Животот е како времето – малку сонце, малку дожд. Луѓето поминуваат низ тешки и непријатни ситуации дома, на работа, а некогаш може и еден обичен дождлив ден да ви го расипе расположението. Дали ви се случува да се чувствувате несреќни и фрустрирани кога надвор врне? Може ли времето да влијае на вашето расположение и тоа да го диктира вашето однесување кон себеси и кон околината? Што можете да направите во тие мигови? Ви нудиме 3 едноставни совети кои можат да ја покренат вашата среќа и нивото на енергија, не само во дождливите денови, туку секогаш кога работите не одат онака како што посакувате. Тогаш, кога ќе почувствувате дека емоциите почнуваат да се мешаат, а вашите очи се полнат со солзи.rnrn
rn
1. Сменете ја перцепцијата
rn
„Ако го смените начинот на којшто гледате на нештата, нештата во кои гледате ќе се сменат.“ – д-р Вејн Дајер
rnМожете да изберете да ја смените перцепцијата и да го гледате дождот како благослов за убавото зеленило во природата. Дождот е суштински елемент за одржувањето на животот и за растот во природата. Но, тој исто така е добар и за нашата коса, па затоа нема ништо лошо да направите една незаборавна прошетка, со или без чадор. Излезете слободни на дождот и дишете од чистиот воздух што го носи со себе. Не дозволувајте му да ве затвори, затоа што природата и надворешниот свет не живеат само кога има сонце.rnrnДождот значи живот исто колку и сонцето. Животот е полн со падови и искачувања. Исто како и дождливите и сончевите денови. Кога имате денови кои не течат онака како што сакате вие, сетете се на дождот и сменете ја перцепцијата на којашто ги гледате работите. Побарајте ја позитивната страна во секоја ситуација што ви ја носи денот и одете напред, затоа што секогаш после дождот доаѓа сонце.rn
2. Согледајте ги можностите
rn
„Секоја катастрофа, секоја грешка, секоја душевна болка со себе носи еднаква или поголема добивка.“ – Наполеон Хил
rnПриродата ни дава прекрасен пример којшто можеме да го примениме и врз нашите животи. Доколку таа има потреба од дождливи денови, во кои зема малку здив и се подготвува за топлите сончеви зраци, зошто тоа да не го практикувате и во себе? Едноставно учете од природата.rnrnКога ќе почувствувате одреден мрак и тежина во вашата душа, како сивилото што некогаш се распостила на небото, посветете си време само за вас. Земете здив, одморете, искористете ги тие мигови за нештата кои ве исполнуваат. Слушајте добра музика, дишете длабоко, медитирајте. Секогаш има безброј можности да ја пронајдете светлината во вас, без оглед дали дождот лие надвор или само во вашата душа.rn
3. Верувајте! И оваа ситуација ќе помине
rn
„Не можете да ја смирите бурата, затоа престанете залудно да се обидувате. Можете да се смирите себеси. Бурата ќе помине.“ – Тимбер Хокиј
rnПосле дождот изгрева сонце, секогаш. Така е во природата, така е и во нашите животи. Како што ноќта ја заменува светлината на денот, така и мрачните и тмурни чувства не траат вечно. Ниту една ситуација во животот не е вечна, нештата си течат и полека се менуваат. Останете смирени, цврсти и продолжете напред. Планирајте што ќе правите утре или задутре, кога дождот ќе запре, а на вашата кожа ќе ги почувствувате топлите сончеви зраци.rnrnКога сонцето ќе изгрее и ќе го осветли небото над вас, тие мигови особено ќе ги почитувате. Можеби затоа и се појавуваат дождливите и тмурни денови, за да научиме да бидеме благодарни и да го бараме сонцето, како надвор, така и во нас самите.

rnrn„Момчето и девојката што сега влегоа во вода носат исти папучи и шапки? Какви позери!“ Многу е интересно кога со партнерот/партнерката ќе си се сместите удобно на лежалка или на песок и ќе ги гледате луѓето околу вас. Плажите се полни со секакви луѓе, па нема да ви недостасува „материјал“ за озборување.rn
rnrnВеќе пет дена само вие ги плаќате заедничките сметки за кафињата и сладоледите. Какви скржавци! Не сакаат да стануваат порано за да фатите лежалки во прв ред. Вечерните излегувања им се сведени на досадни прошетки, а не луди ноќи поминати во големи и бучни дискотеки. Навистина, паровите кои одат на одмор во друштво со други парови многу често се наоѓаат во вакви и слични ситуации. Затоа, кога ќе останете насамо со вашиот партнер, направете си муабет за нештата кои ве нервираат кај „оние другите“.rn
rnrnОва прекрасно овошје е полно со вода, која му е најпотребна на организмот. За да се освежите, наместо кафе или газирани пијалаци, еден ден купете си лубеница и расечете ја на плажа. Така времето ќе ви мине побрзо, а вие ќе соберете енергија за уште една тура пливање.rn
rnrnПодрумот на поморскиот музеј? Хм, зошто да не? Можеби повеќето од тие идеи нема да се остварат, но добро е да ја развиете фантазијата и да се отворите со партнерот. Тоа ќе ја зацврсти вашата врска и ќе развие особена блискост. Ако ништо друго ќе дознаете уште некоја скриена мечта на човекот до вас.rn
rnrnУште една забавна игра. Можете дури да внесете и малку драматичност при читањето, па возбудени да ја напуштите плажата малку порано тој ден. Доколку сте опкружени со луѓе, не грижете се, можеби и тие ќе сакаат да слушнат нешто интересно додека се излежуваат под сонцето. Сепак, внимавајте ако има деца околу вас.rn
rnrnБакнувањето никогаш не е премногу. Опуштете се и дозволете да ве понесат шумот на брановите и убавите мириси кои се шират околу вас.
rn
rnrnНо, овие зраци не ја оштетуваат единствено нашата кожа, туку тие имаат влијание врз речиси секој дел од нашето тело, како позитивно, така и негативно. На пример, витаминот Д, што го содржат УВ зраците, може да го намали нивото на холестерол и да им даде цврстина на нашите коски. Тоа создава ендорфин, поради што се чувствуваме посреќни во сончевите денови. Но, истовремено, ако не внимаваме, може да доведе до дехидрација на нашите бубрези и да предизвика создавање камења во еден подолг временски период.rnrnПогледнете го видеото каде е прикажано како сончевите зраци влијаат врз целиот наш организам и не заборавајте уште веднаш да се заштитите, без разлика каде се наоѓате.rnrn
rn
rnrnВодете сметка за вашата коса во текот на летото и пуштете ја што повеќе да се одмори за да изгледа прекрасно во наредните месеци.
rn


rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnИсто така, постојат повеќе фотографии од сончевата еклипса на земјата под дрвјата кога нејзината светлина пробива низ малиот простор помеѓу листовите. Сликата е направена со помош на ефектот „опскура“ на фотоапаратот.rnrn

rn
rn



















