КАФЕ ПАУЗА

Tag: секојдневие

  • Како да уживате во магијата на секој нов ден?

    Како да уживате во магијата на секој нов ден?

    Брзиот начин на живеење и стресот од секојдневните обврски понекогаш нè тера да ја занемариме среќата која можат да ни ја пружат малите нешта. Забораваме дека нашето секојдневие и светот околу нас имаат своја убавина. Доволно е само да научиме како да ја бараме, а потоа да одвоиме време за да го направиме тоа и да ја цениме. Еве на кој начин можете да го направите тоа.rnrnКако да уживате во магијата на секој нов ден?rn

    Препуштете им се на новите можности

    rnОва е еден од наједноставните и најдобрите начини да ја видите убавината на секој ден. Разбудете се, станете од кревет. Фактот дека сме живи и дека можеме да уживаме во новиот ден е нешто што многумина од нас го земаат здраво за готово. Освен тоа, секој ден нуди безброј нови можности!. Вие дури и не треба да бидете подготвени за нив, доволно е да им се препуштите.rn

    Уживајте во денот онаков каков што е

    rnДали вашето расположение во голема мера зависи од времето? Дали сте среќни само поради тоа што надвор времето е сончево и топло? Дали сте мрзливи затоа што е дождливо? СТОП! Нема да биде засекогаш топло или студено и затоа сакајте го денот онаков каков што е! Не дозволувајте природата да ве контролира вас или вашето расположение.rn

    Пробајте нешто ново

    rnНаоѓањето ново хоби или учењето нови вештини може да ви помогне не само да научите нови работи и да стекнете нови пријатели туку и да го подобри вашето расположение. Освен тоа, наместо да го губите времето по социјалните мрежи посветете се на усовршувањето на вашите вештини. На тој начин ќе бидете многу попродуктивни и позадоволни со себе.rn

    Забавете

    rnСе чувствувате заглавени во вртлогот од секојдневните обврски? Штом завршите една работа се фокусирате на следната и секогаш сте во движење? Тоа е знак дека треба да забавите. Обидете се да го исклучите мобилниот телефон барем за кратко и да им посветите време на вашите сакани. Ќе сфатите дека е вистински подарок можноста да поминувате време со оние што ги сакате.rn

    Бидете благодарни

    rnНаучно е докажано дека штом ќе сфатите за кои работи во животот сте благодарни, тоа се рефлектира внатрешно. Отфрлете ја тенденцијата да се фокусирате на негативното заедно со изговорот дека сте „реалисти“ и наместо тоа насочете го вниманието кон нештата или луѓето во вашиот живот кои ве прават среќни.rnrnОткако прочитавте како да пронајдете убавина во вашето секојдневие, можеби ќе сакате да прочитате и за кои 60 работи треба да бидете благодарни секој ден.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Дали менталната болест станува нашето ново секојдневие?

    Дали менталната болест станува нашето ново секојдневие?

    Се чини дека еден од најголемите предизвици на денешното време со кои многумина од нас се соочуваат на директен или индиректен начин е менталната болест како депресијата, анксиозноста и паранојата. Ситуацијата се влоши уште повеќе благодарение на пандемијата на КОВИД 19.rnrnДали менталната болест станува нашето ново секојдневие?rnrnСите бевме сведоци за тоа како пандемијата ни наметна нови „правила“, особено во поглед на животот во изолација, вештина која не секој ја поседува.rnrnОдеднаш бевме принудени да се „дистанцираме“ од другите, ние кои сè до тој момент бевме навикнати да одиме таму каде што сакаме и да бидеме со личноста со која сакаме да бидеме. Тажната реалност е дека светот не беше подготвен за такво сценарио.rnrnОсвен тоа, загубата на најблиските предизвика огромна штета врз нашето колективно ментално здравје.rnrnКако што одминува времето, се чини дека светот излегува од контрола, опустошен од војни и невини жртви. Од друга страна, социјалните мрежи секојдневно нè бомбардираат со разноразни информации чиј ефект е безнадежноста, сомнежот и чувството на изгубеност.rnrnПриродата, пак, ни се одмаздува за немарноста и негрижата преку катастрофални природни катастрофи низ целиот свет.rnДодека се бориме одново да застанеме на нозе, одново и одново се соочуваме со нова реалност која како да ги „збриша“ вредностите и идеалите на светот што го познававме порано.rnrnНеопходно е да се соочиме со фактот дека работите никогаш повеќе нема да бидат какви што биле некогаш. Но, поважно од сè е да ги здружиме нашите сили и колективно да застанеме заедно за да се соочиме со промените. Да научиме да бидеме издржливи и да се соочиме со секоја ситуација онаква каква што е, чекор по чекор.rnrnДа не заборавиме дека не можеме да ги промениме нештата. Но, можеме да го промениме начинот на кој ние реагираме кон сето она што се случува.rnrnОткако прочитавте за денешниот свет и менталните болести, можеби ќе сакате да погледнете и како талентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувања.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

    Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

    Јануари е дефинитивно најдепресивниот месец во годината, а оваа година е и најтежок затоа што сме во средина на пандемија која само што го добива својот трет бран во светот. Во Македонија, од друга страна, има светлина на крајот од тунелот и се надеваме на пролетта и летото кои доаѓаат, но тие денови уште се далеку пред нас. Еве како да си помогнете и да го промените протокот на мислите што во моментот може да биде негативен.rnrnАко чувствувате дека не одите напред, немате волја за живот или живеете во страв, не заборавајте да побарате помош од стручни лица. Во западниот свет, одењето на психотерапевт е исто како и на стоматолог.rnrnРутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневиеrn

    Колку вложувате во дружење?

    rnСамо затоа што во моментот не можеме да одиме на забави, концерти, ресторани и кафулиња, не значи дека треба да заборавите на пријателите. Животот продолжува, само во една друга форма и друг пристап. Поканете пријатели на видеоповик, организирајте дружење, организирајте патување секој викенд во природа на некое друго место. Постојат начини да се одржи социјалната дистанца во овие тешки моменти.rn

    Како се релаксирате?

    rnМожеби ви се чини дека работата од дома ве релаксира, но тоа е далеку од вистината. Многумина од нас воопшто не знаат како да се релаксираат, но треба да знаете да направите време за медитација, прошетки, читање, вежбање. Потребно е да се одвои време за тоа.rn

    Променете го протокот на мислите

    rnЕдна тетратка ќе ви помогне во ова. Запишувањето мисли е многу ослободувачко, па во моментите кога ви е најтешко, напишете на хартија како се чувствувате, а потоа запишете каква е реалната состојба зад тие чувства.rnrnПрочитајте ги овие 5 инспиративни психолошки совети за 2021 година што навистина помагаат.

  • За поздрав живот: Приоритети што треба да ги воведете во вашето секојдневие

    За поздрав живот: Приоритети што треба да ги воведете во вашето секојдневие

    Една студија од Универзитетот Харвард, на која експертите работат повеќе од 30 години, успеа да утврди пет приоритети што треба да се воведат во секојдневниот живот, доколку сакате да живеете што е можно поздраво и да го продолжите животот до десет години.rnrnОваа студија ја нагласува важноста од следењето на здрави животни навики за долговечност. Сепак, малку луѓе имаат здрави животни навики и затоа државите треба да го поттикнуваат здравото јадење и градење социјална средина за поддршка и унапредување на здравата исхрана и начинот на живот.rnrnЗа поздрав живот: Приоритети што треба да ги воведете во вашето секојдневиетоrnrnТие сакале да откријат какви навики и приоритети треба да се воведат во нивниот секојдневен живот, со цел да го подобрат и зачуваат своето здравје и да го продолжат животот до 10 години. Консумирањето здрава исхрана полна со овошје, зеленчук и здрави протеини е од витално значење за одржување на целокупниот здрав начин на живот. Постојат состојки кои се лоши за секого, како шеќерот, но некои луѓе можат да толерираат повеќе шеќер од другите.rnrnНекои луѓе, на пример, треба да јадат мрсна храна затоа што имаат потреба од дебелеење. Проблемот е кога храната се рекламира како здрава, иако нема шанси повеќето нутриционисти да ја сметаат за здрава.rnrnДвижењето е исто така многу важно. Без разлика дали одите на лесни прошетки навечер или го вежбате целото тело, секојдневното движење е клучно за да се чувствувате и да изгледате најдобро.rnrnВежбањето дома е клучно. И додека работите од дома, треба да биде уште полесно да се храните здраво, бидејќи имате пристап до вашата кујна кога сакате. Искористете ја можноста да јадете дома и да готвите хранливи оброци.rnrnСпоред оваа студија на Харвард, контролата на телесната тежина значително го намали ризикот од дијабетес и рак на дојка. Ова не значи дека треба веднаш да го изгубите секој вишок килограм, туку да одржувате тежина на која ќе се чувствувате пријатно.rnrnРедовното консумирање алкохол и цигари исто така не му служи на вашето тело, велат експертите. Иако повремената чаша црвено вино не штети, студијата препорачува ограничување на внесот на алкохол на една чаша вино на ден за жените и до две чаши вино за мажите.rnrnМожеби ќе сакате да ги пробате овие 6 вежби за подобрување на сексот и на сексуалниот живот.

  • 11 совети што ќе ви заштедат време и нерви

    11 совети што ќе ви заштедат време и нерви

    Ако сакате да го пронајдете сопственикот на изгубен ајфон или сакате вашата кредитна картичка да биде безбедна, постојат едноставни начини да го направите ова. Со малку труд може да заштедите време, па дури и да се чувствувате порелаксирано. Погледнете ги овие совети што ќе ви го олеснат секојдневието.rnrn1. Пред да направите тетоважа, направете ја прво како позадина на вашиот телефон најмалку еден месец. Така ќе процените како ви изгледа таа со текот на времето.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn2. Пронајдовте изгубен ајфон? Повлечете го екранот за отклучување со лозинка, притиснете „emergency“, а потоа опцијата „medical ID“. Ако сопственикот внел какви било информации, тиe ќе биде таму.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn3. Повеќето современи микробранови печки имаат тивка функција што се активира држејќи го копчето за старт 3 секунди.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn4. Ако веќе имате куче и планирате да земете уште едно, запознајте ги така што веднаш ќе ги прошетате заедно, првиот пат кога ќе се сретнат. Одвлекувањето на вниманието со прошетка ги спречува да бидат непријателски настроени и им дава време да се опуштат и да се приспособат преку забавни активности.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn5. Ако престојувате во хотел и добиете повик од рецепција за да ви побараат информации за вашата картичка, исклучете и одете на рецепција за да се справите лично со тоа. Телефонскиот повик може да биде измама.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn6. Ако готвите храна и не можете веднаш да го исчистите тенџерето, оставете го капакот на него. Така, ќе спречите да се исуши и следниот ден ќе го исчистите полесно.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn7. Кога купувате босилек или друго растение, вие всушност купувате 5 или 6 растенија збиени заедно, групирани да се надживеат едни со други и да умрат. Поделете ги овие растенија во посебни садови за да имаат подобри шанси за опстанок (и ќе имате повеќе босилек).rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn8. Пред да ја бојадисате собата или куќата, пронајдете компанија или организација чие лого или реклама ви се допаѓа и пронајдете ги нивните „стандарди на брендот“. Тие веќе направиле истражување за тоа кои бои изгледаат добро заедно.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn9. Оставете белешка со погрешен ПИН-код за вашата дебитна картичка во вашиот паричник.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn10. Ако сте премногу срамежливи за да остварите контакт со очи, гледајте ја личноста во носот наместо во очите. Таа нема да забележи никаква разлика.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrn11. Откако ќе допрете лук, држете ги прстите на нож под вода за да се ослободите од мирисот.rnrn11 совети што ќе ви заштедат време и нервиrnrnПогледнете ги овие 10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови.

  • 18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

    18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

    Дали сте знаеле дека копчињата не се наменети само за облека, сламките не се наменети само за пиење на вашиот омилен пијалак, а калапите за колачиња имаат многу повеќе функции од држење и печење на вашите слатки? Ако се сомневате дека тоа е возможно, тогаш продолжете со читање и дознајте ги следниве 18 секојдневни трикови, кои ќе ви докажат дека буквално секој предмет што постои, има повеќе од една примена.rn

    18. Спречете го лизгањето на облеката од закачалките

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnНекои типови облека многу често се лизгаат од закачалките во плакарот. За да го спречите лизгање на вашата омилена блуза од закачалката којашто тукушто сте ја испеглале, сè што треба да сторите е да прикачите гумени ластичиња, како што е прикажано на фотографијата погоре. Ластичињата поставени на овој начин ќе имаат улога на преграда, којашто ќе го спречува здодевното лизгање.rn

    17. Затворете кеса со сламки за пиење

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnДоколку сакате брзо и ефикасно да затворите веќе отворена кеса за грицки, сè што ви е потребно се две сламки и малку креативност. Најпрво земете една сламка и завиткајте ја ќесата околу неа по должина. Потоа земете уште една сламка, пресечете ја попреку и навлечете ја одозгора врз првата сламка.rn

    16. Едноставен начин да го најдете крајот од селотејпот

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnСелотејпот ни е потребен секојпат кога сакаме да залепиме некој пакет и навистина е фрустрирачки доколку се брзаме, а не можеме да го најдеме крајчето каде што бил последен пат пресечен. За да го избегнете тоа, едноставно закачете една спојница за хартија на тоа место, па следниот пат кога ќе го користите ќе бидете многу благодарни што сте го примениле овој трик.rn

    15. Практично складирање на пластичните кеси

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnКартонските и пластичните кутии од хартиени и влажни марамчиња исто така можат да добијат нов живот и да се реупотребат за нешто друго. Така на пример, тие се одлично место за складирање на вашите пластични кеси. Згора на тоа, можете да користите повеќе кутии за различни видови кеси.rn

    14. Едноставно складирање на шнолите за коса

    rn18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието rnrnНавистина нема подобра идеја од тоа да ги чувате тенките шноли за коса во пакување од Тик Так бонбончиња. Ова пластично кутиче секогаш ќе ги чува на безбедно за да не се загубат и воедно е многу лесно да ги извадите од него.rnrnТриковите продолжуваат на втората страница…rn

  • Секојдневни работи кои ги правиме денес што луѓето пред 50 години не би ги разбрале

    Секојдневни работи кои ги правиме денес што луѓето пред 50 години не би ги разбрале

    Ако имате под 50 години, тогаш можно е да немате сосема јасен концепт за животот пред 50 години. Веројатно не сакате ни да помислите за свет без Интернет и технологија. Но на нашите баби и дедовци им било одлично. Ако отидете 50 години во минатото и почнете да раскажувате за вашето секојдневие, луѓето ќе бидат навистина изненадени. Или пак ќе мислат дека сте луди. Веб-сајтот Редит ги прашал своите корисници: „Што имаме денес што луѓето пред 50 или 60 години би мислеле дека е навистина чудно?“ Па погледнете некои од најдобрите одговори.rn

    1. Тоа што имаме тенок телевизор кој се закачува на ѕид

    rn(1)sekojdnevni-raboti-shto-gi-praviime-denes-koi-lugjeto-od-minatoto-ne-bi-gi-razbrale-kafepauza.mkrnrnТехнологијата напредувала најмногу во овој период.rn

    2. Тоа што им се јавуваме на другите за да ги прашаме каде се

    rn(2)sekojdnevni-raboti-shto-gi-praviime-denes-koi-lugjeto-od-minatoto-ne-bi-gi-razbrale-kafepauza.mkrnrnА каде би биле инаку?rn

    3. Крадење музика и филмови од „воздухот“

    rn(3)sekojdnevni-raboti-shto-gi-praviime-denes-koi-lugjeto-od-minatoto-ne-bi-gi-razbrale-kafepauza.mkrnrnДенес пиратеријата е распространета насекаде.rn

    4. Пушење надвор од ресторан

    rn(4)sekojdnevni-raboti-shto-gi-praviime-denes-koi-lugjeto-od-minatoto-ne-bi-gi-razbrale-kafepauza.mkrnrnАко сте родени во последниве 15 години, голема е веројатноста да не се сеќавате дека порано се пушело речиси насекаде.rn

    5. Носење разголена и искината облека

    rn(5)sekojdnevni-raboti-shto-gi-praviime-denes-koi-lugjeto-od-minatoto-ne-bi-gi-razbrale-kafepauza.mkrnrnНие всушност даваме пари за искината облека. Мода.rn

    6. Објавување на секој детаљ од нашиот живот на компјутер кој го собира во џеб

    rn(6)sekojdnevni-raboti-shto-gi-praviime-denes-koi-lugjeto-od-minatoto-ne-bi-gi-razbrale-kafepauza.mkrnrnСоцијалните мрежи навистина нè прават зависни.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Прекрасни и успешни: Како им поминува денот на најубавите манекенки во Македонија?

    Прекрасни и успешни: Како им поминува денот на најубавите манекенки во Македонија?

    Медиумите изобилуваат со нивните прекрасни фотографии! Секојдневно ги гледаме на насловните страници на списанијата, на модните ревии и на социјалните мрежи. Тие секогаш изгледаат беспрекорно! Долги и сјајни коси, чиста и негувана кожа, затегнато тело… Македонските манекенки и моделки се навистина прекрасни! Момците воздивнуваат по нив, а девојките им се восхитуваат, па дури и им завидуваат. Не можеме а да не се запрашаме каков е нивниот начин на живот? Кои се нивните животни навики? Како им поминува денот? Ние решивме да ѕирнеме во секојдневието на дел од најубавите манекенки во Македонија и да ја дознаеме тајната на нивната надворешна, но и внатрешна убавина…rn

    Јована Нешова

    rnПрекрасни и успешни: Како им поминува денот на најубавите манекенки во Македонија?rnrnЗапознајте се со оваа вистинска барбика! Јована е една од најуспешните моделки од модната агенција Моделс Ин која полека, но сигурно почнува да гради интернационална кариера. Нејзината ретка убавина и харизма го освоија азискиот пазар, а ние веруваме дека наскоро ќе го освојат и целиот свет. Јована може да се пофали со бројни кампањи и ангажмани за престижни светски брендови, благодарение на нејзината упорност и решителност. Нејзиниот живот на прв поглед делува гламурозно, но тоа не значи дека не е исполнет со голем број обврски. Иако секој ден на еден модел изгледа различно, утринските ритуали секогаш остануваат исти.rn

    „Станување, туширање, пиење кафе, појадок, спремање и излегување. Доколку предвидениот ден ми е само за кастинзи, станувам во 8.00 часот, целиот ден го поминувам надвор во трчање од еден на друг кастинг, а доколку се работи за сликање едиторијал, каталог, списание или ревија денот започнува многу порано, бидејќи клиентите односно дизајнерите претпочитаат работата да започне во раните утрински часови. Доколку патувам во друг град за работа, станувам и во 4.00-5.00 часот сабајле поради тоа што летам со авион, а се враќам околу 20.00 часот, но некогаш и подоцна во зависност од тоа колку време трае работата што ја работам“, опишува Јована.

    rnПрекрасни и успешни: Како им поминува денот на најубавите манекенки во Македонија?rnrnМожете да си замислите да станувате во 4 часот наутро? За моделите тоа е секојдневие! Сепак, и покрај пренатрупаниот распоред, Јована наоѓа време за семејството, пријателите и саканиот.rn

    „Кога се враќам, вечерам, разговарам со родителите, дечкото и пријателите, се бањам, го чистам лицето и мачкам со ноќна крема и легнувам што е можно порано за да можам наредниот да бидам наспана и свежа“, открива Јована.

    rnНема маратонско гледање серии до раните утрински часови за моделите. Квалитетниот сон е од клучна важност за нивниот прекрасен изглед. Но, спиењето не е единственото нешто што придонесува за нивната убавина. Вежбањето и здравата исхрана се исто така дел од секојдневието на Јована.rnrnПрекрасни и успешни: Како им поминува денот на најубавите манекенки во Македонија?rn

    „Кога работите надвор, многу е тешко истовремено да вежбате, бидејќи постојано сте во трчање и тоа е еден вид на кардио за мене. Од вежбање, вежбам само кардио бидејќи тоа е најдобриот начин на брзо слабеење и затегнување на телото. Што се однесува до исхраната, секогаш внимавам на неа и се хранам здраво. Јадам многу салати, риба, зеленчук и овошје“, открива Јована.

    rnЈована е вистински доказ за тоа дека воопшто не е лесно да се биде модел. Сепак, не мора да бидете модели за да изгледате убаво и здраво како неа. Негувајте го вашето лице, спијте доволно и откажете се од брзата храна.rn

    Горјана Кулишевска

    rnПрекрасни и успешни: Како им поминува денот на најубавите манекенки во Македонија?rnrnУште еден претставник од модната агенција Моделс Ин. Горјана оваа година беше одбрана за „Лице на годината“ од Македонија. Станува збор за светски избор на убавина познат како „Look of the Year“ чие финале се одржа на вулканскиот остров Искиа во Италија. Горјана иако има само 16 години, веќе почнува храбро да се пробива во светот на модата и да станува светски препознатлива. И покрај напорниот распоред, оваа средношколка успева да најде совршен баланс помеѓу модните ангажмани и училишните обврски.rn

    „Денот вообичаено ми започнува многу рано, пред сè поради моите обврски во училиште. Се обидувам некако да ги усогласам модните ангажмани со училишните обврски и засега добро ми оди. Професионалноста и одговорноста се клучните фактори во оваа професија, така што секогаш гледам да бидам навреме на секоја ревија и фотосесија за да ги завршам подготовките за тековниот настан“, открива Горјана.

    rnНајдобри пријатели на нејзината убавина се здравата исхрана и водата.rn

    „Консумирам најмалку 2 здрави оброка во текот на денот. Често ги подготвувам оброците од дома, за да можам да ги испочитувам правилата за здрава исхрана, што не би требало да биде само личен избор, туку и правило кон кое секој од нас треба да се придржува. Еден од најдобрите пријатели ми е водата. Без неа не би можела да го започнам, ниту да го поминам денот. Освен тоа, воопшто не консумирам газирани пијалаци, а ги заменувам со овошни шејкови“, објаснува Горјана.

    rnПрекрасни и успешни: Како им поминува денот на најубавите манекенки во Македонија?rnrnСпоред Горјана, негата на кожата е клучен фактор за една здрава и негувана личност, а правилото за нејзино одржување е многу едноставно.rn

    „Никогаш не легнувам без претходно да го исчистам лицето и да го нахранам со соодветна крема“, ни откри Горјана.

    rnЗаборавете на легнувањето со шминка! Без разлика колку ве мрзи и колку сте уморни, тоа е најголемото зло што можете да му го нанесете на вашето лице. Покрај редовната нега на кожата, Горјана исто како и Јована се обидува да вежба онолку колку што ѝ дозволуваат секојдневните обврски.rn

    „Се трудам секој слободен момент да го посветам на физичката активност, макар било тоа и пешачење, покрај редовните тренинзи во теретана. Доколку обврските не ми дозволуваат да ја посетам теретаната, во тој случај се трудам тренингот од најмалку 20 минути да го одработам дома“, објаснува Горјана.

    rnНесомнено е дека Горјана е млада и успешна моделка на која ѝ претстои блескава кариера, но таа не би била таму каде што е без безрезервната поддршка на нејзините родители, поради што им е неизмерно благодарна. Оваа млада дама е вистински пример за тоа дека без оглед на постигнатиот успех, човек секогаш треба да остане приземен и свесен за своето потекло и улогата на најблиските луѓе.rnrnПродолжете на следната страница за останатите убавици…rnrn

  • Совети од шамани што можат да ви помогнат во секојдневниот живот

    Совети од шамани што можат да ви помогнат во секојдневниот живот

    Врховниот шаман од Тува дава неколку совети за знаците во животот кои треба да научите да ги забележувате. Тој советува за среќата, радоста и богатството. Прочитајте ги и секогаш сетете се на нив кога треба да направите нешто важно во животот.rnrn1-soveti-od-shamanite-koi-mozhe-da-vi-pomognat-vo-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_rnrn1. Кога одите по пат и забележите перо што лежи на земјата, подигнете го и однесете го дома. Можете да го ставите во вазна, да го закачите, или само да го ставите на некоја полица. Тоа е моќна амајлија, која ви ја подарило небото. Забележувајте ги таквите знаци на Духовите.rnrn2. Собирајте камења од реката. Тие поседуваат голема сила и енергија.rnrn3. Со сите сили обидувајте се да им помагате на другите. Ако не можете да им подарите радост, барем не им наштетувајте.rnrn4. Тешкотиите се формалност! Сериозните тешкотии се сериозни, но формални. Постои небо, понекогаш е прекриено со облаци, но треба да се обидете да се издигнете над тие облаци и ќе го видите истото сино небо.rnrn5. За да се приближите до своите соништа, понекогаш е доволно да направите само еден чекор. Не плашете се од тешкотиите, нив секогаш ќе ги има. Нека сите вас ве следи бел пат во сите ваши потфати.rnrn6. Вашиот првенствен морален принцип мора да биде откажување од нанесување штета на кој било. Овој принцип во вашиот живот мора да биде многу цврст, така што ќе си велите: „Јас никогаш нема да наштетам никому.“ Размислете…rnrn7. Кога ќе станете извор на среќа на живите суштества, и вие самите ќе станете посреќни. А, ако сте станале извор на болка за другите, вие први ќе станете несреќни.rnrn8. Најмалку еден час дневно поминете во тишина… Таа ви е потребна исто како и комуникацијата.rnrn9. Умеењето да се сака е најголемата способност што постои на Земјата. Научете да сакате сѐ, па дури и вашите непријатели.rnrn2-soveti-od-shamanite-koi-mozhe-da-vi-pomognat-vo-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_rnrn10. Не фрлајте го ѓубрето во вода. Никако! Духот на водата може да се налути. За да се смири Духот на водата можете во водата да фрлате леб, млеко или парички.rnrn11. Обично своето минато го нарекуваме златна доба, златни денови. Тоа е грешка. Важно е да сфатите дека секој момент кој доаѓа во вашиот живот е всушност златно време.rnrn12. Не постои совршена религија и вера, но не постои ни лоша, бидејќи Бог е еден. Затоа молете се кому сакате, но имајте предвид една многу важна заповед: Живејте според совеста, почитувајте ги своите предци, сакајте.rnrn13. Ако сакате да го промените светот, прво променете се себеси. Научете дека поседувате енергија на радост и енергија на љубов. Ова се главните моменти и доживувања на човекот. Насмевката, смеата и радоста, поседуваат огромна сила. Кога ќе го научите тоа, ќе ја откриете љубовта за себе.rnrn14. Постои доста добра изрека: „Не сечете ја раката на оној што дава.“ Ако е можно, обидете се да им давате на сиромашните и на оние кои им е потребно. Не е важно што ќе биде тоа, важен е самиот процес.rnrn15. Животот е краток временски период. Не трошете го на расправии и солзи, навредување и алкохол. Можете да создавате добро, да раѓате деца, да се одмарате и да правите многу други убави работи.rnrn16. Ако вашиот сакан човек започнал да беснее на вас, и ако вие не сте виновни за неговото однесување, тогаш прегрнете го и држете го цврсто. Тој ќе се смири.rnrn17. Ако ви е тешко на душата и чувствувате замор, едноставно пејте… Пеењето е она што го сака вашата душа. Таа понекогаш сака само да прозбори.rnrn18. Секогаш имајте на ум: Не постои најисправна религија, не постои најисправна вера, ниту најмудри свештеници. Бог е еден. Бог е врвот на планината, а разните вери и религии се патиштата кон тој врв. Молете се кому сакате, но знајте, главната цел не е да бидете безгрешни, туку да го достигнете и спознаете Бог.rnrn19. Ако сте одлучиле да правите нешто, не се сомневајте во себе. Стравот ве тера да се откажете од првиот обид, бидејќи тој е средство на злото. Притоа не губете надеж ако нешто не ви успеало од прва. Секоја мала победа ве приближува кон големата.rnrn20. Запомнете една многу важна работа во животот: Секој го добива тоа што го заслужил. Не пуштајте си ги проблемите во душата и мислите, бидејќи само така нема да достигнат во вашето тело.rnrn3-soveti-od-shamanite-koi-mozhe-da-vi-pomognat-vo-sekojdnevniot-zhivot-www.kafepauza.mk_rnrn21. Животот може да ви го сврти грбот, но ретко кој сфаќа дека самите си го превртеле. Сите лоши мисли упатени кон другите се враќаат кон вас. Целата завист, исто така, на крајот доаѓа кон вас. Зошто ви е потребно тоа? Живејте спокојно и одмерено, не треба да завидувате на ништо. Па што ако некој има подобар автомобил од вас, неговиот образ нема да биде подобар поради автомобилот! Смејте се почесто, и со насмевка ќе ви одговараат случајните минувачи, вашите блиски, па дури и самиот живот.rnrn22. Ако сакате да ве почитуваат, со почит однесувајте се кон другите. На доброто одговарајте со добро, на злото одговарајте со рамнодушност. Човекот кој ви нанел зло, најмногу ќе пати од тоа што не сте обрнале внимание.rnrn23. Немојте да пиете. Воопшто, не пијте. Алкохолот ги уништува организмот, мозокот и душата. Алкохолот навистина убива, не правете глупости. За да се опуштите постои сауна, за да се развеселите постои песна, за да пронајдете заеднички јазик постои чај, а за да се запознаете со некоја жена постојат слатките.rnrn24. Не жалете за ништо, тоа е непотребно. Сѐ што се случува, се случува по ваша волја, и сѐ води кон подобро.rnrn25. Со слушањето добра музика се чистите од негативната енергија која ја акумулирате во текот на денот. Музиката е своевидна медитација која може да ви помогне да почувствувате хармонија со самите себе.rnrn26. За да дишете подобро, да не ве гуши срцето, научете да плачете!rnrn27. Секоја жена купувајќи производи, ги купува идните среќни денови за своето семејство. Секое свежо, убаво, сочно овошје или зеленчук со пријатен мирис е среќен ден и спокоен живот за тоа семејство. Мажите, од друга страна, треба да ѝ обезбедат пари на таа жена, така што таа ќе може да избира најквалитетни производи. Семејството кое штеди на производите станува сиромашно и несреќно, бидејќи штедењето на производите е штедење на среќата на своите родени.rnrn28. Ако чувствувате дека не ви е добро и дека сте загрижени поради нешто, започнете да изведувате лесно движење на телото во вид на танц. Ќе ја вратите својата енергија во претходната состојба и ќе го исчистите умот од болката.rnrnПогледнете ги и овие 8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба.

  • 10 чудни ситуации во кои сите ние се пронаоѓаме, но молчиме за тоа

    10 чудни ситуации во кои сите ние се пронаоѓаме, но молчиме за тоа

    Сите ние понекогаш се однесуваме смешно, па токму поради тоа ситуациите со кои се соочуваме секојдневно стануваат почудни и понепријатни. Одлучивме да го прекинеме молчењето и да проговориме за чудните работи кои секојдневно ни се случуваат.rnrn1-10-chudni-situacii-vo-koi-site-nie-se-pronaogjame-no-molchime-za-toa-www.kafepauza.mk_rn

    Сигурно ви е позната ситуацијата кога…

    rn1. Прашувате за цената на некој производ и сфаќате дека немате доволно пари за тоа, па се однесувате како да не сте сигурни дали ќе го купите или не.rnrn2. Ве фаќа паника, бидејќи сѐ уште сте на касата и ги собирате работите коишто сте ги купиле или го ставате кусурот во паричникот, а продавачката веќе започнала да ги повлекува производите од следниот купувач.rnrn3. Седите во кафуле, а луѓето од масата до вас започнуваат гласно да се смеат.rnrn4. Го слушате сопствениот глас на снимка и сакате да се извините на секоја личност со која некогаш сте разговарале.rnrn5. Среќавате некого што го познавате однекаде и се прашувате дали да го поздравите или не.rnrn6. Случајно наслушувате разговор помеѓу две непознати личности и во главата им го давате вашето мислење.rnrn7. Го изгаснувате светлото во бањата и брзо трчате во својата соба, бидејќи се плашите дека некој ќе ве зграпчи.rnrn8. Не можете да заспиете, а морате да станете рано за на работа, па размислувате „Имам 6 часа, 21 минута и 48 секунди сон доколку заспијам сега“.rnrn9. Ќе ве повика некој со кого не сакате да разговарате, па мора да причекате додека не престане да ѕвони за да можете повторно да го користите мобилниот.rnrn10. Излегувате од продавницата без да купите ништо и низ главата ви поминува мислата „Однесувај се нормално, не украде ништо“.