КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеќер

  • Портокалово кафе

    Портокалово кафе

    Кафе со деликатен вкус на портокал кое освојува…rnrnПортокалово кафеЗа 4 лица потребни се:rn

      rn011

    • 1/2 л сварено филтер кафе
    • rn011

    • 8 коцки шеќер
    • rn011

    • 1 портокал
    • rn011

    • 125 мл слатка павлака
    • rn

    rnПодготовка: Исечете го портокалот на два дела. Капнете по неколку капки сок од портокал на коцките шеќер. По две коцки ставете во секоја чаша. Наполнете ја чашата со кафе, а од горе ставете малку изматена слатка павлака. Декорирајте со кора од портокал.

  • Домашен ликер од кафе

    Домашен ликер од кафе

    Љубителите на кафето знаат дека ликерот од кафе е еден неверојатен алкохолен пијалак кој ги буди сите сетила. Ако имате малку слободно време, кое сакате да го потрошите продуктивно, ги сакате и кафето и алкохолот, ова ќе биде одличен проект за вас. Ќе го направите еднаш, а ќе ви трае подолго време. Плус, на рецептите со ликер од кафе им нема крај…Домашен ликер од кафеПотребно е:

    rnrn

      rn011

    • 800 мл вода
    • rn011

    • 400 г бел шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици и 2 лажички инстант кафе
    • rn011

    • 750 мл рум
    • rn011

    • 10 мл екстракт од ванила
    • rn

    rnПодготовка: Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и кафето. На висока температура оставете да провријат сите состојки.Домашен ликер од кафеДомашен ликер од кафе Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се олади течноста 45 минути. Во оладената течност ставете ги румот и ванилата. Измешајте. Ликерот претурете го во стерилизирани шишиња. Убаво затворете ги капачињата и чувајте ги шишињата на темно место најмалку две недели пред да почнете да го употребувате.Домашен ликер од кафеКога ликерот ќе биде готов, еве неколку оригинални кафиња кои може да ги направите со него.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Игра на неделата: Кафе продавница

    Игра на неделата: Кафе продавница

    Денеска ви ја нудиме можноста барем виртуелно да станете сопственик на една кафе продавница. Во неа вие ќе бидете креатори на рецептот, вие ќе ја одредувате цената, но исто така ќе бидете задолжени и за набавките на млеко, чаши, кафе и шеќер.rnИгра на неделата: Кафе продавницаИграта е многу интересна бидејќи вие ќе си го водите бизнисот со помош на купувачите, кои ќе ви го покажуваат мислењето за вашето кафе, дали му фали нешто, дали е супер или пак е прескапо. Прилагодувајте ги сите овие работи во согласност со нивните мислења, инаку вашиот бизнис ќе биде осуден на пропаст, бидејќи во играва репутацијата е многу важна. Епа драги љубители на кафето, уживајте во оваа игра…

    rnrn

  • Атоле

    Атоле

    Атоле е традиционален мексикански пијалак кој локалното население во Мексико го пие преку целиот ден, иако најчесто се служи за време на појадокот. Бидејќи најдобрите ванила-стапчиња доаѓаат од Мексико, логично е мексиканците да измислат пијалак кој ќе го величи овој божествен зачин. Одлична замена е за тешките и преблаги пудинзи од ќесичка. Еве како да го направите: АтолеrnrnЗа 6 шолји атоле потребно е:rn

      rn011

    • 40 г нишесте
    • rn011

    • 1.5 литри млеко
    • rn011

    • 65 г шеќер
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во големо тенџере ставете ги нишестето и 250 мл млеко. Со жица за матење мешајте за да се соединат и да нема грутки во млекото од нишестето. Кога ќе добиете мазна смеса, истурете го остатокот од млекото и потоа додајте ги екстрактот од ванила и шеќерот. Вклучете ја ринглата на средна температура и гответе ја смесата со жица за да се стопи шеќерот и да се згусне целата смеса. АтолеКога ќе се згусне атолето, претурете го во високи шолји и оставете малку да се олади. Овој мексикански пијалак се служи топол.АтолеЗабелешка: Оригиналниот рецепт за атоле вклучува стапче од ванила. Тоа во Скопје ретко се наоѓа, а исто така е најскапиот зачин во светот.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #18

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #18

    Уживате кога утрото ќе ви започне со весник и топло кафе, убаво засладено, декорирано, со многу пена на врвот… Две коцки шеќер, тазе кафе во зрна и омилениот печатен медиум на вашето биро –  тоа е сè што треба и ова вкусно сервирано кафе ќе ви го направи денот. Време е да ја смените позадината.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #18
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Елегантен сервис за чај

    Елегантен сервис за чај

    Овој елегантен, носталгичен и декадентен сервис за чај е дизајниран од  Tina Tsang и е наречен Blaue Blume. Погледот веднаш паѓа на нозете кои се главна атракција на секој дел од керамичкиот сервис за чај. Тие имаат функција на рачки или лажички. Особено привлечни се нозете на држачот за колачи. Сервисот содржи: шолја за чај, чајник, бокалче за млеко, држач за колачи, чинии и сад за шеќер во форма на када за бањање.Елегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чајЕлегантен сервис за чај

  • Совети за совршен маникир

    Совети за совршен маникир

    Негувани раце и чисти средени нокти се последица од секојдневните ритуали кои жените ги прават. Ваквиот изглед е очекуван и делува лесен за постигнување, но потребни се време и вештини за да биде секогаш беспрекорен. Погледнете неколку брзи и лесни совети за совршен маникир, кои веднаш можете да почнете да ги практикувате.rnrn1. Не откажувајте се од непотрошеното шишенце со лак во црвена боја. Комбинирајте две нијанси и креирајте нов лак. Земете лак од изминатата сезона или некој што одамна не го користите, претурете го во новиот, ставете малку проѕирен и протресете. Ете ви нов лак со уникатна и шик боја.rnrnСовети за совршен маникирrnrn2. Дајте им шик, младешки изглед на вашите нокти со поставување на светки или украсни токи врз неисушен лак или пак мали парченца тантела.rn

    3. За да ви стои лакот подолго време, обрнете поголемо внимание на врвовите на ноктот. Нанесете два слоја лак и потоа поминете со четкичката по работ на ноктите.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    4. Секогаш нанесувајте лак по следниов редослед: еден слој безбоен лак за основа, два слоја лак во боја, еден завршен слој безбоен лак за финиш.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    5. Наместо бели и розови тонови, кога правите француски маникир, пробајте со потемни, воочливи бои. Сина и портокалова комбинација на бои за француски маникир е одлична идеја.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    6. Ако вашите нокти се обоени со тонови на месо боја, тоа ги прави вашите раце издолжени. Одбирајте розеникави нијанси ако имате светол или среден тен, а земјени тонови доколку вашата кожа е темна.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    7. Ако одите во козметички салон и не сакате да ги користите лаковите од салонот, донесете си ваш лак и побарајте со тој да ви направат маникир. Вака, дури ќе можете и да си го поправите подизлупениот лак подоцна.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    8. За да го спречите кршењето и сушењето на ноктите и создавањето на кутикули околу нив, масирајте ги со масло од капсула витамин Е.

    rn

    9. Помешајте мед и шеќер и со смесата тријте ги рацете и ноктите. Така тие ќе станат меки, мазни и нежни.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    10. Осветлете ги вашите природни нокти со мало триење на ноктите со памукче натопено со хидроген. Тоа ќе ви помогне во отстранувањето на жолтеникавите наслаги кои се создаваат од цигарите и од темните лакови кои ги користите.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тирамису

    Тирамису

    Тирамису или  на италијански Tiramisù е еден од најпопуларните десерти во Италија. Некои сметаат дека се појавува помеѓу 18 и 20 век во близината на Тоскана, а други дека е создаден во градот Тревисо. Ова е десерт кој е карактеристичен по тоа што има интензивен вкус на еспресо во кое се натопуваат плазма бисквитите. Деликатниот вкус на маскарпонето, какаото и ликерот го прави овој рецепт толку вкусен и специфичен.rnrnТирамисуrnrn

    Потребни состојки за двајца:

    rn

      rn011

    • 2 големи жолчки
    • rn011

    • 1 голема лажица коњак
    • rn011

    • 4 големи лажици шеќер
    • rn011

    • + 1 голема лажица шеќер
    • rn011

    • 200 мл маскарпоне сирење
    • rn011

    • 1/2 слатка павлака
    • rn011

    • 1 мала лажичка сол
    • rn011

    • 200 мл еспресо кафе
    • rn011

    • 2 лажици ликер од кафе
    • rn011

    • едно пакетче плазма кекси
    • rn011

    • какао во правrn
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnrnНаполнете едно тенџере со вода. Оставете водата да зоврие. Во сад ставете ги жолчките, солта и 4 лажици шеќер. Садот ставете го врз тенџерето со вода и на пареа со миксер изматете ги жолчките додека не бидат бледо жолти. Потоа, додајте го коњакот и измешајте. Садот со жолчките ставете го во тавче со мраз за да се олади смесата.rnrnТирамисуrnrnВо друг сад ставете го маскарпоне сирењето и со миксер изматете го се додека не добиете мазна смеса. Во маскарпонето, додајте ги жолчките. Настрана, помешајте ја павлаката со една лажица шеќер. Кога ќе се стопи шеќерот во павлаката, додајте ја во смесата со маскарпоне и жолчки. Мешајте ја смесата се додека не биде изедначена.rnrnТирамисуrnrnВо мал сад, помешајте ги ликерот од кафе и еспресото. Земете две чаши за десерт, ставете една лажица од кремот на дното и малку какао. Плазма кексите натопете ги во миксот од кафе и ликер и наредете еден ред во чашата. Потоа, ставете ред крем и потоа какао. Потоа, пак уште еден ред плазма, па крем и какао. На крај, десертот треба да заврши со крем и какао одозгора. По желба, најгоре може да изрендате чоколадо.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Храна која го убива сексуалниот нагон

    Храна која го убива сексуалниот нагон

    Кога веќе знаете која храна го зголемува сексуалниот нагон, треба да се информирате и која е онаа која го убива истиот. Ако за вечера планирате салата со авокадо и морски плодови, еве што не смее да биде дел од љубовното мени:rn.rn

    Соја и нане

    rnХрана која го убива сексуалниот нагонГо намалуваат тестостеронот.rn.rn

    Тоник-вода

    rnХрана која го убива сексуалниот нагонОсновната состојка на тоник-водата е кининот, кој влијае на намалувањето на тестостеронот. Затоа, џин-тоник не е многу пожелен.rn.rn

    Грахам крекери и корнфлекс

    rnХрана која го убива сексуалниот нагонМногу растителни влакна предизвикуваат надуеност и гасови, две состојби непожелни во моменти кога сакате да имате секс.rn.rn

    Многу шеќери и маснотии

    rnХрана која го убива сексуалниот нагонОпшто е познато дека големо конзумирање на маснотии и шеќер доведува до затнување на протокот на крв.rn.rn

    Многу алкохол

    rnХрана која го убива сексуалниот нагонОва сигурно не сакате да го чуете, ама вистина е. Премногу алкохол го успорува организмот и виталните функции.

  • Виенско топло чоколадо

    Виенско топло чоколадо

    Нема некој што не ужива во чоколадото. А ова чоколадо е за уште поголемо уживање – топло чоколадо. Толку едноставно и вкусно. Почестете ги пријателите со вакво, домашно топло чоколадо со виенски шмек.rnВиенско топло чоколадоrnrnПотребно за 4-ца:rn

      rn011

    • 125 г чоколадо со 70% какао маса
    • rn011

    • 500 мл минерална вода
    • rn011

    • 50 г шеќер во прав
    • rn011

    • 25 г какао
    • rn

    rnЗа шлаг:rn

      rn011

    • 150 мл хопла (може и шлаг)
    • rn011

    • една лажица шеќер во прав
    • rn011

    • какао за декорација
    • rn

    rnПодготовка: Чоколадото исечкајте го ситно. Во тенџерче ставете ги минералната вода и шеќерот да се загреат. Шеќерот треба да се стопи, но водата никако не смее да зоврие. Додајте го какаото и мешајте додека да зоврие сè. Малку по малку ставајте го чоколадото и почекајте да се стопи. Сето ова правете го на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган. Изматете ја хоплата (шлагот) со шеќерот. Кога хоплата ќе биде цврста, тогаш значи дека е готова. Ставете го чоколадото во стаклени чаши. Од горе ставете од шлагот и попрскајте го какао.Виенско топло чоколадо