КАФЕ ПАУЗА

Tag: сирење

  • Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде

    Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде

    Визит-карта за восхит! Невозможно е да смислите подобра идеја за промовирање на продавница за сирење од оваа бизнис картичка, која истовремено може да ви послужи и како ренде.rn(1) Кул визит-карта која може да ви послужи и како рендеБлагодетите од овој интелигентен, оригинален и ефективен потег ги ужива бразилската компанија „Bon Vivant“, а заслугите одат на сметка на рекламната агенција JWT. Оттаму велат:rn
    rn

    „Сакавме да дизајнираме нешто што ќе ја долови страста на сопственикот за производот што го продава. Тогаш ни ‘светна’ идејата – бизнис картичка во облик на ренде. Тоа е картичка што ренда секаков вид сирење, а истовремено е и еден убав подарок.“

    rn(2) Кул визит-карта која може да ви послужи и како рендеБизнис картичката доаѓа во заштитно пакување, така што нема опасност да го оштети „фенси“ паричникот на купувачот. 😉 Навистина генијална идеја за привлекување муштерии. Се согласувате?(3) Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде(4) Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде(5) Кул визит-карта која може да ви послужи и како рендеrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапче

    Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапче

    За околу 25 минути добивате практична, свежа, здрава и вкусна салата… 🙂rn(1) Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапчеСостојки:rn

      rn011

    • 3-4 краставици исечени на крукчиња
    • rn011

    • 1 ½ кг чери домати (купете ги најмалите)
    • rn011

    • 1 шолја маслинки – исчистени од семките и преполовени
    • rn011

    • 1 парче фета сирење исечено на ситни коцки
    • rn011

    • 1 супена лажица свежо исцеден лимон
    • rn011

    • 2 супени лажици масилиново масло
    • rn011

    • ¾ кафена лажица оригано
    • rn011

    • бибер
    • rn011

    • чепкалки за заби
    • rn

    rnПодготовка:rnrnНа стапчето (чепкалката за заби) најпрво боцнете чери домат, потоа краставичка, па маслинка и на крајот, завршете со парче сирење. Повторете ја постапката сè додека не ги потрошите сите состојки. Стапчињата со салата наредете ги на рамна чинија или послужавник, така што сирењето ќе биде најдолу. Попрскајте ги со лимонот и маслиновото масло. Најпосле поросете ги и со ориганото и биберот.rnrnДобар апетит! 😉rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 гурмански сендвичи за мажишта

    10 гурмански сендвичи за мажишта

    Прочитајте ги овие десет гурмански рецпети за сендвичи кои лесно можат да ве најадат со оглед на тоа колку се богати со хранливи материи и различни вкусови.rn
    rn

    Сендвич со смокви и пршута

    rn

    Помеѓу две парчиња чијабата леб ставете тенко исечени парчиња пршута, едно парче моцарела сирење или некое друго сирење кое лесно се топи, сечкани смокви (може и суви) и рукола. На крај сендвичот ставете го во тостер за да се стопи сирењето и да стане крцкав.10 гурмански сендвичи

    rnrn

    Сендвич со колбас и пиперки

    rn

    Купете колбас кој содржи што е можно повеќе месо и испржете го во малку маслиново масло. Потоа во истото масло пропжрете исечкани црвени, жолти и зелени пиперки со малку кромид. На крајот сето тоа ставете го помеѓу две парчиња мек леб и ќе добиете превкусен шарен сендвич.10 гурмански сендвичи

    rnrn

    Отворен сендвич со бадеми

    rnВо блендер направете пире од бадеми, сок од лимон, малку кора од лимон, маслиново масло и жалфија. Намачкајте ја смесата на парче леб, а врз неа ставете парче сирење. Потоа сето тоа ставете го на скара за да се растопи сирењето.10 гурмански сендвичиrn

    Крцкав господин

    rnОвој прилично едноставен традиционален француски оброк се подготвува така што помеѓу две парчиња леб се ставаат тенки парчиња шунка, сирење Ементал или Гриер и сенф. Пред да се послужи се става во тостер за да добие румена боја и да се растопи сирењето.10 гурмански сендвичиrn

    Лионски сендвич

    rnВрз парче потпечен леб ставете ендивија или некое друго зелјесто растение со горчлив вкус, а врз нив парче сланина и едно јајце на око. На крај попрскајте со малсиново масло и зачин по желба.10 гурмански сендвичиrn

    Отворен сендвич со јаткасти плодови

    rnОдберете комбинација од овошје и јаткасти плодови која ја обожавате и намачкајте ја врз парче крцкав леб. Можете да бирате меѓу бројни комбинации, како на пример банана, мед и бадеми или кајсии и ф‘стаци. Направете пире од овошјето, намачкајте го врз лебот и попрскајте со јаткастите плодови.10 гурмански сендвичиrn

    Сендвич со пилешко и црвена пиперка

    rnНаправете пире од печена црвена пиперка, маслиново масло, вински оцет и сол, а потоа намачкајте го на чијабата. Потоа додајте парче печено пилешко, рукола и други зачини по желба.10 гурмански сендвичиrn

    Сендвич со свинско и кромид

    rnКромидот оставете го да се динста во маслиново масло и малку вински оцет. За тоа време исечете тенки парчиња свинско и наредете ги врз едно парче леб. Потоа врз нив додадете го кромидот и поклопете со уште едно парче леб.10 гурмански сендвичиrn

    Сендвичот на Елвис Пресли

    rnОва неверојатно гурманско искуство стана популарно благодарение на тоа што Елвис Пресли постојано сакал да ужива во него. Помеѓу две парчиња премачкани со путер од кикиритки тој ставал банани и сланина сè додека можел да држи во раце.10 гурмански сендвичиrn

    Багет Бистро

    rnВо багетот ставете парче бифтек, а врз него кромид динстан во маслиново масло, домати, поточарка и сенф.10 гурмански сендвичи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летна салата со лубеница

    Летна салата со лубеница

    Брзо и вкусно освежување во летните горештини

    rnСалата со лубеницаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лубеница (околу 1,5 кг) исчистена и исечена на мали коцки
    • rn011

    • 200 г бело сирење (по избор), исто така исечено на коцки
    • rn011

    • 1 полна дланка црни маслинки
    • rn011

    • 1 полна дланка исецкани лисја магдонос и нане
    • rn011

    • 1 главица црвен кромид, исечена на тенки кругови
    • rn011

    • Маслиново масло и балсамиран оцет (по вкус)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИстурете ги сирењето и маслинките во садот со лубеницата и лесно промешајте. Потоа, одозгора додадете ги кромидот и зелените зачини. На крајот, полејте го сето тоа со маслиново масло и балсамиран оцет. Сервирајте со лепче по ваш избор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Утринска гозба

    Утринска гозба

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnКако резултат на различните традиции, навики, култури, постојат различни видови појадоци. Во некои земји тие се богати со разновидни јадења, додека во други појадокот е едноставен и претставува само премин до главното јадење. Запознајте се со најпопуларните појадоци во светот.rn
    rn

    Англиски појадок

    rnЕден од најпознатите и со сигурност најобилните појадоци во светот е токму англискиот. Порцијата обично содржи јајца, сланина, колбаси, грав, печурки и парче тост. Англичаните најмногу уживаат да појадуваат со шолја црн чај.Утринска гозбаrn

    Полски појадок

    rnПолскиот појадок е познат како „јајечница“. Се подготвува од изматени пржени јајца и парчиња полска колбаса, која е ставена одозгора. Обично се служи со 2 палачинки од домати.Утринска гозбаrn

    Појадок во Шпанија

    rnЗа разлика од англискиот и полскиот, шпанскиот појадок е далеку поскромен. Познат како Пан ала Каталана, овој појадок е доста вкусен и се подготвува мошне брзо. На парчиња леб се мачка свеж лук и одозгора се нанесуваат зрели домати. Се попрскува со малку сол и маслинов зејтин. Овој појадок може да се збогати со сирење, шунка или колбаси.Утринска гозбаrn

    Хавајски појадок

    rnПоради тоа што Хаваи изобилува со овошје, овој појадок задолжително содржи некое овошно парче. Како додаток, хавајскиот појадок може да се сервира со ѓеврек.Утринска гозбаrn

    Појадок во Италија

    rnИталијанците имаат прилично едноставен појадок. Кроасан со капучино е сосем доволно да ги засити до главниот оброк, во кој со сигурност пицата ќе доминира.Утринска гозбаrn

    Појадок во Тајланд

    rnВо Тајланд, појадокот не се разликува многу од ручекот и вечерата. Се состои од зачинета риба, слатко-зачинето пилешко месо сервирано со ориз. Овој појадок има одличен вкус и е многу здрав.Утринска гозбаrn

    Руски појадок

    rn„Олади“ е јадење кое можете да го пробате во Русија како појадок. Овој појадок е сличен на палачинки кои се меки внатре, а однадвор крцкави. Најдобро се комбинираат со мед, џем, павлака и свежи бобинки.Утринска гозбаrn

    Појадок во Јапонија

    rnПопуларен појадок во Јапонија е „тофу“ сирењето. Обично се служи со ориз и риба. Соја сосот е задолжителен додаток кој го збогатува вкусот на ова јадење.Утринска гозбаrn

    Унгарски појадок

    rnПогачата е традиционален унгарски појадок. Толку е популарна што во нејзина чест преку целата година се организираат фестивали во различни делови на Украина. Рецептите за погачата се разликуваат зависно од тоа во кој регион се подготвуваат.Утринска гозбаrn

    Појадок во Турција

    rnПојадокот во Турција е составен од различни видови јадења и е доста обемен. Обично, за појадок ќе добиете неколку видови сирења, путер, маслинки, јајца, домати, краставички, мармалад, мед и зачинето месо.Утринска гозбаrn

    Македонски појадок

    rnМакедонците се познати по тоа што денот го започнуваат со кафе, кое е најчесто турско. Откако ќе се расонат, појадуваат месени јадења како ѓеврек, банички, лиснато тесто и ги комбинираат со чаша јогурт. Сепак, најпознато и најомилено јадење за појадок е бурекот, кој може да се најде во различни варијанти – бурек со месо, бурек со сирење, бурек со спанаќ.Утринска гозба
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчудните производи за 2011 година

    Најчудните производи за 2011 година

    Во денешниот свет, парите ги контролираат сите нешта, па така голем број производители се обидуваат на секаков начин да дојдат до нив. Како и секоја друга година, така и оваа имавме можност да читаме за многу чудни изуми кои се нашле на пазарот. Ова се најчудните 4 производи за изминатата 2011 година.rn.rn

    Конзервиран мирис на штала

    rnОва е дело на еден германски производител. Производот наречен „Stallduft“ (мирис на штала) им нуди единствена можност на купувачите, со себе да си понесат мал дел од миризбата на германските штали.rnНајчудните производи за 2011 годинаrn

    Сладолед од мајчино млеко

    rnСлаткарницата „The Icecreamists“ оваа година го лансираше сладоледот направен од мајчино млеко, познат под името Baby Gaga. Овој производ многу брзо се најде на менито на многумина, па дури и на пејачката Лејди Гага, на која не ù се допадна името.Најчудните производи за 2011 годинаrn

    Презервативи со кралското семејство на обвивката

    rn

    „Легнете и мислете на Англија“ – ова е паролата испишана на амбалажата на овие презервативи на која се наоѓа и младата кралска двојка, Кејт и принцот Вилијам. Производот е наречен „Crown Jewels“.Најчудните производи за 2011 година

    rnrn

    Златно сирење

    rnЕдна британска компанија за производство на сирење, во чест на божиќните празници додала малку злато во сирењето кое чинело 100 долари за едно мало парче. Производот е наречен „Stilton“.Најчудните производи за 2011 годинаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Медот во кујната

    Медот во кујната

    Медот денес е многу повеќе од засладувач во чај. Модерните гурмани знаат дека употребата на медот во современата кујна е сè позастапена и шаренолика. Во комбинација со сирење и модар патлиџан, месо и риба, медот е додаток кој ако досега не сте го употребувале, време е да почнете. Погледнете неколку идеи како да го употребите медот во кујната:rn

    Грашок и шумски мед

    rnМедот во кујнатаrnrnСалата со млад грашок, рен и шумски мед.rn

    Пржен модар патлиџан со багремов мед

    rnМедот во кујнатаrnrnПржените кришки модар патлиџан се толку вкусни и претставуваат одлична заскуска. Во комбинација со багремовиот мед, може да бидат одличен избор за необичен ручек.rn

    Мувлосано (сино) сирење со мед од костен

    rnМедот во кујнатаrnrnБогатиот вкус на синото сирење одлично ќе се надополни со вкусот на медот од костен.rn

    Фуа-гра (џигер од патка) со мед од лаванда

    rnМедот во кујнатаrnrnДва француски специјалитети кои дефинитивно одат едно со друго. Уникатниот вкус на џигерот од патка го ублажува слаткастиот вкус на медот од лаванда.rn

    Чедар кашкавал со мед од липа

    rnМедот во кујнатаrnrnСилниот вкус на кашкавалот одлично се надополнува со мекиот и нежен вкус на медот од липа.rn

    Стапчиња јагнешко со овошен мед

    rnМедот во кујнатаrnrnМесо и мед е неодолива комбинација, а со овошниот мед се добива неверојатен вкус.rn

    Козјо сирење со мед од костен

    rnМедот во кујнатаrnrnМедот и сирењето прават моќна двојка. Овие два производи секогаш одат во пар.rn

    Скуша со планински мед

    rnМедот во кујнатаrnrnСилниот вкус на мрсната риба скуша, зачинета со сос од лимонов сок, соја сос и планински мед е одлична комбинација за незаборавен ручек.rnrnПокрај во кујната, медот можете да го употребите и како козметичко средство за разубавување и лекување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Илустрирани факти за сè и сешто

    Илустрирани факти за сè и сешто

    Расположете се пред почетокот на новата работна недела со неколку интересни факти, илустрирани на едноставен начин.rnrn

    Илустрирани факти за сè и сешто
    Luke Skywalker првобитно бил наречен Luke Starwalker.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Дизниевиот свет е поголем од 17 земји.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Еден Французин еднаш изел цел авион.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Можете да си го смените јазикот на Фејсбук во пиратски.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Човечките глави се со иста густина како лубениците.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Хрчаците се илегални на Хаваи.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Комарците можат да се парат 15 секунди.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Корнетот за сладолед бил измислен во Њујорк.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Пред 1800-та, чевлите за левата и за десната нога биле исти.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Жена се има мажено за Ајфеловата кула.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Најдолгиот меч во тенис траел 11 часа и 5 минути.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Помфритот (French fries ) не потекнува од Франција.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Патката има повеќе коски во вратот од жирафата.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Повеќето кармини содржат рибни крлушки.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Првото музичко це-де било направено да трае 74 минути колку што трае 9-та симфонија на Бетовен.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Bо Шведска имаат ист збор за мажен/женет и отров.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Според едно ново истражување, глувците не сакаат сирење.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Најстариот веб-домен symbolics.com бил регистриран во 1985.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Ако се остави во темница, златната рипка ќе стане бела.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Слоновите навистина се плашат од глувци.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    На денот кога си се родил/а, се родиле уште најмалку 9 милиони луѓе.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Секоја епизода од The Simpsons се прави по 6 месеци.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Ситофобија е страв од храна.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Лео Фендер, основачот на Фендер гитарс бил саксофонист и не знаел да свири на гитара.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Првата клонирана мачка се вика копикет (копија од мачка).
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Свињите можат да страдаат од мизофобија (страв од валкано).
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Научниците имаат направено коза која лачи свила од пајакова мрежа.
    rnrn
    Илустрирани факти за сè и сешто
    Кокошката е најблиското живо суштество до Тирекс.