КАФЕ ПАУЗА

Tag: соочување

  • Како да продолжите понатаму доколку сè во животот ви тргнало наопаку?

    Како да продолжите понатаму доколку сè во животот ви тргнало наопаку?

    Во текот на животот одново и одново се соочувате со разни подеми и падови. Има денови кога мислите дека работите тргнале наопаку, кога плановите не излегуваат баш онака како што сте замислиле. Токму во тие денови вашата волја и оптимизмот се подложени на тест – тогаш е важно да избегате од бездната на очајот и негативните мисли.rnrnКако да продолжите понатаму доколку сè во животот ви тргнало наопаку?rnrnБез разлика дали вие сте одговорни за неуспехот или се работи за околности, не барајте го виновникот туку обидете се да се фокусирате на решенијата. Надминувањето на тешките ситуации и негативните околности е една од најважните животни вештини.rnКога мислите дека сè во животот ви тргнало наопаку, запомнете ги овие 3 совети за да продолжите понатаму:rn

    1. Пред да изградите нешто ново, треба да го уништите старото

    rnКога животот на кој сме навикнати ќе престане да изгледа исто, треба да сфатите дека промената е неопходна. Некои луѓе често живеат по инерција и не ги поднесуваат добро промените. Важно е да разберете дека во животот често промените се случуваат одеднаш и неочекувано. Освен тоа, некои промени кои на почетокот изгледаат страшни, всушност можат да бидат исклучително добри за вас. На пример, кога некој од вашите најдобри пријатели ќе ве изневери, тоа секако е болно искуство, но со себе носи поука и свесност дека секогаш треба да размислувате за тоа кому му се доверувате.rn

    2. Секој поединечен временски период е само една од многуте животни фази

    rnЖивотот е поделен на многу различни временски периоди. Понекогаш деновите се обоени во светли бои, тие се светли и радосни, а понекогаш се соочувате со сивило и предизвици. Важно е во ваквите моменти да се потсетите колку пати се промениле деновите во вашиот живот, како и дека често после тешките денови доаѓа нешто подобро и поубаво.rn

    3. Однесувајте се кон себе како кон пријател

    rnКога нешто ќе тргне наопаку, многу луѓе запаѓаат во состојба на прекумерна самокритика и гнев кон себе. Здравото размислување и работењето на грешки, се разбира, се важни сами по себе, но важно е да знаете каде да ја повлечете линијата. Затоа, следниот пат покажете повеќе разбирање и сочувство кон себе, исто како што тоа би го направил кон вас вашиот најдобар пријател.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да си го уништувате сопствениот живот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!

    Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!

    Во текот на животот наидувате на различни предизвици и препреки, а многу од нив оставаат трага врз вас. Тоа придонесува и за зачестено присуство на стресот, особено доколку не сте подготвени за промени. Во такви случаи важно е да работите на издржливоста.rnrnНе можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!rnrnИздржливоста е способност за оптимално прилагодување на неволјите, повредите или екстремниот стрес. Иако одредени фактори може да ги направат некои луѓе поотпорни од другите, издржливоста не е особина на личноста што ја поседуваат само неколкумина. Таа се состои од одредени однесувања, мисли и постапки кои секој може да ги научи и развие. Прочитајте за дел од нив во продолжение:rn

    1. Изградете значајни односи

    rnДајте им приоритет на вашите врски. Дружењето со емпатични и позитивни луѓе кои ве разбираат и прифаќаат ќе ви даде до знаење дека не сте сами. Насочете ја вашата енергија кон доверливи и пријателски луѓе кои ви возвраќаат на вашите чувства и на кои можете да се потпрете. Ова ќе ви помогне да ја развиете и зајакнете вашата издржливост.rn

    2. Грижете се за вашата психофизичка благосостојба

    rnГрижата за себе вклучува одржување и на менталното, а не само на физичкото здравје. Примената на позитивни ставови како што се правилно јадење, доволно спиење и редовно вежбање може да му помогне на телото да се прилагоди на стресот и да ги намали ефектите од негативните емоции. Вежбањето и шетањето во природа може да ви помогнат да се поврзете со другите и да ја зголемите сопствената издржливост.rn

    3. Запрашајте се дали ви е важно она што го правите и она што го доживувате

    rnПомагајте им на другите – без разлика дали волонтирате во локално засолниште за бездомници или само му помагате на пријател на кој му е потребна помош, ова ќе ви даде чувство за цел, ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе ви помогне да се поврзете со другите. Поставете си реални цели и секој ден правете нешто што ќе ве доближи до остварувањето на вашите цели.rn

    4. Побарајте помош кога ви е потребна

    rnЕден од најважните знаци дека сте издржливи е фактот дека не се срамите да побарате помош кога ви е потребна. Имајте на ум дека терапевтот, психологот, тренерот или менторот може да ви помогне да ја развиете вистинската стратегија за да продолжите напред.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за зацврстување на издржливоста, можеби ќе сакате да прочитате и како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како да го решите навидум нерешливиот проблем?

    Како да го решите навидум нерешливиот проблем?

    Се чувствувате „заглавени“ и не знаете како да продолжите понатаму? Секој од нас во одреден момент од животот се справува со тешки предизвици, без разлика дали станува збор за кариерата, врската или животот воопшто. Еве на кој начин можете да се справите со проблемите дури и ако тие ви се чинат нерешливи.rnrnКако да го решите навидум нерешливиот проблем?rnrnКако прво нешто што морате да направите е да го прифатите проблемот и да не се обидувате да го занемарите, или уште полошо, да се обидете да избегате од него. Тоа, за жал, не е решението. Кога ќе ја прифатите ситуацијата онаква каква што е ќе имате повеќе храброст да се соочите со истата. Тоа ќе ви даде и сила за да направите избор кој што можеби во нормална ситуација не би го направиле, но не заборавајте дека можеби токму тој избор ќе ви помогне да го решите она што е навидум нерешливо.rnrnОсвен тоа, прифаќањето на новата ситуација не може ниту да ги реши проблемите ниту пак да ги влоши работите. Единствениот резултат е тоа што вие станувате поспособни или да ги решите проблемите или едноставно да ги преживеете.rnrnСекогаш анализирајте ги проблемите. Ќе го пронајдете решението доколку е нешто што може да се реши, но неопходно е да останете смирени и трпеливи докрај. Ќе наидете на моменти кога ќе се чувствувате во ќор-сокак без да знаете како да продолжите понатаму. Сè што треба да направите е да побарате помош и да научите да се справувате со проблемите. Освен тоа, насочете ја сета енергија кон себе – ова ќе ви помогне да дојдете до практични решенија или одговори.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за решавање на проблемите, можеби ќе сакате да прочитате и зошто „преспивањето на проблемите“ ви помага да ги решите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Ретрограден Нептун на 28 јуни: Време е да се соочиме со вистината!

    Ретрограден Нептун на 28 јуни: Време е да се соочиме со вистината!

    На 28 јуни нè очекува ретроградното движење на Нептун. Благодарение на ретроградниот Нептун можеме да откриеме работи кои се криеле или кои можеби не сме сакале да ги видиме. Сега е моментот да се соочиме со вистината.rnrnРетрограден Нептун на 28 јуни: Време е да се соочиме со вистината!rnrnЕнергијата на ретроградниот Нептун може да ја активира нашата интуиција и да ја подобри нашата перцепција за „невидливото“. Можеме да ја искористиме во полза на нашите проекти и замисли и тоа како извор на инспирација и поврзување со светот околу нас.rnrnСо оглед на енергијата на Нептун во Риби како и младата Месечина во Риби, ќе треба да бидеме свесни за одржување на нашата рамнотежа. Еден од најдобрите начини да се спротивставиме на силната водена енергија е да се ослободи контролата. Заземјувањето може исто така да помогне.rnrnНептун е владетел на духовноста, интуицијата, креативноста, илузијата, измамата, соништата, уметноста, фантазијата и забавата. Неговата енергија понекогаш ги обвиткува нештата во превез од мистерии и нејаснотии.rnrnТоа, од друга страна, претставува поттик да погледнеме подалеку од она што нè опкружува и да ѕирнеме внатре во себе. Но, кога започнува ретроградното движење на Нептун, превезот е кренат и нам не ни преостанува ништо друго освен да се соочиме со вистината. Откако ќе биде оттргнат превезот на илузијата, можеме полесно да сфатиме дали сме оделе во лажна насока за време на нашето духовно исцелување или сме биле водени од нашето его наместо од љубовта.rnrnОсвен тоа, Нептун е и симбол на безусловната љубов која е посилна од сè и засекогаш поврзана со нашата душа. Така, за време на ретроградното движење на оваа планета, размислете како можете да привлечете колку што можете повеќе од оваа безусловна љубовна енергија. Што ве спречува да ја почувствувате љубовта таква каква што е? Што е она што ве спречува да се поврзете со таа голема љубовна енергија?rnrnДозволете Нептун да ве води на ова духовно патување при што ќе научите како да ја споделувате љубовта со оние околу вас.rnrnМеѓу другото, ретроградниот Нептун може да ви помогне полесно да ги сфатите работите и да добиете појасна перспектива за вас самите, за светот околу вас и во вас.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе ретроградниот Нептун на 28 јуни, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни промени во јуни.rnrnИзвор: atma.hr

  • Зошто е препорачливо да ги научите децата да се соочуваат со разочарување од мали нозе?

    Зошто е препорачливо да ги научите децата да се соочуваат со разочарување од мали нозе?

    Многу родители денес прават сè што е во нивна моќ да придонесат за успехот на нивните деца во сите активности, со цел никогаш, ама баш никогаш да не го почувствуваат вкусот на поразот и разочарувањето. Тие се обидуваат максимално да ги заштитат децата од тага, фрустрација, скршено срце и која било друга психичка и емотивна болка низ која самите поминале додека биле на нивна возраст. Прашањето што се поставува во овој случај е: дали воспитувањето на овој начин е добар за самите деца?rnrnЗошто е препорачливо да ги научите децата да се соочуваат со разочарување од мали нозеrnrnЕкспертите не се многу сигурни во тоа. Според нив, пожелно е на децата уште од најрана возраст да им се стави до знаење дека во животот не може да биде сè онака како што тие посакуваат. На тој начин, тие ќе бидат подготвени за реалниот свет надвор од семејниот дом. Постојат премногу примери на навидум емотивно стабилни луѓе во доцната адолесценција (од 18 до 25 години) кои кога за првпат ќе ги воочат негативните последици од своите одлуки или од лошиот сплет на околности, а веќе ги нема зад нив родителите да го прифатат ударот наместо нив, се соочуваат со нарушено ментално здравје. Притоа, тие не можат да се соочат со проблемот, туку паничат, очајуваат, паѓаат во депресија и стануваат носталгични за своето детство. Што треба да направат родителите за да го избегнат ова сценарио?rn

    Родителите не се обврзани постојано да ги забавуваат своите деца

    rnРодителите треба да ја обезбедат својата безусловна љубов и основните материјални услови за раст и развој на детето. Секако, нивните задачи не завршуваат тука. Родителите се оние кои треба да го поминуваат времето во игра со своите деца уште од најрана возраст и да организираат разни активности за нив. Сепак, треба да внимаваат да не претераат, бидејќи во тој случај децата стануваат пасивни и очекуваат другите да им обезбедат забава. Така, тие немаат можност да искусат здодевност или недостаток на идеи, па во зрелоста тоа може да се манифестира со недостаток на креативност и иницијатива.rn

    Научете ги децата самите да ги контролираат своите чувства

    rnДецата мора да научат дека нема секогаш некој друг да биде до нив за да ги утеши. Тие самите треба да научат дали претеруваат или не со својата емотивна реакција, и следствено, подобро да ги контролираат своите чувства. Не се сите деца подеднакво успешни во тоа бидејќи имаат различен карактер, но овој метод сигурно ќе им помогне да бидат поподготвени следниот пат кога ќе доживеат неповолен исход од некоја нивна намера.rn

    Дозволете им да се почувствуваат разочарани

    rnКако и сите луѓе, така и децата чувствуваат разочараност кога нешто не оди според нивниот план. Разочарувањата, сепак, се составен дел од животот низ кој поминуваме сите. Ако се третираат правилно, поразите можат да послужат како поука за иднината поради што децата не треба да бидат лишени од ваквите искуства. Дури и ако нивните реакции се драматични, подобро е да ги оставите самите да научат како да ги надминат таквите емоции опкружени со топлината на домот, отколку да мора да се справат со нив за првпат во некоја нова средина.rnrnОткако дознавте зошто е пожелно да ги научите децата да се соочуваат со разочарување, ви препорачуваме да прочитате и дали е добро да ги заспивате вашите деца лежејќи покрај нив.

  • 4 хороскопски знаци на кои им е најтешко да се соочат со минатото

    4 хороскопски знаци на кои им е најтешко да се соочат со минатото

    На некои луѓе им е лесно да погледнат назад во минатото, но на припадниците на овие 4 хороскопски знаци тоа им е многу тешко.rnrn4 хороскопски знаци на кои им е најтешко да се соочат со минатотоrn

    Скорпија

    rnБидејќи се таинствени, не им е лесно да се отворат пред другите, но штом ја стекнете нивната доверба, тогаш тие се целосно посветени и верни. Меѓутоа, ако некој ги изневери, на Скорпиите им е тешко да го поднесат тоа и им треба многу време да го прифатат. Дури и кога простуваат, тие никогаш не забораваат.rn

    Девица

    rnДевиците се аналитичари. Што и да се случило и без разлика колку одамна, тие постојано ќе го анализираат, сè додека не бидат целосно подготвени да продолжат понатаму. Тие внимателно ги следат сите детали и ги памтат сите случки од минатото.rn

    Лав

    rnЛавовите честопати покажуваат самодоверба и изгледаат како многу цврсти личности, но всушност се многу нежни. Тешко се справуваат со минатото кога некој ќе ги повреди, а другите луѓе често не го разбираат тоа.rn

    Вага

    rnВагите главно ги чуваат емоциите во себе, па затоа им е тешко кога треба да се соочат со минатото. Тие се многу друштвени луѓе, а кога ќе останат сами, почнуваат да размислуваат за минатото и брзо се растажуваат.rnrnПрочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат многу среќа од средината на февруари.

  • 8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

    8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку страв

    За луѓето кои имаат страв или фобија, психолозите сега имаат и современ третман, покрај психотерапијата. Тие ја користат виртуелната реалност за да им помогнат на луѓето да се борат против својата вознемиреност. Ако се плашите од гужва, ќе бидете ставени во виртуелна ситуација каде што ќе бидете опкружени со луѓе и ова ќе ви помогне да се соочите со стравот и да го надминете. Сепак, на вашите стравови не секогаш им треба третман бидејќи тие навистина може да ви помогнат на многу начини. Прочитајте како разумна доза страв може да ви помогне да напредувате во животот.rn

    1. Стравот ви помага да изгубите тежина

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnЧувствувањето малку страв согорува повеќе калории отколку кога не се плашите од ништо. Додека се забрзува пулсот, вашето тело доживува проток на адреналин. Вашиот метаболизам се забрзува, а шеќерот и мрснотиите согоруваат во тој процес. Во едно истражување, физиолозите од Лондонскиот универзитет во Вестминстер откриле дека кога луѓето гледале хорор-филмови, согорувале до 113 калории, а исто толку би потрошиле и со половина час пешачење.rn

    2. Стравот го зајакнува вашиот имунолошки систем

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnВо некои истражувања спроведени од Универзитетот „Ковентри“ во Велика Британија, учесниците гледале хорор-филм. Потоа, истражувачите зеле примероци од крв од тие луѓе. Резултатите покажале дека чувството на страв предизвикало активирање на нивните бели крвни зрнца, а тие ви помагаат да се борите против болестите и да закрепнете. Колку повеќе имате бели крвни зрнца, толку е посилен вашиот имунолошки систем.rn

    3. Стравот може да ве мотивира

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnКога се чувствувате исплашено, не се лачи само адреналин, туку и други хемикалии, како што е серотонинот. Тој му помага на вашиот мозок да работи поефикасно, а стравот е всушност енергија. На пример, ако сте тркач и одите по истата рута секој ден, брзо ќе се навикнете на тоа, но кога ќе најдете ново место каде што ќе бидете малку исплашени и навистина треба да се фокусирате, вашиот мозок ќе започне да работи максимално. Вашиот мозок копнее по нови предизвици.rn

    4. Стравот ве зближува со другите луѓе

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnКога чувствувате страв, се ослободува окситоцин, хормон кој ви помага да градите односи со луѓето околу вас. Сите имаме инстинкт на преживување и тој нè тера да се споиме со некој друг за да ја надминеме опасноста. Совршен пример за ова е кога луѓето се гушкаат додека гледаат страшен филм.rn

    5. Ви овозможува фокус и концентрација

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnРазмислувањето за иднината или за нешто непознато може да биде доволно за да ве исплаши. Ако се чувствувате малку загрижени или вознемирени за тоа, заедно со адреналинот, кој ве држи под стрес, се ослободува друг хормон познат како норадреналин, кој ве одржува фокусирани наместо да ве фаќа паника. Тој овозможува да размислувате појасно додека сте под стрес и затоа се користи во многу антидепресиви. Живееме во свет на постојано одвлекување на вниманието, како што се гледањето телевизија или користењето Интернет, а малку страв ќе ви помогне да бидете целосно будни и фокусирани.rn

    6. Стравот ви помага брзо да се извлечете од неволји

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnКога поминувате низ слабо осветлена улица ноќе или слушате чекори веднаш зад вас, нема да размислувате многу за вашите идни активности: започнувате да одите побрзо и да се обидете порано да стигнете до вашата безбедна дестинација. Стравот го принудува мозокот да реагира веднаш и да најде решение, наместо да троши време за детална анализа на ситуацијата.rn

    7. Стравот ви помага да направите позитивна промена

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnКога докторот ќе ја погледне вашата анализа на крвта и ќе ви каже дека имате високо ниво на шеќер и може да добиете дијабетес, ќе почнете да чувствувате страв. Тоа е затоа што можеби веќе сте свесни за сериозната штета што може да ја предизвика дијабетесот. Поради тоа, ќе започнете да ги следите наредбите на лекарот и да внимавате на исхраната за да излезете од таа опасна зона. Ако не се плашите, ќе ви треба многу време за да ја направите таа позитивна промена.rn

    8. Стравот ви помага да се надминете себеси

    rn8 причини зошто може да биде добро за вас да чувствувате малку стравrnrnПостои психолошка состојба позната како Кронос синдром, а тоа е кога луѓето се плашат дека ќе бидат заменети со некој друг во која било сфера од нивниот живот, без разлика дали е тоа поврзано со работата, врската или семејството. Психолозите тврдат дека овој страв во умерени дози може да ви помогне да напредувате, а без тој страв, многумина би чувствувале назадување во приватниот или во професионалниот живот. Кога сте сигурни дека никој нема да ве замени, се опуштате и станувате мрзеливи на работа и во приватниот живот.rnrnПроверете дали можете да ги разликувате стравот и интуицијата.

  • 4 начини да се справите со стравовите – застанете им на патот!

    4 начини да се справите со стравовите – застанете им на патот!

    Кога постои ризик да направиме нешто ризично поради невнимателност, добиваме знак на предупредување што нè поттикнува да ја преиспитаме одлуката.rnrnМеѓутоа, ако стравот е наш начин на живот и нè спречува да испробаме нови искуства, како што се јавен настап или лет со авион, тогаш време е да промениме нешто што е можно поскоро.rnrnЗадачата на секоја личност која сака да постигне нешто во животот е да се сврти кон себе и да се соочи со личните предизвици. Ова понекогаш не е лесно, но сепак, вреди да се потрудите затоа што станува збор за подобрување на квалитетот на вашиот живот од сите аспекти.rnrnЧетири начини да се справите со стравовите – застанете им на патот!rnrnВо продолжение прочитајте ги 4-те техники за надминување на стравот, кои се надеваме дека ќе ви помогнат.rn

    1. Размислете за тоа со кои стравови треба да се соочите

    rnКако што веќе споменавме, стравот во некои ситуации многу ни помага. Замислете дека живеете во близина на океан, на кој му се заканува цунами. Се разбира, важно е да бидете свесни за ситуацијата и да размислите за можните опасности во случај на закана од природни катастрофи.rnrnВо нормални околности, сепак, поведете внатрешен дијалог за оправданоста на стравот што го имате и преиспитајте се дали тој ве спречува на патот кон постигнување на вашите цели. Запишете ги добрите и лошите страни на соочувањето со стравот. Ова е многу важно затоа што јасно можете да согледате како би ви изгледал животот без страв.rnrnПотоа, направете го првиот чекор и бидете упорни. Една поговорка вели: „Кога постои волја, постои и начин“.rn

    2. Проценете го нивото на ризик

    rnПонекогаш стравот се појавува во ситуации во кои не сте доволно свесни за она што всушност ве чека. Еден пример е летањето со авион што можеби сè уште не сте го искусиле, но сте слушнале приказни за несреќи со трагичен исход.rnrnКога станува збор за стравувањето со турбуленции, тие се предизвикани од самото движење низ воздушниот простор, но ако имате сигурносен појас, нема причина за загриженост. Од друга страна, стравот од јавно говорење честопати го блокира говорителот, па важно е тој да се мотивира со позитивни примери за да ги совлада техниките кои ја зголемуваат самодовербата.rnrnСекогаш имајте на ум дека во реалноста не е сè толку страшно, како што  изгледа. Информирајте се и понекогаш преземете ризик затоа што така ќе ги надминете вашите стравови.rn

    3. Подгответе акционен план

    rnМоже да го надминете стравот само ако му пристапите чекор по чекор, во спротивно ситуацијата само ќе се влоши. Дозираната анксиозност е добредојдена и не треба да чекате да исчезне пред да преминете во акција.rnrnНа пример, ако сакате да го надминете стравот од јавно говорење, направете план на активности и обидете се да го спроведете. За почеток, застанете пред огледалото и говорете 2 минути, а потоа, снимете се додека зборувате.rnrnПотоа, замолете го вашиот партнер да ве слуша, следниот пат поканете некој член на семејството да му се придружи. Во следниот чекор, поканете и некој пријател, а потоа и двајца. Откако ќе ги спроведете овие симулации со различно опкружување, одржете говор за време на деловниот состанок.rnrnАко се плашите да летате со авион, можете да одговорите на овој предизвик со тоа што прво ќе го проживеете искуството во мислите и ќе се информирате за летот преку видео содржини или ќе отидете на аеродромот пред патувањето. Постојат некои други техники кои може да се применат во случај на посттрауматско стресно нарушување.rn

    4. Побарајте стручна помош

    rnАко се работи за фобија, тогаш признајте си себеси дека тешко ќе се соочите со неа. Когнитивно-бихевиоралната терапија ефикасно помага во намалување на стравот преку мали чекори.rnrnИсто така, ако сте доживеале голема траума, закажете разговор со стручно лице, како во случај на пост-трауматско стресно нарушување. Во овие ситуации, се применуваат различни техники, како што е разговор за стравовите, методи за релаксација или директно соочување со предизвикот.rnrnСе разбира, терапевтот знае како да го процени вистинското темпо за вас, па затоа треба да се чувствувате безбедно.rnrnМожеби сакате да прочитате и овие едноставни совети преку кои ќе ја подобрите рамнотежата на вашето тело.

  • 5 хороскопски знаци кои најверојатно ќе ве напуштат во 2020 година

    5 хороскопски знаци кои најверојатно ќе ве напуштат во 2020 година

    Постојат знаци во хороскопот на кои не им е проблем да исчезнат како духови кога сте во врска со нив. Во следниот текст дознајте за кои знаци е поверојатно да ве напуштат без предупредување.rnrn5 хороскопски знаци кои најверојатно ќе ве напуштат во 2020 годинаrn

    Овен

    rnОвните живеат спонтано и авантуристички и се предомислуваат постојано. Овенот една минута може да мисли дека е лудо вљубен во вас, а потоа одеднаш да ве напушти без предупредување. Бидете сигурни дека нивната колебливост нема никаква врска со вас. Тие трчаат од личност до личност затоа што не знаат што точно сакаат. Без размислување одат кон она што ги возбудува и кое им создава „пеперутки во стомакот“, наместо да одвојат време и да се запрашаат што би ги направило среќни на долг рок.rn

    Девица

    rnДевиците секогаш се претрупани од обврски. Тие имаат зафатен живот. Ако им се допаѓате тогаш ќе се потрудат врската да успее и ќе ви посветуваат внимание. Но, ако не ве сакаат тогаш воопшто нема да бидат нежни кон вас и ќе исчезнат „без око да им трепне“. А згора на тоа, тие се убедени дека тоа всушност е и вистинскиот чекор. Вам ви преостанува само да сфатите дека тие не се повеќе заинтересирани за вас и дека треба да продолжите понатаму со животот.rn

    Вага

    rnВагата секогаш има добри намери. Тие воопшто не се обидуваат да бидат сурови. Но, нивен проблем е соочувањето со другите. Кога ќе сфатат дека вашата врска не функционира ќе се потрудат да исчезнат што е можно побрзо. Тие никогаш нема да ви објаснат зошто решиле да ве напуштат затоа што таквиот разговор би бил премногу болен за нив, не само за вас. Идејата дека ви го скршат срцето многу ги погодува. Затоа поедноставно за нив е само да исчезнат и да не ве залажуваат повеќе, со надеж дека ќе ги разберете. Вагите мислат дека вам ќе ви олесни и ќе се смирите по неуспешната врска со нив.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите сакаат да се забавуваат. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието. Обожуваат да запознаваат нови луѓе и да создаваат нови пријателства. Благо речено, нивно хоби е флертувањето. Ако не сте во сериозна врска со нив тие може постојано да ве „извисуваат“ претпоставувајќи дека и вие би го направиле истото. Ако ги познавате кратко, тие претпоставуваат дека не сте заинтересирани да излегувате со нив само затоа што биле фини кон вас. Избегнуваат претпоставки и создавање драматични ситуации. Припадниците на овој знак попрво би заминале отколку да бидат дел од комплицирани ситуации.rn

    Водолија

    rnТие имаат лоша навика да исчезнуваат затоа што ја потценуваат нивната важност. Тие мислат дека прават големо нешто кога ги игнорираат вашите пораки затоа што претпоставуваат дека нивната тишина нема да ви пречи и покрај тоа што мислат дека многу се грижите за нив. Искрено, кога Водолијата ве напушта таа не мисли дека прави нешто лошо. Таа воопшто не знае колку ви е важна и дека ве погодува тоа што го прави.rnrnМожеби сакате да прочитате и со кои хороскопски знаци нема шега во 2020 година: Бидете внимателни со нив затоа што може да ви го претворат животот во пекол.

  • На кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?

    На кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?

    Сите понекогаш имаме лоши денови кога ништо не ни оди „од рака“ и едвај чекаме да завршат. Но, никој не сака лошиот ден да се претвори во лоша недела, месец или година. Затоа „стегнете заби“ и соочете се со предизвиците на лошиот ден.rnrnНа кој начин секој хороскопски знак го пребродува лошиот ден?rnrnАко сметате дека астрологијата влијае на вас, тогаш начинот на кој секој хороскопски знак се справува со лошиот ден, зависи од ѕвездите.rnrnНемојте да дозволите лошиот ден да влијае лошо на вас и вашиот живот. Лошите денови нека ви бидат мотив за уште похрабро да продолжите понатаму.rn

    Овен

    rnОвните имаат позитивен дух, затоа е потребно многу повеќе од еден лош ден за да се изместат од својот колосек. Тие се посветуваат на качување по карпи, велосипедизам или трчање за да го надминат лошиот ден.rnrnВежбањето е природен начин за подобрување на расположението, тоа може да ви помогне да спиете подобро и да се ослободите од стресот. А, што друго ви треба после еден ден поминат во „пеколот“? Овните секогаш наоѓаат начин да го зачувуваат оптимистичкото во себе.rn

    Бик

    rnЗа Бикот да преживее лош ден, треба да ги предизвика своите сетила. Ароматерапијата, масажата, бањата со мирисливи масла или јадењето на некое од омилените јадења ќе направи чуда за неговото расположение.rnrnТој не мора да стори многу за да го надмине лошиот ден, така што лесните работи во кои Бикот не мора да вложи многу напор се најдобри. Ако на ваквиот ден тој сака само да се спружи на каучот и да гледа филмови или серии и тоа е добро решение за него.rn

    Близнаци

    rnАко Близнаците имаат ужасен ден, најдоброто нешто што може да направат е да поминат време со своите пријатели, партнерот или семејството – секој кому му веруваат и од кого добиваат поддршка.rnrnИако Близнаците имаат многу познаници, постојат многу малку луѓе на кои навистина им веруваат, но тие луѓе ним им значат сè и имаат моќ да ги лекуваат со своето присуство.rn

    Рак

    rnАко Ракот има ужасен ден, нивниот прв инстинкт може да биде да полудат уште додека се во кревет и да спијат долго време, а тоа не е лоша идеја. Сепак, повеќе би им користело ако излезат од дома и направат нешто во што навистина уживаат, како одењето на концерт или на театар.rnrnНајдоброто нешто за Ракот не е да се фокусира на тоа што сè тргнало наопаку туку да се насочи на работите што го прават среќен – музиката, природата и нештата што ја инспирираат неговата креативност.rn

    Лав

    rnКога Лавот има ужасен ден, најдобро е да стори нешто за некој друг, како на пример да посети пензионерски дом или да организира некоја добротворна акција.rnrnИако волонтерската работа може да звучи како последното нешто што Лавот би сакал да го направи, помагањето на другите прави тој да се чувствува добро и да пронајде нова перспектива. Покрај тоа, средбите со нови луѓе Лавот го полнат со позитивна енергија.rn

    Девица

    rnКога Девиците имаат лош ден, треба да ги искористат своите аналитички вештини. Ако Девицата го согледа овој ден на практичен начин, без да се обвинува, ќе може да ги види работите јасно.rnrnДевиците најпрво ќе се обидат да поправат сè, но треба да сфатат дека некои работи се недостижни и дека е најдобро само да се откажат од нив. На тој начин тие ќе можат да продолжат понатаму.rnrnПродолжува на следната страница…rn