КАФЕ ПАУЗА

Tag: секојдневие

  • Животот на еден невидлив човек

    Животот на еден невидлив човек

    Фотографиите кои следат се дел од креативната колекција на францускиот фотограф и графички дизајнер Malo. На сите фотографии е прикажано секојдневието на еден невидлив човек и како тој го поминува својот ден.rnrnЖивотот на еден невидлив човекrnrnСеријата фотографии е приказ на секој човек кој живее релативно нормален живот, но постојано останува незабележан од останатите. За жал оваа серија фотографии е многу реална, бидејќи голем дел од луѓето често се чувствуваат како невидливи за луѓето кои ги опкружуваат.rnrnЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човекЖивотот на еден невидлив човек
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Реална улична уметност

    Реална улична уметност

    Британскиот уметник Бокси, секојдневно станува сè популарен во Германија, бидејќи почнува да им ги маѓепсува уличните ѕидови, еден по еден. Иако најмногу е познат по неговиот постапокалиптичен стил, во неговата работа на овие графити повеќе се покажува човечноста.rnrnРеална улична уметностrnrnНеговите графити се цртани на ѕидови, изработени се во повеќе слоеви и се со реална големина. На нив можете да го забележите секојдневието и обичните луѓе, како човек што гледа во небото или некој како го чисти валканиот ѕид. Бокси ги завршил студиите за уметност на универзитетот „London St. Martins“ во 1996 година. Неговата работа е навистина импресивна, па да се надеваме дека ќе имаме причина повторно да напишеме за него.rnrnРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностРеална улична уметностrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Постери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лаги

    Постери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лаги

    Замислете што би се случило со светот доколку секој секогаш ја кажува вистината… Но, дали навистина мора ги користиме секојдневните лаги за да опстанеме? Постерите на Џастин Барбер од серијата „Truth and Lies“  ја зборуваат вистината зад секоја кажана лага. Овие лаги најчесто не повредуваат и не прават штета никому, но и понатаму, претставуваат расчекор помеѓу она што го мислиме и она што го кажуваме. Што би додале вие на оваа листа? Некој пример за лага-вистина од вашето секојдневие?rnrnПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиПостери кои ја откриваат вистината зад секојдневните лагиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето во нашите животи

    Кафето во нашите животи

    Кога ќе помислите на кафе, веројатно веднаш ви доаѓа асоцијација за многу работи во главата. Дружба, смеење, забава, расонување, состанок… Без разлика дали го сакате или го мразите, не може да се негира фактот дека кафето е составен дел од секојдневието на секого.Кафето во нашите животиКафе-барови има на секој чекор, нови видови кафиња, машини и други кафе-продукти излегуваат секој ден, а реченицата „Ај да одиме на кафе“ е типично да се слушне дури и од човек кој не го консумира овој напиток. Па, зошто кафето е толку застапено во нашите животи? Што е толку зависно во врска со него? Веројатно, првата причина лежи во самото негово дејство.rnrnКофеинот е супстанца која предизвикува зависност. Тој е причината поради која не можете да заспиете доколку консумирате кафе доцна навечер, но и за вашата силна главоболка кога ќе го испуштите утринското. Но, она што создава дополнителна зависност, веројатно и многу поголема, е неговиот социјален аспект. rnrnКафето оди одлично во друштво со пријателите, овозможува со некого да се запознаете подобро, да надокнадите за пропуштеното, да озборувате… Кафе-баровите претежно ги одликува опуштена атмосфера со свеж мирис и удобни столчиња, заради што тие се прв логичен избор при договарање средби.Кафето во нашите животиВо време кога сите сме презафатени со многу обврски, немаме време или пари за да излегуваме често во град или пак пријателите со кои одамна не сме се виделе, живеат на другата страна од градот, пиењето кафе во некој кафе-бар кој се наоѓа на пола пат, излегува како сосема очекувана опција. Еве што може да се прави на кафе:
    rn

      rn011

    • да се видите со пријателите
    • rn011

    • да решите нечиј проблем, да споделите мака или само да озборувате
    • rn011

    • да појдете со колега кој сакате подобро да го запознаете
    • rn011

    • да се запознаете со симпатијата кој ви е сè уште незгодно да го поканите на вистински состанок
    • rn011

    • да гледате во згодни момци/девојки кои исто така се „на кафе“
    • rn011

    • да решавате задачи по математика или да спремате испит од друга област
    • rn011

    • да разменувате идеи и да кроите планови
    • rn011

    • да се видите со братучед/ка, кој/а ви е врсник, но вообичаено го/ја среќавате само на свадби
    • rn011

    • да викнете некој дома или да му „се трупнете“ на некого ненајавено – со кафе ова се простува 🙂
    • rn011

    • да уживате сами со шолјата кафе и весник или лаптоп
    • rn

    rnКафето во нашите животиПовеќето кафе-барови сега имаат безжичен интернет пристап, па ова ги прави згодна дестинација за состанок со колеги и соработници од работа, како и со колеги од факултет. Не е воопшто чудно што првата идеја за средба која на многумина им паѓа на памет е за „на кафе“. Изборот за местото е голем, може да се работи и да се ужива во исто време, плус имате можност да пробате некој нов кафе-напиток.rnrnrnНа нашето прашање: Како најмногу сакате да го пиете вашето попладневно кафе?, несомнено најмногу одговори добивме од оние кои сакаат да посетуваат кафе-барови со пријателите или подетално:rn

      rn011

    • Со пријателите во кафе-бар: 144 гласа
    • rn011

    • Сам/а, сервирано во огромна шолја: 48
    • rn011

    • Дома, со најблиските: 49
    • rn

    rnОстанатите одговори имаа помалку гласови, а само 8 од 302 гласачи не пијат кафе.rnrnrnГолемата понуда на разни кафе-машини е уште една погодност за љубителите на кафе. Тие удобноста за состанување со блиските ви ја овозможуваат директно во вашиот дом. Да не забораваме дека домашната подготовка ви отвора многу можности за експериментирање со разни вкусови.rnrnЗаклучокот би бил дека без разлика дали пиете кафе, каде го пиете и дали воопшто го консумирате кога одите „на кафе“, социјалната улога на кафето односно пиењето кафе во друштво, предизвикува исто толку зависност колку и самото кафе.rnrnСе сложувате? Колку кафето е значајно во вашиот живот?rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn