КАФЕ ПАУЗА

Tag: ризик

  • 5 нешта за кои на крајот од денот никогаш не треба да жалите

    5 нешта за кои на крајот од денот никогаш не треба да жалите

    Дали кога легнувате да спиете се чувствувате исполнето и смирено знаејќи дека денес сте направиле еден чекор понапред кон она што е важно во вашиот живот или пак, повторно жалите за нешто што не сте направиле?rnrn5 нешта за кои на крајот од денот никогаш не треба да жалитеrnrnЖивотот е како река, во него многу е тешко да одржувате една позиција – или се движите напред или назад. Доколку не вложуваме свесен напор во остварувањето на нашите цели, животот секојдневно ќе нè води низ својот тек. Токму затоа станете свесни за своите цели и не дозволувајте на крајот од денот повторно да жалите за…rn

    Тоа што повторно чекате до утре

    rnПроблемот лежи во тоа што секогаш мислите дека имате повеќе време одoшто навистина имaтe. Но, еден ден ќе се разбудите и веќе нема да имате време за сите оние нешта кои отсекогаш сте сакале да ги правите. И во тој момент зад себе ќе имате или постигнати цели или листа на изговори. Токму затоа ако нешто ви е важно, започнете го уште денес!rn

    Тоа што не сте ризикувале и направиле напредок

    rnЖивотот е ризик. Секоја одлука, секоја интеракција, секој чекор, дури и секое утринско станување од кревет во себе содржат мали ризици. Да се живее животот значи да се преземаат овие ризици и да се верува во себе додека се прави тоа. Доколку не можете да станете од вашиот кревет, држејќи се до илузијата дека таму сте сигурни, вие воопшто не го ни живеете вашиот живот. Подобро е да имате живот кој е исполнет со мали грешки од кои сте научиле нешто, отколку целиот живот да ви е исполнет со жалење за оние нешта кои никогаш не сте ги ни пробале.rn

    Тоа што сте ѝ се спротивставувале на реалноста, наместо да ја прифатите и да работите на неа

    rnСекој ден е изграден од безброј мали избори. Доколку се борите за работа која не ја сакате, а ја гледате како начин на отплаќање кредит, одржување на својата фамилија или негување на своите соништа тогаш немојте да создавате отпор против неа. Едноставно прифатете ја ситуацијата бидејќи во овој момент и покрај тоа што не сте задоволни со неа, таа ви овозможува да постигнете нешто друго кое ви е потребно. Или пак, доколку сте во врска која ви создава болка, не заборавајте дека вие сте избрале да останете во неа. Можеби таа врска ќе ви помогне да пораснете и подлабоко да ја сфатите љубовта, а можеби и не. Но, вие сте оние кои одбирате дали да останете таму или да ставите крај, во овој момент. Бидете сигурни во својот избор, бидејќи тој е изворот на вашата сила.rn

    Тоа што сте биле лути

    rnЛутината најчесто се јавува тогаш кога луѓето веруваат дека некој нешто им должи. Опростувањето, од друга страна, е карактеристична за оние луѓе кои имаат доволно самодоверба да застанат на своите нозе и да продолжат понатаму. Но, за кој било да може да продолжи со својот живот, мора да знае точно што чувствува со цел да се избори со овие емоции. Вие треба да си простите на себе и да му дозволите на минатото да остане онаму каде што му е местото – во минатото.rn

    Тоа што сте изгубиле многу време во обидите да им се допаднете на сите

    rnНемојте сè да сфаќате лично, бидејќи луѓето најчесто ги прават работите само поради себе. Вие не можете да го промените начинот на кој луѓето се однесуваат кон вас ниту пак можете да го промените начинот на кој зборуваат за вас. Она што можете да го промените е начинот на кој реагирате на овие нешта. Најпрво опкружете се со оние луѓе кои позитивно влијаат на вас, а потоа потсетете се дека не сте сами. Трошете го вашето време на она што вам ви е важно, а не на градењето на маската која ја носите секој пат кога ќе излезете од вашиот дом.

  • 15 работи кои луѓето со голема самодоверба не ги прават

    15 работи кои луѓето со голема самодоверба не ги прават

    Да се има самодоверба значи да се верува во себе и во своите способности. Ако не веруваме во себе, зошто некој друг би верувал во нас? Доколку сакате да ја подобрите својата самодоверба или пак да проверите колку навистина имате верба во самите себе, обрнете внимание на оваа листа од 15 работи за кои луѓето со голема самодоверба кажуваат големо НЕ.rnrn15 работи кои луѓето со висока самодоверба не ги праватrn

    1. Не наоѓаат изговори

    rnДоколку не пристигнале навреме на работа, не го обвинуваат сообраќајот ниту времето, едноставно задоцниле. Не се служат со изговори од типот „Немам време“, „Моите околности се тешки“, или „Не сум доволно добар/ра за тоа“, туку ќе најдат време, ќе ги променат нештата над кои имаат моќ да влијаат и ќе научат да бидат доволно добри во што било. Луѓето со голема самодоверба се свесни дека оној кој не сака – наоѓа изговори, додека оној кој вистински посакува нешто – наоѓа начини.rn

    2. Не ги одбегнуваат нештата од кои се плашат

    rnНикогаш нема да дозволат стравот да ги управува нивните животи. Најстрашните работи во нашите животи најчесто се токму оние со кои треба да се соочиме за да постигнеме определена цел и да еволуираме како личности. Луѓето со високо ниво на самодоверба се свесни дека работите за кои чувствуваат страв се токму оние работи кои вреди да се направат.rnrnКога еднаш ќе се соочите со стравот, ќе сфатите дека и не бил толку голем, но колку повеќе го одбегнувате, тој сè повеќе расте. Еве на пример, да речеме дека исто како малите деца се плашите од „чудовиштето под креветот“. Луѓето со самодоверба нема да спијат со запалена светилка ниту пак да појдат во креветот на мама, туку ќе го изгаснат светлото и ако треба ќе поминат една вечер под креветот, за дури и ако постои чудовиштето да му докажат дека нема да му дадат можност да ги контролира.rn

    3. Не живеат во стаклено ѕвоно

    rnОние со голема самодоверба нема да останат во безбедната зона туку ќе преземат ризици и ќе направат промени бидејќи безбедната зона е токму она место каде соништата умираат. Ако, да речеме, се стремите кон вашето тело од соништата, но останувате физички неактивни поради болката во мускулите и големиот напор кој се бара од вас, вие никогаш нема да ја постигнете вашата цел. Ќе останете на каучот гледајќи филмови и грицкајќи чипс. Но ако свесно се изложите себеси на тој физички напор, ќе сфатите дека и болката во мускулите се намалува по одредено време и истиот тој напор ќе ви стане рутина која ве носи до целта.rn

    4. Не ги одлагаат работите

    rnНе го чекаат „вистинското време“ или „вистинските околности“, бидејќи ако се поставите така, никогаш нема да дојде тоа вистинско време кое го чекате. Тие преземаат акција сега, денес, во овој момент, правејќи околностите да се прилагодат на нивните планови и цели, а не обратно.rn

    5. Не се преокупирани со туѓите мислења

    rnСе грижат за другите и не се однесуваат себично, но кога станува збор за туѓото мислење, не се преокупирани со она што другите го мислат за нив. Го живеат животот на свој начин, некогаш правејќи работи кои другите не ги разбираат, но нема да дозволат нивните соништа да зависат од мислењата на другите. Се фокусираат на оние кои им се блиски и за кои знаат дека ќе ги поддржат без оглед на сè, а што се однесува за остатокот од светот, не се преокупираат со идејата да ги импресионираат другите бидејќи знаат дека не е возможно секој да има добро мислење за нив.rnrn15 работи кои луѓето со висока самодоверба не ги праватrn

    6. Не ги осудуваат луѓето

    rnСекој е различен и секој има свои проблеми, свое мислење и си го носи сопствениот товар. Луѓето кои имаат самодоверба не чувствуваат потреба да омаловажат некој друг со цел да се чувствуваат подобро самите за себе.rn

    7. Не дозволуваат недостатокот на ресурси да ги спречи

    rnСвесни се дека сè е возможно со доволна количина на креативност како и упорност. Нема да драматизираат околу сè она што го немаат туку ќе ги искористат сите оние нешта кои им се на располагање. Мислите дека најуспешните личности во светот секогаш ги имале сите потребни ресурси на сребрен послужавник? Не, туку одбрале да ги остварат своите цели и покрај сè.rn

    8. Не се споредуваат со другите

    rnНе се споредуваат со другите бидејќи се свесни дека никогаш не можат да знаат за туѓите околности. Единствената личност со која се споредуваат и натпреваруваат се самите себе. Гледаат да еволуираат во подобра личност од она што биле вчера.rn

    9. Не се фокусираат на квантитетот туку на квалитетот

    rnСекогаш ќе се одлучат за квалитет наспроти квантитет. Свесни се дека не можат совршено да се согласуваат со секоја личност со која ќе стапат во контакт, и тоа е во ред. Наместо тоа, тие се фокусираат на квалитетот на нивниот однос со другите.rn

    10. Не се зависни од позитивниот фидбек

    rnЖивотот понекогаш не е фер и некогаш работите не тргнуваат по замислената линија. Не секогаш околностите во животот ќе ви сигнализираат кренати палци и позитивен фидбек, не можете да контролирате буквално сè. Но она што можете да го контролирате е вашата реакција на случувањата во животот.rn

    11. Не ги избегнуваат непријатностите во животот

    rnСвесни се дека во животот неретко ќе треба да се соочат со непријатни и тешки ситуации, но тоа е многу подобро решение отколку избегнувањето што пак придонесува самиот проблем да се мултиплицира.rn

    12. Не се откажуваат лесно

    rnТие се свесни дека неуспехот е дел од сечиј живот и дека постојат две опции: да се исправиш по падот и да пробаш повторно или да се откажеш. Запомнете, неуспехот и не е толку лош. Со негова помош вие сте побогати за едно животно искуство и точно знаете како правилно да постапите во иднина.rnrn15 работи кои луѓето со висока самодоверба не ги праватrn

    13. Не им треба ничија дозвола

    rnНе чекаат зелено светло од околината, од општеството или од кој било. Секогаш пред да преземат акција си велат: Ако не јас, кој? Ако не сега, кога?rn

    14. Не се ограничуваат себеси

    rnНема да дозволат да бидат ограничени од какви било норми, правила или забрани. Ќе излезат од кутијата, ќе ги надминат границите ако треба, но ќе најдат начин да го остварат својот сон и да стигнат до определена цел. Тоа што навидум стигнувањето до таа цел изгледа невозможно го сфаќаат како уште поголем и поисплатлив предизвик, а не како ненадминлива пречка.rn

    15. Не ги прифаќаат нештата пред самите да размислат за нив

    rnЛичностите со голема самодоверба секогаш одржуваат доза на „здрав скептицизам“. Им даваат можност на другите да го кажат своето мислење, но секогаш ќе размислат со своја глава и ќе ги одделат важните од неважните информации. Ништо што ќе прочитаат или чујат не го сфаќаат како универзална вистина туку го преиспитуваат според своите сфаќања и интереси.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали може стресот да ви биде пријател?

    Дали може стресот да ви биде пријател?

    Од стрес срцето забрзано ви чука, неконтролирано се потите и ви се суши устата. Стресот е прогласен за голем непријател на човекот. Но дали навистина е? Всушност, некои понови истражувања покажуваат дека стресот влијае лошо само доколку вие верувате дека е така.rnrnДа гледаме реално. Во денешно време, со многу обврски, модерна технологија и брз начин на живот, дури е глупаво да речеме дека стресот треба да се избегнува, кога всушност е неизбежен.rnrnКели Мегонигл како психолог, целиот свој живот им кажувала на луѓето како стресот влијае лошо на здравјето на човекот од сите аспекти. Но по декада работно искуство, потврдува една сосем различна теорија – начинот на кој реагираме на стресот е клучен фактор за нашето справување со него, и интеракцијата со луѓето во нашите животи, може да ни помогне да излеземе на крај со целиот притисок донесен од стресот.rnrnДали може стресот да ви биде пријател?rnrnЗа да ја потврди својата теорија, го започнува своето излагање со едно истражување. Имено, 30.000 возрасни личности од Америка биле набљудувани во времетраење од 8 години. Прашањето кое им било поставено на учесниците било: Колку стрес сте доживеале во текот на претходната година? Но исто било поставено и прашањето: Дали верувате дека стресот е штетен по вашето здравје?rnrnОние кои доживеале големо ниво на стрес имале за 43% зголемен ризик за смрт, што и не е изненадувачки, но ова важело само за оние кои се изјасниле дека веруваат дека стресот е штетен и опасен. Оние кои биле под голем стрес, но не го гледале стресот како штетен и опасен, немале зголемен ризик за смртност, всушност имале најмал ризик од сите вклучени во истражувањето (дури и оние кои не биле изложени на голем стрес).rnrnКако заклучок на истражувањето се тврди дека 182.000 американци починале на млада возраст, не поради стрес, туку поради верувањето дека стресот влијае лошо. Во просек станува збор за 20.000 смртни случаи годишно, што доведува до резултат дека верувањето дека стресот е лош за здравјето е 15-тата причина за смртност, убивајќи повеќе луѓе од рак на кожа!rn

    Ова го поттикнува прашањето, дали начинот на кој размислуваме за стресот и како го сфаќаме стресот, може да нè направи поздрави? Науката вели да: кога ќе го промените начинот на кој вашиот мозок реагира на стрес, ќе го промените и начинот на кој вашето тело одговара на стресот.

    rnЗнаците на стрес, како потењето или забрзаното чукање на срцето, ги интерпретираме како негативни. Но што доколку анксиозноста ја гледате како дополнителна енергија која му е потребна на телото за да се подготви за соочување со предизвикот? Во истражување спроведено на универзитетот Хардвард, на учесниците им било кажано да ги гледаат симптомите на стрес како позитивни – брзото чукање на срцето ве подготвува за акција, ако дишете брзо вашиот мозок зема поголема доза кислород. Учесниците кои ги гледале симптомите на стрес како корисни, биле посамоуверени за време на нивниот јавен настап.rnrnВерувале или не, стресот го подобрува вашиот социјален живот. Како поткрепа за ова тврдење е хормонот окситоцин, кој се ослободува за време на интимни моменти. Но, она што многумина не го знаат е дека окситоцинот е всушност хормон кој одговара на стрес. За време на стрес, окситоцинот се ослободува и има сличен ефект како адреналинот. Па така, кога сте под голем стрес, окситоцинот ќе ве натера да барате поддршка и помош од најблиските, како и социјална интеракција со пријателите. Но овој хормон не влијае само на вашиот мозок, туку и на вашето тело. Една од најзначајните улоги врз вашето тело е заштитата на кардиоваскуларниот систем од стрес. Неверојатно е како ослободувањето на окситоцинот при барање поддршка кај пријателите за време на стрес, му помага на вашето тело подобро да го поднесе стресот и побрзо да се опорави.rn

    Вашата реакција на стресот, всушност може да изгради одбранбен механизам за отпорност на стрес. Тој механизам е поврзаноста и интеракцијата со другите личности во вашиот живот.

    rnКога сме веќе кај поврзаноста на стресот и интеракцијата со другите во нашите животи, друго истражување спроведено меѓу илјада учесници, го испитувало нивото на стрес меѓу учесниците, но и времето поминато со најблиските. Оние кои биле под голем стрес (финансиски потешкотии, проблеми во семејството и сл.), имале 30% зголемен ризик на смртност. Но, ова не важело за сите. Оние кои поминале значајно време помагајќи им на другите, земајќи учество во социјални збиднувања и поминување време со блиските, воопшто немале зголемен ризик на смртност, и покрај доживеаниот стрес. Што би значело дека грижата за другите создава отпор на стресот.rn

    Стресот е неизбежен, но кога ќе одберете стресот да го гледате како пријател и кога ќе се обратите кај најблиските за помош наместо да го држите во себе, стресот може да биде дури и позитивно искуство.

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како отчукува биолошкиот часовник кај жената?

    Како отчукува биолошкиот часовник кај жената?

    Квалитетот на јајце-клетките со годините се намалува, па така и веројатноста за природно оплодување е помала, додека се зголемува ризикот од губење на детето. Но, покрај возраста на мајката, битни се и годините на таткото.rnrnБременоста во 40-тите години од животот во последниве неколку години се зголемува, но докторите предупредуваат дека ова носи и голем ризик за здравјето на мајката и детето. Јајце-клетките на оваа возраст не се толку здрави како во 20-тите, па колку се жените постари, толку е потешко да останат бремени, и толку бременоста им станува потешка.rnrnrn

    Шансите за природно оплодување се помали од 5%

    rnСепак, шансите се поголеми од 5% за вештачко оплодување и се движат од 6 до 10%, потврдува една студија на Американското општество за репродуктивна медицина.rn

    Квалитетот на јајце-клетките опаѓа со годините

    rnКвалитетот на јајце-клетките во 40-тите години од животот на жената многу опаѓа, па само 25% успеваат да зачнат без донорски јајце-клетки од млади жени. Влегувајќи во 43-тата, шансите паѓаат на 10%, а со 44-тата на 1,6%. Иако некои жени можат да затруднат со свои јајце-клетки, тоа не е вообичаено ако се работи за вештачко оплодување, тврдат гинеколозите.rn

    Здравата телесна тежина го намалува ризикот од царски рез

    rnТежината игра голема улога во бременоста. Истражувањата на 53.000 жени потврдиле дека жените на 40 години кои пазат на својата линија имаат помал ризик од царски рез, преран пораѓај, ниска телесна тежина кај детето и гестациски дијабетес карактеристичен за бременоста.rn

    Поголем е ризикот од пометнување

    rnКако резултат на намалување на квалитетот на јајце-клетките со годините, станува поголем ризикот од генетичка малформација која го оневозможува одржувањето на бременоста и растот на фетусот. Ова пак, го зголемува ризикот од пометнување, а колку сте постари, толку ситуацијата е понеповолна. Степенот на пометнувања кај 40-годишните жени кои биле на вештачко оплодување е 24%, кај 43-годишните – 38%, а кај 44-годишните – 54%, потврдува истражување спроведено на Универзитетот Харвард.rn

    Колку постар е таткото, толку е поголем ризикот од аутизам

    rnОсвен годините на мајката, значајна е и возраста на таткото. Квалитетот на спермата се намалува, па колку е таткото постар, толку е поголем ризикот од аутизам и шизофренија кај детето.rn

    Треба да се почне на време

    rnСо вештачко оплодување во 40-тите треба да се почне после 6 месеци обидување, советуваат гинеколозите. Но, ова важи само ако менструалниот циклус е редовен, а ако не е, се препорачува да се побара лекарска помош многу порано. После тоа се прави темелно испитување и третирањето се прилагодува индивидуално, што пак не секогаш гарантира успех.rn

    Јајце-клетките треба да се здрави

    rnПред да се настапи со вештачко оплодување, јајце-клетките се тестираат и се избира она што е најздраво со цел да се зголемат шансите за бременост. Модерната технологија ги зголеми тие шанси за постарите жени, но тоа и понатаму не значи дека би имало успех при првиот обид.rn

    Надворешниот изглед не е мерило на староста

    rnВажна е вистинската возраст на мајката и возраста на генетичкиот материјал содржан во јајце-клетките. Нивниот квалитет може да се подобри со одредени состојки како коензимот Q10, но за тоа претходно треба да се посоветувате со доктор.rn

    Не се препорачува породување во домашни услови

    rnКолку постара е бремената жена, толку е поголем ризикот од компликации при самото породување. Особено се опасни дијабетесот и високиот крвен притисок, па во такви ситуации не се препорачува домашно породување.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како патуваат некои деца низ светот за да стигнат на училиште?

    Како патуваат некои деца низ светот за да стигнат на училиште?

    Доколку вашите браќа, сестри или деца прават проблем наутро кога треба да станат за да ги однесете на училиште или се противат на користење јавен превоз, покажете им ги овие фотографии. Постојат многу дечиња кои секојдневно си го ставаат својот живот на ризик за да појдат на училиште и да научат нешто ново. Пешачат со километри, одат по несигурни мостови, препливуваат реки и што ли уште не. Погледнете ги овие фотографии кои се направени во Виетнам, Филипините, Колумбија и Индонезија.rnrnКако патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште? Како патуваат некои децата низ светот за да стигнат на училиште?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 лесни начини за донесување тешки одлуки

    7 лесни начини за донесување тешки одлуки

    Дали некогаш посакувате да постоеше лесен начин за донесување тешки одлуки? Постојат некои работи кои можете да ги направите за полесно да донесете некоја одлука. Донесувањето одлуки е тежок процес и за да не се покаете и да не згрешите повторно, прочитајте ги следните совети, кои веројатно ќе ви помогнат.rnrn7 лесни начини за донесување тешки одлукиrn

    1. Одредете ги позитивните и негативните страни

    rnДонесувањето на една одлука со себе носи свои позитивни и негативни страни, затоа добро размислете и предвидете што би се случило доколку се одлучите за една од нив. На лист хартија направете листа од позитивните и негативни аспекти и така ќе добите појасна слика за она што е најдобро за вас. Можеби во себе веќе знаете што сакате, но кога ќе го видите тоа напишано, ќе најдете оправдување за постапката и конечно ќе успеете да се решите.rn

    2. Побарајте совет од пријател

    rnНема ништо лошо во тоа да побарате совет од некој близок пријател кога се обидувате да донесете тешка одлука. Но, внимавајте да не се потпрете единствено на тоа што тој/таа го мисли. Земете ги предвид нивните видувања, сите факти, вашиот личен став и одлучете се. На пример, доколку размислувате дали да се преселите на некое ново место, разговарајте со пријател да видите што тој мисли за тоа, но знајте дека тие секогаш ќе сакаат да останете каде што сте, бидејќи така ќе бидат поблиску до вас. Значи, сепак на крајот, одлуката е само ваша.rn

    3. Разгледајте ги сите можни опции

    rnБидете информирани и разгледајте ги сите можни опции пред да донесете одлука. Доколку размислувате за нов потег во кариерата, или пак не можете да се одлучите каде да одите на одмор, истражувањето на интернет може да се покаже многу корисно. Ќе се инспирирате и веднаш ќе се одлучите што да направите.rn

    4. Ризикувајте

    rnНе е препорачливо ова да го правите при донесување на важни, животни одлуки, но е корисно за решавање на некои секојдневни, ситни дилеми. Доколку некогаш ви се смачи од многу размислување, едноставно препуштете се на ризикот и надевајте се на најдоброто.rn

    Посетувајте онлајн-форуми

    rnОнлајн-форумите се одлично место да побарате помош при донесување на некоја одлука. Не мора секогаш да коментирате за вашиот проблем, бидејќи огромни се шансите некој веќе да се соочил со тоа и само да ги разгледате дадените совети и да ги примените во вашата ситуација. Ова најмногу помага во донесување одлуки за интимни врски, пријателства, но и при изборот на соодветен факултет.rn

    Верувајте ѝ на интуицијата

    rnМногу луѓе ќе ви кажат да го следите срцето, кога станува збор за љубовта, и ова можеби е точно, но кога станува збор за некои попрактични одлуки, вашата интуиција веќе знае која опција е најдобра. Доколку не сте сигурни што ви кажува, фрлајте паричка. Ако бидете разочарани од исходот, тогаш честитки, бидејќи веќе знаете што сакате и што треба да направите.rn

    Направете пауза

    rnДоколку размислувате и се грижите за некоја одлука долго време, за момент заборавете на тоа и оддалечете се. На тој начин, подоцна ќе успеете да донесете пообјективна одлука, без да се чувствувате стресно или вознемирено. Исто како кога пишувате есеј, кратката пауза ви помага да се освежите, почисто да размислувате, а со тоа и полесно да донесете одлука.rnrnСе надеваме дека ќе ги примените овие совети и дека ќе ви помогнат полесно да донесувате одлуки во иднина.

  • 5 вистини за промените во животот

    5 вистини за промените во животот

    Самата помисла за некаква промена во нашите животи може да биде застрашувачка. Постојат личности кои лесно се носат со промените и кои не се плашат да излезат од сигурниот и веќе проверен пат, да преземат ризик и да направат промена. Но постојат и такви кои ретко кога се одлучуваат за какви било промени. Најчесто одлуката за преземање на ризикот кој го носи промената е многу тешка. Но еве неколку вистини за промените кои можеби ќе ви помогнат да донесете важна одлука која ќе ви го промени животот.rn

    5 вистини за промените во животот

    rnrn

    Промената е важна

    rnПромена му е потребна секому. Замислете да живеевте живот без избор, живот полн со монотонија. Секое утро да станувавте во исто време, да ја јадевте истата храна, да ги работевте истите работи без никаков исклучок. Колку би ви било здодевно и дали некогаш би успеале да напреднете на кое било поле во животот?rnrnВажно е да се запамети дека промената не е страшна, луѓето прават промени и самите луѓе се менуваат. Ако не се менувавме, тогаш немаше да растеме и созреваме, да еволуираме во позрели и поуспешни личности. Играта на сигурно честопати е во ред, но ако не преземете никаков ризик и никогаш не се одлучите за промена, како тогаш би напреднале во поискусната и поуспешна верзија од себе?rn

    Промената е добра

    rnВие самите може да одберете како ќе гледате на промените. Можеби како голем ризик или како нешто кое ви помага да ги осознаете сопствените можности и потенцијали. Ништо во животот не може строго да се карактеризира само како „добро“ и „лошо“, туку сè зависи од нашето лично искуство и од начинот на кој ние ги гледаме и доживуваме работите.rnrnНа пример, на промената на местото на живеење некој гледа како на многу негативна работа бидејќи ќе треба да ги напушти пријателите од соседството и веќе проверениот начин на живот. Но друг, тоа ќе го гледа како авантура, можност да ги прошири своите видици и познанства и да најде подобро место за живеење. Значи во сушина е истата работа интерпретирана на два различни начини. Затоа, ослободете се од негативностите и мислете на позитивните нешта кои ќе излезат како резултат од промената.rn

    Промената може да биде забавна

    rnДоколку сте личност која многу тешко се одлучува за каква било промена во својот живот, почнете со едноставни и лесни промени. Како на пример, преуредување на просторија во домот. Сами ќе забележите дека промената ви годи, дека сте искусиле нов начин на кој работите можат да се одвиваат и дека со таа промена сте ги направиле нештата подобри. Всушност имате поголем избор и не сте ограничени. Сè додека не научите на промената да гледате како на забавно нешто кое ви нуди многу варијанти за да се пронајдете себеси и своите желби, вие ќе продолжите да се плашите од промени.rn

    Промената е привремена

    rnПромената и тоа како може да изгледа како многу страшна работа. Но еве интересна вистина. Ние луѓето со тек на време просто се навикнуваме на работите. На пример, кога завршивте основно училиште и се запишавте во средно, нели тоа беше голема промена? Нели бевте исплашени за тоа како ќе се соочите со таа промена, но сепак се навикнавте на средношколскиот начин на живот?rnrnНие умееме да се прилагодиме кон ситуацијата со која сме опкружени, секој човек го може тоа и всушност постојано и го прави, некогаш и незабележливо. Важно е да запаметите дека она што ви изгледа сосема ново и страшно денес, за брзо време ќе ви биде веќе познато и влезено во рутина. Промената нема долго да ја доживувате како промена туку како начин на живот.rn

    Промената се преживува

    rnКолку и да ви звучи страшно, сте преживеале многу промени во минатото, а ќе преживеете многу и во иднина, како вие, така и секој човек. Можеби изгледа како тежок предизвик, но промената е возбудлива, гледајте на неа како што дете ја гледа својата нова играчка. За многу скоро ќе погледнете назад и ќе се прашувате зошто толку сте се плашеле од промената?rnrnВо природата ни е да сакаме повеќе од она што веќе го имаме, да свикнуваме на промени, да се унапредуваме и да учиме и доживуваме нови нешта. Доколку не ви се допаѓа вашата работа, доколку мислите дека можете многу повеќе со својот капацитет и знаења, тогаш зошто да се ограничувате себеси со стравот од промена? На стравот од промените гледајте како на вашите детски стравови од темнината. Нели сега ви звучи глупаво и смешно што кога имавте 10 години се плашевте од чудовишта во темнината?rnrnПромената е важна и неопходна. Некогаш ќе резултира одлично, некогаш не толку добро, но ако не преземете никаков ризик, не очекувајте дека некогаш ќе бидете повеќе од она што сте сега.

  • Украинскиот бестрашен егзибиционист

    Украинскиот бестрашен егзибиционист

    Украинецот познат под псевдонимот „Mustang Wanted“ е очигледно бестрашен човек. Судејќи според неговото несекојдневно адреналинско хоби, овој човек очигледно обожава да си го става животот на ризик.Украинскиот бестрашен егзибиционистЗа ретките луѓе како него не постојат ограничувања, бидејќи тие секогаш бараат начин да одат чекор погоре и да нè заплашуваат нас останатите, со самото тоа што ги гледаме нивните егзибиции. Ова е навистина екстремен спорт, кој не е за секого и кој дефинитивно не треба да го пробувате без помош од професионалци и соодветна заштитна опрема. Подолу можете да погледнете и едно видео со неговите егзибиции. Украинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистУкраинскиот бестрашен егзибиционистrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со неколку шолји кафе дневно до подолг животен век

    Со неколку шолји кафе дневно до подолг животен век

    Според најновото истражување во кое учествувале повеќе од половина милион луѓе на возраст од 50 до 71 година, со консумирање на 3 шолји кафе дневно се намалува ризикот од ненадејна и прерана смрт.rnrnСо неколку шолји кафе дневно, до подолг животен векrnrnВнесувањето на голема количина кофеин во организмот се смета за нездраво, но резултатот од ова истражување, кое го спровело Националниот американски институт за рак, покажало дека со 2-3 шолји кафе дневно се намалува ризикот за смрт од инфаркт, инфекција на респираторниот систем, мозочен удар, дијабетес и од многу други инфекции.rn
    rn

    „Две или три шолји кафе дневно го намалуваат ризикот за прерана смрт за 10 до 15 проценти, но зголемувањето на дозата не значи дека ќе се зголеми и процентот, па токму затоа не треба да се претерува“ – вели д-р Нил Фридман од Националниот институт.

    rnЗа време на истражувањето, испитаниците биле следени во период од 12 години, а нивните навики укажувале на позитивно делување на кафето врз здравјето.rnrnНајголем проблем претставувал фактот што љубителите на кафето, омилениот свој напиток го пиеле во придружба на цигара, која го скратува животниот век.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 реченици кои ќе ви го променат животот

    10 реченици кои ќе ви го променат животот

    Моќта на реченицата е огромна. Само една реченица некогаш може да ни го уништи денот, да ни го промени расположението или да ни го направи денот поубав. За среќа, постојат реченици кои се толку моќни што можат да ни го променат животот на подобро. Еве 10 такви.rnrn10 реченици кои ќе ви го променат живототrnrn1. Луѓето не се против тебе. Тие се за самите себеси.rnrn2. Искачувај се на планински врвови, не за да те види светот, туку за да го видиш ти него.rnrn3. Учиш повеќе од неуспесите отколку од успесите. Не дозволувај тоа да те сопре. Неуспехот го гради карактерот.rnrn4. Најопасниот ризик од сите е ризикот да го потрошиш животот неправејќи го она што го сакаш, коцкајќи се со сопствената слобода да го сториш тоа подоцна.rnrn5. Оди онаму каде што те слават, не таму каде што те толерираат.rnrn6. Личноста со која ќе го поминеш најголемиот дел од животот си ти, затоа потруди се да бидеш најинтересен што можеш.rnrn7. Ако ги прифатиш своите ограничувања, можеш и да ги надминеш.rnrn8. Луѓето велат дека мотивацијата не трае долго. Да, но исто и бањањето. Затоа се препорачува да се практикува секој ден.rnrn9. Секој што ќе го сретнеш се плаши од нешто, сака нешто и има изгубено нешто.rnrn10. Комфорот е непријател на постигнувањето успеси.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.