КАФЕ ПАУЗА

Tag: спречување

  • Кои се симптомите на пролетниот умор и како полесно да се справите со нив?

    Кои се симптомите на пролетниот умор и како полесно да се справите со нив?

    Пристигнувањето на пролетта најчесто се поврзува со потоплите денови, но многумина во овој период се соочуваат и со поспаност и т.н. пролетен умор.rnrnКои се симптомите на пролетниот умор и како полесно да се справите со нив?rnrnПролетниот замор или пролетната летаргија е природна привремена состојба на расположение која често се манифестира со физички симптоми. Некои од најчестите симптоми се ниско ниво на енергија, замор, мрзеливост, слабост, фрустрација, неконтролирана поспаност (и покрај соодветната количина на сон), главоболки, болки во зглобовите и недостаток на мотивација.rnrnОваа фаза на замор според многумина е нормална и очекувана и во просек потребни се околу две недели за да се надмине пролетниот замор, а најчесто се јавува од средината на март до средината на април.rnrnДоаѓањето на пролетта носи поубаво време и можност за повеќе активности на отворено, за вежбање, прошетка. Сепак, иако пролетта нè потсетува на будењето, може да дојде до замор. Зошто има таква промена во организмот?rnrnЛуѓето, како и сите животни, го регулираат нивото на хормоните како одговор на надворешните дразби како што се светлината и температурата. Кога надвор е студено и темно, телото го забавува метаболизмот во обид да заштеди енергија и да се заштити. Исто така, произведува повеќе хормони за спиење мелатонин, што доведува до изразена потреба за сон. Додека во пролетта, сончевата светлина предизвикува телото да произведува повеќе серотонин или хормон на активност. Температурата на телото се зголемува, крвните садови се шират и крвниот притисок опаѓа – на нашето тело му треба време да се прилагоди на физичките промени. Поради ова, многумина се соочуваат со две предизвикувачки недели на дополнителна поспаност. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да го спречите пролетниот замор.rn

    Поминувајте повеќе време во природа

    rnСончањето помага да се подобри циркулацијата на крвта и ги елиминира токсините од телото. Неопходно е и за апсорпција на калциум за коските. Истражувањата покажале дека престојот на сонце ја стимулира синтезата на витаминот Д3 во човечкото тело што може да го подобри вашето расположение и да придонесе за подобар сон.rn

    Дишете свеж воздух

    rnСвежиот воздух дава повеќе енергија, го зајакнува имунолошкиот систем, ги подобрува крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Доволно е да посветите неколку часа неделно на хоби како градинарство или планинарство.rn

    Јадете свежа храна

    rnЗа да го подготвите телото за пролетта, можеби ќе сакате да го зголемите внесот на овошје и зеленчук. Ова е најдобриот начин за снабдување на телото со дополнителни витамини и минерали. Сепак, пиењето доволно течности исто така треба да биде превентивна мерка – понекогаш се чувствувате уморни само затоа што сте малку дехидрирани.rn

    Обилен појадок за забрзување на вашиот метаболизам

    rnМозокот користи гликоза како гориво, па затоа изберете јаглехидрати кои бавно се варат како леб од цели зрна, овесна каша и банани. Урамнотежениот појадок вклучува протеини и здрави масти кои се наоѓаат во јаткастите плодови, јајцата и јогуртот.rn

    Хранете се здраво и не прескокнувајте оброци

    rnНамалете ја количината на храна богата со масти, шеќер и сол. Обидете се да јадете редовно за да го одржувате нивото на енергија во текот на денот, но не прејадувајте затоа што големите оброци можат да ја исцрпат вашата енергија.rn

    Намалете го кофеинот

    rnПиењето кафе е веројатно најчестиот начин да се разбудите и да останете будни, но ефектот многу брзо исчезнува. Кофеинот делува како стимуланс на централниот нервен систем преку ослободувањето адреналин, хормон кој е одговорен за брзо активирање на мозокот, но чие дејство брзо исчезнува, па на крајот одново се соочувате со исцрпеноста. Затоа, најдобро би било да намалите со консумирање кафе, црн чај и газирани пијалаци.rnrnОткако прочитавте кои се причините за пролетниот умор, можеби ќе сакате да прочитате и рецепт за зелен пијалак за борба против пролетниот умор.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Тест: Изберете мандала и откријте што ве спречува да ги остварите вашите соништа

    Тест: Изберете мандала и откријте што ве спречува да ги остварите вашите соништа

    Погледнете ги мандалите и изберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа. Изберете со вашето срце, без да размислувате премногу. Избраната мандала ќе ви открие што е тоа што ве спречува да ги остварите вашите желби.rnrnТест: Изберете мандала и откријте што ве спречува да ги остварите вашите соништаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Мандала бр. 1″ active=”false”]rnrnОсобина што ве кочи: желбата да држите сè под контрола.rnrnКако се манифестира: болка во слепоочниците, вознемиреност, чувство на замор. Луѓето честопати ве разочаруваат, а тоа е бидејќи сте премногу одговорни и истото го очекувате од нив. Сè што не се одвива според планот е причина за вознемиреност бидејќи ви дава чувство дека не можете да го контролирате она што се случува.rnrnШто да правите? Научете да работите во тим каде секој од членовите ќе биде одговорен за одредена област, не се мешајте во туѓите работи и не преземајте одговорност за туѓите задачи. Научете да им верувате на другите и контролирајте ја вашата желба за перфекционизам.rnrnСепак, обидете се да обратите внимание и на вашите стравови кои ја поттикнуваат вашата желба да држите сè под контрола. Не заборавајте дека вие сте неприкосновен лидер, имате неверојатни организациски способности, паметни сте, но треба да се фокусирате само на задачите за кои имате доволно време и енергија, а кои директно се однесуваат на вас и на вашите интереси. Наместо да си наметнувате дополнителен товар, дајте им шанса на другите да дејствуваат без да ги контролирате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Мандала бр. 2″ active=”false”]rnrnОсобина која ве кочи: нетрпеливост.rnrnКако се манифестира: брзањето секогаш се поврзува со повреди на екстремитетите, модринки и, колку и да звучи парадоксално, со инхибиција, особено кога треба да се донесат брзи одлуки. Така, честопати носите погрешни одлуки, се лутите, ги преувеличувате проблемите и имате тенденција да правите од мравка-слон.rnrnШто да правите? Посветете му се на личниот развој така што ќе одвоите време за јога и медитација. Вежбајте длабоко дишење, правете план за секој ден во поглед на задачите и трошоците и намалете ја вашата интеракција со медиумите – интернет, радио, телевизија.rnrnВие сте љубезна, креативна личност, полна со идеи, таленти и позитивна енергија – но, за максимално да ги искористите сите овие особини неопходно е да ја контролирате вашата нетрпеливост![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Мандала бр. 3″ active=”false”]rnrnОсобина која ве кочи: емотивност.rnrnКако се манифестира: проблеми со висок крвен притисок и проблеми со тежината (прекумерна телесна тежина или слабеење) и кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, тука се вбројуваат и преземањето ризик, потсвесната потрага по адреналин, емоционалната нестабилност, промени во расположението, негативни емоции како лутина, незадоволство, бес и конфликтни ситуации со познати и непознати. Но, вие се со добро срце, па затоа конфликтите не траат долго.rnrnШто да правите? За да го намалите негативното влијание на оваа особина треба да најдете начин да се ослободите од сета негативност во вас. Добро би било да спортувате или да пишувате дневник. Морате да научите да управувате со вашето внимание и да го префрлите на нешто друго кога ќе се појави стресна ситуација.rnrnПрекумерната емотивност укажува на фактот дека имате премногу енергија, но ја насочувате кон непотребни работи. Затоа, научете како правилно да ја користите доколку сакате да бидете посреќни![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку ви се допадна овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каде лежи изворот на вашата среќа.rnrnИзвор: atma.hr

  • Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?

    Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?

    Кога не се сакате доволно себеси не можете да очекувате некој друг да ве сака, па оттука лесно може да дојде до раскинување на врската и уништување на секоја можност за љубов. Ако не можете да најдете љубов и се прашувате што не е во ред со вас – одговорот можеби лежи во тоа дека не се сакате доволно себеси. Во продолжение дознајте дали тоа важи и за вас преку следните ставови и однесувања.rnrnКако недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?rn

    1. Скептични сте кон луѓето кои јасно покажуваат интерес кон вас

    rnМислите дека тие веројатно сакаат само секс или нешто кријат што ќе излезе на површина по некое време. Тоа покажува дека се сомневате дека некој може да има искрени чувства кон вас.rn

    2. Сè сфаќате лично

    rnАко некој ве осуди, се чувствувате виновни. Ако некој ве игнорира, исто така мислите дека е ваша вина. Ако на некој не му се допаѓате, повторно сметате дека за тоа сте виновни вие. Според вас, за туѓото негативно однесување кон вас сте виновни само вие и никој друг.rn

    3. Претерано анализирате и барате каде сте згрешиле

    rnИако состанокот поминал добро, сепак детално ќе го анализирате секој момент сè додека не го најдете она што не било добро. Тоа нема да ги смени работите и ќе ве натера само да се чувствувате лошо.rn

    4. Немате високо мислење за себеси

    rnСметате дека не сте убави и привлечни (сметате и дека не сте ни грди), но сигурни сте дека не се доволно добри за некој што ви се допаѓа, па затоа заклучувате дека нема смисла да се обидете.rn

    5. Се чувствувате поразени

    rnЧувствувате пораз кога ќе откриете дека поранешните партнери на личноста која ви се допаѓа изгледаат многу подобро од вас и оставаат подобар впечаток. Тоа ве прави потиштени и повлечени во себе, без можноста да се истакнете.rn

    6. Се чувствувате ограничени

    rnЧувствувате дека не можете да се изразите себеси. Не можете ни да замислите да привлечете некого ако му дозволите да види колку сте несигурни, па затоа се преправате дека сте среќни. Всушност, се преправате дека сте некој друг, а тоа е единственото нешто што ве спречува да го искажете вистинското „јас“.rn

    7. Постојано размислувате за разочарувањата од претходните врски

    rnНе можете да се помирите со лошите искуства од минатото, па затоа се плашите дека одново ќе ви се случат истите работи.rn

    8. Секогаш сте загрижени за впечатокот што го оставате

    rnНаместо да се фокусирате на комуникацијата со некој што ви е привлечен, вие се грижите дали сè е во ред со вас (фризурата, облеката итн.) и на тој начин ја пропуштате можноста да се опуштите и да уживате во флертувањето.rn

    9. Праќањето пораки ви задава маки

    rnАко не ви одговори веднаш, претпоставувате дека нешто сте згрешиле, не се осмелувате први да контактирате некого затоа што верувате дека тоа би му било непријатно… Крајниот резултат е губење контакт со луѓе и повлекување во себе.rn

    10. Ве привлекуваат погрешни типови

    rnПотсвесно се саботирате себеси со тоа што се обидувате да им пристапите само на оние кои се недостапни, ладни и далечни бидејќи сметате дека не заслужувате ништо подобро.rn

    11. Не умеете да прифатите комплимент

    rnАко некој ви каже нешто убаво или ве пофали, вие се срамите.rn

    12. Не умеете да ги истакнете своите доблести

    rnВо разговорот со другите речиси и никогаш не зборувате за вашиот личен успех и работите што сте ги постигнале во животот. Наместо тоа, избирате неутрални теми при што не дозволувате другата личност да види колку сте успешни.rn

    13. Не верувате дека некогаш ќе ја пронајдете вистинската љубов

    rnАко продолжите да верувате дека засекогаш ќе бидете сами, најверојатно и тоа ќе се случи. Треба да најдете начин да ја зголемите самодовербата, да ги цените вашите вредности и да ја негувате мислата дека го заслужувате најдоброто.rnrnОткако прочитавте како недоволната љубов кон себеси може да влијае врз вашите љубовни односи со партнерот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 30-те знаци дека имате ниска самодоверба и треба да научите да се сакате себеси.rnrnИзвор: wannabemagazine.com

  • 7 митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќни

    7 митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќни

    Многумина од нас имаат неточни верувања за среќата, а тие верувања можат да нè спречат да уживаме во животот. Еве некои од работите во кои веруваме и си ги кажуваме, а кои можат да нè оддалечат од среќата.rnrn7 митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќниrn

    1. „Нешто не е во ред со мене ако не сум среќен/а цело време“

    rnНе, нема ништо лошо во тоа да не сте среќни цело време, впрочем никој не може да биде среќен постојано. Понекогаш, погрешно го сметаме чувството на зашеметеност за среќа, а се јавува како резултат на возбуда. Важно е да знаеме дека вистинската среќа наликува повеќе на внатрешен мир.rn

    2. „Ќе бидам среќен/а ако имам многу пари“

    rnСо парите може да се купат многу работи, но откако ќе ги задоволите вашите основни потреби, сето она што можете дополнително да го добиете благодарение на зголемениот приход и не прави некоја голема разлика. Истражувањето спроведено од страна на Универзитетот Принстон покажало дека емоционалната благосостојба не се зголемува кај луѓето кои заработуваат повеќе од 75.000 долари. Заклучокот е дека сумата што ја заработувате може да има мало влијание врз вашиот коефициент на среќа.rn

    3. „За да бидам среќен/а морам да се чувствувам подобро од едно обично ОК“

    rnЧестопати мислиме дека можеме да бидеме среќни само кога ќе го добиеме тоа што сакаме. Но, проблемот е тоа што ние постојано посакуваме нешто, зошто животот се менува, а со тоа и нашите желби. Дури и да го добиеме она што го посакуваме, дали ќе бидеме среќни докрај? Веројатно не.rn

    4. „Ќе бидам среќен/а кога ќе ја пронајдам вистинската љубов“

    rnОва е можеби најчестиот мит кога станува збор за среќата. Љубовта е најдоброто нешто што може да ни се случи во животот, но може да биде и најболното, па затоа подгответе се.rn

    5. „Никогаш нема да бидам несреќен/а ако имам исполнет живот“

    rnНишто не е вечно вклучувајќи го и чувството на исполнетост. Како што стареете и вашиот живот се менува, ќе бидете во потрага по различни нешта кои ќе можат да ве исполнат. Запомнете дека несреќата, како и среќата, е привремена.rn

    6. „Ќе бидам тажен/а ако не ја барам постојано среќата“

    rnНапротив, можеби ќе бидете задоволни. Кога работите се надвор од ваша контрола вие чувствувате стрес. Кога тие не се надвор од контрола, вие самите си создавате стрес со тоа што се терате самите себе да бидете среќни. Наместо да ја барате среќата, обратете внимание на задоволствата што ви ги нуди животот.rn

    7. „Ќе бидам среќен/а само тогаш кога животот ќе се врати во нормала“

    rnСе чини дека ваквите мисли се присутни кај повеќето, особено во овој период. За жал, постои можност работите да не бидат како што биле порано. Со оглед на ситуацијата, не можеме да знаеме како ќе изгледа „новото нормално“. Затоа, овој пат наместо да ја барате среќата, обидете се да уживате во она што веќе го имате.rnrnОткако ги прочитавте митовите за среќата, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 12 митови треба да престанете да верувате за да се чувствувате слободни.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Што го спречува секој хороскопски знак да го преболи скршеното срце?

    Што го спречува секој хороскопски знак да го преболи скршеното срце?

    Секој знае дека раскинувањата најчесто се навистина болни, особено ако сè уште сте биле вљубени. Секој ги преболува неуспешните врски на различен начин, но понекогаш тоа изгледа навистина тешко. Погледнете што го спречува секој хороскопски знак да го преболи неговото скршено срце.rnrnШто го спречува секој хороскопски знак да го преболи скршеното срце?rn

    Овен

    rnВие едноставно одбивате да признаете дека губењето на оваа личност ви претставува проблем. Продолжувате да се однесувате како сè да е во ред.rn

    Бик

    rnПогрешно сте верувале дека сте ја нашле вашата сродна душа и сте ја изгубиле. Мислите дека никогаш повеќе нема да најдете толку силна љубов.rn

    Близнаци

    rnВие се потпирате на нездрави механизми за справување за да си го одвлечете вниманието од вашите проблеми. Наместо да се справите со проблемите, вие бегате од нив.rn

    Рак

    rnВашите несигурности го вадат најлошото од вас. Тешко ви е да поверувате дека ви е подобро без оваа личност.rn

    Лав

    rnЧувствувате како да не можете да продолжите понатаму сè додека не добиете утеха. Оваа личност не ви дала никаква утеха.rn

    Девица

    rnПретерано го анализирате минатото. Се обидувате да откриете кога сè тргнало наопаку, кога всушност треба да прифатите дека тоа е крајот.rn

    Вага

    rnДел од вас не сака да ја преболите оваа личност. Сакате да мислите дека постои шанса да се смирите, шанса сè да биде во ред.rn

    Скорпија

    rnВие сте гневни и сакате одмазда. Сакате оваа личност да сфати дека направила огромна грешка што ве напуштила и нема да ја заборавите додека не се случи тоа.rn

    Стрелец

    rnНе престанувате да зборувате за личноста што сте ја изгубиле. Постојано мислите на неа.rn

    Јарец

    rnТешко ве привлекуваат другите, а кога ќе се случи тоа, потребно ви е долго време да ги преболите. Очекувате да останат во вашиот живот многу подолго.rn

    Водолија

    rnПродолжувате да се измачувате слушајќи тажни песни и гледајќи романтични филмови. Едноставно, не можете да ја пуштите љубовта да си оди.rn

    Риби

    rnВие имате меко срце. Ја чувствувате секоја емоција многу подлабоко од повеќето луѓе.rnrnПогледнете и кои се хороскопските знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето.

  • Како да ги преживеете Велигденските празници без да качите некој килограм?

    Како да ги преживеете Велигденските празници без да качите некој килограм?

    Покрај дружењето со семејството, со Велигденските празници доаѓа и многу храна. Па, во овој период нормално е малку да претерате со јадењето, па дури и да качите некој килограм. Доколку внимавате на вашата линија, тогаш ќе ви се најдат овие совети со кои нема да се здебелите оваа сезона.rnrnКако да ги преживеете Велигденските празници без да качите некој килограм?rn

    1. Избегнувајте храна кога сте гладни

    rnЗа време на празниците, во секој дом има премногу храна и дури да завршите со едно јадење, на масата веќе има друго. Решението е многу едноставно – не мора да јадете кога јадат и другите и не мора да пробате сè што е послужено на масата. На овој начин ќе го избегнете заморот од прејадувањето, но и вишокот килограми.rn

    2. Јадете побавно

    rnЗа да го избегнете дебелеењето, обидете се да јадете што е можно побавно. Имено, од моментот кога ќе почнете со јадење, на мозокот му се потребни 20 минути за да почувствува ситост. Многу истражувања покажале и дека со брзото јадење, внесуваме многу повеќе непотребни калории, а дури постои и ризик од дијабетес тип 2.rn

    3. Најдете време за физичка активност

    rnНема потреба целиот период да го поминете во теретана, туку доволно е да најдете малку време за некоја физичка активност. Одвојте 15 до 20 минути за утрински вежби или за прошетка. За ова ви е потребно многу малку време, а ќе го поттикнете телото да согорува повеќе калории.rn

    4. Избегнувајте алкохол

    rnБидејќи на празниците се пие и многу алкохол, добро е да се потсетите за калориите што ги содржат алкохолните пијалаци. Само еден коктел со сок е третина од калориите што треба да ги внесете во еден ден. Доколку сепак сакате да се напиете, комбинирајте го алкохолот со обична и минерална вода. Исто така, после секоја чаша алкохол, испијте една чаша вода.rn

    5. Со секој оброк пијте минерална вода

    rnПриродната минерална вода е одличен избор за секој оброк бидејќи му ја зголемува хранливата вредност. Покрај тоа, со пиењето вода нема да внесете непотребни калории. Исто така, некои истражувања покажале дека газираната минерална вода може да го подобри варењето и да го намали ризикот од констипација.rn

    6. Зголемете го количеството зеленчук во чинијата

    rnНа вашата чинија најдобро е да се наоѓа едно парче месо, малку јаглехидрати, а останатиот дел нека биде зеленчук. Зеленчукот е полн со витамини, минерали, антиоксиданси и хранливи влакна кои го намалуваат холестеролот и го подобруваат варењето. Исто така, хранливите влакна прават да се чувствувате сити.rn

    7. Не барајте „репете“

    rnИако можеби вашата мајка готви најдобро и тешко е да ѝ одолеете на нејзината храна, обидете се да ги избегнете дуплите оброци. Најдобро е да употребувате мали чинии што ќе ги наполните до горе и да се враќате по уште храна. Доколку сепак ви се јаде уште нешто, најдобро е да јадете салата или готвен зеленчук.rnrnБидејќи Велигден наближува, погледнете како да ги препознаете свежите јајца и колку е нивниот рок на траење.

  • Како да го спречите дебелеењето за време на менопаузата?

    Како да го спречите дебелеењето за време на менопаузата?

    Менопаузата е природен биолошки процес кој започнува кај жените постари од 40 години и го означува крајот на менструалниот циклус. Некои жени влегуваат во менопауза на 45 години, а некои дури после 50-тата година од животот. Секој случај е индивидуален и зависи од многу фактори.rnrnКако да го спречите дебелеењето за време на менопаузата?rn

    Зошто жените се дебелеат за време на менопаузата?

    rnГлавен показател за почеток на менопаузата е недостатокот од регуларни менструални циклуси во текот на годината. На ова ѝ претходи перименопаузата, период во кој се јавуваат симптоми како сувост на вагината, проблеми со спиењето, сува кожа, истенчување на косата и емоционални испади.rnrnДруг симптом кај менопаузата е зголемувањето на телесната тежина. Причината за ова е забавениот метаболизам, намалената мускулна маса, како и хормоналните промени поврзани со старост. Како резултат, одредени протеини и ензими кои им овозможуваат на клетките да акумулираат повеќе масти, стануваат поактивни.rnrnОвој симптом најмногу се забележува кај жени кои претходно немале проблеми со тежината. Наталожените масти најчесто се наоѓаат на стомакот и грбот. Овие промени можат да ве фрустрираат, да ви ја намалат самодовербата и да ви го влошат расположението.rn

    Дали можете да промените нешто?

    rnЗа да не качите некој килограм во текот на менопаузата, потребно е да направите промени во животниот стил, особено во исхраната и физичката активност. Биејќи менопаузата е биолошки процес, развивањето на неговиот механизам ќе ви помогне да најдете начин да ја зачувате тежината што ја сакате.rnrnНајпрво е важно да најдете физичка активност, откако ќе се консултирате со лекар. Тоа може да биде аеробик, пливање, јога, танцување, возење велосипед или што било што ви е забавно. Дури и редовното пешачење и играње надвор со внуците може да има позитивен ефект. Покрај борбата против дебелеењето, вежбањето го спречува и развојот на кардиоваскуларни болести и остеопороза, го подобрува расположението и работата на цревата.rnrnДруг важен фактор е исхраната. Постојат неколку правила што ќе ви помогнат во ова:rn

      rn 011

    • Намалете го консумирањето шеќер
    • rn 011

    • Јадете житарици од цело зрно
    • rn 011

    • Јадете повеќе темен зеленчук и светло овошје
    • rn 011

    • Избегнувајте преработена храна
    • rn 011

    • Намалете го консумирањето на храна со „прости“ јаглехидрати
    • rn

    rnПокрај тоа избегнувајте да јадете навечер, порциите направете ги помали, а доколку вечерате на забава или во ресторан, изедете само половина порција.rnrnМожете многу лесно да се справите со вишокот килограми во текот на менопаузата. Нема потреба од разни средства за слабеење. Доволно е само малку да го промените начинот на живот и ќе ги почувствувате придобивките.rnrnСимптомите од менопаузата можат да бидат навистина проблематични, па погледнете како можете да ги ублажите.

  • Намирници со кои можете да го победите дијабетесот

    Намирници со кои можете да го победите дијабетесот

    Здравата исхрана има голема улога во спречувањето на дијабетес тип 2. Познато е дека преработениот ориз би требало да го замените со кафеав, но има уште неколку намирници кои ќе ви помогнат да го намалите ризикот од оваа хронична болест или да ја држите под контрола доколку веќе ја имате.rnrnНамирници со кои можете да го победите дијабетесотrn

    Лиснат зеленчук и бобинки

    rnЕдно истражување објавено во 2016-та година, покажало дека честото консумирање овошје, особено бобинки, и зеленчук, особен лиснат и со жолта боја, го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Па доколку досега не сте го направиле тоа, во вашата исхрана внесете спанаќ, кељ и боровинки.rn

    Медитеранска исхрана

    rnОвој начин на исхрана е прогласен за најздравиот на светот. Истражување од 2013-та година покажало дека луѓето кои имаат дијабетес тип 2, а се хранат медитерански, полесно го држат шеќерот под контрола, за разлика од луѓето чија исхрана воглавно сочинувала јаглехидрати.rn

    Млечни производи

    rnИстражување од 2015-та година покажало поврзаност помеѓу консумирањето млечни производи и зголемената инсулинска чувствителност кај средовечните жени. Други истражувања покажале дека млечните производи го намалуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2.rn

    Јаткасти плодови

    rnЈаткастите плодови ве држат сити и го снабдуваат телото со магнезиум и хранливи влакна. Консумирањето јаткасти плодови го намалува ризикот од болести на срцето, го намалува нивото на лош холестерол, како и ризикот од дијабетес тип 2. Постои мит дека јаткастите плодови дебелеат. Американскиот национален институт за дијабетес, дигестивни болести и болести на бубрезите советува редовно да консумирате јаткасти плодови, но во мали количини – до 80-тина калории.rn

    Риба

    rnНајдобра е полномасната риба, како лососот, бидејќи е богата со омега 3 масни киселини. Исто така, избегнувајте да ја пржите во зејтин.rnrnДобро е да знаете и кои се раните симптоми на дијабетес што не треба да ги игнорирате.

  • Дознајте кој ви ја краде животната енергија и како да го спречите тоа

    Дознајте кој ви ја краде животната енергија и како да го спречите тоа

    Луѓето секојдневно доживуваат цела палета емоции – од бес и разочарување, па сè до среќа и љубов. Добро би било да знаете што сака да ви каже секоја емоција, но треба да научите и да се справите со негативните.rnrnДознајте кој ви ја краде животната енергија и како да го спречите тоаrnrnПрепорачливо е да ги набљудувате вашите емоции без претерано анализирање. Бидејќи животот е непредвидлив, веројатно често чувствувате стрес, но важно е да бидете трпеливи и да верувате во себе. За да го ублажите влијанието на негативните емоции, можете да користите разни техники како медитација, јога, прошетка, слушање музика и слично.rnrnТрчањето, на пример, е можеби најдобар начин да го исчистите вашиот ум. Исто така од помош се дружењето, покажувањето љубов кон животот и опуштениот разговор. Состојбата на внатрешен мир е навистина важна, а најдоброто е што можете да научите како да ја постигнете.rn

    Што ви ја краде енергијата?

    rnНесреќи, болести, смрт… сето ова се животни настани кои ја црпат вашата енергија, а на кои не можете да влијаете. Покрај ова, постојат и „тивки крадци“ на енергија во вашето опкружување за кои сте одговорни само вие. Кога реагирате на околностите со негативни емоции, може да настане депресија. Судењето на другите е исто така многу ниска вибрација која ја влошува состојбата на духот и телото. Поради ова, од голема важност е да размислите пред да почнете да судите некому.rnrnДруго нешто што можете да го контролирате е и количеството и квалитетот на информации што ги добивате. Во современиот свет телефоните и компјутерите се дел од нас, но без контролирање на негативните информации што ги добивате од овде, со текот на времето ќе ја нарушите вашата рамнотежа. Направете листа со содржина која сакате да ја следите во ограничен временски период. Најдобро е ова да бидат едукативни веб-сајтови или видеа со релаксирачка музика и предавања.rn

    Како влијаат луѓето на вашиот внатрешен мир?

    rnОд голема важност е да обрнете внимание и на луѓето со коишто сте опкружени. Неретко се случува да се дружите со луѓе кои зрачат негативна енергија. Ова се личности кои постојано се жалат и критикуваат и не преземаат ништо за да ја подобрат нивната ситуација.rnrnВеројатно често сте соочени и со луѓе кои не ве слушаат, туку зборуваат само за себе. Овие луѓе можат да ја искористат секоја можност за да ве понижат или да ве критикуваат. Во овие ситуации вашиот внатрешен мир е нападнат и потребно е да го вратите назад. Едноставно, избегнувајте ги луѓето кои емитуваат вакви ниски фреквенции.rnrnДоколку пак сте принудени да бидете во друштво на ваква личност, сведете ја комуникацијата на минимум. Потребно е вие да се ставите на прво место, бидејќи не сте овде за другите. Времето изгубено на погрешни луѓе нема да можете да го надополните.rnrnПогледнете кои се типовите токсични луѓе кои ја одземаат целата ваша енергија.

  • Полицаец херој спречил над 200 обиди за самоубиство на мостот Голден Гејт

    Полицаец херој спречил над 200 обиди за самоубиство на мостот Голден Гејт

    Кевин Бригс денес е познат и како „Чуварот на мостот Голден Гејт“. Во 1994-та година, Кевин станал сообраќаен полицаец во Калифорнија. Иако не се пријавил за неговата улога во спречување самоубиства, денес Кевин е познат по тоа што спречил над 200 луѓе да скокнат од познатиот мост.rnrnПолицаец херој спречил над 200 обиди за самоубиство на мостот Голден ГејтrnrnКога Кевин станал полицаец, мислел дека воглавно ќе се занимава со прекршоци во сообраќајот. Но како што минувало времето, тој сфатил колку всушност е голем проблемот со самоубиствата. Тогаш почнал да учи тактики со кои би ги спречил луѓето да извршат самоубиство.rn

    „Имаше четири до шест луѓе кои сакаа да се самоубијат на мостот секој месец. Не знаев за ова, а пораснав во Марин Каунти, што се поврзува со Сан Франциско преку мостот Голден Гејт. Немав тренинг да се справам со вакви ситуации.“

    rnЗа време на неговата прва средба со личност која сакала да се самоубие, Кевин направил сè што можел.rn

    „Си мислев: ‘Дали сум јас одговорен ако таа скокне? Што се случува овде? Немам тренинг за ова. Ова е навистина лоша сцена…’ Ми беше страв. Не знаев како да се справам со ситуацијата. Мислам дека мојот пристап беше погрешен уште на почетокот. Само да отидам до личност и да почнам да зборувам со неа. Сега само стојам назад и се претставувам. Ќе кажам: ‘Здраво, јас сум Кевин, дали е во ред да дојдам и поразговарам со тебе?’ Сакам да ја добијам нивната дозвола и да ги охрабрам.“

    rnЕдна од личностите кои биле спасени од Кевин е Кевин Бертија. Младиот татко бил заглавен во медицински долгови и сметал дека повеќе не може да издржи.rn

    „Не сакаше да има ништо со мене. Продолжи да ми вика: ‘Стој таму! Стој таму, ако дојдеш еден чекор поблиску ќе скокнам!’ И беше навистина сериозен за ова. Во мојот ум, ако дадев само уште еден чекор, повеќе ќе го немаше.“

    rnДвајцата разговарале за проблемите на Бертија над 90 минути. По некое време, Бертија сепак решил да се симне од мостот. Бригс му помогнал, а потоа и му честитал.rn

    „Го прашав ‘Што се случи овде? Која беше пресвртната точка? Што направив за да помогнам? И што направив што не беше добро за ситуацијата?’ Сè што ми кажа беше: ‘Слушаше. Ми дозволи да зборувам и слушаше.’ И тоа беше сè што барал и тоа е што многумина го бараат, некој да слуша.“

    rnСпоред Кевин, повеќето луѓе кои размислуваат за самоубиство не сакаат да слушнат работи како: „Ќе го надминеш тоа“. Наместо тоа, тие сакаат потврда како: „Да, тешко е.“rn

    „Се обидувам да им објаснам и да ја нормализирам нивната ситуација. Тоа е навистина големо, да се обидете да ја нормализирате ситуацијата. Им велам: ‘Она низ коешто минуваш е многу и ќе му биде тешко на секого. Мислам дека секој кој би минувал низ сето тоа би помислил на самоубиство.’ Потребна е многу храброст да бидат преку таа ограда. Потребна е многу храброст. Но исто така потребна е многу храброст да се вратат и да се соочат реалноста што е сега со нив. Но, има посветла страна на сето ова и може да се случи, и може да треба многу време и многу работа. Но животот е убав и знаете, вреди да се живее.“

    rnНа крајот од денот, она што им е потребно на луѓето е некој којшто само ќе ги слуша. Кога ќе ги вокализираат нивните внатрешни емоции и ќе се чувствуваат поддржано, можно е да им се разјасни ситуацијата која моментално ги парализира. Кевин се пензионирал од сообраќајната полиција во 2013-та година и денес работи во спречување на самоубиства.rnrnДоколку и вие се соочувате со самоубиствени мисли, не плашете се да побарате помош и погледнете зошто треба да одберете живот наместо смрт.