КАФЕ ПАУЗА

Tag: развод

  • Дали знаевте дека во минатото жените се разведувале поради недостиг на кафе?

    Дали знаевте дека во минатото жените се разведувале поради недостиг на кафе?

    Дали сте зависни од кафето? Дали можете да го замислите вашиот живот без овој напиток? Доколку би биле лишени од вашиот омилен пијалак дали би побарале развод?rnrnДали знаевте дека во минатото жените се разведувале поради недостаток на кафе?rnrnВо минатото во Турција доколку мажот не можел да ѝ обезбеди доволно кафе на својата сопруга, таа имала легална основа за да побара развод.

  • 5 филмови за развод што ќе ве научат на важни лекции за љубовта и за животот

    5 филмови за развод што ќе ве научат на важни лекции за љубовта и за животот

    Има нешто посебно во филмовите за нови почетоци. Без разлика дали станува збор за крај на долга врска, губење на работата, преселување или развод, справувањето и почнувањето од нула секогаш ни дава надеж за подобро утре. Кога станува збор за развод, новиот почеток е најчесто тежок, а луѓето кои треба да создадат нов и независен живот, честопати стануваат херои и примери од кои можеме да научиме многу. Ако сакате да гледате љубовни филмови од кои можете да ги научите најважните работи за љубовта, семејството, трпеливоста и упорноста, овие 5 филмови за развод ќе ви помогнат да го сторите тоа.rn

    „Брачна приказна“ („Marriage Story“)

    rnhttps://youtu.be/BHi-a1n8t7MrnrnНоа Баумбах, чиј потпис стои зад филмот „Брачна приказна“, е еден од најголемите уметници кога станува збор за прикажување на секојдневниот живот, на малите нешта од животот и на сите оние големи работи што луѓето ги носат во себе. Еден таков филм е „Брачна приказна“, во кој е прикажан млад брачен пар и семејство што се обидува да остане заедно по разводот. Тоа е исклучително тешка задача и се отежнува со фактот што таткото (Адам Драјвер) сè уште има чувства кон мајката (Скарлет Јохансон), која се обидува да создаде нов живот. Овој филм ќе ве научи на многу работи и ќе ви покаже дека понекогаш е подобро да не ја продолжувате приказна на која ѝ дошол крајот.rn

    „5 × 2“

    rnhttps://youtu.be/FlzoWffBAYornrnОвој француски филм ретроспективно ги прикажува сите фази на една брачна двојка која е во процес на развод. Ерупцијата на емоции спакувана во прекрасни сцени и генијалната музика ќе ви донесат сосема поинакво искуство и поинаков поглед на љубовната врска на која ѝ дошол крајот. Иако е малку мрачен, филмот содржи романтични и мелодични сцени кои долго ќе ги паметите.rn

    „Луда, глупава, љубов“ („Crazy, Stupid, Love“)

    rnhttps://youtu.be/8iCwtxJejikrnrnКал доживува незгоден удар од реалноста и од животот кога неговата долгогодишна партнерка ќе побара развод. Целосно изгубен, во нов стан што го презира и нова реалност на која не сака да се навикне, тој се сретнува со женкарот Џејкоб кој му кажува трикови како да го совлада сингл животот. Кога Џејкоб случајно ја запознава Хана, ќерката на Кал, во која се заљубува на прв поглед, оваа приказна за разводот добива интересен тек. Оваа романтична и слатка приказна ќе ве забавува и ќе ви одржи важни животни лекции.rn

    „Медузата и китот“ („The Squid and the Whale“)

    rnhttps://youtu.be/zaZhnD69vl0rnrnУште едно прекрасно дело на генијалниот Баумбах ќе ве однесе низ приказната за семејство кое се обидува да се извлече од сите грди работи што ги носи разводот. Борбата на ова семејство не е прикажана само низ очите на родителите, туку и низ очите на две момчиња кои се лошо и болно погодени од разводот. Ако обожавате животни драми кои на моменти имаат горчлив вкус, овој филм е вистинскиот за вас.rn

    „Доволно кажано“ („Enough Said“)

    rnhttps://youtu.be/R09EnVNGniornrn„Доволно кажано“ е слатка приказна за Ева и Алберт кои започнуваат романтична врска откако се развеле од сопружниците. Иако на почетокот се двоуми и не сака да ја прифати поканата на Алберт за состанок, Ева брзо сфаќа дека тие двајца едноставно се преклопуваат и се разбираат. Кога ќе сфати дека Алберт е поранешен сопруг на една од нејзините клиентки, љубовната приказна на Ева станува комплицирана. Ако барате прекрасна љубовна приказна што ќе ве забавува и ќе ве расположи, сигурно ќе уживате во овој филм.rnrnПогледнете ги овие 5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат.

  • 3 причини зошто оженетиот маж никогаш нема да ја остави својата сопруга поради вас

    3 причини зошто оженетиот маж никогаш нема да ја остави својата сопруга поради вас

    Ако сте жена која има афера со оженет маж, време е да се соочите со реалноста: тој никогаш нема да ја остави својата сопругата поради вас. Во продолжение прочитајте зошто не треба да си го губите времето со оженет маж.rnrn3 причини зошто оженетиот маж никогаш нема да ја остави својата сопруга поради васrn

    1. Тој веќе има сè што му треба

    rnЗошто би ги оставил сопругата и децата?rnrnТој поминува прекрасно време со вас без никакви обврски или одговорност, а потоа си оди дома и игра со своите деца. Тоа е идеална ситуација за еден маж.rnrnИма сопругата што му готви, што чисти по него и што се грижи за неговите деца, а има и љубовница што се грижи за него и за другите негови потреби.rnrnТој има две девојки што прават сè за него и ужива во тоа.rn

    2. Разведувањето е премногу болно и скапо

    rnРазмислете за последиците од разводот – измачување со адвокатите, расправии, вознемиреност на децата, финансиски товар и низа други проблеми предизвикани од разводот.rnrnЗошто би се ставил себеси и своето семејство во таква ситуација ако не мора? Изгледате среќно и задоволно кога гледате дека тој може да ве вклопи во својот распоред, па зошто би ја напуштил својата сопруга?rn

    3. Ако сакал да ја остави својата сопруга, ќе ја оставел досега

    rnАко тој човек ве сака толку многу, ќе беше подготвен да ги поднесе болниот развод и вознемиреноста на децата и досега ќе го напуштеше семејството.rnrnТој не ја оставил својата сопруга затоа што не сака да ја остави.rnrnОткако ќе откриете дека тој никогаш нема да ја напушти својата сопруга, што треба да направите? Многу едноставно, поставете му ултиматум.rnrnТоа што тој го прави не е фер ни за вас, ни за неговата сопруга, ни за неговите деца. Поставете му ултиматум да избере помеѓу вас и неговата жена. Не дозволувајте да бидете само „другата жена“. „Другата жена“ никогаш нема да успее. Таа никогаш нема да го добие човекот што го сака.rnrnСè што ќе направи е да го потроши својот живот чекајќи маж кој никогаш нема да биде нејзин и ќе пропушти многу можности да најде маж кој ѝ е посветен само нејзе. Вие заслужувате маж што ќе биде само ваш.rnrnПрочитајте како да откриете дали вашиот партнер е со вас само затоа што не нашол некоја подобра.

  • 5 грешки што ги прават жените кога излегуваат со разведен маж

    5 грешки што ги прават жените кога излегуваат со разведен маж

    На почетокот на вашата врска, ќе има многу пречки што може да доведат до раскинување. Добро е да ги знаете овие совети за да знаете дали врската може да напредува. Ако мажот со кого се состанувате е подготвен за нова врска по разводот, прочитајте што треба да направите за и вие да бидете подготвени за тоа. Овие пет грешки треба да ги избегнувате кога излегувате со разведен маж.rnrn5 грешки што ги прават жените кога излегуваат со разведен мажrn

    1. Ја игнорирате неговата желба за деца

    rnТреба да бидете сигурни дека двајцата се согласувате на оваа тема.rnrnИ покрај тоа што тој можеби ќе ви рече дека сака деца, работите може да се променат. Ако партнерот веќе има деца, но сепак ви каже дека сака деца и со вас, треба да знаете дека тој може да се премисли.rnrnНаместо тоа, вие треба да размислите дали сакате деца со разведен човек, особено ако тој веќе има деца. За да го избегнете притисокот, треба да бидете сигурни дека и двајцата имате исто мислење на таа тема.rn

    2. Почнувате врска додека тој сè уште се расправа со поранешната жена

    rnАко вашиот партнер не може да ја преболи својата поранешна жена или не знае како да се справи со чувствата што ги има кон неа, ќе се чувствувате како да сте во врска со двајцата.rnrnТој ќе зборува за неа цело време, а тоа ќе предизвика голема напнатост и потоа ќе се пренесе на вашата врска, што ќе ви предизвика многу стресни ситуации.rnrnЗа да го избегнете ова, потребно е да бидете сигурни дека партнерот може да продолжи без неа, па вие двајцата да можете да се фокусирате еден на друг.rn

    3. Почнувате да живеете заедно премногу брзо

    rnПрво откријте дали овој разведен маж е вистинскиот за вас и немојте да избрзувате со вашите одлуки и постапки.rnrnАко живеете заедно уште од првиот месец, двајцата ќе треба да преземете голема одговорност. Не само што ќе треба да се навикнете да живеете со партнерот, туку и со неговите деца. Кога тој не е тука, вие ќе треба да останете со неговите деца, а тоа ќе ви предизвикува уште поголем стрес.rnrnДајте си доволно време за да се навикнете на новите улоги. Состанувањето со партнерот треба да ви биде време за забава, а не за сериозност.rn

    4. Избирате да бидете со личност со различна финансиска состојба

    rnТреба да бидете во добра финансиска состојба за да можете заедно да правите забавни работи.rnrnПартнерот ќе има многу трошоци поради децата, па ако не заработува доволно, вие ќе бидете ограничени со изборот на активности што можете да ги правите заедно во вашето слободно време. Можеби вие ќе сакате да патувате, но треба да знаете дека партнерот има и други финансиски обврски.rnrnАко мажот сака да плати нешто, а нема доволно пари, тоа ќе предизвика фрустрации кај него, но и кај вас. Ако вашите приходи се слични, можеби овој проблем нема да постои.rn

    5. Поминувате многу малку квалитетно време заедно

    rnДвајцата треба да одвоите многу време за вашата врска. Ова можеби ви звучи познато, но ќе бидете изненадени од тоа колку брзо поминува времето, особено ако тој има деца.rnrnМожеби ќе бидете во различни смени на работа, па ќе ви биде предизвик да бидете заедно. Исто така, за време на викендите тој ќе сака да ги види децата, што значи дека и тогаш нема да бидете заедно.rnrnНормално е децата да му бидат приоритет на партнерот, но тие ќе ве спречуваат да поминете квалитетно време заедно.rnrnОвие 6 прашања треба да си ги поставите за да откриете дали тој е совршениот за вас.

  • 9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долго

    9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долго

    Сите луѓе сакаат љубовта да им трае цел живот, но практиката покажува дека ваквото сценарио е многу ретко. Во Европа, во последните 50 години, луѓето се разведуваат 2,5 повеќе и стапуваат во брак 2 пати помалку во споредба со порано. Сепак, некои истражувања може да ви помогнат да предвидите дали бракот ќе заврши со развод.rn

    1. Бројот на насмевки на фотографиите од детството

    rn9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долгоrnrnПсихолозите спровеле серија тестови за да се обидат да откријат дали е можно да се предвиди развод со помош на фотографиите од детството. Во едно истражување, научниците разгледувале слики од алманах и го оцениле интензитетот на насмевките на скала од 1 до 10. Оценувањето се засновало на истегнувањето на 2 мускули: едниот ја затегнувал устата, а другиот создавал брчки околу очите.rnrnНиту еден од оние чии насмевки беа оценети со 10 не е разведен. Истовремено, секоја четврта личност што била намуртена подоцна се развела. Резултатите покажуваат дека луѓето кои се намуртени на фотографиите, се разведуваат петпати почесто од оние што се насмевнуваат.rn

    2. Емотивниот тон на гласот

    rnКомпјутерскиот алгоритам може да го предвиди успехот на бракот, со точност од 79%, користејќи го само тонот на гласовите на сопружниците додека комуницираат еден со друг. Научниците ги анализирале разговорите на повеќе од 100 парови, а потоа го следеле нивниот брачен статус цели 5 години.rnrnИнтензитетот, јачината и треперењето на гласот може да укажуваат на силни емоции. Иако мислите дека тоа не е единствената работа што е важна за успешен брак, истражувањето, сепак, потврдува дека и ова е многу важно.rn

    3. Колеги од спротивниот пол

    rn9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долгоrnrnСпоред данските истражувачи, луѓето кои работат опкружени со припадници на спротивниот пол се разведуваат за 15% повеќе. Истражувањето на оваа тема било направено во поголеми размери и биле проучувани парови што се венчале во периодот од 1981 до 2002 година во Данска. Истражувачите откриле дека 100.000 од нив се развеле.rn

    4. Однесувањето на мајката

    rnИстражувањата покажуваат дека жените се тие што почесто бараат развод. Исто така, повеќето парови го копираат однесувањето на своите родители, особено на своите мајки. Социолозите го проучувале однесувањето на 7.000 луѓе и откриле дека ако мајката започнува нови врски многу често (без разлика дали станува збор за брак или не), нејзините деца најчесто се однесуваат исто.rn

    5. Игнорирање на конфликтите

    rnИстражувачите именуваат 4 знаци што укажуваат на непосреден развод: презир, позиција на жртва, критичари и игнорирање конфликти. Овие знаци на прв поглед изгледаат безопасно, но ваквото однесување е многу опасно за бракот. Замислете како е вие да сте подготвени за страшна дебата за некое прашање што ве вознемирува веќе подолго време, а вашиот партнер одеднаш да го прекине разговорот.rnrnСопружниците мислат дека ќе можат да успеат да го зачуваат мирот во бракот на ваков начин, но тоа не е точно. Иако дебатите и кавгите не се најдобриот дел од комуникацијата, сепак тие ќе ви помогнат да ги решите проблемите. Ако едниот партнер ги игнорира ваквите ситуации, сè повеќе фрустрации ќе останат нерешени.rn

    6. Негативен став на сопругот кон пријателите на сопругата

    rn9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долгоrnrnНаучниците ја анализирале врската на 373 парови во текот на 16 години. Резултатите откриваат дека 46% од паровите се развеле по 16 години во брак, а најчесто критиките на сопругот кон пријателите на својата сопруга уште во првата година од бракот предвидувале развод во иднина.rnrnСпоред научниците, ова се должи на фактот дека односите меѓу жените и нивните пријатели, кои се карактеризираат со емоционална блискост и поддршка, траат подолго, додека машкото пријателство почесто зависи од заедничките интереси. Според тоа, на мажите им е полесно да го променат кругот на нивната комуникација, но потешко им е да ги прифатат пријателите на својата сопруга затоа што ги сметаат за нељубезни.rn

    7. Интензивни романтични чувства на младоженците

    rn9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долгоrnrnПсихологот Тед Хастон набљудувал 168 парови во период од 13 години. Според истражувањето, речиси 1/3 од младоженците што чувствувале преголема страст еден кон друг, се развеле во рок од 7 или повеќе години.rnrnОва се должи на фактот што паровите кои започнале врска со силни романтични чувства, поверојатно е да раскинат бидејќи за нив е многу тешко да го одржат интензитетот на тие чувства. Верувале или не, браковите што започнуваат со помала романса, обично траат подолго.rn

    8. Сиромаштија и невработеност

    rnСосема е очигледно дека живеењето во тешки услови не е лесно. Врските во таквите семејства прекинуваат многу почесто отколку во финансиски стабилните семејства. Реалноста е дека повеќето разведени мажи имаат ниски приходи и многу малку трошат за благосостојбата на сопругата и на своите деца.rn

    9. Тесен кревет

    rn9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долгоrnrnСопружниците треба да спијат одделно или на многу широк кревет заради своето ментално и физичко здравје, за квалитетен сон и за здраво опкружување во семејството. Научниците кои ги проучуваат проблемите со спиењето откриле дека 30-40% од паровите спијат во различни кревети. Но, тоа е навистина добро затоа што неквалитетниот сон може да доведе до развод. Затоа, ако сакате да го одржите бракот, проверете дали спиете добро.rnrnПрочитајте кои се 9-те научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш.

  • 9 научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш

    9 научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш

    Кога ќе се спомне брак, повеќето луѓе размислуваат за свадбата наместо за многуте и најчесто предизвикувачки години заеднички брачен живот. И покрај тоа што многу луѓе мислат дека нивниот брак е идеален, 40-50 % од браковите сè уште завршуваат со развод. Мора да сфатите дека добриот брак е нешто што паровите го градат заедно. Не можете едноставно да стапите во брак и да очекувате дека сè ќе функционира добро. Потребна е напорна работа, посветеност, љубов и заемна и почит за да се создаде врска што ќе трае цел живот.rnrn9 научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогашrnrnСпоред науката, овие 9 знаци покажуваат дека љубовта во вашиот брак е создадена за да трае вечно.rn

    1. Имавте екстравагантна свадбена прослава

    rnИстражувањата покажуваат дека паровите што имаат свадба со повеќе од 200 гости, имаат 12,5 пати помала веројатност да се разведат за разлика од паровите што имаат мала свадбена прослава.rnrnЗначи, ако имате голема свадбена прослава со многу гости, тоа би можело да биде знак дека вашиот брак ќе трае долго.rn

    2. Двајцата сте финансиски стабилни

    rnИстражувањата откриле дека брачните парови имаат 51 % помала веројатност да се разведат кога нивниот заеднички приход е многу висок.rnrnИако љубовта не се купува со пари, високите приходи ќе ви помогнат да избегнете многу финансиски расправии во иднина, а понекогаш тие расправии може да излезат од контрола и да завршат со развод.rn

    3. Отворени сте еден со друг

    rnОтворањето на срцето и откривањето на слабостите е многу тежок чекор, но тоа ви помага да научите повеќе еден за друг и подобро да се запознаете.rnrnАко вие и партнерот се чувствувате удобно додека разговарате отворено, тогаш тоа е уште еден знак дека вашиот брак може да трае многу долго.rn

    4. Се фокусирате на доброто наместо на лошото

    rnНегативното размислување за партнерот предизвикува да се фокусирате на неговите неуспеси и недостатоци, но не заборавајте дека никој не е совршен.rnrnКога размислувате за вашиот партнер на позитивен начин, го насочувате фокусот кон добрите особини на партнерот, а тоа ги прави работите многу полесни и поедноставни и придонесува за долготраен брак.rn

    5. Бевте заедно долго време пред да стапите во брак

    rnИстражувањата покажуваат дека паровите кои биле заедно најмалку три години пред да стапат во брак, имаат 39 % помалку шанси да се разведат.rnrnПаровите кои поминуваат повеќе време заедно пред да стапат во брак имаат можност подобро да се запознаат и да направат некои заеднички планови за во иднина.rn

    6. Бевте на меден месец

    rnИстражувањата кажуваат дека паровите кои одат на меден месец веднаш по стапувањето во брак, имаат 41 % помала веројатност да се разведат.rnrnМедениот месец му помага на партнерите да се ослободат од целиот стрес што се насобрал при планирањето на свадбата и тој претставува можност за партнерите повторно да се поврзат и да го започнат бракот со полни батерии.rn

    7. Не ви е грижа за изгледот

    rnДодека некои сметаат дека изгледот и парите се важни фактори кога бираат партнер, истражувањето покажува дека паровите кои повеќе се фокусираат на внатрешната убавина отколку на надворешниот изглед и на парите, имаат 50 % помала веројатност да се разведат.rn

    8. Меѓусебно го разбирате љубовниот јазик

    rnЗдружението за психолошка наука сугерира дека начинот на кој комуницираат паровите најчесто предвидува колку ќе бидат успешни врската или бракот.rnrnКога две личности се во врска подолго време, тие почнуваат да се приспособуваат на навиките на партерот, па дури и почнуваат да зборуваат на ист „јазик“. На овој начин, партнерите еден со друг го учат уникатниот љубовен јазик, а тоа придонесува за годините што ќе ги поминете заедно да ви бидат многу попријатно искуство.rn

    9. Се расправате без навреди

    rnРасправиите се неизоставен дел од секој брак, па порано или подоцна ќе се појават конфликти за кои ќе мора да пронајдете решение.rnrnКога расправијата во врската е праведна и двете страни се фокусираат на специфичниот конфликт наместо да врескаат и да се навредуваат меѓусебно, тоа е знак за здрав брак што ќе трае долго.rnrnПогледнете кои 6 знаци откриваат дека тој е вистинскиот за вас.

  • Според една студија на Харвард, силата на бракот зависи од работниот статус на сопругот

    Според една студија на Харвард, силата на бракот зависи од работниот статус на сопругот

    Во последниве неколку години глобалната стапка на разводи е зголемена за 251,8%. На пример, просечна жена од Малдиви – земјата со најголема стапка на разводи – минува низ 3 разводи пред да наполни 30 години. Статистиката е запрепастувачка, а „виновникот“ се труди да го идентификува едно истражување од Харвард.rnrnСпоред една студија на Харвард, силата на бракот зависи од работниот статус на сопруготrn

    Истражувачите проучувале опсег на информации кој опфаќа 45 години и еве што откриле:

    rnИстражувањето е спроведено од еден професор на Харвард, со користење на податоци од над 6.300 парови кои датираат уште од 1970-тите години, па наваму. По анализата на податоците, откриено е дека иако паровите се расправаат и се разведуваат поради повеќе причини, стапката на веројатност да се разведат се зголемува за 30% кога мажот е невработен.rn

    Мажите кои работат со скратено работно време или воопшто немаат работа, исто така, најверојатно ќе се разведат

    rnИ, тука не завршува сè. Домаќинствата во кои мажите работат со скратено работно време, има ризик да се распаднат, исто така. Елаборирајќи понатаму, студијата додава дека дури и кога мажите работат нископлатени работни места или остануваат невработени против нивна волја и тоа доведува до тензија во нивните бракови.rn

    Од друга страна, невработеноста на жените не доведува до развод

    rnПовеќето жени денес се зафатени со совршено балансирање меѓу работата и домашните обврски, но според истражувањето, работниот статус на жената нема никаков ефект врз веројатноста за развод. Податоците собрани од паровите не покажале позитивен или негативен ефект на финансискиот статус на жената врз разводот.rn

    Истражувањето, сепак, изостава многу други фактори

    rnНема сомнеж дека секој пар е различен и наодите од истражувањето може да не важат за сите. Покрај тоа, треба да се забележи дека студијата ги немала предвид истополовите парови или мажи кои своеволно одбрале да се грижат за своите семејства додека нивните сопруги работат. Во него се спомнува дека зголемената економска независност на жените може да биде причина за развод, но сè уште не постои валиден доказ за да се поддржи ова тврдење.rn

    Работата е исто толку важна и за самците кои се обидуваат да најдат партнер

    rnСпоред истражувањето, да се биде финансиски независен се смета за привлечно, додека лицата со многу долгови се сметаат за помалку пожелни. На мажите и на жените им биле презентирани портрети од луѓе од спротивен пол и биле замолувани да ги оценат. Потоа, им бил откриен нивниот работен статус и било забележано дека оценките биле пониски и за двата пола кои не биле финансиски стабилни. Сепак, промената била помала кај жените. За мажите, од друга страна, оценките драстично се намалиле. 75% од жените откриле дека нема да се омажат за маж кој се „дави“ во долгови.rnrnМожеби сакате да дознаете и дека луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите.

  • 8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопруги

    8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопруги

    Преку едно истражување во Америка било откриено дека 2,2% од луѓето во брак признале дека имаат повеќе од еден партнер во текот на една година. Во принцип, според истражувачите, меѓу 15-25% од Американците кои се во брак имаат афери, а анкетарите откриле и дека поголема е веројатноста да изневерат мажите отколку жените. Се поставува прашањето зошто сопрузите што изневеруваат не сакаат да се разведат?rnrn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЕве ги осумте причини зошто мажите што изневеруваат сепак остануваат во брак:rn

    1. Домот сè уште е најдоброто место каде што тој сака да биде

    rnrnrnТој ве познава отсекогаш, готвите за него и се грижите за децата. Овој тип на маж се чувствува удобно во својот дом, но има афера затоа што сака да проба нешто ново, не мора причината да биде затоа што сака да го промени својот живот. Домот за сопругот како него е замок.rnrnТој не се ни прашува дали треба да си замине. Можеби е тоа така затоа што му се чини дека е тешко да управува со домаќинството без неговата сопруга. Можеби веќе нема љубов или страст во бракот, но има пријателство и почит. Тој само сака да остане во „зоната на удобност“ затоа што таму може да се одмори.rn

    2. Нему му треба само пауза

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnМногу од овие мажи имаат добри односи со сопругата. Тие се дел од добро семејно опкружување и двајцата партнери имаат должности, но изневерувачите во овој случај не бараат поништување на бракот туку мала „пауза“ од него.rn

    3. Мисли дека така ќе ја пронајде смислата на својот живот, но не успева во тоа

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnИма една приказна што се повторува. Таа е за сопругот кој ја изневерил својата сопруга. Да, тоа било катастрофално. Жената си ги преиспитала чувства и по некое време започна да се прашува зошто тоа се случило. Тој не сакал да го напушти семејството.rnrnОдговорот бил едноставен. Тој не го сторил тоа затоа што му било лошо со жена му или затоа што има ужасна сопруга. Тој го сторил тоа затоа што бил незадоволен од себе.rnrnНекои луѓе мислат дека ако изневерат, нешто ќе се промени и тие ќе станат посреќни, но тоа не се случува. Тие ги сакаат своите жени, но сепак, изневеруваат кога ќе наидат на проблеми.rn

    4. Тој всушност ја сака жена си

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЕдна жена ја споделила нејзината приказна за состанувањето со женет маж. Тој бил господин и семеен човек и никогаш не ја напуштил сопругата. Многумина од нас можеби прашуваат зошто тој се однесувал на овој начин.rnrnДруг маж сигурно може да одговори на ова прашање. Тој бил во среќен брак повеќе од 20 години и имал деца. И да, тој многу ја сакал својата сопруга, но ја изневерувал повеќе од 15 години затоа што изневерувањето претставувало само фетиш за него. Тој, сепак, чувствувал вина поради таквите негови постапки.rn

    5. Нема храброст да се ожени со друга жена

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnТој можеби живее со својата сопруга веќе 10 години и е совршен сопруг и татко, но одеднаш ја среќава неговата „сродна душа“. Психотерапевтот Даглас Ла Биер ја нарекува оваа афера „ум-тело“. Ова ново чувство може да биде многу моќно и да ве обземе од глава до пети, според него. Понекогаш во вакви случаи, некои мажи претпочитаат да се разведат и повторно да стапат во брак, но други сè уште чувствуваат огромна поврзаност со сопругата.rn

    6. Тој чувствува дека многу нешта го врзуваат за домот, како децата или хипотеката

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnМожеби веќе нема љубов меѓу сопружниците, но одговорностите сè уште постојат и може да бидат многу силна причина за останување во брак.rn

    7. Не сака да поминува низ „пеколот“ наречен развод

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЗборот „развод“ предизвикува милиони лоши чувства и асоцијации. Вклучува адвокати, меѓусебна борба, поделба на имот и преговарање за времето поминато со децата.rnrnНекои мажи можеби претпочитаат да остават сè како што е, само за да не мора да поминат низ солзите, лутината и викањето што доаѓа со ова искуство. Дури и ако веќе немаат здрава врска, за овие мажи, едноставно е полесно да си најдат „забава“.rnrnПокрај тоа, тој не сака да им предизвикува стрес на своите деца и жена му.rn

    8. Сфатил дека не требало да има афера

    rn8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопругиrnrnЕден маж признал дека ја изневерил сопругата со нејзина блиска пријателка. Сфатил дека направил ужасна грешка и сега жали за тоа, па сака да знае што да прави и дали треба да ѝ каже на сопругата за неверството.rnrnСе разбира, има многу поделени мислења за тоа дали треба да признае или не, но дури и ако сопругата дознае за тоа, тој не сака да се раздели со неа затоа што сè уште ја сака.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 5-те лекции што можат да се научат само од неверството.

  • Новиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) го подели Интернетот

    Новиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) го подели Интернетот

    „Marriage Story“ беше пуштен на Нетфликс минатата недела и многу љубители на филмот го погледнаа во текот на викендот. Драмата која зборува за развод е номинирана за 6 „Златни глобуси“ и е пред „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Ирецот“ кои се со по пет номинации.rnrnНовиот филм на Нетфликс „Marriage Story“ (Брачна приказна) го подели ИнтернетотrnrnФилмот е длабоко личен проект на Ноа Бомбах и го прикажува разводот помеѓу успешен режисер и неговата сопруга, актерка. И покрај тоа што не е целосно автобиографски, Бобах изјавил дека се базира на неговите сопствени искуства со Џенифер Џејсон Ли:rn

    „Јас имам вистинска поврзаност со материјалот… Исто така, поминав и еден период од мојот живот кога многу од моите пријатели се разведуваа. Тоа го согледав како можност да направам нешто поголемо и заради тоа направив многу истражувања. Разговарав и со многу мои пријатели, и пријатели на пријателите, а и со адвокати, судии, медијатори.“

    rnЕден од најинтересните елементи во филмот е тоа што двојката не се презира еден со друг, но работите тргнуваат лошо во истата секунда кога ќе се појават адвокатите (брилијантно одиграни од Алан Алда, Лора Дерн и Реј Лиота).rnrnСкарлет Јохансон и Адам Драјвер имаат исклучителни улоги кои се „срцето на филмот“, а длабоките размислувања во него потсетуваат на филмските класици „Крамер против Крамер“ и „Сопрузи и сопруги“.rnrnДодека „Приказните за Мејоровиц“ (Meyerowitz Stories), претходното дело на Бoмбах, не помина најдобро и беше епизодно по природа, „Брачна приказна“ е филм што ласерски се фокусира во својот пристап. Ова е една приказна раскажана од почеток до крај. На моменти е очајна, но се чувствува и надеж на крајот. Филмот го прикажува одблизу она со што се соочил Бомбах преку разводот. Сепак, филмот „ Брачна приказна“ им е веројатно блиска и на оние со какво било искуство во љубовните врски.rnrnrnrnКритиките за филмот веќе се раширени на Интернет под хаштагот #MarriageStory. Мислењата за него се поделени.rnrnМожеби сакате да прочитате и за најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“.

  • Вработените во овие професии најчесто се разведуваат

    Вработените во овие професии најчесто се разведуваат

    Статистичарот Нејтан Јеј го истражувал процентот на разводите помеѓу професиите за да ја открие потенцијалната поврзаност помеѓу професијата и брачната состојба. Неговите резултати изненадиле многумина. Јеј работел со податоци од вработени кои живеат во САД. Според неговото истражување, вработените во овие професии најчесто се разведуваат.rnrnВработените во овие професии најчесто се разведуваатrn

    Професии со најчести разводи

    rn1. Менаџери на обложувалницаrnrn2. Келнери/шанкериrnrn3. Членови на авионски екипажrnrn4. Вработени во обложувалнициrnrn5. Оператори на машини во железарницаrnrn6. Телефонски операториrnrn7. Оператори на машини во прехранбена индустријаrnrn8. Вработени во телепродажбаrnrn9. Вработени во текстилна индустријаrnrn10. Оператори на пресиrnrnОд друга страна пак, податоците на Јеј покажале и кои професии најретко се поврзуваат со развод.rn

    Професии со најретки разводи

    rn1. Проценители на штетаrnrn2. Физичариrnrn3. Научници во областа на медицинатаrnrn4. Свештенициrnrn5. Програмериrnrn6. Физиотерапевтиrnrn7. Оптичариrnrn8. Хемиски инженериrnrn9. Директори на верски и образовни установиrnrn10. Лекари и хирурзиrnrnСледно, прочитајте за 10-те професии во кои психопатите се најдобри.