КАФЕ ПАУЗА

Tag: ризик

  • 7 големи грешки кои не треба да ги повторите оваа година

    7 големи грешки кои не треба да ги повторите оваа година

    Додека светот се врти, вие неизбежно ќе грешите. И тоа е во ред. Од грешките кои ги правите можете многу да научите и токму овие лекции ќе ви помогнат да имате подобра и поубава иднина.rnrn7 големи грешки кои не треба да ги правите оваа година: Прво елиминирајте ги и потоа ослободете се!rnrnСледуваат 7 грешки кои (веројатно) ги направивте изминатава година и зошто не треба да ги повторите…rn

    1. Немојте да го избегнувате ризикот

    rnЖивотот е ризична работа. Секоја одлука, секоја интеракција, секој чекор, секој пат кога наутро станувате од креветот вие всушност ризикувате. Да живеете вистински значи да го преземате тој ризик. Преземајте мали ризици за да го остварите вистинскиот потенцијал на вашиот живот.rn

    2. Не препуштајте се на стравовите и негативностите

    rnСите понекогаш се плашат. Ако чувствувате сомнеж, страв и бес имајте во предвид дека од овие емоции можете многу лесно да се ослободите. Фокусирајте се на добротата, можноста и соништата во животот. Она што започнува во вашите мисли завршува во вашиот живот. Континуирано размислувајте за патот на кој сакате да бидете и тие мисли нека влијаат на вашите постапки и одеднаш реалноста брзо ќе се вклопи со вашите мисли.rn

    3. Не дозволувајте неизвесноста да ве парализира

    rnКако што поминува времето така и ќе сфатите дека тоа што трае, си трае, додека тоа што не трае, едноставно нема да трае. Времето ги решава повеќето работи, а она што времето не може да го реши ќе научите да го решите сами. Понекогаш нема да можете јасно да видите каде ве води животот. Но, срцето и душата ви се вашите внатрешни компаси кои ќе ви го покажат патот кон дома. Ќе сфатите дека сте вистинската личност, на вистинското место, во вистинското време која ја прави вистинската работа. Верувајте им на вашите инстинкти. Опуштете се. Знаете што треба да направите.rn

    4. Не правете го она што другите сакаат да го прават

    rnЖивотот е премногу краток за да го поминувате обидувајќи се на сите да им угодите. Освен тоа, ова е невозможна мисија. Вистинските избори се однесуваат на вас, вашите емоции и вашиот живот. Вие сте единствената личност која знае што е најдобро за вас. Секогаш прво слушајте се себеси и она што вие го сакате. Сигурно нема да се покаете.rn

    5. Не дозволувајте истите луѓе постојано да ви ја црпат енергијата

    rnЛуѓето или ве инспирираат или ви ја црпат енергијата, па мудро избирајте со кого ќе се дружите. Немојте да го губите достоинството и самопочитта обидувајќи се да најдете некој да ве прифати, да ве цени и да ве сака, ако таа личност докажала дека не е во состојба да направи нешто вакво. Ако ви е нешто судено во животот и понатаму ќе мора да се трудите околу тоа, но сигурно нема да морате да молите.rn

    6. Немојте да имате нереални очекувања

    rnСекогаш постојат два начини кои можат да ви помогнат да бидете посреќна личност: Подобрување на реалноста и намалување на очекувањата. Често мислиме дека светот е посјајно, позначајно и позанимливо место отколку што е. Кога сфаќаме дека не е, почнуваме да ја бараме вистинската работа. Но, всушност, ова е вистинскиот свет и тој е едно прекрасно место. Себеси сме си најголемиот непријател ако очекуваме поинаку. Ако можете да научите да престанете да го очекувате невозможното совршенство во себе, во другите и во светот кој ве опкружува, ќе можете да ја најдете среќата која отсекогаш ви бегала.rn

    7. Немојте да ја заборавате убавината на малите моменти

    rnШто и да очекувате – душевен мир, задоволство, внатрешен свет во изобилие, тоа сигурно и ќе дојде, но само тогаш кога сте спремни тоа да го примите со отворено срце и благодарност. Бидете благодарни на малите работи колку што е можно повеќе, а не само на големите. Секој момент е важен и секој момент се смета.rnrnНе сте вистински слободни сè додека не си дадете себеси слобода да грешите. Ослободете се! Пробајте нови работи, учете и истражувајте. Здравиот начин на проценување потекнува од животното искуство, а животното искуство потекнува од вашите лоши одлуки кои сте ги донеле во минатото. Мора да имате доволно храброст за да погрешите. Разочарувањето и поразот се алатки кои животот ги користи за да ви го покаже вистинскиот пат.

  • Паметните луѓе се разликуваат од сите останати, а еве и како

    Паметните луѓе се разликуваат од сите останати, а еве и како

    Некои потези кои луѓето ги прават се паметни, а некои и не толку. Па и не секогаш може да се предвиди дали некоја одлука ќе се покаже како паметна и оправдана или, пак, сосема спротивното, целосно неуспешна и бесмислена. Но како и да е, постојат одредени однесувања и карактеристики кои ги опишуваат паметните луѓе, а кои им се вродени и како такви тие целосно спонтано ги извршуваат. Но, истовремено и ги прават различни и поуспешни од останатите во секоја смисла на зборот.rnrn(3)-pametnite-lugje-se-razlikuvaat-od-site-ostanati-a-eve-i-kako-preku-15-primeri-kafepauza.mkrn

    1. Ги прифаќаат своите грешки и учат од нив

    rnЧовечки е да правите грешки, не постои човек на светов кој никогаш не згрешил. Но, постојат такви кои не ги прифаќаат своите грешки одбивајќи да прифатат дека се способни за нешто такво, притоа доведувајќи се себеси во состојба повторно да го направат истото. Паметните луѓе се свесни за своите грешки и ги прифаќаат, а тоа значи дека ќе можат да научат од нив и да не ги повторат пак.rn

    2. Никогаш не си дозволуваат да зависат од други луѓе

    rnЕдна стара поговорка вели дека ако чекаш на некој друг, никогаш нема да дочекаш. И вистина е така, кога зависите од некој друг или ќе се изначекате или нема ни да дочекате тој некој да ви заврши работа, па на крајот пак самите ќе трчате. Направете ја паметната работа и заштедете си себеси време и живци.rn

    3. Одговорноста е нивна силна страна

    rnПаметните луѓе се одговорни. Свесни се дека потребно е да бидат доследни на своите обврски ако сакаат денот да им тече како што треба, па не чувствуваат потреба да си ги усложнуваат работите. Си ги завршуваат обврските на време и не ги оставаат луѓето на цедило.rn

    4. Подготвени се да ги преиспитаат своите убедувања доколку се соочат со поддржани противаргументи

    rnСамо блесава личност би одела против сите само за да го истера својот ќеиф. Но, паметната личност би застанала и би размислила дали ставот кој го држи е оправдан, особено кога сите аргументи се против тоа. Нема поента да се оди со главата во ѕид, а ако сте паметни тогаш го знаете тоа.rn

    5. Кога можат да заштедат, го прават тоа

    rnПарите не се најважни, но и тоа како се потребни во светот во кој денес живееме. А ако сте паметни, тогаш нема да ги трошите на непотребни работи и ќе го заштедите секој денар кој можете. Факт е дека никогаш не знаете кога и за што ќе ви бидат потребни пари.rnrn(1)-pametnite-lugje-se-razlikuvaat-od-site-ostanati-a-eve-i-kako-preku-15-primeri-kafepauza.mkrn

    6. Паметните играчки имаат своја функција која тие максимално ја искористуваат

    rnФакт е дека паметните играчки на денешницава имаат многу јасна функција – ви го олеснуваат животот на секој можен начин. Од обавување на најобичен повик каде било во светот, неверојатно брз пристап до секакви информации, па сè до целосна организација на денот во секоја смисла, паметните играчки се тука за да ви помогнат вие да не мора да мислите на сè. А ако сте паметни, ќе ги искористите максимално.rn

    7. Не се откажуваат од своите идеи и цели само бидејќи на некој друг тие не му се допаѓаат

    rnНе секој ќе се согласува со вас и не сите ќе ги делат истите мисли и идеи како вас. И тоа е во ред. Она што не е во ред е ако вие дозволите тоа нивно несогласување да влијае вие да се откажете од нив. Па што ако не можат да ги видат работите од ваша перспектива? Паметните луѓе знаат дека за да успеат, некогаш е доволно само тие да го гледаат патот до целта јасно и гласно.rn

    8. Ги шират своите познавања и го збогатуваат своето искуство во секоја можна прилика

    rnДенес, искуството значи најмногу. Но за да го добиете, мора прво да покажете дека поседувате знаење. Па, ако сте паметни и сакате да успеете, ќе ја искористите секоја можна прилика да ги проширите своите познавања и на тој начин да го збогатите своето искуство.rn

    9. Не преземаат ризици доколку тие не се неопходни

    rnРизикувањето е дел од секојдневниот живот бидејќи најголемиот дел од работите кои ги правите претставуваат ризик доколку ги погледнете од малку поинаква перспектива. Кога живеете така, не е ни логично ни паметно да преземате дополнителни ризици доколку тие не се неопходни. Бидете разумни и не си го усложнувајте животот повеќе од потребно.rn

    10. Свесни се дека нивната среќа зависи само од нив

    rnВистина е дека среќата е во малите нешта и во луѓето кои ви се најблиски, но не сите можат да увидат дека доколку самите не ја зграбат таа среќа, никој друг нема да го направи тоа за нив. Да, среќата ја носат другите, но дали ќе ја почувствувате е целосно на вас.rnrn(4)-pametnite-lugje-se-razlikuvaat-od-site-ostanati-a-eve-i-kako-preku-15-primeri-kafepauza.mkrn

    11. Не се потценуваат

    rnА и зошто би го правеле тоа? Што тоа тие немаат или имаат, а не е доволно за да се ценат и вреднуваат себеси? Што тоа другите луѓе имаат повеќе од нив или се поголеми личности за тие да заслужат да бидат почитувани? Способни се и поседуваат квалитети кои можеби се карактеристични само за нив, го ценат тоа што го имаат, не се потценуваат, но ниту се преценуваат и покажуваат почит кон останатите.rn

    12. „Непријатели“ е поим кој не постои за нив

    rnПаметен потег е да не си создавате непријатели. Никогаш не знаете кој и кога може да ви се најде во животот, а веројатноста е дека непријателите можат да ви направат повеќе зло отколку што мислите. Не мора секој да ви се допаѓа, но тоа не значи дека тој некој треба да ви стане непријател.rn

    13. Мото им е дека гордоста не треба да им стои на патот

    rnВелат дека кога гордоста ќе ги вмеша прстите, тогаш можете да се збогувате со она во кое таа се вмешала. Ја заборавате професионалноста, ја оставате разумноста некаде позади себе, а гордоста смело и цврсто го зазема нивното место оставајќи ве вас да се соочувате со последиците кои се во најголем дел негативни. Дали тоа ви звучи како паметна идеја?rn

    14. Свесни се дека реалноста е тешка и не се залажуваат себеси

    rnНишто во животот не доаѓа лесно, а колку повеќе се залажувате себеси дека некоја работа едноставно ќе ви се сервира на послужавник без да треба да се испотите за неа, толку повеќе си го отежнувате животот. Зошто? Бидејќи се убедувате во слика која не е вистинска, а кога реалноста ќе ви удри во глава, многу е потешко да се соочите со последиците.rn

    15. Даваат

    rnИ тоа во секоја смисла на зборот. Даваат љубов, даваат грижа, даваат помош, даваат знаење, даваат што и да ви падне на ум во моментов. Кога имаат, тогаш даваат. Споделувањето со останатите ги прави побогати не само тие луѓе, туку и нив. А на крајот на денот, која е целта на она што го поседувате ако немате со кого да го споделите?rnrn(2)-pametnite-lugje-se-razlikuvaat-od-site-ostanati-a-eve-i-kako-preku-15-primeri-kafepauza.mk

  • 3 животни навики кои ќе ве одведат до успех

    3 животни навики кои ќе ве одведат до успех

    Успехот е дефиниција која секој ја гради сам за себе. Поставуваме цел, работиме кон остварување на таа цел и евентуално, очекуваме целата таа наша работа да ни се исплати бидејќи ги правиме сите логични работи кои водат кон успех. Но, некогаш е потребно да се погледне надвор од познатото и да се преземат активности покрај вообичаените за да се успее во некоја цел. И иако можеби на прв поглед тие нема да ви делуваат како ефективни, многу успешни луѓе се доказ дека всушност навистина се. А најважни меѓу нив се следниве 3 навики.rnrn(1)-3-zhivotni-naviki-koi-kje-ve-odvedat-do-uspeh-kafepauza.mkrn

    1. Кога размислувате дали да донесете ризична одлука или не, запрашајте се себеси дали по некое време ќе жалите доколку не го направите тоа

    rnЖивотот е една огромна скала каде секој чекор претставува некаков ризик. Со правење на секој следен чекор, ние или се качуваме скалило погоре или се симнуваме скалило подолу. Иронијата е што никогаш не можеме да предвидиме во која насока ќе нѐ однесе тој чекор. Тогаш сме несигурни и не знаеме што да правиме, размислувајќи што ќе се случи ако го преземеме ризикот, какви последици ќе има на нас и нашиот живот. Но во тие моменти треба да си поставиме само едно прашање: „Дали по некое време ќе жалам доколку не го направам овој чекор?“rnrnОдговорот на тоа прашање е и одговор на вашата дилема. Ако мислите дека со тек на време нема да ви биде криво, тогаш ризикот не вреди. Но ако одговорот е да, тогаш ризикувајте. Ништо не е едноставно и ништо убаво и вредно не доаѓа туку така во животот, некогаш ќе мора да ризикувате за да го добиете тоа што го сакате. Каква и да е приликата која ја имате пред вас, веројатноста е дека нема повторно да се најде таму. Затоа зграбете ја.rn

    2. Кога читате нешто што ве импресионира, контактирајте го авторот на напишаното

    rnКога едно обично здраво може да доведе до прекрасно пријателство, дали може да замислите што би можеле да сторат повеќе убави зборови? Пријателство, љубовна врска, бизнис конекции, нови авантури на секое поле… Убавите зборови кои ќе му ги упатите на авторот кој напишал нешто што ве заинтригирало и/или воодушевило можат да направат магија. Луѓето сакаат да прочитаат дека некому му се допаднало тоа што го напишале, сакаат да слушнат предлози и идеи, сакаат да комуницираат со луѓе полни со ентузијазам, желба и заинтересираност. А таа личност може да бидете вие.rnrnЗамислете го следново сценарио: вие сте вработени на место кое ви се допаѓа, но вашата вистинска пасија нема никаква врска со моменталната работа која ја работите. Вашето слободно време го поминувате читајќи статии и книги поврзани со она кое ве интересира, а кои се напишани од стручни лица во таа област. Нешто од тоа што го читате ве импресионира, притоа раѓајќи во вас прашања и идеи поврзани со тоа, па вие одлучувате да му пишете имејл на авторот, кој е личност со успешна кариера каква би сакале и вие. По некое време, добивате одговор од авторот и комуникацијата понатаму преминува во сѐ почести разговори и размена на идеи, поставување и одговарање на прашања и евентуално, во понуда за работа од вашите соништа.rnrnА сега замислете го сценариото во кое не го напишавте тој имејл. Обратете им се на луѓето кои некако влијаеле на вас. Неколку зборови може да ве однесат далеку, а да не сте ни свесни за тоа.rn

    3. Кога некоја работа навистина ви се допаѓа, одвојте време за неа дури и доколку не ве плаќаат

    rnПарите не се сѐ. Иако живееме во општество каде тие играат огромна улога во сечиј живот, некогаш, тоа што самата работа го носи со себе значи многу повеќе од малкуте пари кои би ги добиле работејќи ја. Не само што ќе правите нешто што го сакате и ќе стекнувате искуство во тоа, туку ќе бидете и неверојатно исполнети со себе поради фактот дека правите нешто од чисто задоволство и љубов кон тоа. Тоа може да биде некаков проект од областа на вашите интереси, може да биде пишување за некое списание бидејќи сакате да пишувате и имате што да кажете, може да биде волонтирање во некоја програма за деца бидејќи ве бидува за тоа и имате да подарите огромно количество љубов.rnrnЗа што и да станува збор, факт е дека целиот тој процес е богатство само по себе кое ќе ве натера да се запознаете себеси подобро од кога било, искуство кое нема да го добиете на ниту едно друго место, кое ќе ви овозможи да оформите познанства и конекции за кои не би ни сонувале. А најубавото е што токму тоа неплатено искуство може да ве одведе таму каде што сте посакувале да стигнете на скалата на успехот. Ќе научите многу, ќе созреете и напредувате, ќе добиете идеја каде сакате да бидете за некоја година, а најмногу – како да стигнете таму.

  • 6 клучни нешта кои висината ги кажува за вашето здравје

    6 клучни нешта кои висината ги кажува за вашето здравје

    Не постои „совршена“ висина која може да ви гарантира само добро здравје, бидејќи нашиот раст има силно влијание врз состојбата на организмот. Од една страна, вишокот сантиметри во некои случаи може да го намали ризикот од одредени чести здравствени проблеми, но истото може да се случи и кај оние со низок раст…rnrn6 клучни нешта кои висината ги кажува за вашето здравјеrn

    АКО СТЕ НИСКИ…

    rn

    Имате помали шанси за развивање тешки болести

    rnБолестите на тироидната жлезда, бубрезите и дигестивниот систем, како и со меланомот се поврзани со висината. Три големи истражувања ни покажале дека оние кои се повисоки од 162 сантиметри, многу почесто заболуваат од овие болести отколку оние кои се високи околу 155 сантиметри. Се работи за значајна разлика од 30 до 40 проценти. Високите личности имаат поголеми органи и повеќе клетки, па токму затоа и шансата за мутации кои водат до болести се зголемени. Исто така големи се шансите и хормоните кои влијаат на растот да влијаат и врз ризикот од заболување.rn

    Помалку треба да се грижите за згрутчување на крвта

    rnДоколку сте високи до 157 сантиметри и имате нормална телесна тежина, тогаш имате 3 пати помали шанси за мозочен удар. Истражувањата спроведени на еден норвешки универзитет ни покажуваат дека во крвотокот на високите жени настанува намален тек на крвта, бидејќи таа мора да помине поголема дистанца. Токму затоа и може да дојде до згрутчување на крвта.rn

    Имате големи шанси за долг живот

    rnЕден од гените кои се задолжени за тоа, исто така се одговорни и за нискиот раст. Научниците од медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн утврдиле дека мутацијата на гените влијае врз одредени хормони за раст, додека истовремено го продолжува животниот тек.rn

    АКО СТЕ ВИСОКИ…

    rn

    Вашето срце е побезбедно

    rnВисоките личности имаат помали шанси за развој на срцеви болести од ниските. Секако, тоа не ви дава слобода да пушите, пиете и јадете нездрава храна. Висината може да ви овозможи одредена заштита, додека останатото е на вам и вашите животни навики.rn

    Имате силен ум

    rnСпоред прелиминарните истражувања спроведени од универзитетот во Единбург, деменцијата многу почесто ги погодува ниските жени. Научниците веруваат дека најголемите фактори за тоа се детските болести, стресот и несоодветната исхрана кои исто така влијаат и на нискиот раст, а не само генетиката.rn

    Жените полесно се справуваат со бременоста

    rnВисоките идни мајка многу ретко заболуваат од труднички дијабетес кој се појавува за време на бременоста. Научниците од универзитетот во Њујорк спровеле истражување на 220 илјади трудници и откриле дека гените поврзани со висината најверојатно имаат и некаква поврзаност со толеранцијата на гликоза.

  • Животот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целост

    Животот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целост

    „Carpe diem“ е слоган кој многумина го цитираат, но дали тие навистина го зграпчуваат денот? Тој се црта на згради, се користи како мото за различни институции и се споделува на интернет преку моќни мотивациски пораки како да нема утре. Работата е што утре сепак ќе дојде, но прашањето е дали и ние ќе бидеме дел од тоа. Откако ќе сфатите дека времето ви е ограничено, ќе научите како да живеете во моментот дури и ако сè уште планирате да живеете барем уште 100-тина години… Еве ги 5-те начини на кој наједноставно можете да научите како во целост да го искористите вашиот живот.rnrnЖивотот е премногу краток: 5 начини да го искористите во целостrn

    1. Симнете се од возот

    rnПостои еден филм кој се вика „Before Sunrise“. Во оваа приказна Итан Хок ја замолува Џули Делпи да се симне со него од возот во кој патуваат, дури и покрај тоа што ја познава само неколку часа. Тој мора да остане во Виена до наредното утро со цел да го фати својот авион за Америка, но бидејќи ги потрошил сите пари патувајќи низ Европа нема доволно за хотел. Токму затоа и решил да шета низ градот, уживајќи во неговите пејзажи. Тоа може да го стори сам, но сепак решава да ризикува и да ја покани оваа девојка, дури и по цена да биде засрамен. Како и што можете да претпоставите, тој ќе преземе ризик кој потоа ќе му го промени животот.rnrnПрашањето е дали сте подготвени да се симнете од возот кога авантурата ве повикува? Или пак, решавате да го игнорирате овој повик така што го одбирате сигурниот пат?rn

    2. Само една вечер

    rnДа се вратиме повторно на филмот. Доколку имате само една вечер да помнете со одредена личност, без разлика дали станува збор за ваш пријател, родител, куче или партнер, што би направиле различно? Кои тајни би ги откриле? Каде би оделе? Што би сакале тие да дознаат за вас, вашата врска и општо за вашиот живот? Што би бил вашиот подарок за нив?rnrnВо повеќето врски со тек на време ние почнуваме да ги земаме луѓето, па дури и животните здраво за готово. Ние очекуваме од нив да бидат онаму каде што сакаме тие да бидат. Почнуваме да се нервираме од одредени нивни навики. Понекогаш толку многу почнуваме да се фокусираме на негативните делови, што дури почнуваме и да ги пропуштаме позитивните. Токму затоа направете си еден експеримент. Однесувајте се кон оваа личност како да сте последна вечер заедно и забележете што друго би направиле. Како што вели една позната изрека, „Вие не знаете што имате сè додека не го изгубите тоа.“rn

    3. Обрнете внимание

    rnДали ги слушате луѓето или вие сте оние кои секогаш зборуваат? Дали давате сè од себе за да ги сфатите оние околу вас или пак секогаш барате шанса да ги разубедите да го гледаат светот од ваша перспектива? Дали сте присутни во нивниот живот или секогаш размислувате за нешто друго во нивна близина? Дали се плашите да го откриете вашиот вистински лик пред најблиските? Обрнете внимание на сега и тука. На истиот овој момент. Можеби сите ваши врски се одлични. Можеби заработувате многу пари или живеете на убаво место. Или пак, можеби сакате да заработувате повеќе пари, да најдете ново момче/девојка или да живеете на поубаво место. Можеби се плашите дека ќе го изгубите тоа што го имате или дека нема да го постигнете тоа што го сакате.rnrnНе заборавајте дека вие веќе имате живот и дека треба да обрнете внимание на она кое ви се случува во моментот и од тука да почнете да работите на насочувањето на вашиот живот во онаа насока во која сакате тој да оди.rn

    Почнете денес

    rnНајчесто утре не е најдобриот ден да се почне. Вие нема да бидете помалку мрзливи, ниту пак попаметни утре за разлика од денес. Тоа не е изговор за постојано да ги одложувате нештата. Направете план и почнете да го спроведувате уште од денес.rnrnДоколку сакате да направите нешто, без разлика дали станува збор за пишување книга или за посетување на пирамидите, преземете акција денес! Почнете да штедите по едно евро дневно за вашиот пат или пишувајте по една страница на ден за вашата книга. На крајот од краиштата, навијте го алармот еден час порано од вообичаено и започнете го утрото со мали чекори кои ќе ве водат кон остварување на вашите соништа.rn

    Не живејте туѓ живот

    rnСтив Џобс еднаш рекол, „Нашето време е ограничено. Не го трошете на нечиј друг живот.“ И тој бил во право. Нашето време е ограничено и живеењето на туѓиот живот нема да нè направи среќни.rnrnВашиот живот е ваш подарок и ваша сегашност, токму затоа треба да го правите сè она кое вам длабоко ве исполнува и усреќува. Без разлика дали сакате да го освоите светот, да се искачите на Еверест или да седите на вашиот кауч, вашето време е само ваше за организирање. Почнете полека да ги правите сите оние нешта кои некогаш сте ги замислувале и животот полека ќе ви тргне во вистинската насока. Време е да престанете да се обидувате да ги задоволите потребите на сите останатите освен вашите.

  • Наједноставниот рецепт за среќа: Кажете ДА на новите предизвици во животот!

    Наједноставниот рецепт за среќа: Кажете ДА на новите предизвици во животот!

    Ако се чувствувате исцрпено, тажно и без енергија тогаш е време за нов почеток во вашиот живот. Не постои подобар период од летото за воведување нови промени. Сѐ што треба да направите е да го променете ставот и да кажете ДА!rnrn0-najednostavniot-recept-za-srekja-kazhete-da-na-novite-predizvici-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    1. Направете мали чекори

    rnАко имате сон да започнете нов бизнис додека сѐ уште сте на факултет или имате постојана работа, размислете за започнување на тој бизнис. Дозволете си себеси да учите, да растете и да напредувате во работата, но притоа да поседувате сигурност која ви ја овозможува старата работа. Со текот на времето, ќе станувате сѐ посигурни и посигурни во себе и своите квалитети, па во еден момент ќе сакате да преминете на следниот предизвик: работење со полно работно време за себе.rnrnАко сакате да трчате на маратон, прво поставете помала цел (5 километри) за да се навикнете на тренингот и на подготовките за трката. Нема потреба веднаш на почетокот да поставувате нереални цели кои знаете дека не можете да ги исполните – тоа веднаш ќе ве демотивира. Само постепениот напредок може да ве однесе таму каде што сакате да стигнете.rn

    2. Соочете се со стравовите

    rnОдвреме-навреме направете нешто што никогаш не би можеле да го направите. Тоа ќе ви пружи голема доза адреналин која ќе внесе големи промени во вашиот целокупен живот. Ако имате страв од височина, можеби ова е вистинското време да се осмелите и да пробате банџи скокање. Поради зголемувањето на самодовербата, која соочувањето со стравот ќе ви ја донесе, вие ќе бидете поспремни за големи промени во животот. Ако досега се плашевте од онлајн состанување или промена на кариерата сега можеби, сте спремни за таквиот ризик, без да се плашите што следува потоа.rnrn1-najednostavniot-recept-za-srekja-kazhete-da-na-novite-predizvici-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    3. Вклучете се во група

    rnКога е во прашање преземање ризик чија цел е да му даде поинаков терк на вашиот живот, тогаш ова е вистинското време да размислите за вклучување кон некоја група луѓе со која ги делите истите желби и цели. Тоа може да биде учење на нов јазик или некоја креативна работилница. Ако немате доволно време за вакви активности, можете да запознаете луѓе на разни блогови или друштвени заедници, со кои ги делите интересите. Делете го своето мислење, совети и учете ново нешта.rn

    4. Побарајте помош

    rnПоследно, но не и помалку важно, ако чувствувате дека ви е потребна помош го имате секое право да ја побарате. Ако сте студент кој е насочен кон градење на кариерата, едноставно одете на консултации кај професорот. Тој сигурно ќе ви излезе во пресрет и ќе ви помогне во врска со сѐ што е врзано со вашата идна професија. Тој е оној кој најдобро ќе ве советува, ќе ви каже со какви предизвици ќе се соочите понатака и што ќе се очекува од вас.rnrn2-najednostavniot-recept-za-srekja-kazhete-da-na-novite-predizvici-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnРазмислете за пријателите или за некои постари колеги кои постигнале голем професионален успех со кој можете да ги здружите силите и да соработувате на хонорарна или волонтерска база. Од ваквото искуство може да се стекнете со неверојатно знаење и вештини кои е навистина корисно да се најдат во вашето CV за подоцнежната потрага по работа. Исто така, преку прирачници и разни книги, можете да дознаете нешто ново или да научите некој нов јазик или програмирање.

  • Што открива месецот на раѓање за вашето здравје?

    Што открива месецот на раѓање за вашето здравје?

    Едно истражување спроведено на универзитетот Колумбија покажало поврзаност помеѓу месецот на раѓање и човечкото здравје. Научниците откриле како месецот на раѓање влијае на развојот на одредени болести.rnrn1.shto-otkriva-mesecot-na-ragjanje-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mkrnrnДоктор Николас Татонети, кој е професор на Медицинскиот центар во Универзитетот Колумбија, со својот тим експерти направиле истражување за влијанието на месецот на раѓање на одредени болести.rnrnПроучувале медицински картони на повеќе од милион пациенти кои биле на лекување во Њујоршката презвитеријанска болница, во период од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со резултатите од истражувањата направени порано во Шведска, Данска и Австрија.rn

    Ризик за развивање болести

    rnНаучниците тврдат дека шансите за заболување од астма се значително поголеми кај луѓето кои се родени помеѓу јули и октомври, а ризикот за развивање нарушена хиперактивност и дефицит на вниманието е зголемено кај луѓето кои се родени во ноември.rnrnЛуѓето кои се родени во март, често добиваат аритмија, конгестивна срцева слабост и митрална валвуларна болест.rnrn2.shto-otkriva-mesecot-na-ragjanje-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mkrnrnДобра вест за оние кои се родени во мај е тоа што ризикот за заболување од хронични болести е многу мал, за разлика од луѓето кои се родени во октомври.rn

    „Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развојот на болестите. Важно е луѓето да не се вознемируваат поради овие резултати“ – изјавил Татонети.

    rnТој исто така додава дека иако откриле значајни врски, генерално гледано ризикот за заболување е навистина мал. Особено ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу други влијателни фактори како што се исхраната и физичката активност.

  • Стравови кои ве спречуваат да најдете вистинска љубов

    Стравови кои ве спречуваат да најдете вистинска љубов

    Постои една стара поговорка која вели дека човекот мора прво да се сака самиот себеси, за потоа да го сакаат и другите. Овие зборови не се однесуваат на нарцизмот како особина на луѓето, туку на фактот дека самодовербата, самопочитта и љубовта кон себеси се трите основни работи кои си ги должиме себеси за да бидеме личности кои и другите ќе можат да ги сакаат и почитуваат.rnrn(1)-stravovi-koi-ve-sprechuvaat-da-najdete-vistinska-ljubov-kafepauza.mkrnrnКоја и да е причината поради која не ги чувствувате овие три работи за себе, факт е дека таа неминовно предизвикува појава на чувство на несигурност, страв и сомневање во себе. Овие чувства, пак, влијаат на сѐ во врска со вас, на тоа кои сте и што правите, а меѓу другото и на наоѓањето вистинска љубов.rn

    Што ако не сакам врска како онаа која ја имав досега?

    rnМоментот кога прекинувате некоја врска е моментот кога свесно си кажувате себеси дека таа врска не е она што го сакате. Можеби сте се чувствувале загушени, ви било потребно повеќе љубов и романтика или едноставно сте сакале да бидете со некој друг, но факт е дека она што навистина ви било потребно е промена, а тоа може да биде застрашувачки во секоја смисла на зборот. Што ако во следната врска не ја најдете промената која ја барате или ако таа врска повторно е нешто што не сакате да биде? Никогаш нема да знаете ако не пробате, нели?rn

    Што ако сум предолго време сам/а?

    rnОткако еднаш ќе се научите да бидете сами и тоа ви оди доста добро, љубовната врска може да биде огромен предизвик за вас. Вие сте изградена личност која знае каде се наоѓа и каде оди, па стравувате дека ќе го изгубите сето тоа доколку решите да го делите животот со некој друг или дека едноставно нема да знаете како да бидете со тој некој во заедница каква што е љубовната врска. Кога долго време функционирате сами, неминовно е да стравувате дека не сте способни да бидете во врска, но овие стравови само ќе ве оддалечат од можноста да дознаете дали навистина можете.rn

    Што ако им се вратам на старите навики?

    rnВо минатото сте биле повредени и не сакате тоа да се повтори. Дали сте се довеле до тие моменти свесно или не, сега се наоѓате на место каде знаете што сакате и кои сте. За вас, повторното влегување во врска може да го загрози тоа што сте го постигнале, а што е уште полошо, стравувате дека повторно ќе се вратите на старите вие и сето она кое не ви се допаѓало. А што ако сте доволно силни да одолеете на старите искушенија?rn

    Што ако влезам во врска поради погрешни причини?

    rnКај различни луѓе нè привлекуваат различни нешта. Кога некој ви се допаѓа, знаете што е она што ве привлекува и зошто имате желба да бидете со тој некој. Но дали таа причина е доволна? Дали навистина поради тоа сакате да бидете со таа личност во врска? И која причина е правилна за да се врзете за некого? Незнаењето повлекува дека некогаш ќе мора да пробате за да дознаете, дури и да се изгорите.rn

    Што ако ги разочарам луѓето кои ми значат и кои се грижат за мене?

    rnМислењето на блиските е едно од најважните за секого. Семејството и пријателите секогаш имаат да кажат нешто, а вие секогаш сакате да го чуете нивното мислење. Тие луѓе се важен дел од вашиот живот, па затоа тоа што тие го мислат и чувствуваат е подеднакво важно. Оттука произлегува стравот дека вашиот избор може да ги разочара. Што ако не им се допаѓа? Што ако не го/ја одобруваат? Но, дали навистина може да разочарате некој кој ве сака само поради тоа што ќе бидете со некој кој не му се допаѓа, но ве прави среќни?rn

    Што ако не можам да најдам некој кому ќе му верувам?

    rnКога сте во врска, потребно е да знаете дека може да се потпрете на вашиот партнер. Сакате и треба да можете да му верувате, да можете да споделувате со него и да знаете дека ќе биде тука за вас. Стравот дека не можете да најдете таква личност или дека ќе се обидете со некого и нема да го добиете тоа што го барате е сосема логичен. Но дали е доволен за воопшто и да не се обидете?rn

    Што ако ме повреди?

    rnРаните од минатото тешко зараснуваат, а оттука и стравот дека повторно ќе бидете повредени е нешто што многу тешко може да исчезне. Знаејќи колку долго ви требало да се излечите од повредите и што сѐ било потребно за да се изборите и да продолжите понатаму, се прашувате дали вреди да го ризикувате она кое го имате сега за повторно да се вратите на почеток? Да, навистина е застрашувачки, но факт е дека никогаш со никого не можете да бидете сосема сигурни во што било, па можеби она што треба да се запрашате е дали вреди да живеете во страв?rnrnВелат дека најубавите работи се случуваат кога ќе ги пребродите стравовите и ќе излезете од својата удобна и сигурна зона. Некогаш мора да ризикувате за да го добиете она што го сакате, а ако ги слушаме старите, за вистинската љубов вреди да се ризикува. Дали сте способни да дозволите стравот да ве спречи да ја пронајдете таа љубов?

  • Претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје

    Претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје

    Малку е тешко да се поверува дека може да постои премногу спиење, бидејќи поголемиот дел од нас понекогаш се чувствуваме како постојано да ни фали сон. Но, за големо изненадување, може да се претера и со сонот. И покрај тоа што е екстремно тешко да се одреди колку е „вистинската“ количина на сон, голем број истражувања покажале дека на повеќето возрасни им е потребно некаде помеѓу 7 и 9 часа за да можат потоа да функционираат оптимално. Доколку редовно спиете повеќе од 9 часа, тоа може да биде знак на одредена медицинска состојба, но дури и сè да е во ред со вас, се изложувате на голем број ризици по вашето здравје. Откријте кои се најголемите проблеми кои можат да настанат доколку премногу спиете…rnrnПретераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравјеrn

    Се зголемува ризикот од депресија

    rnВо 2014 година била спроведена една студија на возрасни близнаци каде што истражувачите откриле дека спиењето повеќе од 9 часа во текот на ноќта може да го зголеми ризикот за развивање депресија и до 49%.rn

    Може да влијае негативно врз вашиот мозок

    rnЕдна студија од 2012 година ни открива дека постарите жени кои континуирано спиеле повеќе од 9 часа секоја вечер (или помалку од 5) во период од 6 години искусуваат влошување на функционалноста на нивниот мозок.rn

    Потешко е да забремените

    rnВо 2013 година, истражувачки тим од Кореа ги анализирал навиките за спиење на повеќе од 650 жени кои поминувале низ ин витро оплодување. Тие откриле дека шансите за бременост биле поголеми кај оние жени кои спиеле од 7 до 8 часа, а најмали кај оние кои спиеле од 9 до 11 часа.rn

    Претераното спиење може да го зголеми ризикот за дијабетес

    rnВо една мала студија спроведена во Квебек, истражувачите откриле дека луѓето кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта имале поголеми шанси при развивање дијабетес од тип 2 или намалена толерантност на гликозата во период од 6 години, за разлика од оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа во текот на вечерта.rn

    Може да предизвика покачување на телесната тежина

    rnИстите истражувачи од Квебек во период од 6 години ја набљудувале и телесната тежина на своите испитаници. Тие откриле дека оние кои спиеле од 9 до 10 часа секоја вечер имале 25% повеќе шанси да качат 5 килограми, дури и доколку биле на одреден режим на исхрана и физички активни.rn

    Негативно влијание врз срцето

    rnЕдно истражување од 2012 година ни покажува дека спиењето над 8 часа секоја вечер може да се поврзе со зголемен ризик од различни срцеви заболувања. Истражувачите ги анализирале податоците од над 3.000 луѓе и откриле дека оние кои спијат многу имаат поголем ризик од развивање ангина како и болест на коронарната артерија.rn

    Претераното спиење може да доведе до рана смрт

    rnВо 2010 година истражувачите направиле ревизија на 16 различни студии кои вклучувале 1.382.999 испитаници и откриле дека ризикот од рана смрт кај оние кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта е 1,3 пати поголем.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Примарни причинители на рак на дојката кои треба да ги знаете

    Примарни причинители на рак на дојката кои треба да ги знаете

    За да знаете како да го превенирате ракот на дојка треба само да бидете добро информирани. Научете колку што е можно повеќе информации за ваше добро, па потоа споделете ги и со другите жени во вашиот живот.rnrnПримарни причинители на рак на дојкиrnrnУпотребата на антиперспиранти за некои личности е секојдневна рутина. Но, она што повеќето не го знаат е дека треба да се избегнуваат оние антиперспиранти кои содржат алуминиум во својот состав, бидејќи на тој начин се зголемува ризикот од рак на дојка.rnrnАнтиперспирантите функционираат така што ги затвораат порите кои отпуштаат пот под вашите пазуви со помош на алуминиумот. Ова не само што ја блокира способноста на вашето тело за детоксикација (испуштање токсини преку потта) туку и им дозволува на овие метали да патуваат насекаде низ вашето тело.rnrnНеодамнешна студија ја покажала поврзаноста помеѓу ракот на дојката и редовната употреба на антиперспиранти. Ризикот се зголемува уште повеќе доколку тој се нанесува веднаш по бричење.rnrnПорано се верувало дека дезодорансот е многу побезбеден од антиперспирантите, но неодамнешни студии покажале дека постои поврзаност помеѓу парабените (состојки во дезодорансите) и ракот на дојката. Еден едноставен пример за ова е аутопсијата на една жена која починала од рак на дојка каде што во ткивото на нејзините гради биле најдени огромни количини на парабени.rnrnДали и градниците предизвикуваат рак на дојка?rnrnМногу доктори и истражувачи се согласуваат дека носењето градници кои се претесни можат да ја сопрат лимфната дренажа, а токму тоа може да доведе до развивањето рак на дојка поради фактот што вашето тело не е способно да ги исфрли сите токсини кои е потребно во текот на еден ден. Алуминиумот од антиперспирантите е само еден потенцијално опасен начин кој предизвикува насобирање на токсините доколку вашата лимфна дренажа е нарушена.rnrnПостојат голем број цврсти студии кои го поврзуваат носењето градник со ракот на дојката, но најголемата од нив била спроведена од страна на медицинските антрополози Сидни Сингер и Сома Грисмајлер (автори на книгата „Dressed to Kill: The Link Between Breast Cancer and Bras“). Тие спровеле студија од над 4.000 жени и откриле дека оние кои не носат градници се изложени на помал ризик од рак на дојка. Нивните откритија ги вклучуваат следните резултати:rn

      rn011

    • Жените кои ги носат своите градници 24 часа на ден, имаат 3 од 4 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn011

    • Жените кои ги носат своите градници повеќе од 12 часа на ден, но не и додека спијат, имаат 1 од 7 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn011

    • Жените кои ги носат своите градници помалку од 12 часа на ден имаат 1 од 52 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn011

    • Жените кои носат многу ретко градник или пак, никогаш имаат 1 од 168 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn

    rnПостои огромна разлика во ризикот од заболување помеѓу жените кои носат градник 24 часа и оние кои не носат воопшто. Според овие резултати, поврзаноста помеѓу градниците и ракот на дојка е околу 3 пати поголема од поврзаноста помеѓу цигарите и ракот.rnrnИ покрај тоа што оваа студија немала целосна контрола врз останатите ризик фактори кои можат да влијаат на резултатите, постојат и други студии кои откриле слични поврзаности. На пример, една група јапонски истражувачи откриле дека носењето градник може да го намали нивото на мелатонин во вашето тело за околу 60%. Хормонот мелатонин е тесно поврзан со контролата на вашите циклуси за спиење, а голем број студии покажале и дека е огромен борец против ракот.