КАФЕ ПАУЗА

Tag: спречување

  • Експертите советуваат: Како да го спречите настанувањето на болести?

    Експертите советуваат: Како да го спречите настанувањето на болести?

    Никој не сака да биде болен, но за среќа постојат многу начини на кои можете да се заштитите од болестите. Денес постојат над 200 видови рак кои убиваат над 8 милиони луѓе годишно. Со цел да го зачувате вашето здравје, да се заштитите од ракот и да ги спречите и најтешките болести, следете ги советите на експертите.rnrnЕкспертите советуваат: Како да го спречите настанувањето на болести?rn

    Кажете „Не“ на:

    rn

      rn 011

    • Рафинирано масло
    • rn 011

    • Газирани пијалаци
    • rn 011

    • Храна од микробранова печка
    • rn 011

    • Мамографија пред првото породување (дури и ако е навистина потребна)
    • rn 011

    • Тесни градници
    • rn 011

    • Алкохол
    • rn 011

    • Готова замрзната храна
    • rn 011

    • Вода од замрзнувач и пластични шишиња
    • rn 011

    • Пилули за контрацепција
    • rn 011

    • Дезодоранси (особено избегнувајте да ги нанесувате по бричење)
    • rn 011

    • Шеќер во која било форма
    • rn

    rn

    Кажете „Да“ на:

    rn

      rn 011

    • Зеленчук
    • rn 011

    • Мед (како замена за шеќер)
    • rn 011

    • Протеини од зеленчук (грав наместо месо)
    • rn 011

    • 2 чаши вода на празен желудник, и тоа пред да ги измиете забите
    • rn 011

    • Топла храна, а не врела
    • rn 011

    • Здрави сокови: измешајте алое вера, ѓумбир, целер, ананас и магдонос и испијте го сокот на празен стомак
    • rn 011

    • Секој ден консумирајте свежи моркови или свеж сок од моркови
    • rn

    rn

    Уште неколку совети:

    rn

      rn 011

    • Никогаш немојте да пиете чај од пластични чаши.
    • rn 011

    • Немојте да пиете или да јадете нешто врело од пластична амбалажа.
    • rn 011

    • Не загревајте ја храната во микробранова печка, особено ако храната е во пластичен сад. Кога пластиката е изложена на топлина, од неа се ослободуваат хемиски компоненти кои можат да предизвикаат дури 52 разни видови рак.
    • rn 011

    • Избегнувајте да јадете тешка храна после 17 часот.
    • rn 011

    • Пијте многу вода наутро, а помалку навечер.
    • rn

    rnПогледнете и кои се болестите што ги предизвикува долгото седење.

  • 5 позитивни приказни за борбата против загадувањето од минатата година

    5 позитивни приказни за борбата против загадувањето од минатата година

    Ако редовно ги следите вестите, веројатно мислите дека Земјата е еден огромен отпад. Секако дека постои причина за загриженост. Едно истражување покажало дека сме сред шестото масовно истребување на животните, многу други истражувања покажале дека промената на климата е надвор од контрола, а неодамна го изгубивме и последниот машки бел носорог. Сепак, не сите вести се лоши. Всушност минатата година се случија неколку работи што сепак можат да ни дадат надеж. Во продолжение погледнете ги најпозитивните приказни за животната средина од 2018-та година.rn

    1. Озонската дупка се намалува

    rn5 позитивни приказни за борбата против загадувањето од минатата годинаrnrnНе многу одамна, во средината на 1980-тите, научниците открија нешто загрижувачко – на озонот на Земјата, кој е еден вид штит од опасните ултравиолетови сончеви зраци, се појавила огромна дупка над Антарктикот. Уште полошо, озонската обвивка била значително ослабена ширум целиот свет. Најголемиот виновник беа хемикалиите познати како хлорофлуорокарбонати кои во тој период се користеле кај фрижидерите и лаковите за коса. Истражувањата покажале дека тие биле виновни за рак на кожата, катаракта и оштетување на растенијата и животните. Научниците нагласиле дека во опасност е постоењето на целото човештво доколку не се преземе нешто.rnrnВо 1987-ма година беше забранета употребата на овие и други хемикалии кои ѝ штетат на озонската обвивка. Постепено вестите за озонската дупка стануваат подобри, а онаа од 2018-та е победник – според извештајот од Обединетите Нации, озонот, како и дупката над Антарктикот ќе бидат „излекувани“ до 2060-тите.rn

    2. Вториот по големина корален гребен повеќе не е во опасност

    rn5 позитивни приказни за борбата против загадувањето од минатата годинаrnrnИзумирањето на коралните гребени веќе стана симбол за вознемирувачките ефекти од климатските промени. Големиот корален гребен, кој е најголем во светот, изумира со сè поголема брзина. Но Коралниот гребен на Белизе, кој е втор по големина, конечно е тргнат од листата на загрозени видови на УНЕСКО. Гребенот со должина од 321 километар се најде на листата во 2009-та година поради опасноста од вадењето нафта. Иако засега гребенот е безбеден, сепак постојат уште закани.rn

    3. Забрана за употреба на пластика

    rn5 позитивни приказни за борбата против загадувањето од минатата годинаrnrnПластиката е проблем кој никако не сака да си оди, но и овде има добри вести. Познатиот синџир Старбакс ја забрани употребата на пластични сламки во 28.000 кафетерии, со тоа станувајќи најголемиот синџир за храна и пијалаци што направил таква глобална промена. Исто така кралицата Елизабета ја забранила употребата на пластика на кралскиот имот.rnrnВо меѓувреме, според извештаите од Кенија која ја воспостави најголемата забрана на пластични кеси во 2017-та година, забраната има позитивен ефект. Уште неколку држави од Источна Африка размислуваат за забранување на пластиката.rn

    4. Швајцарски бизнисмен донира 1 милијарда долари за заштита на планетата

    rn5 позитивни приказни за борбата против загадувањето од минатата годинаrnrnИнспириран од донацијата од 1 милијарда долари на Обединетите Нации во 1997-ма година од страна на могулот Тед Турнер, бизнисменот Хансјерг Вис изјавил дека ќе донира 1 милијарда долари во наредната деценија со цел да го забрза спасувањето на океаните и планетата. Тој планира со неговите пари да ги поддржи локалните обиди за зачувување ширум светот, да ја подигне свесноста на јавноста за важноста од зачувувањето и да ги финансира научните истражувања кои треба да ги откријат најдобрите стратегии за ова.rn

    5. Кина ја добива битката против загадувањето

    rn5 позитивни приказни за борбата против загадувањето од минатата годинаrnrnДо неодамна Кина често се наоѓаше во медиумите за нејзиното апокалиптично загадување кое дури го скри и сонцето. Денес, само 4 години откако кинескиот премиер му објави војна на загадувањето, државата забележала значителен напредок. Истражувањата покажале дека во градовите во Кина се намалила концентрацијата на штетните честички за 32%. Ефективното и брзо работење на Кина ќе им го подобри здравјето на жителите и ќе им го продолжи животот.rnrnПогледнете ја и моќната кампања на National Geographic за загадувањето со пластика.

  • 10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

    10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

    Бидејќи забите не се регенерираат сами, од голема важност е да го одржуваме нивното здравје. Заболекарите постојано споделуваат едноставни начини со кои можете да ја подобрите состојбата на вашите заби и да ја спречите појавата на кариес. Во продолжение погледнете ги 10-те наједноставни совети што ќе ви помогнат во ова.rn

    1. „Влечење“ со масло

    rn10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариесrnrn„Влечењето“ со масло е техника за чистење што ја спречува појавата на кариес така што ги отстранува бактериите. Одберете масло со антисептичко и антибактериско својство, како кокосово или масло од сусам, и користете го како средство за плакнење на устата. По 20 минути исплакнете ја устата со вода.rn

    2. Намалете со јадењето шеќер

    rn10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариесrnrnНа сите ни е јасно дека шеќерот ги уништува нашите заби. И овде не спаѓа само шеќерот во слатките, туку и оној во лебот, овошјето и компирите. Најдобро е да се обидете да ја избегнувате секоја храна со премногу шеќер. Ако сепак не можете да се откажете од газираните пијалаци или гумите за џвакање, најдете алтернатива без шеќер.rn

    3. Мијте ги забите два пати дневно

    rn10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариесrnrnМожеби ги миете забите наутро како дел од вашата рутина, но тоа не е доволно. Исто важно е да ги измиете забите и навечер пред легнување. На овој начин ќе ги отстраните остатоците од храна и бактериите кои предизвикуваат кариес.rn

    4. Четкајте го јазикот

    rn10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариесrnrnЗабите и непцето не се единствените места на коишто се таложат бактериите. Тие се наоѓаат и на вашиот јазик. Секогаш кога ги миете забите исчеткајте го и вашиот јазик, а можете да инвестирате и во посебна четка за негово чистење.rn

    5. Обрнете внимание на малите детали

    rn10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариесrnrnКога станува збор за оралното здравје, никогаш не заборавајте на малите нешта. Ако непцето ви изгледа црвено, ако забележите чудна боја на плунката или ако имате и најмала болка во устата, веднаш посетете го вашиот заболекар. На овие начини вашето тело ви кажува дека нешто можеби не е во ред.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Истражување: Како да го спречите дебелеењето за време на празниците?

    Истражување: Како да го спречите дебелеењето за време на празниците?

    Доаѓа сезоната на празниците, но и на дебелеењето. Празничните забави со многу храна се лесен начин да качите некој килограм овој период од годината. Но едно ново истражување од Велика Британија покажало дека постои начин да го избегнете ова.rnrnИстражување: Како да го спречите дебелеењето за време на празниците?rnrnИстражувањето имало за цел да открие дали делењето совети на луѓето за храната и за пиењето за време на празниците може да го спречи дебелеењето. Во истражувањето учествувале 272 испитаници кои биле поделени во две групи. Едната група била советувана да се мери барем 2 пати неделно за време на празниците, да ја запишува тежината и да размислува за тоа. Групата исто така добила и 10 совети за справување со тежината како внимавање на големината на порциите, ограничување на консумирањето алкохол и пијалаци со шеќер и редовна физичка активност.rnrnГрупата добила и листа која им кажувала колку треба да вежбаат за да согорат некои од популарните празнични оброци и пијалаци. На пример, потребни се 16 минути трчање за да се согорат 3 печени компири. За чаша варено вино, потребни се околу 30 минути пешачење.rnrnДругата група добила совети за здрав живот, но не добила совети за исхраната или конкретно за празниците.rnrnИстражувачите ги мереле испитаниците пред божиќните празници, во ноември и во декември, и околу еден месец подоцна, во јануари и во февруари. Се открило дека втората група во просек качила околу 0,4 килограми, додека првата не ја променила тежината. Воглавно, испитаниците од првата група биле околу половина килограм полесни на крајот од истражувањето за разлика од втората.rnrnИако разликата во килограми е мала, важно е дека секое спречено дебелеење е корисно за здравјето. Истражувачите нагласиле дека истражувањето имало и неколку ограничувања. Периодот помеѓу мерењата бил релативно краток, а повеќето испитаници биле жени кои биле со нормална тежина или имале некој килограм плус, но не биле дебели. Па не е целосно јасно колку резултатите важат и за други групи луѓе. Сепак, истражувачите сметаат добро е да ги земете овие резултати предвид, бидејќи колку-толку ќе ви го намалат дебелеењето за време на празниците.rnrnПогледнете и кои се најпознатите митови за здравјето за време на празниците.

  • Одолговлекувањето потекнува од нашите предци – еве како да го спречите

    Одолговлекувањето потекнува од нашите предци – еве како да го спречите

    Одолговлекувањето на некој начин е недостаток на самоконтрола. Околу 20% од населението може да се стави во категоријата „одолговлекувачи“ и не постои само еден вид одолговлекување, туку три!rnrnОдолговлекувањето потекнува од нашите предци – еве како да го спречитеrnrn1. Луѓе кои сакаат возбуда: Овие луѓе чекаат до последниот момент само за да почувствуваат еуфорија од настанот.rnrn2. Луѓе кои преферираат да избегнуваат: Овие луѓе ги одолговлекуваат работите поради страв од неуспех или успех. Нивниот страв потекнува од претераната грижа за туѓото мислење.rnrn3. Неодлучни луѓе: Овие луѓе едноставно не можат да се одлучат. Затоа и не донесуваат никаква одлука и ова ги спречува да ја завршат нивната обврска.rnrnНе само што одолговлекувањето е стресно и деструктивно за врските и за тимската работа, туку тоа е исто така и лошо за здравјето. Несаканите ефекти од него вклучуваат несоница, ослабен имунитет и проблеми со стомакот. Па, зошто луѓето продолжуваат со ова однесување?rnrnКоренот на овој проблем потекнува од нашите предци – пештерските луѓе. Тие живееле во околина каде што стресот и анксиозноста биле корисни емоции кои ги терале да делуваат веднаш кога се соочени со проблем. Нивните избори имале инстантни резултати. Најверојатно токму поради ова човечкиот мозок повеќе ги вреднува моменталните наместо идните награди и резултати.rnrnНо во модерниот свет често се случува нашите избори да ни бидат од корист многу подоцна. На пример, денес одите на работа, но платата ќе ја добиете после неколку недели. Ова се противи со нештата што ги вреднува мозокот, па одолговлекувањето нè повлекува и покрај нашите добри намери.rnrnСепак, има решение и за ова. Ако можете да најдете начин да ги направите придобивките од долгорочните одлуки инстантни, ќе ви стане полесно да го избегнете одолговлекувањето. Оваа техника е наречена „туркање на искушението“. Потребно е да почувствувате искушение да го направите она што сакате и да го комбинирате со некоја активност. На пример, гледајте телевизија само кога вежбате, или проверувајте ги социјалните мрежи само кога јадете.rnrnИако постојат милиони начини да го избегнете одолговлекувањето, најважна е вашата волја. Сфатете дека вашето однесување е непродуктивно и дека можете да се подобрите и да преземете контрола. Постојат толку многу можности и неверојатни нешта што можете да ги правите со вашиот живот. Па, не трошете го вашето време бидејќи животот е пократок отколку што мислите.rnrnПогледнете и кои се лицата на стравот и како да се соочите со нив.

  • Како да престанете да ги триете забите навечер?

    Како да престанете да ги триете забите навечер?

    Дали се прашувате зошто се будите со болки во вилицата и главата? Големи се шансите причината да е триење на забите во текот на сонот. Ова нарушување познато како бруксизам неодамна беше поврзано и со друго нарушување – апнеја, односно прекин на дишењето во текот на сонот. Овие совети ќе ви помогнат подобро да се наспиете и да го зачувате здравјето на вашите заби.rn

    Бруксизам

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnОд 8% до 31% од населението страда од ова нарушување. Постојат два вида бруксизам – ноќно и будно. Причините за нарушувањето можат да бидат разни. Психолошки и генетски фактори, лоша позиција на забите и одредени лекови можат да предизвикаат триење на забите. За жал со нарушувањето доаѓаат низа проблеми – забите можат да станат почувствителни и да се истрошат, болки во вилицата, како и главоболки. Поради ова е навистина важно да се справите со проблемот навреме.rn

    1. Избегнувајте кофеин и алкохол

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnНаједноставното нешто што можете да го направите е да го промените начинот на исхрана. Кофеинот е познат стимулант што го користат сите. Но обидете се да намалите со консумирањето кафе, Кока-кола и енергетски пијалаци што содржат многу кофеин. Ако ги пиете често во текот на денот, навечер ви е потешко да се релаксирате. Истото важи и за алкохолот кој предизвикува различна реакција. Алкохолот ќе ви помогне да заспиете побрзо, но вашиот сон нема да биде цврст. Како резултат на ова триењето на забите само се влошува.rn

    2. Намалете го стресот

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnСтресот е навистина честа причина за бруксизмот. Тој ве прави нервозни во текот на денот и немирни во текот на ноќта. Размислете што ви предизвикува стрес во животот, а потоа направете план за како да се ослободите од тоа. Можете да пробате и разни активности за намалување на стресот – терапија, вежбање или медитација. Исто така можете да го средите и распоредот за спиење и секоја вечер да си легнувате во исто време.rn

    3. Престанете да џвакате нешта што не се храна

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnОва е навика што многумина ја имале како деца, но некои возрасни не се откажале од неа. Со џвакањето моливи, пенкала или што било што не е храна внесувате многу бактерии во устата. Оваа навика е директно поврзана со триењето на забите, а неконтролираното џвакање е резултат од стрес. Ако не можете да престанете, обидете се да го измамите вашиот мозок. Подобро џвакајте гума за џвакање или некоја мала ужина.rn

    4. Внесувајте калциум и магнезиум

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnТриењето на забите може да значи и дека ви недостасуваат некои суплементи. Најдобро е да направите тест и да откриете дали тоа е точно. Немојте самите да си препишувате витамини и додатоци во исхраната. Ако калциумот и магнезиумот се на ниско ниво, почнете да ги земате. Овие елементи се важни за функцијата на мускулите и здравјето на нервниот систем.rn

    5. Обрнете внимание на стискањето на забите

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnОбрнете внимание како се однесуваат вашите заби и вилица во текот на денот. Ќе сфатите дека тие си имаат посебен живот. Несвесното стискање на забите често се случува кога размислувате или кога сте фокусирани на некоја задача. Можеби не забележувате но вашата вилица е напната и ги стискате забие. Опуштете ја вилицата и размрдајте ја на двете страни.rn

    6. Правилна релаксација пред спиење

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnАко триењето на забие се појавува навечер, првото нешто што треба да го направите е правилното релаксирање пред спиење. Колку посмирени сте, толку се помали шансите да ги триете забите. Како и со намалувањето на стресот, и во овој случај функционираат разни работи за разни луѓе. Обидете се да се напиете чај за опуштање, како на пример од камилица. Масирајте ги вратот, рамената и лицето. Ова сигурно ќе ви помогне да се релаксирате.rn

    7. Набавете штитник за уста

    rnКако да престанете да ги триете забите навечер?rnrnАко не можете самите да се справите со проблемот, веднаш посетете лекар. Ако редовно посетувате заболекар тој ќе го забележи проблемот на вашите заби и ќе ве советува што да преземете. Најчесто се препорачува да носите штитник за уста во текот на ноќта за да го спречите триењето.rnrnЗа разлика од косата, вашите заби нема повторно д пораснат. Грижата за оралното здравје е од голема важност.rnrnПогледнете и кои се неочекуваните причини за болка во забите.

  • Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

    Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

    Стриите се проблем со којшто се соочуваат речиси 90% од жените по бременоста, а можат да се појават и кај мажите и тинејџерите. Многумина ги гледаат како проблем и сакаат да се ослободат од нив. Ако и вие спаѓате во оваа група, следниве совети ќе ви помогнат во тоа.rn

    Што се стрии и кај кого се појавуваат?

    rnКако да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?rnrnСтриите настануваат кога кожата е развлечена од брзо растење или растегнување. Поради ова можат да се формираат и лузни. Покрај бремените жени, стриите се појавуваат и кај други луѓе:rn

      rn 011

    • Тинејџери кои нагло пораснале во текот на летото
    • rn 011

    • Атлети кои се многу физички активни
    • rn 011

    • Бодибилдери кои често ја менуваат телесната тежина
    • rn 011

    • Луѓе кои користат стероиди
    • rn 011

    • Луѓе кои нагло ослабеле
    • rn 011

    • Луѓе кои нагло се здебелиле
    • rn 011

    • Луѓе кои направиле операција за зголемување на градите
    • rn 011

    • Луѓе со тенка кожа
    • rn 011

    • Луѓе со генетска предиспозиција
    • rn 011

    • Луѓе со проблеми со хормоните
    • rn

    rn

    Продукти кои ги спречуваат, но не ги лекуваат веќе настанатите стрии

    rnКако да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?rnrnНајпопуларните продукти кои тврдат дека ќе ви помогнат да се ослободите од стриите најчесто се маркетиншки трик. Ако сакате да ја спречите појавата, овие продукти ќе ви помогнат, но ако мислите дека ќе се ослободите од лузните кои сте ги имале претходно, се лажете.rn

      rn 011

    • Специјалните креми и лосиони се само обични креми за навлажнување и не можат да ги отстранат стриите од кожата.
    • rn 011

    • Козметичките продукти што содржат третиноин, колаген и хиалуронска киселина нема да ви помогнат да се ослободите од стриите и покрај активните супстанци.
    • rn 011

    • Маслата (кокосово, бадемово, маслиново, со витамин Е и други) нема да ги отстранат стриите дури и ако редовно се масирате со нив.
    • rn 011

    • Медицинските тревки како алое вера не можат да ги отстранат стриите.
    • rn

    rn

    Ефективен метод

    rnКако да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?rnrnЗа жал, не е возможно да се ослободите од стриите. Но ова не е лошо бидејќи тие немаат никакво влијание на вашето здравје. Сепак, ако не ви се допаѓа нивниот изглед можете да ја намалите нивната видливост и тоа со триење и пилинг. Пилингот со кафе, мед и шеќер може да помогне. На овој начин ќе го отстраните горниот слој од лузните, па стриите сè повеќе ќе наликуваат на здрава кожа и ќе бидат речиси невидливи.rn

    Сигурни професионални методи

    rnКако да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?rnrnСе разбира, можете да добиете одлични резултати со помош на козметичар или хирург. Има многу методи кои ја користат модерната технологија за ослободување од стриите.rn

      rn 011

    • Пилинг: За разлика од пилинзите направени од природни компоненти, во овој случај се употребуваат агресивни хемиски супстанци. Во повеќето случаи се користи и локална анестезија.
    • rn 011

    • Микродермоабразија: Ова е болна процедура бидејќи се отстрануваат неколку слоеви од епидермисот со помош на кристали на алуминиум оксид. Методот ја присилува новата помлада кожа да расте побрзо.
    • rn 011

    • Ласер: Ласерската терапија е еден од најновите и најефикасните методи. Ласерот ја отстранува кожата и има влијание на подлабоките слоеви. Понекогаш процедурата се изведува со локална анестезија. Добро е што овој метод не е многу скап и речиси и да нема несакани ефекти.
    • rn 011

    • Пластична операција: Понекогаш луѓето го одбираат овој метод за отстранување на оштетената кожа и заменување со поздрава. Овие операции се навистина скапи и периодот на заздравување може да трае и до 8 месеци. Покрај тоа може да ви останат лузни од операцијата.
    • rn 011

    • Мезотерапија: Во инјекциите за мезотерапија има многу корисни супстанци како хиалуронска киселина и витамини. Ова е одличен метод за спречување на појавата на стрии и е многу поефективен од кремите и лосионите со исти супстанци.
    • rn

    rnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Јадете ги овие прехранбени продукти и вашите брчки ќе исчезнат!

    Јадете ги овие прехранбени продукти и вашите брчки ќе исчезнат!

    Функцијата и изгледот на вашата кожа, во голема мера зависат од исхраната којашто ја внесувате. Модерната наука за исхраната, во последниве неколку години, опфаќа и посебна дисциплина, која се фокусира на односот помеѓу одредените прехранбени методи, продукти и хранливи состојки и здравјето на кожата.rnrnЈадете ги овие прехранбени продукти и вашите брчки ќе исчезнат!rnrnЕдна од највозбудливите области од нутритивната дерматологија, е примената на храна и хранливи материи во превенцијата од фотостареење, којашто е во склоп на програмата против стареење. Некои направени истражувања, укажале дека одредени групи на храна, како што се рибата, зеленчукот и раститетлните масла (особено екстра-девственото маслиново масло) делуваат превентивно против појавата на брчки, а зголемениот внес на месо, млечни продукти и шеќери, создаваат настанување на брчки.rnrnНутриционистите објаснуваат дека бројните истражувања коишто се направени на темата, укажале на антиоксидантните својства на различните растителни пигменти, коишто се применуваат во медицината против стареење.rnrnСтанува збор за црвените пигменти антоцијани коишто ги има во зрнестото овошје, зелениот пигмент хлорофил во зелениот зеленчук, жолтиот пигмент куркумин во куркумата, збирот од портокалови и црвени пигменти каротеноиди, коишто ги има во разновидното овошје, зеленчук и алги, како и фикоцијанинот во алгата спирулина.rnrnНиколас Перисон, е американски дерматолог и е еден од првите автори, којшто ја популаризирал оваа област, пред околу 15 години. Тој објавил три книги, во кои ја обработува проблематиката за убавина, здравје и млада кожа, по пат на програма на исхрана и посебна нега. Својот живот го посветил на дерамтологијата, со посебен фокус на поврзаноста помеѓу исхраната и здравата кожа, како и примената на хранливи состојки во терапијата и превенцијата од вообичаените проблеми со кожата.rnrnДоцентот, доктор и специјалист Дарија Вранешич Бендер, ги истакнала најважните правила за убава и здрава кожа, според дерматологот и нитруционист, Николас Перисон:rn

      rn 011

    • Јадете големи количини мрсна риба, особено лосос, како и други продукти коишто содржат протеини, како што се јајцата и пилешкото месо. Протеините се неопходни за обновување на кожата и забавување на стареењето на ќелиите на кожата. Воедно, Омега-3 масните киселини ја одржуваат потребната влажност на кожата и ги спречуваат воспалителните процеси.
    • rn 011

    • Консумирајте почесто свежо, темно, зрнесто овошје, особено боровинки. Тие содржат антиоксиданси, кои помагаат во детоксикацијата и спречуваат предвремено стареење.
    • rn 011

    • Јадете дињи, јаболка и круши. Овие овошја имаат низок гликемичен индекс. Од друга страна, лубеницата, бананите и мангото, имаат висок гликемичен индекс, па поради тоа треба да се консумираат умерено.
    • rn 011

    • Дајте им предност на јаткастите плодови, особено на лешниците и бадемите, бидејќи тие се богати со витамин Е и линолна киселина. Др. Перисон смета дека молекулите коишто ги содржат овие плодови, помагаат во борбата против стареењето.
    • rn 011

    • За појадок, консумирајте свежо приготвена овошна каша или овесни снегулки, кои ќе ви помогнат во одржувањето на нормално ниво на шеќер во крвта.
    • rn 011

    • Пијте 8-10 чаши, чиста изворска вода секој ден. Дури и малата дехидратација, може да предизвика вашата кожа да изгледа старо. Исто така, избегнувајте кафе и чај.
    • rn

    rnМоже да ве интересираат и овие 7 начини како да се ослободите од брчките.

  • 5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

    5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

    Врските помеѓу луѓето ги инспирираат не само режисерите и писателите, туку и научниците. Научникот Ерик Берне објавил книга, со наслов „Игри што ги играат луѓето“ (Games People Play), која стекнала голем број следбеници. Авторот ги опишал популарните „игри“ коишто ги играат возрасните и дава совети за тоа како да ги препознаете и да ги спречите пред да ѝ наштетат на врската.rnrn5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречитеrn

    1. „Сè е поради тебе“

    rnЗамислете си сопруга која често се жали дека не постигнала многу во нејзиниот живот поради сопругот – тиранин кој не ѝ дозволува да прави ништо, дури ни да посетува часови по танцување. Интересно е што кога сопругот ѝ дозволил да оди на часови по танцување, излегло дека таа се плашела од танцувањето. Оваа игра е начин за оправдување на стравот, мрзеливоста или некоја друга причина што ја спречила сопругата да направи нешто, како посетување часови за танцување. Покрај тоа, вината што му ја префрлила на сопругот го тера да ѝ дава разни подароци и да ја охрабрува.rn

    Што да правите?

    rnОваа игра ќе трае сè додека постои забраната. Во моментот кога сопругот ќе ѝ дозволи на сопругата да прави што сака, како на пример да се дружи со пријателките, сè ќе се врати во нормала. А голема е веројатноста дека нејзините пријателки се зафатени или дека таа не сака да оди никаде.rn

    2. „Во тесно“

    rnЗамислете си дека сопругата го поканува сопругот на кино и тој се согласува. Почнуваат да се подготвуваат и одеднаш сопругата изјавува дека сопругот треба да поправи нешто. Шокиран, сопругот изјавува дека имаат финансиски проблеми, дека работи напорно и дека е само еден човек. Сопругата е навредена и му вели на сопругот самиот да оди на кино бидејќи таа не е расположена. Тој го прифаќа предлогот, но наместо во кино, оди во некој бар со пријателите. Сопругата се наоѓа во тесно – ситуација во која самата се ставила. Но, ја има можноста да го прекори сопругот бидејќи ја оставил сама.rn

    Што да правите?

    rnИ двајцата партнери можат да ја напуштат играта. Ова е полесно за сопругата бидејќи знае дека реакцијата на сопругот е нормална на нејзината критика. И тој работи напорно, па неговото однесување е обид да привлече внимание кон тоа. Најдобро е да се согласи дека е изморен и да го одложи разговор за поправањето за друг пат. Оваа игра може да ја спречи и сопругот. Тој знае дека критиката на сопругата не треба да ја сфати сериозно. Она што таа го сака е прегратка од него. Би требало да не ѝ се противи и во тој случај и двајцата би отишле во кино.rn

    3. „Љубена“

    rnОваа игра обично се одвива во јавност. Сопругот кажува приказна или фраза која ја прикажува сопругата во лошо светло и завршува со: „Во право ли сум, љубена?“ Колку понавредлива е приказната, толку полошо звучи зборот „љубена“. Сопругата е навредена, но последната реченица не ѝ дозволува да каже ништо. Таа е гневна, но нема очигледна причина за гнев бидејќи сопругот се однесува како џентлмен.rn

    Што да правите?

    rnПостојат 3 опции. Првата е да му дозволите на сопругот да ги кажува овие приказни, но да го замолите да не го користи зборот „љубена“ на крајот. Втората е да одговорите со: „Да, миличок“ без никакви емоции. А третата, која е најдобро да ја користите многу ретко, е да раскажете слична приказна за сопругот и да ја завршите како него.rn

    4. „Гледаш што направив поради тебе?“

    rnЗамислете дека сопругот е целосно посветен на варосување на некоја просторија. Во тој момент се појавува неговата сопруга со прашањето: „Дали ме сакаш?“ Прашањето може да биде и друго: „Ќе ручаме ли?“ и слично. Бидејќи вниманието му е одвлечено од сопругата, тој ја истура бојата. Скандалот почнува со неговата реченица: „Гледаш што направив поради тебе?“rn

    Што да правите?

    rnРеакцијата на сопругот најверојатно е поради тоа што не сака да биде вознемируван кога работи нешто. Друга причина е тоа што е премногу уморен и, во овој случај, варосувањето му е здодевно. За да ја прекине играта, најдобро е сопругата да излезе од просторијата.rn

    5. „Гледаш ли колку се трудам?“

    rnСопругот сака развод, но не сака да биде иницијатор. Сопругата сфаќа дека нешто не е во ред со семејството и предлага посета на психотерапевт. Сопругот се согласува, но почнува да се однесува уште полошо за да докаже дека терапијата не функционира. На крај, бидејќи сопругата не може да издржи повеќе, бара развод. Целта на сопругот е постигната, но тој не може да биде виновен бидејќи не го побарал разводот, па дури и се обидел да го спречи. Друг познат пример за оваа игра е ситуацијата кога еден од сопружниците не работи бидејќи е мрзелив. Тој, или таа, нема да ја каже вистинската причина за невработеноста, туку ќе се обиде да изгледа како да бара работа. Ова му/ѝ овозможува да каже дека дава сè од себе за да ја промени ситуацијата. Другиот сопружник ќе се чувствува виновно, па овој разговор долго ќе се избегнува.rn

    Што да правите?

    rnЦелта на оваа игра е иницијаторот да ја префрли важноста од проблемот кон потенцијалното решение. Најдобриот совет за оваа ситуација е да не одите на психотерапевт и да не нудите помош за наоѓање работа. Вашата помош е најлесниот начин да ве манипулираат бидејќи вие ќе бидете виновни за предлогот што не функционирал.rnrnСпоред Ерик Берне, најчестата игра во семејствата е првата – „Сè е поради тебе“.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот брак пропаѓа.

  • Не е ваша работа да си кажувате себеси „НЕ“

    Не е ваша работа да си кажувате себеси „НЕ“

    Многу луѓе имаат навика постојано да се спречуваат во остварувањето на своите желби, притоа повторувајќи си дека не се достојни за тоа. Сите имаат моменти кога се сомневаат во себе, но тоа не треба да претставува пречка за да продолжат понатаму. Велејќи си себеси дека сте премногу стари, премногу млади или неискусни, само ве оддалечува од можностите кои ви се нудат. Кога ќе сфатите дека повеќето работи зависат само од вас, нема да се откажувате толку лесно. Еве како да го постигнете тоа.rnrnНе спречувајте се самите да ги остварите своите амбицииrn

    Не откажувајте се уште првиот пат штом слушнете „не“

    rnПовеќето луѓе не сакаат да преземаат никакви нови работи, со цел да го избегнат неуспехот. Познатите личности велат и прават многу работи за да ги покријат скандалите, а од една страна, тоа е природно затоа што никој не сака да доживува неуспеси. Но, дали треба да се откажете од своите идеи веднаш штом ќе добиете негативен повратен одговор? Кога ќе слушнете „не“ тоа не мора да значи дека нешто е сосема невозможно или дека никогаш нема да успеете во тоа. Честопати тоа може да значи „не во овој момент“ или „не на овој начин.“ Затоа, почнете да гледате од друга перспектива и бидете малку поупорни.rnrnПравилото вели никогаш да не се откажувате по првото „не.“ Можеби вашиот внатрешен глас ви го вели тоа, па затоа, ова не е време да престанете да ги остварувате своите желби. Многу често негативната повратна информација може да биде знак за да ја прилагодите вашата идеја, а не да се откажете од неа!rnrnНе спречувајте се самите да ги остварите своите амбицииrn

    Како да го надминете стравот од неуспех

    rnЕдна од најчестите причини за откажување е затоа што сметате дека сѐ уште сте неподготвени. „Немам искуство“, „Треба да научам повеќе“, „Прво ми е потребен подобар план“ и сличните фрази можат само да ве демотивираат. Кој успеал веднаш? Не очекувајте да бидете фантастични на самиот старт, сепак, тоа е само почеток. Прифатете дека ќе правите грешки, но обидете се истите да не ви влијаат негативно. Што и да започнувате за прв пат, секогаш ќе има подобри од вас, но тоа не е причина да се чувствувате неталентирани или неинтелигентни.rnrnНе е ваша работа да ги негирате своите можности, има многу луѓе на светот кои ќе го направат тоа за вас. Вашата работа е да ги прифатите предизвиците кои ви се нудат и да продолжите понатаму, а не да застанувате. Наместо да ги одрекувате, кажете им „да“ на новите можности!