КАФЕ ПАУЗА

Tag: секојдневие

  • 12 причини зошто се чувствувате „растргнато“ и како да се ослободите од тоа чувство

    12 причини зошто се чувствувате „растргнато“ и како да се ослободите од тоа чувство

    Среќата и исполнетоста не се врзани за банкарската сметка, материјалните работи или бројот на пријатели на социјалните мрежи. Доколку се чувствувате лошо и исцрпено можеби премногу се грижите за одредени навики поради кои вашата енергија опаѓа. Па, доколку ви е смачено од тоа да се чувствувате „растргнато“, погледнете ги следниве навики кои водат до појавата на ова чувство и откријте како да ги промените…rnrn1-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_rn

    1. Социјална изолација

    rnrnИзолирањето од луѓе го намалува квалитетот на вашето ментално и физичко здравје. Дури и на оние кои преферираат самотија им е потребен некој кој ќе им биде поддршка, некој со кого ќе можат да поразговараат кога ќе почувствуваат желба за тоа. Па така, вложувајте во односите со луѓето за кои се грижите.rn

    2. Правење компромис кога не е потребно

    rnНе постои совршен живот, па поради тоа компромисот е природна и здрава реакција. Но, размислувањето на негативен начин како „Ова е најдоброто што можам да го добијам“ или „Не заслужувам подобро“ доведуваат до непотребен стрес. Немојте да се воздржувате, охрабрете се и донесете одлуки кои ќе го променат вашиот живот кон подобро.rn

    3. Толерирање на сопствената несреќа поради туѓа среќа

    rnЧесто имаме грижа на совест кога ќе одбиеме некого кој од нас побарал услуга или нè повикал да одиме некаде заедно. За тоа нема потреба, бидејќи во овој случај е подобро да одговориме вистинито отколку подоцна да се каеме и да се нервираме поради тоа што сме се согласиле на нешто што не нè прави среќни.rn

    4. Трошење над својата финансиска можност

    rnТрошењето на парите кои всушност ги немате само може да доведе до претерано нервирање. Принципот е навистина едноставен – додека платата не ви легне на сметка, немојте да ги „пеглате“ картичките.rnrn2-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_rn

    5. Постојано замерување

    rnИсфрлете ја оваа негативност и горчина од вашиот живот. Замерките можат само да ви ја влошат ситуацијата, па затоа држете се до принципот – опростете и заборавете. Знаеме дека е полесно да се каже отколку да се направи, но бидете упорни и со тек на време ќе ја совладате оваа препрека.rn

    6. Посветување премногу време на нешто или некого

    rnСекако дека е во ред да посветите дел од вашето време на вашите најблиски кога сте им потребни или на работните обврски, но во текот на денот немојте да заборавите на себе. Без разлика на тоа колку е густ вашиот распоред, секогаш издвојувајте барем еден час за себе. Опуштете се, читајте книга, гледајте епизода од вашата омилена серија или пак поспијте.rn

    7. Консумирање брза храна

    rnЛошиот начин на исхрана кој е преполн со брза храна или преработени производи може да има големо влијание на нивото на вашата енергија. Затоа во поголем дел од времето избирајте здрава храна, а само одвреме-навреме почестете се со оброк во ресторанот за брза храна.rn

    8. Поминување голем дел од времето на социјалните мрежи

    rnНа социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм поголемиот дел од корисниците го покажуваат својот живот на лажен начин. Таквите дотерани и совршени животи не постојат зад завесата. Реалноста е поразлична и не дозволувајте си да се залажувате и депримирате. Социјалните мрежи се забавни и корисни, но во умерени количини.rnrn3-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_rn

    9. Чување на мобилниот телефон до креветот

    rnКога ќе заминете на спиење мобилниот телефон ставете го на сигурна далечина, бидејќи доколку не ви се спие, а вашиот мобилен е покрај вас, големи се шансите дека ќе го земете во раце. Тоа не е добра идеја, бидејќи менталната стимулација и силното сино светло можат да го променат вашиот биолошки ритам и телесниот часовник, па користењето на мобилниот само повеќе ќе ве разбуди.rn

    10. Излежување на кауч

    rnНаместо да се излежувате неколку часа на каучот, направете компромис со кој ќе ги „наполните батериите“. Издвојте еден час за вежбање или некоја друга физичка активност по ваш избор, а потоа следниот час искористете го за одмор на каучот. Ова е одлична комбинација поради која со сигурност ќе се чувствувате подобро и поодморено.rn

    11. Поплаки

    rnЗа вашето ментално здравје нема поголема корист од позитивниот начин на размислување. Со постојаното приговарање и фокусирање на негативното или пак на работите кои не можете да ги промените само ќе се чувствувате безволно и исцрпено.rn

    12. Стагнација

    rnНекогаш знаеме да помислиме дека сме западнале во рутина. Секојдневната рутина можете да ја разбиете така што ќе излезете од вашата сигурна зона и ќе испробате нешто ново. Можете на неколку дена да отпатувате некаде или доколку мислите дека ова е премногу драстично, тогаш наместо да зготвите ручек посетете го вашиот омилен ресторан. Исто така, можете да прошетате или да посетите музеј. Немојте да се плашите да внесете новини во вашиот живот, бидејќи и најмалата промена значи многу кога е среќата во прашање.rnrn4-kako-da-se-oslobodite-od-niv-12-nachini-poradi-koi-se-chuvstvuvate-rastrgnato-www.kafepauza.mk_

  • 10 навики на жените кои секогаш го слушаат своето срце

    10 навики на жените кои секогаш го слушаат своето срце

    Најуспешните, најсреќните и најздравите жени чиј живот е секогаш под контрола веруваат во својата внатрешна мудрост. Нивното секојдневие е исполнето со позитивност, креативно и критичко размислување, анализирање дури и на најситните детали и љубов, благодарност и способност за прошка. Следните 10 работи ги прават само оние кои секогаш го слушаат своето срце и размислуваат со емоциите.rnrn10 навики на жените кои секогаш го слушаат своето срцеrnrn1. Тие прифаќаат дека не можат да ја контролираат иднината. Ако нешто треба да биде дел од нивниот живот, тогаш тоа ќе биде. Никогаш не сакаат да го одредуваат текот на судбината и веруваат дека ако мислат позитивно, тогаш ќе им се случуваат позитивни работи.rnrn2. Наместо да се фокусираат на тоа што може да тргне на лошо, тие се фокусираат на тоа што може да тргне на правилниот пат, на добро. Нивната одлучност ги води напред, а нивната тенденција никогаш да не се откажуваат им го гарантира успехот.rnrn3. Тие не се обидуваат да ја пронајдат својата цел во животот, бидејќи живеењето на животот е целта. За нив, секој нов ден е нов почеток и уште едно поглавје од нивната возбудлива животна авантура.rnrn4. Тие проблемите ги гледаат како патишта низ кои треба да поминат. Сите пречки кои ги среќаваат се само тест за нивната волја, амбиција и желбата за успех.rnrn5. Тие дејствуваат по уверувањето дека животот станува подобар заради промените, а не случајноста. За нив, сѐ се случува со причина и никогаш не се плашат од новото и непознатото.rnrn6. Тие го менуваат тоа што не можат да го прифатат и се предаваат на она што не можат да го променат. Во моментите кога знаат дека не можат да направат промена, дури и кога ќе дадат сѐ од себе, тогаш ја применуваат втората најдобра работа – помирување со текот на настаните и нивното прифаќање.rnrn7. Го елиминираат од животот тоа што повеќе не им служи. Не сакаат да го натрупуваат ниту својот дом, ниту својата психа со непотребни работи кои само зафаќаат простор. Сакаат да ги држат своите опции отворени за нови шанси, можности и познанства.rnrn8. Веруваат дека работите не им се случуваат ним, туку заради нив. Тие се причината што ги китат своите животи со успеси и достигнувања. Дури и кога поминуваат низ тешки периоди, знаат дека исто како што дошле, така и ќе поминат.rnrn9. Тие одговорите ги бараат во себе. Во своето срце и својата душа. Не дозволуваат туѓото мислење да ги оформи нивните ставови, верувања и мислења. Пред да ги слушаат другите, тие го слушаат срцето.rnrn10. Тие знаат дека наместо крајната цел, многу е поважно тоа што ќе се научи и ќе застане на животниот пат. За нив, патувањето е вистинската награда. Не е важно дали победиле или не, важно е што учествувале и дале сѐ од себе за да стигнат на местото кое што стигнале, не откажувајќи се од својот морал, својот став и својата внатрешна сила.

  • Како да бидете поприсутни во својот живот?

    Како да бидете поприсутни во својот живот?

    Има безброј придобивки од тоа да се биде „активно присутен“ во вашиот живот, односно да се обрнува внимание на светот околу вас, како на пример, намалување на стресот, зголемување на продуктивноста, поквалитетни врски, односи и комуникација. Но, понекогаш тоа што е едноставно може да биде многу тешко во пракса. Во тој контекст, прочитајте ги следниве 5 совети како да живеете во сегашноста и никогаш повеќе да не ги губите моментите.rnrnКако да бидете поприсутни во својот живот?rn

    1. Правете ги работите по ред, една по една

    rnВо теорија, мултитаскингот е фантастичен, но во праксата тоа обично значи дека вниманието ви е поделено на многу работи и на ниту една од нив не се задржува доволно. Истражувачите од Универзитетот Стенфорд по низа студии откриле дека луѓето кои прават повеќе работи истовремено не обрнуваат толку внимание, не ја контролираат својата меморија и се преместуваат од една работа во друга за разлика од оние кои преферираат да ги завршуваат своите обврски една по една.rn

    2. Користете ги сите свои сетила

    rnОва можеби ќе ви звучи малку модернистичко, но следниот пат кога ќе јадете, немојте само да ја вкусите храната, туку обидете се и да забележите како изгледа и како мириса пред да ја изедете. Ова ви дозволува да бидете целосно посветени на тоа што го правите во моментот и е еден нов, интересен начин да ѝ пристапите на храната.rn

    3. Поминете 5 минути од денот не правејќи ништо

    rnБарем 5. Доколку можете да си дозволите и 10, уште подобро. Вежбањето свесност е одличен начин да бидете присутни во моментот. Ќе се фокусирате само на дишењето и нема да се грижите за ништо друго. Ова е фантастична можност да се опуштите.rn

    4. Оформете вистински врски

    rnОбидете се да не комуницирате само преку социјалните мрежи, туку и да остварите директен контакт. Гледајте во очите кога разговарате со другите луѓе. Доколку живеете со своето семејство или своите пријатели и сакани, прашајте ги како го поминале својот ден. Лесно е и ќе се чувствувате исполнето и весело без некоја посебна причина.rn

    5. Контролирајте го користењето на технологијата

    rnМодерниот свет е преполн со секакви информации кои ве тераат да го проверувате својот телефон на секој половина час. Но, тоа не мора да биде така. Одредете конкретно време во кое ќе го проверувате телефонот, на пример секоја ноќ, веднаш пред вечерата. И обидете се остатокот од вечерта да го поминете без да ги користите вашите електронски апарати како таблетот, компјутерот, телефонот… Со нивното ограничено користење навечер, ќе станете многу поефикасни во извршувањето на задачите и обврските и ќе научите да ги цените активностите кои ви се случуваат во моментот.

  • 7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

    7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

    Денешното модерно секојдневие е нешто што може да се живее само со брзо темпо и навидум изгледа како да не можеме да направиме мала пауза и да одвоиме малку време за себе. Затоа, клучно е да пронајдеме рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот. Во тој контекст, прочитајте ги 7-те нешта кои би требало да ги прават сите типови луѓе за да останат свесни и ментално подготвени да се соочат со секоја ситуација, дури и во најзафатените денови.rnrn7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој денrnrn1. Започнете го утрото со медитација. Вашата листа со обврски кои треба да ги завршите тој ден е веројатно доста долга, но доколку наутро се обидете да одвоите 15 минути за лесни вежби или медитација ќе добиете ефективен начин за момент да го блокирате остатокот од светот.rnrn2. Вербализирајте ги вашите цели, не само вашите дневни задачи. Го трошите вашето драгоцено време, но и енергија, ако секојдневно ја микроменаџирате секоја одделна задача која треба да се заврши за вас и вашите најблиски. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на крајната цел наместо на индивидуалните ситни задачи и обврски.rnrn3. Кажете дека имате некоја важна средба. Во вашиот календар забележете 1-2 часа кои ќе ги одвоите за себе, а другите ќе мислат дека сте на некоја важна средба. Искористете ги часовите да ги проверите социјалните мрежи, да ги прегледате веб-сајтовите кои ги следите или што било друго што ве прави да се чувствувате исполнето. Никој не мора да знае.rnrn4. Направете маникир или одете на масажа. Знаеме дека никој не прави маникир секој ден, освен ако не е некоја личност која може да си го дозволи тоа и временски и финансиски, но маникирот или 10-минутната масажа можат да направат чуда за вашето расположение и енергија.rnrn5. Помирисајте лимон или портокал. Според научните истражувања, мирисањето на цитрусите може да ја намали напнатоста, стресот, анксиозноста и да ги смири нервите.rnrn6. Направете нешто спонтано. Правењето нешто непланирано и неочекувано ќе ви помогне да се опуштите и да научите како полесно да ги заборавите и да се ослободите од нештата во иднина.rnrn7. Спијте со пенкало и хартија покрај вашиот кревет. Според психолошките студии, издвојувањето на 2-3 минути за да ги запишете своите мисли пред спиење е еден од начините подобро да заспиете и да не се чувствувате како зависник од контрола следното утро.

  • Интересни илустрации ни покажуваат како изгледа животот на жените кои чуваат кучиња

    Интересни илустрации ни покажуваат како изгледа животот на жените кои чуваат кучиња

    Оваа илустраторка на интересен и забавен начин ни покажува како изгледа едно секојдневие на жените кои чуваат кутриња, почнувајќи од утрото, па сѐ до вечерта. Жените кои чуваат кутриња се грижат за своите миленичиња 24/7 и тие се постојано покрај нив или им се во мислите. Затоа, Натали Марион решила да ги направи овие разиграни илустрации со кои ќе ни прикаже како изгледа животот на сопствениците на кучиња. Таа се опишува себеси како професионален цртач и изработувач на работи кој преку ден работи во студиото за дизајн „The Park“, а навечер го документира нашиот свет. Погледнете.rnrn

    Вака велиме добро утро.
    Вака велиме добро утро
    rnrn

  • 15 работи кои секоја типична девојка ги прави во љубовната врска

    15 работи кои секоја типична девојка ги прави во љубовната врска

    Секоја девојка е посебна на свој начин и нормално дека по некои карактеристики се издвојува од останатите. Меѓутоа постојат работи кои речиси секоја девојка ги прави, и вие доколку сте во врска сигурно ги имате забележано. Мажите најчесто не можат да разберат зошто девојките се опседнуваат со овие неколку нешта, но принудени се да ги прифатат па дури и поддржат во одредени случаи. Сигурни сме дека ќе ја препознаете вашата девојка барем во половина од следниве 15 работи кои се нејзино секојдневие, а ваш кошмар…rnrn15 работи кои секоја типична девојка ги правиrn

    1. Храната служи за две работи: Преживување и Инстаграм

    rnНемојте ни да помислите да го допрете клуб сендвичот додека не биде прво совршено наместен и овековечен на фотографија која треба да собира лајкови на Инстаграм.rn

    2. Кога излегува новата сезона на „Портокаловата е новата црна“ (Orange is the New Black) знаете дека тоа ќе биде главната окупација цел викенд

    rnПоентата е дека заедно сте посилни и без проблем ќе можете да ја совладате цела сезона за 1 ден.rn

    3. Нејзината несовршена растурена пунџа целосно влегува во вашето лице додека се гушкате

    rnДали знаете колку е тешко да се направи растурената пунџа да изгледа совршено растурена? Многу тешко. Толку тешко, што вие ќе мора да најдете начин да се гушкате со неа и да уживате во секој момент од тоа.rn

    4. Вашата рака е нејзиниот човечки селфи стап

    rnИ многу ќе биде забавно! Ќе направите толку многу селфиња, ќе ги откриете сите вистински агли и ќе научите колку нервира тоа што мобилниот телефон ја превртува фотографијата откако ќе се сликате.rn

    5. Одите на љубовни состаноци коишто се посебно испланирани само затоа што местата се популарни на Инстаграм

    rnНема врска тоа што ќе чекате два часа за да бидете послужени откако сте чекале два часа за да фатите маса. Тоа смуди е неверојатно и вреди за целата мака. Кога велиме вреди, мислиме вреди според најверодостојниот извор на светот – Инстаграм.rnrn15 работи кои секоја типична девојка ги правиrn

    6. Го имате научено секој стих од секоја нова песна на Тејлор Свифт и Џастин Бибер

    rnНа почетокот пробавте да се спротивставите, но по некое време се фативте себеси како цело време си потпевнувате „Is it too late now to say sorry?“. И се чувствувате просто волшебно!rn

    7. Мора да покажете почит кон совршената шминка и прамените кои ги извадила

    rnЗнаете ли колку часови поминала гледајќи туторијали на Јутјуб за да научи како да го намачка лицето? Знаете ли колку часови поминала во фризерски салон за да ја добие токму оваа нијанса? Никој не кажал дека да се биде убав е лесно, но правило е дека сите мора да дадат комплимент за совршениот изглед.rn

    8. Одбирањето филтри и хаштагови на Инстаграм е вашата регуларна активност секогаш кога сте заедно

    rnВе молиме обрнете посебно внимание на игрите со зборови! Зарем вреди да се објави совршено добра фотографија со крофна, ако под неа нема интересен и досетлив опис?!rn

    9. Таа не слави роденден, таа слави роденедела

    rnПогрешно: Што ќе правиме за твојот роденден?rnrnПравилно: Што ќе правиме секоја вечер од твојата роденденска недела?rn

    10. Ако ви каже дека е готова за 5 минути, подобро заземете удобна позиција затоа што ќе си почекате уште цел час

    rnЗнаете како велат: Совршеното мачкино око не било создадено за 5 минути.rnrn15 работи кои секоја типична девојка ги правиrn

    11. Ако некогаш ја повредите, подгответе се да се соочите со нејзината екипа

    rnНемојте да си играте играчки со нејзината женска екипа, бидејќи голема е веројатноста дека ќе го пронајдете вашето име со натпис за тоа колкав кретен сте биле во женскиот тоалет на секоја можна дискотека во градот.rn

    12. Ако сакате одново да го преживеете вашиот љубовен состанок, проверете ја нејзината приказна на Снепчет

    rnСè си стои таму: Од моментот кога влеговте во автомобилот и ја слушавте Бијонсе, до моментот кога седнавте на вечера и нарачавте вино.rn

    13. Ви се чини дека е опседната со сè и сешто

    rnИ тоа е навистина така! Таа се возбудува за секоја најмала ситница што се случува животот.rn

    14. Подгответе се за бура на емотикони!

    rnСигурни сме дека веќе течно научивте да го зборувате јазикот на емотиконите затоа што тоа е основниот јазик на кој секојдневно комуницирате.rnrn15 работи кои секоја типична девојка ги правиrnrnПревод: „Дали сакаш пица?“rn

    15. Целиот свет мора да знае дека вие сте најслаткиот пар што постои

    rnСекоја можна фотографија од вас двајца на која изгледате неверојатно заљубени и слатки мора да биде објавена и тоа задолжително надополнета со хаштаг #RelationshipGoals. Како инаку би дознал светот за вашата љубов? И што вреди да се биде во врска ако секој ваш посебен момент не биде јавно објавен?rnrnКолку и да ви изгледаат овие работи смешни и луди, мора да признаете дека ви го прават животот поинтересен и поисполнет. Верувајте дека би ви било здодевно кога жените не би биле токму онакви какви што се: Посебни и единствени.

  • Хумористични манипулации со фотографии од вообичаеното секојдневие

    Хумористични манипулации со фотографии од вообичаеното секојдневие

    Вообичаеното секојдневие често знае да станува монотоно. За среќа, тука се уметниците со креативна смисла за хумор и иронија кои успешно внесуваат доза позитивна разлика во него. Токму Џејмс Попсис е еден од нив.rnrn(23)-humoristichni-manipulacii-so-fotografii-od-voobichaenoto-sekojdnevie-kafepauza.mkrnrnКако талентиран фотограф кој живее во Лондон, тој е познат по неговите хумористични дела во областа на композитната фотографија. Фотографирајќи различни места и ситуации од секојдневниот живот, а потоа креативно спојувајќи повеќе кадри во една, тој успева на едноставно јасен начин да претстави една сосема нова слика на секојдневието која е необична и забавна. Погледнете…rnrn

  • 8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлуки

    8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлуки

    Ако претпоставуваме дека разбираме зошто размислуваме и ги правиме работите на одреден начин, тогаш веројатно грешиме. Со децении долгите истражувања покажуваат дека луѓето се однесуваат на начин кој е мистериозен и збунувачки – дури и за самите нив. Во продолжение прочитајте ги 8-те психолошки откритија кои објаснуваат дел од одлуките што ги правиме секој ден.rnrn8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлукиrn

    1. Честопати се согласуваме со мислењата на другите, дури и ако е очигледно дека другите грешат

    rnПсихологот Еш направил експеримент уште во 50-тите години на минатиот век каде учесниците требало да кажат која од трите линии е најдолга. Едната линија очигледно била подолга од останатите. Во секоја околност, еден учесник бил опкружен со група луѓе кои тврделе дека најкратката линија е најдолга. Дури ¾ од учесниците се сложиле со групата. Подоцнежните експерименти во кои се скенирал мозокот, покажале дека групниот притисок предизвикувало промена во перцепцијата за реалноста на луѓето, додека несогласувањето со групата ги правело да се чувствуваат неудобно.rn

    2. Погрешно претпоставуваме дека повеќето луѓе го поддржуваат однесувањето на другите

    rnЕден начин да се објасни овој феномен е кога „никој не верува, а сите мислат дека сите веруваат“. Со други зборови, поединци во групата приватно веруваат во едно, но мислат дека сите останати во групата веруваат во спротивното. Кога психолозите Даниел Кац и Флојд Алпорт во 1931-та година испитувале студенти за расната сегрегација, повеќето од нив не ја поддржувале, но биле убедени дека нивните пријатели ја поддржуваат. Истите резултати се покажале и во скорешните истражувања за консумацијата на алкохолот помеѓу студентите. Повеќето не ја практикувале, но мислеле дека тие се оние кои се издвојуваат од другите.rn

    3. Повеќе ги сакаме луѓето кои се однесуваат слично како нас

    rnВеќе е познато дека ако сакате да добиете нешто од некого, треба суптилно да го имитирате нивниот говор на телото. Овој ефект е познат како „камелеонов ефект“.rn

    4. Мислиме дека имаме силно влијание врз функционирањето на работите, иако тоа не така

    rnТоа објаснува зошто секогаш мислиме дека сме заглавиле во побавниот ред во продавницата или во подолгата колона на патот. Таа врска се појавува кога се чини како две работи да се поврзани, иако не се. Затоа кога стоите во ред, забележувате само две работи: Редот кој сметате дека се движи побрзо од вашиот и себеси. Не обрнувате внимание на фактот дека всушност и вие брзо се приближувате до касата.rn

    5. Не размислуваме секогаш рационално кога работиме во група

    rnПознатиот психолог Бен Датнер вели:rn

    „Понекогаш, најдобрата работа која лидерот може да ја направи за да го спречи „групното размислување“ е да отстапи од својот тим и да овозможи групата да дојде до својот независен консензус пред да се донесе некоја финална одлука.“

    rn

    6. Можеме да бидеме погруби кон другите отколку кон себеси

    rnЧестопати мислиме дека туѓите грешки се резултат на личните пропусти, а нашите грешки се резултат на околностите. Така на пример ако некој ве турне на поминување, ќе помислите дека е луд пред да му се случи нешто. Но, ако вие некого поттурнете, вие сте љубезни и знаете дека не сте го направиле тоа намерно.rn

    7. Не сме свесни што влијае врз нашето однесување

    rnВо една студија, на учесниците им била дадена плацебо таблетка и им било кажано дека ќе им се намали болката кога примаат електрични шокови. Откако ја зеле таблетката, учесниците можеле да издржат дури 4 пати поголема болка. Но, кога ги прашале зошто одеднаш повеќе ја толерираат болката, тие не го поврзале своето однесување со пилулата туку давале разни објаснувања – на пример дека се навикнале и слично.rn

    8. Мислиме дека сме попривлечни некому кога ќе ги сретнеме во опасни ситуации

    rnБројните истражувања покажуваат дека првата средба треба да биде возбудлива. Состанокот на кој сте вклучиле и доза адреналин – вртелешка, хорор филм (па дури и ако сте се нашле во некоја навистина опасна ситуација), го помага стимулирањето на мозокот и луѓето мислат дека навистина уживаат во вашето друштво. Што, се разбира, е вистина, но чувството дополнително се засилува.

  • 9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле

    9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле

    Секоја кујна содржи алуминиумска фолија во една од фиоките, но ретко кој знае дека покрај нејзината конвенционална употреба, алуминиумската фолија може да се користи и на неколку други начини кои можат значително да го олеснат секојдневието. Во продолжение прочитајте ги овие 9 интересни начини на кои можете да ја употребите алуминиумската фолија, за кои веројатно досега не сте слушнале.rnrn9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаелеrnrn1. Омекнете го кафеавиот шеќер така што ќе го смотате во алуминиумска фолија и ставете го во рерна загреана на 150°C, на 5 минути. Така добиениот шеќер можете да го додавате во кафето или своите омилени колачи и да бидете сигурни дека ќе биде стопен.rnrn2. Доколку сакате вашиот леб, колачи или печива да останат свежи и меки, замотајте ги во алуминиумска фолија.rnrn3. Вратете го сјајот на своите омилени сребрени предмети: Прекријте го дното на една тава со алуминиумска фолија, ставете малку вода и додадете 2 лажици сол. Ставете го вашето сребро во оваа смеса и оставете да делува 3 минути. Почекајте да се исуши и потоа пребришете го со крпа. Среброто ќе сјае како ново.rnrn4. Направете топка од алуминиумска фолија и искористете ја за чистење на тавите, лонците, тенџерињата и решетките од скарата и рерната.rnrn5. Исчистете го накитот така што ќе го прекриете дното на едно тенџере со алуминиумска фолија и ќе додадете прашок за перење облека. Потоа, само измијте го накитот со вода и оставете го да се исуши.rnrn6. Олеснете си го пеглањето на облеката така што ќе ја прекриете штицата за пеглање со алуминиумска фолија и ќе ставите крпа преку неа. На тој начин ќе ги испеглате двете страни истовремено и ќе заштедите време.rnrn7. Пеглата можете да ја исчистите со алуминиумска фолија.rnrn8. Свиткајте ја фолијата неколку пати и исечете ја со ножици. Тоа убаво ќе ги наостри ножиците.rnrn9. За да ги заштитите растенијата од инсекти, ставете неколку парчиња алуминиумска фолија помеѓу нив.

  • 12 корисни трикови што се учат за неколку минути, но кои можат да ви го олеснат секојдневието

    12 корисни трикови што се учат за неколку минути, но кои можат да ви го олеснат секојдневието

    Сите ги сакаат оние едноставни и лесни трикови кои го олеснуваат секојдневниот живот, особено кога можат да се научат за само неколку минути. Иако 60 секунди изгледаат како недоволно време за да се совлада некоја нова техника или вештина, сепак би се изненадиле кога ќе погледнете што сѐ можете да научите за толку мал период. Во продолжение прочитајте ги овие 12 брзи трикови кои ќе ви ги олеснат секојдневните обврски.rnrn12 корисни трикови што се учат за неколку минути, но кои можат да ви го олеснат секојдневиетоrn

    1. Запрете ја кивавицата

    rnДобро познатиот трик кога го затнувате носот со прстите не е единствениот кој може да се употреби кога сакате да ја запрете кивавицата. Исто така, можете да го дувнете носот пред да кивнете бидејќи така ќе ги исчистите синусите што е и главната причина за појавата на кивавица. Потоа, можете да ја штипнете горната усна со вашиот палец и показалец, каде палецот ќе биде кај едната ноздра, а показалецот кај другата. На крај, можете силно да го притиснете врвот на јазикот зад вашите предни заби, на горното непце во усната празнина, додека не ви помине дразбата.rn

    2. Започнете ја секоја мисла со прашањето „Зошто…?“

    rnОва можете да го практикувате за секоја ситуација и не само за бизнис плановите и работните задачи. Дури и кога станува збор за здравјето, животните одлуки, среќата, (не)правилната исхрана, запрашајте се зошто го правите тоа или зошто избегнувате да направите нешто што треба да направите во врска со овие теми. Тоа е еден едноставен пристап со огромен потенцијал и примена.rn

    3. Зачувајте го тонерот кога печатите

    rnКога ги печатите документите, сменете го текстот од црн во темно сив. Ова нема да направи големи разлики во квалитетот на документот туку само ќе ја зголеми брзината на печатење и употребата на тонерот што е особено важно доколку печатите дома, бидејќи така заштедувате пари.rn

    4. Вежбајте ги мускулите додека работите на вашето биро

    rnПритиснете ги дланките најсилно што можете. Ќе почувствувате притисок во градните мускули, рамената и мускулите на рацете. Оваа вежба бара минимален напор и движење, а ги зајакнува мускулите.rn

    5. Зачувајте го времето со компјутерските кратенки

    rn

      rn011

    • За да отворите ново прозорче: Ctrl T
    • rn011

    • За да затворите прозорче: Ctrl W
    • rn011

    • За да се движите од едно прозорче кон друго: Ctrl PgUp и Ctrl PgDn
    • rn011

    • Да отворите неодамна затворено прозорче: Ctrl Shift T
    • rn011

    • Да најдете конкретен текст на веб-сајт: Ctrl F
    • rn011

    • Да ја намалите или зголемите големината на текстот: Ctrl + или Ctrl –
    • rn011

    • Да отворите линк во ново прозорче: Ctrl и кликнете на линкот
    • rn

    rn

    6. Променете го текстот во Ворд

    rnОбележете го текстот кој сакате да го промените и притиснете Shift и F3. Кога ќе кликнете еднаш, ќе го конвертирате текстот да биде со големи букви, ако кликнете два пати ќе го конвертирате да биде само со мали букви, а доколку кликнете три пати ќе ги направите првите букви од секој збор големи.rn

    7. Расчистете ги мислите

    rnНа крајот од денот, одвојте една минута за да го анализирате денот. Што сте направиле, зошто сте го направиле тоа, што сте можеле да направите но не сте го сториле тоа бидејќи сте биле исплашени или мрзливи, како да го подобрите она што ќе го направите… Правете го ова секогаш пред спиење и добриот сон ќе ви биде гарантиран.rn

    8. Никогаш не праќајте имејл по грешка

    rnКога пишувате имејл пополнете го името или адресата на примателот последно. Вака, дури и да кликнете на опцијата за испраќање, имејлот нема да биде испратен.rn

    9. Секогаш знајте дали сте го испиле лекот

    rnЗа оние лекови кои треба да ги пиете два пати дневно, завртете го шишенцето или кутијата наопаку и свртете го на десната страна откако ќе ја испиете утринската доза. За лекови кои треба да ги земате три пати во денот, свртете го шишенцето или кутијата на левата страна наутро, на предната страна на пладне и на десната страна во вечерите.rn

    10. Зачувајте ја батеријата на вашиот смартфон

    rnКога не користите интернет, исклучете ја опцијата и за безжичен интернет и за дата интернет, или вклучете ја опцијата за авион. Кога сте надвор од мрежа, вашиот телефон постојано бара нови што ја празни батеријата многу побрзо.rn

    11. Имајте попродуктивен ден

    rnНаутро, кога станувате да одите на работа или на факултет, првото нешто што треба да го направите е да ги одредите своите приоритети. Повеќето луѓе го започнуваат денот проверувајќи го својот телефон, но одредувањето на приоритетите треба да се прави кога вашиот мозок е свеж и најдобро функционира. Ова е првиот чекор кон продуктивноста.rn

    12. Знајте на која страна е резервоарот без да излегувате од автомобилот

    rnДоколку погледнете во малиот индикатор за бензин на контролната табла во автомобилот ќе забележите мала стрелка. Таа покажува всушност на која страна се наоѓа резервоарот во вашиот автомобил.