КАФЕ ПАУЗА

Tag: студија

  • Уште една причина плус зошто треба повеќе да се гушкате со вашите најблиски!

    Уште една причина плус зошто треба повеќе да се гушкате со вашите најблиски!

    Кога вашата сакана личност има тежок ден, веројатно ја прегрнувате без воопшто да размислите за тоа. Едно ново истражување покажува дека токму овој гест има многу поголемо влијание одошто мислите.rnrnrnrnСтанува збор за студија објавена во научното списание „PLOS One“ што тврди дека прегратката може да има мерливо влијание на расположението и количината на стрес по конфликт. Се покажало дека прегратката е гест што ги зголемува позитивните емоции, додека истовремено ги намалува негативните кај луѓето во деновите кога имале проблеми во врската.rnrnКоавторот на студијата, Мајкл Марфи, вели дека прегратката што е многу едноставно однесување, може да биде ефективен начин за давање поддршка и на мажите и на жените што минуваат низ конфликти во нивните односи.rnrnМарфи и неговите колеги за потребите на оваа студија, телефонски интервјуирале 404 возрасни индивидуи, и тоа секоја вечер, во текот на две недели. Меѓу другото, на секоја личност ѝ било поставено прашање за расположението во текот на денот, за дали имало некаков конфликт во врската и дали добила прегратка.rnrnПрегратките, како што откриле истражувачите, биле поврзани со мали подобрувања во позитивното расположение и намалување на негативното. За време на деновите кога имале конфликт, луѓето пријавиле малку негативни емоции, а многу позитивни, во оние денови кога имале конфликт што завршил со прегратка.rnrnОва се случувало во сите ситуации, без разлика на полот, годините, брачниот статус, социјалните интеракции, просечното расположение и слично. Ефектот бил забележлив дури и следниот ден.rnrnИстражувањето сугерира и дека физичкиот допир може да ги поттикне благотворните физиолошки промени, како намалување на стресните активности на мозокот и на срцето, и ослободување на окситоцинот што се нарекува хормон на љубовта. Секако, имајте на ум дека многу е важно и од кого доаѓа прегратката.rnrnНа кратко, прегратката, особено меѓу блиските, може да биде едноставен, директен и ефективен начин за давање поддршка на личноста за која се грижите, а која е во конфликт во својата врска.rnrnМожеби нема да ви се верува, но прегратките можат да ни помогнат и во борбата со стресот и инфекциите!

  • Изгледа дека старците секогаш ги имаат најдобрите решенија за проблемите

    Изгледа дека старците секогаш ги имаат најдобрите решенија за проблемите

    Когнитивното здравје е далеку од само добра меморија. Тоа вклучува одлучување, спознавање и решавање на проблемите, објаснуваат експертите од американскиот институт за медицина. Иако многумина сметаат дека когнитивната функција се намалува со годините, научниците тврдат дека токму спротивното е вистина.rnrnrnrnИмено, стареењето може да има и позитивни ефекти на способноста за решавање проблеми. Со оглед на фактот дека со секоја година ние собираме сè поголемо искуство, ова воопшто не треба да нè изненадува. Па, како всушност им успева? Изгледа дека старците имаат способност да го согледаат проблемот од повеќе страни поради искуството, притоа наоѓајќи го најефективното решение.rnrnОд друга страна пак, научниците исто така потврдуваат дека невроните не изумираат во староста, па нашиот мозок продолжува да работи со полн капацитет. Единственото нешто што е различно е само поголемото искуство. Сепак треба да се има на ум дека оваа состојба може да се случи, па губењето на невроните е главниот проблем при појавата на Алцхајмеровата болест.rnrnПостојат неколку начини како можете да се заштитите од деменција. На пример, редовно проверувајте го крвниот притисок, и ако пушите, веднаш оставете ги цигарите. Исто така, бидете што е можно физички поактивни, особено со шетање. Никогаш не земајте лекови на своја рака и за секој лек консултирајте се со доктор за неговото влијание на когнитивното здравје.rnrnДружете се со луѓе, излегувајте на свеж воздух и најдете нешто што ве исполнува. Вежбајте го своето знаење и решавајте крстозбори за да го одржувате когнитивното здравје. Исто така одвојувајте доволно време за спиење и погрижете се да не сте постојано изложени на стресни ситуации.

  • Интересно истражување: Милениумците повеќе сакаат да се сингл отколку во врска

    Интересно истражување: Милениумците повеќе сакаат да се сингл отколку во врска

    Според резултатите на едно ново истражување, изгледа е кул да се биде сингл. Истражувањето било спроведено на повеќе од илјада Тиндер корисници, на возраст меѓу 18 и 25 години, односно на дел од групата што е позната како милениумци. Тие ги изнеле своите ставови за врските и сингл животот, а резултатите инспирирале нова кампања на апликацијата што го слави сингл животот.rnrnrn

    „Штета е да го трошите времето додека сте сингл“, гласи новото мото на апликацијата за љубовни состаноци Тиндер, бидејќи резултатите од спроведеното истражување откриле дека милениумците едноставно многу повеќе уживаат кога се сингл отколку во врска.

    rnДури 71% од нив признале дека самите донеле одлука да бидат сингл, а 81% од нив откриле дека животот им е многу подобар кога се самите со себе. Од друга страна пак, 55% од испитаниците се согласуваат дека нивните сингл пријатели се позабавни од оние што се во врска, па најверојатно тоа води и до 39% од нив да изјават дека се плашат да започнат врска за да не станат здодевни. Интересно е и дека 25% од жените што учествувале во истражувањето признале дека кога се сами, се чувствуваат многу помоќно отколку кога се во врска.rnrnИзгледа дека времињата се промениле, но нас нè интересира какво е вашето размислување на оваа тема. Дали и вие ги делите мислењата со милениумците на Тиндер или пак, можеби размислувате во сосема поинаква насока?rnrnПрочитајте ги и овие 10 причини зошто тоа што сте сега сингл може да е најдоброто нешто што ви се случило.

  • Дали децата што одат во градинка подобро се однесуваат од децата што седат дома?

    Дали децата што одат во градинка подобро се однесуваат од децата што седат дома?

    Многу родители се загрижени за тоа што детето им оди во градинка, но едно ново француско истражување покажало дека нема причина за грижа. Ако вашето дете оди во градинка, и ако се чувствувате виновни затоа што не сте со него, тогаш овие резултати многу ќе ви се допаднат.rnrnrnrnИмено, според француските истражувачи, децата што одат во градинка се посоцијални во однос на оние што не одат. Иако овие резултати се можеби и очекувани, сепак тоа што изненадува е фактот што овие деца подобро се однесувале во однос на оние што биле дома со родителите или пак, со дадилка.rnrnИстражувањето го следело емоционалниот развој на 1.500 деца, од раѓање до 8-годишна возраст. Во текот на тоа време, родителите пополнувале редовни анкети за однесувањето на детето, за нивното ментално здравје, како и за статусот за нивната грижа во првите 3 години.rnrnПозитивното влијание од градинката не било забележливо само во најмладите години, туку и во нивниот понатамошен развој. Тие едноставно покажувале помалку проблеми со однесувањето, како и помалку социјални проблеми во раната адолесценција.rn

    „Висококвалитетните градинки во првите години од животот на децата можат да им го подобрат однесувањето, како и когнитивниот развој на децата. Потоа, тие можат да ги спречат емотивните потешкотии и да го подобрат социјалното однесување“, објаснува д-р Марија Меклор, една од авторките на истражувањето.

    rnОва не значи дека родителите не се грижат добро за своите деца, ниту пак дека тие треба да го сменат стилот на родителството, туку дека ако одлучат да ги пратат во градинка своите најмали, не треба да чувствуваат вина за својот избор.rnrnНа овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен!

  • Интелигенција и цврст став? Не! Изгледа дека мажите повеќе се привлечени од жени со вакви карактеристики…

    Интелигенција и цврст став? Не! Изгледа дека мажите повеќе се привлечени од жени со вакви карактеристики…

    Според едно неодамнешно истражување, во просек, мажите не се толку заинтересирани за жените со висока интелигенција и цврст став. Со цел да дојдат до одговорот на прашањето какви жени најмногу ги привлекуваат мажите, научниците им покажале на група испитаници фотографии од различни жени на кои тие требало да ги оценат оние што им се допаѓаат.rnrnrnrnЗа големо изненадување на научниците, резултатите биле сосема спротивни од тоа што се очекувало. На пример, жените што делувале кревко и ранливо, како оние со низок раст и слаба фигура, добивале многу ниски оценки. На дното се нашле и интелигентните, силни и самоуверени жени. Од друга страна пак, секоја психолошка ранливост била наведена како пожелна, а највисоки оцени добиле оние жени што делувале детинесто, па можеби дури и по малку „глупаво“.rnrnНе ви се верува? Нештата ќе ви станат многу појасни, кога ќе го дознаете одговорот на следната фаза од тестирањето. По оценувањето, научниците ги прашале испитаниците за сериозна врска со жените што добиле највисоки оценки – детинестите и помалку интелигентите, и одеднаш интересот за нив целосно се намалил. Со други зборови, сите овие особини што се посакувани од страна на мажите се поврзани со сексуалното искористување. Изгледа тие воопшто не мислеле на долг рок кога ги давале оценките, и оценувале само во однос на сексуална привлечност.rnrnПа, ако сакате да освоите маж на долг рок, тогаш слободно дајте сè од себе, и не се плашете да ги покажете сите свои атрибути.

  • 2 универзални карактеристики што ги делат само најдобрите љубовници

    2 универзални карактеристики што ги делат само најдобрите љубовници

    Едно ново истражување открило дека луѓето што ги имаат токму овие две карактерни црти, имаат и најбогат сексуален живот. Во истражувањето објавено во британскиот журналот за психологија, учествувале испитаници без љубовни партнери, од кои 192 биле сингл жени, а 105 сингл мажи.rnrnrnrnУчесниците требало да одговорат на низа тестови со цел да се открие поврзаноста помеѓу алтруизмот, односно однесувањето чија цел е помагање на другите без очекување награда, со успешноста во љубовта, односно во врските и сексуалниот живот.rnrnНаучниците дошле до заклучок дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите и се позадоволни од сексот. Кај мажите, тоа води и до поголем број партнерки за секс без обврски.rnrnСтудијата не дала одговор на тоа што ги мотивирало испитаниците да им помагаат на другите, но без разлика на тоа, добиените резултати се само уште доказ дека добрината и несебичноста секогаш се исплатат. Па, можеби е време за мала промена во вашиот живот?rnrnДознајте и кои се другите карактеристики што често се појаувуваат меѓу најдобрите љубовници.

  • Лошите шефови можат да ги разболат своите вработени

    Лошите шефови можат да ги разболат своите вработени

    За поголемиот дел од луѓето ширум светот, шефовите се причина за огромен стрес на работата. Според една неодамнешна студија, лошиот шеф може да биде исто толку штетен за вработените како и пасивното пушење. Резултатите исто така укажуваат и на фактот дека колку подолго работите со токсичен шеф, толку поголема ќе биде штетата на физичкото и менталното здравје.rnrnrnrnСпоред студијата, 75% од вработените веруваат дека нивните шефови се најголемата причина за стресот на работа. Но, дури 59% од нив не би ја напуштиле работата. Статистиките покажуваат дека вработените се навикнуваат на нивната работа, без разлика на фактот дека се навистина несреќни. Ова дополнително го комплицира процесот за давање оставка бидејќи тие веќе не се мотивирани да бараат поздрава околина за работење што може да им ја подобри ситуацијата.rnrnИстражувачите од Харвард и Стенфорд собрале податоци од над 200 студии и откриле дека стресот на работа може да биде исто толку штетен за здравјето како и изложувањето на голема количина чад од цигарите на луѓето околу вас. Главната причина за стресот на работа за повеќето вработени е ризикот од губење на истата. Како последица, дури 50% од овие вработени се посклони на проблеми со здравјето од нивните колеги.rnrnОд вработените на тешки работни позиции се очекува многу повеќе и тоа дополнително ги зголемува нивните шанси за акутни здравствени проблеми, дури до 35%. Во некои случаи, проблемите со шефовите се еден вид афинитет. Но, најчесто проблемот доаѓа директно од самиот шеф, што најдобро би можел да се опише како реална верзија од Миранда Присли (од филмот „Ѓаволот носи Прада“).rnrnКако да препознаете во која категорија спаѓате? Лошите шефови се најчесто премногу агресивни, нарциси, па дури и насилни. Тие користат фрази како „Ние отсекогаш така сме правеле“, „Биди среќен/среќна што воопшто имаш работа“ и „Местово е хаос кога не сум тука“.rnrnБидејќи е навистина тешко да се даде отказ и да се почне нешто од почеток, многумина одлучуваат да продолжат да работат на место каде што не се задоволни. Ова брзо преминува во навика и нивото на мотивација почнува да се намалува.rnrnАко се пронајдовте во овој опис, тогаш погледнете ги и следниве едноставни стратегии што ќе ви помогнат да ги преживеете моментите на професионална криза:rnrn1. Направете листа од целите во текот на денот, и прецртувајте ги како што ќе ги завршувате. Ова чувство на завршување ќе ви помогне постојано да се движите напред.rnrn2. Исклучете го службениот телефон за време на викендите. Ова ќе ви помогне да си ги наполните батериите барем за кратко.rnrnСоопштение до сите шефови: Зошто треба да им дозволувате на жените да дремнуваат на работа?

  • Ако се пронајдовте во ова, избришете ги солзите: Изневерените жени се секогаш победнички!

    Ако се пронајдовте во ова, избришете ги солзите: Изневерените жени се секогаш победнички!

    Неодамна сте дознале дека партнерот ве изневерил? Избришете ги солзите затоа што не е сè толку црно колку што изгледа! Едно неодамнешно истражување од Лондон дошло до заклучок дека жените што ги изгубиле партнерите поради неверство се всушност победнички на долг рок.rnrnrnrnАнонимното онлајн истражување вклучувало 5.705 испитаници од 96 држави ширум светот, правејќи го едно од најобемните за љубовните раскинувања досега. Тоа што се открило е дека неверството најчесто носело позитивни резултати, бидејќи жените на тој начин учеле како подобро да ги препознаваат лажливците во иднина, и како побрзо да ги забележуваат потенцијално опасните партнери. Овие вештини водат кон повисока самодоверба, која пак има позитивно влијание и во сите останати аспекти од нивниот живот.rn

    „Врската која настанала со неверство е најчесто осудена на пропаст. Прељубничките се свесни дека нивниот маж е склон на лаги и измами, па затоа и се чувствуваат понесигурно покрај него уште во почетокот. На тој начин и измамената жена станува победничка, а љубовницата губитничка“, вели Крег Морис, еден од истражувачите.

    rnИстражувачите исто така додаваат и дека неверството не настанува поради лошиот квалитет на врската или пак, затоа што личноста со којашто веќе е изневерувачот во врска не е доволно добра. Тие можат да бидат најсреќни и најзаљубени на светот, и да уживаат неизмерно во времето поминато заедно, но сепак да настане неверство. Вината за ова е исклучиво кај оној што изневерува, така што другата половина од врската не смее ни да помисли да се обвинува.rn

    „Ако врската има проблеми, тогаш треба да се работи на нив заедно со партнерот“, велат истражувачите. „Не треба да се бара решение надвор од врската, а уште помалку со друга личност зад грбот на вашата ‘сакана’“.

    rnПсихотерапевтите откриваат и зошто емотивното неверство станува сè почесто меѓу брачните партнери.

  • 6-те главни карактеристики што ги поседуваат сите успешни жени

    6-те главни карактеристики што ги поседуваат сите успешни жени

    Ако сте ја читале книгата „Препушти се“ (Lean In) од Шерил Сендберг и ги знаете сите дијалози од „#ДевојкаШеф“ (#GirlBoss) на Софија Аморусо, тогаш можеби би биле заинтересирани за оваа нова студија што тврди дека ги открила 6-те карактерни црти што сите успешни жени ги имаат за заеднички.rnrnrnrnКалипер, глобална фирма за менаџмент и консултација, решиле да ги откријат клучните карактеристики така што студирале група од 85 жени што биле на високи менаџерски позиции. Секоја од нив направила тест за личност и одговорила серија прашања за својот успех.rnrnИстражувањето открило дека шесте најчести карактеристики помеѓу професионално успешните жени се:rn

      rn 011

    • Наметливост
    • rn 011

    • Агресивност
    • rn 011

    • Емпатија
    • rn 011

    • Его-сила
    • rn 011

    • Толеранција за стрес
    • rn 011

    • Енергија
    • rn

    rnСпоред објаснувањето на Калипер, резултатите значат дека успешните жени се директни во својот комуникативен стил, можат да ги движат проектите кон напред, ги разбираат и се поврзуваат со чувствата на другите, удобно им е во околина со високо ниво на стрес и се ентузијастични за својата работа.rnrnОд друга страна пак, овие резултати не се нешто сосема неочекувано – изгледа очигледно дека треба да знаете како да го држите својот став, да бидете возбудени за својата кариера и да не „пукнете“ под притисок ако сакате да се искачите на корпиративната скала сè до врвот, но сепак е добар потсетник за оние што се борат со која било од овие карактеристики.rnrnУчете од нив: 3 реченици што сите успешни жени ги кажуваат без страв!

  • Дознајте колку време поминуваме на социјалните медиумите (одговорот нема да ви се допадне!)

    Дознајте колку време поминуваме на социјалните медиумите (одговорот нема да ви се допадне!)

    Сите знаат дека денешните Македонци се претерано залепени за своите смартфони, лаптопи и ТВ екрани, но една нова студија ни покажува колку сериозна е зависноста од технологијата која делува како да бега од контрола.rnrnrnrnСпоред оваа студија, возрасните минуваат просечно околу 11 часа дневно консумирајте медиуми во одредена форма, од слушање радио, сурфање на Интернет, гледање телевизија или посетување апликации. Да, добро прочитавте – 11 часа на ден! Кога ќе го комбинирате ова со типичниот 8-часовен сон, ќе сфатите дека 2/3 од денот минувате во виртуелниот свет наместо во вистинскиот.rnrnКако што може да се очекува, возрасните меѓу 18 и 34 години се најголемите корисници на медиумите, трошејќи 150% повеќе време онлајн наместо оние на возраст меѓу 50 и 64 години.rnrnОва се навистина лоши вести. Друга студија во март оваа година открила дека 39% од возрасните меѓу 18 и 29 години и 36% од возрасните меѓу 30 и 49 години самите признале дека „скоро постојано“ се онлајн. Оваа зависност од технологијата се смета за една од причините зошто индексот на среќа кај Македонците е на историски ниска точка, како и причината зошто оние меѓу 18 и 22 години брзо стануваат најосамената демографија во државата.rnrnНашата опсесија со медиумите исто така ги повредува и нашите врски. Слична неодамнешна студија покажала и дека актот на игнорирање на личноста покрај себе со гледање и употреба на смартфонот брзо предизвикува распаѓање на врската. Родителите веќе од мали нозе им даваат на своите деца таблет за да се смират, што потоа води кон чувство на игнорирање што се влече постојано во нивниот живот. Верувале или не, друга студија пак открила дека шокантен број луѓе го проверуваат својот смартфон дури и за време на сексот.rnrnСето ова влијае и на нашето здравје, и тоа на многу полош начин одошто мислите. Поголемиот дел од нас заспиваме додека гледаме во екран – активност што целосно го нарушува нашиот циклус на спиење, ни ја намалува долговечноста, ни го зголемува ризикот од депресија, па дури и ни предизвикува да качиме несакана тежина. Вредно е да се запомни и фактот дека гледањето премногу телевизија може вистински да ве убие.rnrnНикој не вели дека треба да се преселите во област без мрежа и да се изолирате целосно од социјалните медиуми, туку одвреме-навреме да размислите за дигитална детоксикација која ќе ве одмори од негативното влијание на технологијата. Ако не можете веднаш да го направите тоа, барем почнете да намалувате по 20-тина минути во денот. Верувајте ни, телото и умот ќе ви бидат многу благодарни.rnrnДознајте и што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбук!