КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • Фотографка покажува како навистина изгледа женското тело по бременост

    Фотографка покажува како навистина изгледа женското тело по бременост

    Женското тело трпи многу промени во текот на бременоста, а она што го гледаме во медиумите не е ни малку блиску до реалноста. Сите користат Фотошоп за да ги отстранат стриите и вишокот кожа од фотографиите.rnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnНо Џејд Бил, млада талентирана фотографка, решила да ја прикаже нефилтрираната страна на бременоста. Целта ѝ била да им помогне на жените да го прифатат и сакаат нивното тело откако ја поминале магичната транзиција кон мајчинството.rnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnПогледнете ги неверојатните фотографии кои ја нагласуваат убавината на стриите и опуштената кожа по бременоста.rnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnФотограф покажува како навистина изгледа женското тело по бременостrnrnДали знаете кои се промените кои ги шокираат жените за време на бременоста?

  • Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

    Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

    Силните жени често се главни ликови во филмовите. Ги заведуваат мажите со нивната убавина, а овие мажи го променуваат светот во името на љубовта. Но, нештата се малку покомплицирани во реалниот живот. Овие жени се прославиле благодарение на многу нешта покрај нивниот изглед. Нешто друго направило нивните имиња да останат во историјата. Па, погледнете како навистина изгледале овие неверојатни жени.rn

    1. Бони Паркер

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnЗа време на Големата депресија во САД, еден пар ограбувачи станале светски познати. Нивните имиња биле Бони и Клајд. Според приказната, двајцата се запознале во куќата на нивен заеднички пријател. Бони Паркер била келнерка и го мразела нејзиниот живот, а Клајд Бароу ѝ изгледал како момчето со коешто никогаш нема да ѝ биде здодевно. Кога Бони била жива, таа била демонизирана. Медиумите не само што ја нарекувале ограбувач, туку била позната и како убиец на полицајци, и покрај тоа што нема никаков доказ за ова обвинение. Во 1967-ма година излегол филмот „Бони и Клајд (Bonnie and Clyde) кој добил два Оскари. Познатата ограбувачка од Америка била глумена од страна на Феј Данавеј.rn

    2. Лина Кавалери

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnЛина е италијанска оперска пејачка која ја започнала кариерата по ресторани, а завршила на познатите сцени ширум светот. Таа била една од првите фотомодели, а картите со нејзините фотографии биле продавани низ сите европски градови. Лина била во брак неколку пати, но ниту една од овие врски не ѝ донела среќа. Во Филмот „Убава, но опасна“ (Beautiful but Dangerous) во улогата на Лина ја видовме Џина Лолобриџида.rn

    3. Барбара Радзивил

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnБарбара Радзивил била кралица на Полска и војвотка од Литванија. Била венчана со Сигизмунд II Август кој бил лудо вљубен во неа. Но, нејзината свекрва ја мразела. Се верува дека токму таа ја отрула Барбара откако станала кралица. По смртта на неговата сопруга, Сигизмунд никогаш повеќе не прозборел со мајка му. Во 1982-ра година, приказната за полската кралица била раскажана во филмот „Епитаф за Барбара Радзивил“ (An Epitaph for Barbara Radziwill). Главниот лик бил игран од Ана Димна.rn

    4. Ан Болејн

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnАн била втората жена на англискиот крал Хенри VIII. Хенри веќе бил во брак кога прв пат ја здогледал младата Ан. Веднаш се вљубил во неа, а љубовта била толку силна што успеал да добие развод – нешто што било речиси невозможно во тој период. Ан и Хенри се вериле и тогаш таа ја покажала најлошата страна од нејзиниот карактер. Правела скандали, трошела многу пари и организирала екстравагантни забави. Кралот не бил глупав, и продолжил понатаму наоѓајќи си нова љубовница. Ан добила смртна казна поради неверство. Тажната приказна на англиската кралица можете да ја изгледате во „Другата Болејн девојка“ (The Other Boleyn Girl). Улогата на Ан ѝ припаѓа на Натали Портман.rn

    5. Валис Симпсон

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnВо 1936-та година, британскиот крал Едвард VIII решил да се откаже од тронот само за да може да се ожени со два пати разведената американска актерка, Валис Симпсон. Кога се запознале, Едвард имал 36 години, а Валис била само една година помлада. Била венчана, но ова не го спречило принцот да ѝ каже како се чувствува. Врската брзо се развила и на парот не му било проблем да се појавува во јавност. По смртта на татко му, Едвард требало да стане крал, но не станал. Добил два избора – или љубовта или тронот. Валис и Едвард живееле заедно сè до 1972-ра година, кога тој починал од рак. Филмот за оваа љубовна приказна е во режија на Мадона и е познат како „В. E.“ (W.E.). Ликот на Валис го игра Андреа Рајзенбороу.rn

    6. Мата Хари

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnМата Хари била танчарка, куртизана и… шпионка. По несреќниот брак, таа се преселила во Париз. Овде почнала да изведува источни танци и наскоро станала многу популарна. Ова ѝ овозможило да најде богат маж, а потоа уште еден, и уште еден. Многу мажи сакале да бидат со неа, а таа ги одбирала само најбогатите и највлијателните. За време на Првата светска војна, танчарката која продолжила со истиот животен стил низ неколку европски држави, била регрутирана од Германската разузнавачка служба. По некое време станала извор за информации за Французите. Во Франција попуштила многу брзо, била осудена и била убиена 6 месеци подоцна. Постои ТВ-серија наречена „Мата Хари“ (Mata Hari), а во главна улога можете да ја видите Вахина Џиоканте.rn

    7. Кралицата Викторија

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnЗа време на владеењето на кралицата Викторија, Велика Британија напредувала, а луѓето ја сакале и поради нешто друго. Викторија постепено го намалувала влијанието на монархијата врз животите на обичните луѓе и била пример за личност која може да живее без луксуз. Кралицата била навистина вљубена во нејзиниот сопруг Алберт, а и тој во неа. Парот имал 9 деца. За кралицата постои филм наречен „Младата Викторија“ (The Young Victoria), каде што Викторија е играна од Емили Блант.rn

    8. Исадора Дункан

    rnКако навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?rnrnИсадора била позната танчарка, сопруга и муза на Сергеј Јесенин. Таа патувала низ САД и Европа, но отсекогаш сметала дека нејзиниот пат е учењето. Стигнала во Русија во 1921-ва година, каде што добила можност да отвори училиште за танцување и да добие финансиска помош. Овој период го запознала и Сергеј, кој подоцна ѝ станал сопруг. Бракот не траел долго и во 1923-та година поетот се изморил од животот со познатата танчарка и решил да се разведе од неа. Постојат неколку филмови кои ја раскажуваат приказната на Исадора, а во најновиот, „Танчарката“ (The Dancer), во главната улога ќе ја гледате Лили Роуз Деп.rnrnДознајте нешто повеќе за животот на некои од најубавите жени низ историјата.

  • 27-годишна девојка сака да му покаже на светот зошто се бори за легализирање на еутаназијата

    27-годишна девојка сака да му покаже на светот зошто се бори за легализирање на еутаназијата

    Холи Ворланд е 27-годишна девојка од Австралија која страда од мускулна дистрофија. Поради нејзината болест, нејзините мускули од брадата надоле постепено откажуваат и кога-тогаш ќе ја врзат за кревет.rnrn27-godishna-devojka-koja-se-zalaga-za-legalizacija-na-eutanazija-pokazhala-kako-izgleda-zhivotot-so-invaliditet-kafepauza.mk.jpgrnrnБила дијагностицирана на 11-годишна возраст, но до неодамна водела нормален живот со поддршка од семејството и пријателите. Работела напорно и дипломирала психологија, а до 25 години сакала да стане и доктор на науки.rnrnБила веќе до половина со докторските студии, кога забележала дека ѝ се намалува физичката сила. Во 2016-та година морала да се откаже од учењето, но и од нејзината работа како професор на факултетот.rnrn27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитетrnrnСекој ден почнала да се буди со гадење, забрзан пулс, болни мускули, гушење и неконтролирано тресење. Нејзиниот живот се претворал во хаос. Како што ѝ се влошувала состојбата открила дека инвалидитетот е прикажан многу погрешно. Изгледа како секоја јавна личност со инвалидитет да спаѓала во категоријата „инспиративни“. Она што ѝ претставувало уште поголем проблем биле објавите од фитнес профилите на кои биле прикажани луѓе со ампутации и натписи како „Кој е твојот изговор?“rnrn27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитетrnrnБидејќи Холи воопшто не можела да се поврзе со тоа, таа и нејзиниот партнер и негувател Лук направиле фотографии од неа и ги објавиле онлајн со цел луѓето да видат какво е вистинското влијание на инвалидитетот. Реакцијата од фотографиите ја охрабрила да сподели и малку поинтимни слики од нејзиниот живот.rnrn27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитетrnrnЛук се обидел да ја долови најдобрата и најлошата страна на Холи – од романтична вчера, до повраќање во туш кабината.rnrn27-годишна девојка која се залага за легализација на еутаназија покажала како изгледа животот со инвалидитетrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Како изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?

    Како изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?

    За секоја позната личност е вистинска чест да се најде на насловната страница од некое списание, како на пример Вог. Исто така не е тајна дека нивната совршена шминка одзема многу време, како и обработувањето на нивните фотографии со алатки како Фотошоп. Иако сè повеќе и повеќе списанија се обидуваат да го намалат обработувањето на фотографиите, тоа сепак постои. Погледнете како изгледаат ѕвездите на насловните страници, а како изгледаат во реалниот живот.rn

    1. Хајди Клум

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rn

    2. Амбер Херд

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rn

    3. Лејди Гага

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rn

    4. Џесика Алба

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rn

    5. Аманда Сејфрид

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rn

    6. Кејт Бланшет

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rn

    7. Ева Лонгорија

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rn

    8. Скарлет Јохансон

    rnКако изгледаат познатите ѕвезди на насловните страници, а како во реалниот живот?rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 митови за простувањето коишто не се вистина

    5 митови за простувањето коишто не се вистина

    Сигурно мислите дека простувањето ве прави светец или најдобрата личност на светот. Но, вистината е многу подалеку од тоа. Секој сака да биде добра личност, а оваа аспирација речиси секогаш е поврзана со желбата да се биде личност која простува.rnrn5 митови за простувањето коишто не сте вистинаrnrnСепак само лошите луѓе не простуваат, а никој од нас не сака да биде лош. Колку пати ви се случило да си кажете дека ако простите некому сета болка ќе замине? И сте се обиделе да простите. Но и покрај тоа, длабоко во себе навистина сте ја презирале личноста што ви згрешила.rnrnДенес простувањето е како должност, но тоа е многу поразлично од она што нè научиле за него. Исто така, простувањето нема ништо со тоа да бидете добра личност.rnrnВажно е да знаете дека без разлика со што се справувате, простувањето навистина може да ве ослободи. Но, прво мора да се соочите со митовите за простувањето кои се длабоко всадени во вашите верувања.rn

    1. Простувањето е несебично дело

    rn

    Реалност: Простувањето е добро дело за себе

    rnНавистина е лесно да помислите дека простувањето ве прави светци, но тоа не е така. Вистинското простување е акт на себеослободување. Ова е начин да се ослободите од огорченоста, срамот и вината што долго сте ги чувале во вас. Вистинската слобода значи дека повеќе не се гледате како жртва и не им обрнувате внимание на мрачните чувства и мисли. Наместо тоа го прифаќате она што се случило и јасно ви е дека нема смисла да пружите отпор кон нешто што се случило во минатото.rn

    2. Простувањето е за заборавање

    rn

    Реалност: Простувањето е користење на болката за да станете помудри

    rnСосема нереално е да ја заборавите неправдата што ви била нанесена. Сепак, простувањето не е магично стапче што предизвикува амнезија. Со простувањето вие се навраќате на настаните што ви се случиле и го користите тоа искуство за мудри одлуки во иднина. Многу луѓе се преправаат дека заборавиле што им се случило бидејќи простиле, но ова е класична и токсична форма на избегнување. Немојте да ја користите болката за да ја избегнете или потиснете вашата реалност. Болката е овде за да ве научи, па искористете ја.rn

    3. Простувањето значи да ги пуштите лошите луѓе без казна

    rn

    Реалност: Простувањето значи навистина да ги разберете оние што ви згрешиле

    rnПонекогаш простувањето може да биде искористено како лично оправдување. Веројатно мислите дека вие сте добра личност бидејќи им простувате на лошите луѓе. Во реалноста луѓето не се толку црно-бели колку што сакаме да ги направиме. Секоја грешка е поради болка, не заборавајте го тоа. Болката е она што го стимулира злото и секое лошо што ви се случило е обид на некоја личност да ја намали својата болка. Штом ќе погледнете подлабоко од надворешната школка на личноста што ви згрешила, ќе ја видите нејзината болка. Можете да научите да сочувствувате со неа, или барем да разберете зошто е таква. Дури тогаш можете вистински да простите.rn

    4. Простувањето значи прво да разберете што се случило

    rn

    Реалност: Простувањето значи да разберете дека болката ги тера луѓето да се однесуваат лошо

    rnМожеби нема секогаш да ви бидат јасни причините за туѓите постапки, но нема потреба од тоа. Можете целиот живот да го поминете во размислување и преживување на некој настан обидувајќи се да ја сложите сложувалката, но вистина е многу едноставна – болката ги тера луѓето да се однесуваат лошо. Болката ги тера да преземаат опасни ризици, да ги саботираат нивните животи, па дури и да се самоубијат. Нема потреба да разбирате за да простите. Само не заборавајте дека природата на болката е непредвидлива.rn

    5. Простувањето значи да ги ослободите луѓето од болката

    rn

    Реалност: Простувањето значи дека сте ѝ простиле на личноста за она што ви го направила – не можете да го пронајдете мирот на таа личност, само таа може да го направи тоа

    rnСигурно барем еднаш во животот некој ве има прашано дали ќе му простите. Одговорот веројатно бил „Да“ претпоставувајќи дека со тоа сè ќе биде подобро… сè додека ситуацијата не се повтори одново и одново.rnrnНавистина е тешко да си простите самите бидејќи често сме учени дека сме грешници, не сме доволно паметни, треба да бидеме поубави, попопуларни… Вие најчесто ја барате вашата вредност и прошка надвор од вас во форма на пријатели, авторитет или некое божество. Поради ова не е ни чудно што другите, па дури и вие, постојано барате прошка. Вистината е дека никој од нас не е светец и ако простите некому не значи дека ќе го направите неговиот живот подобар. Таа личност може да го подобри својот живот само ако научи да си прости самата. Истото важи и за вас.rnrnДознајте и како да простите некому кога тоа ви изгледа невозможно.

  • Полицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој ден

    Полицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој ден

    Да бидете полицаец може да биде една од најтешките професии. Ќе бидете постојано соочени со опасност и воопшто нема да ви биде лесно. Еден полицаец од Северна Каролина одлучил да сподели неколку искуства од неговото работно место. Полицаецот Крис се изненадил од вниманието што го привлекол со неговите приказни. Иако овие искуства се далеку од смешни, Крис се опишува како полицаец кој сака крофни и докажува дека и покрај сè, се обидува да остане позитивен.rn

    1. Сообраќајка

    rnПолицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој денrn

    „Во мојата 10-годишна кариера сум се соочил со многу сообраќајки. Повеќето се навистина мали и нема повредени. Но понекогаш без разлика на брзината, врзувањето со појас или што било друго, несреќите се фатални. Најлошата вклучуваше двајца пешаци – мајка и нејзината 5 или 6-годишна ќерка. Возачот возеше правилно и не ја надминуваше дозволената брзина. За жал жената беше пијана и во 10 или 11 часот навечер решила да ја земе и ќерка ѝ до бензинската. Бидејќи била премногу пијана почнала да го минува патот со ќерка ѝ без воопшто да внимава на сообраќајот. Мајката имаше само скршена нога, но малото девојче беше убиено. Среќен сум што не бев првиот на местото на настанот. Двајца колеги мораа да си заминат порано дома тој ден бидејќи беа навистина вознемирени. Никогаш нема да го заборавам настанот. Мислам дека никогаш не сум видел толку плачење на јавно место.“

    rn

    2. Место на злосторството

    rnПолицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој денrn

    „Во местото каде што работам, мнозинството од убиствата се од банди и се поврзани со дрога. Филмовите и сериите што ги покажуваат емотивните полицајци на местото на злосторството се лага. Сум сведочел на дузина убиства и не забележав ниту еден расплакан полицаец. Иако е сурово, ова е вистина најмногу бидејќи овие луѓе се жртви на нивните избори. Ова не значи дека сме плитки. Едноставно не можеме да покажеме емоции кон некој што бил член на банда и повредувал други. Справувањето со местото на злосторството е навистина тешко. Семејството и пријателите често сакаат да ја видат жртвата. Се обидуваме да покажеме сочувство кон овие луѓе, но понекогаш мораме да бидеме груби и да се закануваме со апсење ако ја преминат линијата. Не нè сакаат поради ова, но на овој начин ги штитиме доказите за успешно да го фатиме виновникот.“

    rn

    3. Возење под дејство на алкохол

    rnПолицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој денrn

    „Омиленото апсење за возење под дејство на алкохол започна кога еден загрижен граѓанин се јави за возило кое се движело по целиот автопат. Успеав да го стигнам и да го застанам. Возеше жена и пресилно мирисаше на пиво. Ја изнесов од автомобилот и веднаш почна да уринира на себе без воопшто да забележи. Ја прашав дали пиела нешто вечерва, и ми одговори не. Направивме неколку тестови како стоење на една нога, право одење и свртување. Кога ѝ рековме да застане на една нога, сфатиме дека ќе падне и пробавме да ја сопреме, но беше предоцна. Кога ја однесовме во станицата продолжи да уринира на себе толку многу што целосно си ги накисна панталоните и чевлите. Дури оставаше и отпечатоци на подот.“

    rn

    4. Предозирање со хероин

    rnПолицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој денrn

    „Предозирањето со хероин е огромен проблем. Мислам дека сме имале око 300 предозирања, од кои 40-60 беа фатални. Нарканот е одлична алатка, но и дел од проблемот. Корисниците не внимаваат на дозата што ја земаат бидејќи знаат дека ќе бидат спасени со Наркан. Уште полошо е што потоа одбиваат да одат во болница бидејќи откако ќе помине дејството на Нарканот, уште го чувствуваат хероинот. Не знам кое е решението, но веќе одамна немам сочувство кон зависниците кои имаат ресурси и алатки што ќе им помогнат да се излечат, а не ги користат. Имаше едно момче кое се предозираше речиси секој ден, цели 2 недели пред да умре. Имаше и бремена жена која се предозира и потоа се налути кога ѝ рековме дека можеби ќе ѝ го земат нероденото дете. Се чувствувам лошо за членовите на нивното семејство, но не и за зависниците.“

    rn

    5. Кршење врата

    rnПолицаец споделува 5 приказни кои покажуваат низ што минуваат овие луѓе секој денrn

    „Изненадувачки е бројот на луѓе кои тврдат дека си ги знаат правата, кога всушност не ги знаат. Луѓето мислат дека додека се уапсени можат да си одат. Тие мислат и дека не можеме да влеземе во нивниот дом без налог. Еднаш еден колега одговори на повик за тепачка. Слушнал дека се случувало нешто внатре, тропнал, го најавил неговото присуство и тропнал уште еднаш. Бидејќи не добил одговор, ја скршил вратата и со уште еден полицаец начекале двајца браќа кои се тепале. И двајцата беа уапсени и бидејќи се семејство, тоа е домашно насилство, па не можеа да си заминат додека не се сретнат со судија наредниот ден. За среќа на семејството му беше јасно зошто ја скршивме вратата, па дури беа и благодарни бидејќи сме спречиле потенцијална несреќа.“

  • Неверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошоп

    Неверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошоп

    Овие фотографии не се резултат на магијата на алатките за уредување фотографии. Фотографите од оваа колекција биле доволно среќни да го фатат совршениот момент во вистинско време. Уживајте.rn

    Главата на кучето изгледа како да лебди

    rnНеверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошопrn

    Гуштер заробен во смола пред 54 милиони години

    rnНеверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошопrn

    „Направив фотографија од ќерка ми низ тунел и изгледа како лоша Фотошоп обработка“

    rnНеверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошопrn

    „Виножито рефлектирано од мојот аквариум“

    rnНеверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошопrn

    Снежна бура и возило зад стара црква

    rnНеверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошопrn

    Јаболкото „Розов бисер“

    rnНеверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со Фотошопrn

    Поради мрежата против комарци и дождот фотографијата изгледа како слика

    rnНеверојатни фотографии кои изгледаат како да се направени со ФотошопrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинството

    22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинството

    Секој зборува за тоа колку е посебно мајчинството и дека врската која ја имате со вашето дете е незаменлива. Секоја мајка ќе ви каже дека мајчинството е магично патување кое навистина предизвикува задоволство, но не секогаш е совршено. Мајчинството може да ве натера да заборавите како изгледа да бидете наспани. Мајчинството значи дека немате приватност и не можете ни да се истуширате како што треба. Мајчинството ќе ве научи како да работите сè со едната рака додека вашето дете е во другата. Мајчинството е доење каде било и кога било. Мајчинството не ви дозволува да земете слободни денови бидејќи тоа е постојана работа без плата. Една жена одлучила да направи серија фотографии со кои ја доловува реалноста на мајчинството…rn

    1. Мајчинството не ви дозволува самите да одите во тоалет

    rn22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинствотоrn

    2. Кога децата одат на спиење

    rn22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинствотоrn

    3. Мајчинството ве прави забавувач на вашите деца

    rn22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинствотоrn

    4. Мајчинството не ви дозволува да одите во шопинг на мир

    rn22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинствотоrn

    5. Спиењето никогаш не трае долго, тие ќе успеат да ве најдат

    rn22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинствотоrn

    6. Мајчинството е доење каде било, кога било

    rn22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинствотоrn

    7. Мајчинството не ви дозволува да спиете

    rn22 искрени фотографии кои покажуваат како изгледа мајчинствотоrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 причини зошто уште веднаш да почнете да работите за вашиот живот од соништата

    5 причини зошто уште веднаш да почнете да работите за вашиот живот од соништата

    Многумина од нас наоѓаат разни изговори за да не го прават она што навистина го сакаат. Премногу е тешко, изгледа невозможно… Но, ако знаете што сакате да правите во животот, а не го правите сега, што навистина правите со вашиот живот?rnrn5 причини зошто да почнете да работите кон вашиот живот од соништатаrnrnНема смисла да работите нешто што го мразите. Ако можете да заработите доволно работејќи ја работата од соништата, зошто да не го направите тоа? Или зошто барем да не се обидете да го направите тоа? Погледнете ги 5-те причини зошто треба уште веднаш да почнете да работите за животот од соништа.rn

    1. Ќе ви биде криво ако не го направите тоа

    rnКога ќе остарите и ќе погледнете наназад кон вашиот живот, ќе бидете ли среќни? Се разбира успешно сте се издржувале, но дали навистина сте живееле? Ако не можете да дадете позитивен одговор, време е да размислите. Фокусирајте се на живот за кој нема да зажалите. Ако тоа значи да ги следите вашите соништа, направете го тоа. Ако веќе се чувствувате така, време е да преземете нешто. Почнете да работите за вашиот живот од соништата. Направете го реалност за да не ви биде криво во иднина.rn

    2. Ќе бидете многу посреќни

    rnДури и да заработувате помалку, што не мора секогаш да биде така, ќе правите нешто што го сакате. Ќе го нема негативниот ефект како работата што ја мразите и што ви го расипува расположението. Квалитетот на вашиот живот ќе се подобри само поради тоа што ќе бидете посреќни. Нивото на стрес ќе се намали и ќе наоѓате радост секој ден. Работењето на нешто што го мразите не само што ќе ви наштети вам, туку ќе има лошо влијание и на вашите врски и на семејството. Дозволете си да бидете среќни.rn

    3. Заслужувате да го живеете вашиот сон

    rnЗошто да не бидете среќни? Ако има нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, направете го! Сè додека вашиот сон е добар за вас и не повредува никого, зошто да не го направите реалност? Заслужувате да бидете среќни како и секој друг. Па, почнете да работите на тоа уште денес.rn

    4. Вашиот живот ќе има поголемо значење

    rnШто е најдоброто нешто во вашиот живот сега? Кое е најзначајното нешто? Зарем нема да биде добро да ја проширите таа листа? Работете кон вашиот сон и вашиот живот ќе има поголемо значење. Ќе се чувствувате како да имате поголема цел. Ќе се будите со подобро расположение, пред спиење ќе се чувствувате исполнето и ќе мислите дека добивате повеќе од животот.rn

    5. Никогаш не знаете што може да се случи

    rnМожеби вашиот сон нема да ве одведе никаде и ќе можете да се вратите на стариот живот. Но, може вашиот сон ќе ви донесе голем успех. Никогаш не знаете каде ќе завршите ако ги следите вашите соништа. Но каде и да е тоа, подобро е да го пробате наместо само да сонувате.rn

    Нешта кои треба да ги запомните кога ќе работите за остварување на вашите соништата

    rn

    Ќе биде многу тешко

    rnВо зависност од вашиот сон, ќе треба да работите многу напорно. Никој нема да ви ја подари крајната цел. Тоа е нешто што самите треба да го заработите. Луѓето кои го живеат својот сон многу често почнале од дното. Не заборавајте дека зад среќниот живот се крие напорна работа.rn

    Некогаш ќе ви изгледа недостижно

    rnНекои денови ќе бидат подобри од другите. Еден ден ќе се чувствувате одлично, како веќе да сте ја достигнале целта, а наредниот ден може да се чувствувате изгубено. Тоа е нормално. Ништо не е постојано лесно. Но кога ќе стигнете на врвот, погледот е неверојатен.rn

    Откажувањето не е опција

    rnМногу луѓе се откажуваат. Пробуваат за кратко, сфаќаат дека е тешко и се откажуваат. Ако сакате да го живеете животот од соништата, не ни помислувајте на откажување. Само движете се напред. Остварувањето на вашите соништа нема да се случи преку ноќ. Потребни се труд и време за да стигнете таму. Но работењето кон вашиот живот од соништата, дури и додека сè уште се фокусирате на работата што ја мразите, ќе го направи вашиот живот многу подобар.rnrnПогледнете ги и овие трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.

  • 25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

    25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат

    Постојат вистини кои многумина не сакаат да ги слушнат. Понекогаш тие се поврзани со сериозни нешта, а понекогаш се дури и смешни. Како и да е, вистината може да биде навистина тешка за слушање. Не затоа што не сакаме да ја знаеме, туку затоа што може да биде непријатна. Погледнете ги 25-те вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнат.rnrn25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнатrnrn1. Вие сте негативецот во нечија приказна. Без разлика колку мислите дека сте добри, секогаш постои барем една личност која нема убаво мислење за вас.rnrn2. Не сте посебни. Дури и да сте едни во милион, сè уште има барем 7.000 други луѓе кои се потполно исти како вас.rnrn3. Некои од најдобрите сеќавања што ги имате од детството најверојатно се лажни. Мозокот едноставно сака да си измислува работи.rnrn4. Луѓето не го добиваат она што го заслужуваат бидејќи животот не е фер. Покрај тоа, ако би бил фер повеќето од нас не би добивале ништо добро.rnrn5. Вие сте незначајни за остатокот од светот како што вам ви се незначајни странците кои секојдневно ги поминувате на улицата.rnrn25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнатrnrn6. Еден ден ќе бидете целосно заборавени од сите на Земјата.rnrn7. Научниците се речиси убедени дека тираносаурусот рекс не рикал.rnrn8. Мали бубачки ја јадат кожата на вашето лице додека спиете.rnrn9. Изгледот е важен во секојдневниот живот. Истражувањата покажале дека атрактивните луѓе имаат повеќе можности и подобро се третирани.rnrn10. Повеќето од најубавите нешта кои се кажани за една личност се за време на нејзиниот погреб.rnrn25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнатrnrn11. Вие сте виновни. Можеби не за сè, но за поголемиот дел од работите да. Можеби е непријатно да го прифатите ова, но тоа е прв чекор кон сфаќањето дека можете да контролирате барем дел од животот и да го направите подобар.rnrn12. „Ми се допаѓаш само како пријател.“rnrn13. Повеќето работи во животот не можат да бидат решени со едноставни решенија. Многу често и двете страни грешат, или пак и двете страни се во право.rnrn14. Шеќерот е дрога.rnrn15. Некои луѓе навистина немаат предност поради нивното потекло. Ако пораснете во лошо соседство без пари и го прескокнувате училиштето поради семејни проблеми, без разлика колку се обидувате, секогаш ќе бидете малку поназад од останатите. Многу е полесно да успеете ако доаѓате од добро и безбедно семејство, со добро училиште и доволно пари за најосновните работи.rnrn25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнатrnrn16. Во главно, луѓето сакаат да напредувате и да бидете успешни, но не повеќе од нив.rnrn17. Вашиот измет се разнесува насекаде во просторијата кога пуштате вода без да го спуштите капакот на тоалетната школка.rnrn18. Секој си ги чепка носот, дури и личноста што ви се допаѓа.rnrn19. Во некој момент од животот, вашите родители сигурно посакале да немале деца.rnrn20. Во 21-от век, повеќе луѓе ќе умрат од прејадување наместо од глад.rnrn25 вистини кои повеќето од нас не сакаат да ги слушнатrnrn21. Пушачите го чинат здравствениот систем помалку пари бидејќи умираат помлади.rnrn22. Личноста што има најголеми шанси да ве убие сте самите вие.rnrn23. Имате 4 пати поголеми шанси да се удавите во кадата отколку да бидете убиени од терорист.rnrn24. Поради популарноста на онлајн запознавањето, голем број луѓе прв пат го виделе својот сопружник додека биле во тоалет.rnrn25. Нашите електронски направи, облека и храна во најголем дел се резултат на човечки робови, многу ниски плати и ужасни услови за работа.rnrnПрочитајте ги и овие болни вистини за животот кои мора да ги знаете.