КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • Реални места кои изгледаат како да не се

    Реални места кои изгледаат како да не се

    На прв поглед наредниве неколку фотографии можеби ќе ви изгледаат како компјутерски обработени, но верувајте, тие се исто толку реални колку и моменталниот поглед кој го имате низ вашиот прозорец. Не ви се верува? Погледнете подобро…rnrn

    Реални места кои изгледаат како да не се
    Планината Гринел – Националниот парк Глечер, Монтана
    rnrnОвие фотографии целосно ги мешаат нашите перцепции за реалноста и фантазијата. Но, тоа е само уште еден доказ дека на мајката природа никогаш не ѝ недостасуваат начини да нè изненади. Разгледајте ги и останатите фотографии и уживајте во ова кратко бегство од реалноста…rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Моравија, Република Чешка
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Намибија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Портата до пеколот – Дервезе, Туркменистан
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    „Бранот“ – Аризона
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Лапланд, Финска
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Камената шума – Јунан, Кина
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Тунелот на љубовта – Клевен, Украина
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    „Chand Baori“ – Абанери, Индија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Полињата со лалиња – Лисе, Холандија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    „Salar de Uyuni“ – Боливија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Сокотра, Јемен
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Кристалната пештера – Скафтефел, Исланд
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Структурата Ришат, Мауританија
    rnrn
    Реални места кои изгледаат како да не се
    Планината Рораима, Венецуела
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порно vs. реалност

    Порно vs. реалност

    Погледнете го овој смешен и едукативен стрип на CollegeHumor за разликата помеѓу порно филмовите и реалноста. Авторот доста сликовито ни порачува дека очекувањата што ги подгреват порно филмовите, се далеку од реалноста. :)rnrnПорно vs. реалностrnrnАко не успеа да ве убеди стрипчето, ѕирнете го и ова кусо видео, чија цел е низ мала доза хумор да ги разбие најчестите порно митови.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Надреални фото-илустрации инспирирани од детската имагинација

    Надреални фото-илустрации инспирирани од детската имагинација

    Во делата на францускиот фотограф, Алистер Магналдо (Alastair Magnaldo) детските соништа стануваат реалност. Секоја негова фотографија е приказна, во која главни јунаци се најмалите. Тие таму можат да се искачат на виножитото, да го избришат сонцето, да симнуваат ѕвезди…Надреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинација
    rn

    „Сета своја енергија ја посветувам на овој фотографски пристап, исто како на мојот приватен живот, на мојата прекрасна сопруга и нашите три деца. Негувам визија за фотографија исполнета со светло и се обидувам тоа да го изразам во моите композиции, повремено користејќи боја за подобро поставување“, вели Алистер за својата уметност.

    rnНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинацијаНадреални фотографии инспирирани од детската имагинација
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот…

    Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот…

    Што би направиле доколку Фотошоп-алатките би ви биле на располагале и во реалниот живот? Дали можеби нешто од следното? :)rnrnКога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...Кога би можеле да користиме Фотошоп во реалниот живот...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во кој имагинарен свет би живееле вие?

    Во кој имагинарен свет би живееле вие?

    Фантазијата и научната фантастика сè повеќе изгледаат како реалност поради напредокот на технологијата која ѝ дозволува брзо развивање. Тогаш зошто не би гледале на имагинарните светови како потенцијална иднина? Еве неколку примери од филмовите за кои научниците дале свое мислење колкави се шансите тие да бидат навистина нашата иднина. Нивните одговори се движеле од можни и оптимистични, па сè до тешко замисливи и чиста фантазија.rn
    rn

    Универзумот на Ѕвездените патеки

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Серијата „Ѕвездени патеки“ е преполна со наука и технологија која била инспирирана од различни генерации научници и инженери – патување побрзо од светлината, телепортација, светлосни оружја, универзални преведувачи, виртуелна реалност базирана на холограм технологија и мобилни комуникатори меѓу другото. Голем дел од оваа технологија всушност веќе е реалност, но од друга страна физичарите се сè уште далеку од дизајнирање на ворп погони со кои би можеле да патуваме каде што никој човек не бил претходно…rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Паркот Јура

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во „Паркот Јура“ научниците пронашле начин со помош на клонирање и користење античка ДНК од фосилите да ги вратат изумрените диносауруси во живот. Научниците често се скептични дека ДНК би можела да преживее толку долго време, а и да може не веруваат дека би било доволно од неа да се создадат организми. Сепак, новелистот Мајкл Крајтон вели дека е можно да се направи комбинација од парчиња античка ДНК со онаа од живите животни.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Галактичката република од „Војна на ѕвездите“

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во „Војна на ѕвездите“ бионички надградени карактери се борат со светлосно оружје и комуницираат преку холограми на нивните ѕвездени бродови. И секако, да не ја заборавиме „ѕвездата на смртта“ која има моќ за масовно уништување на цела планета. Овие филмови многу влијаеле врз развојот на науката и технологијата во реалниот живот. Но тоа што е потешко замисливо за научниците се микроскопските „медихлорини“ кои се наоѓаат во одредени личности, како и идејата дека Силата е физичка енергија која им овозможува телепатија, телекинеза и предвидување.rnrnМислење на научниците: тешко замисливоrn
    rn

    Светот на Нарнија

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Задниот дел од плакар во мал град во Англија води кон друг свет, Нарнија, каде што времето тече различно од Земјата и децата се здружуваат со лав кој зборува и со други митски суштества за да се борат против вештерка која може со помош на магија да ги претвори своите противници во камен. Фактот дека портал би можел да води кон друга планета каде што времето се движи на друг начин, веднаш ве потсетува на научна фантастика, но сепак серијата Нарнија никогаш не била базирана на наука.rnrnМислење на научниците: чиста фантазијаrn
    rn

    Универзумот на Фајрфлај

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според ТВ серијата „Фајрфлај“, луѓето мигрирале од Земјата и колонизирале систем со процесот наречен тераформирање (го направиле погоден за живот). Поделбите помеѓу богатите и сиромашните и цивилната војна предизвикале многу голем број луѓе да живеат во светови непогодни за живот и единствената технологија која ја поседувале била примитивна, на ниво на Стариот Запад. Во оваа серија гледаме научна фантастика во која нема роботи, вонземјани и бродови побрзи од светлината, но се сретнуваат и неколку необични елементи како телепатијата. Системот во кој луѓето живеат на некој начин малку ја предизвикува имагинацијата бидејќи се состои од 5 ѕвезди, 12-тина планети и стотици месечини.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Во Земјата на Оз

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Вртлог ја носи Дороти во место каде што се наоѓаат страшила, лавови и лимени луѓе кои имаат способност за зборување. Тие мора да отпатуваат до необичен град и таму да се соочат со вештерки. И покрај тоа што Ханс Моравек предложил да се „аплоадира“ мозокот во компјутер така што ќе се заменуваат еден неврон по друг со микрочипови кои ќе ја имаат истата функција, што многу наликува на преобразбата на лимениот човек, сепак летачките мајмуни не изгледаат како многу можно сценарио за иднината.rnrnМислење на научниците: чиста фантазијаrn
    rn

    Средната земја од Господарот на прстените

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во Средната земја, луѓето, џуџињата, хобитите и орките започнуваат војна во свет сличен на средновековниот во кој живеат огромни волци, орли, пајаци и други замислени суштества. И покрај тоа што научниците пробуваат да развијат некој вид наметка за невидливост, големи се шансите дека огромен огнен Балрог не би можел да постои во иднината.rnrnМислење на научниците: чиста фантазијаrn
    rn

    Матрикс

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според трилогијата „Матрикс“, војната помеѓу луѓето и роботите ја направиле планетата скоро непогодна за живот. Бидејќи веќе немале извор на енергија, роботите ги заробиле луѓето и со помош на нивните мозоци кои се приклучени за компјутерски имагинарни светови ги напојуваат своите генератори. Научниците полека напредуваат во областите на роботиката и виртуелната реалност, но сè уште се многу далеку од технологијата во филмот.rnrnМислење на научниците: тешко замисливоrn
    rn

    Пандора од Аватар

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Пандора е месечината од фиктивниот гасовит џин наречен Полифелмус, кој се наоѓа во бинарниот ѕвезден систем Алфа сентаури. Таму луѓето кои се наоружани со роботски егзоскелети се борат со хуманоидните вонземјани за рудниците со суперкондуктивни метали. Режисерот Џејмс Камерон, кој на времето бил претседател на научниот клуб во неговото училиште, се трудел скоро се во филмот да биде научно точно, но притоа признал и дека си дал малку поетска дозвола.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Светот на Јас, робот

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Иднината во филмот „Јас, робот“ е преполна со андроиди и други видови роботи кои ги следат трите закони на роботиката кои би требало да ги спречат во повредувањето на себеси и на другите додека им служеле на луѓето. Научниците полека развиваат роботи кои можат да одат како луѓето, кои во Јапонија веќе се употребуваат како дополнителна помош во некои области. Но, роботи со разум како луѓето сè уште не се реалност.rnrnМислење на научниците: можноrn
    rn

    Малцинскиот извештај

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во иднината, според овој филм, полицијата се потпира на видовити кои можат да го предвидат злосторството пред тоа да се случи и на тој начин да го спречат. И покрај тоа што предвидувањето е сè уште само фантазија, режисерот Стивен Спилберг за овој филм вработил цел кадар футуристи кои создадоа слика за иднината од нивна гледна точка. Кога подобро ќе размислите, можеби предвидувањето и не е баш толку невозможно.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Универзумот на Ѕвездената порта

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?„Прстени“ со вонземско потекло служат како портали кои водат до далечни светови така што отвораат црвји дупки низ кои поминуваат нашите истражувачи. Тие многу често се соочуваат со вонземјани кои се претставуваат како веќе познатите египетски богови. И покрај тоа што научниците се согласуваат дека црвјите дупки теоретски постојат, тие велат дека воопшто не изгледаат како тие од оваа серија.rnrnМислење на научниците: трешко замисливоrn
    rn

    2001: Вселенска одисеја

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Вонземјаните си играат со еволуцијата на човековиот вид и зад нив оставаат артeфакти кои можат да ги пронаоѓаат астрономите низ вселената и со нив да трансформираат гасовити џинови во ѕвезди. И покрај тоа што поголемиот дел од приказната на Артур С. Кларк ви изгледа како фантазија тој вели, „Секоја доволно напредна технологија не се разликува многу од магијата“. Науката во филмот вклучува вештачка интелигенција, нуклеарна физика, орбитална механика, суспендирана анимација, видеофонија, колонизација на месечината и препознавањето на гласови. Голем број од овие технологии не се многу далеку од тоа што веќе можеме да го забележиме и во реалноста.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrn
    rn

    Терминатор

    rnВо кој имагинарен свет би живееле вие?Во филмовите „Терминатор“, машините и луѓето постојано пробуваат „одново да ја напишат“ историјата, така што праќаат војници назад во времето за да ги убијат или заштитат историските личности. Сè уште постои голема дебата дали воопшто е возможно да се патува назад во времето и поголемиот број од научниците се многу скептични на оваа тема. Но, научниците не само што работат на создавање хуманоидни роботи, туку тие се обидуваат и да ги дизајнираат да изгледаат исто како човекот, што сугерира дека киборгот кој го игра Шварценегер можеби еден ден навистина ќе постои. Исто така има обиди за создавање и на релативно примитивни машини кои го менуваат својот облик.rnrnМислење на научниците: оптимистичноrnrnДоколку би имале избор, во која иднина од овие би сакале да живеете вие?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мрчала vs. среќни луѓе

    Мрчала vs. среќни луѓе

    Пред извесно време гледав стенд ап комедијант, кој меѓу другото, го кажа следново: „Знам премногу за животот за да бидам оптимист“. Потоа кажа пример, како луѓето не гледаат реално на работите. Кога таткото ќе донесе кученце дома, децата се радуваат, но наместо да се радуваат треба да сфатат дека за некое време ќе останат без кученцето, зашто со сигурност нешто ќе му се случи. Всушност таткото не им донел радост, туку причина за плачење. „Видете деца, за неколку години сите ќе плачеме кога ќе го изгази кола или кога комшијата ќе стави отров во неговата храна“. ОК, се насмеав, поради начинот на кој го кажа тоа. Но потоа размислив подобро и цврсто одлучив дека не е во право. Тогаш сфатив дека луѓето не се делат на оптимисти, песимисти и реалисти, туку поделбата е многу посложена.Мрчала vs. среќни луѓеКако прво, според мене не постојат реалисти. Секој оној кој е убеден дека гледа реално на работите, се обложувам дека не е во право, туку само си мисли дека е. Веќе никој не знае што е реално, што е правилно, а и тие што се декларираат како реалисти знаат да си фантазираат. Потоа, не постојат само позитивни и негативни, зашто од негативен до друг уште понегативен човек има голема разлика. Едно е да си свесен дека не е сè така розово, а сосема друго е секогаш да помислуваш на најлошото.rnrnДа бидам искрена, и мене ме нервираат оние „хронични“ оптимисти, напорни ми се, толку лебдат, што кога ќе сфатат дека реалноста не е таква, ќе им биде многу тешко да се приберат. Знаете, некои ставови од типот „сè е толку прекрасно“, знаат да бидат навистина иритирачки.rnrnНо, од друга страна, на што личи ставот „кога-тогаш на сите ќе ни дојде крајот“? Па ако постојано размислуваш за крајот и за смртта, зошто живееш? Зошто се трудиш да работиш, да направиш, да успееш во нешто? Чекај си го крајот, кога веќе постојано мислиш на тоа! Ајде да не излегуваме на прошетка, можеби сега времето е убаво, ама кај и да е ќе се расипе, така што, ајде да си седиме дома!rnrnМожеби е вистина дека ако очекуваш и се надеваш премногу, поголема е веројатноста да бидеш разочаран, но ако немаш апсолутно никаква амбиција или план? Треба да живеам, колку онака да ми помине времето за да не бидам разочарана? ОК, во 3 од 5 случаеви можеби ќе ми се трефне да не ми се оствари очекуваното, но животот е борба, ако не тоа, нешто друго добро ќе исплива на површина. Како да не е повеќе во мода да бидеш оптимист.rnrnМожеби не обрнуваме доволно внимание, но сите ние сме опкружени со мрчала и среќни луѓе. Оние на кои ништо не им одговара и оние кои знаат да уживаат во животот. Тоа е случајот кога на едната страна од улицата го слушате муабетот на двајца пензионери, кои зборуваат како сè било подобро во нивно време, а од спротивната страна се движи среќно детенце кое ужива во сладоледот како да е вистинско богатство и ти се насмевнува како да сака да ти каже: „Погледни колку сум среќен“. Не станува збор за генерации, незадоволството не познава години. И мрчалата и среќните луѓе, ги има од сите возрасти.rnrnКога сосетките се собираат наутро за кафе-муабет, како да се натпреваруваат која повеќе ќе „мрчи“. Децата не биле послушни, мажот не ги почитувал, на работното место не биле ценети… Абе ако треба и ќе измислат нешто или ќе го преувеличат, само за нивното да звучи пострашно. Бог да чува! Наместо тоа, да кажевте за нешто добро што ви се случило? Како црна хроника во движење се луѓево! „Добро утро, слушна дека комшијата го ограбиле, а некој во тоа и тоа село се обесил?“. ОК, сериозно? Со сиот памет ми посака добро утро на почеток од твојата реченица?rnrnМожеби, кога станува збор за оптимизам и песимизам, постојат повеќе нивоа и видови оптимисти и песимисти, но кога зборуваме за среќата и задоволството, постојат само две страни. Негативните, кои константно „мрчат“ за сè и сешто, и среќните луѓе кои го впиваат секое задоволство што им го нуди животот. Од вас зависи во која група ќе бидете.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Робот-трансформер во вистинскиот живот

    Робот-трансформер во вистинскиот живот

    Овој пат, кога зборуваме за робот-трансформер не мислиме на филм, видеоигра или на играчка. Ова е вистински робот кој може лесно да се претвори во возило, а потоа пак да се врати во првобитната форма на робот и да изведе неколку удари, небаре е во сред битка со лошите момци.Робот-трансформер во вистинскиот животОвој трансформер е изум на Кенџи Ишида од Џеј Ес Роботикс кој во изградбата на роботот успеал дури при осмиот обид. Тој употребил вкупно 22 сервомотори кои ги предизвикуваат воодушевувачките движења на трансформерот.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Буден (Awake)

    Буден (Awake)

    ТВ серија за еден детектив, кој живее два паралелни животи, едниот со неговата сопруга, другиот со неговиот синrnrnБуден (Awake)Главни улоги: Џејсон Ајзекс, Лора Ален, Стив Харис, Дилан Минет, Вилмер Валдемара, Б.Д. Вонг, Чери ЏоунсrnrnЖанр: криминалистика, драма, трилерrnrnКреатор: Кајл КиленrnrnПремиера: 1 март 2012rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Кога имаме лоши соништа, сакаме само да се разбудиме за да најдеме утеха во реалноста, а понекогаш дури сакаме да продолжиме да сонуваме за да го решиме случајот кој ни создавал мака додека сме спиеле. Замислете како би изгледал животот кога будењето од еден сон веднаш би нè сместувало во друг и кога двата последователни соништа всушност креираат само една реалност. Сон или јаве, впрочем не е ни важно, важно е да ни се допаѓа она што притоа го искусуваме.rnrn



    rn

    rnПриказна: Семејството на полицискиот детектив Мајкл Бритн е жртва на ужасна сообраќајна несреќа, во која животот го губи еден од неговите членови. Ќе помислите дека тоа е жена му, додека не ја видите следната сцена во која Мајкл се буди наидувајќи на синот во својата кујна. Нормално, во второто сценарио, недостасува сопругата.Буден (Awake)Буден (Awake)Во едниот живот тој носи црвено ластиче на раката, на тој начин помагајќи ѝ на публиката да го следи дејството во кое преживеаниот член на семејството е неговата сопруга Хана. Во другата реалност носи зелено ластиче за да го симболизира животот со неговиот син. Двајцата преживеани во двете паралелни реалности на различен начин се обидуваат да излезат на крај со загубата, но интересно е дека Мајкл функционира сосема добро. Тој има можност да го живее животот со двајцата, не обидувајќи се да навлезе во суштината на неговиот необичен животен тек.Буден (Awake)Во двата животи, Мајкл посетува двајца различни психотерапевти кои го убедуваат дека она што го искусува во другиот живот е само многу реален сон и репрезентација на неговата загуба.Буден (Awake)Буден (Awake) Тој има и различен партнер во секој од паралелните животи, кои пак не знаат за неговата друга реалност.Буден (Awake)Паралелно со неговиот двоен приватен живот, имаме можност да го следиме и напредокот во неговата детективска кариера. Ова пак е резултат на тоа што одредени знаци од едниот живот му помагаат во решавањето на случаите од другиот.Буден (Awake)Што е причината за постоењето на двете подеднакво реални реалности во кои живее детективот Мајкл Бритн сè уште не ѝ е откриено на публиката, но дознаваме дека сообраќајната несреќа е наместена од „високите фаци“ во неговиот полициски оддел.Буден (Awake)Кога и како да ја гледате: Гледајте ја кога сте одморени за да можете да ги поврзувате знаците кои се испреплетуваат меѓу случаите од двата животи на детективот Бритн. Уште поважно, не гледајте ја токму пред спиење, бидејќи може да се разбудите во некоја неочекувана реалност. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалноста

    Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалноста

    Доколку сте сигурни во она што го гледате на фотографиите на германскиот фотограф Мартин Валдбауер, тогаш подобро погледнете уште еднаш. Ништо не е како што изгледа во овие дигитално манипулирани фотографии и фотомонтажи. Валдбауер успева да им наметне на луѓето кои ќе ги погледнат неговите дела, перцепција за реалноста која малку нема логика.Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаТој во неговата биографија има наведено дека фотографира од љубов и дека неговите дела се аматерски. Меѓутоа мора да се согласиме дека овие фотографии се далеку од аматерски. Креативноста во неговите креации е навистина освежувачка. Во нив постои некаква игрива конфузија, која го тера гледачот да се запраша за веродостојноста на прикажаното.Фотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаФотографии кои ја предизвикуваат вашата перцепција за реалностаrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луциден сон

    Луциден сон

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnЗамислете што би се случило ако станете свесни дека сонувате… За повеќето луѓе сонот е нешто сосем различно од реалноста. Кога ќе се разбудат бркани од грдо крваво зомби или страшен тигар со огромни заби или можеби во момент на екстаза, секогаш помислуваат со олеснување или разочарување „па беше само сон”.rnrnНо, некои луѓе можат да го контролираат својот сон знаејќи го едноставниот факт дека тоа е всушност нивниот сон. Реализацијата на оваа идеја му носи бескрајна слобода и неограничена моќ на сонувачот, секако во рамките на својот сон. Веројатно на секој од вас ова му се случило еднаш или два пати, но скоро секогаш тоа било на крајот на сонот и траело кратко. Ова се случува бидејќи сте се изненадиле од луцидноста на сонот и ве разбудила возбудата. Па како да се избегне овој проблем за да се постигне почист и подолг луциден сон? Долг е процесот кон комплетно контролиран сон, но сепак постои начин како тоа да се достигне.rnrnЛуциден сонrn

    Зошто да не се забавувате додека спиете?

    rnПренесете ја дневната авантура во вашиот кревет и подгответе се да ги скршите сите закони, граници и правила (природни или вештачки) на светот кој го оставате зад себе, и на крајот уживајте во бесконечноста на вашата фантазија.rnrn

    Запаметете ги вашите соништа

    rnИма неколку работи на кои ќе треба да работите како би можеле полесно да го достигнете луцидниот сон. Битен чекор е развивање систем за меморирање на вашите соништа, односно запаметување на секој сон што ќе го сонувате. Оваа навика ќе ви помогне да ги сфатите чудните патишта по кој вашиот сон нормално се движи и да ги препознаете истите во следните соништа. Можете да мантрате „Ќе се сетам на моите соништа изутрина”. Ова ќе ве потсети да размислувате и да се сетите на своите соништа наредниот ден.rnrnЛуциден сонrn

    Запишете ги вашите соништа

    rnМора на некој начин да ги зачувате вашите соништа надвор од вашата глава. Најдете свој начин кој најмногу ќе ви одговара. Пишувајте во вашиот дневник (доколку го имате), или почнете нов под наслов „Соновник”, отворете блог, пишувајте во вашиот мобилен телефон, сеедно, битно е да ги опишете најконкретно вашите магливи сеќавања.rnrnПренесувањето на вашиот сон во текст ќе ве натера да се сетите на ситни детали од тоа искуство и ќе го истренира вашиот мозок автоматски да се сеќава на сите соништа. Бидете сигурни дека првата работа што ќе ја направите секое утро ќе биде запишувањето на вашите соништа додека се сè уште свежи. Одложувањето на овој утрински ритуал ќе доведе до комплетно заборавање на сонот подоцна.rnrnИмањето комплетна документација за своите соништа, дава можност за присетување на одреден сон од пред неколку недели или месеци кој изгледал слично на сонот од кој само што сте се разбудиле.rnrnЛуциден сонrn

    Проверки на реалноста

    rnНеколку пати во текот на денот запрашајте се дали сонувате. Секако, логично дека не сонувате, но кога нешто постојано се повторува во свесна состојба, тоа полека преминува во онаа наша друга страна, која никогаш не спие и нè тера да дејствуваме на начини кои не ни се познати. Реализацијата на оваа идеја ќе значи зголемување на шансата да се запрашате дали спиете во моментот кога сонувате.rnrnМожностите за проверка дали спиете или навистина сте будни се неограничени: штипнете се, проверете колку е часот, викнете гласно, кажете кој ден е денес или едноставно проверете колку високо можете да скокнете. Колку и да звучи ова чудно (можеби и малку глупаво и смешно), треба да го сфатите многу сериозно! Треба да ги извршувате овие проверки на реалноста со сериозност, каква што ќе заборавите да примените во вашиот сон доколку ги сметате за глупост.rnrnПроверувајте се себеси во редовни интервали, сè додека не ви стане рутина. Кога ќе ја извежбате проверката на реалноста, ќе бидете скоро спремни да сонувате луцидно.rnrnЛуциден сонrn

    Финални совети

    rnПробајте да медитирате по неколку минути во денот (најпрепорачливо време за медитација е после ручек и пред спиење). Ова ќе ви помогне да осознаете како е да се биде во променета состојба на умот и ќе придонесе за вашата луцидност.rnrnОдлучете се што сакате да правите во вашиот сон за да не ги губите скапоцените мигови на вашата луцидност размислувајќи. Одберете една од бескрајните можности со која ќе го започнете вашето патување: „Ќе летам!”, „Ќе патувам низ времето!”, „Вечерва ќе спијам со Пенелопе Круз”. Исто така, можете да си се јавите самите себе си на мобилен и да си поставувате прашања на кои верувајте ќе добиете одговор.rnrnЛуциден сон
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.