КАФЕ ПАУЗА

Tag: рецепти

  • 7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

    7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

    Доколку сакате да имате јагоди долго по завршувањето на нивната сезона, тогаш погледнете ги следниве неколку стари и нови методи за конзервирање кои не бараат многу труд и време. Станува збор за едноставни трикови кои ќе ви овозможат да имате јагоди дури и за време на зимата.rnrn7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезонатаrn

    Едноставен сируп од јагоди

    rnЗа сирупот од јагоди ќе ви бидат потребни 200 грама шеќер и 1 литар вода. Исчистете ги јагодите и ставете ги во пластичен сад за замрзнување, прелијте врз нив ладен сируп и ставете ги во замрзнувач. Откако ќе замрзнат извадете ги од замрзнувачот и оставете ги цела ноќ во фрижидер за да се стопат. Овој сируп ќе ви биде одличен додаток за десерт, можете да го користите за колачите или овошни јогурти. Во сирупот исто така можете да додадете ванила, цимет или кора од портокал за дополнителна арома.rn

    „Дехидрирани“ јагоди

    rnСушените продукти во нутритивна смисла се многу препорачливи бидејќи овој процес не ги нарушува природните карактеристики. Станува збор за многу едноставна постапка за подготвување. Измијте ги јагодите, исечкајте ги на тенки парчиња и оставете ги да се сушат. Тоа можете да го направите и во рерна, на најниска температура околу 3 часа. Потоа затворете ги јагодите во стаклен сад и ако се добро исушени можат да траат и до 1 месец.rn

    Смрзнување цели јагоди

    rnСмрзнатите јагоди се идеални за изработка на овошно фрапе или колачи во текот на целата година. Тие најдобро е да се смрзнуваат поединечно, па откако ќе ги измиете распоредете ги во замрзнувачот така што да не се допираат. Прво замрзнете ги, а потоа спакувајте ги во кеса. На овој начин можете да смрзнувате и друго овошје.rn

    Сос од јагоди

    rnСосот од јагоди е одличен како прелив за сладолед, палачинки, колачи, па дури и како додаток за мусли. Измијте половина килограм јагоди и заедно со една лажица шеќер и пола лажица лимонов сок ставете ги во блендер. По вкус можете да додадете и повеќе шеќер. Откако ќе завршите замрзнете го сосот.rn

    Ледени коцки

    rnОдличен трик! За да го подготвите концентратот, ќе ви биде потребен сосот од јагодите. Во 230 милилитри сос додајте 200 грама шеќер и 230 милилитри цеден сок од лимон. Ставете ги сите состојки во блендер, добро измешајте, а после сипете го овој концентрат во калапи за лед и замрзнете го. Откако ќе замрзне, во една чаша ладна вода ставете две коцки концентрат и за секунда ќе добиете освежителен пијалак.rn

    Џем од јагоди

    rnЈагодите се одлични состојки кога станува збор за подготовка на џем. Врз 1 килограм јагоди сипете 700 грама шеќер и сок од 1 лимон и оставете ги да преноќат во фрижидер. Потоа исцедете ги јагодите, а добиената течност ставете ја во голем лонец каде што за околу 1 час ќе згусне. Претурете ги јагодите во сад за готвење и откако ќе зовријат, варете уште 15-тина минути заедно со 10 исчекани свежи лисја од нане и 10 големи зрна бибер. Џемот сипете го во загреани тегли.rn

    Овошни кори

    rnОвошните кори кои се познати и како дехидрирано овошно пире, можете да ги подготвите на следниов начин: Со миксер измешајте јагоди и шеќер (количина по ваш вкус), на кои можете да им додадете и различни зачини по желба. Потоа смесата излијте ја на хартија за готвење во многу тенок слој (од само неколку милиметри) и исушете го исто како „дехидрираните“ јагоди. Корите се готови откако целосно ќе се исушат, односно кога нема да ви се лепат на допир. Во фрижидер, заедно со хартија за готвење тие можат да траат и по неколку месеци.

  • 3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    ‘Рчењето е непријатна појава која може да влијае врз сонот, да предизвикува болки во грлото и да ги полуди сите останати луѓе во близина. Тоа е предизвикано од страна на вибрации од мекото непце и ткивата во грлото, носот и усната шуплина. Па, доколку сакате на природен начин да се справите со него, погледнете ги овие 3 едноставни и евтини домашни рецепти…rnrn3 едноставни домашни рецепти против рчењеrn

    1. Нане

    rnОваа билка ги отвора каналите во носот и грлото и со тоа го олеснува дишењето, што е многу важно доколку сакате да го ублажите ‘рчењето. Во 230 милилитри млака вода додајте три капки етерично масло од нане и пред спиење направете гаргара. Повторувајте ја оваа постапка секојдневно, сè додека не забележите подобрување.rn

    2. Маслиново масло и мед

    rnМаслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, тоа го намалувањето триењето кое е предизвикано со вибрациите на ткивата поради кои ‘рчиме. Пред спиење, во половина супена лажица мед додадете половина маслиново масло и испијте ги пред спиење. Повторувајте ја постапката секоја вечер.rn

    3. Кардамом

    rnСемките од оваа билка отсекогаш се користеле во индиската кујна, но покрај пријатната арома во храната, тие имаат и огромни здравствени придобивки. Кардамомот ја разредува слузта и го олеснува дишењето. Во 230 милилитри млака вода додајте половина лажичка кардамом во прав и добро измешајте. Испијте ја оваа напивка половина час пред спиење.

  • 2 рецепти за торти кои целосно ќе ги освојат вашите најблиски

    2 рецепти за торти кои целосно ќе ги освојат вашите најблиски

    Торта со пудинг и бисквити

    rn(1) 2 рецепти за торти кои целосно ќе ги освојат вашите најблискиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 пудинга од ванила
    • rn011

    • 10 лажици шеќер
    • rn011

    • 1,5 литри млеко
    • rn011

    • 320 грама маргарин
    • rn011

    • 100 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 500 милилитри шлаг пена
    • rn011

    • 600 грама бисквити
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте го прашокот за пудинг со шеќерот. Од млекото, одземете 15 лажички и измешајте ги со пудингот и шеќерот, така што да добиете хомогена смеса. Остатокот од млекото сварете го, па тргнете го од оган и додајте му го изматениот прашок за пудинг. Вратете го на оган и мешајте 2 минути. Внимавајте да не се залепи. Оставете го да се олади и повремено мешајте за да не се засуши горниот дел. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и потоа додајте ги на оладениот пудинг. Матете го шлагот сè додека не стане цврст и во тава (35×25) наредете бисквити врз кои ќе го сипете пудингот, па шлагот. Повторувајте ја постапката 6 пати и завршете со шлаг пената.rn

    Торта со рум и млеко

    rn(2) 2 рецепти за торти кои целосно ќе ги освојат вашите најблискиrn

    Потребни состојки:

    rn

    За тестото:

    rn

      rn011

    • 400 грама бисквити
    • rn011

    • 100 милилитри млеко
    • rn011

    • 1 лажичка рум
    • rn011

    • 500 милилитри слатка павлака
    • rn011

    • 300 грама несолена урда
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 1 кесичка желатин
    • rn011

    • 1 лажичка какао
    • rn

    rn

    За глазурата:

    rn

      rn011

    • 150 грама чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 лажичка рендано чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзматете ја слатката павлака со шеќерот и додајте го сирењето. Растопете го желатинот во малку вода на тивок оган, оставете го да се олади и сипете го во смесата со слатката павлака. Одвојте третина во друг сад и додајте какао. Бисквитите намачкајте ги во млекото измешано со рум и наредете еден ред во долга тава, па врз нив распоредете половина од белиот фил. Потоа наредете уште еден ред бисквити потопени во млеко и рум и врз нив наредете го филот со какаото. За крај остануваат уште 2 реда бисквити меѓу кои ќе го додадете и остатокот од белата смеса. Завршете со растопеното чоколадо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 домашни рецепти за ефикасно и темелно пролетно чистење на вашите теписи

    3 домашни рецепти за ефикасно и темелно пролетно чистење на вашите теписи

    Постои едно непишано правило дека теписите се чистат пролетно време, па можеби тоа е и причината зошто луѓето постојано ја одржуваат оваа навика. Но, во текот на годината, на нив можат да се насоберат голем број нечистотии и бактерии, па доколку сакате темелно да ги исчистите, отстранувајќи ја целосно нечистотијата, дамките и непријатните мириси, тогаш погледнете ги овие 3 природни средства за чистење кои со сигурност можат да ви помогнат во вашата цел. Пред да почнете со чистењето, не заборавајте да ги поминете прво со правосмукалка.rnrn3 домашни рецепти за ефикасно и темелно пролетно чистење на вашите теписиrn

    1. Средство за длабинско перење теписи

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 грама сода бикарбона
    • rn011

    • 10 капки етерично масло од кедар
    • rn011

    • 10 капки етерично масло од лимета
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во една пластична кеса и оставете ги да стојат во неа еден ден. Пред да ја употребите оваа смеса, добро исчистете го со правосмукалка тепихот, а потоа сипете ја смесата, нанесете чиста вода и со четка тријте. Оставете го средството да делува половина час, а потоа повторно поминете со правосмукалка.rn

    2. Средство за отстранување дамки од теписите

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 милилитри јаболков оцет
    • rn011

    • 700 милилитри сок од лимон
    • rn011

    • Половина литар вода
    • rn011

    • 1 лажица сода бикарбона
    • rn011

    • Неколку капки етерично масло од лаванда
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во еден сад и добро измешајте. Потопете ја четката за перење теписи во нив и потоа исчистете ги оние делови каде што има дамки. Имајте на ум дека сите состојки во смесата се природни, па тие нема да направат пена и токму затоа откако ќе завршите потребно е добро да ги исчистите овие делови со чиста вода и откако ќе се исушат да ги поминете со правосмукалка.rn

    3. Средство за отстранување непријатни миризби од тепихот

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици течен сапун
    • rn011

    • 40 милилитри алкохолен оцет
    • rn011

    • Половина литар топла вода
    • rn011

    • 1 лажица боракс
    • rn011

    • 6 капки етерично масло од лимон
    • rn011

    • 3 капки етерично масло од чајно дрво
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во стаклен сад и добро измешајте, а потоа сипете ги во шише со распрскувач (можете да го искористите она за чистење прозорци) и додајте вода. Добро протресете и испрскајте врз целата површина на тепихот, оставете 20 минути да делува и потоа поминете со правосмукалка.

  • Брза, вкусна и здрава безглутенска храна

    Брза, вкусна и здрава безглутенска храна

    Овие рецепти ќе им се допаднат на сите, без разлика дали имате проблем со глутенот или не. Тие не само што се здрави, туку се брзи за подготовка и многу вкусни. Пријатен апетит.rn

    Солени кекси со сусам

    rn(1) Брза, вкусна и здрава безглутенска хранаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 50 грама ленено семе
    • rn011

    • 50 грама сусам
    • rn011

    • 50 грама брашно од семки од тиква
    • rn011

    • 50 грама сончоглед
    • rn011

    • 30 грама путер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • Малку ким
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзматете ги јајцата со путерот и малку сол. Потоа со лажичка, полека измешајте ги сите останати состојки. Во калап за готвење поставете хартија за печење и сипете ја смесата во неа. Нанесете ја по целата површина, притоа внимавајќи да е со дебелина од барем 5 милиметри. Печете во рерна околу 15 минути. Откако ќе се испече, исечкајте кекси во форма на штангли или стапчиња.rn

    Месни перничиња

    rn(2) Брза, вкусна и здрава безглутенска хранаrn

    Потребни состојки:

    rn

    За тестото:

    rn

      rn011

    • 400 грама безглутенско брашно
    • rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn

    rn

    За филот:

    rn

      rn011

    • 250 грама мелено месо
    • rn011

    • 2 главици кромид
    • rn011

    • 1 лажица безглутенска презла
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • Прстофат бибер
    • rn011

    • Неколку морски оревчиња
    • rn011

    • Магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗамесете го тестото, покријте го со крпа и оставете го да одмори додека го подготвувате филот. Испржете ги кромидот и месото, посипете ја смесата со бибер и сол, па потоа додајте ги морските оревчиња, магдоносот и презлата. Добро промешајте. Тестото поделете го на два дела, а потоа првиот дел развлечете го низ целиот калап за готвење. Врз него ставајте по една лажичка од филот, на еднакво растојание од 5 до 8 сантиметри, а во празниот простор премачкајте со белка од јајце и потоа прекријте го со другиот дел од тестото. Притиснете го делот каде што нема фил и исечете по тие линии со цел да добиете повеќе коцкасти форми. Ставете ги перничињата во зовриена солена вода и варете ги сè додека не излезат на површина. Потоа подредете ги во длабок сад, прелијте ги со павлака за готвење и запечете ги во рерна.rn

    Крокети со боранија и сусам

    rn(3) Брза, вкусна и здрава безглутенска хранаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 грама зелена боранија
    • rn011

    • 4 помали компири
    • rn011

    • 1 лажичка свежа мајчина душичка
    • rn011

    • 1 лажичка изрендана кора од лимон
    • rn011

    • Сусам
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • Маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДобро измијте ги компирите и ставете ги да се варат сосе кората. Откако ќе се сварат, оставете ги да се оладат, па олупете ги и пасирајте ги. Исчистете ја боранијата, измијте ја и пржете ја барем 10-тина минути, а потоа исечкајте ја на ситни парчиња, ставете ја во сад со две лажички маслиново масло и мајчина душичка и пржете ја неколку минути. Измешајте ја оладената боранија со компирот, додајте ја ситно изренданата кора од лимон и посолете по ваш вкус. Од оваа смеса ќе добиете 12 крокети, кои откако ќе ги обликувате ставете ги во сусам (можете по желба прво да го испржите сусамот на суво). Наредете ги подготвените крокети во калап обложен со хартија за печење, премачкајте ги со многу малку маслиново масло и печете 15-тина минути во рерна која претходно била загреана на 180 степени, а потоа свртете ги на другата страна и печете сè додека не добијат рамномерна боја.rn

    Похувани печурки

    rn(4) Брза, вкусна и здрава безглутенска хранаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • ½ килограм печурки
    • rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 120 милилитри млеко
    • rn011

    • 120 грама пченкарно брашно
    • rn011

    • 1 лажичка сол
    • rn011

    • Мешавина од суви зачини
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги печурките и по желба исечкајте ги на листови. Изматете ги јајцето, млекото, пченкарното брашно, солта и зачините. Откако ќе завршите, полека додавајте ги печурките во оваа смеса и пржете ги на врело масло. По пржењето ставете ги врз хартија за да се впие вишокот масло. Служете ги топли или ладни, покрај салата и сос од кисели краставички.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 едноставни начини на кои можете секојдневно да јадете авокадо

    14 едноставни начини на кои можете секојдневно да јадете авокадо

    Доколку ви е потребен нов рецепт со авокадо или барем нов начин на кој можете да го јадете ова прекрасно овошје, тогаш погледнете ги наредниве 14 предлози.rnrn14 едноставни начини на кои можете секојдневно да јадете авокадо14 едноставни начини на кои можете секојдневно да јадете авокадоrnrnАвокадото изобилува со хранливи материи и е одлично за вашето здравје. Тоа содржи и до 20 витамини и минерали кои го одржуваат имунитетот и помагаат при регулирање на крвниот притисок. Ова се само неколку од причините зошто би требало секојдневно да јадете авокадо!rnrn1. Пресечете го на половина, додадете прстофат сол и земете лажица.rnrn2. Прескокнете го вообичаеното (кечап, мајонез, сенф) и заменете го со посолено пире од авокадо.rnrn3. Направете инстант гвакамоле. Згмечете го авокадото и додадете малку лут сос. Јадете со топли тротиљи, целер или чипс.rnrn4. Направете инстант смуди. Комбинирајте бадемово млеко, авокадо, смрзната банана и мед (по вкус), ставете ги во блендер и измешајте. Зачинете со свеж ѓумбир, лимета, замрзнато шумско овошје или диња.rnrn5. Ставете во блендер зрели авокада, стопено чоколадо, бадемово млеко, какао во прав, прстофат ванила и засладете по вкус. Потоа оладете го во фрижидер и ќе добиете вкусен пудинг од авокадо.rnrn6. Прескокнете го крем-сирењето и користете пире од авокадо со малку лимон за да го подобрите вкусот на лососот.rnrn7. Турете мали парченца авокадо во оладена паста, па додадете исечкани пиперки и излупен морков. Додадете го вашиот омилен сос и измешајте добро.rnrn8. Во кората од авокадото сипете малку оцет и додадете процедена туна одозгора.rnrn9. Додавајте неколку парчиња авокадо на кој било оброк.rnrn10. Измешајте го авокадото со црн грав, печена пченка, исечкан млад кромид, домати и чили пиперка. Измешајте со масло, оцет, сол и бибер.rnrn11. За појадок, нанесете го на тост и додадете варено јајце одозгора. Декорирајте со кромид.rnrn12. Испржете набрзина исечкан кромид и лук и додадете им малку ким. Потоа во блендер измешајте авокада, вода, лимета, сол, коријандер и мешавина од кромид на собна температура. На крај ставете и пржени ракчиња и коријандер за студена супа.rnrn13. Во блендер ставете авокадо, масло, лимон, лук, ситно кромидче, сол и бибер со цел да направите вкусен сос за салата.rnrn14. Направете пире од авокадо и потоа комбинирајте го со неколку капки лимета и зашеќерена вода. Замрзнете за да добите сорбет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Отстранете го забниот камен на природен начин со овие 4 рецепти

    Отстранете го забниот камен на природен начин со овие 4 рецепти

    Забниот камен се оние тврди наслаги кои остануваат како залепени за забите. Не е добро да ги имате затоа што со текот на времето го оштетуваат забот. Затоа е најдобро да посетувате забар барем двапати годишно заради чистење на забниот камен. Но, ако сакате и дома да си помогнете со тоа и да ја превенирате појавата, разгледајте ги овие неколку рецепти.rnrnСпречете го забниот камен на природен начин со овие четири рецептиrn

    Рецепт бр. 1

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 30 грама лушпи од ореви
    • rn011

    • малку вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги лушпите и водата во тенџере и варете околу 15 минути. Потоа ставете од течноста на четката за заби и мијте ги по пет минути три пати на ден.rn

    Рецепт бр. 2

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички семки од сончоглед
    • rn011

    • 4 лажички цветови од липа
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во сад на тивок оган и варете околу половина час. Мијте ги забите со оваа течност по секоe јадење.rn

    Рецепт бр. 3

    rnСтавете малку јаболков оцет во устата, тријте ги забите со четка и потоа плукнете и исплакнете ја устата со вода. Применувајте го овој метод само еднаш неделно.rn

    Рецепт бр. 4

    rnСтавете малку сода бикарбона на четката за заби и тријте. Можете да додадете и малку сол. Освен што помага во избелувањето на забите, тоа помага и во отстранувањето на забниот камен.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 интересни начини на кои можете да ги замените јаглехидратите со карфиол

    4 интересни начини на кои можете да ги замените јаглехидратите со карфиол

    Подобрете ја вашата исхрана така што ќе ги замените овие 4 секојдневни оброци со нови и здрави комбинации. Во ова видео можете да видите како карфиолот може да послужи како замена за јаглехидратите, а со тоа и да ви овозможи поздрав оброк и мала промена во вашата исхрана.rnrnrnrn1. Похован кашкавал – Пуштете ја рерната да се загрее на 220 степени. Иситнете го карфиолот во процесор за храна, а потоа исцедете ја течноста од него. Потоа измешајте го со јајце и моцарела и формирајте мали квадратчиња од смесата. Поставете ги на хартија за печење и печете сè додека не добијат златна боја. Откако ќе завршите, поставете еден ред кашкавал помеѓу нив и испржете ги.rnrn2. Вегетаријански пржен ориз – Ставете го карфиолот во процесор за храна и потоа испржете го. Истовремено испржете го и зеленчукот. Потоа направете дупка во карфиолот во средината и додадете го јајцето, па зеленчукот. Добро измешајте.rnrn3. Вкусни топчиња – Загрејте ја рерната на 200 степени. Сварениот карфиол ставете го процесор за храна, а потоа претурете го во голем сад. Во садот додајте и јајце, зеленчук, кашкавал и лебни трошки. Од смесата направете мали топчиња и потоа поставете ги на хартија за печење. Печете додека не станат златни.rnrn4. Макарони и кашкавал – Ставете го карфиолот во тенџере. Во друго тенџере измешајте млеко, рендан чедар кашкавал, уште повеќе чедар кашкавал и кромид. Мешајте сè додека состојките не се стопат, а потоа додајте ги во тенџерето со карфиолот. Гответе на тивко околу 3 часа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Какво кафе пијат луѓето ширум светот? Пробајте и вие!

    Какво кафе пијат луѓето ширум светот? Пробајте и вие!

    Љубителите на црниот напиток сигурно ќе го обожаваат ова. Тимот на Базфид направиле видео во кое нè шетаат низ светот преку традиционалните начини за подготовка на кафето во разни земји. Од Бразил до Виетнам, од Австрија до Хонгконг, методите и состојките за подготовка навистина многу варираат, но ако сакате да пробувате различни кафе-вкусови, веројатно би сакале да ги вкусите сите.rnrnКакво кафе пијат луѓето ширум светот? Пробајте и вие!rnrnДобрата работа е дека овој видео водич ги вклучува и самите рецепти, па сè што ви треба е да го зачувате овој линк во вашата листа со омилени веб-страници и да го започнете вашето кафе-патување уште утре. Добар пат и на здравје кафе!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 рецепти кои се одлични за во есен

    10 рецепти кои се одлични за во есен

    Есента е период во кој започнуваат многу работи: новата школска година, нови модни трендови, како и најважното – поладно време. Веќе пристигнуваат новите производи за новата сезона. Оваа колекција на прекрасни рецепти, не само што ќе ве подготви за студената сезона кога доаѓа, туку и ќе ви донесе слатко уживање во секое залче.rnrnСупи, салати, тестенини, пити, месо, рижото, па дури и десерти и есенски напитоци – во оваа листа ќе најдете рецепти за секакви вкусови и за секој дел од оброкот.rn

    1. Крем супа од карфиол

    rn1-10-recepti-koi-se-odlichni-za-vo-esen-kafepauza.mkrn

    Време на подготовка: 1 час и 20 минути

    rn

    Потребни состојки за 6 порции:

    rn

      rn011

    • 1 лажица путер
    • rn011

    • 1 лажиче маслиново масло
    • rn011

    • 1 струк праз (само светлозелениот дел)
    • rn011

    • 1 мала главица кромид
    • rn011

    • 1 мала главица карфиол
    • rn011

    • вода
    • rn011

    • сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во големо тенџере со двојно дно, ставете ги путерот и маслиново масло да се загреат на средна температура.
    2. rn011

    3. Потоа отстранете ја дршката од карфиолот и тенко исечкајте ја на крукчиња. Останатиот дел од карфиолот исечкајте го во форма на цветчиња и измешајте го со претходно исечканата дршка.
    4. rn011

    5. Тенко исечкајте ги и празот и кромидот и додадете ги во тенџерето. Пржете околу 3-5 минути, односно сѐ додека не омекнат. Додадете ¾ од карфиолот, а остатокот зачувајте го за подоцна. Зачинете со сол и бибер, а потоа пржете околу 5 минути.
    6. rn011

    7. Додадете доволно вода, така што ќе го покрие тенџерето (околу 4 чаши) и ставете капак. Полека мешајте додека се вари, а откако ќе почне да врие, намалете ја температурата. Мешајте уште 45 минути.
    8. rn011

    9. Додадете го преостанатиот дел од карфиолот и варете уште додатни 15 минути, или додека не омекне.
    10. rn011

    11. Направете пире од супата користејќи блендер. Во случај на преголема густина, додадете вода.
    12. rn

    rnrn