Редовното консумирање на овој пијалак го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, рак на грлото и го намалува ризикот од појава на дијабетес. Антиоксидансите се природни материи во храната, кои го чуваат здравјето и го штитат организмот од слободни радикали. Тие се особено важни за нашиот имунолошки систем и сосема е јасно дека треба да ги внесуваме во што поголема количина. Колку појак имунитет имаме, толку сме поотпорни на настинки, вируси, бактерии, но и на потешките заболувања, како што е ракот.rnrn
rnrnИстражувањата покажуваат дека во кафето се наоѓаат голем број антиоксиданси. Сепак, лоши вести се што научниците и натаму бараат начин да ги изолираат од кафето и да ги искористат на најдобриот начин. Исто така, познато е дека кафето е диуретик и дека ја ослободува водата од организмот. Тоа се наоѓа на списокот со продукти кои се борат против ракот. Различни студии го поврзуваат кафето со намалување на ризикот од добивање рак на црниот дроб, дојките, простатата, меланом…rnrn
rnrnСпоред некои истражувања, мажите кои пијат шест или повеќе шолји кафе дневно имаат 60% помал ризик да заболат од најсмртоносната форма на карцином – рак на простата и 20% помал ризик за заболување од која било форма на карцином на простатата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.rnrnЕдна студија направена од Универзитетот во Јута, покажува дека консумацијата на кафе го намалува ризикот за заболување од Алцхајмерова болест, рак на вратот и го намалува ризикот од појава на дијабетес.rnrnНо, не заборавајте: На секоја шолја кафе, би требало да испиете најмалку четири чаши вода.
Tag: спречување
-

Најдобар природен антиоксиданс на светот: Го заштитува телото од тешки болести
-

10 работи кои ќе ви помогнат да го спречите потењето во текот на денот
Доколку сакате да најдете начин кој ќе ви помогне да го намалите потењето во текот на денот, решението можеби лежи во вашите утрински ритуали. Вашето тело има свој природен ритам и има големо влијание на вашата внатрешна температура. Од рано наутро кога ќе се разбудите, до доцна напладне, вашата телесна температура се зголемува. Тие неколку дополнителни степени ви помагаат да останете будни, но исто така предизвикуваат зголемено лачење на потните жлезди.rnrn
rnrnВажно е да сфатите дека потењето е природна појава која му помага на телото да се олади и ослободи од штетните материи, така што не треба да го спречувате на неприродни и синтетички начини. Нивото на стрес, исхраната, материјалот на облеката и хигиенските навики имаат големо влијание на тоа колку се потите и сите овие работи можат да бидат променети за време на вашите утрински ритуали, кои ќе ви помогнат да се чувствувате свежо и суво во текот на целиот ден.rn1. Наместо антипреспиранти, користете пробиотици
rnАнтипреспирантите содржат алуминиум кои ги блокираат потните жлезди. Не само што ова е многу штетно, туку и вашето тело може да стане имуно на нив и да почне да произведува сѐ повеќе и повеќе пот. Барајте дезодоранси кои содржат само природни состојки и пробиотици кои се здрави бактерии. Тие кога ќе дојдат во допир со кожата ја држат под контрола бактеријата која предизвикува пот и непријатен мирис.rn
2. Користете природен спреј за тело со лимон
rnМаслото од лимон е многу корисно средство против зголемено потење, бидејќи киселината ги отстранува бактериите и остава свеж мирис. Можете да го приготвите и сами, а безбедно е да го прскате насекаде на вашето тело и во вашето опкружување, бидејќи има здрав и пријатен мирис.rn
3. Носете облека од природни материјали
rnПриродните материјали се многу подобри кога станува збор за потењето бидејќи дозволуваат евапорација (испарување), додека, пак, синтетичките ја задржуваат влагата и непријатниот мирис. Обидете се да носите облека од памук, лен или свила, барем во деновите со особено висока температура.rn
4. Пијте многу вода
rnТреба да бидете добро хидрирани, за телесната температура да биде секогаш урамнотежена, што значи и дека ќе се потите помалку во текот на денот. Важно е да се ослободувате од токсичните и штетните материи од вашето тело, а благодарение на внесувањето доволно течности, вашата пот ќе почне помалку да мириса со текот на времето. Испијте пола литар вода веднаш штом се разбудите и ќе забележите значително подобрување во работата на вашиот мозок и метаболизам.rn
5. Прескокнете го кафето и испијте билен чај
rnКофеинот ја зголемува телесната температура и ги активира потните жлезди, така што добро е кафето да го замените со билен чај за да се чувствувате свежо и пријатно. Кој било чај од билки што содржи многу витамини е одличен избор за да го започнете денот.rnrn
rn6. Секогаш бидете депилирани за помалку да се потите
rnВлакненцата на телото ја задржуваат потта. Редовното депилирање ќе ви помогне да се чувствувате посуво и посвежо. И онака време е да ја подготвите бикини зоната за летните одмори.rn
7. Одржувајте ја температурата во просторијата пониска, особено наутро и напладне
rnВашата телесна температура е повисока наутро па сѐ до доцна напладне, така што добро е да бидете во просторија со пониска температура. Денес постојат повеќе различни уреди кои можат да ви помогнат во тоа, само треба да го пронајдете оној што најмногу ќе ви одговара.rn
8. Бидете внимателни при изборот на сапун
rnМожеби мислите дека добро се миете со помош на антибактериски сапун, но ако ги отстраните природните состојки од вашата кожа тоа ќе ве направи понечисти, бидејќи бројот на лоши бактерии ќе се зголеми исто како и лачењето на потта. Кога ќе се туширате, гледајте да употребувате сапун од природни состојки кој ќе ја одржи вашата кожа нежна и мазна.rn
9. Ослободете се од стресот со помош на утринска медитација
rnКога сте под стрес, жлездите почнуваат да лачат пот, и овој вид на потење може да мириса понепријатно од кое било друго потење. Утринските вежби и медитација ќе ви помогнат да го одржите нивото на стрес под контрола и да ја регулирате телесната температура. Ќе бидете пофокусирани, порелаксирани и подготвени да се соочите со дневните предизвици.rn
10. Зачинетата и солена храна може да предизвика потење
rnОдредени видови храна може да го зголемат потењето. Тука спаѓаат зачинетата храна, кофеинот, солта, шеќерот и преработената храна. Здравата исхрана полна со свежо овошје, зеленчук и протеини ќе ве снабди со сите потребни хранливи состојки и Б витамини кои ќе ви помогнат да ги регулирате сите телесни функции, вклучувајќи го и потењето.
-

Само 1 минута е доволна за да си го спасите животот: Природен лек за срцев удар
Дали сте знаеле дека можете да го спасите својот, но и туѓиот живот за само една минута со помош на каенската лута пиперка? Погрижете се да имате барем една ваква пиперка во својата кујна бидејќи никогаш не знаете кога може да ви затреба. Американскиот кардиолог д-р Кристофер, во својата долгогодишна кариера, не загубил ниту еден свој пациент од срцеви забулувања, ниту пак од срцев удар. Тој вели дека на сите оние пациенти кои имале зголемен ризик од удар, им давал чај од каенскиот лут пипер додека сѐ уште биле свесни.rnrn
rnrnЕдна кафена лажичка од пиперот се става во чаша вода и се дава на пациентот кој доживеал срцев удар во моментот додека е сѐ уште свесен и диши. Доколку личноста е без свест, тогаш потребно е да се стават капки од екстракт на лутиот пипер под јазикот на пациентот. Тоа го зголемува пулсот и ќе ја распореди крвта во сите делови на телото, балансирајќи ја циркулацијата и помагајќи срцето да ја обнови функцијата. Во продолжение прочитајте што ви е потребно за да го подготвите лекот.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- Каенски лут пипер во прав
- Свежи каенски пиперки
- 50% алкохол (можете да користите вотка)
- Стаклено шише од еден литар
- Ракавици
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ракавици, бидејќи каенските лути пиперчиња се многу лути. Исполнете 250 милилитри од шишето со каенски пипер во прав и ставете доволно алкохол за да се прекрие правот. Сомелете неколку свежи каенски пиперки и додадете доволно алкохол за смесата да добие текстура на сос. Додајте ја оваа смеса во шишето кое сега би требало да биде околу 3/4 полно. Дополнете го со алкохол до врвот и добро затворете го. Оставете да делува околу еден месец, со тоа што ќе го протресувате шишето неколку пати во текот на денот. По месец дена, смесата исцедете ја со помош на газа и чувајте ја во темен сад и темна просторија. Доколку сакате појака текстура, исцедете ја по 3 месеци. Смесата не може да се расипе и трае колку што сакате.rn
Примена:
rnНа пациентот кој доживеал срцев удар, дадете му 5-10 капки од смесата. По 5 минути дадете му повторно уште 5-10 капки. Повторувајте го процесот додека состојбата на пациентот не се подобри. Доколку пациентот не е при свест, ставете му 1-3 капки од смесата под јазикот и започнете со брза помош. Повторувајте го процесот на секои 5 минути додека состојбата на пациентот не се подобри.rnrnЗдравствени придобивки на каенската лута пиперка: Антифунгални својства, поволно делува на дигестивниот систем стимулирајќи го производството на желудочен сок, има антиканцерогени својства, посебно кај ракот на белите дробови и црниот дроб, помага во лекувањето на стомачните проблеми, мигрената и симптомите на грипот, содржи селен, магнезиум и витамините А и Ц.
-

Како да го сопрете опаѓањето на косата?
Различните фази на опаѓањето на косата бараат различни третмани. Можеби мислите дека ви требаат многу пари за да го „излечите“ губењето на косата? Ќе ви откриеме една долго премолчувана тајна: Не постои лек.rnrn
rnrnЌелавоста кај мажите е запишана во нивните гени и не постои едноставен начин целосно да се спречи, туку само третмани кои ќе го забават опаѓањето на косата.rn„За да го спречите опаѓањето на косата немојте да се миете со врела вода, туку со млака и после миењето не сушете ја со фен, туку оставете таа да се исуши по природен пат. Исто така важно е да спиете седум часа секоја вечер, бидејќи на тој начин се регенерира и се лачи хормонот за растење,“ вели специјалистот за опаѓање на коса Рагу Реди.
rn
Средна опаѓање на косата
rnПостојат два клинички тестирани медицински третмани кои можат да го спречат понатамошното губење на косата и да поттикнат нов раст, а тоа се финастерид (попознат како пропеција) и миноксидил (познат како рогаин). Комбинацијата од овие две препарати е најдобра основа за секојдневен третман.rn
Пропеција
rnЗемајте една пилула од 1 милиграм секојдневно, но претходно проверете да не случајно се наоѓате во групата од 15 проценти мажи кои се отпорни на пропеција.rnrnИстражувањето спроведено врз 1.553 мажи со средно, до умерено опаѓање на косата, покажало дека пропецијата го одржува растот или го зголемува за дури 83 проценти.rn
Рогаин
rnМиноксидилот, познат како рогаин, се нанесува директно на скалпот и го спречува понатамошното опаѓање на косата и го поттикнува нејзиниот раст, но не е утврдено точно за колку проценти.rn
Умерена ќелавост
rnКога областа околу вашето теме станува целосно ќелава, скоро е невозможно на тоа место повторно да израсне коса, но со одредени третмани, иако веќе ќелавењето зело замав, постојат шанси да вратите одреден процент од косата.rnrnКлиниката за губење коса „The Belgravia Centre“ произведува миноксидил од 12,5 проценти, кој е посебно направен за целните региони од главата кои сериозно почнуваат да ќелават.rnrnИсто така може да се обидете и со ласерски третман. Едно испитување кое траело 26 недели и вклучувало 110 пациенти со целосна ќелавост на одредени места од главата, открило дека испитаниците кои го користеле продуктот „Hairmax LaserComb“, забележале значително подобрување на густината на косата.rn
Сериозно опаѓање на косата
rnВо оваа фаза од опаѓањето на косата, се чини дека трансплантацијата претставува единственото решение. Просечен маж има околу 100.000 влакна на главата, а вас ќе ви бидат потребни минимум 25.000 ако не сакате да се соочите со целосно опаѓање на косата.rn
Целосна ќелавост
rnАко еднаш целосно ја изгубите косата, тогаш е веќе доцна за трансплантација. Единствено што може да се направи е клонирање на коса, која со себе носи одредени ризици од одбивање и реакција кон новите клонирани влакна. Но не очајувајте, и ќелавите мажи ги привлекуваат жените.
-

Астрологијата и (не)паѓањето во искушение за неверство
Без разлика на хороскопскиот знак, луѓето може да се одлучат да изневеруваат или да не изневеруваат. Доколку она што го сакате е моногамна љубовна врска, тогаш најдобро би било да одберете партнер кој ќе го посакува истото. Но, доколку неверството е нешто што никогаш не би му го простиле на вашиот партнер, прочитајте како ве советува астрологијата да постапувате, за да не му дозволите на тој или таа да падне во искушение.rnrn
rnОгнени знаци
rnОвенот, лавот и стрелецот се водат според нивната страст. За да ја одржите „жештината“ во врската со некој од овие знаци, ќе ви треба дополнителен напор. Тие обожаваат изненадувања, и покрај тоа што може да ви тврдат дека не сакаат. Исто така, тие сакаат честопати да чувствуваат покачување на адреналинот, така што секоја возбудлива и авантуристичка ситуација е добредојдена, доколку сте во врска со некој од овие знаци. Огнените знаци имаат екстремно натпреварувачки дух, а таквата нивна особина, вие можете да си ја искористете во ваша полза, така што ќе ги намамувате на предизвици. Друга стратегија за да задржите огнен знак, е да му дадете до знаење дека постојат и други луѓе во светот со кои би можеле да бидете во врска. Исто така, мало провоцирање, поттикнувајќи чувство на љубомора кај вашиот партнер, ќе направи тој/таа да ве гледа како единствен/а на светот.rn
Земјени знаци
rnБикот, девицата и јарецот преферираат чувство на безбедност и постојаност во љубовните врски. Тие сакаат да знаат дека се на безбедно тло, па доколку ја злоупотребите нивната доверба, земјените знаци најверојатно ќе ви го возвратат ударот, употребувајќи ги вашите куршуми. За да ја одржувате стабилноста во срцето на вашиот земјен знак, вие ќе мора истото секојдневно да го негувате. Земјените знаци имаат потреба од материјален и физички доказ на вашата љубов, како и константен потсетник дека не ги земате здраво за готово.rn
Воздушни знаци
rnБлизнаците, вагата и водолијата се родени флертувачи, но без разлика на тоа, тие умеат да одржат со години многу пријателства со припадници од спротивниот пол и притоа да не се заљубат во нив. Тоа е така, бидејќи тие имаат тенденција да не ја сфаќаат љубовта пресериозно, додека не им стане јасно како бел ден, дека некоја личност навистина ги „полудува“, во позитивна смисла на зборот.rnrnВоздушните знаци се интелектуалци и кога се вљубуваат, најчесто станува збор за личност која ги смее и ги тера да размислуваат. Оној момент кога ќе престанете да ги засмејувате и да ги терате да го активираат нивниот ум, тие ќе пронајдат супститут за вас, како на пример, добра книга, интересна телевизиска програма или афера со секси професор/ка. Задржете го вниманието на воздушниот знак кон вас, на начин што ќе го живеете вашето секојдневие активно. Читајте, направете измени во вашиот стил на облекување и секогаш бидете благовремено информирани за моменталните настани во градот и актуелностите од поп културата.rn
Водни знаци
rnРакот, скорпијата и рибите, воопшто, за да бидат во врска со некој, мораат да се почувствуваат душевно поврзани со него. Тие умеат брзо да се приврзуваат со луѓето, па затоа лесно можат да проценат со која личност се интуитивно поврзани на највисоко ниво. Понекогаш може да се случи да се заљубат во некој со кој, размислувајќи логично, никогаш не би помислиле дека можат да бидат, но во овој случај станува збор за некое поврзување на кармичко ниво (или можеби таа личност едноставно користи премногу секси парфем).rnrnЗа водните знаци љубовта е нешто мистично и затоа мислат дека е контрапродуктивно доколку премногу размислуваат на таа тема. Одржувањето на моногамијата во врската е нешто што неа ќе ја направи „света“ во очите на вашиот воден знак. Изградете ваши специјални ритуали кои честопати ќе ги практикувате, зборувајте на ваш, заеднички јазик кој само вие го разбирате, уживајте во вашата омилена заедничка храна, одржувајте си ги меѓусебните ветувања и „огнот“ во спиритуалниот секс кој го имате. Сето тоа ќе ја одржи стабилноста во вашата врска со водениот знак и верувајте, тој нема ни да помисли да ве замени со друг/а.
-

Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф
Уште една забава со вашите колеги, организирана од фирмата во која работите. Таму е и вашиот шеф/шефица, кој/а после неколку испиени чашки почнува да флертува со вас. Можете ли да го/ја одбиете, а истовремено да ја задржите вашата работна позиција и да не ја уништите шансата за напредок во фирмата? Прочитајте како реагира секој хороскопски знак во ваквите ситуации и научете како да ја избегнете драмата. Ќе ви звучи чудно, но со хороскопските знаци со вроден флертувачки дух: близнаци, овен, стрелец и водолија, најверојатно наједноставно би излегле на крај.rnrn
rnrnБлизнаците се комуникативни и постојано се во потрага по „плен“, така што ако можете да останете рамнодушни на нивните духовити и шармантни досетки и да избегнете да бидете „приклештени“, тие најверојатно лесно ќе преминат во друга потрага.rnrnОвенот обожава предизвици, така што нека не ве збунува и изненадува неговиот настап. Останете рамнодушни на неговото задевање и шегување со вас и ќе констатирате дека времетраењето на неговиот обид да ве освои нема да трае долго. Ако не сакате да бидете неговата освоена битка, овенот брзо ќе премине на некој/а друг/а.rnrnСтрелецот и водолијата кои седат зад директорското столче сакаат да се однесуваат пријателски настроени со вработените, така што немојте приодот кој го имаат кон вас да го протолкувате, како нивен „обид за правење грев“ со вас. Тие можеби имаат „ѓаволеста“ искра во нивните очи, но одбивањето од ваша страна не би го прифатиле лошо, сè додека умеете да го изведете на интересен начин.rnrnДевиците знаат да бидат многу наметливи, така што ако не сте спремни за високо – ризичен флерт, избегнувајте ги со сите ваши сили. Среќна околност е тоа што девицата најверојатно би флертувала со сите присутни на колегијалната забава, па вашиот ризик ќе трае сè додека таа ве има на радар. Забелешка: Ако вашата шефица е девица, не грижете се: таа не би сакала да се посрамоти пред помладите менаџери.rnrn
rnrnСо биковите е тешко да се излезе на крај, особено бидејќи тие се високо атрактивни, благи и попустливи шефови, кои се по малку „гладни за моќ“. Љубовното одбивање тие можат да го доживеат како знак дека тие не се главни. Директно „не“ може да ги налути, па доколку сакате да ги одбиете, откраднете се од забавата на компанијата, додека бикот не гледа.rnrnВагата слатко, љубезно и убедливо ќе направи да не можете да правите ништо друго освен да стоите и да се „топите“ на комплиментите кои таа ви ги упатува. Вагите најчесто имаат поинакви романтични надежи на ум одошто надворешно оставаат впечаток, така што ако не се „онесвестувате“ на секој нивни збор, ќе ги охрабрите да се повлечат.rnrnЈарецот има јако чувство за тоа кое е неговото хиерархиско место, така што без разлика ако тој долго гледа во вас од спротивната страна на просторијата, тој сепак не би ризикувал да го изгуби својот имиџ со тоа што би постапил детски и неразумно.rnrnВо однос на аферите на работното место, лавот е проблематичен знак бидејќи нивното его им создава потреба да бидат обожавани од сите колеги. Истото се однесува и на водните знаци рак, скорпија и риби, кои одбивањето би си го сфатиле многу лично. Овие хороскопски знаци најбезболно би се повлекле, ако им пристапите со спремен изговор: „Ако немав девојка/момче можеби би…“. Сè додека не си го земат вашиот одговор при срце, вие би успеале да ја избегнете драмата.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да престанете со ‘рчењето?
Доколку страдате од ‘рчење, секоја вечер пропуштате квалитетен дел од вашиот сон и го нарушувате одморот на партнерот и на вашето семејство. Проблемот со кој се соочуваат сите кои ‘рчат, не е причината зошто го прават тоа, туку како да престанат да го прават истото засекогаш. Покрај операција, има и неколку природни и безопасни методи кои можете да ги примените за да го решите вашиот проблем.rnrn
rnЗошто ‘рчиме?
rnДа поедноставиме, луѓето ‘рчат поради блокирање на дишните патишта. Блокирањето може да се создаде поради преголемо опуштање на мускулите на грлото и јазикот. Ова полесно може да се случи доколку пред заспивањето сте консумирале одредена доза алкохол или пак некои апчиња.rnrnИсто така, оние чие меко ткиво на задниот дел од устата е поголемо, можат да имаат проблеми бидејќи тоа им ги блокира дишните патишта. Индивидуално, лицата со поголема тежина и подебели вратови се склони кон оваа непријатна навика, повеќе од останатите.rnrnСпиењето на грб исто така помага при ‘рчењето. Ова се случува бидејќи додека спиете на грб, гравитацијата го повлекува јазикот и вилицата надоле, при што се блокираат патиштата.rnrn
rnНачини за спречување на ‘рчењето
rnДа започнеме од најочигледните и наједноставните. Поставете неколку перници зад главата за да ја подигнете и за да го попречувате блокирањето. Практикувајте да користите потврди перници доколку се справувате со овој проблем и избегнувајте да спиете на грб. Секогаш погрижете се ноздрите да ви бидат убаво прочистени.rnrnОслабете некој килограм. Намалувањето на телесната тежина навистина многу може да ви помогне при решавањето на овој проблем.rnrnИзбегнувајте млечни производи пред легнување. Млечните производи предизвикуваат поголемо создавање на слуз што може да му овозможи на процесот да се забрза. Пробајте да избегнувате големи и тешки оброци непосредно пред заспивањето. Исто така, обавезно избегнувајте алкохол во вечерните часови.rnrn
Купете си овлажнувач на воздух за во просторија. Пареата го намалува застојот во грлото и го прочистува.rnrnКористете етерични масла. Има одредени мириси кои можат да ги отворат вашите дишни патишта. Доколку сте биле настинати или доколку сте имале лоша назална конгестија, со сигурност сте користеле лек кој содржи ментол во него. Постои и етерично масло од ментол кое може да се употребува секојдневно. Направете мешавина 50/50 од етерично масло од ментол и вода и попрскајте го делот од креветот каде што ја движите главата и перницата. Исто така, можете да користите и масло од нане или еукалиптус.rnrnОткажете ги цигарите. Пушењето од која било гледна точка е лошо за вашето здравје. Пушењето може да го потпомогне ‘рчењето бидејќи ja влошува состојбата на ткивото на грлото, предизвикувајќи негова поголема вибрација.rnrn
rnОперација за спречување на рчењето
rnСпоред истражувањата, четвртина од населението на земјата ‘рчи. Иако најчесто проблем претставува позиционирањето на вратот и телото или пак лошата перница, сепак има индивидуи кои веќе се изморени да ги пробуваат овие природни начини. Операција се изведува така што се отстранува дел од задното ткиво што го предизвикува ‘рчењето. Откако ткивото ќе се отстрани преку едноставната процедура, патиштата многу полесно ќе се отвораат. Ова ќе го елиминира вашиот проблем засекогаш, а и партнерот конечно ќе може убаво да се наспие.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn -

Како да го спречите лошиот здив?
Лошиот здив е многу непријатен и засегнува многу луѓе низ целиот свет. Како што постојат повеќе причини кои го предизвикуваат лошиот здив, така има и разни начини како да се спречи. Со овие совети ќе си помогнете околу превенирање на лошиот здив, а во исто време ќе направите вашата усна шуплина да биде здрава во секој дел од денот.rnrn
rn1. Одете редовно на преглед кај вашиот забар
rnПосетувајте го вашиот забар за редовни прегледи и чистења на забите. Тоа е најдобар начин да бидете сигурни дека одржувате добра орална хигиена.rnrn
rn2. Четкајте ги забите два пати во денот
rnНајважно е да ги четкате забите правилно (горе-долу со четката, а не лево-десно како што повеќето луѓе прават).rnrn
rn3. Користете забен конец еднаш дневно
rnЗадолжително е да користите забен конец еднаш дневно. Со негова помош внимателно ќе ги отстраните остатоците од храна кои се наталожиле помеѓу непцата, а со четкичка за заби не можат да се отстранат.rnrn
rn4. Користете течност за плакнење на усната шуплина
rnОваа течност во никој случај не смее да биде замена за пастата за заби. Важно: ако имате расипани заби не користете течност за плакнење, бидејќи така само ќе го „замачка“ проблемот со расипаните заби, а нема да го отстрани непријатниот здив.rnrn
rn5. Четкајте го јазикот
rnНајголем број бактерии се таложат на јазикот додека спиете. Четкајќи го, ќе ги отстраните.rnrn
rn6. Избегнувајте го тутунот
rnТутунот е причина број еден за вашиот лош здив. Тој ја суши вашата уста и остава многу непријатен мирис. Затоа, избегнувајте ги цигарите и производите од тутун.rnrn
rn7. Не дозволувајте вашата уста да биде сува
rnПијте многу вода и течности. Осум чаши на ден се доволни за човековиот организам. Под течност не се подразбираат тетрапак соковите, туку природните цедени сокови и чаевите.rnrn
