Сите кажуваме лаги, дури и на самите себеси. Понекогаш малите корекции на вистината се во ред, посебно кога треба да се заштитиме пред другите или да ја маскираме својата емоционална состојба. Но, постојат работи кои мораме да ги прифатиме без да ги криеме, првенствено од себе. Во тој контекст, прочитајте ги лагите кои треба да престанеме да си ги кажуваме себеси доколку сакаме да го разубавиме нашето секојдневие и нашиот живот.rnrn
rn
1. „Добро сум“
rnСосема е во ред да кажете дека сте добро кога не сакате да ги повредите своите најблиски. Но, лошо е кога ќе почнете тоа да си го кажувате себеси. Кога луѓето се соочуваат со некои проблеми и потешки ситуации, тие често наместо да се обидат да ги решат со време, се обедуваат да се убедат себеси дека сѐ е во ред. Морате храбро да се соочите со реалноста. Сите сме луѓе, а проблемите се јавуваат дури и во оние моменти кога сѐ правиме како што треба. Соочете се со нив за мирно да продолжите кон своите цели.rn
2. „Тој/таа не ми треба. Подобро е да бидам сам/а“
rnПонекогаш ги бркаме луѓето кои се грижат за нас бидејќи мислиме дека ќе биде полесно за сите доколку не дозволиме никој да се вмеша во нашите обврски и одговорности. Сите потајно се плашиме да бидеме повредени, но не треба само поради тоа да пропуштиме да доживееме едно неверојатно животно искуство. Да се има некој кој ве сака и на чија поддршка можете да сметате во секое време е нешто незаменливо и непроценливо. Признајте си себеси дека целта на секој однос е меѓусебното унапредување и дека не ви подобро кога сте сами.rn
3. „Нема да се менувам. Таков/таква сум каков/каква што сум“
rnОва најчесто го кажуваме кога ќе направиме нешто лошо поради кое се каеме и со ваквата изјава се обидуваме да се чувствуваме полесно и да имаме повеќе самодоверба. Луѓето честопати знаат да ја изговорат оваа реченица кога веруваат дека промената е невозможна и дека немаат доволно сила да поработат на себе. Вистината е сосема спротивна и вели дека луѓето најлесно се менуваат бидејќи во нивната природа е да се прилагодуваат на околината. На тој начин еволуираме и напредуваме.rn
4. „Не можам“
rnОвде нема што многу да се кажува бидејќи насекаде околу нас има примери на луѓе кои успеале. Оваа лага е една од најлошите што можеме да си ја кажеме и која автоматски го убива нашиот елан и самодоверба, успешно уништувајќи го и нашиот потенцијал за успех. Вие навистина можете сѐ, кога верувате во тоа. Доколку себеси се убедувате во спротивното, тогаш нема да постигнете ништо. Затоа заборавете на сѐ и храбро тргнете напред.rn
5. „Не заслужувам да бидам среќен/среќна“
rnИмате погрешно мислење, бидејќи секој заслужува среќа. Среќата е слободен избор и космосот ја содржи во доволна количина за сите нас. Колку повеќе ја делиме со другите, толку повеќе ни останува. Доколку сте направиле нешто погрешно и за тоа ви е жал, тогаш сигурно заслужувате уште една шанса. Сите се надеваме на среќата и затоа кога себеси си велите дека не заслужувате да бидете среќни, тогаш само непотребно и лошо се лажете.rn
6. „Сега не е вистински момент“
rnНикогаш не е вистинскиот момент. Доколку постојано велите „не сега“, тоа полека ќе прерасне во „никогаш“. Не постои подобар момент да направите нешто што сакате од сегашноста. Откажете се од лошите навики, јавете ѝ се на таа личност, започнете да се подготвувате за испитот, извинете се некому, запишете курс… Никогаш не е доцна.

rnrn

















rnrn
rnrn
rnrn
rnrn

rnrn
rnrn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
















