле барем еден век пред нивното основање. Постојат многу модерни тајни друштва кои се реплика на масоните, барем кога се работи за поздравите, тајните кодови, приватните ритуали и комплексниот синџир на управување.rnrnСе смета дека и во Македонија постои Голема масонска ложа, а за некои од српските масони се сметаат Вук Караџиќ, Доситеј Обрадовиќ и Михајло Пупин.rn

    Илуминати

    rnОва здружение настанало кога група луѓе се одвоиле од масоните и оттогаш за нив постојат голем број шпекулации дека режирале многу катастрофи, мистерии и економски кризи. Не постојат никакви докази дека тие и понатаму постојат, но тоа ги прави само помистериозни и поинтересни за истражување.rnrnБаварските илуминати се основани во 1776 година со цел да се спротивстават на празноверието, предрасудите, верското влијание на јавниот живот, злоупотребата на власта, но и како поддршка за образованието на жените и родовата рамноправност. За нив често се вели дека управуваат со светските случувања, со цел да создадат Нов светски поредок. Теоретичарите на завери тврдат дека многу значајни луѓе им припаѓале на илуминатите, а претседателите на САД се обично мета на таквите тврдења.rn

    Череп и Коски

    rnОва е најмалото тајно друштво и е основано во 1832 година на Универзитетот Јејл. Негови членови се голем број државни службеници, најмалку три претседатели, но и луѓе од индустријата. Тие се состануваат два пати неделно со ритуали кои се многу слични на масонските. Но, според некои тврдења тие не се ништо друго освен славно братство на колеџ.rn

    Розенкројцери

    rnОва друштво е основано во 15-тиот век од страна на Кристијан Розенкроц во Германија, а 2 века подоцна станале познати во светот. Постои тврдење дека тие всушност ги создале масоните, илуминатите и невидливото братство, и дека стојат зад секоја значајна револуција во светот. Познати се и како Братство на крстот на ружата.rnrnОбјавена е книга за нив без автор, а во неа е наведено дека нивниот основач патувал низ Африка и Блискиот Исток собирајќи знаење од областа на природните науки, древните мудрости и окултизмот, а кога се вратил во Германија основал друштво за да го пренесе своето знаење на одбран круг луѓе.rnrnНајмистериозните тајни друштва во светотrn

    Билдерберг

    rnОваа елитна група секоја година се собира на различно место во луксузни хотели и ресторани ширум светот. Поради тоа што овие состаноци се многу затворени, многумина тврдат дека тогаш се одредува судбината на целата планета. Иако тие не се тајно друштво, нивното влијание во светот е загрижувачко затоа што тие ги опфаќаат речиси сите влијателни компании во светот.rn

    Протоколите на сионските мудреци

    rnВо 1920 година Хенри Форд во неговите весници објавил повеќе статии кои содржеле руски документи под името „Протоколите на сионските мудреци“, но тие многу брзо биле повлечени под изговорот дека се работи за лажни документи. Станува збор за антисемитски памфлет кој ја опишува наводната еврејска и масонска завера да завладеат со светот.rn

    Темплари

    rnТие се познати и како Ред на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, односно попознати под името Ред на витезите Темплари. Тие се основани на почетокот на 12-ти век. Многу брзо станале важен фактор на меѓународната политичка сцена во тој период.rnrnТие добиле одобрение од Папата да собираат данок во подрачјата кои биле под нивна контрола. Темпларите имаат голема улога во создавањето на ритуалите и основањето на различни гранки на модерните масони.

  • Тајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“

    Тајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“

    Животот може да биде навистина стресен, но дали некогаш сте забележале дека одредени жени изгледаат постојано енергично? Дури и во оние ситуации кои делуваат како да избегале од контрола, овие жени покажуваат неверојатна ведрина. Изгледа тие имаат неколку трикови скриени во нивните ракави, што им помагаат дури и во најтешките моменти да изгледаат ведро, енергично и силно. Откријте кои се нивните тајни.rnrnТајните на жените кои никогаш не изгледаат „истрошено“rn

    Тие одржуваат детален календар (но, не му дозволуваат да владее со нивниот живот)

    rnПодготовката е клучна, но и адаптирањето е исто толку важно. Направете распоред и држете се до него, но имајте на ум дека е сосема во ред доколку одвреме-навреме направите одредена промена. Без разлика дали вашиот колега работи премногу бавно или пак, вашите деца се задржале на курсот по странски јазик, постојано потсетувајте се дека некои нешта се едноставно вон ваша контрола и најдобриот начин да се справите со нив е да се адаптирате.rn

    Тие секогаш тргнуваат порано

    rnКолку пати ви се случило да верувате дека можете да стигнете некаде за 20-тина минути, но реално да станува збор за саат време. Размислете, потребни ви се околу 5 минути да излезете од дома, па како и секогаш, да заглавите во сообраќај и згора на сè да мора да поминете и од бензинската станица за да го наполните вашиот празен резервоар… Одеднаш сфаќате дека веќе доцните 30 минути, а потребни ви се барем уште 30 минути за да пристигнете до вашата дестинација. Токму затоа и секогаш додавајте барем 20-тина минути плус на вашата претпоставка за потребно време да пристигнете некаде со цел да не доцните често и притоа да се нервирате.rn

    Тие знаат како да кажат „не“

    rnНајдобриот начин да се почувствувате под стрес е доколку преземате повеќе обврски одошто можете да завршите. Размислете, дури и да успеете да стигнете да завршите сè, колкави се шансите крајниот резултат да биде добар според вашите стандарди? Со совладување на уметноста на кажување „не“ вие нема да ги разочарувате луѓето околу вас, туку баш напротив, кога ќе дојде време за потврден одговор, тие ќе бидат многу позадоволни од добро завршената работа отколку што би биле ако само претрчате околу обврската која сте ја прифатиле, а за која воопшто сте немале време.rn

    Тие се грижат за себе

    rnОва значи дека одвојуваат доволно време за спиење, како и за сите оние ситни задоволства, како повремен маникир или пиење пиво со пријателите со цел да ја одржат својата среќа. Тоа е единствениот начин да се наградите себеси за добро завршената работа и да се опуштите од секојдневните проблеми и обврски со кои се среќавате на вашето работно место. Со неколку зборови, доколку не сакате постојано да изгледате „истрошено“ во очите на луѓето околу вас, мора да најдете начин секојдневно да си издвојувате време наменето само за вас.

  • Дознајте кои се вашите тајни способности според хороскопскиот знак

    Дознајте кои се вашите тајни способности според хороскопскиот знак

    Секој хороскопски знак е единствен и се одликува со посебни карактеристики кои го одделуваат од останатите. Комбинацијата од сите ваши предности и недостатоци резултира со создавање прекрасни различни способности и особености. Овие особини ги прикриваат посуптилните особини. Во продолжение дознајте кои се вашите тајни способности според хороскопскиот знак.rnrnДознајте кои се вашите тајни способности според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnНеговата доверба и природна внатрешна сила се пренесуваат на сите луѓе околу него. Тој ги поттикнува луѓето да се соочат со нивните стравови и да дадат сè од себе без оглед на тоа каква е ситуацијата. Тој е роден лидер, а тоа најмногу се гледа по неговата способност да создаде пријателска атмосфера и чувство на тимска работа.rn

    Бик

    rnОвој стабилен и урамнотежен знак има неверојатна способност да приготвува храна која ги воодушевува сетилата. Бикот обрнува внимание на деталите, а неговата интуитивна природа најмногу доаѓа до израз кога станува збор за создавање единствени и уникатни оброци. Нема подобар готвач од Бикот!rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се интелигентни, чувствителни и неверојатно комуникативни. Тие можат да разговараат со секого на која било тема, без ни малку страв. Доколку на Близнаците им се укаже почит, способни се да вдахнат живот во секоја забава или настан.rn

    Рак

    rnРакот е познат по тоа што постојано е во допир со неговите емоции. Поради тоа, тие се прекрасни слушатели и одлични се кога станува збор за решавање конфликти. Сè додека ги цените, тие ќе бидат вашиот личен терапевт.rn

    Лав

    rnНивното дрско и оригинално однесување прават сите луѓе да се вљубат во нив. Луѓето секогаш ги интересира што и како прави Лавот. Тоа им дава моќ да ги поттикнат луѓето на размислување и смеа.rn

    Девица

    rnДевицата посветува големо внимание на сè што прави. Тие се многу детални кога раскажуваат некој настан или кога планираат некакво случување и токму затоа можат да ја остварат секоја цел што ќе си ја зацртаат.rn

    Вага

    rnТајната способност на Вагата лежи во тоа што таа може да го тргне на страна нејзиното субјективно мислење и пристрасност од секоја ситуација. Тоа ѝ овозможува секогаш да биде праведна. Тие се природни посредници кои секогаш пронаоѓаат решение, без разлика на тоа колку е тежок проблемот. Прекрасна комбинација од убавина, правда и хармонија!rnrnДознајте кои се вашите тајни способности според хороскопскиот знакrn

    Скорпија

    rnСкорпијата е знакот кој го движи светот! Благодарение на нивната заразна посветеност тие ги поттикнуваат другите да го постигнат она што им се чинело невозможно. Тие добро разбираат што е потребно за да се постигне успех.rn

    Стрелец

    rnОвој знак има дарба да шири позитивност и среќа каде и да оди. Нивниот животен ентузијазам е заразен. Тие сакаат да го споделуваат нивното знаење и искуство, со што ги поттикнуваат и другите да го прават истото. Тие ги инспирираат луѓето да бидат горди на нивната животна приказна.rn

    Јарец

    rnЈарците се многу посветени на што и да прават. Тие никогаш не го губат фокусот од нивните многубројни цели. Кога еднаш ќе си постават цел, секој можен момент и секој ресурс што го имаат на располагање го насочуваат во тој правец.rn

    Водолија

    rnВодолијата поседува темелно знаење и љубов спрема себеси. Нивната самодоверба е непоколеблива, а понекогаш дури и погрешно протолкувана како ароганција. Тие се големи визионери и хуманисти. Секогаш чекор понапред од времето во кое живеат.rn

    Риби

    rnОвој знак се одликува со единствен и оригинален начин на изразување. Тоа честопати е изразено преку уметноста или пишувањето. Тие имаат способност да претстават прекрасна апстракција на начин што сите ќе можат да ја ценат. Рибите ги доживуваат едноставните, вообичаени чувства и ситуации на еден навистина посебен и фантастичен начин.

  • Едноставни, но ефикасни спа тајни за совршена кожа

    Едноставни, но ефикасни спа тајни за совршена кожа

    Баш како тренерот кој се обидува да ги доведе вашите мускули во одлична форма, така и спа центрите се обидуваат да ја подигнат убавината на вашата кожа на повисоко ниво. После еден третман (или два) ќе се изненадите колку вашата кожа може да биде свилена. Но, тоа што многумина не го знаат, а треба, е фактот дека можете да постигнете идентични резултати и дома. Разни експерти за убавина ги споделија нивните тајни со нас за да научиме како да се однесуваме кон нашето тело како професионалци. Најдоброто од сè? Не мора да закажувате, ниту пак да оставате бакшиш.rnrn1-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    Спа тајна бр. 1: Негувајте се како да сте родени за тоа

    rnКористење пилинг за тело неколку минути додека сте под тушот е подеднакво ефикасно како и медитирањето во текот на „километарските“ телефонските разговори. Токму поради тоа, козметичарите стануваат опседнати со пилингот. Посебен трик? Сконцентрирајте се посебно на секој дел од телото од 5 до 10 минути, започнувајќи од рамената, а завршувајќи до прстите на нозете.rn

    „Можеби делува како претерување, но навистина е потребно толку време за да се добие видно понежна кожа“, велат експертите.

    rnИсто така, тие користат единствени начини на триење за да ги отстранат мртвите клетки од кожата.rn

    „Користиме бавни, кружни движења притискајќи ја кожата со палците“, вели една козметичарка.

    rnДоколку сакате да ја направите кожата екстра свилена, нанесете пилинг додека вашата кожа е сува.rn

    Спа тајна бр. 2: Не бегајте од производите од супермаркетот

    rnМислите дека сите „специјални“ креми се премногу гламурозни за вас? Размислете повторно. Во правењето и мешањето на кремите за третмани, многу спа центри се потпираат на евтини (но ефикасни) состојки. Па така, во садот за маникир ќе ви сипат млеко бидејќи млечната киселина ја омекнува кожата подеднакво добро како и некоја наменска и скапа крема. Не е ретко и во средствата за пилинг да се додаде шеќер за да го направат „погруб“ и поефикасен. А, како ви звучи фактот дека во кремите за тело додаваат малку мед за да биде екстра хидратантен? Уште еден супер трик за домашна употреба: Исцедете пола лимон во купката – лимоновиот сок има природни киселини кои ќе ја осветлат кожата.rnrn2-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    Спа тајна бр. 3: Зголемете ја дозата на тоа што го мачкате

    rnМногумина користат пилинзи, лосиони и млеко за тело како да се направени од злато – малку. Таа количина едвај се трга од вашите дланки и воопшто не допира до длабинските слоеви на вашата кожа. Затоа не чудете се зошто не сте задоволни од резултатите на вашата нега. Во спа центрите не штедат на креми. Не само што супер ја хранат вашата кожа, туку имаат и психолошки ефект: Допуштете си себеси луксуз кој ви ја „храни“ потсвеста, но и со тоа дава чувство на нега.rnrnДоколку ве заплашува цената на големите пакувања, можете да се определите барем за поголеми количини од производот, па определете се за количина рамна на големината на едно топче за голф. Ниту ќе банкротирате, ниту ќе чувствувате вина, а вашата кожа ќе профитира.rn

    Спа тајна бр. 4: Прескокнете ја супер опремата

    rnЗа ефикасна нега не ви е потребна опрема за да го постигнете совршениот изглед. Исто така, во спа центрите користат едноставни алатки за луксузни третмани. Така на пример, практикуваат нанесувањето на кремите и маските да се одвива со регуларни четки за бојадисување за брзо, лесно и темелно да се намачка целото тело. Тупферите кои ги користат се истите оние што вие ги користите дома. Но, она што не го гледате се сунѓерите и луфите кои се користат за сите клиенти и кои стојат со недели и месеци во спа салоните. За разлика од нив, вие би требало да имате ваши бјути „алатки“, посебно луфи за капење кои би требало редовно да ги менувате, по можност еднаш месечно.rn

    „Овие производи се идеални за собирање бактерии, па затоа е потребно редовно да ги менувате. Освен тоа, новите производи ѝ даваат многу подобро чувство на кожата“, велат дерматолозите.

    rn

    Спа тајна бр. 5: Маските може да имаат повеќенаменска употреба

    rnИмате своја омилена маска за лице? Тогаш би требало да знаете дека таа не мора да ви служи само за нега на лицето. Поединечни козметичари ги користат и за нега на вратот и градите.rn

    „Кожата на овие делови од телото се подеднакво деликатни како кожата на лицето, т.е. им пријаат маски кои имаат благотворни состојки како овошните екстракти“, велат дерматолозите.

    rnЗа максимален ефект нанесувајте ја маската така што ќе ја „лизгате“ со прстите преку лицето со брзи движења нагоре.rn

    „На овој начин ќе ја забрзате циркулацијата и апсорпцијата на сите хранливи состојки од маската“, велат експертите.

    rnside profile of a young woman getting a back massagern

    Спа тајна бр. 6: Фатете ги капките вода

    rnЗа да го продолжите животот и сјајот на кожата после третманот, експертите се сложуваат дека би требало да поработите на хидратацијата.rn

    „Намачкајте го целото тело со крема од 3 до 5 минути после излегувањето од кадата или тушот. Во спротивно, влагата од кожата ќе исчезне, па кремата нема да успее да продре во кожата толку ефикасно колку во случајот кога таа да е влажна“, велат експертите.

    rnКога е во прашање нанесувањето на производот, еве една супер стратегија – кремата мачкајте ја со кружни движења одоздола, па нагоре (во правец на срцето), со што ќе ја поттикнете циркулацијата и ќе добиете убава румена боја на образите.rn

    Спа тајна бр. 7: Замотајте се во мек пешкир

    rnСега кога сте достигнале бјути совршенство, „нурнете“ се во мек, миризлив (по можност малку загреан на радијатор) пешкир. Топлината ќе ја подигне температурата на телото, па маслото и сите останати хранливи состојки од кремата ќе продрат длабоко во кожата. Ова е момент каде што сте ја допреле точката при која експертите го велат следново: „Опуштете се и уживајте.“ Топла шолја чај, исто така, може да направи чуда.rnrn4-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    Бонус тајни:

    rn Моќта на допирот: Секако, масажата совршено пријае, а новите истражувања покажуваат дека таа исто така може да го отстрани и стресот. Масажата ги стимулира посебните рецептори под кожата кои му праќаат сигнал на мозокот да ги забави дишењето и работата на срцето. Идеалната масажа трае од 20 до 30 минути и го опфаќа целото тело, со оглед на тоа дека овие рецептори се наоѓаат насекаде. Најдобар ефект дава секојдневната масажа, но и онаа брзата, фокусирана само на грбот, која треба да ја применувате неколкупати неделно, бидејќи може да го намали нивото на кортизол, супстанца која е блиску поврзана со појавата на стрес. Бонус ефект ќе постигнете доколку користите масло од лаванда кое има смирувачко дејство.rnrnНамалете ги светлата: Совршената, пријатна атмосфера не секогаш подразбира цел тон наоколу поставени и запалени свеќи. И класичното осветлување може подеднакво да ја направи атмосферата посебна. Определете се за светилки со помала волтажа и доколку е можно, пештерни. Ниските ламби поставете ги во просторијата така што да емитуваат дискретно и „топло“ светло.rnrn5-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rnrnСлушајте ги вистинските тонови: Во изборот на музика која е идеална за спа центарот, експертите се потпираат на само една работа – пулсот. Значи, за да ги одведете вашето тело и дух на некое поубаво место изберете ја онаа музика која ќе ги доведе вашите отчукувања на срцето во нормала (од 60 до 80 отчукувања во минута). Ова музика би требало да биде рамномерна во јачина и темпо, па класичната музика или лесниот соул и џез, ќе бидат сосема добар избор.rnrnНурнете се во мирисите“: Вашата спална соба мора да блеска, но подеднакво и добро да мириса. Во спа центрите употребуваат едноставен, но фантастичен трик – миризливи свеќи кои емитуваат мирис на лаванда, еукалиптус и цитрусно овошје. Апсолутен хит во некои спа центри се свеќи на база на восок од соја, кои ги замениле класичните миризливи свеќи, бидејќи многу подолго горат, а емитуваат поинтензивен мирис.

  • Секогаш насмеани и позитивни: 9-те тајни на среќните девојки

    Секогаш насмеани и позитивни: 9-те тајни на среќните девојки

    Понекогаш ги гледате луѓето околу себе кои се добро расположени, позитивни, насмеани, прават шеги на своја и туѓа сметка и едноставно блескаат од радост и среќа и се прашувате како тоа им успева? Која е тајната за нивниот интензивен оптимизам? И што е најважно, дали и вие можете да го направите истото? Во тој контекст, прочитајте ги 9-те тајни на девојките кои секогаш изгледаат среќни и весели и имаат целосна контрола врз својот живот.rnrnСекогаш насмеани и позитивни: 9-те тајни на среќните девојкиrnrn1. Тие се благодарни и на малите работи. Наместо наутро да се нервирате околу непрочитаните пораки или фактот дека не сте се разбудиле на време и не сте го слушнале алармот, обидете се да уживате во тие 20 минути во својата топла постела, топлото кафе и топлиот туш пред да ги започнете дневните задачи. Дури и тоа да се единствените 20 минути во кои ќе уживате во денот, сепак вреди и се исплати.rnrn2. Тие секојдневно вежбаат. Половина час вежби за срцето и неговата работа можат да направат чуда за вашиот организам. Освен што ќе бидете и физички и психички здрави, вашето тело на овој начин испушта ендорфини кој ќе ве направат посмирени и посреќни.rnrn3. Тие спијат доволно. Држете се до својата вообичаена рутина и погрижете се да имате барем 7 часа сон секоја вечер. Доброто расположение се должи и на добриот сон.rnrn4. Не се грижат за неважни работи. Без разлика на тоа каков ден имате, секогаш обидувајте се да ја задржите позитивната енергија околу себе и погрижете се секоја интеракција која ја имате со луѓето да биде добра и среќна.rnrn5. Тие внесуваат ведрина во својата околина. Пронајдете начин да го освежите секој простор во кој се наоѓате. Отворете ги прозорите, тргнете ги завесите, додадете некое растение во својот дом или канцеларија. Кога сте во ведра просторија, тогаш ќе мислите само на убави работи.rnrn6. Си играат со домашните миленици. Според истражувањата, луѓето кои поседуваат домашни миленичиња се посреќни од оние кои ги немаат. Така, доколку имате некое домашно милениче обрнете му внимание и поиграјте си со него.rnrn7. Тие медитираат. Одвојте 15 минути дневно во кои мирно ќе седите во тишина, со затворени очи и „празна“ глава, ослободена од сите негативни мисли. Според медицинските студии, доволна е само една недела редовно медитирање со цел да почувствувате огромна разлика во количината на стресот и расположението.rnrn8. Се ставаат себеси на прво место. Дури и ако станува збор за половина час маникир или читање книга. Никој нема да ви замери ако одвоите малку време за себе, баш напротив вашето семејство и пријателите ќе ви бидат благодарни.rnrn9. Не се плашат да ги признаат грешките. Да претпоставиме дека ниеден од овие совети не делува. Наместо да го зголемувате стресот и незадоволството, едноставно дозволете си да бидете лути одредено време. Удрете ја вашата перница, повторно истуширајте се, направете што и да мислите дека ви е потребно за да ја контролирате лутината. Ваквото расположение ќе помине и ќе се чувствувате многу подобро откако ќе ја ослободите негативната енергија.