КАФЕ ПАУЗА

Tag: сончање

  • Трикови како да ја подготвите кожата за сончање и да го зачувате тенот подолго

    Трикови како да ја подготвите кожата за сончање и да го зачувате тенот подолго

    Најубавиот тен се добива природно – на сонце. Но, изложувањето на сонце, поради многуте лоши здравствени последици, треба да биде ограничено и да се искористи мудро. Важно е да бидете целосно заштитени кога сте на сонце, а за да го задржите потемниот тен подолго време, прочитајте ги советите во продолжение.rnrnТрикови како да ја подготвите кожата за сончање и да го зачувате тенот подолгоrn

    Избегнувајте топла вода

    rnТоплата вода ја суши кожата, па затоа треба да се капете со млака вода и да користите хидратантен гел за туширање со растителни масла и други хранливи состојки, а да ги избегнувате оние што содржат хемикалии што ја сушат кожата, како што е натриум лаурил сулфат.rn

    Хидратација

    rnХидрирајте ја кожата – колку повеќе, толку подобро затоа што кога кожата ќе се исуши, почнува да се лупи на површината. Користете хидратантни кремови за лице и лосиони за тело наменети за кожата по сончање, а избегнувајте препарати на база на краставици, лимони и млеко бидејќи може да ја избелат кожата. Покрај хидратацијата однадвор, телото треба да се хидрира и однатре.rn

    Правете пилинг

    rnСпротивно на популарното верување, пилингот нема да ја изгреби вашата тешко стекната боја. Напротив, потребен ви е пилинг бидејќи насобраните мртви клетки може да направат кожата да изгледа неубаво. Сепак, потребно е внимателно да се избере производ со кој кожата ќе сјае. Избегнувајте пилинг со гликолна и салицилна киселина бидејќи тие може да го избледат тенот. Истото важи за кремовите за депилација, жилетите и восокот, бидејќи сите овие методи за отстранување на влакна го отстрануваат и површинскиот слој на кожата. Најидеално би било да користите пинцета или епилатор за отстранување на влакната.rn

    Внимавајте што јадете

    rnБета-каротенот ја подготвува кожата за сончање, но исто така помага да се задржи бронзената боја колку што е можно подолго. Затоа, посегнете по додатоци што содржат бета-каротин или вклучете колку што е можно повеќе храна што го содржи овој корисен растителен пигмент, како што се моркови, кајсии, манго, сладок компир, папаја и спанаќ.rn

    Нагласете го тенот

    rnКога ставате шминка, користете бронзер и нанесете го со кружни движења во пределот на лицето. Лакирајте ги ноктите со корални или тиркизно сини нијанси и облечете бела облека што создава илузија на потемна кожа.rn

    Останете на сонце

    rnПовременото сончање по враќањето од одмор може многу да ви ја продолжи бојата. Но, дури и тогаш, не заборавајте за заштитата од УВ-зраците!rnrnПрочитајте како да знаете дали кремот за сончање не е веќе употреблив.

  • Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

    Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

    Дали знаете дека лековите и сончањето не се добра комбинација? Ако земате одредени лекови, треба да избегнувате изложеност на сончева светлина и високи температури. Некои кремови за акни, антибиотици и антидепресиви во комбинација со сончевите зраци можат да доведат до разни несакани ефекти. Затоа е многу важно внимателно да го прочитате упатството на секој лек што го консумирате, како и на кремовите и на другите препарати што ги користите. Одредени супстанции што ги има во овие производи ја прават вашата кожа почувствителна на светлина и може да предизвикаат алергиска реакција на кожата која може да се појави неколку дена по изложувањето на сонце. Ако користите некој од овие лекови, не треба да се изложувате на сончева светлина.rnrnАко ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончањеrn

    Антибиотици

    rnАнтибиотиците можат да предизвикаат фотосензитивност и фотоотоксична реакција, што значи дека тие ќе ги влошат изгорениците од сонцето.rn

    Кремови за акни и козметика против стареење

    rnПроизводите што содржат ретинол и салицилна киселина може да доведат до сува кожа и таа станува многу почувствителна на сонцето. Ова значи дека ќе изгорите многу побрзо од вообичаеното.rn

    Лекови против алергија

    rnНекои антихистаминици може да го намалат потењето. Потењето го лади телото и ги исфрла токсичните материи, па ова може да биде проблем при високи температури. Ако телото не може да се разлади, може да се појави топлотен удар.rn

    Антидепресиви

    rnОвие лекови можат да го блокираат сигналот (испратен од мозокот) дека вашето тело се прегрева. Тие исто така може да го намалат потењето, што доведува до потешко разладување на телото.rn

    Антиинфламаторни лекови

    rnСекогаш кога земате некој од овие лекови, задолжително нанесете крем за сончање на вашата кожа. Лекарите препорачуваат да ја намалите изложеноста на сонце колку што е можно повеќе.rn

    Витамини и производи на растителна база

    rnМногу витамини и производи на растителна база имаат фотоотоксични ефекти. Поради тоа, мора да бидете претпазливи кога ги консумирате.rn

    Кремови за локална апликација

    rnИзложеноста на сонце може да го зголеми ефектот на лековите што се апсорбираат директно преку кожата. Ако имате изгореници предизвикани од сонцето, крвните садови на површината на вашата кожа се прошируваат и тоа може да доведе до зголемена апсорпција на лекот.rnrnПрочитајте кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните.

  • Кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните?

    Кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните?

    Минералните кремови на површината на кожата создаваат бел заштитен слој кој ја рефлектира сончевата светлина. Хемиските ја апсорбираат УВ-светлината, но нивните состојки влегуваат во кожата и не оставаат бели траги на кожата. Без разлика каков вид крем за сончање користите, важно е да бидете сигурни дека има широк спектар на дејствување.rnrnКои кремови за сончање се подобри - хемиските или минералните? rnrnВажно е да знаете дека соодветната заштита од сонце не значи само заштита од УВ-зраците (УВА и УВБ), туку и заштита од видливата светлина и од инфрацрвеното зрачење. Под УВ-заштита се подразбира заштита од УВБ-зраците кои се одговорни за настанувањето на изгорениците и за појавата на рак на кожата и заштита од УВА-зраците кои навлегуваат подлабоко и се одговорни за стареењето на кожата, за нарушувањето на пигментацијата и за појавата на меланом.rnrnВидливата светлина влијае на несаканата пигментација, особено кај луѓето со потемен тен. Инфрацрвеното зрачење стигнува до подлабокиот дел од кожата и доведува до распаѓање на колагенот и предизвикува формирање брчки.rnrnВо последните неколку години, т.н. минерални или поприродни кремови за сончање се сметаат за поздрава верзија за заштита на кожата, но на многумина не им се допаѓаат затоа што оставаат бел слој на кожата. Минералните кремови не се апсорбираат во кожата, туку нивната улога е да ги одбијат сончевите зраци. Хемиските кремови ја апсорбираат УВ-светлината и нивните состојки влегуваат во кожата, но имаат помека текстура и не оставаат бели слоеви на кожата.rnrnКремовите за сончање се поделени во две главни категории, хемиски и минерални. Двете категории го намалуваат краткотрајното и долгорочното оштетување на кожата и го намалуваат ризикот од изгореници и од појава на рак на кожата. Единствената разлика е во начинот на кој го прават тоа.rnrnХемиските кремови за сончање дејствуваат како сунѓер и ја апсорбираат УВ-светлината, додека минералните кремови за сончање дејствуваат повеќе како штит и ги одбиваат сончевите зраци.rnrnВообичаените состојки во хемиските кремови за сончање се оксибензон, авобензон, октизалат, октокрилен и др. Тие се понежни, полесно се нанесуваат и не оставаат бели дамки на кожата. Минералните кремови за сончање содржат цинк оксид или титаниум диоксид и често создаваат лепливо чувство на кожата.rnrnЕдна од причините зошто минералните кремови стануваат сè попопуларни е тоа што многу луѓе се загрижени дека нивните тела ги апсорбираат состојките што се наоѓаат во хемиските кремови за сончање.rnrnИако е можно да апсорбирате мала количина од минералниот крем за сончање, тоа е малку веројатно затоа што тие најчесто остануваат на површината на вашата кожа и ја рефлектираат сончевата светлина, а лесно се мијат со вода.rnrnПрочитајте ги 5-те митови за сончањето што мора да ги знаете.

  • 5 митови за сончањето што мора да ги знаете!

    5 митови за сончањето што мора да ги знаете!

    Со желба за потемен тен многумина во летниот период се склони кон прекумерно изложување на сонце. Дали припаѓате во оваа група луѓе на кои главна активност на плажа им е сончањето? Прочитајте го текстов и подобро размислете дали ќе сакате толку многу време да поминувате изложени на сонце.rnrnrnrnЕдна нова студија спроведена од британскиот центар за истражување на ракот покажало дека бројот на заболени од меланом на кожата во Англија од 2004-та година пораснал за 45% како и дека ракот на кожата е втор најчест рак кај луѓето на возраст од 25 до 49 години.rnrnСепак, експертите истакнуваат и дека во 90% од случаите појавата на рак на кожата би можела да се спречи само со заштита од сонце во текот на летото, но и во остатокот од годината. Добро е познато дека пред сончање потребно е да се нанесе крема со заштитен фактор, но за да бидете целосно сигурни дека сте ги презеле сите потребни мерки за да ја заштитите кожата од штетните сончеви зраци, мора да прекинете да верувате во овие популарни митови за сончањето.rn

    1. Ако еднаш изгорите на сонце нема да ви се случи ништо

    rnИзгорениците од сонце нема да предизвикаат рак на кожата, но ќе го зголемат ризикот од него, особено ако сте помлади. Дерматолозите наведуваат и дека едно неодамнешно истражување спроведено на речиси 100 илјади луѓе покажало дека само едно горење на сонце во период помеѓу 15 и 25 години може да го зголеми ризикот од рак на кожата за повеќе од 50%.rnrnЗатоа секогаш е важно да ги преземете дополнителните мерки за заштита на кожата, особено ако веќе во минатото сте имале изгореници.rn

    2. Нема да изгорите под сенка

    rnМногу луѓе веруваат дека е невозможно да се изгори под сенка и се кријат од штетните сончеви зраци под чадор за сонце или под сенка од некое дрво. Тоа воопшто не е точно – предупредуваат дерматолозите.rnrnТие додаваат и дека не мора да бидете изложени на сончеви зраци за да се изгорите. Околните површини како што се песокот и морето рефлектираат УВ зраци кои можат да предизвикаат оштетување на кожата дури и ако сте под сенка.rn

    3. Не можете да изгорите кога е облачно

    rnНе само што можете да изгорите кога е облачно туку можете да добиете уште полоши изгореници отколку на сонце бидејќи сте помалку свесни за штетните УВ зрачења. Она што мора да го знаете е дека низ облаците минуваат дури 80% сончеви зраци, па е потребно да се нанесе заштитен фактор и кога е облачно.rn

    4. Препаратите за сончање со висок заштитен фактор не е потребно слоевито да се нанесуваат

    rnНиедна крема за сончање не е 100% ефикасна, дури ни тие што ветуваат целодневна заштита. Потребно е секоја крема да се нанесува неколкупати дневно и тоа задолжително после секое излегување од вода. Дури и кога сте намачкани со крема со висок заштитен фактор не би смеело предолго да бидете изложени на сонце бидејќи таа само ќе го одложи, но нема да го спречи оштетувањето на кожата. Дерматолозите додаваат и дека облеката е дополнителна заштита од сонцето.rn

    5. Ракот на кожата нема да ви се случи вам

    rnСекој може да добие рак на кожа – предупредуваат дерматолозите и советуваат за сите промени и неправилности на кожата, како и за сомнителните бенки, задолжително да се обратите на дерматолог.rnrnДознајте дали и вие ја правите оваа грешка при нанесување спреј за сончање.

  • Ако ја правите оваа грешка при нанесување спреј за сончање, ниту фактор 50 нема да ви делува!

    Ако ја правите оваа грешка при нанесување спреј за сончање, ниту фактор 50 нема да ви делува!

    Конечно дојде лето и можеме да се пофалиме со топло време и високи температури. Сакаме целосно да ги искористиме топлите денови и да појдеме на плажа или базен, на прошетка во природа или да се искачиме на планина каде што воздухот е поладен. Кој и да е вашиот избор, вие треба да бидете заштитени од директното продирање на сончевите зраци на вашата кожа. Должни сте на вашата кожа да ѝ ја дадете потребната нега ова лето.rnrnПравите грешка при нанесување спреј за сончање: Поради неа ниту фактор 50 нема да делуваrnrnАко користите спрејови со фактор како заштита од штетното сонце, важно е да знаете правилно да ги нанесувате за тие добро да дејствуваат.rn

    „Повеќето луѓе не го нанесуваат спрејот за сончање во доволна количина што е потребна за да ги заштити. Потребно е спрејот да се нанесе обилно, односно додека не стане видлив на кожата, за да може да се впие во кожата. Тој исто така треба и да се нанесува многу често. Потребно е спрејот да се прска околу шест секунди за да се нанесе во доволна количина. На пример, ако нанесувате фактор 45 само две-три секунди, реално добивате заштита со фактор 10 или 12“, напоменува њујоршкиот дерматолог Раман Мадан.

    rnСе препорачува и комбинирање на лосион и спреј за сончање кој им е попрактичен на повеќето за употреба на плажа. Лосионот нанесете го уште пред да излезете од дома, а на плажа обновете ја заштитата користејќи спреј и правете го тоа на секои два часа.rnrnКога станува збор за заштита на лицето, спрејот за сончање никогаш не го нанесувајте прскајќи директно во лице за да го избегнете неговото вдишување. Спрејот обилно нанесете го на дланките и потоа намачкајте го на лицето.

  • Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

    Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

    Сигурни сме дека внимателно ја нанесувате кремата за сончање. Но, на плажа се заспива многу често, па така можете да се разбудите со непосакуван дезен на вашата кожа. За среќа, има начин како да се ослободите од линиите предизвикани од сончањето.rn

    1. Пилинг

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnНа овој начин всушност го отстранувате горниот слој од кожата за да започне процесот на избелување. Доколку сте изгорени, почекајте неколку денови бидејќи во спротивно ќе чувствувате болка.rn

    2. Сок од лимон

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnСокот од лимон е природен ексфолијант, но е многу понежен бидејќи не бара триење. Разредете го сокот со мед за да не ве гори премногу. Оставете ја смесата на проблематичните места 25 минути, па потоа исплакнете.rn

    3. Краставица

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnПостои причина зошто често гледате краставици на очите на луѓето – тие се полни со вода и витамин Ц, па ја хранат кожата. Ова е клучно за намалување на линиите од сончањето. Можете да наредите неколку парчиња краставица, или да направите пире од неа и да го нанесете на проблематичното место. Оставете да делува 20 минути.rn

    4. Компир

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnКомпирите имаат многу вода, па затоа помагаат во лекувањето на изгорениците од сонце. Ако линиите повеќе наликуваат на изгореници, искористете компир. Исечете го на тенки парчиња и нанесете го на проблематичните места. Оставете да делува 15 минути и потоа отстранете го.rn

    5. Лажен тен

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnАко ниеден од предложените начини не делува, останува да нанесете лажен тен на линиите со четка за шминкање. Оставете да делува во текот на вечерта, а потоа искористете нежен ексфолијант, како сок од лимон, за подобар изглед.rnrnЗа да ги избегнете изгорениците, погледнете како правилно да ја нанесете кремата за сончање.

  • 4 чекори до трајно темна кожа: Како да го задржите исончаниот тен и по завршувањето на летната сезона?

    4 чекори до трајно темна кожа: Како да го задржите исончаниот тен и по завршувањето на летната сезона?

    Започна сезоната на летни годишни одмори, како и минување викенди покрај море или базен, само со цел да се побегне од вжештениот град. Иако сите жени не сакаат да се сончаат, поголемиот дел ја сака темната боја на кожа, бидејќи така се чувствуваат поубаво и имаат поголема самодоверба, па не е чудно што голем дел од нив сакаат што подолго да ја задржат. Но, дали знаете како да го постигнете тоа? Ако вашиот одговор е „не“, ние денес ви ги откриваме сите тајни.rnrn1-samo-4-chekori-do-trajno-temna-kozha-kako-da-go-zadrzhite-tenot-i-posle-letnata-sezona-www.kafepauza.mk_rn

    1. Подгответе ја кожата за сончање

    rnКлучот на долготрајната темна кожа лежи во квалитетно подготвената кожа пред да стигнете на плажата. Прво што ви е потребно е добар пилинг, кој ќе ги отстрани сите мртви клетки и ќе ја направи вашата кожа поздрава.rn

    2. Останете хидрирани

    rnАко вашата кожа е правилно хидрирана, вашиот исончан тен ќе биде постојан. Па, затоа не заборавајте да пиете доволно количество вода.rn

    3. Користете што е можно понежен пилинг

    rnЗапомнете го следното: острите пилинзи ќе бидат премногу рапави за кожата и може да ја оштетат, па затоа изберете некои понежни, кои ќе ги правите еднаш до два пати неделно, за вашиот тен побавно, но и рамномерно да избледува.rn

    4. Избегнувајте ги топлите купки

    rnНаместо капење во топли купки, изберете топол туш, а доколку не можете да го замислите капењето со млака вода, обидете се да ја исушите кожата на што е можно поприроден начин, наместо да ја триете со пешкир.rnrnДоколку сакате побрзо да добиете бронзен тен, тогаш подгответе го ова домашно масло за сончање кое ќе ви го изедначи тенот и ќе ве заштити од УВ зраците.

  • Подгответе ги нозете за првото сончање

    Подгответе ги нозете за првото сончање

    Со првите топли сончеви зраци се охрабривме да се ослободиме од темните хулахопки и тесните панталони, но нозете, што ни биле скриени со месеци, не се подготвени за изложување на сонце. Поголемиот дел од жените имаат проблем со пресветли нозе и заспана кожа по долгиот зимски сон. Со таа цел, решивме да споделиме неколку трикови што ќе ви го олеснат преминувањето во новата сезона и ќе ви помогнат да ги подготвите нозете за првото пролетно сонце.rnrnПодгответе ги нозете за првото сончањеrn

    1. Пилинг

    rnЕдна од најефикасните методи за „будење“ на кожата на нозете е користење сува четка што ќе ви ги отстрани мртвите клетки кожа и ќе ви ја подобри циркулацијата. Резултатот е видлив веднаш! Пилингот е најдоброто нешто што можете да го направите за вашата кожа, што по третманот ќе биде мазна и нежна како свила.rn

     2. Хидратација

    rnСледниот чекор е хидратацијата. Сигурно досега безброј пати имате чуено дека дехидрацијата прави кожата да ви изгледа суво и збрчкано, па доколку сакате да имате сјајни нозе, мора да почнете да пиете поголеми количества вода. Исто така редовно масирајте ги со масло и млеко за тело со цел да ја одржувате кожата влажна.rn

    3. Тен

    rnАко се нервирате бидејќи нозете ви се пресветли, најбрзиот начин да ги подготвите за куси фустанчиња или шорцеви е да пронајдете добра крема за потемнување. Имате голем избор, па веруваме дека ќе ја најдете идеалната за вас. Само бидете внимателни, бидејќи доволна е мала количина, измешана со обично млеко за тело, за да ја добиете потребната нијанса.rnrnДали сакате да имате нозе како фотомодел? Со овие вежби ќе го постигнете тоа!

  • Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончање

    Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончање

    Секој од нас мисли дека доколку користи крема за сончање со тоа се заштитил од штетните ултравиолетови зраци. Лекарите и козметичарите немаат голем број докази дека со користењето на заштитните креми може успешно да се избегне појава на рак на кожата. Исто така, постојат голем број премолчени работи за средствата за сончање во кои веруваме, а кои се невистинити или не можат да се докажат.rnrn(1) Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончањеrnrnВистина е дека кремите за сончање, доколку се користат правилно можат да спречат појава на изгореници, кои навистина се една од главните причини за појава на рак на кожата. Но, тоа не е единствената работа на која треба да внимаваме кога се изложуваме на сонце. Постојат барем 9 помалку познати факти што ги кријат кремите за сончање.rn

    1. Користењето повисок УВ фактор не значи поголема заштита

    rnПовеќето луѓе претпоставуваат дека повисокиот фактор којшто е напишан на кремата значи дека со нејзината употреба кожата е побезбедна на сонце. Многумина мислат дека е доволно да се намачкаат еднаш и потоа цел ден да се излежуваат под сончевите зраци. Уште една негативна страна е што во кремите со исклучително висок заштитен фактор има дополнителни хемикалии коишто се користат за нивно производство. Тие лесно се апсорбираат во кожата, што може да доведе до нарушување на хормоните, алергиски реакции или оштетување на ткивата.rn

    2. Не постои вистински доказ дека тие го спречуваат појавувањето на ракот на кожата

    rnИако на пазарот постојат огромен број произведувачи на средства за сончање, стапката на ракот на кожата се удвоила последните 35 години во светски рамки. Едноставно не постои таква крема којашто би ја заштитила кожата од меланом, ниту пак вистински доказ дека некоја од постоечките креми е ефикасна во борбата против појавата на рак на кожата.rn

    3. Кремите за сончање можат да го намалат нивото на витамин Д во организмот

    rnДобрата работа е што овие креми превенираат од појава на изгореници по кожата, но лошата е во тоа што тие ги блокираат и одбиваат сончевите зраци да дојдат во контакт со неа. Сончевите зраци го поттикнуваат организмот да произведува витамин Д, којшто е исклучително важен за зајакнување на коските и имунитетот.rn

    4. Некои средства предизвикуваат алергии и влијаат врз работата на хормоните

    rnМногу креми содржат хемиски состојки кои лесно се апсорбираат во кожата, а коишто влијаат на работата на хормоните или предизвикуваат алергиски реакции.rnrn(2) Неколку работи кои можеби не сте ги знаеле за кремите за сончањеrn

    5. Кремите не ја заштитуваат кожата од сите оштетувања

    rnОвие средства кои редовно ги нанесуваме на кожата, особено кога сме на плажа, можеби заштитуваат од изгореници, но не и од опасните ултравиолетови зраци коишто ги оштетуваат ќелиите на кожата и ДНК. Ниту една крема не може да гарантира заштита од стареење на кожата и развој на кожни тумори.rn

    6. Кремите за сончање се разликуваат во Европа и во САД

    rnЕвропските произведувачи на заштитни креми за сончање имаат на располагање дури седум различни состојки коишто ги филтрираат штетните ултравиолетови зраци. За разлика од Европа, во Соединетите Американски Држави (САД) дозволено е да се користат само три од овие седум состојки, што кремите произведени во САД ги прави послаби за заштита од изгореници.rn

    7. Витаминот А како додаток може да го забрза ракот на кожата

    rnЗемањето витамин А е здраво, но тоа не е случај и со кремите со заштитен фактор. Производите наменети за нега на усните и разните лосиони кои содржат витамин А (ретинол) всушност можат да го забрзаат развојот на кожните тумори кога се користат на кожа изложена на сонце. Затоа се препорачува да се избегнуваат средства кои содржат ретинол.rn

    8. Заштитните креми никогаш не се 100 проценти водоотпорни

    rnБез оглед што пишува на нивната амбалажа, кремите за сончање ја штитат кожата одреден период. По капење и подолг престој на сонце, при што кожата се поти, премачкувањето мора да се повтори.

  • Најдобрите 6 совети за грижа и нега на кожата после сончање

    Најдобрите 6 совети за грижа и нега на кожата после сончање

    Одамна набавивте сè што ви е потребно за на плажа, кога се во прашање козметичките продукти? Мислиме пред сè на лосионите и спреовите кои ќе ја заштитат вашата кожа, лице и коса од сонцето. Сепак, негата после сончањето е подеднакво важна за кожата да ви изгледа здраво, но и вие да се чувствувате убаво во неа. Поради таа причина, со вас споделуваме 6 фантастични совети како да ја сочувате кожата после излегувањето на сонце.rnrn1-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_rn

    1. Обрнете внимание на водата со која се туширате

    rnТуширањето е доста важно штом ќе ја напуштите плажата или базенот. Хлорот, солта и песокот мора да се отстранат, но колку и да сакате да се туширате со топла вода, немојте да го правите тоа, бидејќи таа скоро цел ден била изложена на сонце. Нека водата биде млака, бидејќи многу повеќе ќе ви пријае и нема да почувствувате негативни последици.rn

    2. Изберете соодветен гел за туширање

    rnНемојте никако да ги користите оние гелови кои содржат состојки што ја сушат кожата. Таа е претходно исушена, па затоа дајте ѝ третман каков што заслужува. Геловите за туширање на база на масла или оние со ефект на додатна хидратација се одличен избор. Исто така, избегнувајте да правите пилинг кој само ќе ја иритира кожата. Пилингот би требало да го направите пред, но и по завршувањето на летувањето.rnrn4-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_rn

    3. Никако не заборавајте на интимната зона

    rnЗнаете и самите дека не треба да ја миете интимната зона со редовни гелови за туширање, туку само со оние кои се специјализирани баш за таа намена. Тие не содржат сапун, туку благи состојки кои природно се наоѓаат во интимната зона на жената и не ја нарушуваат природната pH вредност. На лето, после сончањето и капењето, особено е важно да обрнете внимание на овој дел, бидејќи солената вода и тоа како ја нарушува pH вредноста, а воопшто да не зборуваме за базените. Затоа може да ви се случи да почувствувате чешање, пецкање и други непријатности кои можат да ви го уништат одморот.rn

    4. После туширањето користите млеко или лосион за нега на телото после сончање

    rnОва е подобро за вашата кожа, отколку редовното млеко или лосион за тело. Тоа во себе најчесто содржи голем број витамини и состојки кои ја смируваат, ладат, регенерираат и хидрираат кожата. Доколку немате лосион од овој вид, избирајте ги оние кои се помасни и кои ќе ѝ ја обезбедат на кожата потребната влажност, но и природните масла како што е кокосовото ќе даде одлични резултати. На овој начин, бојата ќе се задржи подолго и нема да се излупи.rnrn2-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_rn

    5. Евентуалните изгореници негувајте ги на вистински начин

    rnДоколку случајно сте се здобиле со изгореници и под услов тие да не се од повисок степен, постои неколку начини за да ја намалите болката. Јогурт или разблажен јаболков оцет се начините на кои изгорениците може да се смират. Алое верата е исто така сјајна, бидејќи нејзиниот гел лади и ја обновува кожата, но секако би требало да имате и мелем за изгореници во вашата козметичка торба. Тој ќе ја регенерира вашата кожа и со зголеменото внесување на течности во организмот и задолжителното избегнување на сонцето, проблемот набрзо ќе биде решен и вашиот одмор нема да пропадне. rnrnВо секој случај, чувајте се од силното сонце. Не само поради изгорениците, кои може да создадат трајни проблеми на кожата, туку и поради ризикот за кожни заболувања, флеки на лицето и телото и предвременото стареење на кожата. Сетете се на ова нареден пат кога по секоја цена ќе сакате да останете цел ден на сонце, за само да добиете боја за нијанса потемна од претходната.rn

    6. Оставете ја кожата да дише

    rnВие сте на одмор, па нека се одмори и вашата кожа. Сигурни сме дека не треба да ви нагласуваме дека не пости причина да носите шминка на плажата, но исто така, убаво е доколку целосно ја исфрлите за време на одморот. Наместо парфем, употребувајте спреј за тело со егзотичен мирис или нека вашето тело мириса само на лосионот кој сте го нанеле. Штом ќе се вратите дома ќе продолжите со обврските и рутините, па искористете ги деновите од одморот, да ѝ пружите целосна детоксикација на кожата. rnrnВие со потемниот тен секако изгледате феноменално и не ви е потребно толку многу за да се разубавите. Наместо да го трошите своето време за контурирање и ставање подлоги, искористете ја таа прилика за да го гледате заоѓањето на сонцето на плажата или да направите нешто што не можете кога сте дома. Освен тоа, носете и гардероба која е пријатна за кожата и од природен материјал.rnrn3-sochuvajte-ja-kozhata-posle-sonchanjeto-top-6-soveti-za-nejzina-nega-www.kafepauza.mk_