КАФЕ ПАУЗА

Tag: развод

  • 7 знаци дека би требало да размислите за развод

    7 знаци дека би требало да размислите за развод

    Ако одлучите да поднесете барање за развод, ќе отворите простор за низа нови проблеми – од составување на договор за старателство до договарање околу тоа кој ќе остане во заедничкиот дом, а кој ќе бара друго место за живеење. Затоа, клучно е да бидете реални и да знаете дека тргнувате по тој пат затоа што едноставно немало излез.rnrn7 знаци дека би требало да размислите за разводrnrnСе надеваме дека овие знаци ќе ви помогнат подобро да размислите дали е време за развод или сепак, сѐ уште има надеж да се свртат работите на подобро.rn

    1. Не се расправате, но слабо комуницирате

    rnАко порано постојано сте се карале, преминувањето во фаза во која воопшто не комуницирате еден со друг може да се доживее како извесно олеснување, но исто така може да значи дека и двајцата сте се откажале од меѓусебното разбирање. Главниот знак за узбуна е кога вашиот партнер не сака да разговара за вашите проблеми или не ја прифаќа вашата идеја за посета на стручно лице за заедничко работење на вашите недоразбирања.rn

    2. Се чувствувате рамнодушно

    rnДолгото чувство на рамнодушност кон сопружникот е главен знак дека во вашиот брак нешто не е како што треба. Кога ќе престанете да се грижите што другата личност во бракот мисли или чувствува, веќе сте ја изгубиле способноста меѓусебно да се слушате и да се поврзете – нешто што нема лесно да се поправи.rn

    3. Огорчени сте заради вашиот однос

    rnАко во начинот на којшто го гледате партнерот почнале да надвладуваат негативните мисли, нештата може да водат кон развод. Наместо да чувствувате наклонетост, се чувствувате огорчено и се сожалувате самите себеси заради лошата врска. Тоа автоматски се поврзува со фактот дека повеќе не сакате да разговарате за проблемите бидејќи веројатно сте претерано лути, огорчени или уште полошо – рамнодушни.rnrn7 знаци дека би требало да размислите за разводrn

    4. Не постои физичка интимност

    rnНе е тајна дека сексот се менува по влегувањето во брак. Ако не сте научиле како да го одржувате својот сексуален живот, отворате рана во врската која може да придонесе за неверство. Ако сакате да се разведете заради недостаток на секс во бракот, секогаш можете да побарате советување за да дознаете што е причината за оваа појава. Но, ако сте дојдени до точка кога вашиот партнер веќе не ве ни привлекува, голема е веројатноста дека разводот би бил следниот логичен чекор.rn

    5. Веќе нема ни емотивна интимност

    rnЧувството дека сте блиски со вашиот долгогодишен партнер е дури и поважно од физичкиот аспект на врската. Недостатокот од емотивна интимност е подеднакво голем проблем како и недостатокот од секс. Ако се чувствувате како да не можете да се поврзете со вашиот партнер на подлабоко ниво или пак едноставно не сакате – тоа значи дека веќе сте изгубиле важен дел од бракот.rn

    6. Вие сте само родители, а не и партнери

    rnАко сте се фокусирале само на создавање семејство и одгледување деца, а вашиот меѓусебен однос сте го заборавиле негде во процесот, може да дојдете до сознанието дека тој е сосема изгубен. Вашата врска како сопружници е од витално значење. Таа е темел врз кој се гради семејството. Ако толку многу сте се внеле во улогата на родители што сте заборавиле на вашата улога на партнер во бракот, интензивното чувство на фрустрираност и занемареност може да надвладее и да сигнализира потреба од крај.rn

    7. Не можете да избегнете драма

    rnЛуѓето кои имаат израснато во домаќинства каде што родителите создавале многу драми, веројатно ќе бидат склони кон истото кога ќе се раздрмолат нештата во нивниот брак. Карање, ладна тишина, заминување и враќање – вакви драми никогаш не се потребни. Ако не знаете како да седнете и да разговарате за проблемите и за нивното решавање како возрасни личности, драмите ќе го уништат вашиот однос и можат да доведат до развод.rnrnВи треба повеќе размислување на оваа тема? Прочитајте и за овие 3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и начинот на кој би можеле да ги смените.

  • 6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развеле

    6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развеле

    Клучот за среќна и успешна врска, помеѓу другото, е блискоста, но и добриот сексуален живот. Кога сексуалниот живот на еден брачен пар не е задоволувачки, во нивниот живот се вовлекува трајно незадоволство. Поради тоа многу мажи и жени почнуваат да бараат задоволство надвор од бракот, па во еден момент доаѓа до развод бидејќи таквиот живот повеќе им нема смисла на сопружниците. Сексуалните терапевти често тврдат дека според искуствата на нивните клиенти, незадоволството од сексуалниот живот влијае на намалување на самодовербата и самопочитта. Еве што изјавиле мажите и жените коишто се развеле поради незадоволство од сексуалниот живот.rnrn6 мажи и жени ги откриваат сексуалните тајни поради кои се развелеrn

    1. Никакво воведување новитети

    rn

    „Ја запознав својата сопруга кога имав 17 години и таа беше првата личност со која водев љубов. Откога се венчавме мислам дека и двајцата сфативме дека не сме во состојба да воведеме нешто ново во нашиот сексуален живот. Можеби можевме да бидеме повеќе отворени еден кон друг, но после раѓањето на нашето дете и еден спонтан абортус, почна да ја снемува искрата во сексот. Сфативме дека подобро функционираме како пријатели отколку како партнери.“ – Лука, 35

    rn

    2. Изневерување

    rn

    „Мојот поранешен сопруг ме изневери и кога тоа се случи бев подготвена да му простам. Но, тој рече дека не сака моногамна врска така што разводот беше единствената прифатлива опција за мене.“ – Клара, 31

    rn

    3. Немање односи

    rn

    „Вистината за мојот брак е дека јас и мојот сопруг имавме секс само три пати во година и пол, колку што траеше и нашиот брак, и тоа беше пресудно да поднесам барање за развод. Мојот поранешен сопруг воопшто немаше желба да дискутираме и да ги истражиме причините (физички и емотивни) поради кои немаше желба за секс. Сметам дека имам полно право да бидам во брак со некој којшто ме посакува. Поради тоа се разведовме.“ – Лидија, 29

    rn

    4. Редовно посетување проститутки

    rn

    „Мојот поранешен сопруг беше извонреден љубовник, со кого уживав во текот на 20 години брак. Но, случајно открив дека редовно посетува проститутки и после тоа никогаш не стапив во интимен однос со него.“ – Катарина, 51

    rn

    5. Пресериозно сфаќање на сексот

    rn

    „Мојата поранешна сопруга имаше строги упатства за тоа што треба да правам во текот на сексот, така што тоа повеќе личеше на одење на работа отколку на уживање.“ – Јурица, 34

    rn

    6. Игнорирање на нејзините потреби

    rn

    „Во мојот прв брак бев многу млад и неискусен и не знаев дека на мажите и жените им е потребен различен пристап во сексот. Го извршував односот брзо додека мојата сопруга очекуваше да трае подолго и да има повеќе интимност. Непријатно ми е сега кога размислувам за тоа.“ – Ловро, 52

    rnПрочитајте што откриваат мажите за женските недостатоци.

  • Развод и уште 6 други работи кои се заразни…

    Развод и уште 6 други работи кои се заразни…

    Кога е во прашање заразата, секогаш се помислува на грип, настинка или вирус. Но, постојат и некои други работи кои немаат никаква врска со болест, а сепак може да се „пренесат“. Дознајте за што станува збор!rnrn(1) (4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zaraznirn

    Негативно размислување

    rnГолемо влијание на вас имаат луѓето со кои се дружите. Тие влијаат на начинот на кој се справувате со предизвиците во животот. Потребни се само три месеци за да присвоите негативно размислување, претворајќи го во ваш животен став.rnrn(2) (1) (4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zaraznirn

    Среќа

    rnОд друга страна пак, за среќа, и среќата е заразна. Доколку сте среќни, вашите пријатели се 25% посреќни, а вашите комшии за 34%. Според едно истражување, за споредба, наградата од 5.000 долари ја зголемува вашата среќа за само 2%, што значи дека треба да тргнете во потрга по среќни пријатели и да заборавите на парите.rn

    Откажување од цигари

    rnКога еден човек ќе престане да пуши, можноста за неговото семејство и пријателите да ги остават цигарите се зголемува за 36%.rnrn(3) (2) (1) (4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zaraznirn

    Стрес

    rnНашиот мозок има способност да детектира стрес кај други луѓе преку најчестите симптоми, како што е забрзаното дишење. Кога ќе се открие овој симптом, кај вас веднаш започнува да се лачи хормон на стрес. Личноста од која ќе се „заразите“ постои можност дури да не се наоѓа во иста просторија со вас.rn

    Желба за нови работи

    rnЧесто луѓето сметаат дека некои работи се повредни кога и друг ги посакува. Мажите и жените стануваат попривлечни кога се во врска. Ова може да биде голема замка, па затоа внимавајте што посакувате и бидете благодарни на она што веќе го имате.rn

    Осаменост

    rnЛогично е да мислите дека далечината спречува да се шири осаменоста, но грешите. Напротив, се случува обратното. Истражувањата покажале кога една личност се чувствува осамено, со текот на времето и нејзините блиски ќе почнат да се чувствуваат исто така осамено.rnrn(4) razvod-i-ushte-6-drugi-raboti-koi-se-zaraznirn

    Развод

    rnДоколку вашите пријатели се разведени, шансите за развод во вашиот брак се зголемени за 75%, во однос со оние чии пријатели не се разведени. Доколку пријателите на вашите пријатели се разведат, шансите за ваш развод се 33%. Според истражувањата, она што може да ви помогне во вашата врска е всушност помагањето на вашите пријатели да ги надминат проблемите во нивните врски.rnrnДознајте и зошто смеењето и муртењето се заразни.

  • Еден човек, чија сопруга го оставила, споделува брачни совети кои би сакал да ги знае пред разводот

    Еден човек, чија сопруга го оставила, споделува брачни совети кои би сакал да ги знае пред разводот

    Многу често, браковите се тешки. Од брачните партнери се очекува да бидат целосно посветени и да прават многу компромиси. Затоа не е ни чудно зошто на многу парови не им успева. Луѓето често забораваат на некои ситници, а токму тие можат да бидат пресудни за нарушените брачни односи.rnrnЕден човек, чија сопруга го оставила, споделува брачни совети кои би сакал да ги знае пред разводотrnrnТокму тоа му се случило и на Џералд Роџерс од Минесота, чија сопруга го напуштила. По разводот, тој на својот Фејсбук профил споделил важни брачни совети, нешта кои самиот би сакал да ги чуе како совет пред да се раздели од сопругата.rn

    1. Продолжи да ја носиш на состаноци

    rnНајважната работа која треба да ја запомните е следнава – не ја земајте својата сопруга здраво за готово. Потсети се на сите ветувања кои си ѝ ги дал пред да стапите во брак и исполнувај ги. И не заборавај да ја изнесуваш на состаноци!rn

    2. Заштити го своето и нејзиното срце

    rnГрижи се за своето срце, исто како и за нејзиното. Сакај го светот, сакај се себеси, но чувај посебно место во твоето срце за сопругата, место кое никој друг не може да го заземе.rn

    3. Заљубувај се во неа, повторно и повторно

    rnЛуѓето се менуваат, тоа е факт. И двајцата сте променети од моментот кога првпат почнавте да се состанувате, а за пет години отсега ќе се промените уште повеќе. Промените се неизбежни и затоа мора постојано да се вљубувате во секоја нова верзија од вас. Ти мора постојано да се бориш за нејзиното срце.rn

    4. Не се труди да ја промениш

    rnТвојата задача е да ја сакаш таква каква што е. Доколку се промени во меѓувреме, треба да ја прифатиш секоја нејзина позитивна промена.rn

    5. Гледај го најдоброто кај неа секој ден

    rnФокусирај се на оние работи кои ти се допаѓаат кај неа и тие, со тек на време, ќе стануваат побројни. Нема да добиеш ништо доколку се фокусираш на оние работи кои те нервираат кај неа.rn

    6. Не ја обвинувај за работите кои те налутиле

    rnТоа се твои чувства, па затоа обиди се да ги зачуваш за себе. Само затоа што те изнервирало нешто што е надвор од вашата врска, не значи дека треба да ѝ го истуриш гневот на неа.rn

    7. Контролирај ги своите чувства

    rnНе е нејзина обврска да те прави среќен, ниту пак нејзина вина ако се чувствуваш тажен. Секој ја креира својата среќа.rn

    8. Забавувај се со неа

    rnНе го сфаќај животот пресериозно. Одвој време за забава и за моменти кога ќе се смееш со својата сакана.rn

    9. Пушти ја да биде своја

    rnНемој да ѝ се мешаш кога се чувствува исфрустрирано и нервозно. Сѐ што треба да направиш е да ѝ покажеш дека си тука за неа и да ѝ кажеш дека сѐ ќе биде во ред.rn

    10. Биди присутен

    rnТвоето време не е само твое, напротив, треба да го споделиш и со неа. Исто како и твојата посветеност, внимание и душа. Кога си со неа, третирај ја како кралица бидејќи таа е кралица на твоето срце.rnrnНо, кои се оние однесувања во бракот кои можат да предвидат развод?

  • Зошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?

    Зошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?

    Веројатно имате забележано дека бројот на разводи постојано расте. Имено, односите помеѓу луѓето се цела наука. Американскиот психолог Џон Готман, кој ги проучува човечките односи веќе 40 години, утврдил дека постојат 4 причини за ова. Во продолжение погледнете кои се, и како можете да се справите со нив.rnrnЗошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?rn

    1. Исмејување на партнерот

    rnПоказател: Еден од партнерите го исмејува другиот приватно или во јавност, му дава навредливи прекари и не го цени неговото мислење. Едноставно кажано, со ова однесување, партнерот покажува дека не го цени својот сопружник и дека покрај него, тој се чувствува многу поважно.rnrnРешение: Ставете се во положбата на саканата личност која е предмет на исмејување. Секој пат кога ќе сакате да го потцените или исмејувате партнерот, размислете колку го сакате.rn

    2. Претерано критикување

    rnПоказател: Еден од партнерите е гневен за секоја грешка на другиот партнер, а неретко се навраќа на слични ситуации од минатото. Како резултат на ова, тој ги критикува и грешките што не вреди ни да се спомнат.rnrnРешение: Немојте да користите агресивен тон во разговорот и никогаш немојте да трансформирате еден проблем во милион други. Доколку мирно го замолите партнерот да не повторува некои грешки, резултатот ќе биде многу подобар.rn

    3. Одбранбен став без преземање одговорност

    rnПоказател: Еден од партнерите мисли дека направил нешто лошо, па за да ја избегне критиката веднаш се обидува да се одбрани, и тоа навистина агресивно. Како резултат, другиот партнер ќе почне да се однесува исто и целата расправа ќе се претвори во префрлање вина.rnrnРешение:Во овие случаи, многу полесно е партнерот да ја преземе одговорноста за своето однесување и мирно да се извини. На овој начин нема да трошите време на бесмислени расправии.rn

    4. Избегнување конфликти и игнорирање на партнерот

    rnПоказател: Кога ќе почувствуваат дека доаѓа бура, некои луѓе реагираат брзо и без емоции. Други пак го игнорираат партнерот на секој можен начин.rnrnРешение: Немојте да бегате од вашите емоции. Секој проблем решавајте го веднаш, на мирен начин. Сепак, станува збор за вашиот животен партнер и секој проблем што го потиснувате, кога-тогаш ќе излезе на површина.rnrnПогледнете и кои се најголемите грешки што ги прават сите штотуку венчани парови.

  • 3 начини да се спасите од несреќниот брак без развод

    3 начини да се спасите од несреќниот брак без развод

    Ако очајно барате излез од несреќниот брак, вашиот живот сигурно станал неподнослив. Знаете дека има подобар начин на живеење бидејќи нештата биле подобри. Но сега единствено размислувате како да се спасите од мизеријата. Во овие ситуации најважно е да разберете зошто сте толку несреќни во вашиот брак.rnrn3 начини да се спасите од несреќниот брак без разводrnrnОбидете се да го откриете коренот на вашата несреќа. Ова ќе ви помогне да ја добиете потребната самодоверба за да ги преземете потребните чекори. Пред да донесете заклучок дека разводот е единственото решение, важно е да знаете дека разводот не е лесен процес. Тој е една од најтешките животни транзиции, а во него ќе бидат вклучени и вие и вашето семејство. Сепак, постојат 3 ситуации во кои разводот е најдоброто и најбрзото решение.rnrn1. Вашиот сопруг е зависник и не сака да бара помош и покрај вашите постојани барања.rnrn2. Сопругот ве малтретира и вас и вашите деца.rnrn3. Вие и сопругот претставувате лош пример за децата за тоа како треба да изгледа еден брак, а состојбата не се подобрува и покрај сите ваши напори.rnrnАко не сте соочени со една од овие ситуации, разводот не е единствениот излез. Во зависност од ситуацијата, постојат и други опции што треба да ги разгледате.rn

    1. Се случува нешто друго во вашиот живот што има влијание на вашиот брак

    rnРазмислете дали сте под стрес поради работното место, родителите, парите, децата, некој настан или што било друго што ви е важно. Може да биде многу лесно да мислите дека вашиот сопруг е извор на вашата несреќа ако не се обидува доволно да ви помогне.rnrnАко вашата несреќа потекнува надвор од бракот, тогаш решете го тој проблем. Кога ќе го направите тоа ќе сфатите дека имате повеќе енергија да разговарате со сопругот за проблемите во бракот. Кога ќе можете да разговарате и заедно да барате решение, ќе излезете од лошиот циклус.rn

    2. Врската со сопругот е причина за вашата несреќа

    rnЗа врската да биде функционална потребна е работа и од двете страни. Па размислете како вие придонесувате за вашата несреќа. Можеби ги игнорирате проблемите наместо да се соочите со нив. Одбивате да разговарате со партнерот бидејќи сметате дека нема цел, не го почитувате, или вашиот сопруг не ги задоволува вашите потреби бидејќи не му кажувате кои се.rnrnСамо кога ќе се обидете да бидете добар сопружник ќе знаете дали вашиот брак има шанси да успее. Ова не значи да правите сè што ќе ви каже сопругот, туку да го дадете најдоброто од себе во врската. Тогаш можеби ќе сфатите дека можете да ја подобрите врската со сопругот, а со тоа и да го спасите бракот.rn

    3. Сте направиле сè, но ништо не помага

    rnВажно е да дадете сè од себе за да ги решите проблемите во бракот. Овој труд не е залуден. Кога навистина ќе се обидете да ги решите проблемите, ќе ви стане јасно дали разводот е навистина единствениот излез. Другата предност од ова разјаснување е тоа што полесно ќе се справите со разводот доколку дојде до тоа и ќе има повеќе почит помеѓу вас и сопругот. Ова не значи дека разводот ќе биде лесен, но полесно ќе се справите со последиците од прекинувањето на бракот.rnrnНе е лесно да се избега од несреќен брак. Но кога ќе ја сфатите вистинската природа на вашата несреќа, ќе можете да ја донесете правилната одлука и конечно да ја добиете слободата и среќата што ги посакувате.rnrnПогледнете ги и како да го сочувате вашиот брак според адвокат за развод.

  • 3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги смените

    3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги смените

    Некои однесувања во бракот се докажани знаци за развод. Па, ако науката е во право, можеби е подобро да почнете да работите на тие однесувања. Погледнете за кои станува збор, но и како да ги смените.rnrn3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги сопретеrn

    1. Покажување презир кон партнерот

    rnПроблем: Според психолозите, презирот, злобата, сарказмот и лошиот хумор се првиот знак за разделба. Без разлика во која форма доаѓа, презирот е отровен за врската бидејќи прикажува одвратност. Невозможно е да решите проблем кога партнерот добива порака дека ви се гади од него.rnrnРешение: Разговарајте за вашите најсреќни сеќавања, фокусирајќи се на тоа зошто и како завршивте заедно. Откријте ги вашите први импресии еден за друг и повторно почувствувајте ја љубовта како пред бракот. Изгледајте ги фотографиите од венчавката или пак, снимката од првите чекори на вашето бебе.rn

    2. Жалење за партнерот

    rnПроблем: Зборувањето за партнерот со пријателите може да биде терапевтско. Но, со секое озборување ги рушите вашите темели. Идниот успех зависи од тоа на кој начин ќе ја раскажувате вашата приказна. Едно истражување покажало дека кога паровите имаат позитивна перспектива, тие си веруваат. Од друга страна, кога имаат негатива перспектива, тие се пречувствителни, па ги сфаќаат и најобичните нешта премногу лично. Перцепцијата станува реалност.rnrnРешение: Разговарајте еден со друг наместо еден за друг. Ако нешто не функционира помеѓу вас, постои само една личност која треба да слушне за тоа. Без разлика дали има потреба од долг разговор кој ќе го повреди вашето его, потребно е да се борите за здрава комуникација од двете страни. Не постои изговор да се справите со врската на друг начин.rn

    3. Третман со молчење

    rnПроблем: Оние кои мразат соочување, избегнувањето може да изгледа полесно од расправијата. Но, ова може да биде штетно колку и викањето. Третманот со молчење е докажан убиец на бракот. Проблемите остануваат нерешени, а растојанието помеѓу сопружниците постојано се зголемува.rnrnРешение: Разговарајте прво со себе. Кажете си дека иако сметате дека тишината ќе помогне, таа всушност ќе направи повеќе штета. Се разбира, „ладењето“ по расправија не се смета за третман со молчење, сè додека планирате да се смирите и да разговарате за проблемот.rnrnПрочитајте ги и овие совети за зачувување на бракот од адвокат за развод.

  • Нови правила за развод што го заштитуваат детето и им помагаат на родителите

    Нови правила за развод што го заштитуваат детето и им помагаат на родителите

    Денес разводите не се ништо ново, но верувале или не, и тие еволуираат. Марен Кардило е адвокатка од Њујорк која работи со разводи. Таа има понудено неколку нови трендови кои стануваат сè попопуларни кај паровите кои се разведени.rnrn6 нови трендови кај разводите кои е добро да ги знаетеrn

    1. Вгнездување

    rnНа овој начин, детето продолжува да живее во семејниот дом, а родителите се оние кои се менуваат. Кога не е со детето, родителот престојува во близина, на пример со некои роднини.rn

    „Во поголемиот дел од случаите, вгнездувањето функционира како привремен договор. Штом родителите ќе почнат да го водат својот живот или стапат во брак, станува комплицирано. Ова функционира со пар кој има тинејџер и кој чека нивното дете да заврши средно, па да ја продадат куќата. Предноста е тоа што децата се во еден дом, имаат своја соба и ги одржуваат истите пријателства. Нема потреба постојано да се прилагодуваат кај едниот, па кај другиот родител.“

    rn

    2. Разводен помошник

    rnКако што има помош за породување, овие професионалци нудат совети и се рамо за плачење. Помошничката за развод од Торонто, Лин Каплан, укажува на практичните и емоционалните компликации кои настануваат при разделба:rn

    „Помошникот обично не е правно лице и нуди поддршка и информации во текот на разводот. Некому кому му е потребна помош за трошоците, може да му се најде лице со финансиска позадина. На тој што му е потребна помош за родителство, најдобро е да најде помошник искусен за ментално здравје.“

    rn

    3. Делење на старателство

    rnВо нејзината кариера, Кардило забележала дека повеќето родители сакаат да го поделат старателството еднакво. Ова значи 4 дена со мајката, 3 со таткото, па 1 недела со едниот, 1 недела со другиот. Ова е добро за родители кои живеат блиску еден до друг и во близина на училиштето на детето.rn

    „Времето поминато без дете им помага на родителите да ги наполнат своите батерии. Исто така улогите се поделени. Мајката прави ручек, а таткото помага со домашната. Следниот пат таткото прави ручек, а мајката помага со домашната. На децата ова им е од корист бидејќи и двајцата родители преземаат одговорност.“

    rn

    4. Разведени парови кои живеат и/или работат заедно

    rnМожеби отворањето на заедничка пекара било одлична идеја. Но што ќе се случи по разводот ако бизнисот е заеднички? Денес многумина продолжуваат со бизнисот. Кардило им помогнала на многу клиенти кои продолжиле да работат или живеат заедно и по разделбата. Причината за ова најчесто се финансиите. Кога доаѓа до ова, мажот и жената обично ја делат куќата. Сепак, за ова се потребни неколку строги правила.rn

    „Потребно е да има правила за социјализирање со пријатели или нови партнери и за тоа како ќе се дели заедничкиот простор. Професионалната врска може да остане продуктивна, особено ако бизнисот е успешен. Важно е да имаат и договор како и сите останати бизнис партнери.“

    rn

    5. Апликации за развод

    rnСистемите за организација кои се достапни онлајн не дозволуваат никому да ја испушти посетата на лекар, да го заборави училишниот концерт или да не плати некоја сметка.rn

    „Онлајн алатките ја олеснуваат комуникацијата помеѓу партнерите во конфликт. Кога интеракцијата е ограничена, овие веб-сајтови им овозможуваат на родителите да споделуваат информации, да ги следат трошоците и да прават промени во распоредот. Понекогаш проблемите кои го предизвикале разводот произлегуваат од лошата комуникација и недоразбирањето. Овие апликации го елиминираат тој проблем.“

    rn

    6. Нежно слетување

    rnОва е договор за заедничко старателство каде што разведениот пар живее во иста зграда или исто соседство. Викендите ги поминуваат како семејство, заедно одат на одмор и ги одржуваат семејните традиции за децата.rn

    „Го имам видено ова, но за жал многу ретко. Ако парот може да ја задржи способноста за ефективна комуникација и ако можат да се почитуваат, ќе имаат многу повеќе опции. Најважно е тоа што децата ќе учат од нивното однесување и полесно ќе го поднесат разводот. Исто така ќе имаат и поздрава врска со двајцата родители.“

    rnПогледнете и како да ги заштитите вашите деца за време и по разводот.

  • Сакате да останете во брак само за децата? Најпрво одговорете на овие 4 прашања!

    Сакате да останете во брак само за децата? Најпрво одговорете на овие 4 прашања!

    Кога ќе почнете да размислувате за развод, прашањето „Дали да останам или да заминам?“ може да биде поприлично комплицирано, особено ако се вмешани и деца. Многу мајки се одлучуваат да останат во брак до одредена возраст на детето, но Ребека Хендрикс, семеен терапевт од Њујорк, вели дека честопати тоа и не е најдоброто решение, бидејќи може да ја направи ситуацијата уште полоша. Таа смета дека пред да се одлучите за каков било чекор, треба да одговорите на овие четири прашања.rnrn1-sakata-da-ostanete-vo-brakot-zaradi-decata-najprvo-odgovorete-na-ovie-4-prashanja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Дали сте добар пример за љубовна врска?

    rnВие и вашиот сопруг сте главни примери на вашето дете. Тоа значи дека ако константно се карате, покажувате лошо однесување во врската. Ако љубовта е прикажувана како болка, вашето дете може да израсне верувајќи дека е подобро да избегнува вистински, сериозни врски, бидејќи не сака да го доживее она што се случувало со мама и тато.rn

    2. Дали стресот од бракот ви влијае на родителските вештини?

    rnАко фактот што немате партнер на кој можете да се потпрете ви предизвикува стрес и ве прави лути, детето ќе го почувствува тоа. Иако разводот е тажен и застрашувачки, исто така може да донесе емоционално олеснување за целото семејство. Во оваа ситуација, среќата се заменува со хронична тензија.rnrn2-sakata-da-ostanete-vo-brakot-zaradi-decata-najprvo-odgovorete-na-ovie-4-prashanja-www.kafepauza.mk_rn

    3. Што всушност чекате?

    rnСосема е нормално да сакате да почекате детето да заврши со градинката или можеби со факултетот пред да се разделите, но запрашајте се зошто мислите дека тоа би било подобро? Дали чекате децата да почнат да одат во училиште за да тргнете повторно на работа или чекате да го завршат средното училиште, биејќи мислите дека разводот во тој момент би го вознемирило детето? Пресметајте колку би ве чинело да се разделите сега во однос на тоа да чекате уште колку знае години. Обидете се да го видите разводот и сите негови последици низ детските очи, а би можеле околу тоа да се посоветувате и со професионалец.rn

    4. Како продолжувањето на бракот ќе влијае на децата?

    rn

    „Ако менталното или физичкото здравје на вашето дете е во опасност, тогаш треба да заминете“, вели Хендрикс.

    rnАко не знаете како да се изборите со тоа, побарајте помош од терапевт кој има искуство со деца. Причините за останување не треба да надвладеат во однос на хроничниот стрес кој е предизвикан од лош брак.rnrnРазводот може да биде подеднакво стресен како за брачните партнери, така и за децата. Еве како да ги заштитите децата за време и по разводот.

  • „Не сакам да избирам кого повеќе го сакам“: 10 детски пораки до разведените родители

    „Не сакам да избирам кого повеќе го сакам“: 10 детски пораки до разведените родители

    Разводот на родителите може да биде многу тешко и болно искуство за детето. Во него може да се појават низа емоции кои нема да знае како да ги изрази, а можеби и ќе се плаши да ги изрази за да не ги повреди своите родители. Затоа понекогаш полесно ќе се довери на психолозите од кои дознавме што малечките сакаат да им кажат на своите разведени родители.rnrn1-ne-sakam-da-izbiram-koj-povekje-go-sakam-10-detski-poraki-do-razvedenite-roditeli-www.kafepauza.mk_rnrnЧестопати слушаме дека луѓето остануваат во брак заради децата и многумина од нив тоа навистина го доживуваат така. Истражувањата веќе неколку години укажуваат на негативните последици на разводот врз децата, меѓутоа денес знаеме дека самиот чин на развод помалку им штети на најмалите отколку расправиите на родителите. Пријателскиот развод ќе биде подобар за детето од бракот на родителите кој е исполнет со расправии и насилство.rn

    „Кога родителите ќе одлучат да се разведат, важно е таа вест заедно да му ја соопштат на детето и да го претстават разводот како одлука која ја донеле тие како возрасни луѓе, а врзана е исклучително за нивниот однос, без меѓусебни обвинувања пред детето“, истакнува психологот Миа Роја, од Поликлиниката за заштита на децата и младите на град Загреб.

    rnНа децата треба да им се нагласи (и повеќе пати, особено на помладите) дека тие никако не се виновни за разводот на родителите и дека не можат да направат ништо за родителите повторно да бидат заедно.rnrnИсто така, важно е децата да слушнат дека и понатаму родителите подеднакво ги сакаат и дека тоа никогаш нема да се промени, иако ќе се променат многу работи во животот. Добро е да му објасните на детето што ќе се промени и на кој начин, за да му се овозможи структура и чувство на предвидливост.rnrnrnrnРодителите може да очекуваат секаква реакција од своите деца, но најчесто тие се тажни и лути.rn

    „Важно е децата да можат слободно да ги изразат своите емоции и родителите да им ја дадат потребната поддршка и утеха. Исто така, добро е повеќе пати да нагласат, а до тоа треба да се држат на вербално и невербално ниво, дека двајцата родители го поддржуваат односот на децата со другиот родител“, истакнува Миа Роја.

    rnНо, често децата се срамат или се плашат да ги покажат чувствата и да им кажат на родителите што ги повредува, па стануваат тажни или лути. Некогаш и полесно ќе му се доверат на психологот, а магистерот по психологија Теа Кнежевиќ, открива што малечките сакаат да им кажат на своите разведени родители.rnrn1. Знам дека помалку те слушам кога ќе се вратам од кај мама/тато, но потребно ми е време за повторно да се навикнам на тебе.rnrn2. Некогаш ми е тешко да кажам дека ми било убаво кај мама/тато, бидејќи се плашам дека ќе те повредам.rnrn3. Сега ми требаш малку повеќе од вообичаено.rnrn4. Навистина ми е тешко кога зборуваш лошо за мама/тато.rnrn5. Ти погрижи се за мене кога сум со тебе, а мама/тато ќе се погрижи кога сум со неа/него.rnrn3-ne-sakam-da-izbiram-koj-povekje-go-sakam-10-detski-poraki-do-razvedenite-roditeli-www.kafepauza.mk_rnrn6. Кога сум кај мама, ми недостига тато. А, кога сум кај тато, ми недостига мама.rnrn7. Немој да ме прашуваш многу за мама/тато. Не знам што е подобро да кажам, а што не.rnrn8. Нема потреба да ми сокриваш дека имаш нов/а партнер/ка. Јас го чувствувам тоа. Важно ми е само да знам дека и понатаму си тука за мене кога ќе ми бидеш потребен/потребна.rnrn9. Не сакам многу детали од минатото, сакам да знам како ќе изгледа иднината.rnrn10. Јас не сакам да избирам кого повеќе сакам, бидејќи ве сакам и двајцата.rnrnДоколку минувате низ ова лошо животно искуство, погледнете како да ги заштитите децата за време и по разводот.