КАФЕ ПАУЗА

Tag: рецепти

  • Мали и вкусни мафини

    Мали и вкусни мафини

    Автор: Бојана МандевскаrnrnМафини е американско-англиско име за брз леб што се пече во мали порции. Постојат многу форми на мафини. Некогаш се во форма на мали колачиња, колачиња во чаши, колачиња во одредени облици (срциња, ѕвезди, мечиња итн.). Мафините може да бидат со сладок или пак солен вкус.Мали и вкусни мафиниВкусовите на мафините може да бидат различни во зависност од состојките од кои ќе се направат: од чоколадо, боровинки, бадеми, моркови, костени, портокал, јагоди, банани, малини, цимет, лимон, јаболки, краставички, тиква, разни видови сирења. Исто така може да се комбинираат и видовите брашно од кои ќе се направат мафините: од пченица, пченка, ’рж, овес, костен.rnrnМафините може да се консумираат ладни, топли, со додатоци од шлаг, чоколадо, павлака. Пијалаци кои најдобро се вклопуваат со мафините, зависно од нивниот вкус, се чај, кафе, бело вино за благите мафини и црвено вино со солените.rn

    Засукајте ги ракавите и подгответе некоја од предложените рецепти. Изненадете ги вашите блиски, поканете ги заедно да ги вкусите подготвените мафини. Идеален начин за дружба во ладните зимски денови.Мали и вкусни мафини

    rnrn

    Солени мафини

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 3 дл јогурт
    • rn011

    • 0,5 дл масло
    • rn011

    • 80 г крем-сир
    • rn011

    • 200 г бело брашно
    • rn011

    • 100 г пченкарно брашно
    • rn011

    • 1 прашок за пециво
    • rn011

    • 100 г шунка, печеница (по избор)
    • rn011

    • 60 г кашкавал
    • rn011

    • 1 помала црвена пиперка
    • rn011

    • 1 лажица сол
    • rn011

    • малку оригано и босилек
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во една чинија помешајте ги двата видови брашно со прашокот за пециво. Во друга чинија, со жица за матење изматете ги јајцата, потоа додајте ги јогуртот, маслото и крем-сирот и сето тоа измешајте го. Исецкајте ги ситно кашкавалот, печеницата и пиперката. Во чинијата со јајцата додадете го брашното и сето тоа измешајте го додека да се соедини. Потоа додадете ги исецканата печеница, кашкавалот, пиперката и зачините. Калапите за мафини намачкајте ги со масло, па потоа проросете малку брашно и додајте ја смесата за печење. Ставете ги мафините да се печат во загреана рерна на 180 степени, 30 минути, додека не добијат златна боја.Мали и вкусни мафиниrn

    Чоколадни мафини

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 г брашно
    • rn011

    • 2 лажици прашок за пециво
    • rn011

    • 2 лажици какао во прав
    • rn011

    • 150 г шеќер
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 125 г путер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1 дл млеко
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во една чинија ставете ги брашното, прашокот за пециво и какаото и промешајте ги. Потоа додадете ги сите останати состојки и со миксер матете, прво на слабо, да се промешаат состојките, а потоа ставете го миксерот на најсилна брзина и матете така 2 минути. Готовата смеса истурете ја во претходно подмачкани калапи и ставете ги да се печат. Печете на температура од 180 степени, 25 минути. Готовите мафини можете да ги декорирате со шлаг, слатка павлака, чоколаден прелив и шеќер во прав.rnrnРазбудете ги вашите кулинарски вештини, подготвените мафини декорирајте ги водени од вашата фантазија. Bon Apétit!Мали и вкусни мафини
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Капучино кекси

    Капучино кекси

    На вашето пладневно кафе му треба вкусно колаче…Капучино кексиПотребно е:rn

      rn011

    • 220 г брашно
    • rn011

    • 20 г какао
    • rn011

    • 125 г ладен путер
    • rn011

    • 65 г бел шеќер
    • rn011

    • 60 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 1 лажиче екстракт од ванила
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • прстофат сол
    • rn

    rnза ганаж:rn

      rn011

    • 180 г бело чоколадо
    • rn011

    • 60 г хопла
    • rn011

    • 2 лажици капучино
    • rn

    rnПодготовка: Во сад просејте ги брашното и какаото. Додадете ги белиот и кафеавиот шеќер и солта. Ладниот путер брзо исечкајте го на помали коцки и ставете го во брашното и шеќерот. Со прсти втријте го путерот во брашното, за да се соединат и да добиете трошки.rnrnВо оваа смеса додадете го јајцето и екстрактот од ванила. Брзо месете со раце и формирајте тесто. Тестото поделете го на два дела, секој дел завиткајте го во пластична фолија и ставете ги во фрижидер да се ладат најмалку 1 час.rnrnРерната загрејте ја на 160 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење. Двете теста, едно по едно, со сукало исукајте ги многу тенко (помеѓу две парчиња хартија за печење), со дебелина од околу 2 мм. Од едното исукано тесто направете тркалезни форми со калап (може и чаша), а од другото исукано тесто исто така формирајте тркалезни форми, но со мало дупче во средината (од чаша за ракија). Наредете ги во тавчињата за печење и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 10-12 минути. Кога ќе бидат печени, оставете ги добро да се оладат. Додека се ладат, подгответе го филот.rnrnВо длабок сад на ситната страна од рендето изрендајте го чоколадото. Во тенџерче ставете ги хоплата и капучиното и гответе до степен на вриење. Кога хоплата ќе биде врела, прелијте ја врз изренданата бела чоколада. Мешајте за да се растопи убаво. Вака подготвен филот (ганаж) ставете го во фрижидер да се олади, само колку да се стегне. Кога филот ќе биде компактен, а не течен, филувајте ги колачињата: на тркалезните колачиња ставете од ганажот и преклопете ги со колачињата со дупка. Од оваа смеса се добиваат 20 колачиња. Капучино кексиКапучино кексиВикнете ги пријателите и уживајте во неделно кафе со колаче 🙂Капучино кексиrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадни палачинки

    Чоколадни палачинки

    Толку се лесни за подготовка… Вкусни – со гаранција! Ставете ги на листата на десерти со кои мора да ги изненадите најблиските…Чоколадни палачинкиПотребно е:rn

      rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 150 г брашно
    • rn011

    • 300 мл млеко
    • rn011

    • 30 г путер
    • rn011

    • 40 г темно чоколадо (со 70% какао маса)
    • rn011

    • 1 лажица какао
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 1/4 лажиче сол
    • rn

    rnПодготовка: Чоколадото исечкајте го на парчиња и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа. Во сад ставете ги јајцата, шеќерот и солта, па со миксер изматете ги. Ставете половина од брашното помешано со какаото, 1/3 од млекото, па остатокот од брашното и на крај полека додавајте го остатокот од млекото, мешајќи за да добиете ретка смеса. На крај, во оваа смеса ставете ја растопената смеса од путер и чоколада. Добиената смеса оставете ја да отстои 1 час во фрижидер. Печете ги палачинките, широки и тенки. Од оваа смеса излегуваат околу 10 палачинки. Чоколадни палачинкиФилувајте ги со свежо или карамелизирано овошје.Чоколадни палачинки
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Домашен екстракт од кафе

    Домашен екстракт од кафе

    Љубители на кафето, ова е рецептот за вас. Богат и интензивен вкус на екстракт од кафе, кој може да го искористите во безброј рецепти за кафе и десерти. Лесно се подготвува, а негова примена секогаш ќе се најде.Домашен екстракт од кафеПотребно е:rn

      rn011

    • 500 г шеќер
    • rn011

    • 250 мл јако сварено еспресо
    • rn

    rnПодготовка: Земете големо тенџере со дебело дно, загрејте го на средна температура и ставете шеќер во еден слој. Како шеќерот ќе се топи, така ставајте по малку од остатокот за да добиете карамел. Кога ќе ставите половина од шеќерот, промешајте го со дрвена лажица, па потоа пак ставајте додека да го потрошите целиот. Продолжете да го готвите карамелот додека да добие темно кафена боја.rnrnПочнете да ставете по две лажици од свареното кафе. Бидете внимателни затоа што карамелот ќе почне да прска, ќе се стврдне и ќе се згрутчи. Но, таков е процесот кога се работи со карамел. Ставајте по две лажици кафе додека да го потрошите целото, а за тоа време, карамелот ќе се растопи пак и ќе се соедини со кафето. Кога целата течност ќе биде соединета, претурете ја во тегли, цврсто затворете ги и оставете ги на дневна температура да стојат една до две недели пред да почнете да ја употребувате.rnrnПотоа останува да си направите кафе и да го интензивирате неговиот вкус додавајќи малку од сирупот. Но, тој одлично оди и врз салата од свежо овошје, сладолед, суви колачи и палачинки, шејкови и други напитоци. Па, пробувајте. Опциите се безбројни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Градинарска салата на скара

    Градинарска салата на скара

    Пеколните горештини се како измислени за добра дружба во двор под дебела сенка. Во таква атмосфера скарата е неизбежна. Изненадете ги пријателите со едноставно подготвена салата на скара. Тој вкус на зеленчукот допрен со ќумур ќе ù даде посебен шмек на салатата.Градинарска салата на скараПотребно е:rn

      rn011

    • 1 главица марула
    • rn011

    • половина портокалова бабура
    • rn011

    • половина жолта бабура
    • rn011

    • половина главица кромид
    • rn011

    • 10-12 чери домати
    • rn011

    • 1 краставичка
    • rn011

    • 60 г тостирани пињоли
    • rn011

    • 80 г сланина, исечкана на коцки
    • rn

    rn

    Подготовка: Исечете ги на поголеми коцки бабурите и кромидот и набоцкајте ги на стапчиња за скара.Градинарска салата на скара Печете ги на скара додека да се карамелизира кромидот и да омекнат пиперките.Градинарска салата на скара Марулата исечете ја на крупни парчиња, доматите на половинки и краставичката на тркалца.Градинарска салата на скараТостирајте ги пињолите и пропржете ја сланината.Градинарска салата на скараСите состојки ставете ги во длабока чинија за салата, заедно со кромидот и пиперките на скара. Зачинете со сол, бибер, маслиново масло и оцет по вкус.Градинарска салата на скараНа крај, не заборавајте да си направите мохито од ананас на скара.

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зашеќерени бадеми со цимет

    Зашеќерени бадеми со цимет

    Префинета елеганција на овие вкусни јаткасти плодови

    rnЗашеќерени бадеми со циметrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 450 г непечени бадеми
    • rn011

    • 1 1/2 лажици шеќер
    • rn011

    • 3 лажици цимет
    • rn011

    • 1 белка
    • rn011

    • 1 1/2 лажиче екстракт од ванила
    • rn011

    • прстофат сол
    • rn

    rnЗашеќерени бадеми со циметrn

    Начин на подготовка:

    rnРерната загрејте ја на 150 Целзиусови степени. Земете едно тавче за печење, обложете го со хартија за печење и премачкајте го со малку путер. Во еден сад измешајте ги шеќерот и циметот, а во друг сад на страна малку изматете ја белката. Во белката додадете ги ванилата и солта.rnrnЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметrnrnБадемите прво извалкајте ги во смесата со белка, убаво да се обложат сите, па потоа во шеќерот.rnrnЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметrnrnВака подготвени, истресете ги од вишокот шеќер и ставете ги во тавчето во еден слој да се печат 10 минути. По 10 минути, измешајте ги и печете ги уште 10 минути.rnrnЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметrnrnНа крај, измешајте ги за последен пат и печете ги уште дополнителни 5 минути. Оставете ги да се оладат пред да ги сервирате.rnrnЗашеќерени бадеми со циметrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-коктел со ѕвезден бисквит

    Кафе-коктел со ѕвезден бисквит

    Почестете се со единствениот вкус на овој коктел.Кафе-коктел со ѕвезден бисквит За пијалакот, потребно е:

    rnrn

      rn011

    • 50 мл јако сварено кафе (филтер, еспресо, нес), оладено
    • rn011

    • 1 лажица Калуа
    • rn011

    • 2 лажици изматен шлаг
    • rn011

    • какао за декорација
    • rn

    rnПотребни состојки за бисквитите:rn

      rn011

    • 200 г мек путер
    • rn011

    • 140 г шеќер
    • rn011

    • 1 жолчка
    • rn011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 280 г брашно, плус уште малку за сукање
    • rn

    rnПодготовка на бисквитите: rnrn1. Измешајте ги путерот, шеќерот, жолчката и ванилата со дрвена лажица. Додадете го брашното. Мешајте, по потреба и директно со рацете. Ставете ја смесата врз набрашнета површина и месете додека не добиете еднолично тесто.rnrn2. Искукајте го тестото и од него со калап извадете неколку ѕвезди. Повторно засукајте ги остатоците сè додека не го искористите целото тесто. Наредете ги ѕвездичките во плитко тавче, претходно обложено со хартија за печење. Одозгора покријте ги со најлонска фолија и ставете ги во замрзнувач 30 минути.rnrn3. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Отстранете ја фолијата и печете ги бисквитите 8-12 минути, додека не добијат златна боја. Оставете ги да се изладат и потоа испрепелкајте ги во шеќер во прав. Подготвените бисквити можете да ги чувате во фрижидер за длабоко замрзнување до 3 месеци.rnrnПодготовка на кафето: Во сад измешајте ги калуата и кафето. Течноста ставете ја во чаша за мартини. Од горе, ставете го шлагот и декорирајте со какао во прав.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Индиски пудинг со афион

    Индиски пудинг со афион

    Почувствувајте го вкусот на Индија преку пудинг од ориз со индиски ореви и зрнца афион…Индиски пудинг со афионПотребно е:rn

      rn011

    • 50 г басмати ориз
    • rn011

    • 30 г индиски ореви
    • rn011

    • 60 г афион
    • rn011

    • 180 шеќер
    • rn011

    • 340 мл млеко
    • rn011

    • 200 мл вода
    • rn011

    • 4 зрна кардамом зачин
    • rn

    rnПодготовка: На тефлонско тавче ставете го оризот да се тостира малку. Кога ќе добие убава медова боја, тргнете го од оган. На истото тавче тостирајте ги индиските ореви, па кога ќе бидат тостирани, истото направете го и со афионот. Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и млекото и ставете го оризот да се свари. Во меѓувреме, истолчете ги оревите, зрната кардамом и афионот. Ставете малку од течноста во која се вари оризот во смесата од ореви, кардамом и афион за да се добие нешто како паста. Кога оризот ќе биде сварен, извадете малку од течноста (за да не биде многу течно) и ставете ја претходно подготвената паста. Сето измешајте го и сервирајте го во длабоки чаши.Индиски пудинг со афионrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најбрзиот чоколаден колач

    Најбрзиот чоколаден колач

    Ви се најавиле ненадејно гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.

    rnНајбрзот чоколаден колачrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
    • rn011

    • 85 г несолен путер
    • rn011

    • 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
    • rn011

    • 180 мл хопла
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСо мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.rnrnНајбрзот чоколаден колачrnrnПред да го сервирате, исечете го на подебели кришки.rnrnНајбрзот чоколаден колачНајбрзот чоколаден колачrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џус од лубеница

    Џус од лубеница

    Лубеницата без исклучок е најосвежителното овошје во лето. Овој џус може да си го направите секогаш кога ќе ви треба вистинско ладно освежување, а ќе биде огромно изненадување за пријателите и блиските.rnrnЏус од лубеницаrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • половина лубеница, исчистена од семките и исечена на коцки
    • rn011

    • половина лажиче ѓумбир во прав
    • rn011

    • 3 лажици мед
    • rn011

    • 120 мл сок од лимон
    • rn011

    • прстофат црн бибер во прав
    • rn011

    • коцки мраз
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnВо блендер ставете ги коцките лубеница заедно со сокот од лимон, медот и зачините. Миксајте додека да се соединат сите состојки. Сервирајте во високи чаши со неколку коцки мраз и ливчиња од нане.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.