Оние кои постојано се насочени кон „поголемата слика“ се креативни, иновативни и лесно ги перципираат шемите и поврзаностите во нивната околина. Но, нивниот живот не е секогаш забава и игри. Тие многу често се соочуваат со голем отпор во секојдневниот живот, па ако се најдете во следниве 15 ситуации, тогаш со сигурност и вие сте едни од нив…rnrn
rnrn1. Ѓаволот не е во деталите, ѓаволот е деталите – Вие не разбирате зошто секое „ј“ треба да има точка врз него, или пак секое зошто секое „ж“ треба да биде прецртано. Ако генералната идеја е очигледна, зошто да се губи време на специфичности?rnrn2. Крајот има тенденција да ги оправдува средствата за вас, а тоа другите не го разбираат секогаш – Вие знаете дека треба да скршите неколку јајца за да можете да направите омлет. Без разлика колку луѓето се сомневаат во вашите постапки, вие секогаш ќе бидете дел од поголемиот план.rnrn3. Постојано ви велат да бидете пореални – Тоа е можеби најлошиот совет кои некогаш сте го чуле. Дали браќата Рајт се обидувале да бидат реалистични? Не. Затоа денес имаме авиони.rnrn4. Вашите очи често се поголеми од вашиот стомак – Одвреме-навреме вашата амбиција целосно ве освојува и вие имате проблем да се приземјите. Како успеавте да работите 70 часови претходната недела? Ни вам не ви е јасно.rnrn5. Правите многу нешта сами – „Тоа изгледа како кул план“ е нешто што многу често го слушате. Но, ретко кој се понудува да го изведе истиот со вас. Другите луѓе се забавуваат со вашите идеи, но ретко кога некој се осмелува да ги претвори во реалност.rnrn6. Учењето тема со многу детали ве тера на плачење – Ја сфаќате генералната идеја, па тогаш зошто мора да ги знаете и сите детали поврзани со истата?rnrn7. Луѓето кои обрнуваат многу внимание на деталите обожаваат да наоѓаат „дупки“ во вашата нова возбудлива идеја – Вие посакувате да имате огромен знак на кој пишува „ДЕТАЛИТЕ ЌЕ СИ ГО НАЈДАТ СВОЕТО МЕСТО ПОНАТАМУ!“ Луѓето кои прво ги решаваат деталите, а потоа главната идеја ве полудуваат.rnrn8. Уморни сте од следење планови – Тешката работа која доаѓа паралелно со следењето детален план е нешто што ве измачува до бескрај. Вашата работа од соништата е онаа каде што вие сте оние кои ги создаваат идеите и не мора да ги следите туѓите чекори во планирање.rnrn9. Луѓето се изненадени кога ќе го исполните вашиот огромен план – И покрај тоа што милион пати им повторивте дека ќе успеете, тие повторно се однесуваат како ниту еднаш да не ве чуле.rnrn10. Вие сметате дека механичките работи се неверојатно тешки, а оние кои носат огромен притисок со себе се неверојатно лесни – Административните задачи никогаш не ви биле силна страна. Вие функционирате добро во околина каде што треба постојано да се прават тешки одлуки кои можат да водат кон ваш напредок или кон тотален неуспех.rnrn11. Имате тенденција да се борите со аргументи – Многу брзо можете да ги анализирате општите принципи на она што другите го кажуваат и брзо да ги забележите грешките во нивното резонирање, па токму затоа има смисла и да им укажете на нив, се согласувате?rnrn12. Често не успевате да ги забележите оние нешта кои се пред вашиот нос – Вие сте експерти кога станува збор за губење клучеви кои всушност се во вашата рака. Или пак, прв пат ја забележувате гребаницата на вашиот автомобил која сте ја направиле пред неколку месеци… Откако некој ќе ви ја посочи!rnrn13. Често ве обвинуваат дека немате здрав разум – И тоа навистина не ве навредува. Здравиот разум е само за обичните, нормални и здодевни луѓе.rnrn14. Вие ги гледате нештата какви што можат да бидат, а не какви што се – Вие имате тенденција да одржувате проекти, идеи, па дури и врски многу подолго само затоа што го гледате прво нивниот потенцијал, а потоа реалноста.rnrn15. Вашиот оптимизам понекогаш ги надминува вашите способности – Но, тоа ни најмалку не ви пречи. Некои од вашите идеи се преголеми за да се изработат, но тоа е во ред. На крајот од краиштата, вие повеќе ги цените самите идеи отколку нивната практична примена.
Tag: соочување
-

Ослободете се од болните сеќавања за да живеете посреќни и поисполнети во сегашноста
Самите се осудуваме себеси многу повеќе отколку што останатите нè осудуваат нас. Свесно или не, се стремиме кон постојано навраќање кон минатото и тоа што се случило, што често забораваме дека живееме денес и за сега, а времето не можеме да го вратиме назад. Мислиме на грешките што сме ги направиле или на луѓето кои нè повредиле, па им дозволуваме да завладеат со нашата сегашност.rnrnСе случува сеќавањата да се толку многу болни што имале неверојатно влијание врз онаа личност која што сме денес. Некогаш, потребна ни е само нечија помош за да продолжиме понатаму, да преминеме преку некои работи. Потребен ни е разговор со најблиските, можеби дури и со стручно лице, но пред сѐ мора да ги средиме нашите мисли и да разговараме со личноста која сме ја повредиле или нè повредила нас.rnrn
rnrnПрвиот чекор кон решавањето на проблемот е прифаќање на минатото. Прифаќање на случувањата, луѓето кои биле дел од нив и најмногу од сѐ, нашата улога во сето тоа. Сѐ додека не го направиме ова, нема да можеме да се соочиме со минатото, а уште помалку да продолжиме понатаму. Факт е дека сѐ се сведува на нас, нашата одлучност и волја, нашите мисли и перцепции. Мора да си дозволиме да го согледаме проблемот за да можеме да го решиме, а тоа единствено го можеме ако со бистра глава и без предрасуди ги ставиме картите на маса и ги погледнеме настаните од свежа перспектива.rnrnВториот чекор е ослободување на умот и мислите за кои можеби и не сме свесни дека нè кочат. Треба да им дозволиме на зборовите кои сме ги чувале долго време да излезат од нас, неопходно е да ги разоткриеме нашите чувства и, дозволувајќи им на солзите да протечат, да се ослободиме од стегите на минатото. Земете лист хартија и започнете да пишувате. Кажете си себеси сѐ што ви лежи на срце и потоа искинете го. Направете го тоа на салфетка или на згужваната сметка која сигурно ви се наоѓа во џеб. Не е важно ни каде ни кога, туку само да го исфрлите негативното од себе. Ќе видите дека кога ќе прочитате што сте напишале, сосема поинаку ќе гледате на работите. А потоа одете и разговарајте со кого и да чувствувате потреба за тоа со цел да не се оптоварувате повеќе. Со фактите и чувствата разделени едни од други, ќе успеете многу полесно да го решите проблемот, додека држењето нешто во себе само го засилува гневот кој го чувствувате.rnrnТретиот чекор е учење на лекцијата која секој момент од нашиот живот ја носи со себе. Можеби не сѐ се случува со причина, но дефинитивно сѐ носи лекција со себе која, за наше добро, е неопходно да ја научиме. Таа лекција знае да биде многу потешка отколку што очекуваме и може да не сме подготвени за неа. Може да не ни се допаѓа, па да решиме да не ја научиме. А можеби е премногу реална за нас. Но колку и да е страшна целата ситуација, порано или подоцна ќе мора да се соочиме со тоа што се случило и да го гледаме како искуство од кое сме научиле нешто. Само на овој начин ќе станеме способни да погледнеме внатре во нашата болка и да откриеме нешто позитивно, нешто за кое не сме ни знаеле дека постои.rnrnНе можеме да побегнеме од минатото. Кога тогаш тоа ќе се судри повторно со нас, а колку повеќе ја одложуваме таа средба, толку повеќе го зголемуваме тој јазол меѓу замисленото и вистинското јас. Ние самите одбираме како ќе живееме, со кого ќе бидеме и што ни е важно. Да заборавиме не можеме, но да преминеме преку некоја работа можеме и тоа како. Сѐ што треба е да одлучиме дека сакаме повеќе. Повеќе смеење, повеќе нови убави спомени, повеќе љубов. А кога тажните и болни сеќавања ќе чукнат на врата, што е неизбежно, цврсто да се држиме до ветувањето кое сме си го дале себеси: да научиме од тоа што се случува, да погледнеме и од друга перспектива и секогаш да бидеме присутни во сегашноста. Животот е еден и добиваме само една шанса да го живееме најдобро што може. -

Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?
Ви недостига ли малку адреналин во вашето здодевно секојдневие? Доколку џебот ви е длабок и сакате да ја уништите монотонијата, имате ексклузивна можност да ѝ платите на француската компанија „Ultime Realite“ да ве киднапира, чисто онака за разонода. Кој го гледал филмот „The Game” (1997) со Мајкл Даглас, веднаш ќе се сети за што станува збор.rnrn
rnrn30-годишниот Жорж Зиксус од Франција ја основаше оваа компанија уште пред 3 години, која зa 1.300 американски долари нуди основен пакет: сосема неочекувано ве киднапираат непознати луѓе, ве сместуваат во багажник, а потоа неколку часа ве држат на непозната локација.rnrnОние со подлабок џеб, кои сакаат да се почувствуваат како во вистински крими- филм од Холивуд, можат да си нарачаат и поекстремно искуство, кое предвидува подолго сценарио со пострашно искуство, вклучуваjќи бркотници со хеликоптери и бродови.rnrnКлиентите можат сами да си одберат сценарио, а при нарачката потпишуваат договор дека киднапирањето може да се случи кога било. „Киднаперите“ ќе ве следат неколку дена и кога најмалку ќе претпоставувате, во погоден момент за нив, ќе ве начекаат на улица или на друго место и ќе ве киднапираат.rnrn
rnrnНа сајтот на компанијата пишува: „Ќе поминете низ вистинска сензација од насилство, терор и страв, кои се јавуваат во реалното киднапирање. Тоа е психолошки шок кој нема лесно да го заборавите.“rnrnИскуството го споредуваат со некои други екстремни спортови како што се скокање со банџи и слободно паѓање од авион со падобран.rnrn„Никој во текот на киднапирањето не е повреден, бидејќи тоа не е дел од планот. Ние заеднички размислуваме за физичките и психолошките ограничувања. Она што јас го нудам е тотално контролирано искуство, кое овозможува да ја проширите вашата лична визија. Сѐ е возможно. Јас го идентификувам она што мојот клиент го сака и потоа се трудам истото да го претворам во акција. Се разбира, доколку клиентот во одреден момент почувствува дека ги надминал границите на неговата издржливост, може да ја прекине играта, служејќи се со претходно договорената лозинка. Може да се каже дека целта на оваа компанија е да се допре до најголемиот страв на клиентот, она што се прикрадува од крајот од неговиот ум, она за коешто никогаш не се осудил да зборува гласно.“ – вели Рожер
rnКомпанијата нуди и други специфични услуги како што се: да бидете преводници во потера по бегалец, да бидете следени од ловци на награди, да присуствувате на сопствениот погреб, да поминете една ноќ во мртовечница или да си го испробате талентот за некои „сиви“ бизниси, како на пример шверц на дрога.rnrnОваа компанија нуди пакет од искуства, кои звучат освежувачки. Нешто што секојдневните луѓе можеби нема никогаш да го искусат. Но, нивната работа не е толку воодушевувачка за сведоците или луѓето кои поминуваат во близина во текот на „киднапирањето“ и немаат поим дека станува збор за лажен настан. Сервисот не е стриктно илегален, но портпарол од француската полиција изјавил дека компанијата ќе мора да ги предупредува локалните надлежни органи, за да нема вознемирувачки повици од сведоците.rnrn
„Според француската полиција и кривичниот закон, не постои причина да го забраниме сервисот, бидејќи жртвата го одобрува настанот, што значи дека не се случува криминал. Но да, работите можат да се искомплицираат доколку некој пријави киднапирање и полицијата се вмеша.“ – објаснува портпаролот
rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Соочување со најголемиот страв
Кој е вашиот најголем страв? Сте се запрашале ли некогаш зошто се плашите токму од тоа во тој степен и дали сте преземале нешто за да го надминете?rnrn
rnrnЛинда Харисон имала фобија од змии. Нејзиниот страв бил толку голем што дури и кога ќе видела змија на телевизија, морала да ги затвори очите или да излезе од просторијата за да избегне напад на паника.rnrn„Знам дека звучи патетично и ирационално, но дури и самата помисла на змии прави да треперам од страв.“
rnТаа решила да се соочи со својот страв со помош на работилница каде што ќе треба да одржува одредени јога положби во соба полна со змии. Станува збор за час по „Kumara Serpent Healing“, кој е многу сличен на традиционалната јога, но на крај сите кои учествуваат имаат шанса да погалат змија. Овој курс се наоѓа во „Центарот за јога, медитација и многу повеќе од тоа“ во Лондон, Англија.rnrn
„Часот беше многу напорен и се работеше многу брзо. Една јога положба, сигурно претпоставивте дека е наречена кобра, беше проследена со многу склекови. Но, болката која ја чувствував ми помогна да не размислувам на змиите во просторијата. Имаше и неколку чудни положби при кои се чувствував како идиот, но според инструкторката Квали Кумара, тие требаше да го трансформираат нашиот страв во љубов.“
rnПо 2 напорни часови поминати во вежбање, целата група застанала во круг. Линда сè уште била преплашена од змиите и покрај изјавувањата на Квали Кумара дека се пријателски настроени.rnrn
„Земав воздух длабоко, ја испружив раката и допрев една змија, кралски питон. Таа се завитка околу мојата рака и почна да се движи накај моето рамо. Успеав да издржам контакт со сите 17 змии во просторијата и со секоја од нив се чувствував сè посигурно и повеќе под контрола на ситуацијата.“
rnМожеби ќе ви звучи чудно и невистинито, но по сè ова Линда успешно ја совладала својата фобија. Доколку и вие имате некаков страв или фобија која ви пречи во нормалното функционирање во текот на денот, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со нив:rnrn
rn- rn011
- Дајте си слободно време. Одвлечете си го вниманието од стравот така што ќе излезете на воздух. Прошетајте 15 минути во најблискиот парк. Доколку не сте во можност да излезете направете си чај кој ќе ви помогне да се смирите. Никако не дозволувајте им на емоциите да преовладуваат со вас, бидејќи има големи шанси потоа да не можете да ги контролирате.
- Размислете што би било најлошото нешто што може да се случи. Ако имате лист и пенкало во близина почнете да ги запишувате сите мисли кои ви поминуваат низ глава и потоа прочитајте ги. Дури и да ви се оствари најлошото сценарио, големи се шансите дека ќе останете живи. 🙂
- Изложувајте се себеси на стравот. Ако се соочувате со него, тој ќе почне да бледнее бидејќи вашиот мозок ќе почне да сфаќа дека навистина не е толку страшно колку што сте мислеле претходно. Не мора одеднаш да се соочите целосно со стравот. Смислете си неколку помали предизвици кои ќе ги надминувате на дневна база.
- Визуелизирајте. Кога ќе се почувствувате нервозно, затворете ги очите, замислете си мирно и безбедно место (плажа, вашиот кревет…) и дозволете им на позитивните чувства да ве смират.
- Разговарајте отворено за вашите стравови. Споделете ги со најблиските и објаснете им детално кога се јавуваат тие и што е потребно да направите за да се смирите. Овие разговори многу често влијаат смирувачки на личноста и помагаат при полесно прифаќање на стравовите.
- Наградете се себеси. При секое успешно соочување и надминување на вашите стравови дозволете си масажа, прошетка во природата или пак, направете си го вашето омилено кафе.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Соочување со големиот страв
Аква е краток анимиран филм за стравот и неговото надминување. Главен лик е една мачка којашто ненадејно ќе се соочи со нејзиниот најголем страв – големо водено пространство. Таа ќе мора да најде начин да се соочи со себе и со стравот кој го чувствува, со цел да се избори за сопствениот опстанок.rnrn
rnrnФилмот е дело на Гинтс Зилбалодис, млад суперталентиран аниматор од Летонија. Има само 17 години, а на филмот работел повеќе од една година.rnrnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

7 начини да се справите со животните предизвици
Ние луѓето, постојано се соочуваме со разни предизвици, во секој аспект од нашите животи. Повеќето од нас имаат тешкотија да ги прифатат проблемите и да се справат со комплексните ситуации, се плашат од промените во животот и се обидуваат да избегаат од нив. Но, бегањето од вашите сопствени предизвици е најлошиот начин за справување со истите. Имајте го тоа на ум и почнете да се дисциплинирате себеси во носење на вистинските одлуки, на вистинскиот начин.rn
1. Немојте бурно да реагирате
rnБурната реакција ќе ве предизвика да донесете лоши одлуки. Кога не ги држиме емоциите под контрола, донесуваме одлуки за кои подоцна се каеме. Следниот пат кога ќе бидете соочени со некаков предизвик не препуштајте се на вашите емоции, туку анализирајте ги вашите мисли и останете смирени за да бидете способни да носите попаметни одлуки.rnrn
rn2. Прифатете ја моменталната реалност
rnПрифатете ги работите и луѓето онакви какви што се во моментот. Морате да сфатите дека нема сè да се одвива онака како што вие сте планирале. Доколку не можете да ја прифатите реалноста, ќе бидете многу исфрустрирани од вашиот живот. Многу луѓе секојдневно се обидуваат да сменат некој или нешто врз кое немаат контрола и кога ќе сфатат дека не можат, се чувствуваат мизерно. Колку побрзо научите да ја прифаќате моменталната реалност (вклучително и предизвиците со кои се соочувате), толку посмирено и побистро ќе почнете да размислувате за следниот чекор кој треба да го преземете за да ги остварите вашите зацртани цели.rn
3. Не обвинувајте ги другите
rnМногу луѓе имаат навика да ги обвинуваат другите луѓе за нивните проблеми, бидејќи не сакаат да ја преземат одговорноста за одлуките кои ги прават во нивниот живот. Колку повеќе ги обвинувате другите за проблемите со кои се соочувате во животот, толку повеќе ќе ги одбивате луѓето околу вас. Најбитната работа која треба да ја направите кога сте соочени со некаков предизвик е да покажете прст спрема себеси, а не спрема некој друг. Што вие сакате да се случи? Како вие сакате да изреагирате на предизвикот?rnrn
rn4. Вежбајте самостојност
rnСоздадете си навика да размислувате дека каков и да е крајниот резултат, нема драстично да влијае на вашите емоции. Да речеме дека вашиот проблем е преголемата трема и нервоза што ја чувствувате пред јавен настап. Таквата трема се јавува како резултат на тоа што премногу размислувате за тоа дали на луѓето ќе им се допадне она што го кажувате. Едно е факт: на некои луѓе ќе им се допадне вашиот говор, а на други нема.rnrnВашата задача е да ги прифатите карактерите на луѓето онакви какви што се и да не станувате премногу емотивни и да се возбудувате поради нивните реакции. Пред да појдете кон говорницата речете си во себе: „Јас знам што да кажам и ми се допаѓа мојот настап онаков каков што го замислив, без разлика што другите луѓе ќе мислат.“ Кога ќе почнете да размислувате вака, вашиот страв и несигурност ќе исчезнат.rn
5. Немојте премногу да анализирате
rnКога премногу време трошите размислувајќи на некоја ситуација, наместо да барате решение на истата, вие ќе почнете да ги осудувате сите околу вас, а на крајот, можеби и самите себе. Автоматски ви станува проблем да ја прифатите реалноста и на крајот доаѓате до констатација дека таквата состојба не чини. Наместо да преземете акција и да се обидете да го промените она што не ви се допаѓа, вашиот мозок сè повеќе ќе се „затапува“ бидејќи премногу сте го оптовариле со конкретната ситуација. На крајот најверојатно нема да направите ништо, бидејќи повеќе и нема да знаете што е правилно, а што погрешно, па наместо решение, вие сте си создале фрустрација плус во животот.rnrnРазмислувајте неколку часа или неколку дена (ако станува збор за покомплексен проблем) и потоа тргнете во поход кон остварување на вашата цел.rnrn
rn6. Прифатете ги промените во вашиот живот
rnМногу луѓе не ги сакаат промените во животот и одбиваат да ги прифатат бидејќи тие ги вадат надвор од нивната „удобна зона“. Понекогаш ќе се чувствувате среќно, другпат мизерно, но она што е битно да го запомните, е дека ниедна од тие две состојби не е вечна. Морате да го истренирате вашиот мозок да биде спокоен во секој момент, без разлика на емоционалната состојба во која моментно се наоѓате.rn
7. Не споредувајте го вашиот живот со туѓиот
rnТешко е да не се споредуваме со другите луѓе кои ги познаваме, бидејќи потребата за компарирање е составен дел од човековата природа. Но, имајте на ум дека колку почесто се споредувате себеси со вашите пријатели, роднини или познаници, толку пофрустрирано ќе се чувствувате. Секогаш ќе познавате луѓе кои ќе бидат поуспешни од вас, но клучот за вашата хармонија е да запомните дека само вие сте креатори на вашата животна приказна и успех.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што треба да запомните во тешките мигови?
Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35 потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.rnrn
rnrn1. Не знаете колку сте силни, сè до оној момент кога единствениот избор кој го имате е да бидете силни.rnrn2. Понекогаш добрите нешта се уништуваат, за да можат подобри нешта да ви зачукаат на врата.rnrn3. Не можете да промените нешто со коешто одбивате да се соочите.rnrn4. Никој не е совршен и ничиј живот не е едноставен. Никогаш не знаете низ што сè поминуваат луѓето околу вас. Секој си има свои проблеми. Затоа, не потценувајте се ниту себеси ниту некој друг. Секој се бори на свој уникатен начин.rnrn5. Плачењето не е знак дека сте слаби. Уште од вашето раѓање, плачењето претставува знак дека сте живи и носите потенцијал во себе.rnrn6. Без разлика колку грешки сте направиле или колку бавно правите некаков прогрес, вие сте сепак многу понапред во однос на оние кои не се ни обиделе да направат нешто.rnrn7. Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку се состои во учење како да танцувате додека врне.rnrn8. Нерасположението значи непотребно трошење на вашата шанса да бидете неизмерно среќни. Живнете!rnrn9. Ако успеете да насмевнете една личност, можете да го промените светот. Можеби не целиот свет, но светот во кој живее таа личност. Почнете со поситни чекори и почнете од денес.rnrn10. Понекогаш во животот морате да се дистанцирате од нешто, за да можете бистро да ја видите реалноста.rnrn11. Никогаш не дозволувајте успехот да ве удри во глава. Никогаш не дозволувајте неуспехот да ве спушти премногу ниско.rnrn12. Понекогаш морате да се изборите во тешките денови, за да ги заработите најдобрите денови од вашиот живот.rnrn13. Животот се состои од 10% од она што се случува и 90% од начинот на кој вие реагирате на тоа што се случува.rnrn14. Можете да научите одлични лекции од вашите грешки, доколку не сте презафатени негирајќи дека сте ги направиле.rnrn15. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Тоа што тие го мислат не е воопшто важно. Важно е само како вие се чувствувате во врска со себеси.rnrn16. Кога ќе престанете да ги бркате лошите работи, ќе им дадете шанса на добрите нешта да ве уловат.rnrn17. Кога другите луѓе ве третираат лошо, продолжете да си бидете свои. Никогаш не дозволувајте горчината на некој друг, да ве промени како личност.rnrn18. Морате да прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние кои се единствено ваши.rnrn19. Понекогаш наједноставниот начин да се справите со некој проблем, е да се чувствувате како да сте единствената личност на светот која е незадоволна, пати, се мачи да излезе од дупка и едвај излегува на крај. Но, тоа чувство е лажно. Доколку малку почекате, некој ќе ве пронајде и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. На секој од нас ни е потребна помош понекогаш. Потребна ни е личност која ќе ни помогне да ја чуеме музиката во нашиот внатрешен свет. Некој кој ќе не потсети дека нема секогаш да биде вака и дека постојано ќе имаме некој кој мисли на нас.rnrn20. Не плашете се да излезете од вашата „комфорна зона“. Некои од најдобрите животни искуства и можности, се појавуваат само доколку сте спремни да изгубите.rnrn21. Понекогаш ненамерно дозволуваме малите проблеми да ескалираат и да започнат да доминираат во нашиот живот. Ако продавачот ви наплатил 30 денари повеќе, тоа може да ве изнервира, но не дозволувајте да ви го уништи денот. Во животот, постојано ќе постојат мали нешта кои ќе нè иритираат. Тајната се состои во тоа да се трудите да им го дадете најминијатурното внимание, кое што навистина го заслужуваат.rnrn22. Кога кревате раце од нешто, не мора да значи дека сте слабаци. Понекогаш може да значи дека сте доволно силни и доволно паметни за да завршите со тоа поглавје од вашиот живот.rnrn23. Запрашајте се себеси кои луѓе во вашиот живот ве расположуваат, а кои ве влечат надолу со нивниот негативизам. Не заборавајте дека опкружувајќи се себеси со позитивни луѓе полни со љубов, вие сте веќе на половина пат кон среќниот и успешен живот.rnrn24. Немојте да поминувате премногу време оптоварувајќи се со минатото и грижејќи се за иднината. Животот е она што се случува сега. Живејте го моментот.rnrn25. За да можете да бидете креативни, морате да престанете да се плашите дека ќе погрешите.rnrn26. Понекогаш, недобивањето на она по кое сте копнееле долго време, е најдоброто нешто кое можело да ви се случи.rnrn27. За да бидете одлични, не значи дека треба да бидете доминантни врз другите луѓе. Тоа значи дека треба да бидете способни да доминирате со вашиот сопствен потенцијал.rnrn28. Ако имате страст да правите нешто во животот, продолжете со тоа, без разлика што другите луѓе мислат. Таа е постапката за остварување на вашите најголеми соништа.rnrn29. Ако некоја личност сака да биде дел од вашиот живот, таа ќе вложи видлив напор за да го стори тоа. Не трудете се да резервирате во вашето срце, место за оние кои не се трудат да останат во него.rnrn30. Немојте да се каете за вашите интимни врски кои не завршиле добро бидејќи тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот партнер за вас и повеќе да го цените поради она што е и поради она кое го прави за вас.rnrn31. Животот не им се насмевнува на оние кои се перфекционисти, туку на оние кои се борат да ги направат работите како што треба, а за да ги направите работите како што треба, потребно е да бидете несовршени во 99% од времето.rnrn32. Сосема е во ред да се чувствувате гневно понекогаш. Во ниеден случај не е во ред да бидете злобни со некого.rnrn33. Чувствувањето добро и чувствувањето лошо, се секогаш променливи категории.rnrn34. Не молете се кога врне, ако не се молите кога ве грее сонце.rnrn35. Парите се обновлив ресурс. Ако сте изгубиле некои пари, не очајувајте. Секогаш можете да направите повеќе. Но, доколку потрошите драгоцен временски период стресувајќи се околу секој денар или поради губење на некоја битна шанса, никогаш нема да можете да го вратите тоа време назад. Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn