КАФЕ ПАУЗА

Tag: рецепти

  • 3 рецепти за најдобрите антицелулитни третмани

    3 рецепти за најдобрите антицелулитни третмани

    Пилинзите кои се состојат од абразивни состојки како морска сол, кафеав шеќер и кафе се најдобрите пријатели на мазното тело без целулит. Тие ја чистат кожата од мртвите клетки, ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат непосакуваниот ефект на кора од портокал на задникот и бутовите.rnrn3-recepti-za-najdobrite-anticelulitni-tretmani-kafepauza.mkrnrnПред вас се 3 рецепти за пилинг кои можат да ви помогнат во борбата со целулитот, а сите можете лесно да ги подготвите сами дома.rn

    1. Паста од морска сол и кафеав шеќер

    rnНаправете паста од 1 шолја кафеав шеќер, 1 шолја морска сол, сок од еден лимон, неколку кафени лажички маслиново масло и 2 лажици мед. Втријте ја пастата на критичните делови на делото и масирајте со кружни движења. Оставете ја пастата да отстои 5 минути па измијте ја од телото со ладна вода.rn

    2. Паста од кафе и шеќер

    rnИзмешајте ½ шолја крупно мелено кафе со малку маслиново масло и 3 лажици шеќер додека не добиете хомогена паста. Со неа истријте ја непосакуваната кора од портокал на телото. Ако сакате да постигнете дополнителен ефект, пастата тријте ја со помош на абразивен сунѓер за тело кој ќе ја подобри циркулацијата на крвта под кожата.rn

    3. Паста од алги и маслиново масло

    rnПомешајте 3 лажици иситнети алги со малку морска сол и ¼ шолја маслиново масло додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја оваа паста на местата зафатени со целулит и масирајте со кружни движења неколку минути. Пастата ќе делува подобро доколку претходно ги отворите порите со топол туш, а после третманот измијте ја пастата со ладна вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пет вкусни идеи за смуди

    Пет вкусни идеи за смуди

    Може да направите смуди од која било комбинација на овошје и зеленчук. Секоја ваша замисла можете да ја претворите во одличен освежителен пијалак, но доколку ви недостасуваат идеи тогаш нема да погрешите со овие 5.rn

    Смуди со банана и путер од кикирики

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • една средно голема банана
    • rn011

    • 2 големи лажици путер од кикирики
    • rn011

    • една супена лажица мед
    • rn011

    • 130 мл обезмастено млеко
    • rn

    rn(1) Пет вкусни идеи за смудиrn

    Смуди со боровинки, банана и портокал

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 100 мл јогурт
    • rn011

    • една банана
    • rn011

    • 60 мл сок од портокал
    • rn011

    • 50 грама боровинки
    • rn011

    • една голема лажица пченични никулци
    • rn011

    • половина лажица ленено семе
    • rn

    rn(2) Пет вкусни идеи за смудиrn

    Тропско смуди со спанаќ

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 130 мл обезмастено млеко
    • rn011

    • 125 грама јагоди
    • rn011

    • 60 грама ананас
    • rn011

    • 15 грама спанаќ
    • rn011

    • 30 грама овесни снегулки
    • rn011

    • една лажица ленено семе
    • rn

    rn(3) Пет вкусни идеи за смудиrn

    Смуди со праски и моркови

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 250 грама бадемово млеко
    • rn011

    • 50 грама моркови
    • rn011

    • 250 грама праски
    • rn011

    • 30 грама овесни снегулки
    • rn011

    • една лажица ленено семе
    • rn

    rn(4) Пет вкусни идеи за смудиrn

    Зелено смуди со банана

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 250 грама бадемово млеко
    • rn011

    • 100 грама боровинки
    • rn011

    • една банана
    • rn011

    • 30 грама спанаќ
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn011

    • цимет
    • rn

    rn(5) Пет вкусни идеи за смуди
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Готварскиот клуб“ – Линда Шепард и Ив Еверсон

    Книга: „Готварскиот клуб“ – Линда Шепард и Ив Еверсон

    Рецептите за катастрофа кога шест пријателки ќе се сретнат…rnrnКнига: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив ЕверсонНаслов на оригиналот: The Potluck Club – Linda Evans Shepherd and Eva Marie EversonrnrnСтанува збор за првата книга од серијалот „Готварскиот клуб“, на Линда Еванс Шепард и Ив Мари Еверсон. Книгата е проследена со кулинарски рецепти и добро раскажување. rnrnШесте дами се вистински предизвик за новинарот Клеј, кој се обидува да дознае интригантни детали за нивните животи, но тие се секогаш еден чекор пред него. Нивните молитви за жителите на Самит Вју, повеќе наликуваат на љубопитност за туѓите животи, отколку на желба за помош.rn

    Синопсис

    rn

    Шест пријателки на различна возраст, се собираат секој месец за да споделат вкусна храна, добри рецепти, желба за пријателство и по некоја молитва. Нивното пријателство навистина го зачинува животот во Самит Вју, Колорадо. Работите стануваат интересни кога нивните тајни полека, но сигурно почнуваат да се откриваат…Книга: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив Еверсон

    Да Ви ги претставам дамите од готварскиот клуб:rnrnЕвангелин Бенсон стои на чело на овој женски клуб и состаноците се случуваат во нејзината куќа. Таа го основала клубот пред многу години, кога заедно со нејзината покојна пријателка Рут Ан, почнале да прават мали средби придружени со вкусни јадења и молитви. Еви живее во Самит Вју цел свој живот, и не е баш со раширени раце за добредојде на новите жители во нејзиното родно место. Таа не е склона кон промени, и никогаш не се омажила, ниту ја преболела тинејџерската љубов. Една вечер пред да се одржи септемврискиот состанок на клубот, нејзината внука од сестра пристигнува со скршено срце и големо изненадување за тетка си…rnrnЛиса Лин е нов жител на Самит Вју, жена која е навикната да ги има работите во своја контрола, а истото ќе сака да го направи со клубот, што ја прави број 1 непријател на Еви. Нејзината опсесивна потреба да контролира сè, е резултат на тоа што не добива доволно љубов и внимание од својот сопруг.rnrnГолди цел свој живот е мажена домаќинка, која не заработува сама за себе и ги трпи неверствата на сопругот. Но, сега е подготвена целосно да го промени својот живот и конечно да излезе од бракот што ја уништува.rnrnДона е храбра млада жена која работи како полициски службеник во Самит Вју и е ќерка на шерифот на градот кој воедно е непреболената љубов на Еви. Дона членува во клубот не бидејќи е голем љубител на готвењето, туку затоа што знае дека нејзиното присуство ќе ѝ биде како трн во око на Еви. Но, Дона е на пат да открие нешто многу важно, нешто што целосно може да ѝ го промени животот на една од жените во клубот и да му помогне да човекот кој ненадејно се појавува во Самит Вју, да си ја најде својата биолошка мајка.rnrnЛизи работи како локална библиотекарка, таа е мирна и повлечена, но одеднаш презема силна иницијатива за да ѝ помогне на својата пријателка, жената на свештеникот, која боледува од рак.rnrnВони е мажена, но нема деца. Таа крие голема тајна од своите пријателки, но додека се обидува да го потисне минатото, тоа еден ден излегува на виделина.rn

    Кој би помислил дека животот на 6 навидум обични домаќинки, може да биде толку возбудлив?Книга: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив Еверсон

    rnrn

    Лична критика

    rnКнигата е поделена на глави, а во секоја глава раскажува некоја од дамите на готварскиот клуб. Пред секое раскажување, даден е по еден рецепт кој таа го споделува со вас, а на крајот на книгата се дадени сите рецепти кои сте ги сретнале во текот на читањето, така што би можеле да кажеме дека станува збор за одлична новела, а воедно и книга-готвач. rnrnНе мора да сте љубител на готвењето, искрено воопшто не ни пробав да зготвам ниеден рецепт од книгата, бидејќи повеќе се сконцентрирав на самата содржина. Животите на 6 религиозни домаќинки, излегоа навистина интересни, можеби и повеќе од очекуваното. Книгата е така лесна за читање и е проследена со добар хумор. Во неа ни се претставени 6 различни карактери на жени и нивните различни гледишта на светот, некогаш наивни, некогаш храбри и решителни, но секогаш интересни.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кул вегетаријански рецепти

    Кул вегетаријански рецепти

    Супер вкусни оброци за подобро здравје и повеќе уживање…rn
    rn

    1. Мафини со афионово семе

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 3 чаши брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче прашок за пециво
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче сол
    • rn011

    • 2 супени лажици семе од афион
    • rn011

    • 1 ½ чаша млеко
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ванила
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче екстракт од бадем
    • rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 1 ⅛ чаша масло за јадење
    • rn011

    • 2 чаши шеќер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги состојките во поголем сад и мешајте со голема дрвена лажица сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја во специјални калапи за мафини и печете на 350 степени Целзиусови.rn
    rn

    2. Печен наут (леблебија) со лимон, лук и рузмарин

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • кора од еден лимон
    • rn011

    • 1 супена лажица лук во прав
    • rn011

    • 2 конзерви наут – исцеден и исплакнат
    • rn011

    • 1 супена лажица свежо исецкан рузмарин или 2 кафени лажици сушен рузмарин
    • rn

    rn Начин на подготовка: Потапкајте го наутот со сува хартиена крпа, па ставете го во тавче врз хартија за печење. Премачкајте ги зрната со маслиновото масло истурајќи го врз нив и мешајќи со раката. Откако ќе ги премачкате сите, додадате ја кората од лимон, лукот и рузмаринот и ставете ги во рерна. Печете 15 минути на 400˚C. Повторно промешајте ги и оставете ги да се попечат уште 15-20 минути, сè додека не потемнат и станат крцкави.rn
    rn

    3. Овесна каша со боровинки

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 чаша овес
    • rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 2 чаши сок од јаболки
    • rn011

    • една полна дланка боровинки
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги да се варат водата и сокот од јаболки. Додадете го овесот и боровинките. Сето тоа оставете го да се крчка, сè додека не распукаат плодовите. Оброкот е за две лица.rn
    rn

    4. Виетнамска палачинка од компири

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 кг компири
    • rn011

    • 1 кромид со средна големина
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 1/4 чаша брашно
    • rn011

    • растително масло
    • rn011

    • кора од 1/2 портокал
    • rn011

    • мелен цимет
    • rn011

    • 1/4 кафена лажичка анасон
    • rn011

    • прашок за пециво
    • rn011

    • 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
    • rn011

    • сол и црн пипер (по вкус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги и изрендајте ги компирот и кромидот. Во нив ставете ги јајцето, брашното, ѓумбирот, кората од портокал, анасонот, солта и мелениот црн пипер и сето тоа убаво измешајте го. Сипете масло во тавче и ставете го тестото распределувајќи го рамномерно. Печете сè додека не добиете златна боја од двете страни. На врвот поросете цимет. Оброкот е за 12 особи. Се служи со сок од јаболко, помешан со сецкан коријандер и тајландски босилек (по вкус). Во сокот ставете и свежо исцеден џус од лимета, а врвот декорирајте го со листови свежо нане.rn
    rn

    5. Мус од тиква

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 450 г тиква
    • rn011

    • 1 голема банана
    • rn011

    • 200 г меко тофу (сирење од соја)
    • rn011

    • 2 ½ кафено лажиче цимет
    • rn011

    • 1/4 кафено лажиче ѓумбир
    • rn011

    • 1/4 морско оревче
    • rn011

    • 1 супена лажица сируп од агаве (природен засладувач кој се добива од jужноафрикански кактус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ја бананата, исецкајте ја и ставете ја во блендер. Истото направете го и со тиквата. Додатете го тофуто и една лажица сируп од агаве. Потоа ставете ги и циметот, ѓумбирот и морското оревче. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во фижидер добро да се излади. Декорирајте со ореви или темно чоколадо.rn
    rn

    6. Здрави колачиња со ѓумбир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки за 24 колачи:rn

      rn011

    • 2 ¼ чаши бело пченично брашно
    • rn011

    • 2 кафени лажички мелен ѓумбир
    • rn011

    • 3/4 кафена лажичка мелен цимет
    • rn011

    • 1/2 кафена лажичка мелено каранфилче
    • rn011

    • 3/4 чаша шеќер
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 1/4 чаша незасладен сос од јаболко
    • rn011

    • 1/2 чаша масло канола
    • rn011

    • 1/4 чаша меласа
    • rn011

    • 1 големо јајце
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. На страна измешајте ги брашното, шеќерот, зачините и содата. Додадете ги сосот од јаболко, маслото, меласата и јајцето и замесете тесто. Формирајте мали топчиња од тестото, сплескајте ги и извалкајте ги во шеќер. Потоа, наредете ги во тавче, врз хартија за печење и ставете ги во рерна. Печете 10 минути. Оставете ги кратко да се изладат, пред да ги одлепите од хартијата.rn
    rn

    7. Чоколадни компирчиња

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 300 г колачиња
    • rn011

    • 1 чаша лешници
    • rn011

    • 1/2 чаша шеќер
    • rn011

    • pоловина чаша млеко
    • rn011

    • 2 кафени лажички какао
    • rn011

    • 150 г путер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Колачињата и лешниците толчете ги сè додека не се претворат во прав. Потоа, во друг сад сипете ги млекото, шеќерот и какаото. Ставете ги на оган и мешајте сè додека состојките не се соединат, односно растопат во млекото. Додадете го и путерот и продолжете да мешате, без пауза. Откако сето тоа убаво ќе се свари, тргнете го од огнот и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете ги истолчените колачиња и лешници, промешајте уште еднаш и почнете да правите топчиња во облик на компирчиња, кои можете да ги јадете веднаш.rn
    rn

    8. Супа од брокула

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 брокула
    • rn011

    • 1 лук
    • rn011

    • 1 француски кромид
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn011

    • вода
    • rn011

    • сол и мелен црн пипер (по вкус)
    • rn011

    • павлака (не е задолжителна)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги лукот и кромидот и заедно со брокулата исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во длабоко тенџере во кое ќе ги додадете и маслиновото масло, водата (отприлика), солта, црниот пипер. Ставете ја течноста на оган и варете ја мешајќи повремено. Проверете дали е доволно зачинета. Откако ќе се свари, тргнете ја од огнот и ставете ја во блендер. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Супата сервирајте ја жешка, во комбинација со павлака.rn
    rn

    9. Динствуван зеленчук

    rnКул вегетаријански рецептиСостоjки:rn

      rn011

    • 1 конзерва наут (леблебија)
    • rn011

    • 8 домати
    • rn011

    • 2 црвени пиперки
    • rn011

    • 1 кромид
    • rn011

    • 4 чешниња лук
    • rn011

    • 1 кафено лажиче црвен пипер
    • rn011

    • 3 свежи ловорови ливчиња
    • rn011

    • 2 кафени лажичиња ситно сецкан рузмарин
    • rn011

    • 6 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • коцка супа растворена во вода
    • rn011

    • шафран
    • rn011

    • 150 мл бело вино
    • rn

    rnНачин на подготовка: Шафранот го попарувате со неколку лажици жешка вода. Потоа, го лупите и сецкате кромидот и го пропржувате во маслиново масло околу 15 минути. Ги додавате рузмаринот, ловоровите ливчиња, пиперките и лукот (откако претходно ќе ги исчистите и исецкате) и продолжувате да пржите уште 10 минути, повремено мешајќи. На ред се претходно излупените, исецкани домати (за полесно да ги излупите, ги засекувате на врвот во форма на крст и ги ставате во жешка вода да отстојат 5-10 минути) и црвениот пипер. И со нив пржите дополнителни 10 минути на тивко. На крај, во тенџерето ги ставате наутот, шафранот, белото вино и растопената коцка супа, и ви преостануваат само уште 5 минути пржење. Зачинете со сол и црн пипер.rn
    rn

    10. Ќофтиња од сладок компир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 слатки компири
    • rn011

    • 120 г брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен ким
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен коријандер
    • rn011

    • 2 китки свеж коријандер (ситно исецкани)
    • rn011

    • сок од пола лимон
    • rn011

    • 2 чешниња лук (излупен и исецкан)
    • rn011

    • сол и црн пипер
    • rn011

    • сусам
    • rn011

    • хумус и спанаќ (по желба)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги компирите во рерна и печете ги на 220 ˚C, околу 45 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат, па излупете ги и исечете ги на парчиња. Заедно со сите останати состојки, ставете ги во длабок сад и убаво испасирајте ги. Смесата треба да биде леплива. Ако е премногу течна, додадете уште малку брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа од смесата формирајте мали топчиња и поросете ги со сусам. Печете ги 15 минути, на температура од 200 ˚C, сè додека не добијат жолто-златна боја. Кога ќе бидат готови, сервирајте ги во топло пита лепче, во кое по избор можете да додадете хумус и спанаќ.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Десерт со пишкоти, шлаг и јагоди

    Десерт со пишкоти, шлаг и јагоди

    Се подготвува за неколку минути и толку брзо се јаде што со сигурност нема да го направите само еднаш. Изненадете ги пријателите и сите уживајте во единствениот вкус на пишкоти со јагоди и шлаг.Десерт со пишкоти, шлаг и јагодиПотребно е:rn

      rn011

    • пишкоти
    • rn011

    • свежи јагоди, сечкани на четвртинки
    • rn011

    • изматен шлаг
    • rn011

    • лимонов сок
    • rn

    rnПодготовка: Пишкотите натопете ги во лимоновиот сок. Ставете две пишкоти на чинија, врз секоја пишкота ставете малку шлаг и наредете неколку јагоди. Ете, толку е лесно.Десерт со пишкоти, шлаг и јагоди
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Тропскиот вкус на смудито

    Тропскиот вкус на смудито

    Ви нудиме три здрави и вкусни рецепти за убав и енергичен викенд…rn

    1. Смуди од авокадо

    rnТропскиот вкус на смудитоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 авокадо
    • rn011

    • 300 милилитри млеко
    • rn011

    • 2 супени лажици мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnАвокадото треба да е добро зрело. Откако ќе ја излупите неговата кора и ќе ја отстраните семката, исецкајте го и ставете го во блендер. Додајте ги млекото и медот. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. За подготовка на овој напиток ви се потребни околу 10 минути. Смудито е исклучително вкусно и здраво, како за возрасните, така и за децата, со оглед на тоа што авокадото е одличен извор на незаменливите омега 3 масни киселини. Овошјето е познато и по своите антиоксидантни својства, а содржи и големо количество калиум, кој заедно со натриумот ги штити крвните садови.rn

    2. Смуди од манго

    rnТропскиот вкус на смудитоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 манго
    • rn011

    • 200 грама мраз
    • rn011

    • 100 милилитри вода
    • rn011

    • 1 лажичка шеќер (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете го мангото, исечете го на мали парчиња и ставете го во блендер. Додајте ги водата и мразот и блендирајте околу минута и половина. Вкупното време на подготовка на овој напиток е не повеќе од три минути. Мангото ја штити кожата од стареење и ги подобрува концентрацијата и меморијата. Тоа е богато со каротеноиди и диететски влакна. Исто така, изобилува и со провитаминот А, витамините Ц и Б5…rn

    3. Смуди од ананас, банани и урми

    rnТропскиот вкус на смудитоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 ананас
    • rn011

    • 2-3 банани
    • rn011

    • ¼ чаша кокосови струготини
    • rn011

    • 5 урми (исчистени)
    • rn011

    • 4 лажици мелено ленено семе
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги состојките во блендер, блендирајте 2-3 минутки и напитокот е готов за конзумирање. Добро е да знаете дека ананасот е богат со ензими, витамини и минерали. Содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, витамините Ц и Е… Тој е добар пријател на вашиот метаболизам и одличен борец против целулитот. Бананите пак, можат да се „пофалат“ со големо количество Б-витамини, магнезиум и калиум. Ова овошје придонесува за намалување на нервозата и на депресијата, а одлично се справува и со високиот крвен притисок.rnrnНа здравје!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    „Ван Гог е биполарен“ е ресторан инспириран од животот на легендарниот холандски пост-импресионист, Винсент ван Гог. Тој е лоциран во главниот град на Филипините, Манила, и е во сопственост на фотографот Џетро Рафаел, кој тврди дека страда од истото психичко нарушување, со кое долги години војувал познатиот гениј. Дијагнозата дека е биполарен (често менување на расположението), Рафаел ја добил пред околу 4 години.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Куќата на Рафаел дење е негов скромен дом, а ноќе се претвора во „ресторан на среќата“. Така го нарекуваат, бидејќи во него се служи здрава, природна и органска храна, која го стимулира лачењето на серотонинот (хормон на среќата), допаминот и на адреналинот.rnrnТој открил дека ваквата исхрана му ја подобрува здравствената состојба, односно му ги намалува депресијата и лошото расположение. Токму затоа, своето откритие одлучил да го сподели со останатите, преку отворање на овој необичен ресторан. На менито се наоѓаат лични рецепти на Рафаел, кои најчесто содржат лосос, мед, зелка, мисирка…Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rn

    „Дознав дека кога сте анксиозни, депресивни, вознемирени, постојат состојки кои можат да ве смират и да ви го подобрат расположението. Мисирката е богата со триптофан, кој го инхибира гневот и компулсивното однесување. Зелката го активира серотонинот во мозокот и може да ја победи депресијата, мангото го намалува кортизолот, а дивиот мед ја елиминира вознемиреноста. Лососот пак, е богат со омега-3 масни киселини, кои исто така, можат да нè направат среќни. Јас готвам, тоа е дел од мојата терапија“, вели сопственикот на ресторанот.

    rnПорција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Јадењата во ресторанот на Рафаел се именувани по познати личности, кои страдаат или страдале од биполарно однесување. Такви се писателката Вирџинија Вулф, актерите Кортни Лав и Мел Гибсон, американските претседатели Рузвелт, Клинтон и Линколн… Еве дел од специјалитетите:rnrn1. Најбарана е „Салатата Лари Флинт“, која се служи во чест на истоимениот американскиот издавач. Таа се состои од зелка, солени јајца, парчиња зрело манго, чипс од банана, свеж босилек, индиски ореви, каперси… Сето тоа е прелиено со тајниот црн зеленчуков сос на Рафаел.rnrn2. „Солзите на Вирџинија Вулф“ – станува збор за мисиркина супа со домашен банана чипс, лековити билки, моркови и цветови кои се јадат.rnrn3. Овошен пијалак наречен „Кортни Лав – напиток на денот“. Тој е направен е од свежо овошје, екстракти од манго, лимон и краставица, листови од свежо нане и див мед.rnrn4. Алкохолен напиток „Гревот на Мел Гибсон“ – содржи белгиско темно чоколадо, див мед, jagermeister (германски пијалак направен од 56 билки, зачини и корени) и орев.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Атмосферата во ресторанот е надополнета со парчиња уметност од Рафаел и од други филипински уметници. Еден од ѕидовите е прекриен со најразлични пораки од гостите, во кои се искажани гнев, омраза, љубов, надеж… Тие понекогаш инсистираат во здравото и вкусно мени да уживаат на некоја од масите во дворот на „Ван Гог е биполарен“.rnrnДенеска во ресторанот се чекаат редици за влез. Тој започнува со работа во 18 часот. А, на оние кои ќе дојдат после 22 часот, им следува и бесплатна супа. 🙂 Рафаел потенцира дека ресторанот е отворен за сите љубители на здравата храна, без разлика дали страдаат од некоја болест или не.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топли кафе напитоци за во зима

    Топли кафе напитоци за во зима

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnДа ве загреат и да ве расположат…rnrnТоплите кафе пијалаци нудат одличен начин да се загреете во студените есенски или зимски денови. Можете да си направите само за себе или да направите доволно за да ги споделите со семејството и пријателите. Еве неколку рецепти за брзо и лесно да се стоплите во овие поларни денови.rn
    rn

    Ирско кафе (без алкохол)

    rnТопли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 1 кафе:rn

      rn011

    • 250 мл топло инстант или филтер кафе
    • rn011

    • 1 супена лажица сируп од кафе со вкус на ирски крем
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rnНачин на подготовка: Подгответе си го кафето како што најчесто го правите и додадете го сирупот од кафе со вкус на ирски крем. Декорирајте со шлаг.rn
    rn

    Кафе Грог

    rnТопли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 6 кафиња:rn

      rn011

    • 750 мл инстант или филтер кафе
    • rn011

    • 125 мл  слатка павлака
    • rn011

    • 220 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 2  супени лажици путер, омекнат
    • rn011

    • 1/4 лажиче каранфилче, мелено
    • rn011

    • 1/4 лажиче морско оревче, мелено
    • rn011

    • 1/4 лажиче цимет
    • rn

    rnНачин на подготовка: Измешајте ги путерот, шеќерот, каранфилчето, морското оревче и циметот во помал сад. Потоа, во друг поголем сад измешајте ги кафето и павлаката. Во садот со кафето и павлаката, додадете ги состојките од помалиот сад, убаво измешајте и послужете во 6 стаклени чаши.rn
    rn

    Кафе Бело чоколадо

    rnТопли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 6 кафиња:rn

      rn011

    • 85 г бело чоколадо, исечкано
    • rn011

    • 250 мл млеко
    • rn011

    • 250 мл слатка павлака
    • rn011

    • 500 мл топло инстант или филтер кафе
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rnНачин на подготовка: Млекото, слатката павлака и чоколадото ставете ги во метален сад и загрејте ги на пареа сè додека не се не се стопат и не се добие еднолична, хомогена смеса. Тргнете го садот од огнот, додадете го кафето и убаво промешајте. Сервирајте и декорирајте со шлаг.rn
    rn

    Кафе со јаворов сируп

    rnТопли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 2 кафиња:rn

      rn011

    • 250 мл топло инстант или филтер кафе
    • rn011

    • 60 мл јаворов сируп
    • rn011

    • 125 мл млеко
    • rn011

    • 125 мл слатка павлака
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rnНачин на подготовка: Млекото, слатката павлака и  сирупот ставете ги во метален сад и загрејте ги, но не оставајте ги да зовријат. Кафето распоредете го во две шолји и одозгора попарете ги со смесата. Декорирајте со шлаг.rn
    rn

    Шварцвалд

    rnТопли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 6 кафиња:rn

      rn011

    • 1 л топло инстант или филтер кафе
    • rn011

    • 125 мл чоколаден сируп
    • rn011

    • 125 мл сок од марачино цреши
    • rn011

    • шлаг
    • rn011

    • чоколаден прелив
    • rn011

    • марачино цреши
    • rn

    rnНачин на подготовка: Топлото кафе, чоколадниот сируп и сокот од марачино цреши ставете ги во сад и убаво измешајте ги. Распоредете го миксот во 6 чаши и украсете со шлаг, чоколаден прелив и по една марачино цреша.rn
    rn

    Кафе-пунч со егног

    rnТопли кафе напитоци за во зимаПотребни состојки за 4 кафиња:rn

      rn011

    • 350 мл сладолед од кафе
    • rn011

    • 350 мл егног
    • rn011

    • 250 мл топло, силно инстант или филтер кафе
    • rn011

    • 4 супени лажици замрзнат шлаг, оставен малку да омекне
    • rn011

    • 4 прстофати мелено морско оревче
    • rn

    rnНачин на подготовка: На тивок оган, во тава ставете го сладоледот да се растопи. Во неа додадете ги и кафето и егногот и оставете смесата убаво да се затопли. Распоредете ја смесата во четири чаши, а на врвот декорирајте со по една лажица од замрзнатиот шлаг и малку мелено морско оревче.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 100% чоколадни колачи

    100% чоколадни колачи

    За љубителите на чоколадото (а зарем не сме сите?!), овие колачиња ќе бидат вистинско задоволство.100% чоколадни колачиПотребно е:rn

      rn011

    • 370 г темно чоколадо
    • rn011

    • 160 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 60 г путер
    • rn011

    • 110 г брашно
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1/2 лажиче прашок за пециво
    • rn011

    • 1/4 лажиче сол
    • rn011

    • + 50 г темна чоколада, ситно сечкана
    • rn

    rnПодготовка: Исечкајте 220 грама темно чоколадо и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа или во микробранова печка. Преостанатото чоколадо исечкајте го на многу ситни коцки. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа, додадете ги оладената смеса од чоколадо и путер, брашното, солта и прашокот за пециво. На крај, додадете ги коцките чоколадо. Целата смеса убаво измешајте ја. Тестото треба да биде многу меко.rnrnВо тавче обложено со хартија за печење, со лажица ставајте од смесата. Со мазниот дел од лажицата расплескајте ги колачите за да бидат рамни и врз нив ставете по неколку коцки од чоколадото (од дополнителните 50 грама). Печете ги во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, 15 до 20 минути, во зависност од големината на колачињата. Кога ќе бидат печени, оставете ги малку да се оладат, па потоа префлете ги на чинија за колачи.100% чоколадни колачи100% чоколадни колачи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги направите највкусните женски коктели?

    Како да ги направите највкусните женски коктели?

    Дали сте подготвени за вкусни коктели кои можете многу лесно да ги направите? Набавете ги потребните состојки, повикајте ги вашите пријателки и забавувајте се!rn

    1. Ooh La La (У ла ла)

    rnНе толку јак коктел со блага розова боја, соодветен за во друштво со најблиските пријателки. Коктел за оние со изразена женственост.rnrnКако да ги направите највкусните женски коктели?rnrn

    Состојки:

    rn

      rn011

    • 15 мл вотка со вкус на лимон
    • rn011

    • 10 мл Triple Sec (жесток, но и сладок ликер со вкус на портокал)
    • rn011

    • 30 мл џус од ананас
    • rn011

    • 30 мл Спрајт
    • rn011

    • половина свежо исцеден лимон
    • rn011

    • 1 лажичка ликер Grenadine
    • rn011

    • 1 резанка лимон за декорација
    • rn011

    • 1 марачино цреша
    • rn

    rnrn

    2. Cosmopolitan (Космополитски)

    rnrnТипичен женски коктел, чие потекло датира уште од 1970-те години. Основна состојка е вотката, а пожелно е да одберете „Absolut Citron“. Постојат повеќе варијанти за негово приготвување. Некои ставаат помалку сок од боровинка, други наместо сок од брусница користат сок од лимон. На вас останува сами да го одберете вашиот омилен вкус.rnrnКако да ги направите највкусните женски коктели?rnrn

    Состојки:

    rnrn

      rn011

    • 45 мл вотка
    • rn011

    • 30 мл ликер Cointreau или Triple Sec (жесток, но и сладок ликер со вкус на портокал)
    • rn011

    • 15 мл сок од зелен лимон
    • rn011

    • 10 мл сок од брусница или боровинки
    • rn011

    • тенко парче лимон за декорација (пожелно е зелен лимон) или парче портокал
    • rn

    rnrn

    3. Pink Lady (Розова дама)

    rnКласичен коктел чија основна компонента е џин. Тоа е еден од првите женски пијалаци, кој бил конзумиран од припаднички на високите слоеви во текот на 30-те години. Карактеристично за овој коктел, како и за секој друг кој содржи јајце, е тоа што се меша подолго од останатите коктели, со цел добро да се соединат состојките. Исто така, белката од јајце создава пенлив врв на розовиот коктел како одличен завршеток. Затоа не ја прескокнувајте оваа состојка.rnrnКако да ги направите највкусните женски коктели?rnrn

    Состојки:

    rn

      rn011

    • 45 мл џин
    • rn011

    • 20 мл Applejack
    • rn011

    • 10 мл свежо исцеден сок од лимон
    • rn011

    • 3- 6 капки од сирупот Grenadine
    • rn011

    • 1 белка од јајце
    • rn011

    • 1 марачино вишна за декорација (засладена вишна во сируп од шеќер и потопена во боја за храна)
    • rn

    rnrn

    4. Pink Lagoon (Розова лагуна)

    rnОва е нешто што потсетува на летна авантура па додека да дојде летото, научете како да го подготвувате и станете вистински мајстори. Клучно е да ги употребите истите пијалаци кои се наведени во потребни состојки. За декорација земете овошје по ваш избор, или пак украсете го со разни украси за летни коктели.rnrnКако да ги направите највкусните женски коктели?rnrn

    Состојки:

    rn

      rn011

    • 60 мл Palm feni
    • rn011

    • 3 капки сируп од малини
    • rn011

    • 3 капки зелен лимон измешан со шеќер
    • rn

    rnrn

    5. Midnight rose cocktail (Полноќен розов коктел)

    rnЗаводлив коктел со овошни компоненти. За украсување на коктелот, одберете било какво овошје со црвена или розова боја.rnrnКако да ги направите највкусните женски коктели?rnrn

    Состојки:

    rn

      rn011

    • 30 мл ликер Advocaat
    • rn011

    • 15 мл ликер од јагода
    • rn011

    • 15 мл ликер од цреши
    • rn011

    • 30 мл крем (блага хопла)
    • rn

    rn

    6. Frozen pink lemonade (Замрзната розова лимонада)

    rnОсвежителен коктел со вкус на лимонада и ниска количина на алкохол. Доколку ја одберете вистинската декорација, коктелот ќе изгледа феноменално, но исто е многу важно да ја одберете вистинската пригода и да го конзумирате со добро друштво.rnrnКако да ги направите највкусните женски коктели?rnrn

    Состојки:

    rn

      rn011

    • 45 мл вотка со вкус на лимон
    • rn011

    • 1 лажичка шеќер
    • rn011

    • 5 мл свежо исцеден лимон
    • rn011

    • 5 мл сируп Gernadine
    • rn011

    • кршен мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка на коктелите:

    rnrnПотребните состојки истурете ги мешалка за коктели заедно со една или неколку коцки мраз (зависно од количината на другите состојки, по можност кршен мраз), мешајте долго и приготвениот коктел сипете го во коктел-чаша. За попрецизно мерење, имајте во предвид дека 30 мл се колку малечка чашка за ракија. Дадените состојки се доволни за една чаша коктел. Колку поинтензивна розова боја ќе добие коктелот, зависи од сирупот кој ќе го додадете. Одберете соодветна декорација овошје, цвет или нешто слично, и уживајте сами или со добро друштво.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.